Интернационала

Значењето на подемот на Кина

Кина се издигна како водечка индустриска сила во светот. Нема поминува ден без вести за нови технолошки пробиви направени во Кина. Оваа земја, која пред само две децении сè уште беше заглавена во заостанатост, сега е во титанско ривалство со САД, при што успешно се држи. Во меѓувреме, американскиот империјализам – најсилната сила на планетата – е во ќорсокак, заплеткан во мрежа од противречности. Ова ривалство ја претставува главната оска околу која денес се врти светската состојба. Како успеа кинеската економија да го постигне ова? И што значи тоа за кризата на светскиот капитализам?

Недвосмислен подем

Во светска економија обележана со стагнација, растот на БДП на Кина во последно време се движи околу пет проценти – значителна експанзија во апсолутна смисла за економија што сега е трипати поголема од онаа на Јапонија. Уште поважно, оваа стапка далеку ги надминува старите империјалистички сили: САД растат со 2,8 проценти, додека ЕУ стагнира со само 0,1 процент, а нејзината индустрија е во опаѓање. За разлика од многу од старите империјалистички сили чии индустрии ослабеа и пропаднаа во корист на финансискиот капитал, индустрискиот сектор на Кина останува енергичен и веќе доминира на светско ниво. Според The Economist, Кина e сама одговорна за 30 проценти од светското производство – повеќе од САД, Германија, Јапонија и Јужна Кореја заедно. Нема знаци на запирање, бидејќи вредноста на индустриското производство со додадена вредност – новата вредност создадена од индустријата – продолжува да расте околу пет до шест проценти годишно.

Поминаа деновите кога Кина произведуваше само нискоквалитетна облека, играчки и секојдневни додатоци. Слика:Џаксер, Викимедиа Комон

Исто така е важно да се знае што навистина произведува Кина. Замина времето кога ознаката „Made in China“ значеше евтини производи со слаб квалитет. Сега тие зборови се поврзуваат со најнапредните технолошки производи во светот. Од 2020 година, Кина доминира во светското производство на компјутери и електроника, хемикалии, машини и опрема, моторни возила, основни и обработени метали, како и електрична опрема.

Понатаму, Кина стана сила во областа на истражување и иновации. Денес, седум од десетте најдобри истражувачки институции во светот, според Нејчер Индекс, се кинески. Таа доминира во областа на роботиката и по бројот на поднесени патенти (две третини од нив се од Кина) и по бројот на инсталирани роботи, повеќе од сите други земји заедно. „Темните фабрики“, речиси целосно роботизирани погони кои вработуваат толку малку работници што не им се потребни светла, веќе се применуваат во многу индустриски области.

Дури и во секторите каде што се соочува со тесни грла во технолошкиот напредок поради американско подривање – како индустријата за полупроводници – самодоволноста на Кина брзо напредува. Обидите на САД да ја блокираат Кина од најнапредните технологии во ова поле, всушност само ја поттикнаа кинеската развојна стратегија за создавање врвни алтернативи во производството на напредни микрочипови.

Додека повеќето од овие иновации засега се применети во производи за широка потрошувачка, нивната воена примена следи брзо потоа. Да споменеме само неколку: Кина веќе разви дронови што можат и да пливаат под вода и да летаат во воздух, големи подводни дронови и дронови на млазен погон што можат да овозможат секој воен брод да функционира како носач на авиони. Сите овие изуми ги понижуваат и ужаснуваат западните конкуренти на Кина.

Сликата е сосема јасна: Кина се развива со огромна брзина и размер што ја предизвикува доминацијата на САД во многу сфери. Таа одамна се ослободи од зависноста од странски инвестиции и производство со ниска додадена вредност и стана моќна империјалистичка земја. Како беше постигнато тоа? И дали овој развој може да продолжи без противречности?

„Привилегии на заостанатоста“

Клучниот материјален фактор што го објаснува неверојатниот напредок на Кина лежи во нејзината почетна позиција. Додека постарите капиталистички земји го носат товарот на години наталожени противречности, неефикасности, долгови и други проблеми поврзани со производните сили, Кина беше заостаната земја (иако со важна индустриска основа) во споредба со Западот кога се приклучи на светскиот капиталистички пазар. Високотехнолошката индустрија практично не постоеше и можеше да се изгради од нула. Сепак, Кина не мораше да ја развива индустријата од нула. Од самиот почеток, таа можеше да ги примени најсовремените технологии достапни од целиот свет. Ова беше дел од нерамномерниот и комбиниран развој на капитализмот како светски систем – појава што Троцки одамна ја забележа во Русија:

„Привилегијата на историската заостанатост – а таква привилегија постои – дозволува, или подобро речено, присилува на усвојување на сè што е веќе подготвено пред некој даден момент, прескокнувајќи цела низа од средни фази. Дивјаците ги отфрлуваат лакот и стрелата и веднаш земаат пушки, без да го минат патот што порано ги делел тие две оружја. Европските колонисти во Америка не ја почнаа историјата одново. Фактот што Германија и САД економски ја надминаа Англија беше овозможен токму поради заостанатоста на нивниот капиталистички развој. Од друга страна, конзервативната анархија во британската индустрија за јаглен – како и во главите на Макдоналд и неговите пријатели – е наплата за минатото, кога Англија премногу долго ја играше улогата на капиталистички пионер. Развојот на историски заостанатите нации нужно води кон особен спој на различни етапи во историскиот процес. Нивниот развој, како целина, добива неплански, сложен, комбиниран карактер.“

Шенжен, кој денес е трет по големина град во Кина, е најјасниот пример за оваа трансформација. Во 1980 година, тоа беше малечко рибарско село со околу 30 000 жители. Кога беше прогласен за прва „специјална економска зона“ – чекор кон реставрација на капитализмот – тој брзо порасна и до средината на 1990-тите стана центар за телекомуникациска опрема, а до почетокот на 2000-тите веќе беше „фабричка хала на светот“, произведувајќи мобилни телефони за западните брендови.

Со внимателна државна интервенција, Шенжен привлече огромни инвестиции и квалификувана работна сила, што му овозможи да премине во индустрии со висока технологија. / Слика: Динкун Чен, Викимедија Комонс

Со намерна интервенција на државата, Шенжен успеа да привлече масовни инвестиции и вешт кадар, што му овозможи брзо да се надгради во индустрии со повисока додадена вредност. Денес, тој е славен како „Силициумската долина на Кина“. Сето ова се случи во само четири децении. Постои изобилство на примери каде Кина ја искористи „привилегијата на заостанатоста“, позната и како „предност на доцнењето“. На пример, вселенската станица Тјангунг, независно управувана од Кина и една од само две оперативни станици во орбитата денес, беше изградена користејќи ги најновите истражувања и искуства од американските и руските вселенски програми. Сличен напредок се гледа и во кинеската информатичка и комуникациска технологија, брзите железници и преработката на ретки земјени минерали, меѓу другите сектори.

Кина целосно ја препозна и ја искористи оваа предност. Како што отворено објасни Фан Ганг (樊纲), претседател на државниот Институт за развој на Кина:

„Секоја година земјата троши повеќе од 30 милијарди долари за купување интелектуална сопственост или лиценци и права; и ненаситно учи и имитира непатентирано знаење. Како доцна развиена земја, таа може да пристапи до тоа знаење побрзо и поевтино. А нема срам во имитирање.“

Но, таквите „привилегии на заостанатоста“ сами по себе не можат целосно да го објаснат континуираниот успех на Кина. Постојат многу земји во светот кои остануваат заробени во заостанатост и не можат да излезат од неа. Друг клучен фактор што ѝ овозможи на Кина да го направи тоа лежи во улогата на државата под раководство на ККП (Кинеската Комунистичка Партија).

Улогата на бонапартистичката држава

Кина е управувана од еднопартиска диктатура под раководство на Кинеската комунистичка партија (ККП). Иако државата го одржува капитализмот и ја потиснува работничката класа, таа истовремено силно интервенира на пазарот, држејќи ја буржоазијата под контрола и принудувајќи ја да ги следи нејзините директиви за тоа како да се однесува и каде да го инвестира својот капитал. Партиско-државниот апарат контролира неколку клучни механизми на економијата. За разлика од повеќето капиталистички земји, монетарната и фискалната политика на централната банка се управувани директно од партијата. Државата исто така поседува мнозински удел во најголемите комерцијални банки во земјата – четири од нив најголеми во светот – што овозможува нивниот капитал да се насочува во согласност со државната политика, а не според краткорочните интереси на акционерите. Покрај тоа, државата поставува развојни цели за економијата и ја принудува приватната буржоазија (капиталистите кои поседуваат претпријатија што не се државни) да се придржува до нив, преку субвенции или регулативи.

Капиталистите чии постапки го загрозуваат системскиот стабилитет се брзо казнети. На пример, кога извршниот директор на Алибаба, Џек Ма, се обиде да го лансира ризичниот финансиски проект Ент Груп – кој собра неверојатни 34 милијарди долари од инвеститори – државата интервенираше, го запре проектот и го принуди Ма привремено да се повлече од јавност. Властите проценија дека Ент Груп покажува многу од истите опасни карактеристики што ги имаа западните финансиски фирми кои предизвикаа кризи како онаа во 2008 година. Покрај тоа, Ма стануваше симбол на огромната нееднаквост во кинеското општество. Државата реши да реагира рано, пред проблемот да се прошири.

Однесувањето на самиот Џек Ма исто така ја натера ККП да дејствува. Кога Ент Груп требаше да се лансира, Ма јавно се пожали дека финансискиот сектор бил премногу регулиран. Со оглед на неговата слава и богатство, таквиот јавен настап претставуваше отворен предизвик за авторитетот на ККП, нешто што не можеше да остане неказнето, иако тој беше член на партијата. Дополнително, ККП се здоби со популарност меѓу народот, бидејќи Ма веќе беше мразен од мнозинството како арогантен и бесрамен богаташ.

Кога извршниот директор на Алибаба Џек Ма се обиде да го лансира проектот Ент Груп, државата интервенираше, го запре проектот и го натера привремено да исчезне од јавноста. / Слика: Светска Трговска Организација, Викимедија Комон
Photos from the “Enabling E-commerce” Launch event photo gallery may be reproduced provided attribution is given to the WTO and the WTO is informed. Photos: © WTO/ Cuika Foto

Оваа дисциплинска мерка против еден поединечен капиталист не беше изолиран случај. Истата година кога Ма беше скротен, ККП изрече казни на низа кинески компании во вредност од стотици милиони долари, што влијаеше на цените на акциите и на инвеститорите им нанесе загуби од над 1 билион долари. Во 2024 година, според државниот медиум Глобал Тајмс, вкупниот износ на изречените казни се искачи на 1,52 милијарди долари. Дополнително, капиталистите кои прогласија банкрот беа ставени на „црна листа“ со што им беше забранет пристап до идни кредити и луксузни трошоци.

На Запад, каде што политичарите се во џебот на богатите, буржоазијата вообичаено владее над државата, таканареченото „владеење на правото“ е формално почитувано, а капиталистите немаат причина да се плашат дека ќе бидат казнети или лишени од имот. Дури и кога ќе го критикуваат владејачкиот апарат, нивниот капитал останува безбеден – всушност, често се случува политичарите да мораат да се покорат пред волјата на капиталистичката класа. Споредбата меѓу Илон Маск и Џек Ма е многу поучна. И двајцата се мегаломански технолошки милијардери со незапирлива потреба да ги споделуваат своите мислења со светот. Но исходите со кои се соочуваат се сосема различни: Маск може да купува политичко влијание, да се судри со американски претседател и сепак да го задржи своето богатство и државните договори, додека Ма беше тргнат на страна со години и лишен од значителен дел од својата бизнис империја од страна на ККП.

Покрај строгите казни, државата на КПК користи и метод на „морков и стап“ да го насочи пазарот во одреден правец. На секторите што државата ги фаворизира им се доделуваат масовни субвенции, даночни олеснувања и други стимули, често преку јавно-приватни партнерства со регионалните власти. Партијата исто така распоредува свои кадри во приватните компании, особено оние што ги смета за „лидери во индустријата“, да се осигура дека нивното работење е во  согласност со државната политика. На овој начин државата исто така се осигура дека ќе има помал прилив на капитал во ризични и непроизводни сектори, особено во финансискиот сектор. Додека на Запад милијарди долари се трошат на откуп на акции или на криптовалутни шпекулации, Кина уште во 2017 година воведе забрана за домашно копање и тргување со криптовалути, иако тогаш беше најголемиот пазар за нив во светот. Релативната независност на кинеската држава од непосредните интереси на буржоазијата ѝ дава и повеќе можности за ублажување на потенцијални кризи. Така беше и со кризата на Евергранд, кога државата интервенираше да спречи нејзиниот колапс да предизвика домино ефект врз целата економија. Откако јавноста откри дека Евергранд не може да ги плати своите долгови, државата веднаш формираше таен комитет за средување на кризата. Државни и неколку приватни компании беа мобилизирани да преземат делови од долгот и да ги завршат недовршените градежни проекти, додека средствата на нејзиниот директор Хуи Кајан во вредност од стотици милиони долари беа замрзнати. На овој начин, иако проблемот сè уште трае и пазарот на недвижности врши притисок врз економијата, беше спречен целосен колапс. За споредба, кога Леман Брадерс западна во криза по години на ризични потфати, американската влада не успеа да го спречи нејзиниот колапс, што го урна глобалниот финансиски систем. И покрај тоа, Федералните резерви на САД сепак мораа да издвојат милијарди за спас на други компании, додека извршниот директор на Леман Брадерс задржа стотици милиони долари како плати и бонуси.

Кинеската држава исто така презеде мерки да го пренасочи капиталот од секторот на недвижности кон производство, што според неа може да ја направи економијата поотпорна на ризици. Но дисциплинирањето на буржоазијата е само еден дел од приказната. Кинеската држава е пред сè насочена кон потиснување на работничката класа. Таа никогаш не им даде на масите вистински демократски права, а во последните години го засили надзорот и контролата. Цензурата на интернет е постојана и постојано се подобрува преку нови технологии за надзор. Секако, секој обид за создавање синдикати надвор од државните структури се уништува безмилосно. Бидејќи нема вистински работнички организации, можат да се спроведат без отпор проекти како темните фабрики, во кои го заменуваат човечкиот труд со роботи.

Меѓутоа државата исто така ја држи и другата страна од класната поделба под контрола со цел да ја одржи стабилноста на системот. Понекогаш државата се вмешува во спорови на работниците со нивните шефови на страната на работниците, кога тоа е потребно да се спречи ширење на немир. Државата неодамна вршеше притисок за зголемување на минималната плата, делумно да се поттикне домашното трошење и да се спротивстави на дефлацијата, но и да го ублажи класниот гнев.

ККП можеше да го постигне сето ова затоа што пред реставрацијата на капитализмот, Кина веќе беше моќна, сеприсутна полициска држава. Фактот дека ККП, за разлика од нејзиниот еквивалент во Советскиот Сојуз, цврсто ја контролираше реставрацијата на капитализмот, значеше дека државата ја задржа својата моќна позиција во кинеското општество, додека во Советскиот Сојуз таа се распадна. Во текот на трансформацијата на Кина од планска економија во економија управувана од пазарот, профитот и приватната сопственост, ККП ги задржа главните лостови на економијата, особено банките и одредени стратешки индустрии, под државна контрола. Странските инвестиции се добредојдени, но им е ограничен пристапот до целосно сопствеништво над претпријатија.

Кинеската држава е пред сè насочена кон потиснување на работничката класа. / Слика: Фумико, Викимедија Комонс

Од една страна, државната бирократија не сака нејзината моќ да биде загрозена од странските империјалисти или домашната буржоазија. Од друга страна, мора да ја потисне работничката класа во служба на капитализмот како целина, и затоа нема интерес да ѝ дозволи права на буржоаска демократија на работничката класа, како на пример правото на формирање независни синдикати. Бирократијата на ККП постојано мора да балансира помеѓу буржоазијата и работничката класа – состојба што марксистите ја нарекуваат „бонапартизам“, кога државата се издигнува над класите и владее преку полициски методи – да го зачува системот во целост. Меѓутоа бонапартизмот на кинеската држава има специфични причини и карактеристики. Дефиниција на Маркс за бонапартизам се однесуваше на земји каде класната борба е во ќорсокак. Потоа се појавува „моќник“ кој ветува враќање на редот преку засилување на репресивните моќи на државата, но преку ова исто така добива голем степен на независност од владејачката класа, иако обновата на редот е во нивен интерес.

Денешниот бонапартистички режим во Кина не произлезе од таков ќорсокак во класната борба туку од бирократија која ги присвои придобивките од поранешната планска економија и потоа го реставрираше капитализмот, базирајќи ги своите привилегии и интереси врз капитализмот. Ова не можеше да се спроведе во Кина без континуирана политичка репресија на работниците. Истовремено создаде слој на капиталисти кои се длабоко зависни од државата. Присуството на ваква бонапартистичка држава, способна силно да интервенира на пазарот и да го дисциплинира однесувањето на капиталистичката класа, заедно со „младоста“ на кинеската економија, ѝ даде значителна конкурентска предност на Кина во однос на своите западни ривали.

„Духот на Аполо“

Со своето влијание во општеството, државата под водство на Комунистичката партија на Кина може да предводи истражувачки и развојни проекти на национално ниво, координирајќи ги напорите со забележителна брзина – иронично, на начин кој не е многу различен од начинот на кој Соединетите Американски Држави ја организираа својата офанзива за време на трката за вселената.

Централизираната државна интервенција е далеку посупериорна од слободниот пазар во развој на технолошки иновации/ Слика: КоблСиСи, Викимедиа Комонс

Како што забележува професорот Бруно Серџи на универзитетот Харвард, во списанието The Diplomat, клучниот фактор зад успехот на НАСА во проектот „Аполо“ не беше слободната пазарна конкуренција, туку централизираното државно раководство. НАСА надгледуваше ефикасен процес на истражување, развој, производство и имплементација, при што приватните компании во голема мера беа потчинети на државната управа. Во трката за вештачка интелигенција, Кина прави нешто слично. Како што објаснува Серџи:

„Откако Државниот совет во 2017 година усвои „Нов генерациски план за развивање на вештачка интелегенција“, Пекинг постави јасни цели за лидерство до 2030 година, поткрепени со големи инвестиции во истражувачки институти, универзитетски програми и индустриски паркови. Кинеските универзитети се тесно поврзани со применетото истражување и развој, регистрираат патенти и соработуваат со технолошки гиганти како Бајду, Алибаба, Тенсент и Хуавеј за комерцијализација на иновации. Кина може да распореди обемни капацитети, дата-центри и поедноставени процеси на одобрување со брзина на која би ѝ завидел секој западен стандард.“

„Кина се заштитува од потенцијални тесни грла, бранејќи се од американските извозни контроли на напредни полупроводници преку забрзување на домашното производство на чипови. Хуавеј го предводи производството на нови чипови за вештачка интелигенција и Асенд процесори, со планови за посебно производство и проширување, главно преку СМИЦ. Алибаба и Бајду развиваат домашни акцелератори за вештачка интелигенција со цел да ја намалат зависноста од увоз.“

Но истиот дух на координирано државно насочување оди многу подалеку од вештачката интелигенција. Со иницијативата „Made in China 2025“, првпат претставена во 2015 година, кинеската држава идентификуваше технолошки сектори во кои треба да направи решителни инвестиции и да координира напори да ја унапреди технолошката конкурентност и независност на кинеската индустрија. До 2024 година, над 86 проценти од целите на Made in China 2025 беа исполнети, што се одразува преку достигнувањата што ги спомнавме погоре.

Сето ова нагласува една основна поента: спротивно на убедувањата на „евангелистите“ на слободниот пазар, имајќи ја во предвид огромната поделба на трудот што е потребна за унапредување на производните сили денес и размерите на задачите, централизираното државно интервенирање е далеку посупериорно од слободниот пазар во поттикнување на технолошките иновации. Комунистичката партија на Кина сега ја користи оваа способност во развојот на вештачката интелигенција да ги унапреди своите интереси како капиталистичка светска сила, натпреварувајќи се рамноправно со Западот – и правејќи неоспорно брз напредок.

Дали е ова планска економија?

Јасно е дека кинеската држава денес е способна да поставува конкретни економски цели и да ја насочува економијата кон нивно исполнување. Очигледно е дека во тоа е вклучен одреден степен на планирање. Со оглед на овој факт, во комбинација со фактот дека владејачката партија сè уште номинално е Комунистичка партија, која го карактеризира економскиот систем на Кина не како „капитализам“, туку како „социјализам со кинески карактеристики“, може да се постави прашањето: дали Кина денес е планска економија?

Во една национализирана планска економија, она што ја поттикнува економската активност не би било истото што го прави тоа под капитализмот. Клучните индустриски сектори би биле национализирани, а производството би било организирано според конкретен план кој директно ги задоволува потребите на општеството во целина, наместо да се стреми кон профит. Поради тоа, веќе не би постоел анархичен пазар со неговите кризи на прекумерно производство и циклуси на подеми и падови. Се разбира, здравата планска економија мора да се контролира од работниците со цел расипништвото, лошото управување и корупцијата да не фатат корен.

Во минатото, Кина навистина имаше национализирана планска економија, иако без демократски елементи за работничката класа и под диктат на бирократијата. Таа постигна огромни резултати за Кина – ја ослободи од империјалистичка доминација и заостанатост, и ја воведе во модерната ера. Во децениите што следеа, многу од карактеристиките на поранешната планска економија беа уништени од самата Комунистичка партија на Кина. Загарантираната вработеност, домувањето и социјалната заштита денес се далечни спомени. Иако траги од тој систем сè уште постојат – како што е државната сопственост над неколку важни економски гранки – сè во Кина, вклучително и државните претпријатија, главно функционира во потрага по профит и пазарен удел, а не да ги задоволи општествените потреби.

Индустриските планови како Made in China 2025, се планови насочени кон тоа кинеските производи да ги надминат капиталистичките претпријатија од другите земји на светскиот пазар. Тоа е суштината: и покрај силната државна интервенција, токму притисоците на пазарот и профитабилноста – двата основни столба на капиталистичката економија – во крајна линија го определуваат начинот на кој функционира економијата. Иако државата може да ја насочува економијата кон своите цели преку стимулирање и дисциплинирање на капиталистите, па дури и преку директен развој на одредени технологии, пазарната економија постојано ги поткопува или менува резултатите кон кои државата се стреми. Ова обично се изразува преку масовно прекумерно производство и последователна дефлација, како резултат на налетот на инвестиции во секторите кои државата ги фаворизира.

Овие појави се толку распространети што дури се појави и посебен термин за нив – „инволуција“ – кој го споменува и самиот Си Џинпинг. Тоа се однесува на непосакуваниот ефект на прекумерна конкуренција во привилегираните сектори, при што станува исклучително тешко дури и само да се задржи профитабилноста и чекор со конкурентите. Толку многу капитал се влeва во тие сектори што дури и високо продуктивните компании не можат да освојат пазарен удел, бидејќи нивните ривали го прават истото. Резултатот се ценовни војни, долги работни часови и прекумерно производство. Оваа тенденција дополнително ќе се влоши со неодамнешниот кинески напор за постигнување водечка позиција во светот во технолошкиот развој.

Државните политики и субвенции изминатите години создадоа неколку брендови на електрични возила со огромни производствени капацитети, што доведе до презаситеност на електрични автомобили на пазарот/ Слика: ЕЕЈАУТ Ваихунг, Викимедиа Комонс

Најочигледен пример за тоа е масовното производство на електрични автомобили. Државните политики и субвенции во последните години брзо поттикнаа развој на неколку брендови на електрични автомобили со огромен производствен капацитет, што доведе до заситеност на пазарот. Желбата за продажба на овие автомобили предизвика хаотична ценовна војна, која ги примора компаниите да работат со загуби и да станат уште позависни од државната поддршка. Така државата станува жртва на сопствениот успех. Национализирана планска економија би можела веднаш да ги пренамени овие индустрии за снабдување на други општествени потреби. На пример, овие фабрики би можеле лесно да се пренаменат за производство на неопходни електронски или компјутерски производи за снабдување на најсиромашните региони во Кина по ниска цена или бесплатно, со цел да се ублажат огромните регионални нееднаквости. Наместо тоа, сè што државата може да направи е да ги регулира политиките за субвенции на регионалните влади и да дозволи одредени компании да пропаднат. Ова е далеку од брз процес и е тешко централната власт да го спроведе, и покрај нејзината моќна апаратура.

Автомобилските компании наоѓаат други начини да го заобиколат државниот декрет за запирање на намалувањето на цените и да ја продолжат продажната офанзива – како што се понуди за купувачите со нула проценти камата, бесплатен интернет и слични привилегии. Здружението на автомобилски дилери на Кина објасни дека, да се постигне посакуваниот ефект, Комунистичката партија мора да биде подготвена за долготрајна борба.

Сето ова е природен дел од капиталистичкиот развој. Нема ништо „карактеристично кинеско“ во тоа. Маркс и Енгелс обилно пишувале за тоа како новите индустрии со високи стапки на профит брзо се преплавуваат со инвестиции, што ги намалува профитите и предизвикува криза во тој сектор. Потоа следуваат банкротирања и консолидација на секторот во рацете на неколку монополи. Во делото Империјализам: највисокиот стадиум на капитализмот, Ленин го цитира следниов опис на британскиот империјализам од тоа време:

„Секое ново претпријатие што сака да држи чекор со гигантските компании создадени преку концентрација, би произведувало толкаво количество на вишок стоки што би можело да ги продаде профитабилно само доколку дојде до огромно зголемување на побарувачката; во спротивно, овој вишок би ги принудил цените да паднат на ниво кое не би било профитабилно ниту за новото претпријатие, ниту за монополските здруженија.“

Овие зборови подеднакво добро важат и за капиталистичка Кина денес. На крајот на краиштата, сè додека економскиот систем останува заснован врз анархичниот пазар, производството за профит, националната држава и приватната сопственост, ниеден степен на државна регулација не може да го спречи неминовниот резултат – кризата на прекумерно производство, која сега е повеќе од очигледна во Кина. Комунистичката партија на Кина нема решение ниту план за оваа суштинска противречност.

Границите на капитализмот

И покрај забележителниот раст како резултат на државното насочување, Кина – како и многу напредни капиталистички економии – денес се соочува со забавување на економскиот раст. Кризата со Евергранд што тежи врз кинеската економија – каде што секторот за недвижности игра огромна улога – значително придонесе за ова забавување. Иако државната интервенција спречи колапс со размери слични на финансиската криза од 2008 година, проблемот со стечајот на Евергранд и понатаму опстојува и може да потрае со години, ако воопшто може да се реши.

Слично на тоа, иако државата може да се обиде да ги ограничи ценовните војни, приватните компании и нивните регионални владини покровители продолжуваат да ги заобиколуваат политиките со цел да ги заштитат краткорочните интереси и профити. Без планска економија, нема едноставни или брзи решенија за проблемите кои произлегуваат од анархичната динамика на пазарот.

Без планска економија, нема едноствани и брзи решенија на проблемите кои ги создава анархичната динамика на слободниот пазар/ Слика: government.ru, Викимедиа Комонс

Исто така, како и во сите капиталистички економии во светот, во Кина се натрупа огромно количество на приватен и јавен долг. Особено кон крајот на 2024 година, кинеската држава беше принудена да воведе огромен фискален стимулативен пакет да го поттикне трошењето и да го стабилизира финансискиот пазар, што дополнително го зголеми државниот долг. За масите, трошоците за живот и невработеноста (особено меѓу новите дипломци) постојано растат. Притисокот врз младите е особено силен, бидејќи стареењето на населението ја зголемува обврската на помладите генерации да се грижат за постарите. Социјалните програми, како што се социјалното осигурување (社保) и здравственото осигурување (医保), се под силен притисок, бидејќи сè повеќе луѓе не можат да си дозволат да ги плаќаат придонесите. Типични мерки на штедење, како зголемување на старосната граница за пензионирање, се воведуваат постепено, но сигурно.

Би било грешка сегашниот обем на мерки за штедење во Кина да се изедначи со оној на Западот. Кина е само на почетокот на овој процес, додека западните владејачки класи веќе повеќе од две децении водат вакви напади врз работниците, без никакви знаци на повлекување. Сепак, Кина оди по истиот пат – неизбежен исход на капитализмот, од кој ниедна држава, колку и да е моќна, не може да избега.

Во основата на сето ова лежи постојаниот проблем на прекумерно производство. Општата стапка на искористеност на индустрискиот капацитет сега изнесува околу 74 проценти – најниско ниво од 2020 година. Во индустријата за електрични возила, каде што проблемот е особено изразен, во 2024 година беа искористени само 49,5 проценти од капацитетот. Како резултат на тоа, профитабилноста опадна. Делот на индустриски претпријатија што работат со загуби порасна од околу 10 проценти во 2016 година на околу 20 проценти во 2024 година. Како што беше спомнато погоре, домашното прекумерно производство предизвикува постојана дефлација и опаѓање на профитабилноста. На крајот, Кина ќе мора или да го преплави светскиот пазар со своите производи – тренд кој веќе е во тек – или да се соочи со колапс на бројни компании вклучени во ценовните војни, што би можело да загрози милиони работни места.

Перспективи за класната борба

Динамиката на кинеската економија, особено во индустрискиот сектор, остро се разликува од онаа на американската економија, што хаотично се обидува да ја одбрани својата светска доминација, или пак од европската економија, што очигледно е во опаѓање. Овој забрзан развој на кинеските производствени сили неизбежно создава впечаток кај масите дека нивните животи постепено можат да се подобрат под водството на Комунистичката партија на Кина. Државните медиуми го засилуваат тој впечаток, прикажувајќи го влошувањето на животниот стандард на работничката класа на Запад, за што не им е потребно многу преувеличување или искривување.

Во исто време, агресивниот став на САД кон Кина, што се засили и под администрацијата на Бајден и под оваа на Трамп, ги потсети кинеските маси на срамното поглавје од нивната историја, кога земјата беше поделена и потчинета од западните империјалисти. Како природен резултат, се појави антиимперијалистичко и антизападно расположение. Ова ѝ овозможува на Комунистичката партија цинично да го зајакне своето влијание преку поттикнување националистичка пропаганда.

Како сето ова влијае на класната свест во Кина? Во последните триесет години, Кина претрпе длабока трансформација, а со тоа и животите на стотици милиони луѓе. Во рамките на само една генерација, многумина преминаа од сиромашни селани во модерни индустриски работници со значително повисок животен стандард и со надеж дека нивните деца ќе живеат уште подобро. Дополнително, земјата денес е силна на меѓународната сцена и самоуверено ја проектира својата моќ во однос на своите ривали.

Иако дел од населението може да негодува или да ја критикува Комунистичката партија, континуираниот економски раст и перцепцијата на западната непријателска политика може да ги потиснат револуционерните импулси / Слика: Kremlin.ru, Викимедија Комонс

Иако дел од населението може да негодува или да ја критикува Комунистичката партија, континуираниот економски раст и перцепцијата на западната непријателска политика може да ги потиснат револуционерните импулси, барем сè додека системот изгледа дека дава резултати. Но класната борба никогаш не се развива по права линија, ниту пак стои во едноставна спротивна зависност со економскиот раст. Напротив, економскиот напредок често ја зајакнува самодовербата на работничката класа во борбата за сопствените интереси. Како што беше наведено, кинеското капиталистичко општество е исполнето со противречности кои повремено мора да избијат на површина. Почетокот на оваа година покажа такви примери: кога БЈД ја зацврсти својата доминација на светскиот пазар на електрични автомобили, илјадници работници на БЈД во Кина започнаа остри протести против намалувањето на платите. Други настани – како масовните протести во Пученг, Шанси во јануари и во Џиангју, Сечуан во август, каде илјадници луѓе протестираа против бирократското прикривање на случај на малтретирање во училиште, што прерасна во поширока демонстрација за демократски права – покажуваат дека во општеството сè уште врие одоздола, изразувајќи ја желбата на масите да ја преземат контролата врз сопствената судбина и да ѝ се спротивстават на бирократската диктатура.

Подем во свет што тоне

Кина очигледно напредува на многу полиња, потиснувајќи ја доминацијата на САД во една област по друга, во борбата за светските пазари. Иако засега е далеку од тоа целосно да ги замени САД, Кина во многу аспекти научи како подобро да го управува капитализмот отколку западните земји.

Сепак, и покрај тоа што се снаоѓа подобро од своите ривали, кинескиот капитализам се издига во време кога светскиот капитализам се наоѓа во својата најдлабока криза во историјата. Кина можеби успева до одреден степен да се заштити од глобалните потреси или од конкуренцијата на американскиот империјализам, но не може целосно да се извлече од општата криза на светскиот капитализам. Падот на економиите надвор од нејзините граници неизбежно ќе има значително влијание и врз самата Кина. Ниту пак Кина може бескрајно да ја избегнува кризата на прекумерно производство што се развива во нејзината внатрешност.

Над сè, кинескиот пролетаријат – кој драматично се зајакна паралелно со економскиот раст – зазема неспоредлива позиција на светската сцена. Порано или подоцна, светот ќе биде уште повеќе воодушевен од движењето на кинеската работничка класа, отколку што денес е од технолошките достигнувања на Кина.

Кени Волас, 23 октомври 2025

https://marxist.com/the-meaning-of-the-rise-of-china.htm

Македонија

Македонските локални избори 2025 – легитимитет во слободен пад

На 19 октомври 2025 година се одржаа осмите по ред локални избори по осамостојувањето на државата. Овие избори, како и сите останати, небитно дали се локални, парламентарни, претседателски, беа прогласувани за „историски“ „референдумски“ и им беа припишувани секакви натприродни епитети. Стана практика за политичките претставници на владејачката класа да се расфрлаат со големи наративи, во отсуство на суштински политики кои ќе го подобрат животот на мнозинството. Но сепак, овие избори се важни од друг аспект и покажаа некои важни работи. Да одиме со ред.

За време на подготовките за овие избори, стана јасна нивната фарсична природа. Имено, во август 2025 година, Собранието на Република Северна Македонија не успеа да усвои измени на изборниот законик коишто ќе ја регулираат постапката и начинот за учество на независните кандидати на локалните избори. Претходно, во месец мај 2025 година, Уставниот суд ги укина одредбите од изборниот законик со кој се отежнуваше учеството на независните кандидати, кои предвидуваа собирање на најмалку еден процент потписи од вкупниот број на запишани избирачи во општината, односно во Градот Скопје, со што ефективно се подигнуваше бројот на потребни потписи (во некои општини и за 4 до 5 пати). Големите политички партии (пред сѐ ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) се послужија со секакви маневри да ги минираат независните кандидати. На крајот, поради немање на Бадентерово мнозинство Собранието не ги усвои измените и Државната изборна комисија донесе упатство со кое се овозможуваше учество на независните кандидати со само 2 (два) собрани потписи со цел да се пополни правниот вакуум! Треба да имаме предвид дека ова соломонско решение не создаде ситуација на инфлација на кандидатски листи. И покрај „стравот“ дека ќе имаме гласачки ливчиња долги по неколку метри, не дојде до значително зголемување на бројот на независни листи (68 независни листи на овие избори во 2025, наспроти 57 на изборите во 2021 година).

Треба да се знае дека за време на кампањата главниот град се соочуваше (и сѐ уште се соочува) со еколошка катастрофа и во предвечерието на кампањата беснееа пожари во Вардариште и Дрисла. Стана секојдневна глетката на преполни контејнери во срцето на градот и стаорци што се шетаат по улиците во централното градско подрачје. Сето ова е резултат, за жал, на политички интриги и препукувања во рамки на владејачките елити во чија позадина стојат бизнис интереси, а како и секогаш на крајот фактурата ја плаќаат граѓаните на главниот град. 

Самата кампања на локалните избори беше приказна сама за себе. Во центарот на дебатата беа големи национални наративи и теми, речиси без никаков сериозен пристап кон горливите локални проблеми. Црната кампања беше очекуван декор и покрај фразите на актерите за мирни избори. Премиерот Мицкоски постојано ширеше конспиративна атмосфера, зборувајќи за „тајните коалиции на СДСМ-ДУИ-ЛЕВИЦА“ кои ќе го „кочат напредокот“ и ќе го „бранат криминалот од минатото“. ДУИ зборуваше за „албански референдум“ и „албанско обединување“ против „вазалите и загарите на ВМРО“. Генерално земено, поголемиот дел од кампањата беше крајно безидејен, исполнет со празни фрази и флоскули, како и неостварливи ветувања.

Впечатлива беше и глетката на партиските собири и митинзи во кампањата. Беше видливо дека бројноста на присутните на овие партиски собири е драстично опадната, особено ако споредиме со еуфоријата и атмосферата која ја имаше до пред помалку од десет години. Реалниот мобилизациски потенцијал кај големите партиски структури е опаднат, што говори во прилог на одредена поларизација на свеста помеѓу населението и опаѓачка доверба во мејнстрим политиката и институциите. Илустративно, во ек на кампањата, во Скопје се одржа протест за солидарност со палестинскиот народ, кој успеа да собере повеќе луѓе од многу партиски собири во големите урбани средини, на тема која не е на ниеден начин поврзана со фарсата наречена локални избори.

Што ни говорат податоците за излезноста на овие локални избори?

Излезноста на изборите е околу 48% или во апсолутна бројка 885 000 гласачи. Ова е првпат во историјата на локалните избори, излезноста да биде помала од 50% во првиот круг, што е момент кој мора да се забележи и одлично се надоврзува на тезата за легитимитет во слободен пад. Колку за споредба, на претходните локални избори во 2021 година излезноста беше над 52% или во апсолутна бројка 930 000 гласачи. Значи од претходните локални избори до овие, бројот на луѓе кои гласале се намалил за 45.000! Излезноста е во слободен пад од локалните избори во 2013 година (67%), 2017 година (60%). Уште еден многу важен момент е бројот на неважечки ливчиња, што е уште еден индикатор за широко распространетото незадоволство. На овие избори во првиот круг имаше 53 илјади неважечки ливчиња. За споредба, на локалните избори во 2021 година на поголема излезност, бројот на неважечки ливчиња изнесуваше 37 илјади! Колку за илустрација, бројот на неважечки ливчиња е поголем од вкупниот број на гласови кои на изборите ги освои политичката партија ЗНАМ и приближно ист како бројот на гласови кои ги освои политичката партија Левица. Ова несомнено претставува пораз за целата мејнстрим буржоаска политичка сцена и за системот што 35 години наназад го градат.

Што значат резултатите?

Сосем очекувано и предвидливо, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничките фотелји освои 33 мандати во прв круг и оди во уште 26 општини во втор круг. Коалицијата предводена од СДСМ освои 3 мандати во прв круг и оди во уште 17 општини во втор круг. Коалицијата ВЛЕН победи во 5 општини и оди во втор круг во уште 6 општини. Коалицијата предводена од ДУИ победи во 3 општини и оди во втор круг во уште 5 општини. ЗНАМ не доби општина во прв круг, а оди во 2 општини во втор круг. Левица не доби општина во прв круг, оди во град Скопје во вториот круг. Во 4 општини изборниот процес ќе се повтори поради немање на цензус (законски пропишан на една третина од избирачите во првиот круг).

По број на гласови за советници, ВМРО-ДПМНЕ освои 300 илјади (550 мандати), СДСМ 125 илјади (230 мандати), НАИ 114 илјади (206 мандати), ВРЕДИ 92 илјади (130 мандати), Левица 57 илјади (66 мандати), ЗНАМ 38 илјади (44 мандати), Искуство за успех (ЛДП, ГРОМ) 13 000 (13 мандати). Да ги ставиме овие бројки во некаков контекст. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ триумфалистички настапи по однос на својот резултат, кој за волја на вистината е благо подобрен од претходните локални избори (290.000 гласови) и извесно е дека ќе освои околу 50 градоначалници (беа 42 на минатите избори). Но, треба да се напомене дека пред година и половина на парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 430 илјади гласови и успеа да изгуби 130 илјади гласови за краток временски период. На претходните локални избори настапија како опозициска партија, а сега се веќе година и половина централна власт со стабилно мнозинство и со сите полуги и ресурси во свои раце. Иако споредбата локални со парламентарни избори може да изгледа како несоодветна, сепак треба да се потсетиме дека премиерот Мицкоски на една недела пред изборите најавуваше дека бројот на гласови на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде околу 400.000 со очекуван „природен пад“ од 30.000-40.000 гласови во однос на парламентарните избори (тој природен пад е некое непишано правило за големите партиски структури од парламентарни на локални избори, имајќи предвид дека на локални избори има повеќе независни кандидати и помали партии кои учествуваат). Ова е дефинитвно шлаканица за власта, која во вакви околности тешко дека би размислувала за предвремени парламентарни избори.

СДСМ има драматичен пад во споредба со претходните локални избори со изгубени над 110 илјади гласови (237.000 гласови во 2021 година). Ова изборно фијаско не беше никакво изненадување, бидејќи СДСМ го доживеа својот пад на парламентарните избори во 2024 година и овој резултат на локалните е само потврда дека таа партија се наоѓа на граница на својот „биолошки минимум“. Голема е веројатноста бројот на освоени градоначалници да биде едноцифрен и по вториот круг, каде од побитните општини единствено реални шанси за победа имаат во општина Центар.

Политичката партија Левица, и покрај триумфализмот на нејзиното раководство освои 57.000 гласови на овие избори, споредбено со 50.000 на локалните избори во 2021 година. Ако знаеме дека на претходните избори учествуваа со 37 листи, а на овие избори со 53 листи, ова по сите дефиниции е стагнација. Она што го „обели образот“ на оваа партија е кампањата на Амар Мециновиќ во Скопје каде тој успеа да искомуницира со одреден слој на гласачи и благодарение на катастрофата на социјалдемократите влезе во втор круг. Левица е моментално втора партија по поддршка на територија на град Скопје. Ова секако може да има ефект кој во иднина ќе се прелее и на помалите места, каде резултатот на Левица „не е баш очекуваниот“ според зборовите на Мециновиќ. Она што ќе биде дефинитивно интересно е каков ќе биде во иднина развојот на настаните во самата партија, бидејќи Мециновиќ почнува да го засенува лидерот Апасиев и со својот настап добива повеќе симпатии отколку останатите од раководството.

Во т.н. „албански блок“ резултатите се комплицирани и изедначени. Сосема е извесно дека ВЛЕН ќе освои повеќе градоначалници од НАИ, а НАИ освои повеќе советнички места. Иако е тешко да се прогласи победник, ова во секој случај е пораз за ДУИ и Али Ахмети и нивната идеја за „сеалбански референдум“. За првпат по 23 години, ставот на сега опозициската ДУИ помеѓу Албанците е нарушена и тој тренд ќе продолжи со губењето на општините.

Независните советнички листи имаат благ пад во споредба со претходните избори (64 советници во 2021 година, 51 советник во 2025 година). И покрај нивната искреност и симпатичен аутсајдерски статус, сепак е видливо отсуство на долгорочна политичка стратегија и реална моќ во раководењето со општините, ако знаеме дека независните листи никаде немаат мнозинство. Сепак, можат да бидат клучниот фактор на кој некоја од поголемите партии ќе мора да смета за мнозинство во „шареноликите“ совети.

Што понатаму?

Од сѐ досега кажано, можеме да извлечеме заклучок дека овие избори имаат пирови победници, а најголемиот губитник е целиот буржоаско-демократски поредок и неговите делегитимирани институции. Многу слоеви на населението (особено младите) имаат чувство дека овој систем не ги претставува и истите се традиционално апстиненти од изборните процеси. 

Ние не живееме на изолиран остров туку сме дел од глобалните процеси. Почнувајќи од Србија, продолжувајќи со Италија, Франција, Шпанија па сѐ до Шри Ланка, Непал, Мадагаскар, насекаде низ светот улиците и плоштадите се главно поле за политичка артикулација на младината и работничката класа. Живееме во крајно нестабилен период од историјата каде системот е делегитимиран речиси во секое ќоше на планетата. 

Нашата „тивка млада генерација“ не е аполитична туку е огорчена од овој систем и немањето никаква перспектива за достоинствен живот. Во минатото сме сведочеле на масовни мобилизации кај нас. Прашање на време е кога ќе се роди нова искра што ќе го распламти пожарот на класната борба и повторно ќе ги воведи масите на историска сцена.

Дејан Лутовски

29 октомври, 2025 година

ВестиИнтернационала

Од Шри Ланка до Непал: лекции од револуционерниот бран

Еден ден, се чини дека земјата е мирна, а владејачката клика таму е зацврстена на власт. Следниот ден, револуционерните маси стојат пред зградата на парламентот која гори. Полицијата е замината, пратениците избегаа, а исто така и премиерот. Фотографиите и видеата што неодамна се појавија од Непал беа зачудувачки. Тие се исто така зачудувачки слични на сцените што веќе ги видовме: во Шри Ланка, Бангладеш, Кенија, Индонезија.

Кое е значењето на овие настани? Некои од левицата, импресионирани од овие сцени, си дозволуваат да бидат понесени од плимата без да застанат да прашаат каде се движи плимата. Тие се однесуваат како навивачи на масите, што е последното нешто што им треба на масите во револуција.

Други фрлаат попристрасен поглед на сè. Тие ги гледаат Непал, Шри Ланка или било кој од овие други примери и ги споредуваат со шемата што ја всадиле во своите глави за тоа како треба да изгледа една револуција.

Тие не гледаат Совети. Тие не гледаат работнички совети. Напротив, тие ги гледаат масите организирани, до степен до кој воопшто се организирани, околу случајни водства, па дури и обични хаштагови на социјалните медиуми. Тие не гледаатцрвени знамиња. Тие гледаат знамиња на Шри Ланка, знамиња на Кенија, знамиња на Бангладеш и знамиња на Непал.

Тие ги сметаат малкуте барања на овие движења за магловити и ограничени, особено во споредба со завршената програма на социјалистичката револуција. И тие укажуваат на неспорниот факт дека досега, овие револуции едвај направиле некакви фундаментални промени. Тие со презир изјавуваат дека ова воопшто не се револуции, потоа повторно заспиваат и бараат да бидат разбудени кога ќе дојде вистинската револуција.

Како изворни комунисти, не можеме да си дозволиме да бидеме импресионирани од изгледот, ниту можеме да очекуваме револуциите да се вклопат во однапред замислени шеми. Мораме да стигнеме до суштината на конкретните настани и да извлечеме конкретни лекции.

Каков е тогаш нашиот став кон овие настани што се одвиваат?

Овие револуции, од Шри Ланка до Непал, сите имаат свои уникатни карактеристики. Но, досега се појавуваат јасни и несомнени обрасци. Земени заедно, тие ни кажуваат многу за карактерот на епохата во која влеговме.

Моќта на масите

Првото нешто што треба да се каже е дека не можевме да побараме повеќе, во смисла на напор или хероизам, од револуционерните маси. Тие покажаа каква огромна латентна моќ поседуваат.

Пред три години, кога народот се упати кон претседателската палата во Шри Ланка, првото домино падна, полицијата беше фрлена како комарец. Раџапаксаците избегаа. Ниту една друга сила во општеството не можеше ни приближно да се спореди со оваа моќ.

Режимот се најде беспомошно да виси вo воздух. Револуцијата можеше да го сруши режимот веднаш. Всушност, власта беше во рацете на масите на улиците. Сè што требаше да се направи беше да се прогласи стариот режим за соборен. Но, масите не беа свесни дека ја држат власта, а немаше партија доволно авторитетна да ја преземе власта во нивно име.

Значи, истата вечер кога беше постигната оваа зачудувачка победа, на револуционерните маси не им преостана ништо друго освен да ја напуштат претседателската палата и да се вратат дома. После тоа, стариот презрен парламент, преполн со мнозинство од партијата Раџапакса, го избра својот заменик за претседател.

На 5 август 2024 година, режимот во Бангладеш исто така се најде да виси вo воздух. Полицијата, која започна со спроведување на терор во претходните недели, прогласи „штрајк“. Всушност, тие избегаа од местото на настанот, преплашени од одмаздата на масите. 450 од 600-те полициски станици во земјата беа тлеечки урнатини. Омразената премиерка Шеик Хасина беше спакувана во хеликоптер од страна на воениот врв и изнесена надвор од земјата.

Револуционерните маси ја имаа моќта и можеа да ја организираат својата револуционерна влада. Но, повторно, тие не беа свесни за својата моќ. Стариот режим беше поразен. Старите генерали и судии требаше и можеше да бидат отфрлени. Наместо тоа, студентските лидери дојдоа да преговараат со поразените генерали. Тие се согласија за привремена влада предводена од поранешен банкар, каде што ќе седат во симболични министерства.

Во Кенија, по сите жртви, целото крвопролевање, уште помалку беше постигнато. Руто останува вкоренет на власт.

Централната енигма во сите овие случаи е контрастот помеѓу огромната моќ што ја демонстрираа масите и колку малку се случи се промени суштината.

Ова е резултат на еден фактор што недостасува, на кој ќе продолжиме да се враќаме: отсуството на револуционерно водство. Без водство, владееше конфузија во врска со програмата и крајната цел на револуцијата. Сите овие револуции застанаа на половина пат.

Но, на оние кои велат дека ова воопшто не беа револуции, ние им велиме: ниеден друг вид револуција не беше можен под овие околности. Ленин дефинитивно одговара на овој приговор во својата реплика до оние кои негираа дека Велигденското востание во Ирска од 1916 година има било какво револуционерно значење, дека тоа било само „пуч“:

„Да се ​​замисли дека социјалната револуција е замислива без бунтови на малите нации во колониите и во Европа, без револуционерните изливи на ситната буржоазија, со сите нејзини предрасуди, без движењето на несвесните пролетерски и полупролетерски маси против угнетувањето од земјопоседниците, црквата, монархијата, странскиот јарем итн. – да се замисли тоа е еднакво на отфрлање на социјалната револуција. Само оние кои замислуваат дека на едно место ќе се построи војска и ќе каже: „Ние сме за социјализам“, а на друго место друга војска ќе каже: „Ние сме за империјализам“ и веруваат дека ова ќе биде социјална револуција, само оние кои имаат такво смешно педантно мислење би можеле да го оцрнат Ирското востание нарекувајќи го „пуч“. Кој и да очекува „чиста“ социјална револуција, никогаш нема да доживее да ја види. Таквата личност дава празни ветувања за револуцијата без да разбира што е револуција.“ (Ленин, „Сумирана дискусија за самоопределувањето“).

Проблемот на водството

Недостасува јасно водство. Но, поентата е дека условите на масите се премногу очајни за да чекаат додека овој недостасувачки фактор не се појави на сцената. Младите се најмалку склони трпеливо да чекаат додека условите не се совршени.

Друга впечатлива карактеристика на сите овие револуционерни превирања е начинот на кој на сцената се појави една цела нова генерација млади. Младите, лишени од иднината, кои најмалку имаат што да изгубат, а најмногу да добијат, како најенергичен слој ослободен од тежината на минатите порази, беше на првата линија насекаде.

Во Непал и Кенија, ова го нарекуваат „Револуција на генерацијата Z“. Во Србија и Бангладеш, огромните движења на студентите, како громобран, го предизвикаа гневот на милиони обични работници и сиромашни луѓе.

Иако постојат разлики од земја до земја, младите генерално го отфрлија она малку лидерство што се појави. Дали тие внесуваат конфузија? Секако дека внесуваат. Чија е вината за тоа? Ние одговараме емпатично: вината е на лидерите на работничките организации чијашто работа е да водат.

Осудувачкиот факт е дека нивното кукавичко отсуство беше срамна контратежа на храброста на младите во авангардата.

Исто како што генералите во Кенија и Бангладеш ги држеа војниците затворени во касарни за да ги спречат да бидат заразени со револуција, така и тешките батаљони на работничката класа беа „затворени во касарни“ од страна на работничките водачи.

Ова е криминално. На крајот на краиштата, само работничката класа има моќ во свои раце да го скрши капитализмот во неговиот корен, што е вистинскиот извор на сите мизерии и страдања на масите.

Младите, во многу случаи, се обидоа да се поврзат со работниците. Студентите во Србија, на нивна чест, правилно ги повикаа синдикатите да организираат генерален штрајк против режимот на Вучиќ и повикаа на формирање на зборови на работното место (масовни собранија). Но, тесноградите бирократи во синдикалните канцеларии се спротивставија на сите такви повици, кои ги сметаа за посегнување по нивните сопствени мали феуди.

Во Кенија, мизерниот генерален секретар на синдикалниот центар ЦОТУ-К дури излезе во одбрана на регресивниот Закон за финансии на Руто за 2024 година, кој го предизвика целото движење!

И на врвот на арагалаја („борбата“) во Шри Ланка во 2022 година, идејата за хартал (револуционерен генерален штрајк) кружеше нашироко. Но, синдикатите одбија да упатат повик за било што друго освен за еднодневен штрајк.

Против корупцијата

Низ овие движења, видовме како масите ги таргетираа најочигледните и најмоќните симболи што го предизвикуваат нивниот бес.

Скапаните владејачки клики што доминираат во земјата, омразени и поради нивната бруталност и поради нивната корупција, го навлекоа врз своите глави целиот бес на масите: кликата Раџапакса во Шри Ланка; кликата Хасина во Бангладеш; кликата Руто во Кенија; владетелите и нивните „непо деца“ во Непал; политичарите што си доделуваат фантастични зголемувања на платите во Индонезија; Вучиќ и неговите бандити во Србија.

Пред сè, масите во Шри Ланка, Кенија, Бангладеш, Непал, Индонезија и на други места удираат во прв ред против корупцијата.

Многу скептици укажуваат на ова и се потсмеваат дека ова го докажува нивниот став дека ова не се револуции. Вистинска револуција, велат тие, би била против капитализмот, а не против корупцијата.

Но, корупцијата е само најмоќниот и најекстремниот симптом на целата гнилост на самиот капиталистички систем. Масите се исполнети со длабоко чувство на неправда, омраза и огорченост кога ќе помислат на навистина зачудувачките нивоа на богатство што ги опкружуваат. Но, како што тие гледаат, тоа богатство го исцрпува корумпираната елита.

Западните коментатори ја посочуваат корупцијата како несреќна карактеристика на таканаречениот „Трет свет“ и ја посочуваат како причина за неразвиеност. Се разбира, тие го прават тоа за да ги покријат трагите на империјализмот, главната причина за сиромаштијата и неразвиеноста.

Но, слична корупција е распространета во сите капиталистички земји, а не помалку и во Европа. Размислете за сличноста помеѓу криминалот со уривањето на кровот на Нови Сад во Србија и железничката катастрофа во Темпи во Грција, и двете изведоа огромни маси на улиците. Во двата случаи, виновни се корумпираните политичари. Тие ги бројат парите што ги заработиле преку мито и коруптивни зделки, додека сиромашните ги бројат своите мртви од катастрофите што ги предизвика корупцијата.

Во меѓувреме, еден сиромашен возач на рикша во Шри Ланка или Бангладеш треба само да ги спореди своите маки од глад со раскошни суетни проекти како што се Кулата Лотос во Коломбо или мостот Падма преку Ганг за да го почувствува огромниот јаз што ги одделува од нивните владетели. Додека Џакарта е жив пекол за сиромашните, индонезиската влада е зафатена со изградба на нов, блескав главен град многу милји оддалечен од сиромаштијата и нечистотијата на сегашниот главен град.

Кога масите излегоа против режимот во Шри Ланка, во Индонезија, во Бангладеш, во Непал, токму овие разгалени лицемери, овие „водачи на нацијата“, беа тие на кои нападнаа. Тие инстинктивно ги удрија овие скапани клики директно во главата и ни ги дадоа тие сцени на упади во парламентарни згради, ограбувани претседателски палати и палење партиски канцеларии и резиденции на пратеници.

Масите го покажаа вистинскиот инстинкт со напаѓање на овие корумпирани гангстери кои, преку функцијата, се збогатуваат до n-ти степен. Сепак, на крајот, ако овие луѓе бидат избркани, други се во крилата чекајќи да го заземат нивното место. Поентата е дека за да се стави крај на корупцијата, мора да се стави крај на владеењето на капиталот. А тоа значи укинување на приватната сопственост и разбивање на вооружените тела на капиталистичката држава, кои го претставуваат вистинскиот извор на моќта на владејачката класа.

Омраза кон сите партии

Во речиси сите овие движења постои чувство дека не е лоша само сегашната владејачка клика, туку сите политичари и партии се подеднакво лоши. Таканаречената „опозиција“ во повеќето случаи се покажа како не помалку расипана.

И не се омразени само поради корупцијата. Самиот факт што учествуваат во истата омразена парламентарна игра и зборуваат ист јазик исполнет со лаги, ја оцрнува опозицијата заедно со актуелните.

Така, во Шри Ланка, заедно со слоганот „Оди дома Гота“ насочен кон корумпираниот претседател Готабаја Раџапакса, масите го извикаа слоганот „Одете дома 225“ – односно, надвор со сите 225 пратеници што го сочинуваат парламентот.

Во Кенија, младите ги нарекуваат пратениците „MPigs“. Сосема точно! Додека донесуваат закони за да ги осиромашат сиромашните, овие „MPigs“ – сите тие – ги имаат закопано устите во коритото на парламентарните трошоци и привилегии. Кениската младина не сака да има никаква врска со Руто, но не сака ни да има никаква врска со опозициските лидери како Одинга, кој беше згрчен од страв од револуционерната младина зад чизмата на Руто.

Нивниот слоган „безплеменски, безлидерски, безпартиски“ долови многу здраво инстинктивно отфрлање на сите оние племенско-капиталистички банди што се нарекуваат „политички партии“ во Кенија.

Но, ако сите постоечки партии се алатки на оваа или онаа корумпирана фракција на владејачката класа, дали тоа значи дека работниците и младите можат да се снајдат без партија? Не е така. Ситуацијата бара сопствена партија и раководство што ги претставува нивните интереси.

Левицата подеднакво лоша

Ова отфрлање на сите политички партии исто така ја рефлектира вистината дека, во мнозинството случаи, така наречените „левичарски“ партии се подеднакво лоши како десничарските партии!

Во некои случаи, „левицата“ стана подеднакво корумпирана како партиите на десницата. Мошне често, тие љубоморни опортунисти стануваат уште полоши, оставајќи неподнослив мирис под самиот збор „лево“.

Ова не е само производ на некаков морален недостаток или пропуст кај левицата. Оваа трулеж има корени во лажни теоретски принципи. Посебна вина за оваа жална состојба мора да се стави на сталинизмот, со неговата отровна теорија на „стадиуми“. Ова директно доведе до многу левичарски партии да се обединат со најлошите, најтрулите елементи на владеачката класа.

Според таа теорија, најитните задачи во недоволно развиените земји не се социјалистички туку буржоаско-демократски задачи. Во тоа има елемент на вистина.

Најјасната и најитната желба на масите во назадните капиталистички земји како Непал, Бангладеш, Шри Ланка и Индонезија е да го прекинат корумпираниот и произволниот режим на сегашните влади. Пред сè, масите што живеат под овие брутални режими сакаат слободно да дишат. Тие сакаат демократски права.

Нема ништо вродено социјалистичко во овие задачи сами по себе. Тие се она што марксистите би ги нарекле „буржоаско-демократски“ задачи.

Но од оваа премиса дека револуцијата се соочува со буржоаско-демократски задачи, теоријата на „стадиуми“ на сталинизмот заклучува дека мора да се бара „прогресивно“ крило на буржоазијата да ја води револуцијата. Само после години на капиталистички развој, што националната буржоаска фаза на револуцијата треба да го започне, земјата ќе стане зрелa за социјализам.

Но има една мала мува во мазилото. Не постои такво „прогресивно“ крило на капиталистичката класа во било која назадна земја денес. Тоа е целосно паразитска класа, потполно зависна од империјализмот. Таа се плаши од револуционерните маси, и особено од единствената доследно револуционерна класа во општеството, која е работничката класа. Сите нивни политики, акции и изјави го докажуваат тоа.

Во потрагата по химерата на „прогресивното“ крило на капиталистичката класа, сталинистите се најдоа приврзани за опашките на една трула клика или друга.

Комунистичката партија на Бангладеш подолго време ја поддржуваше Авами Лигата на Хасина и нејзиниот татко Муџиб. Тие ја прикажуваа Авами Лигата како „прогресивен“ бранител на националното ослободување на Бангладеш, и ја оправдуваа нивната постојана поддршка со аргументот дека „секуларната“ Авами Лига е помало зло во однос на религиозните фундаменталисти од Џамаат-е-Ислами.

Сега тие ги споделуваат понижувањата на Хасина, додека реакционерите од Џамаат-е-Ислами можат да се претставуваат како маченици на режимот на Авами Лигата на Хасина.

Без револуционерна партија која може да го поврзе прашањето на корупцијата со капитализмот, исламистите излегоа напред и почнаа сами да зборуваат за „борба против корупцијата“. „Да, и ние сме против корумпирани политичари исто така,“ велат тие. „Ни треба почиста политика, нови лица наместо старите.“ Овие реакционери ја префрлаат вината за корупцијата од капитализмот кон други наводни причини, како недостаток на морал или побожност кај секуларистите.

Можеби најстрогата осуда на сталинистичката теорија на „стадиуми“ се наоѓа во Непал и маоистите кои доминираат на политичката сцена во таа земја.

По еднодецениски бунт, маоистите беа донесени на власт врз основа на револуционерен бран во 2006 година / Слика: јавен домен

По еднодецениски бунт, маоистите беа донесени на власт врз основа на револуционерен бран во 2006 година. Што направија? Тие веднаш потпишаа заеднички договор од 12 точки заедно со отворено буржоаски партии како Непалскиот конгрес, и земјата од тогаш се управува со коалиции на така наречените „комунисти“ со овие буржоаски елементи.

Нивното оправдување за ова беше дека сите „прогресивни“, „антифеудални“ сили мораа да се здружат за да ја сузбијат монархијата и да изградат република. Ова би довело до развој на непалскиот капитализам што, во одредена фаза, ќе ја постави основата за социјалистичка револуција во Непал.

Но помеѓу 2008 и 2025, не е регистриран никаков напредок. Непал падна од 140-то место на 145-то од 193 земји според Индексот на човечки развој. Илјадници млади секоја година ја напуштаат земјата поради сиромаштија за да работат во странство, до тој степен што една третина од БДП‑то на земјата се состои од испратени пари.

Откако ја управуваа државата во име на капиталистичката класа повеќе од деценија и половина, политичарите на маоистите сами станаа предмет на омраза кај масите. Тие се исто толку затрупани во корупција како и отворено буржоаските партии.

Меѓу „непо‑децата“, чие неизмерно богатство ги поттикна неодамнешните настани, кого гледаме? Млади како Смита Дахал, покажувајќи чанти кои вредат многу пати повеќе од просечната месечна плата на непалски работник, чиј дедо не е никој друг туку канцеларот Прачанда, поранешниот лидер на маоистичките герили.

Обоени револуции?

Постојат ставови – популарни меѓу застапниците на доблестите на новиот „мултиполарен“ свет – дека она што го гледаме е спротивно на револуција. Тие велат дека се работи за контрареволуции или „обоени револуции“, т.е. мистериозни заговори на западните разузнавачки агенции да ги манипулираат масите.

Истото тоа често се велеше и за Арапската Пролет, која имаше многу сличности со сегашниот бран на револуции. Можеме да разбереме зошто некои луѓе погрешно мислат дека станува збор за заговор. Работничката класа во Египет не успеа да ја преземе власта. А резултатот? Ал‑Сиси го замени Мубарак, и денеска работите се сто пати полоши во Египет отколку што беа во 2010. Во Либија и Сирија, империјализмот успеа да ги фрли овие земји во брутална граѓанска војна.

Фактот што фокусот на сегашниот бран на револуции е Јужна Азија, и дека некои од режимите што се потресени се наклонети кон Кина, ѝ дава тежина на идејата дека ова е сценирана промена на режимот од страна на Западот.

Има иронија во идејата дека она што го гледаме сега е бран на шарени револуции.

Застапниците на „мултиполарноста“ тврдат дека левицата мора да се бори против империјализмот поддржувајќи „прогресивни“, „антиимперијалистички“ буржоаски режими во „Глобалниот Југ“. Но тие не гледаат дека причината поради која левицата е толку дискредитирана, оставајќи празнина во која реакционерите можат да влезат, е токму тоа што левицата години наназад ја поддржуваше истата химера на „прогресивна“, „антиимперијалистичка“ национална буржоазија!

Идејата дека ова се „шарени револуции“ е лажна. Заговорите не можат да го објаснат она што го гледаме. Но тоа е лажна идеја што содржи елемент на вистина. Без револуционерно лидерство, контрареволуцијата може да надвладее, империјалистите можат да најдат простор за интервенција, и работите можат да дегенерираат во многу реакционерен правец.

Мораме отворено да кажеме дека билансот на овие револуции тоа го потврдува, и дека тоа е лекција која мора да се извлече.

Во Сирија, неуспехот на револуцијата да формулира пролетерска програма им овозможи на империјалистите да го претворат движењето во исламско востание. Исто така, младинското востание во Иран од 2018 година, не успевајќи да развие јасен класен пристап, се приклони кон орбитата на либералната опозиција поддржана од Западот.

Во Кенија, Рутo е сѐ уште на власт. Суровата вистина е дека младите не успеаја да го симнат со едноставни денови на акција / Слика: jamrockjammie, Твитер

А во овие понови примери? Во Кенија, Рутo е сѐ уште на власт. Суровата вистина е дека младите не успеаја да го симнат со едноставни денови на акција. Во Бангладеш и Шри Ланка, старите режими беа соборени. А сепак, во сите три, владите спроведуваат штедење и ги напаѓаат сиромашните и работничката класа по налог на ММФ. Сите се принудени да ја спроведуваат оваа политика затоа што е единствената можна политика под капитализмот.

Среде голем ентузијазам за „опоравокот“ во Шри Ланка, до минатата година стапката на сиромаштија остана двојно повисока отколку што беше на почетокот на 2022. Младите се стремат да се иселуваат ако можат, или пак се наоѓаат заробени работeјќи бесконечни часови за да преживеат. Во Бангладеш, околу 2,1 милиони работни места се изгубени од движењето во јули 2024.

Условите продолжуваат да се влошуваат. Суштината е дека коренот на страдањата и незадоволството на масите произлегува од кризата на капитализмот, а овие револуции не удрија на неговиот корен.

Ниту на корупцијата не ѝ е ставен крај. Во Бангладеш, студентските лидери го потрошија најголемиот дел од нивниот авторитет. „Црешата на тортата“ е она што се случи со системот на квоти што ја поттикна револуцијата во Бангладеш. Студентите се мобилизираа минатата година за да стават крај на дискриминацијата: да го отстранат системот на квоти за добро платени јавни служби за членови на семејствата на ветераните од Војната за независност од 1971 година. Тоа беше систем кој, де факто, обезбедуваше работни места за послушниците на Хасина и режимот на Авами Лигата.

Тој систем на квоти всушност беше укинат… и заменет со систем на квоти за распределба на работни места за членовите на семејствата на ветераните од востанието од јули 2024!

Сè што е можно под капитализмот е прераспределба на пленот, но никогаш нема крај на пљачката.

Незавршени процеси

Револуциите не се претстави со еден чин, и ова не е крајот на приказната. Во Шри Ланка, Непал, и Бангладеш, омразениот стар режим беше соборен. Масите остварија првични победи кои беа сјајни. Но при подетална инспекција, се покажа дека победата била повеќе видлива отколку суштинска. Главата на режимот ја нема, но старата држава, старата владеачка класа, сѐ уште ја држи власта.

Постојат аналогии помеѓу тоа што го видовме овде и тоа што се случи во Русија во февруари 1917.

Работниците во Русија избувнаа на сцената со револуционерен генерален штрајк. Во рок од неколку дена, царот беше принуден да абдицира. Беше воспоставена привремена влада. Но кога ентузијазмот исчезна, се покажа дека старите царски генерали и бирократи останаа на функција. Капиталистите сè уште ги поседуваа фабриките, земјоделците сè уште ги држеа земјиштата. Беше царизам, само без цар.

Победата немаше да биде целосна додека старата држава не беше уништена и работниците сами не ја преземеа власта. Тоа се случи во Октомвриската револуција во 1917. И тоа беше возможно само поради присуството на болшевичката партија која ги разјасни целите на револуцијата и ја придоби работничката класа и другите потиснати маси на Русија под своето знаме.

Ако таа беше отсутна, старата владеачка класа ќе можеше многу лесно да ја повлече Русија во варварство. Граѓанска војна, проследена со погроми, би се заканувала. Русија најверојатно би била распарчена меѓу империјалистичките сили и милиони би умреле.

Со други зборови, Русија би ја имала истата судбина како денешен Судан. Таму, револуционерните маси имаа совршена можност да ја преземат власта во 2019 година. Водството ја пропушти таа можност, и сега земјата е растргната од брутална граѓанска војна меѓу две реакционерни вооружени банди и различните империјалистички сили што стојат зад тие банди.

Секако, таков разорно реакционерен исход како што го гледаме денес во Судан не е никогаш неизбежен. Силата на работничката класа и многу други фактори влегуваат во игра при определување на исходот. Но сепак е сурово предупредување.

Кој е следен?

Со тек на времето револуционерните настани што ги видовме веројатно ќе продолжат да се развиваат во Шри Ланка, Бангладеш, Непал, Индонезија, Кенија и на други места. Ќе има подеми и падови, и несомнено дури и нови востанички бунтови.

Ако историјата на болшевизмот од 1903 до 1917 нѐ учи на нешто, тоа е дека партија мора да се изгради пред револуцијата за да игра одлучувачка улога. Не велиме дека револуционерна партија не може да се создаде во услови на револуција, но тоа не е лесна задача.

Она што го кажуваме сега е упатено кон најнапредните револуционерни работници и млади околу светот кои сè уште не се потресени од револуција. Задачата за изградба на револуционерната партија мора да се преземе итно, сега! Сите овие примери што ги набројавме укажуваат на тој факт.

Потребно е време за да се изгради кадарот на идната масовна револуционерна партија. Времето не е нешто што го имаме во изобилство. Условите што ги создадоа револуциите во сите претходно споменати земји брзо созреваат насекаде.

Впечатливо е колку слични беа условите кои ги произведоа овие револуции.

На прв поглед, овие не беа дури ни најкризичните земји во светот. Напротив, тие напредуваа со стапки на кои економистите во развиените капиталистички земји им завидуваа.

Меѓу 2010 и 2024, исклучувајќи ја пандемијата од 2020, Непал имаше просечен годишен раст од 4,7 проценти; Кенија 5,2 проценти; Индонезија 5,23 проценти. Шри Ланка влезе во криза порано, но од 2010 до 2018 и таа имаше просечен раст од 6,43 проценти годишно.

Но што се наоѓа под површината? Исклучително нерамномерен раст без работни места, постојана сиромаштија, и планина од ненадоместливи лихварски долгови кон империјалистите. Најзагрижувачки за владеачката класа се големата невработеност меѓу младите и недостаток на каква било пристојна иднина, заедничко за сите овие земји.

Во Шри Ланка, невработеноста меѓу младите беше 25 проценти во 2021 година, четири до пет пати повеќе од просечната стапка. 7 милиони од 44 милиони млади во Индонезија се невработени. Во Бангладеш, помалку од едно од пет лица на возраст 25‑29 има сигурна работа со договор кој трае подолго од една година. Пред пандемијата, 39 проценти од дипломците во Бангладеш беа невработени.

„Немаме работа и немаме иднина,“ како што еден млад Кенианец рече, „така што го имаме целото време на светот да ве собориме, и ништо да изгубиме со борба против вас.“

Дали овие карактеристики се уникатни за овие земји? Не се. Неверојатно се слични на условите во многу, многу земји.

Во 2023 година, 21 земја, со население од 700 милиони луѓе, беа или банкротирани или на работ на банкрот. 3 милијарди луѓе ширум светот живеат во земји кои трошат повеќе за плаќање на камати од долгови отколку за здравство или образование.

Дури и во периоди на „добрите времиња“, масите не можеа да се одржат над растечкото ниво на вода. Ова е особено точно за сиромашните и таканаречените средно‑доходни земји, кои немаа доволно резерви за да го издржат разорниот удар на кризата што избувна со пандемијата COVID‑19.

Кога револуцијата ја зграпчи Шри Ланка во 2022, предвидовме дека слични настани ќе погодат една земјa по друга бидејќи ги споделуваат истите основни карактеристики. И така и беше, и уверени сме дека долгата листа на земји не е уште целосна. Владеачките класи на Индија и Пакистан – и нивните многу „непо деца“ – сигурно се тресат гледајќи ги овие сценарија како се одвиваат.

Овој револуционерен бран започна во посиромашните, помалку развиени земји, но нема да остане таму. Како што Троцки објасни, „Гихт почнува од мал прст или палец, но откако ќе почне, продолжува додека не стигне до срцето.“

Пламенот на револуцја се ближи до рабовите на Европа во Србија, и движењето Блоконс Ту во Франција покажува дека револуцијата ќе се пробие до срцето. Светот е во оган, и револуционерни експлозии се на дневен ред. Мораме да го прифатиме овој факт, и сé што следи од него во однос на одговорноста што ни ја наметнува како револуционери да градиме со итност.

Автор: Бен Кари, 19 септември 2025

https://marxist.com/sri-lanka-to-nepal-lessons-from-the-revolutionary-wave.htm

Интернационала

Италијански генерален штрајк: драматичен пресврт во светската ситуација

Она што се случи во Италија на 3 октомври 2025, петок, има многу малку преседани. Размислете. Политички штрајк. Политички генерален штрајк. Политички генерален штрајк во интернационална солидарност, против империјализмот.

Милиони учествуваа во индустриски акции, два милиони учествуваа во масовни демонстрации, а стотици илјади презедоа директна акција под слоганот „Блокираме сè“. Следниот ден, сабота, 4 октомври, над еден милион излегоа во Рим на национални демонстрации против геноцидот во Газа. Овие настани се дел од драматичен пресврт во светската ситуација; и тоа не е случајот само во Италија, туку го вклучува и масовното движење во Франција, масовните протести во Шпанија и таканаречените револуции на Gen Z, сите заедно придонесувајќи кон т.н. „Црвен септември“. Важно е да се анализираат, да се разберат нивните главни карактеристики и импликации.

Кои се главните карактеристики на движењето во Италија?

Најпрвин, треба да истакнеме дека ова движење произлезе од надвор од огромните традиционални организации. Лидерите на CGIL, најголемата конфедерација на синдикати во Италија, беа принудени да го формираат само откако беа надминати од масовното движење на стотици илјади работници и млади на 22 септември за време на генералниот штрајк за Палестина, свикан од помалиот синдикат USB.

Втората воочлива карактеристика на движењето е улогата на младите, кои беа на чело на мобилизацијата насекаде, присутни во голем број (дури и генералниот секретар на CGIL, Ландини, мораше да го спомене овој факт), излегувајќи заедно со остатокот од работничката класа и населението воопшто.

Трета доминантна карактеристика на италијанските настани од последните две недели е силното чувство меѓу масите дека демонстрациите сами по себе не се доволни, дека треба да се направи нешто повеќе. Така, слоганот на генералниот штрајк, „Блокираме сè“, усвоен од движењето во Франција, претставува здрав инстинкт, препознавајќи дека вршењето морален притисок врз владите не постигнува ништо и дека е потребна директна акција. Оваа идеја содржи, во ембрионална форма, зачеток на револуцијата, кога масите ги земаат работите во свои раце.

Четврто, и можеби една од најважните карактеристики на движењето е директната акција на пристанишните работници да одбијат да ракуваат со товар што е увезуван од/извезуван во Израел. Ова е спроведено преку штрајкови од самите пристанишни работници (во Џенова, Ливорно и други пристаништа) поддржани од масовна мобилизација на надворешна поддршка. Ова е исклучително значајно. Претходно имало и други случаи на таква акција (во Марсеј, Пиреја), но италијанските пристанишни работници го подигнале ова на помасовно ниво.

Иницијативата на италијанските пристанишни работници треба да се прошири и координира на интернационално ниво. Конференцијата на европските пристанишни работници во Џенова беше одличен прв чекор напред. Бојкотот на Израел од страна на работниците би имал огромно влијание, и од практична и од политичка гледна точка, бидејќи сериозно би ја попречил израелската воена машина, а воедно јасно би ја зголемил моќта на работничката класа во капиталистичкото општество.

Петто, огромното движење на италијанските работници и млади, во земја управувана од влада на демагошката реакционерна десница, е шлаканица за сите скептици, циници и деморализирани елементи од таканаречената левица, кои ја поминаа целата година жално кукајќи за таканаречениот подем на фашизмот, реакционерството и бонапартизмот.

Падот на легитимитетот на сите буржоаски институции (како резултат на органската криза на капитализмот) доведе до длабоко антиестаблишмент расположение. Поради банкротот на „левицата“, ова се изрази, во многу случаи, во подемот на десничарските демагози, кои го насочија ова расположение на гнев во реакционерна насока, правејќи жртвено јагне од мигрантите итн. Владата на Мелони е пример за тоа.

Ова не е неизбежен исход – ако се даде полуможност, истото расположение ќе биде (и било) изразено во експлозија на класната борба. Тоа е единствениот начин на борба против десницата и реакционерството: преку милитантна борба по класни линии – не „културни војни“, не апстрактна „одбрана на демократијата“ или „институциите“ или „Републиката“ – туку класна борба против капиталистичкиот режим во целост.

Шесто, италијанската ерупција се случи по повод случувањата со флотилата, спротиставувајќи се на геноцидот во Газа, но има подлабоки корени. Газа дејствуваше како катализатор за масовно движење на протести кое одамна се крчкаше. Со години: штедни мерки, намалувања на социјална парична помош, напади врз здравството и образованието, ерозија на животниот стандард (особено изразена во Италија од 2008 година), интензивирање на експлоатацијата на работното место, лежеризација на условите за работа… сите овие социјални и економски притисоци се акумулираа и очајно бараа канал за изразување.

Лидерите на синдикатите – кои, всушност, станаа целосно врзани за капиталистичкиот режим – смртно се плашеа да обезбедат таков канал. Акумулираниот притисок зовриваше околу прашањето за Палестина, но всушност беше и масовно протестно движење против десничарската влада и целиот систем. Движењето ослободува сили врз кои лидерите ќе немаат контрола.

Во Италија, движењето против израелскиот геноцид во Газа се засилуваше: од масовното движење на 22 септември до генералниот штрајк на 3 октомври и огромните национални демонстрации во Рим. Во одреден момент, оваа фаза од движењето неизбежно ќе се намали, но нејзиното влијание ќе биде долготрајно и ќе одекнува надвор од прашањето за палестинската солидарност, ширејќи се во сите аспекти на борбата на работниците и младите, вклучително и во индустриската борба за плати и услови.

Работниците и младите го почувствуваа вкусот на сопствената моќ во однос на владата и шефовите. Тие сега се самоуверени и оваа самодоверба веројатно ќе ги поттикне во офанзива на други фронтови. Како што истакнуваат италијанските другари од Partito Comunista Rivoluzionario (PCR), „браната веќе пукна“.

Движењето се шири низ Европа

Ова се главните карактеристики на движењето во Италија, но тие не се единствени за Италија. Во текот на викендот, низ цела Шпанија се одржаа досега невидени масовни демонстрации во знак на солидарност со Палестина, во кои учествуваа вкупно два милиони луѓе.

Трендот кон директна акција е присутен и таму, иако во послаба форма, со обиди за блокирање на автопатите и пристаништето во Барселона. Синдикалните лидери беа принудени да повикаат на делумен штрајк на 15 октомври, а некои синдикати повикаа на 24-часовен штрајк истиот ден во Каталонија, Баскија и Галиција.

Во Франција, движењето „Блокираме сè“ (bloquons tout) доведе до два масовни дена акција на 10 и 18 септември насочени против владата и против Макрон, кои се обидуваат да спроведат масовни штедни мерки. Ова сега доведе до оставка на францускиот премиер Лекорну по само 27 дена на функцијата и 24 часа по формирањето на неговиот кабинет.

Во Шпанија и Италија, иницијативата за овие масовни мобилизации дојде одоздола, а не од лидерите на синдикатите ниту од левичарските политички партии. Во двата случаи, младите играа најдинамична улога.

И во неколку други европски земји имаше досега невидени мобилизации во солидарност со Палестина и милитантни демонстрации против израелскиот напад врз флотилата (Германија, Белгија, Ирска, Португалија, Швајцарија, Холандија итн.). На ова треба да го додадеме и генералниот штрајк во Грција (1 октомври) против контрареформата за трудовото право, што е исто така продолжение на експлозивните мобилизации и генералниот штрајк поради обидот за прикривање на железничката несреќа кај Темпи.

Сегашниот бран на „Gen Z револуцијата“

Овие настани го претставуваат влегувањето на напредните капиталистички земји во Европа и нивната работничка класа и младина во светскиот бран на „Gen Z револуцијата“, која се посипуваше од земја во земја во текот на последниот месец (Индонезија, Непал, Источен Тимор, Филипини, Мадагаскар, Мароко, Парагвај, Еквадор, Перу…).

Низ целиот свет, постои генерација млади која созреа по капиталистичката криза од 2008 година и порасна во контекст на кратења на штедење, масовни движења и револуции, влијанието на пандемијата COVID-19, еколошката криза, растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните, војните и милитаризмот. Комбинацијата од сите овие фактори доведе до губење на легитимитетот на сите буржоаски институции и партии, масовните капиталистички медиуми, парламентите итн.

Акумулацијата на гнев поради капиталистичката криза и нејзините разновидни манифестации сега експлодираше во светски синџир на масовни движења, бунтови, востанија и револуции. Ова претставува драматичен пресврт во светската ситуација. Младите се на чело на ова движење и имаат инстинктивно интернационалистички пристап, учејќи од движењата на другите, црпејќи инспирација од нив. Ова се рефлектира во употребата на истите слогани и транспаренти, вклучувајќи го и пиратското знаме на екипажот со сламени шапки.

Само целосниот банкрот на официјалната левица ги спречува овие движења да одат уште подалеку, или пак, кога ќе се искачат на ниво на постигнување револуционерно соборување на влада или режим, тие потоа се пренасочуваат назад кон козметички промени на врвот, така што ништо фундаментално не се менува.

Масите покажаа, уште еднаш, огромна решителност и храброст да се борат, кога им се дава можност, понекогаш на сосема спонтан начин и против сите пречки. Она што очигледно недостасуваше насекаде е револуционерно водство достојно за своето име, способно да го води движењето до решителна победа. Задачата за градење на такво револуционерно комунистичко водство е поитна од кога било.

Како до слободна Палестина?

Италијанскиот генерален штрајк претставува највисока точка на движење за солидарност со Палестина и инспирација за работниците и младите од светот. Во самата Италија, огромниот притисок на масовната мобилизација, на масите работници и млади во акција, целосно го трансформираше балансот на силите. Десничарската влада е во дефанзива.

Лидерите на CGIL и PD (Демократската партија) се принудени да се свртат лево од страв да не бидат отфрлени. Иницијативата е на страната на масовното движење. Време е да се продолжи напред и да се оди понатаму. Движењето треба да усвои низа специфични барања (целосно ембарго кон Израел, прекин на дипломатските односи итн.) и да се закани со 48-часовен штрајк доколку тие не бидат исполнети во даден временски период.

Италијанскиот генерален штрајк го покажува патот напред за палестинското движење за солидарност насекаде: штрајкови, масовна директна акција, блокирање на сè, бојкот на работниците. Ова се методите што мора да се усвојат.

https://www.instagram.com/jorgemartin1917/?utm_source=ig_embed&ig_rid=69cfe78d-d354-4b09-b875-b62c2c459002

Конференцијата на пристанишни работници во Џенова упати повик за европски и медитерански ден на акција на пристанишните работници против геноцидот. Тоа е одлична иницијатива која треба да послужи како основа за меѓународен бојкот на Израел од страна на работниците, вклучувајќи ги пристанишните работници и другите транспортни работници, како и работниците во индустриите за оружје.

Постојат различни фактори што го поведоа Трамп кон обид да протурка „мировен договор“ во Газа, против волјата на Нетанјаху. Тоа не е тема на оваа изјава. Доволно е да се каже дека експлозијата на масовното движење против геноцидот, а особено италијанската ерупција, очигледно одиграа улога.

И Марко Рубио и самиот Трамп го признаа тоа кога рекоа дека „меѓународната изолација на Израел беше една од причините зошто војната во Газа мора да заврши“. Американскиот империјализам и сојузниците и спонзорите на Израел во Европа имаат смртен страв од револуционерните последици од масакрот во Газа за реакционерните арапски режими што ги поддржуваат во регионот, но исто така и од радикализирачкото влијание што го има дома.

Да бидеме јасни, планот на Трамп за Газа е стапица. Она што им го нуди на Палестинците е смртоносен избор помеѓу геноцид и етничко чистење од една страна и колонијална мандатна енклава управувана директно од Трамп и Блер. Тоа е второ, уште посурово издание на неуспешните Договори од Осло, првиот пат како трагедија, вториот пат како фарса.

Палестина може да се ослободи само со револуционерни средства, почнувајќи со соборување на реакционерните арапски и муслимански режими кои дејствуваат како неопходни соучесници на нејзиното угнетување. Работничките маси, млади и сиромашни луѓе во Египет, Јордан, Либан, Турција, Саудиска Арабија треба да се инспирираат од италијанскиот генерален штрајк и да го следат тој пример.

Борбата за Палестина не е изолирана од други материјални околности. На Западот, тоа е пред сè борба против нашите сопствени империјалистички влади, кои се соучесници во израелскиот геноцид во Газа. Ова се истите влади кои наметнуваат брутални мерки за штедење врз работниците и младите, додека бараат масовно зголемување на воените трошоци. Борбата против геноцидот во Газа мора да биде поврзана со борбата против штедењето дома. Италијанските методи на борба не се само единствениот пат напред за движењето за солидарност во Палестина, туку и за движењето на работниците и младите воопшто, за платите и условите, за домувањето, против воените трошоци и за здравствената заштита и образованието.

Италијанскиот генерален штрајк на 3 октомври, а воопшто и целиот Црвен септември 2025 година, се извор на огромна инспирација. Наша должност е да ги извлечеме сите потребни лекции и да ги генерализираме.

Лондон, 6 oктомври

https://marxist.com/italian-general-strike-a-dramatic-turn-in-the-world-situation.htm

ВестиИнтернационала

Значењето на примирјето во Газа

Во Газа и Израел избувнаа прослави по објавата на Трамп на Трут Сошл дека е постигнат мировен договор меѓу преговарачите на Израел и Хамас во Египет. Тоа што има прослава е разбирливо, особено за жителите на Газа кои до овој момент се соочуваа со сигурна смрт од бомбардирање или гладување. Сепак, мора да ја кажеме вистината, колку и да е таа вистина грда.

Прво, она за што се согласија Израел и Хамас, како што самиот Трамп призна, не е целосно спроведување на неговиот план, туку само неговата прва фаза. Второ, ако тоа го означи првиот чекор кон целосно спроведување на „мировниот план“ на Трамп, на долг рок нема да се реши ништо фундаментално.

Од што се состои оваа „прва фаза“?

– Прекинот на огнот ќе стапи на сила за 24 часа;

– Израел ќе започне со постепено повлекување на ИДФ, оставајќи ги под контрола на 53 проценти од Појасот Газа;

– Останатите живи израелски заложници и голем број палестински затвореници потоа ќе бидат ослободени во рок од 72 часа; и

– 400 камиони со помош дневно ќе можат да влезат во Газа.

Првото нешто што треба да се каже е следново: таков договор – прекин на огнот и размена на заложници – можеше да се склучи во било кое време по 7 октомври 2023 година. Хамас веќе се согласи на тоа. Не беше склучен затоа што администрацијата на Бајден, европските империјалистички сили и администрацијата на Трамп до овој момент ја поддржуваа израелската агресија до крај.

Второто нешто што треба да се каже е дека ова е понижувачки пораз за Нетанјаху лично и за неговата влада. Нетанјаху се обидува да го претстави како победа. Но, секој може да го види онакво какво што е: наметнување врз Нетанјаху од страна на Трамп и целосно повлекување од позицијата на неговиот кабинет, која беше целосно етничко чистење и трајно окупирање на Газа. Неговото политичко постоење зависеше од оваа војна.

Ова покажува дел од огромниот притисок под кој се наоѓа – не само од Трамп, туку пред сè од огромната тежина на јавното мислење во Израел кое го поддржува договорот. Целата работа сепак може да пропадне. Не е постигнат договор за тоа кога ИДФ ќе се повлече од Газа. И Хамас не презеде никаква обврска за разоружување и ефикасно распуштање, како што бара планот на Трамп. Нетанјаху можеби смета на тоа дека Хамас ќе одбие да се разоружа, на пример, како изговор за повторно започнување на војната. Можеби ќе го добие она што го сака.

Монструозен план

Ако овој договор можеше да се потпише пред две години на почетокот на конфликтот, зошто е донесен дури сега?

Суровото продолжување на нападот на Израел врз Палестинците во Газа ја ослабуваше позицијата на неговите империјалистички поддржувачи. Оваа војна предизвика социјални немири во арапските земји и во Европа, кулминирајќи со генералниот штрајк што го видовме во Италија минатата недела. На европските империјалистички сили им стана политички тешко да му дадат целосна поддршка на Израел, кој е сè повеќе изолиран на меѓународно ниво.

Поважно од гледна точка на американскиот империјализам, војната ги затегна неговите сојузи во регионот до точка на прекин и ризикуваше да го изолира уште повеќе во корист на неговите ривали како Кина и Русија.

Пресвртница во овој поглед беше обидот за атентат врз преговарачите на Хамас од страна на Израел кога бомбардираше згради во Доха, Катар. Ова ги натера реакционерните земји од Персискиот Залив да се запрашаат дали можат да се потпрат на американската воена поддршка.

Нетанјаху е експерт за маневрирање, но премногу се напрегна, а Трамп беше принуден да дејствува.

Меѓутоа, „мировниот план од 20 точки“ на Трамп, далеку од тоа да биде гаранција за мир, е монструозност што ќе гарантира понатамошен конфликт, додека положбата на палестинскиот народ ќе остане тешка и безнадежна.

Доколку успешно се спроведе, тоа ќе ја стави Газа под диктатура на одбор на доверители, вклучувајќи ги Доналд Трамп и Тони Блер, касапот на Ирак. Војниците на ИДФ ќе бидат заменети – на неодредено време во иднина – со окупација составена од војници од арапските и муслимански земји.

Имаше многу ветувања за реконструкција, но нема детали за тоа кој ќе плати за неа. Всушност, Газа ќе остане постојан бегалски камп под странска окупација. Ционистичката анексија на Западниот Брег ќе продолжи со забрзано темпо. Палестинското самоопределување е трајно исклучено.

Илјадници жители на Газа, разбирливо, слават дури и привремено одложување и продолжување на помошта, што претставува зрак надеж во споредба со сигурна смрт.

Но, на долг рок ништо не се решава со овој договор. Иако Трамп бомбастично го поздрави ова како почеток на „силен, траен и вечен мир“, неговиот план неизбежно ќе подготви нови конфликти, нови војни, нови геноциди и ново страдање за палестинскиот народ.

Газа претворена во урнатини

Ситуацијата во Газа во моментов нè потсетува на зборовите на Тацит: „Тие прават пустина и ја нарекуваат мир“.

78 проценти од сите згради во Појасот Газа се оштетени. Повеќе од половина се целосно уништени. Повеќето училишта се уништени, не е останат ниту еден универзитет. Нема ниту една функционална болница. Поголемиот дел од населението денес живее во шатори во централна Газа и по должината на јужниот брег. 98,5 проценти од земјоделското земјиште е уништено. Целата инфраструктура е исчезната: нема вода за пиење, нема канализација, нема ништо.

Секој агол од Газа е преполн со неексплодирани муниција. Таа е навистина трансформирана во пустелија несоодветна за човечки живот. Доколку се започнат сериозни напори за обнова, ќе бидат потребни многу децении за да се обнови Газа. Но, такви планови за обнова не постојат. Па така, Газа има иднина како огромен, постојан бегалски камп, кој ќе биде целосно зависен од странска помош.

Територијата ќе биде уништена од огромни социјални проблеми, а огромното незадоволство ќе продолжи да врие. Затоа, дури и ако Хамас се согласи да се разоружа и ефикасно да се распушти, нема да има недостиг од регрути за вооружени групи на отпор што ќе го пополнат вакуумот што го оставa Хамас.

Самиот Хамас произлезе од ужасните услови во Газа по Договорот од Осло пред 30 години. Условите се уште полоши сега, што е плодна почва за нови групи на отпор слични на Хамас.

Целите на израелскиот експанзионизам нема да се променат ни за миг. Ционистите сигурно ќе се фрлат во нови војни.

Од 1948 година, ставот на ционистите е „она што го имаме, го држиме“. Проширете се, окупирајте нова територија, доведете ги работите до крајни граници, а потоа привремено повлечете се, потпишете договор, дејствувајте „разумно“, врз основа на приватно разбирање дека ќе го прекршите тој привремен договор кога ќе дојде вистинското време.

Договорот од Осло беше таков договор. Идејата за палестинска држава се држеше високо, врз основа на владеењето на Палестинската власт над Газа, Источен Ерусалим и Западниот Брег. Што се случи? Палестинската самоуправа беше систематски поткопана во Газа. На Западниот Брег, договорот беше поткопан со постојано градење ционистички населби. Конечно, целата работа беше отфрлена по 7 октомври 2023 година.

Сега има нов „договор“. Израел ќе продолжи да држи тампон-зона, а во меѓувреме, проширувањето на населбите на Западниот Брег продолжува. Ционистите ќе се надеваат дека невозможните услови за живеење на територијата ќе ги охрабрат Палестинците да ја напуштат. И ќе се појават нови можности повторно да ја окупираат.

Во меѓувреме, империјализмот продолжува да го дестабилизира целиот регион, во кој се подготвуваат нови конфликти.

Долу ционизмот! Долу империјализмот!

Ефектите од војната во Газа ќе бидат долготрајни.

Ако овој мир се одржи, ќе биде многу потежок од „мирот“ што постоеше пред 7 октомври 2023 година. Мирот под империјализам е само период на подготовка за нови империјалистички војни, чии контури веќе можеме да ги видиме.

Но, оваа реакционерна војна предизвика и други промени.

Таа, исто така, го распадна ткивото на израелското општество. Пред 7 октомври 2023 година, израелската владејачка класа беше во состојба на речиси граѓанска војна со себе. Војната привремено ги маскира тие противречности, а нејзиниот крај ќе ги открие уште еднаш само подигнати до n-ти степен.

Оваа војна енормно ја потресе вербата на голем слој израелски граѓани во способноста на ционистичката владејачка класа да ги „заштити“.

Ако „мировниот план“ на Трамп продолжи, египетските, турските и саудиските војници ќе имаат задача да го контролираат Појасот Газа во име на Израелците, држејќи го палестинскиот отпор потиснат. Ова ќе го направи палестинското прашање уште поексплозивно во овие земји.

Далеку надвор од регионот, геноцидната војна дејствуваше како катализатор, остварувајќи го гневот на милиони работници и млади луѓе и давајќи му референтна точка во движењето за солидарност. Тој гнев, во милиони умови, ги поврза ционизмот и империјализмот со ремилитаризацијата и штедењето дома.

Генералниот политички штрајк во Италија во знак на солидарност со Палестина, а особено директната акција преземена од пристанишните работниците за блокирање на трговијата со Израел, беше врвот на ова движење. Тоа не може да се поништи: тоа претставуваше будење на работничката класа која ја вкуси сопствената моќ. Тоа претставуваше квалитативен напредок во класната борба, со појава на многу напредни методи.

Ако влегувањето на работничката класа на сцената не беше единствениот фактор, тоа беше очигледно еден многу опиплив фактор што ја хранеше вознемиреноста на владејачката класа на Запад, што конечно ја принуди да изврши сериозен притисок врз Израел.

Каков и да е исходот од овие „мировни“ преговори, мора да ги носиме со себе овие лекции. Дека работничката класа има моќ да ја сруши воената машина. Дека борбата против ционизмот и водењето империјалистичка војна значи соборување на нашата сопствена владејачка класа дома. Дека, на крајот на краиштата, ужасите на Блискиот Исток се производ на капитализмот и на империјализмот и дека борбата за ослободување на Палестина е борба за соборување на капитализмот, за формирање Социјалистичка федерација на Блискиот Исток и за искоренување на империјализмот низ целиот свет.

Револуционерна комунистичка интернационала, 9.10.2025

https://marxist.com/the-meaning-of-the-ceasefire-in-gaza.htm

Балкан

Триесет години од „Бура“

На 5 август 2025 година, Хрватска и Србија ја одбележаа 30-годишнината од Воено-полициската операција „Бура“. Иако основната идеја на овие комеморации е иста, a тоа е зајакнување на владејачките режими и оправдување на постоењето на денешните постјугословенски републики, начините на кои се одбележува овој датум се многу различни, како и неговите толкувања во митологиите на владејачката класа во Хрватска и Србија.

Во Хрватска, овој ден се одбележува од 1996 година како „Ден на победата и благодарност кон татковината“, а според премиерот Андреј Пленковиќ, овој национален празник ја одбележува храброста и жртвата на хрватските бранители кои загинаа во војната, како и зачувувањето на интегритетот на хрватската територија и практично крајот на војната во Хрватска. Денот традиционално се одбележува со воени паради и патриотски концерти, а врвот на настанот е симболичното кревање на хрватското знаме на Книнската тврдина. Во Хрватска, преовладувачкото толкување е дека „Бура“ претставува ослободување на окупираната територија и крај на српското востание кое беше ‘рбетот на Хрватската војна за независност, или како што се нарекува во Хрватска, Татковинската војна.

Спротивно на тоа, во Србија, од 2015 година, овој ден се одбележува како ден на жалост, ден кога, според српски извори, до 300 илјади хрватски Срби биле протерани, околу 2.000 биле убиени, а нивните куќи биле запалени за да се спречи нивното враќање. Српскиот претседател Александар Вучиќ го опишува овој настан како најголема трагедија што го снашла српскиот народ по Втората светска војна. По тој повод се организираат јавни фестивали на жалост, на кои се доведуваат политички подобни краински Срби – бегалци за да ги споделат своите сведоштва, а политичките лидери на Србија и Република Српска ја користат оваа можност да покажат очигледна емпатија кон жртвите на прогонот и да објаснат зошто е важно да се заштитат правата на српското население, односно економските и политичките интереси на српската владејачка класа во земјите од регионот.

Замавнување на крилјата на пеперутката

Со векови, Балканот е синоним за војни и национални конфликти. Зборот „балканизација“ влезе во англискиот јазик како термин за поделба на цели региони во мали завојувани држави. Искрата што ја запали Првата светска војна се појави на Балканот, кој одигра значајна улога и во Втората светска војна.

По Првата светска војна, како резултат на договорот на империјалистичките сили на Велика Британија и Франција, воените цели на Србија, желбата на дел од словенечката и хрватската буржоазија да ги запрат територијалните претензии на Италија и Германија и потребата да се запре револуционерното вриење на крајот од војната – беше создадено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна наречено Кралство Југославија. Кралството СХС беше создадено со обединување на Србија и Црна Гора со поранешните австроунгарски територии Хрватска, Словенија, Војводина и дел од Банат, како и делови од Турската империја што ги вклучуваа Македонија и Косово. Кралството Југославија беше земја каде што доминантна улога играше српската владејачка класа предводена од династијата Караѓорѓевиќ. Во овие околности, не беше можно да се реши националното прашање, а единствениот начин да се одржи државното единство беше да се спроведе репресија со потиснување на националните права на хрватскиот, словенечкиот, македонскиот и албанскиот народ. Односите меѓу хрватската и српската владејачка класа станаа особено напнати поради српската доминација, која, заедно со нееднаквоста на хрватскиот народ во Кралството Југославија, создаде плодна почва за ширење на националистички и сепаратистички идеи.

За време на Втората светска војна, нацистичка Германија ја воспостави марионетската држава Независна Држава Хрватска на територијата на денешна Хрватска, Босна и Херцеговина и Срем, која беше одговорна за масовните убиства на Срби, Евреи и Роми. Националното прашање на Балканот сè уште се користеше како алатка од страна на империјалистичките сили за злоупотреба, манипулација и експлоатација на балканските народи.

По победата на партизанската војска под водство на Комунистичката партија на Југославија и Јосип Броз Тито во 1945 година, се чинеше дека националното прашање на балканските народи е решено во рамките на СФРЈ. Југословенската револуција претставуваше голем чекор напред за сите народи од овој дел од Балканот. Укинувањето на капитализмот и создавањето економија базирана на планска економија овозможи да се подигнат стандардите на работничката класа и селанските маси на Југославија на ниво какво што не е видено досега во историјата. Сепак, стремежот за изградба на социјализам во една земја и бирократското управување со економијата и општеството, без вистинска работничка демократија, неизбежно доведоа до економска стагнација и подготвија плодна почва за будење на националистичките демони кои се сметаа за минато на југословенските народи.

Во околностите на слабеење на југословенската економија, се одвива постепена економска реформа од планско управување, а сè повеќе се воведуваат пазарни елементи на економијата, кои добиваат нов импулс со економската реформа од 1965 година, што е директна последица на економската криза од крајот на 60-тите години. Со ова доаѓа до паралелен раст на моќта на републичките бирократии и ширењето на социјалните немири меѓу населението, кое почна да бара алтернатива на дегенерираниот систем во кој живееше.

Сузбивањето на студентските немири во Југославија во 1968 година доведе до противречности меѓу републиките и интересите на републичките бирократии што се манифестираа во таканаречената „Хрватска пролет“. За време на „Хрватската пролет“, хрватската бирократија бараше поголем степен на автономија и право да чува странски валути на хрватска почва. Кризата беше решена со интервенција на Тито. Хрватската пролет, а подоцна и Српската пролет, ја покажаа зголемената тенденција на бирократијата да се прибегне кон национализмот како алатка за постигнување на своите цели. Така, во 1970-тите, грбот на фудбалскиот клуб Динамо беше сменет и во него беше вметната хрватска шаховница за да се покаже новиот правец на бирократијата, која се движеше сè повеќе кон независност од Белград.

Во исто време, работничката класа низ цела Југославија се спротивстави на идеите на владејачките бирократи. Незадоволството на работниците кулминираше кон крајот на 80-тите години кога милитантните хрватски и српски работници се обединија за време на штрајковите, од кои најзначајни беа оние во Борово и Книн од 1989 до 1991 година, што укажува дека во овој период, непосредно пред распадот на Југославија, сè уште немало национални тензии, туку сосема спротивното, работничката класа се организирала инстинктивно пројугословенски и на класна основа. Сепак, работничката класа можела да се бори за своите интереси само со преземање на власта, што било невозможно без вистинска револуционерна комунистичка партија. Овој недостаток на комунистичка алтернатива ѝ овозможил на контрареволуцијата да го преземе приматот.

Под притисокот од распадот на Советскиот Сојуз и желбата на републиканските бирократи да станат вистинска капиталистичка класа, плановите за реставрација на капитализмот на територијата на Југославија започнаа со реформите на Анте Марковиќ, тогашниот претседател на претседателството на Сојузот на комунисти на Хрватска, во 1989 година. Планот за оваа економска реформа беше создаден со помош на САД и тогашната администрација на Буш, на која Југославија ѝ се задолжи со големи заеми со надеж дека ќе излезе од економската криза.

Потоа Марковиќ ја основа Реформската партија со југословенска унитарна програма, која има за цел да го спроведе реставрирањето на капитализмот, а воедно да ја одржи Југославија во конфедерална форма.

Во исто време, во Хрватска растат и други тенденции, а се појавува партијата ХДЗ, поддржана од германскиот империјализам, собирајќи членови од дијаспората и дисиденти од СФРЈ со националистички принципи.

Кулминацијата на трендот на зголемен национализам, во улога на оружје за спроведување на интересите на одредени бирократи, може да се види во радикализацијата на владата на Социјалистичка Република Србија под Слободан Милошевиќ, чиј говор на Газиместан во 1989 година претставува симболичен почеток на нова ера во југословенската политика. Свесен дека нема да може да ја задржи власта доколку не спроведе барем малку системска реформа, Милошевиќ драстично ја промени својата реторика во тој период и почна да го користи српскиот национализам како алатка за управување со волјата на народот, сè со цел за понатамошна приватизација и воведување реформи на слободниот пазар по наговор на Меѓународниот монетарен фонд, и за да го обезбеди сопствениот престој на власт во текот на транзицискиот период.

Хрватската партиска бирократија генерално помина низ сличен тренд. Сепак, поради неможноста за решавање на жешката економска криза и под притисок на работничката класа, ја губи довербата на масите. Во исто време, националистичката реторика на Милошевиќ и ширењето на идеите за „Голема Србија“, особено по настаните во Косово, дадоа простор за воспоставување на ХДЗ меѓу хрватскиот народ, предводена од авторитативниот Фрањо Туѓман, кој како поранешен генерал и моќна личност можеше да се спротиставува на сè поцентралистичките тенденции на српската бирократија. На овој начин, ХДЗ ја доби власта на првите избори на сметка на реформските сили на Анте Марковиќ и СКХ. Сепак, важно е да се нагласи дека отворената независност ретко се споменуваше, а реториката на владејачката партија беше фокусирана на постигнување поголем степен на автономија во рамките на Југославија. Така, на познатиот референдум од 1991 година, 92% од хрватските граѓани, со излезност од 83%, гласаа за зголемување на автономијата на Хрватска, односно за конфедерална структура на Југославија, но ниту едно од двете поставени прашања не споменуваше независност (!), туку се однесуваше на правото на Хрватска на послободна надворешна политика и отфрлањето на предлогот на Милошевиќ за реорганизација на Југославија во централизирана форма.

Во исто време, се случи клучна интервенција на германскиот империјализам, со која Германија, за време на очигледните проблеми во Југославија во тоа време и сè поверојатната реставрација на капитализмот, се обиде да го прошири своето влијание на југословенската територија. Тогашниот канцелар на Германија, Хелмут Кол, ја призна независноста на Хрватска и покрај противењето на Франција и Велика Британија и планот на ЕУ воопшто. Дотогаш, дури и сценарио за мирно решавање на југословенската криза и создавање конфедерација без војна беше сосема можно. Сепак, германската поддршка ѝ овозможи на ХДЗ слободно да ги толкува резултатите од референдумот и покрај противењето на тогашната опозиција во хрватскиот парламент, од страна на социјалдемократите предводени од Ивица Рачан. На денот на прогласувањето на хрватската независност, и Словенија прогласи независност, започнувајќи војна меѓу Хрватска и скратената Југославија и целосно реакционерно распаѓање на СФРЈ.

Паралелно со настаните во остатокот од Хрватска, се одвиваше реципрочен процес во одметнатите области под српска контрола. Како одговор, од една страна, на радикализацијата на Милошевиќ во врска со прашањето на Србите на Косово, а од друга страна, на сепаратистичките тенденции на ХДЗ и рехабилитацијата на националистичката реакција, се развива желба за отцепување од Хрватска и приклучување кон Србија во рамките на Југославија. Милошевиќ тогаш  искористи платени криминалци и националисти за организирање напади врз хрватските села и финансирање на самопрогласената Република Српска Краина на територијата на Република Хрватска. Националистичката реторика што ја ширеше Милошевиќ во Краина беше прифатена првенствено од егзистенцијален страв, бидејќи злосторствата извршени од усташите врз Србите во Хрватска за време на Втората светска војна беа сè уште живо сеќавање. Во овие околности, раководството на новоформираната Република Српска Краина свика паралелен референдум за независност од Хрватска, очекувајќи ја секој момент одлуката на Хрватска да се отцепи од Југославија. Околностите околу овој референдум се уште понејасни од оние во остатокот од земјата, но според владата на РСК, излезноста била 95%, од кои 91% гласале за отцепување од Хрватска и припојување кон Србија, по што владата предводена од Милан Мартиќ прогласи независност. Со овој чин официјално започна воена состојба меѓу РСК и Република Хрватска.

Затишјето пред „Бура“

Фактот за војната во Хрватска е дека во поголемиот дел од Краина беше конфликт со низок интензитет. И покрај ветувањата на Милошевиќ за воена помош, поради хаосот од војната во Босна и Херцеговина и територијалната недоследност на РСК, Милошевиќ не беше во можност да им обезбеди значителна поддршка на бунтовниците надвор од Источна Славонија. Во исто време, Хрватска беше во суштина разоружана поради предвоените договори со Милошевиќ и ембаргото за оружје на САД за цела поранешна Југославија. Територијалната одбрана беше распуштена, а официјалната армија практично не постоеше до крајот на 1991 година. Во овие околности, хрватската влада првично се потпираше на паравоени формации под команда на неофашистичката Хрватска партија на правата, таканаречените Хрватски одбранбени сили (ХОС). Бригадите на ХОС обично ги водеа повратници од усташката емиграција и ситни криминалци кои беа подложени на репресија во Југославија, и поради тоа чувствуваа лична омраза кон таа држава, а благодарение на нивните идеолошки корени, и кон Србите воопшто. Оваа ситуација ја фаворизираше популарноста на ХСП меѓу народот и доведе до значително разгорување на антисрпските чувства во хрватското општество. Од друга страна, националистичката реторика и општествените чувства ги свртија Србите против Хрватите уште посилно и го зајакнаа наративот за војна на живот и смрт. Цивилното население постепено се убеди дека, доколку хрватската страна победи во војната, ќе ги чека истата судбина што ги снајде нивните сонародници во НДХ околу 50 години претходно. Ова чувство беше потпомогнато, паралелно со хрватското, од националистичката реторика на Милошевиќ и екстремните националистички елементи во Србија, како што е Шешељ, кој ширеше антихрватска пропаганда, убедувајќи го српскиот народ дека сите Хрвати се „усташи“ и осврнувајќи се на НДХ, која всушност беше поддржана од помалку од 10% од Хрватите за време на нејзиното постоење.

За време на војната, позицијата на Хрватска се подобруваше од ден на ден. По падот на Вуковар кон крајот на 1991 година и јавното откривање на српските злосторства во Босна, хрватската страна во војната доби релативна поддршка од меѓународната заедница, првенствено од западните сили. Кон крајот на 1991 година, беа заземени голем број касарни на ЈНА, кои обезбедија значителен дел од воената опрема потребна за опремување на новоформираната Хрватска армија. Благодарение на својата географска положба, „замижувањето“ на Западот и долгогодишната соработка со предаторската унгарска преодна влада, Хрватска истовремено успеа да обезбеди постојан прилив на странска воена опрема, што овозможи консолидација на хрватските вооружени сили и скратување до конечно укинување на ХОС помеѓу 1991 и 1992 година. Така, 1992 година го означи почетокот на релативно стагниран конфликт, каде што ниту ХВ ниту војската на РСК ја немаа потребната сила за да обезбедат апсолутна победа над другата страна. Сепак, додека хрватската сила растеше, РСК постепено ослабуваше.

Областите што ги држеше РСК беа најнеразвиениот дел од предвоената Социјалистичка Република Хрватска. Тоа беше територија која беше исклучително рурална – Книн, со своите 23 илјади жители, беше најголемиот град на РСК надвор од Источна Славонија, а индустрискиот развој на овие области беше занемарлив. Покрај тоа, овие области со децении беа погодени од последиците од урбанизацијата на Југославија, што предизвика огромна миграција на младото, работоспособно население кон индустриските центри во западните делови на земјата. Поради оваа причина, просечната возраст во областите на РСК во 1991 година беше над 50 години, што значеше дека меѓу веќе и онака малото население имало подпросечен број на работоспособни мажи. Овие податоци се поткрепени и од статистиката на ОН, која наведува дека за време на „Бура“ загинале околу 1.600 жители на РСК, од кои околу две третини биле војници, а околу три четвртини биле над 50 години. Очигледно е дека овој политички ентитет никогаш не бил способен да издржи продолжена војна без директна поддршка од Белград.

Што навистина се случи?

Во средината на 1995 година, хрватската воена команда одлучи дека е созреа времето за последен удар врз бунтовничката РСК, откако развојот на настаните во босанската војна ѝ оневозможи на РСК да добие значајна воена помош од деловите од Босна и Херцеговина под српска контрола. Во раните утрински часови на 4 август 1995 година, започна координиран напад на хрватската армија од четири правци – од правецот на Карловац и Загреб кон Сисак и Кордун, од правецот на Грачац кон Книн и од правецот на Госпиќ кон босанската граница. Истото утро, убеден во безнадежноста на ситуацијата, а според некои извештаи со намера да изнуди одговор од Белград, претседателот на РСК, Милан Мартиќ, нареди евакуација на целото цивилно население од Лика и Далматинска Загора. Ова предизвика панично повлекување на десетици илјади луѓе, кои ги спакуваа само своите највредни работи и тргнаа по планираната рута кон Босна и Србија, честопати со трактори бидејќи немаа сопствени автомобили. Во подоцнежните часови, беше издадена наредба за евакуација и за териториите на Кордун и Банија, но дотогаш веќе започна произволната евакуација на тие области, бидејќи се прошири глас дека е планирана општа евакуација на целата РСК.

Сликите од илјадници стари луѓе, жени и деца натрупани во приколки за трактори, честопати возени од голобради момчиња чии родители и дедовци биле на бојното поле, го обиколија светот и предизвикаа осуда од меѓународната заедница. Хрватската влада се бранеше тврдејќи дека Србите од Краина избегале по сопствена иницијатива пред приближувањето на хрватските трупи и дека подлегнале на српската пропаганда која неразумно се заканувала со хрватска одмазда врз цивилното население.

Сепак, реалноста кажува поинаква приказна. За време на операцијата, хрватската армија извршила масовни воени грабежи и палежи на српските села со кои се соочила. ООН наведува дека околу 5.000 цивилни згради биле изгорени за време на операцијата „Бура“, но овој број може да биде поголем бидејќи, како што наведува самата ООН, тешко е да се утврди кои згради биле изгорени за време на операцијата, а кои за време на претходните конфликти. Ова палење и грабежи не беа само лични постапки, туку сè укажува дека постоел координиран напор да се спречи враќањето на српските бегалци, врз основа на што Хашкиот трибунал ги осуди генералите Готовина и Маркач во 2011 година. Во виорот на меѓународната политика, оваа пресуда беше поништена следната година, но ставот на судот за намерата на хрватската влада да ги држи Србите надвор од земјата никогаш официјално не беше повлечен.

Во исто време, од населението од помалку од 10.000 Срби што останале во областа на РСК по протерувањето, најмалку 150 цивили биле убиени во месеците по Операцијата, додека останатите биле подложени на систематска репресија. Сето ова укажува дека стравовите на српското население не биле неосновани. Во исто време, хрватските бегалци од Босна и Херцеговина, како и Хрватите од Краина кои биле протерани кога била основана РСК, биле населени во оваа област на организиран начин, што дополнително го комплицирало враќањето на српските бегалци.

Севкупно, проценетиот број на бегалци предизвикани од „Бура“ се движи помеѓу 80.000 и 250.000. Податоците од пописот ни кажуваат дека околу 180.000 Срби живееле во областа опфатена со „Бура“ во 1991 година, што укажува дека реалниот број веројатно не можел да ја надмине оваа бројка. Исто така, треба да се нагласи дека за време на војната имало значително раселување на населението, дезертерства и страдања, а ова население сигурно се намалило до 1995 година. Вкупниот број на Срби кои ја напуштиле Хрватска за време на војната се проценува на околу 330.000.

По „Бура“

И покрај тоа што се правдаа пред меѓународната заедница, хрватските власти не ја криеја својата радост поради српското протерување. По Бура, Туѓман славеше со изјава дека опасното српско малцинство е сведено на безопасни остатоци – тој ја дополни оваа изјава во јавен говор во 1998 година со зборовите „Го решивме српското прашање и Србите повеќе нема да бидат 12 проценти и 6 проценти Југословени, како што беа. И трите проценти што ќе бидат таму повеќе нема да ја загрозуваат хрватската држава“. Всушност, пописот од 2001 година утврди дека уделот на Србите се намалил од 12,2 проценти во 1991 година на 4,5 проценти во 2001 година. Планот на Туѓман за решавање на српското прашање помина совршено непречено.

Сепак, од другата страна на Дунав ситуацијата беше поинаква. Владата на Сојузна Република Југославија не беше соодветно подготвена за приливот на огромен број бегалци, а Милошевиќ прво се обиде да ги испрати новодојденците во Косово за да го зголеми бројот на српски жители во тогашната претежно албанска автономна покраина. Ова е прв, но не и последен, директен обид да се искористат краинските српски бегалци како политичко оружје од страна на српските власти.

 Фото: Antonio Ahel, Pixsell

Сепак, пристигнувањето на огромна колона бегалци за кратко време ја принуди владата да организира привремено сместување за бегалци низ цела Србија. Бидејќи планираните капацитети за сместување на воените бегалци веќе беа пополнети порано, првенствено благодарение на војната во Босна и Херцеговина, владата одлучи да изгради серија бегалски кампови. Квалитетот на живот во овие кампови беше многу низок од самиот почеток, а луѓето се обидуваа да ги напуштат и да се интегрираат во поширокото српско општество. Ова се покажа како потешка задача отколку што очекуваа.

Несогласувањето меѓу бегалците и локалното население се појави многу брзо во Србија. Благодарение на поразот на РСК, помладите мажи меѓу бегалците во Србија често беа изложени на јавен линч, нарекувани предавници и кукавици затоа што претпочитаа да бегаат отколку да останат да се борат „до последниот човек“. Најлошата дискриминација ја доживеаа во Косово, каде што беа пречекани со непријателство од страна на албанските сепаратисти, како и од радикализираните српски националисти кои беа сред етнички конфликт. Децата од Краина беа изложени на насилство од нивните врсници затоа што „зборуваа хрватски“ и честопати претпочитаа латиница пред кирилица. Државната дискриминација беше исто така широко распространета, а во обид да ги мотивира повеќето бегалци да се преселат во Косово, српската влада воведе низа рестриктивни мерки насочени кон краинските бегалци на територијата на Србија.

Сите овие околности предизвикаа чувство на очај кај раселеното население, а во следните неколку години голем број емигрираа во странство. Официјалните хрватски податоци од 2006 година наведуваат дека околу 120.000 бегалци се вратиле преку политиката за враќање на бегалците усвоена во 2001 година по победата на либералната опозиција на изборите во 2000 година, но поголемиот дел од тој број речиси сигурно не живеел фактички во Хрватска во тоа време, според истиот извештај. Сигурно е дека голем број краишници се обиделе да добијат хрватски документи за полесно да емигрираат во Западна Европа. Од друга страна, српските извори денес проценуваат дека околу 40.000 краински бегалци сè уште живеат на територијата на Србија, од кои значителен дел всушност живеат на територијата на Косово. Од тоа население, во 2015 година, околу 1.000 сè уште живееле во бегалски кампови. Истата година, владата на Вучиќ ја одржа првата масовна комеморација на жртвите од „Бура“. Ова, заедно со јавното молчење за проблематичната интеграција и систематската дискриминација на бегалците, совршено ја покажува перфидноста на српската влада и докажува дека целта на комеморациите, кои оттогаш станаа панаѓур на националистички кич, всушност никогаш не била да се одбележи трагедијата на протераните Краишници, туку само нивна политичка инструментализација во интерес на српската владејачка класа.

Наследството на „Бура“ во Хрватска денес е комплексно. Доминантниот државен наратив сè уште одбива критички осврт на операцијата, а 5 август ја презеде улогата на национален празник во ранг на Први мај или Вела Госпа. Со години, разни влади се обидуваа да го одземат овој датум од неговиот политички контекст и да го претворат во граѓански празник што ја слави хрватската државност. Овој тренд беше дополнително зајакнат со доаѓањето на власт на либералната проевропска влада на ХДЗ во 2016 година. Овој процес не беше поттикнат толку од политичката волја на ХДЗ, колку што беше дизајниран да ги направи овие комеморации поприфатливи за меѓународната јавност. Голем политички успех за ХДЗ беше кога во 2020 година успеаја да ги мотивираат пратениците во парламентот што го претставуваат српското национално малцинство да се приклучат на одбележувањето на операцијата „Бура“ – со што ѝ докажаа на Европската Унија дека немаат намера да одбележуваат етничко чистење, туку хрватска државност. Секако, овој потег не укажуваше на вистинска поддршка од српското население и беше јавно осуден од Србија и Република Српска.

На крајот на краиштата, не е можно вистински да се ослободат прославите на операцијата „Бура“ од товарот на минатото, а свртувањето на хрватската влада кон десно во контекст на ескалацијата на глобалните конфликти и сегашната економска криза сега го ослабува наративот за „граѓанскиот празник“. Ова е очигледно од фактот дека гротескниот концерт на Томпсон се одржа точно еден месец пред 30-годишнината од „Бура“, а Владата јавно покажа целосна ноншалантност кон серијата квази-усташки авантури што го придружуваа – ХДЗ денес повторно се обидува да го разгори хрватскиот национализам со цел да го одвлече вниманието од сегашното движење во Србија кое ужива голема поддршка кај мнозинството од хрватското население и со тоа претставува закана за сегашниот националистички статус кво – уништувајќи ги самите темели на криминалната реставрација на капитализмот во поранешна Југославија. Во овој дух, тие ја организираа „најголемата досега“ прослава на „Бура“ за овој 5-ти август, која беше придружена со понатамошни квази-фашистички авантури.

 Фото: Симе Зелиќ, Pixsell

За револуционерните комунисти, „Бура“ претставува клучен момент во долготрајната операција за уништување на солидарноста на југословенските народи. Овој настан беше совршено искористен и од хрватските и од српските власти како гориво за сопствените политички амбиции, додека жртвите беа систематски оставени настрана. „Бура“ исто така, како и целата војна, беше искористена како алатка за приватизациски грабеж, и додека очите на народот беа насочени кон „големата национална победа“ и придружната националистичка фарса, односно големиот национален пораз и мачеништвото на српскиот народ, властите продолжија да ги празнат нивните џебови сè похрабро. Така, во виорот на војната, општествените компании несомнено беа приватизирани, а поранешните ситни бирократи преку ноќ станаа сопственици на компании што работничката класа ги градеше со децении.

Во овој контекст, „Бура“ е пораз за нас – не пораз на една од завојуваните страни туку пораз на целата југословенска работничка класа пред инвазијата на кариеристичките бирократи и воените профитери кои, по својата победа, свечено го напуштија бојното поле на коњите на новосоздадениот капитализам, како новото благородништво на нашето време, како 200-те големи семејства од соништата на Туѓман.

Триесет години по „Бура“ и етничкото чистење на Србите од Краина, фактот е дека Хрватска не постигна ниту една од демократските или еманципаторските задачи што водачите на хрватскиот народ во тоа време ги ветија на почетокот на 1990-тите. Србите беа протерани од Хрватска со бајонети на хрватската армија, а Србите што останаа по војната станаа малцинство и политички украс на кого владејачките елити им даваат трошки и постојано ги држат зависни од добронамерноста на властите.

Во исто време, капиталистичката реставрација донесе сиромаштија, деиндустријализација и демографски колапс кај мнозинството од хрватскиот народ. Во денешна капиталистичка Хрватска, ни Хрватите ниту Србите не можат да живеат достоинствено од својата работа, додека владејачката класа им фрла прашина во очите постојано разгорувајќи страв и омраза кога треба да се тргне погледот од економската и социјалната состојба и целосното потчинување на хрватската држава на диктатите на бирократите на ЕУ и американскиот империјализам.

Фото: Горан Ковачевиќ, Pixsell

Раните од војната и националистичкиот јаз можат да се излечат само преку заедничката борба на хрватските и српските работници за општество прилагодено на работниот народ. Србите и Хрватите се бореа за такво општество за време на Народноослободителната војна и Југословенската револуција, а таа борба постигна делумни резултати. Денешната борба мора да ја заврши таа задача. Симпатиите што ги предизвика движењето во Србија кај хрватската младина, очигледни на митинзите за поддршка одржани низ целата земја, зборуваат во прилог на фактот дека расте нова генерација ослободена од војна и омраза. Оваа генерација ќе ги обедини Србите и Хрватите под знамето на социјалистичката револуција.

Автор:

Адам Мартиќ

05 август 2025 година

БалканВестиМакедонија

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕВОЛУЦИЈА 2025

Периодот по Втората светска војна на многу начини беше просперитетен за капиталистичката класа. Профитите растеа и компаниите заработуваа ширум светот. Слободниот пазар овозможуваше економски раст во тој период, а контрадикциите меѓу одделните национални пазари беа минимални. Глобалните економски кризи од 1970-тите и 1980-тите беа решени со обнова на капитализмот во сталинистичките земји во 1990-тите, меѓу кои и поранешна Југославија. Општиот развој на глобалниот капитализам овозможи период на просперитет и развој на пазарот до 2008 година.

Хиперпродукцијата е причината за кризите на капитализмот. Фактот дека капитализмот произведува за профит – дека работниците произведуваат повеќе вредност во еден ден отколку што им се плаќа во плата – значи дека платите на работниците никогаш не можат да ја надминат општествено произведената вредност. Како резултат на тоа, работниците никогаш нема да можат да ја откупат целата вредност на она што колективно го произведуваат. Како класа, работниците не можат да си дозволат да ги купат сите стоки произведени од капиталистичкиот систем. Овие факти го прават капиталистичкиот систем склон кон прекумерно производство – произведувајќи повеќе отколку што пазарот може да апсорбира – хиперпродукција. Финансиската криза од 2008 година е токму таква криза. Нејзиното решавање беше одложено со задолжување. Светскиот долг е 350% од сегашниот глобален БДП и продолжува да расте.

Кризата од 2008 година означи длабока пресвртница во повоениот период, при што таканаречената „глобализација“ се претвори во нејзината спротивност. Кинеските производи почнаа да го преплавуваат светскиот пазар, но нивната поплава предизвика економска стагнација на кинескиот капитализам. Од 2017 година, има знаци на претстојна индустриска криза во кинеската индустрија. Кинеската влада се спротивстави на оваа криза со иницијативата „Појас и пат“. Затоа, растечкиот протекционизам, фрагментацијата на глобалната трговија и економскиот национализам оттогаш го одредуваат развојот на глобалниот капитализам. Се отвори нова ситуација на меѓународно ниво. Наместо глобализација, сега владее економски национализам. Повторното вооружување и војната се логичните последици. Ова е продолжување на економскиот национализам со воени средства.

Сонот на буржоазијата во 1990-тите по распадот на СССР за глобализација што ќе ја елиминира класната борба под превезот на „светскиот мир и просперитет“ всушност беше проширување на влијанието на западниот империјализам цело време. Но, воден од внатрешните противречности на „слободниот пазар“, западниот империјализам си создаде ривал на кој не можеше да му се спротивстави со политиката на „глобализација“ и наместо да биде агент на глобализацијата, стана нејзин противник. На површина се појавија истите закони што владееја во епохата на империјализмот од минатиот век – нова поделба на светот, борба за сфери на влијание и војни. Ленин беше и остана во право кога рече дека „империјализмот е највисоката фаза на капитализмот“ и дека единствениот начин да се победи империјализмот е да се победи капитализмот. Колапсот на илузиите за глобализацијата значи зајакнување на отворените протекционистички тенденции и појава на десничарски националистички популизам во Европа и Америка. Балканот е област која во 1990-тите потпадна под германската сфера на влијание, но под капата на САД. Слабиот руски империјализам не се проби, и ако нешто направи, му отстапи место на растечкиот кинески, кој полека го опколи целиот простор од Грција до Унгарија и влегува во Словенија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на крајот во Србија. Оваа област беше и остана длабока периферија на капитализмот со локални сервилни владејачки елити, лојални само на изворите на финансиски средства. На овој начин се воспостави корумпирана владејачка класа која ги создаде институциите на паразитската бирократија и затоа мора да применува методи на уцена, насилство и поткуп за да владее со постојано нестабилната територија. Ги има сите услови гневот на народните маси да се манифестира во револуционерна криза. Затоа, движењето во Србија не само што изразува незадоволство од падот на настрешницата, под него се крие длабоко незадоволство на масите од владејачката класа и капитализмот воопшто.

Нашиот претходен документ перспективи за револуција главно се фокусираше на големите настани во светот, поради релативно послабиот интензитет на класната борба на Балканот, која првенствено беше изразена преку движењето „Србија против насилството“, како и бранот штрајкови што ја зафати Хрватска. Овој пат, со масовното движење во Србија, кое го надминува дури и она што доведе до падот на Слободан Милошевиќ во 2000 година, тоа несомнено заслужува да биде во прв план на овој документ, како заради доброто на југословенските народи, така и заради неговата важност за Европа и светот, на кои им го покажува патот напред во класната борба.

Ова движење за првпат на дело ја потврди перспективата на Револуционерната комунистичка интернационала дека југословенските народи, поради историските и јазичните врски, ќе доживеат прелевање на бунт и револуционерни чувства преку балканските граници, што потврди дека градиме на вистинските основи со градење на југословенска организација. Бевме сведоци на солидарност и огледување на движењето од Србија практично во сите поранешни републики на Југославија, додека во Турција гори масовното движење, исто како и во Грција, кое беше придружено со генерален штрајк. Минатата година во документот перспективи кажавме:

„…овие мобилизации го покажуваат светлото на крајот од тунелот. Поминаа годините кога луѓето стоеја настрана и немо го гледаа злото што се случува насекаде околу нив. Работничката класа исто така не молчи на зголемената експлоатација, штедење и растот на цените и одговара со штрајкови и синдикално организирање – против нападите на газдите и политичарите.

И оваа светло на крајот од тунелот се појави во полн сјај токму овде на Балканот! Ако претходно живеевме во период на историски пораз на работничката класа во 90-тите, ова светло означи нов период на будење на работничката класа. Секое од овие движења ќе донесе на сцената уште посилна класна борба се додека не се демонстрира целосната сила на работничката класа во револуционерните ситуации на Балканот и во светот.

Значењето на движењето во Србија

Србија под режимот на Александар Вучиќ веќе стана позната по редовни масовни мобилизации против него. Неговиот специфичен режим, кој е обележан со притисок и обид да се контролира секој аспект од општеството, доведе до дури седум масовни протести и движења за осум години. Иако претходните движења беа ограничени или дури и без резултати, особено поради неспособноста на опозициското раководство, нивната најголема победа се манифестираше преку искуството кое масите го стекнуваа од едно движење до друго.

Масите од едно до друго раздвижување се прашуваа до каква радикализација треба да се дојде, што треба да се направи за да се издејствува некоја опиплива победа. Истовремено, режимот правеше минимални отстапки кон населението, но тоа само му даваше самодоверба, го охрабруваше и доведе до пораст на ароганцијата во рамките на Српска Напредна Странка, бидејќи сè поминуваше неказнето, а таа ароганција доведуваше сѐ повеќе и до интерни конфликти во владејачката партија. Вучиќ сѐ почесто ги прекоруваше своите партиски колеги зошто работите не се завршуваат навреме, алудирајќи на прекумерна корупција. Лојалните елементи кон него сакаа итно да прикажат навремени резултати. Но тие резултати се покажаа како кобни кога беше пуштена во употреба железничката станица во Нови Сад без дозвола за користење, и кога нејзината реконструирана бетонска настрешница усмрти шеснаесет луѓе и една личност ја доведе во тешка состојба.

Ако масакрот во основното училиште „Рибникар“, како и оној во Дубона и Мало Орашје, предизвикаа скок во свеста на масите дека станува збор за системски проблем, падот на бетонската настрешница во Нови Сад направи целосен раскин со застарените методи на борба. Расположението што владееше беше тажно, но и исполнето со гнев. Многу коментираа дека повеќе нема смисла бескрајно да се оди во протестни прошетки, бидејќи станува збор за криминален режим врз кој тие прошетки немаат влијание. Се постави отворено и прашањето за неуспешното водство на опозицијата, кое се закануваше и ова движење да го одведе во ќор-сокак. Со сознанието дека веќе никаде не сме безбедни поради ароганцијата на режимот, стануваше очигледно дека останува на масите да ја изведат оваа борба до крај, како знаат и умеат.

Квантитетот на масовните движења во Србија во еден момент мораше да се претвори во квалитет. Ова не смееше да бидат само уште едни рутински протести, и затоа слоганите беа многу порадикални. Но, најинспиративниот дел од ова движење беше доаѓањето на студентската младина на неговото чело преку масовно организирање на блокади на факултетите и демократска пленумска организација. Од еден инцидент на блокадата на Факултетот за драмски уметности, предизвикан од режимот, дојде до блокада на повеќе од 100 високообразовни установи, а беа блокирани и некои средни училишта.

Студентите беа обединувачки фактор на работните луѓе на Србија – и поради тоа што младината претставува барометар на масовното расположение во општеството и иднината на земјата, и поради тоа што студентите многу брзо почнаа да се поврзуваат со организации на работничката класа и други работници. Но, на почетокот, таа поддршка беше пасивна и најчесто се сведуваше на солидарност со студентите.

Од друга страна, режимот уште од првиот ден на движењето беше целосно изгубен во целата ситуација. Ги користеше тајните служби за да спроведува закани и апсења на активисти, лажеше и манипулираше на секој чекор, но тие лаги брзо беа разобличени. Каснеше три недели со првите апсења поврзани со падот на настрешницата, за бргу потоа приведените да ги пушти на слобода. А на крај создаде целосно отровна и запалива атмосфера во општеството, поради што растеше интензитетот на инциденти, особено на блокадите на патиштата кои беа една од главните форми на борба. Исклучително насилни сцени со тешки телесни повреди, каде во два случаи возачи со автомобили поминаа низ студентки, како и нападите со палки од страна на режимски насилници кои излегоа од канцелариите на Српската Напредна Странка, беа иницијална каписла за влез на масите во политичката арена.

До пишувањето на овој текст, се одржаа четири големи блокади во најголемите градови, некои од нив несомнено со бројка над 100.000 луѓе. Организирани беа два „генерални штрајка“, кои можеби не ги исполнија сите критериуми за таа дефиниција, но покажаа масовно и организирано учество на работничката класа заедно со студентите. Просветните работници и адвокатите спроведоа целосен престанок на работата, додека многу сектори најавуваат свои штрајкувачки активности. Протести против режимот се одржаа во над 400 градови и села. Осми март во Белград – ден кој беше и празник и подготовка за големиот протест на 15 март – личеше на мала револуција поради бројот на паралелни протести што се одржуваа.

Длабоко вкоренетата солидарност излезе на површина и покажа дека секогаш била тука – само чекала момент да се појави. Исто така, ова ја потврди марксистичката теорија во пракса, на жив пример – дека масите можат самостојно да се организираат и дека се исклучително креативни кога ќе се осмелат да тргнат по тој пат. Она што југословенските марксисти го изучуваа низ теорија, читајќи за учеството на масите во политиката, сега се случува во Србија.

Студентите успеаја на многу нивоа да влезат во историјата – почнувајќи со најголемиот протест некогаш организиран во Србија, па сè до неверојатно прогресивниот заклучок за потребата од генерален штрајк и општа организација на работниците и граѓаните преку „зборови“. Со повикот за генерализација на зборовите, ја отворија новата етапа на движењето. Приморани од материјалните услови, студентите почнаа да излегуваат од илузиите за либералната демократија и почнаа да бараат алтернативни структури на власт. Поради сè поприсутната радикализација на масите, нивниот повик го омасови движењето и ги удри темелите на револуционерната криза во Србија. Зборовите во Србија моментално претставуваат потенцијални ембриони на совети – основен орган на работничката држава.

Досегашните џиновски протести не успеаја да постигнат конкретни резултати и да го турнат Вучиќ. Но масите, преку самоорганизација, користејќи ги зборовите како свои органи и својата сила во обединет генерален штрајк, можат да го срушат. Провокација на режимот, како за време на блокадата на РТС, може да биде катализатор за тоа. Во овој момент, ахилова пета на движењето е отсуството на револуционерно политичко раководство, со што се отежнува доаѓањето до прогресивни заклучоци. Поради тоа, движењето е подложно на притисок од различни класи – и преку директно учество во зборовите и пленумите на терен, и преку меѓународните медиуми однадвор кои ја збунуваат авангардата. Но најнапредните слоеви на движењето сами ќе ги изведат точните заклучоци.

Движењето, всушност го покажува проблемот со недостаток на политичко водство, а и вака врз студентите падна премногу политичка одговорност. Сепак, тие покажаа дека низ борбата многу брзо стекнаа одредено искуство. Уште повеќе, сфаќајќи дека блокадите и 15 март не се доволни, тие ги интензивираа напорите за понатамошна радикализација на борбата, успешно организирајќи ги соседствата да одговорат на студентскиот повик за организирање во зборови. Исто така, студентите успеаја во нешто што синдикалните централи досега не успеале – да ги соберат сите лидери на синдикалните централи на една маса, за да дискутираат за подлабоко вклучување на работничката класа во движењето, со цел заеднички напори за подобрување на нејзината положба, а со тоа и на остатокот од општеството. Ова покажува навистина извонредна способност на студентите постојано да доаѓаат до точни заклучоци како да го поттурнат движењето уште еден чекор напред. Како што беше случајот со Француската револуција во 1968 година или протестите против Милошевиќ во 2000-тите, студентите често имаат двигателна улога во мобилизацијата на работничката класа.

Овие протести ќе оформат цела една млада генерација воспитана во политичка борба. Поради недостатокот на водство, неминовно е дека пленумите и зборовите ќе бидат поделени под влијание на буржоаски идеи и притисоци. Но токму поради тоа, ова искуство сигурно ќе го натера еден дел од младината и работниците да донесат исправен заклучок – дека основната слабост на движењето е недостатокот на централизирано револуционерно водство. Покрај тоа, кога оваа генерација ќе созрее, таа самата ќе биде таа што ќе организира генерални штрајкови – без потреба да чека на своите родители. Од неа ќе се раѓаат нови борбени синдикати, а ќе се реформираат и старите, кои преку искуството од борбата ќе бидат приморани да станат поборбени. Исто така, значителен дел од оваа генерација веќе е отворен за комунистички идеи, како последица на длабоката криза на капиталистичкиот систем во која пораснаа. Овие протести – и што и да следи по нив – ќе ги отворат нерешените политички прашања и ќе доведат до заклучокот дека единствениот начин за поправка на општеството е уривањето на капитализмот. Тие заклучоци веќе се прелеваат, а и ќе се прелеваат во иднина, и на остатокот од младината во Југославија, создавајќи плодна почва за нашата работа и регрутација – и за нас, и за целата интернационала.

Бран на штрајкови во јавниот сектор во Југославија

Движењето во Србија несомнено претставува облик на класна борба против самоволието на политичарите поврзани со своите луѓе од бизнисот. Но далеку од тоа дека ова движење беше единствената форма на класна борба во Југославија. Посебно внимание заслужува брановитото движење на штрајкови во јавниот сектор во сите републики на Југославија. Тие се симптом на мерките за штедење во јавниот сектор од една страна, а од друга страна реакција на притисокот од инфлацијата, кој ги намалува реалните приходи на работничката класа.

Најборбениот дел од работничката класа во движењето во Србија беа просветните работници. Уште пред почетокот на движењето, односно од почетокот на учебната година, тие штрајкуваа со скратување на часовите и т.н. „бел штрајк“, при што на учениците им даваа петки како форма на протест, а организираа и бројни јавни собири. Кога студентите се активираа, тие беа првите што се поврзаа со нив, обединувајќи ја борбата на студентите и работниците. На крајот на краиштата, стануваше збор за нивни поранешни ученици кои растат во борбата за подобра иднина. Исто така, многу просветни работници ги поддржаа и средношколците кога влегуваа во блокади, а добиваа поддршка и од нивните родители за време на штрајкот.

Откако министерката за просвета Славица Ѓукиќ Дејановиќ одлучи за предвремен и продолжен распуст, како одговор на тоа, како и на растечкото насилство во општеството, просветните работници се одлучија за целосен застој на наставата, поради што беа казнети и не им беа исплатени плати за деновите на штрајк. Храброст покажаа и кога им се закануваше инспекција. На социјалните мрежи беа објавени бројни снимки од борбени говори, песни на солидарност, собири на поддршка за просветните работници во рамки на училиштата, во кои учествуваа и родители и ученици. Овој потег беше храбар бидејќи суштински е нелегален, но тоа само говори за природата на системот во кој живееме, каде што солидарноста на родителите, учениците, наставниците и професорите се криминализира. Тие активно им се придружија на студентите во повикот за генерален штрајк и инсистираа дека тоа е најдобриот начин да им се помогне во нивната борба. Останатиот дел од работничката класа покажа голема солидарност кон просветните работници, собирајќи за нивната борба над 750.000 евра.

Но, српските просветари не беа сами во оваа борба. Со нив во изминатиот период се бореа и другите југословенски работници во просветата. Во мај во Сараево просветните работници одржаа предупредувачки штрајкови, а во септември херцеговските просветари прогласија генерален штрајк, кој општинскиот суд во Мостар го прогласи за нелегален. Во октомври, на Денот на наставниците, тие одржаа протестен марш до седиштето на Херцеговско-неретванскиот кантон. Истиот месец, македонските просветари организираа протест поради заканите на владата дека ќе им ги укине колективните договори. Универзитетските професори во Србија ја поддржаа студентската борба, а дел од нив и самите учествуваа во штрајкот.

Хрватските просветари одржаа штрајк. Ситуацијата е толку лоша, што во Хрватска мораа да штрајкуваат и воспитувачките во градинките, а штрајкот се ширеше со голема брзина од град во град, и покрај медиумските напади и маневрите на властодршците. Поради нивната непоколебливост, воспитувачките добија отстапки од страна на локалните власти. Освен тоа, штрајкот беше генерален, така што штрајкуваше и ненаставниот кадар. Од хигиеничарки до професори на факултетите – сите стоеја заедно против ударите врз животниот стандард и инфлацијата. Ова претставува позитивен развој, каде што може да се забележи дека работничката класа сè повеќе се обединува под чадорот на заедничка борба како одговор на притисоците на капитализмот.

Штрајкот во просветата е толку популарен што пленумот во Загреб, инспириран од движењето во Србија, неодамна ги повика просветарите на пленуми за размена на искуства. Но, сигурно е дека тоа е вовед во многу посилен штрајк во иднина, со оглед на тоа што методата на кружен штрајк, и покрај масовноста, не ги донесе посакуваните резултати.

Владејачките класи во поранешните југословенски земји, во сите случаи кога започнуваат штрајкови во просветата, полни им се устите со „грижа за децата“. Но, каде е таа грижа за децата кога просветните работници се држат на ниски плати, се затрупуваат со бирократија, им се закануваат со влошување на работните услови и се поставуваат ограничувања кои го обезвреднуваат образованието? Како просветарите да ја исполнат својата образовна улога, ако се експлоатирани? Ваквата состојба во образовниот систем доведува до цинизам – и кај наставниците и професорите, но и кај учениците. Владејачката класа сака да создаде необразувана и евтина работна сила, да заштеди на образованието и на јавниот сектор во целина – што е во целосна спротивност со интересите на работничката класа, која сака нејзините потомци да напредуваат од генерација во генерација.

Истите тие „душегрижници“ толку многу штедат и на здравството, што и здравствените работници мораа да ја започнат својата борба. Во ноември, хрватските здравствени работници влегоа во штрајк, при што ја сведоа работата на итни случаи, а поради веќе воведените мерки за штедење и ниски капацитети, листите за чекање и така беа огромни. Штрајкот, всушност, беше единствениот начин да се принудат властите да го зачуваат здравството, а токму тие се виновни што ги доведуваат работниците во ваква ситуација.

Истата месец, неколку пати протестираа и здравствените работници во Сараево. Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево немаше генерален директор веќе една година, а покрај барањето за именување нов директор, работниците бараа и исплата на долговите за прекувремена работа, како и укажаа на недостатокот од кадар, репроматеријали и огромниот минус во буџетот од над 3 милиони евра.

Во Македонија, почетокот на Новата година исто така беше одбележан со работничко движење во јавниот сектор. Вработените во државното обвинителство во јануари започнаа штрајк, барајќи зголемување на платите за 30%, додека работници од разни министерства организираа протести пред своите институции. Просечната плата во овие институции изнесува 470 евра, додека на републичко ниво е 680 евра. Ова ги разбива сите митови за добрата положба на вработените во јавниот сектор. Државата одговори со прогласување на штрајкот за незаконски, како и со намалување на платите за 40% за оние кои штрајкуваа.

На ова можеме да ја додадеме и активноста на работничката класа поттикната од движењето во Србија. Работниците од Електростопанство на Србија и рудникот Колубара неколкупати јавно ги поддржаа протестите и изведоа помали штрајкови. За време на „генералниот штрајк“, дел од работниците на Пошта се одзваа на повикот и им се приклучија на студентските протести. Работниците од Јавното сообраќајно претпријатие Белград протестираа поради приватизацијата на јавниот превоз и укинувањето на тролејбуските линии, и исто така ја поврзаа својата борба со студентите. Во овој бран, штрајк започнаа и дел од работниците на Аеродромот „Никола Тесла“, барајќи зголемување на платите до просекот во Белград. Работници во повеќе од 100 судови и обвинителства одржаа еднодневен штрајк поради незадоволителната материјална состојба. Покрај тоа, Адвокатската комора на Србија ја прекина работата дури на еден месец како знак на поддршка за студентските протести и поради притисоците од извршната власт врз судството и адвокатурата.

Само оној што не сака да види, може да помисли дека работничката класа во Југославија не постои. Не само што постои, туку нашите перспективи за интензивирана класна борба се потврдуваат пред наши очи. Работниците можат да трпат само до одредена точка на штедење и инфлација, пред да бидат принудени на отпор. Приватниот сектор сè уште заостанува во оваа борба, но штрајковите во јавниот сектор често знаат да бидат најава за борба и во приватниот. Штрајкот на работниците во лесковачката „Јура“ е знак на наталожениот гнев кој сè повеќе излегува на површина и во овој сектор.

„Кој бре нè помири?“

Студентското движење во Србија покажа колку лесно се шири борбениот дух кога капитализмот е во криза. Во нашиот случај, тој ги пресече остатоците од национализмот кои преживуваа во овој регион. Заедно со Србите, протестираат и Бошњаци, Унгарци, Роми, Романци, Бугари и други. Нови Пазар се покажа како особено борбен и солидарен, иако претходно беше доживуван како некаква енклава, речиси одвоена од остатокот на Србија. Снимките од заеднички молитви на христијани и муслимани, како и заедничкото веење на српски, санџачки, југословенски и палестински знамиња, беа посебна инспирација која покажува колку лесно се обединуваат луѓето кога се заедно во иста борба.

Истата солидарност се прошири и надвор од границите на Србија – собирите за поддршка се прелеаја во Загреб, Сплит, Осиек, Сараево, Бања Лука, Бијељина и Љубљана. Движењето во Македонија, поттикнато од катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, веднаш повлече паралели со движењето во Србија, прифаќајќи го заедничкиот слоган „корупцијата убива“, додека студентите самите се обидоа да се организираат во пленуми. Грците и Турците исто така се во движење против нивните криминални режими и делумно се поврзани со српското движење. Спротивно на стереотипот за Балканот, целиот регион е на патот на обединување во борбата против владејачките класи.

Хрватска, која беше таргетирана од српскиот режим како земја што ги подрива српските студенти (бидејќи во 2008 беше позната по победничките студентски пленуми кои ја подобрија положбата на студентите), под инспирација од српското движење повторно доведе до организирање студентски пленуми кои се спротивставија на зголемувањето на школарините. Протести и студентски пленуми беа организирани и во Словенија, меѓу другото, барајќи извинување од градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, поради поддршката за Вучиќ – што покажува дека поврзаноста меѓу нашите народи и понатаму постои. Поради врските со Србија, собирот за солидарност во Бања Лука беше најмасовниот уште од движењето „Правда за Давида“. Многу граѓани на југословенските земји се прашуваат – зошто и ние да не го направиме истото што го прават масите во Србија, кога и нашите политичари се криминално корумпирани?

Под слично прашање се разви и движењето во Грција. Две години семејствата на загинатите бараа правда за несреќата во Темпи, каде што дојде до судир на возови во кој загинаа многу студенти. Сè што семејствата добија беше откритието дека единственото нешто што властите направиле за тие две години било обидот да ја сокријат својата одговорност за таа несреќа. Гневот поради таа трагедија никогаш не исчезна, а можно е искрата да прелетала од Србија и да го инспирирала и грчкото движење. Тоа се манифестираше во многу поинтензивна форма — не постепено, како во Србија, туку како експлозија на бес, и исто така доведе до веројатно најголемиот протест и генерален штрајк во историјата на Грција, или барем од падот на воената хунта. Движењето во Турција беше предизвикано од комбинација на економска криза и сѐ поголемо пропаѓање на режимот на Ердоган.

Движењето поттикнато од пожарот во Кочани ја раздвижи цела Македонија. Но, и пред тоа под површината на општеството веќе вриеше гнев, кој изби и претходно, кога во сообраќајна несреќа во Скопје беше убиена млада девојка од страна на арогантен возач кој веќе бил познат на законот. Тоа предизвика два големи протеста во Скопје со околу 10.000 присутни, бидејќи покрај веќе ужасната состојба на општеството и економијата во Македонија, законот се применува селективно за сиромашните луѓе, додека привилегираните редовно се извлекуваат кога треба да сносат последици.

Она што е интересно е дека бојкотот на големите трговски синџири во Хрватска, кон крајот на јануари, како обид за спротивставување на инфлацијата, успеа да се прелие во секоја поранешна република на СФРЈ. Тој беше пред сè организиран преку социјалните мрежи, што му овозможи вакво прекугранично ширење. Иако околу него владееше ентузијазам, сепак не успеа да го принуди крупниот трговски капитал да ги намали цените, бидејќи тој може да ги поднесе таквите удари. Иако штрајкот би требало да биде најефективниот одговор на падот на животниот стандард, значењето на бојкотот е симболично – со него луѓето го отворија прашањето на инфлацијата, кое досега поминуваше без одговор. Граѓаните на Зеница беа единствените што отидоа чекор понатаму и организираа протести против инфлацијата – што далеку повеќе ги обединува работните луѓе отколку што тоа го прават социјалните мрежи.

Еколошката борба исто така е нешто што нè обедини. Природата во југословенските земји станува последното прибежиште што капиталот сè уште не го уништил целосно. Во екот на масовното учество на населението во движењето во Србија, претходните протести против Рио Тинто што се одржаа летово, во кои учествуваа десетици илјади луѓе, паднаа во сенка. Сепак, важно е да се забележи дека движењето против него не застана – иницијативата „Не го даваме Јадар“ редовно учествува во овие протести, а нејзините беџеви се присутни кај демонстрантите.

Режимот дури и во оваа зовриена ситуација се обиде да спроведе маневри за доведување на оваа озлогласена мултинационална компанија, што предизвика реакција од локалното население. Највдохновувачкиот момент се случи кога земјоделци и активисти влегоа во општинското собрание во Богатиќ – акција поддржана од српските маси, која покажа извонредна мотивираност за продолжување на борбата, како и пад на поддршката за Вучиќ дури и меѓу руралното население. Паролата „Србија не е колонија“ се пробиваше, а луѓето истовремено се спротивставија и на својот колонијален управител на чело на државата.

Во Босна и Херцеговина веќе постоеја еколошки борби слични на оние што ги видовме и во Србија. Од една страна, причината за тоа е што Србија и БиХ се земји во кои сè друго веќе е ограбено, а притоа сè е нерегулирано, па и во едната и во другата држава приватниците се насочија кон изградба на мали хидроелектрани и ископ на литиум. Посебен интерес за прашањето на литиумот има Европската Унија, која очајно се обидува да се пробие на пазарот на електрични автомобили. Нејзините регулативи главно го ограничуваат ископувањето на овој минерал, па се обидува тој процес да го изведе надвор од своите граници, но сè уште во својата локална сфера на влијание – во земји со евтина работна сила, со што го максимизира профитот.

Борбата против малите хидроелектрани ја видовме на реката Сутјеска, како и на реката Уна. Националниот парк „Сутјеска“ веќе беше запоставен и ограбен од страна на локалните власти на Република Српска. Недолго потоа, во септември се одржа протест против изградбата на МХЕ веднаш до националниот парк, симболично наречен „Битка за Сутјеска“. Слична борба се случи и на реката Уна, во нејзиниот хрватски дел, каде се собраа локални Срби и Хрвати, како и соседи од БиХ, за да се борат заедно против изградбата на МХЕ на таа река.

На планината Маевица, која се наоѓа недалеку од долината Јадар, исто така беа организирани протести против ископот на литиум, кои ги обединија и Србите и Бошњаците, а солидарноста од различни делови на БиХ не изостана ниту за време на неодамнешниот протест против изградбата на МХЕ на реката Плива кај Шипово. Во последно време се активни и протестите против рудникот на лигнит во околината на Приедор, кој беше отворен без никакви релевантни студии за исплатливост и еколошки дозволи, а концесијата за рудникот ја доби тајкун кој воедно е и член на владејачкиот СНСД. Барањата на протестите се затворање на рудникот и санирање на штетата врз земјиштето.

Овие заеднички борби на народот на БиХ против истиот непријател – олицетворен во домашниот и странскиот капитал – ја потврдуваат нашата перспектива дека само преку заедничка борба против падот на животниот стандард и уништувањето на животната средина повторно може да се изгради единство што ги брише етничките поделби во БиХ.

Трамп-пресвртница?

Голем потрес во светската политика претставуваше втората претседателска победа на Доналд Трамп во најсилната империјалистичка земја во светот. Естаблишментот го саботираше Трамп цело време за време на неговиот прв претседателски мандат, и покрај неговата желба да му се додворува. Иако многумина беа разочарани за време на неговиот прв мандат, владеењето на Џо Бајден покажа дека продолжувањето на статус-квото во американската политика сигурно води кон пропаст и трошење пари на непотребни војни среде економската криза.  

Бидејќи Трамп е своеволен и директен, лицемерниот американски естаблишмент употреби разни валкани трикови и направи сè што можеше за да го исклучи од претседателската трка. Но, во оваа кандидатура, тој дури и не се обиде да му се додворува на естаблишментот, туку му објави војна со заканите дека ќе го „исуши мочуриштето“. Тоа, како и неговата реторика дека ќе го запре војната во Украина првиот ден од својот мандат и дека ќе ги извлече САД од непотребните војни, е главната работа што ја донесе неговата претседателска победа, а не неговата шовинистичка реторика.

Иако сигурно ќе им се одмазди на оние елементи во естаблишментот кои претходно го саботираа, не треба да имаме илузии дека тој претставува системска промена. Тој е бизнисмен и го претставува онато крило на владеачката класа кое сфати дека американската империја премногу се прошири и повеќе не може да биде светски полицаец како порано. Трамп претставува прекин со таа политика, чиј претставник беше Бајден, и од сега американската буржоазија ќе се фокусира на преместување на својата империјалистичка доминација на американскиот континент. Заканите за анексија на Гренланд, присоединување на Канада кон САД, како и враќањето на Панамскиот канал, се показатели за навлегување на американскиот империјализам во својот „домашен терен“, за оттаму да се соочи со својот главен конкурент — Кина.

Оваа економска ситуација, како и победата на Трамп, доведе до подем на десничарски демагози и протекционизам во Европа. Но, како и кај Трамп, главната причина за ова не се толку шовинистичките политики на овие десничари, туку нивниот наводен антиестаблишментски пристап. Џорџа Мелони победи во Италија пред сè затоа што нејзината партија „Браќа Италија“ беше единствената во опозиција пред да дојде на власт. Подемот на десничарските партии како Алтернатива за Германија во Германија, Реформска партија во Британија, Националниот собор во Франција, Слободарската партија во Австрија, па дури и Калина Ѓорѓескуа во Романија, претставува најпрвин очаен обид на дел од работничката класа да го разниша статус-квото, кој е неподнослив.

Како и Трамп, овие партии го користат врелото расположение на работничката класа поради капиталистичката криза што им ги уништува животите. Фактот дека не станува збор за кекаков шовинистички пресврт кај работничката класа, го потврдува примерот дека нашите другари редовно воспоставуваат контакт со работничките гласачи на овие десничари, кои всушност со симпатии ги слушаат идеите за комунизмот и револуцијата. Овие демагози го користат и антивеоното расположение на работничката класа, бидејќи само тие зборуваат против војните, а дел од нив зборуваат и за проблемите што ги погодуваат работничката класа, покрај своите шовинистички празнословија.

Во отсуство на какви било политички опции од левицата кои ја заземаат цврстата реторика против системот, работниците се свртуваат кон најблиското за што се надеваат дека може да го промени ова ужасно состојбите. Работничката класа учи низ искуство, а во отсуство на работничка алтернатива, таа ги тестира можностите, а тоа само ги поставува условите за посилен свртување кон левицата. Примери за оваа поларизација и потенцијал за лево свртување ги видовме во порастот на поддршката за Ди Линке на неодамнешните избори во Германија, како и во огромните симпатии што ги предизвика акцијата на Луиџи Манџоне во САД.  

Капиталистичката криза овој пат во вистинска смисла е светска, а владејачките класи се парализирани од тоа како да се соочат со неа. Во Европа се случуваат парламентарни кризи од сите страни, бидејќи сите до една владејачки класи се свесни дека единствено со удар врз работничката класа можат да си дадат шанса да се извлечат од кризата. Но, ниту една влада не се чувствува доволно храбра да го направи тоа, бидејќи тоа несомнено ќе доведе до бунт. Тие склопуваат чудни коалиции кои понекогаш не издржуваат ниту една година и паѓаат веќе на првото гласање за буџет.  

Кризата пред сè се заснова на тоа што капитализмот е систем кој редовно навлегува во периодични кризи поради прекумерното производство и заситувањето на пазарот. Ваквиот тип на криза е карактеристичен само за капитализмот. Во такви моменти, инвестирањето во производство станува сè помалку исплатливо, а единствен начин да се повратат профитите е со рушење на положбата на работничката класа и уништување на производните сили — било преку војна, било едноставно преку отпуштања. Со најавите за затворање на големи фабрики во Германија, која се смета за една од најсилните економии во светот, можеме само да замислиме каковa борба ја чека работничката класа во послабите економии.  

Во отсуство на јасна левичарска алтернатива што нуди радикална критика на системот, работниците се свртуваат кон најблиската опција за која се надеваат дека може да донесе промена. Оваа ситуација јасно покажува дека работничката класа учи низ искуство – во отсуство на вистинска работничка алтернатива, таа ги испробува различните можности, а тоа само ги поставува темелите за иден, посилно свртување кон левицата. Овој тренд на поларизација и потенцијално лево свртување го гледаме и во зголемената поддршка за Ди Линке (Die Linke) на неодамнешните избори во Германија, како и во огромното сочувство што го предизвика акцијата на Луиџи Манџоне во САД.

Сегашната капиталистичка криза е поистина глобална по својот обем, а владеачките класи се парализирани пред нејзините предизвици. Во Европа секојдневно се случуваат парламентарни кризи, бидејќи сите владејачки групи се свесни дека единствениот начин да се извлечат од кризата е со напад врз работничката класа. Сепак, ниту една влада нема доволно храброст да го преземе овој чекор, бидејќи тоа несомнено ќе предизвика масовни бунтови. Наместо тоа, формираат нестабилни коалиции кои понекогаш не издржуваат ниту една година, паѓајќи веќе при првиот обид за усвојување на буџетот.

Оваа криза е вкоренета во самата природа на капиталистичкиот систем, кој периодично навлегува во кризи поради прекумерното производство и заситувањето на пазарите. Овој вид кризи е карактеристичен исклучиво за капитализмот. Во такви моменти, инвестициите во производство стануваат сè помалку исплатливи, а единствениот начин за одржување на профитот е преку намалување на стандардот на работничката класа и уништување на производните капацитети – било преку војни или едноставно преку масовни отпуштања. Со оглед на неодамнешните најави за затворање на големи фабрики во Германија, која се смета за една од најстабилните економии во светот, можеме само да замислиме какви тешки искушенија ги чекаат работниците во послабите економски системи.

Оваа состојба создава плодно тло за радикални промени. Историјата не еднаш ни покажа дека токму во вакви моменти на длабока системска криза, работничката класа најмногу е склона кон радикални решенија. Отсуството на силна левичарска алтернатива во моментов е сериозен проблем, но истото време претставува и голем потенцијал. Искуството што работниците го стекнуваат низ сопствените борби и разочарувања од постојните опции, неизбежно ќе ги насочи кон поагресивни форми на класна борба. Ова не е само теоретска можност – веќе го гледаме во зголемената поддршка за радикални леви движења и во растечката популарност на социјалистичките идеи меѓу младите генерации.

Поделба на пазарите во југословенските републики

Уште во претходниот документ “Перспективи”, споменавме дека Европската унија паничи поради војната во Украина и зголемувањето на влијанието на рускиот империјализам. Иако нејзините претставници го опишуваа стравот од воена инвазија на Русија, всушност стануваше збор за страв од свртувањето на помалите европски земји сè повеќе кон Русија и Кина.

Европската унија, а особено Германија, успеа да направи сè за да си олесни во својата потчинета улога кон Вашингтон. Германија го поддржа САД во војната против Русија, но спротивно на своите интереси. Со санкциите на Русија поради војната во Украина, таа се отсече од евтиниот руски гас и го отрови односот со таа земја, промовирајќи неверојатен расизам кон Русите, како и лаги за наводните планови на Путин да ја покори цела Европа. Откако под влијание на Бајденовата администрација влезе во војната во Украина против Русија, на власт дојде Трамповата администрација, која не сака да се занимава со оваа војна и покажува спремност да прекине со неповолната трговија со Европа.

Со сите овие луди, самоуништувачки потези, цела Европа одлучи да почне повторно да се вооружува, бидејќи Трамп не смета дека е потребно повеќе да ги брани своите несигурни сојузници од ЕУ. Треба да се има на ум дека иако ЕУ користи реторика дека Путин ќе изврши инвазија на остатокот од Европа, целта на нејзиното вооружување е пред сè насилното одржување на пазарите. Сè почесто се случува дел од владеачката класа во земјите на ЕУ, поради различни интереси, да се свртува кон рускиот империјализам, што го гледаме не само кај Словачка, Унгарија, туку и кај искри кои постојат во Романија, Бугарија и Хрватска, како и кај австриската и германската владејачка класа. Шведска испрати војска во Летонија, не за да ја брани од Русија, туку за да ги заштити своите економски интереси во таа земја. Ова ја открива вистинската империјалистичка природа на Европската унија. Растот на трошоците за вооружување само ќе ја зголеми инфлацијата.

Покрај сè тоа, економскиот раст во ЕУ во последните пет години во просек изнесува мизерни 1,2%. Причината лежи во тоа што, од една страна, и покрај отворениот пазар, ЕУ не претставува една национална буржоазија, туку коалиција на различни национални буржоазии, кои во кризата на капитализмот сè почесто имаат спротивни интереси. На пример, се случи караница меѓу Германија и Франција околу тоа која од нив две ќе профитира повеќе од продажбата на оружје на Украина. Поради овие различни интереси, европската економија почна да заостанува зад суперсилите како САД и Кина и сè полесно е исфрлена од светскиот пазар. Во комбинација со кризата на прекумерното производство, каде што производствениот капитал сè потешко наоѓа простор за размножување во своите земји, европскиот империјализам се обидува да го размножи во своите интересни зони, со зголемен притисок врз балканските и источните земји.

Додека Европската унија на Босна и Херцеговина на крајот од 2022. година и го даде кандидатскиот статус, а Урзула фон дер Лајен ја пофали БиХ дека за една година направила повеќе за својот кандидатски статус отколку во претходните десет, а Милорад Додик возврати дека Република Српска, како и Србија, одат по европскиот пат, денес очигледно гледаме дека тоа беше само привремена отстапка на БиХ во време на меѓуимперијалистичките тензии.

Овој “меден месец” не можеше да трае долго. На секој притисок на Европската унија, Додик редовно реагираше со проруска реторика, сецесионистички изјави и поддршка за Трамп и десничарските партии во ЕУ. Кога се почувствуваше доволно силна да го притисне, Европската унија прво преку ОН ја промовираше резолуцијата за Сребреница, која го користеше наративот за геноцид како оправдување за директно империјалистичко присуство преку Високиот претставник, кој има поголеми права од избраните буржоаски претставници на сите три народи во земјата и кој служи за да ја држи БиХ под европската интересна сфера.

ЕУ отиде чекор понатаму и одлучи да го „предисклучи“ Милорад Додик, со тоа што Уставниот суд нареди негово апсење поради непочитување на одлуките на Високиот претставник, согласно законот од 2023 година. Иако ние немаме љубов кон Милорад Додик, како што очигледно веќе немаат ни работните луѓе од Република Српска, бидејќи својата политика ја базираше на евтина продажба на работна сила и природни богатства токму на империјалистичките центри, придружено со огромна корупција, исто така мораме да бидеме директни во оценката дека ова е најбруталното наметнување на западниот империјализам врз БиХ од Дејтонскиот договор. Ако Високиот претставник може вака да се наметнува врз било кој избран буржоаски претставник во БиХ, се поставува прашањето што би направиле кон некој политичар кој навистина се залага за подобрување на положбата на работните луѓе? Доволно е да се потсетиме дека за време на Тузланската буна во 2014, која се прошири низ Федерацијата БиХ, па дури и делумно во Република Српска, Австрија и ЕУ разгледуваа испраќање на дополнителни трупи во БиХ.

Балканот како таков е растроен меѓу спротивностите на повеќе империјалистички сили кои се борат за доминација над него, а истовремено го раздоруваат и непомирливите спротивставени интереси меѓу локалните владејачки балкански буржоазии. Од една страна, империјалистичката интервенција обезбедува мир и ги намалува тензиите на локалните буржоазии преку својата доминација, од друга страна пак ја продлабочува кризата на капитализмот и националните тензии. Затоа, како последица на глобалниот тренд на свртување кон економски национализам – на Балканот, и поради движењата во Србија, Македонија, можното заменување на Додик, очигледно повторно се отвора Пандорината кутија на Дејтонскиот договор и прашањето за Косово. Поради тоа хрватската буржоазија склучува воен сојуз меѓу Косово, Албанија и Хрватка за навидум да го сочува мирот во регионот, но во основа да ги заштити своите национални капиталистички интереси. На тоа српската буржоазија одговара со склучување воен сојуз со Унгарија. Со тоа кризата на Балканот се продлабочува, каде што поради настаните во светот хрватската и српската буржоазија повторно се натпреваруваат за превласт во своето „дворче“.

Оваа ситуација се обидува да ја искористи и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој веднаш пристигна во Бања Лука за патетично да се претстави како фактор за смирување на тензиите и да ја сврти вниманието од движењата во Србија. И самиот тој е познат по балансирање меѓу западниот и источниот империјализам. Од една страна, тој ги предупреди своите послушници да одат на друго место да бараат директни странски инвестиции, бидејќи Европската унија економски се повлекува, изјавувајќи дури дека во последниот период кинеските инвестиции за прв пат го достигнаа нивото на европските.

Од друга страна, дел од крилото на Српската напредна партија се надева на историска прилика да ѝ се додвори на администрацијата на Трамп. Симптоматична беше посетата на Доналд Трамп Помладиот на Вучиќ токму во време на подготовките за најголемиот протест во историјата на 15 март. Тој, како и секогаш, се однесуваше сервилно, но сега ја смени плочата и го критикуваше „либералниот естаблишмент“ на САД и ЕУ, со кој до вчера соработуваше. Сепак, како краен слуга на империјализмот, тој во разговор со помладиот Трамп изрази желба ЕУ да се среди и економски да закрепне, бидејќи тоа би значело и напредок за Србија. Вучиќ најавува прогласување на проектот Јадар од страна на Европската унија како стратешки, и покрај противењето на поголемиот дел од населението. Како и за Србија ЕКСПО 2027, овие проекти пред сè имаат за цел да доведат странски инвеститори за заедно со нив и владејачките структури да го ограбат сè што останало за грабеж во Србија.

Симптоматично е и тоа што Хрватска, иако е членка на ЕУ, исто така покажува тенденции на балансирање кон Истокот. Во Хрватска, уште од влезот во ЕУ, немаше претеран ентузијазам по тој повод. Законот поврзан со референдумите беше променет така што повеќе не беше потребна одредена излезност за нивна важност, за на тој начин да се протурка влезот во ЕУ, спротивно на волјата на населението во Хрватска. Природата на ЕУ брзо се разоткри кога Хрватска од ЕУ доби повеќе обврски отколку придобивки, сведувајќи ја на земја чија економија пред сè треба да се базира на туризмот.

Руската компанија Гаспром поседува над 50% од акциите во Нафтената индустрија на Србија, а дотокот на нафта се обезбедува преку Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ. Хрватскиот премиер Пленковиќ и Вучиќ потпишаа договор за доток на нафта преку ЈАНАФ, меѓутоа, како резултат на санкциите кон Русија поради Трамп, тој договор е доведен во прашање и хрватската капиталистичка класа остана без заработка. Балканските владетели се мајстори во маневрирање меѓу различни империјалистички сили, па како одговор на тоа хрватската владејачка класа ја смени позицијата за санкциите и моментално е против санкции кон Русија. Освен тоа, поради сè поголемите царини што ги воведува Трамп, премиерот Пленковиќ почна да се залага за отворање на Европската унија кон кинескиот пазар. Хрватска е земја чиј претседател и премиер припаѓаат на привидно спротивставени табори на владејачката класа. Додека ХДЗ претставува застарена, конзервативна, бирократска структура која ги поткупува гласачите, изборот на Зоран Милановиќ за втор претседателски мандат претставува извесна контра на западната политика меѓу хрватското население. Тука ситуацијата е сосема обратна – десничарите се на власт, заедно со ултрадесничарското Домовинско движење, и се повеќе лојални на Европската унија, додека „левичарскиот“ претседател од СДП користи антивоена и антиестаблишментска демагогија за да остане на власт. Но тоа не е без поддршка од одреден дел од хрватската буржоазија која сè повеќе соработува со Истокот поради кризата и притисокот од Западот, па и во едно крило на ХДЗ почна да се појавува проруски и прокинески сентимент.

Сите овие балансирања, пресврти и притисоци ја разоткриваат вистинската улога на империјализмот, особено европскиот, во земјите на поранешна Југославија. Додека се полни со морализирање за земјите на источниот империјализам, тие самите сè повеќе ја поткопуваат демократијата, спроведуваат мерки за штедење врз сопственото население, и сето тоа во време кога веќе не можат ни меѓусебно да се договорат како да му се спротивстават, за да го стабилизираат системот. Нивните моралистички вредности со кои се фалат пред остатокот од светот се проследени со цензура, полициска репресија и вооружување, додека истовремено молчат за геноцидот во Газа и го поддржуваат продолжувањето на крвопролевањето во Украина. Водечките луѓе на ЕУ, но и на земјите од поранешна Југославија, целосно го игнорираат движењето во Србија и застануваат на страната на Александар Вучиќ, како „фактор на стабилност“ за нивните инвестиции. Европскиот парламент и оние медиуми кои го споменуваат ова движење, го прават тоа само за да создадат стратегија за повлекување на нивните владејачки класи во случај Вучиќ да падне од власт.

Со затворени очи во пропаст

Ленин рече дека капитализмот бил и останал ужас без крај. Човечкиот живот во него е споредна работа и само дел од пресметката што владејачката класа е подготвена да ја жртвува на олтарот на профитот. Оваа фактичност особено се манифестира во сенилната фаза на капитализмот, кој гледа да штеди дури и на најелементарните работи, а во најлошите случаи нè води во војни како масовни кланици за работничката класа, на кои сега сведочиме, особено во Украина и во Газа.

Најголемата трагедија што го снајде Балканот беше пожарот во дискотеката во Кочани кој на 16 март однесе 59 животи, од кои најголемиот дел беа млади, а уште 196 беа повредени. Овој целосно спречлив злостор се случи затоа што во дискотеката целосно недостасуваа мерки за заштита од пожар, а работела со фалсификувана лиценца. Бидејќи дискотеката била во приватна сопственост, и тоа во забутан град, лесно било да се создадат локални политички и административни врски преку кои ќе се заобиколат инспекциските регулативи. Тоа се наплати на најкатастрофален начин, и владејачката класа во Македонија изврши експресни апсења на голем број локални функционери и администрација, поучена од српското движење што може да се случи ако се чека. Пожарот веднаш предизвика реакција кај жителите на Кочани, кои го уништија вториот локал на сопственикот на изгорената дискотека, додека полицијата тоа го гледаше немо. Дури со појавата на свештеникот се смири гневот на луѓето, но токму оттаму започна движење кое забрзано ги црпи поуките од српското.

Во Босна и Херцеговина во октомври се случија поплави во кои загинаа 27 лица. Поплавите особено ја погодија општината Јабланица, каде што поради блискиот каменолом се случи одрон што усмрти 19 луѓе. На каменоломот всушност му беше забранета работа и никогаш не му беше дадена концесија за експлоатација, но тој продолжил со работа и покрај забраната. Кога дошла инспекција во 2018 година, заклучила само дека „нема присутен човечки кадар, ниту машини, нема видливи знаци на изведување работи“, иако тоа очигледно не било вистина, а компанијата што ја вршела експлоатацијата дури добивала и поддршка од кантоналната влада. Разорниот ефект на овие буични поплави е и последица на непланска сеча на шуми, пожари, ерозија на почвата што доведува до свлечишта, а сето тоа е влошено од климатската криза. На можната катастрофа се предупредувало, но не е сторено ништо за да се спречи.

Страшен е и фактот што паѓањето на настрешницата во Нови Сад, што го предизвика најмасовното движење, не е ни најстрашно според бројот на жртви. Движењето во Србија претставува реакција на акумулираната вообразеност на режимот, што овој пат не можеше да помине без одговор. Овој злостор исто така можеше да се спречи, само ако се постапуваше според регулативите. Железничката станица била пуштена во употреба без употребна дозвола, свечено била отворена двапати, проектот бил изработен без увид во документацијата на оригиналниот проект, а доколку воопшто била изработена статиката – очигледно не била соодветна. Режимот на секој чекор лажеше што било направено, што не, за тоа потоа сè брзо да се разоткрие. И сето тоа со голем број подизведувачи, што остава сомнеж дека се работело за висок степен на вградување во проектот.

Со 16 загинати од падот на натстрешницата во ноември и со движењето што тоа го предизвика, во сенка падна и трагедијата во домот за стари лица во белградската општина Барајево, каде што во пожар загинаа 11 луѓе, а домот имал лиценца за работа иако немал употребна дозвола за објектот. Режимот, секако, ја вложи целата своја енергија во пресметка со движењето и едвај дочека вториот настан да биде заборавен. Но, кога се случи пожарот во Кочани и кога Србија прифати дел од повредените во тој пожар, претседателот Александар Вучиќ со целата свита побрза да оди во болница за да се фотографира со жртвите, и покрај тоа што се имуно-компромитирани поради изгорениците и им се потребни стерилни услови.

Во Грција пред две години, во февруари, се случи судир на комерцијален и патнички воз, во кој загинаа 57 луѓе, а беа повредени 72. Кобниот судир на двата воза се случи поради истовремен отказ на светлосната сигнализација, далечинското управување и електронскиот систем за контрола, кој треба да заштити од човечка грешка. Доколку сите овие безбедносни системи функционираа, судирот ќе беше избегнат. Наместо тоа, се откри дека координацијата на железничките траси ја вршат исклучиво неколку, често постари и недоволно обучени, станици-мајстори. Комбинацијата од немарноста на владата и приватизирани железници доведе до оваа несреќа, а сè што државата се обиде да направи беше да ги сокрие своите траги на соучесништво. Две години по несреќата, добија одговор преку една од најголемите мобилизации и генерален штрајк во историјата на Грција.

Дека оваа вообразеност на владејачката класа не е изолирана само на Балканот, се виде и во катастрофалните поплави во Валенсија, како и историските пожари во Лос Анџелес. Во октомвриските поплави во Валенсија загинаа 232 лица, а тројца се водат како исчезнати. Валенсија има таков тип на клима каде што често се случуваат големи локализирани поројни дождови. Но, владејачката класа сè повеќе штедеше на мерките за заштита од поплави, а и покрај предупредувањата од метеоролозите, работниците не беа испратени дома, за да не се намалат приходите на работодавците. Сол на рана беше доаѓањето на кралското семејство, кое дојде да се фотографира и затоа беше затрупано со кал од страна на локалното население.

Во САД, во Лос Анџелес, се случија историски пожари со повеќе од 50 загинати и исчезнати. Евакуирани беа над 200.000 луѓе. Тоа се случи во најтоплата година во историјата, во време кога владејачката класа штедеше на противпожарните служби, а бидејќи дури и водоводот е приватизиран, наместо да ги снабдува градовите, водата често се пренасочува кон имотите на земјоделските монополисти. Тоа ја намали способноста на пожарникарите во борбата со пожарите.

Покрај трагедиите предизвикани од штедењето, присутен е и раст на смртоносното насилство во Југославија. Додека масакрот во основното училиште во Белград беше најтрагичниот пример со 10 загинати, од кои девет деца, ден потоа следеше масакрот во Мало Орашје и Дубона, каде беа убиени 9 и ранети 13. Во Црна Гора, на Цетиње, во јануари беше извршен масакр со 13 загинати и тројца ранети. Ова е уште потрагично бидејќи Цетиње во 2022 година веќе доживеа масакр во кој беа убиени 10 и ранети 6 лица. Дури ни помирната Хрватска не беше поштедена од вакви злосторства, каде што во основно училиште беше убиено едно дете, а ранети 6 лица.

Што доведува до вакви злосторства и лудило? Од една страна, отуѓеноста на човекот во капитализмот доведува до ментални болести, а запоставувањето на здравството од страна на државата доведува до трагедии. Во Хрватска, сторителот беше психијатриски болен човек пуштен на слобода, а ист случај имаше и на Цетиње во 2022 година, додека во 2025 година се работеше за човек кој претходно бил уапсен за нелегално поседување оружје и семејно насилство. Механизмите за спречување на вакви ситуации постојат, но се занемаруваат бидејќи, од една страна, тоа ја чини државата, а секоја заштеда отвора простор за јавно-приватно партнерство, а од друга страна, според владејачката идеологија на капитализмот, секој човек и секое семејство треба да биде препуштено само на себе – дури и ако тоа на крајот има кобни последици за сите нас.

Вучиќ се обидува да го нормализира падот на натстрешницата велејќи дека вакви трагедии се случуваат насекаде. Но зарем тоа не го поставува прашањето: зошто? Зошто трагедии кои можат да се избегнат постојано се повторуваат? Овој менталитет на владејачката класа – да оди затворени очи во пропаст – е проследен со индивидуалистичка надеж дека трагедијата нема да се случи поради нивните пропусти, туку поради нечија туѓа вина.

Но, како што гледаме во сите спомнати случаи, не станува збор за изолирани проблеми и случајности. Станува збор за насобран број на свесни пропусти од голем дел на припадници на владејачката класа, кои порано или подоцна мора некаде да доведат до трагедија. И токму затоа луѓето се чувствуваат сè понесигурно дури и на места каде што би требало да се чувствуваат безбедно. А од каде доаѓа таа дрскост? Таа е мотивирана од систем кој е заснован на максимирање на профитот по секоја цена. Системот кој треба да го промениме не е само овој или оној режим туку целиот капиталистички систем што ни го уништува животот.

Отворени очи кон социјализмот

Конгрес на Револуционерен Комунистички Сојуз 2025

Додека темнината, трагедиите и злосторствата го обземаа светот, немаме луксуз, ниту пак рационален повод да се деморализираме. Додека односот на силите сѐ уште е на страната на владејачката класа, тој постојано паѓа поради нејзината неспособност да се соочи со економската, политичката и социјалната криза што ја создава. Од друга страна, гледаме дека масите повеќе не трпат. Блокадата на институциите од страна на Вучиќ доби одговор не само преку студентското движење и најголемиот протест во историјата на Србија, туку и преку формирањето зборови како обид за алтернативни институции. Македонците го разбија кафулето на сопственикот на изгорената дискотека пред очите на полицијата. Грците ни по две години не заборавија на злосторството во Темпи и продолжуваат да бараат одговорност. Турците не му дозволуваат на Ердоган земјата да падне под диктатура. Работничката класа се буди.

И не само што сето ова е инспиративно туку е само почеток на будењето. Мртвата точка во која се наоѓа светската економија, особено европската, веќе сега бара од владејачката класа да удри по работничката класа. Но, ниту една од нив не се чувствува доволно храбра да го направи тоа, бидејќи тоа нема да помине без револуционерни превирања. Ленин во „Левичарството како детска болест на комунизмот“ напиша:

„За револуции не е доволно експлоатираните и угнетените маси да се свесни дека не можат повеќе да живеат на стар начин и да побараат промена; за револуции е потребно и експлоататорите да не можат да владеат на стар начин. Дури тогаш, кога долните слоеви не сакаат по старо, а горните слоеви не можат по старо – тогаш револуцијата може да победи. Инаку, таа вистина се изразува со зборовите: револуцијата не е можно без општонародна криза (која ги погодува и експлоатираните и експлоататорите).”

Ова несомнено е нешто што го гледаме барем во контури во Србија и Грција, евентуално во најави во Турција и Македонија. Она што исто така мора да го имаме на ум е дека сето тоа што се случува на Балканот е само најава на многу поголеми потреси што ќе ги чекаат и капиталистичките центри. Со зборовите во Србија мора да бидеме свесни дека тие може да одат многу далеку, дури и колку што отидоа советите на работничките и воените пратеници. Ваквите формации претставуваат огромно искуство за работничката класа, но без комунистичка партија изградена врз револуционерен програм, дури ни советите во Руската револуција од 1905 година не можеа сами да извршат трајна трансформација на општеството.

Овие движења и ова расположение се исклучително плодна почва за градење партија. Болшевиците извлекоа огромно искуство од 1905 година, кога беа премногу мали за да влијаат на настаните. Врз тоа искуство ја изградиле партијата, која од 8.000 членови за време на Февруарската револуција 1917 година, ја изградиле партијата која ја предводеше Октомвриската револуција, формираше работничка и селанска Црвена армија од 2,5 милиони луѓе и го смени текот на историјата засекогаш, спроведувајќи ја првата успешна пролетерска револуција.

Состојбата во светот многу наликува на периодот пред Првата светска војна, кога империјалистичките сили ги заоструваа односите, а светскиот капитализам беше во криза. Само што денес тоа е на многу повисоко ниво, бидејќи капитализмот сега е целосно глобален систем. Тоа значи дека влеговме во период на продолжена криза и период на револуционерни превирања. Но, исто така мора да имаме на ум две работи. Прво, капитализмот секогаш може да се закрепне по доволно уништување на човечките животи и производните сили. Второ, револуционерното расположение може да се продолжи и повторува, но е привремено и не може да трае засекогаш.

Објективните услови за социјализам одамна постојат, односно постојат доволно развиени производни сили на глобално ниво, како и развиена работничка класа. Меѓутоа, она што е вистина денес, како и некогаш, е непостоење на субјективен фактор.

Распадот на Југославија, предавството на сталинизмот, титоизмот и реформистичките организации до сега беа пречка за работничката класа да ја преземе власта. Меѓутоа, поради големите турбулентни промени што се случуваат во светот, кај нас се појавуваат услови за создавање на нашата партија. Со ова на ум е создаден Револуционерниот Комунистички Сојуз.

Затоа овие настани мора да ги сфатиме сериозно и да ја искористиме можноста што ни ја нудат. Никогаш не постоеше подобра прилика за градење југословенска секција на Револуционерната Комунистичка Интернационала од денес. Сите наши напори треба да се насочат кон нападната точка – регрутација, полни со ентузијазам што ни го дава нашето разбирање на светот и желбата за подобра иднина. Капитализмот не е неуништлив систем туку систем осуден на пропаст. А за нашите идеи дојде вистинското време. Со ширењето на тие идеи и растот на нашата организација, се бориме за социјализам во нашиот живот!

Загреб, 03 мај 2025

БалканВестиМакедонија

Британски заем – кој ќе ја плати сметката? 

Македонската влада склучи договор за отворен заем со Британија, во износ од 5 милијарди фунти (6 милијарди евра). Според најавите, овој заем ќе се користи во период од 10 години за финансирање на капитални проекти (болници, патишта, железници и сл.). Информациите кои стасуваат до јавноста по однос на заемот се многу оскудни. Она што со сигурност се знае е дека отплатата ќе отпочне откако капиталниот проект ќе биде ставен во функција. Многу други важни детали од Договорот се засега непознати.

Премиерот Мицкоски и останатите владини претставници не штедеа пофални зборови за овој нивни чекор. Мицкоски договорот го нарече „архитектура за иднината“ и „голем чекор напред“. Имајќи во предвид дека според првичната реторика се работеше за инвестиција, а не за заем, обелоденувањето на другите детали има потенцијал да открие многу други спорни работи, како на пример каматната стапка предвидена со договорот. Овој договор претставува најголемото единечно задолжување на Македонија било кога.

Не е тајна дека македонската економија е во ужасна состојба. Таа е потполно зависна од странскиот капитал и всушност нејзините производствени капацитети се скоро непостоечки. Со други зборови, поради ваквата тесна поврзаност, сите потреси на светските пазари – или во нашиот случај германскиот пазар – многу лесно би ја довеле македонската економија во тотален колапс. Ова покажува дека владејачката класа во Македонија нема никаква стратегија за развој, а економијата единствено се води според трендовите на анархичниот слободен пазар.     

Годишниот заем од Британија (околу 600 милиони евра) е колку веќе постоечкиот годишен буџетски дефицит. Тоа значи дека овој заем само ќе го дуплира буџетскиот дефицит и тоа најмногу ќе го почувствува работничката класа, кога овој заем ќе мора да почне да се отплаќа. Се разбира тука се поставува прашањето кој ќе профитира најмногу од овој заем? Одговорот е едноставен, тоа е владејчката класа на Велика Британија која ќе однесе најголем дел од колачот, а секако не смееме ниту да ги изоставиме нашите владејачки елити кои ќе профитираат преку разни тендери, набавки, односно ќе ги добијат трошките од остварувањето на „капиталните инвестиции“. Од она што е познато, во секоја инвестиција ќе мора да има најмалку 30 проценти британско учество што во превод би значело дека повеќе од 1,6 милијарди фунти од вкупно 5 милијарди фунти ќе мора да се потрошат за стоки и услуги од британски фирми. Народски кажано, Британија ѝ дава пари на Македонија со десната рака, а подоцна ќе си ги земе парите назад со левата рака. Не треба да сме премногу паметни за да заклучиме дека целта на британската држава во овој случај е примарно помош на британските фирми за зголемување на нивниот извоз и засилување на нивната меѓународна позиција, особено после големите промени кои се случуваат на меѓународната геополитичка сцена. Треба да напоменеме дека има и други примери на слично кредитирање во регионот (Србија) и пошироко и дека ова претставува дел од поголема стратегија на британскиот капитализам спроведена преку државната кредитна агенција УК Експорт Фајненс за ревитализација на британската економија. 

Ова не е ништо помалку од еден класичен пример за тоа како функционира колонијалната подреденост на недоволно развиените земји кои се под влијание на светските империјалистички сили. Шлагот на колачот за кој зборувавме погоре е во фактот дека покрај монетарниот интерес, владејачката класа на Велика Британија ќе се стекне со моќ да влијае врз политиките на Македонија. По излегувањето на Велика Британија од ЕУ (т.н. Брегзит), таа одново се обидува да се наметне како една од главните империјалистички сили во Европа. Велика Британија се обидува да стане новиот мост помеѓу САД и ЕУ во новата распределба на империјалистичко влијание, преку користење на т.н. „мека моќ“ за освојување на нови региони.  

Овој систем на функционирање не е воопшто нов. Дури Ленин своевремено во почетокот на минатиот век детално го опиша во неговото познато дело „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“. Со оглед на тоа, ние како комунисти не сме против меѓународна економска размена на добра и услуги, но овде е повеќе од јасно дека се работи за експлоатација во вистинска форма. Всушност, баш на овој начин империјалистичките сили создаваат голем дел од „своето“ богатство, но треба да потенцираме дека владејачките класи на овие држави, исто како и кај нас, не го споделуваат ова богатство со работничката класа.

Ние во принцип поддржуваме  инвестиции, развој на технологијата и индустријата, бидејќи најголемите придобивки од тие инвестиции би ги чувствувале работниците, младите и пензионерите на кои и тоа како им се потребни нови болници, железници, училишта, современи фабрики и сл. Но, мора да сме искрени. Праксата досега покажала дека периферна капиталистичка земја како Македонија нема капацитет ова да го реализира и спроведе, односно нема капацитет да ја развива економијата ниту да го подобри животот на сопствените граѓани. Во оваа насока, вреди да се потсетиме само на многуте ветувања за изградба на Чебрен и Галиште кои повторно се споменуваат како проект во контекст на британскиот заем. Зошто инвестициите не функционираат е поради самата природа на извезениот капитал, а тоа е да се извлече вишокот вредност, но бидејќи месната капиталистичка класа е слаба, профитите стануваат екстрапрофити со понатамошна пауперизација на локалното население. Тоа е принудено за исселување и намалување на животниот стандард споредено со тој во развиениот Запад. Стапките на раст се на ниво на Запад, што е недоволно ни од блиску да се престигнат развиените економии. Расипаноста на локалната капиталистичка класа само ќе го зголеми неуспехот од овие т.н. капитални инвестиции.

Овој нечовечен метод на експлоатација е директен производ на капитализмот. Како противтежа на ова, една здрава работничка држава поставена на социјалистички основи во склоп на една поинаква глобална социјалистичка економија, би била способна да работи во интерес на мнозинството од народот, да реализира проекти од витално значење, да алоцира ресурси онаму каде што истите ќе се најпотребни, само ако од равенката се исклучи интересот и профитниот мотив на капиталистичката класа. 

БалканВести

Втор конгрес на Револуционерниот комунистички сојуз

Членовите на Револуционерниот комунистички сојуз се состанаа во Загреб на 3 и 4 мај за овогодишниот конгрес. Присуствуваа делегати од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија како членови на југословенската секција на РКИ, а беа присутни и гости од Австрија, Бугарија, Италија, Британија како и од Косово.

Одржан во екот на револуционерната криза во Србија, конгресот пред сѐ имаше задача да пронајде лекција за револуционерите и да нѐ насочи за турбулентните времиња коишто доаѓаат.

Нулта година

“Беше блаженство да се биде жив во таа зора, ама да се биде млад – тоа беше самиот рај”.

Овие зборови на Вилијам Вордсворт за Големата француска револуција ја опишуваат енергијата која се ослободува со појавувањето на народните маси на сцената на историјата. На Балканот, последните три децении стоеше издигната огромната кула на реакцијата, национализмот и апатијата. Видлива од секој агол на регионот, стоеше високо, така што секој со идеи за подобра иднина беше натеран да помисли два пати. Сега долж нејзината структура се издолжува пукнатина, потребен е уште сериозен удар да отиде во заборав. Српските студенти и работници го издигнаа својот светилник што го осветлува патот напред за целиот регион – патот кон револуција.

Срушената натстрешница и сала, пожарите во дискотеките и здравствените установи, одрони и еколошки катастрофи; станува јасно дека капиталистичкиот систем е причина за неразвиеноста, корупцијата и пропаѓањето на инфраструктурата на целиот Балкан. Вистината стои разголена под сонцето.

Оваа 2025 година претставува почеток на нова ера на Балканот. Таму каде што владееше тишина, сега се слушаат стихови на борбата. Милиони се будат за политичка борба и се бара алтернатива на капитализмот.

Патот што ни претстои

 Целото искуство од Србија досега покажа дека народните маси се спремни да стапат во борба за подобро општество. Но исто така ја покажа потребата за јасни идеи и план според кои таа промена треба да се спроведе; потреба за организирање на партија на самата работничка класа, огромното мнозинство на општеството. За нас, како и за илјадниците низ Балканот, ова е главната лекција од искуството од Србија.

Така, една од главните теми на Конгресот беше токму како да се изгради таква партија. Потребни ни се револуционери кои разбираат како општеството функционира, како се поврзани неговите елементи и како да го променат. Затоа разговаравме за перспективите за нашиот регион и за целиот свет. Ја анализиравме моменталната состојба на општеството, во кој правец се движи и зошто. Сето тоа за да им понудиме на луѓето одговори за кризата во која се наоѓаат и да им понудиме решенија. Така на база на нашите анализи, и покрај привидната апатија, уште на претходниот конгрес предвидовме дека вакви општествени експлозии ќе бидат неизбежни во иднина.

Испреплетените судбини на работничките класи од сите земји на бившата Југославија, кои произлегуваат од нашата мината заедничка борба против капитализмот, како и сеприсутните културо-економски поврзаности, повторно ја става наред потребата од партија би не обединила во борба. Бројните протести за поддршка за српските студенти тоа го докажаа. Проблемите во различните делови од Балканот се исти и решавањето на истите во една земја подразбира нивно решавање во сите наши земји.

Патот пред нас е долг. Студентите и работниците ги жртвуваа своите академски години и своите плати. Ако имаме желба да станеме партија што политички ќе ги изрази аспирациите на народните маси, мораме во процесот на нејзино градење да бидеме спремни да се жртвуваме колку и самите студенти и работници. Од таа причина собравме приближно 10 000 евра, високо надминувајќи ја финансиската цел на конгресот.

Овогодишниот конгрес на РКС беше само еден чекор – архитект за изградба на идната масовна работничка партија, и трансформација на општеството. Ако сакаш да бидеш дел од изградбата на партија на работничката класа придружи ни се.

БалканИнтернационалаТеорија

Отпорот – Декемвриските настани – Варкиза: како сталинизмот ја издаде грчката револуција  

По повод 80-годишнината од Спогодбата од Варкиза, ја објавуваме целата неодамнешна публикација што беше вклучена во историско-теорискиот додаток на весникот *Комунистичка револуција* (бр. 122) на грчката секција на РКИ.

Периодот 1941-1945 беше оној во кој се подготви, изби и порази најзначајното револуционерно движење на грчкото работничко движење, предводено од ККЕ (Комунистичката партија на Грција) преку нејзиниот политички фронт ЕАМ (Националноослободителен фронт) и неговата воена компонента, ЕЛАС (Народноослободителна армија).

На 27 април 1941, германските трупи на Хитлер влегоа во Атина, и Грција се најде под тројна окупација на Германија, Италија и Бугарија. Нацистите влегоа во Атина откако ја осигураа капитулацијата на грчката воена команда, назначувајќи го за квислиншки премиер самиот началник на грчката армија, генералот Јоргос Цолакоглу. Главната цел на нацистичката окупација беше исцрпна експлоатација на економските ресурси на земјата за корист на Хитлеровата воена машина. Така, животниот стандард брзо се спушти во бездната на глад. Ова, во комбинација со чувството на понижување од страна на странскиот окупатор, ги натера работниците, селаните и младите во земјата да се кренат на востание.

За разлика од работниците и селаните, грчката буржоазија, во најголем дел, отворено се здружи со нацистите и им ги даде квислиншките премиери: Ј. Цолакоглу, Јоанис Логотетопулос и Јоанис Ралис. Друг дел од неа се приклони кон британскиот империјализам, а нејзините претставници седнаа во салоните на „сојузниците“ во Лондон и Каиро.

Масовното движење на отпорот

Масовното движење на отпорот во Грција од една страна се бореше за ослободување од странските окупатори, а од друга страна за ослободување на работничката класа од капиталистичката експлоатација, како и на сиромашните селани од пљачката на трговците, банкарите и лихварите.

Така се потврди и во Грција предвидувањето на Лав Троцки од почетокот на Втората светска војна за состојбата во окупирана Европа, содржано во неговиот текст од 1939 насловен како „Не го менуваме курсот“:  

„Од сите форми на диктатура, тоталитарната диктатура на странски окупатор е најнеподнослива… Невозможно е да се стави војник со пушка до секој полски, норвешки, дански, холандски, белгиски или француски работник и селанец. Нацизмот нема рецепт како да ги претвори поразените народи од непријатели во пријатели. Со сигурност може да се очекува брза трансформација на сите окупирани земји во барутни буриња…“

(Л. Троцки, Дела 1939–40, стр. 298).

Во есента 1941 (27 септември) и зимата 1942 (16 февруари) соодветно, беа основани ЕАМ и неговиот воен дел, ЕЛАС, со ККЕ како главна политичка сила. Во текот на три и пол години окупација, малите спонтани партизански групи, главно составени од селани, што ја сочинуваа ЕЛАС, се развија во херојска масовна армија од десетици илјади борци. Под водство на капетани кои се истакнаа во борбата, таа ја ослободи речиси целиот земја, освен најголемите градови.

Истовремено, штрајковите и демонстрациите на работничката класа во големите градови напишаа своја историја на неспоредлив хероизам. На 12 април 1942, во Атина, Пиреја, Солун и Патра избувна првиот штрајк во нацистички окупирана Европа — 9-дневниот генерален штрајк на јавните службеници. На својот врв, штрајкот опфати преку 50.000 работници и ја принуди окупациската влада да ги прифати барањата на штрајкувачите.

Двојна власт

Во окупирана Грција имавме класична ситуација на „двојна власт“: од една страна, власта на тројната окупација со грчката држава на квислинзите, а од друга, власта на Слободна Грција — власта на работниците и сиромашните селани. Револуционерниот и прогресивен карактер на оваа власт го признаваа дури и избрани претставници на британскиот империјализам, како воениот агент Крис Вудхаус, кој во својата книга „Јаболкот на раздорот“ (изд. Миноас, 2021) запишал:  

„ЕАМ создаде нешта што Грција никогаш не ги имаше видено. Комуникациите во планинските области — преку радио, курири, телефони — никогаш не биле толку ефикасни. Дури и патиштата беа подобрени. Дарбите на техничката и интелектуална култура ги нашле патиштата кон планините. Училишта, самоуправа, судови, јавни служби повторно работеа. Театри, фабрики, локални совети за прв пат функционираа. Се организираше заеднички живот, наместо традиционалниот индивидуализам на грчкиот селанин.“  

Во центарот на новата власт во Слободна Грција беа институциите на:  

1. Народна самоуправа

2. Народно правосудство 

Овие институции се појавија во Евританија во декември 1942 и брзо се проширија во други делови на Централна Грција, Тесалија и низ целата земја. Главен орган на народната самоуправа беше Општото собрание на народот. Сите комисии беа „избрани, одговорни и можеа да се разрешат“. Како што забележа Христос Тировузис во книгата „Самоуправа и народно правосудство 1942-1945“ (изд. Проскенио):  

„Локалните активисти на ККЕ делуваа повеќе под влијание на идејата за руските совети и локалните услови, отколку како извршители на наредби од централното раководство, кое покажа умерено и резервирано интересување за новите институции.“  

Друг автентичен извор за овие институции е книгата на Јоргулас Бејкос, уредник на Кодексот на народна самоуправа во Евританија, насловена „Народната власт во Слободна Грција“ (изд. Темелио).  

Сталинистичкото поткопување на новата власт

Сепак, новите институции на власта кои се развиваа во ослободена Грција не беа во согласност со политичката линија и целите на сталинистичкото раководство на ККЕ и неговите нарачувачи, сталинистичките бирократи од СССР. Нивната заедничка цел беше да го ограничи движењето во рамките на “националното ослободување” и буржоаската демократија во капиталистичкиот систем. Така, преку серија интервенции од страна на раководството на ККЕ, Народната правда и Народната самоуправа беа ослабени и конечно укинати. Истовремено, раководството се мешаше и во дејноста на сиромашните селани кои сакаа да ги експроприраат големите имоти и чифлизите, означувајќи ги, како што се случи во Евританија, како “грабливци” беземјотниците и “левичари” ЕЛАС-овците и локалните членови на ККЕ кои ја поддржуваа експропријацијата.

Во текот на целата окупација, раководството на ККЕ остана лојално на социјалдемократската “теорија на фазите” и на нејзината практична примена преку формирање влади на Народни фронтови. Оваа теорија, која сталинизмот во различни форми ја промовираше уште од смртта на Ленин, всушност потекнува од идеите на руските меншевици против кои Ленин се бореше. Според оваа теорија, работничката класа требаше да помине низ една средна фаза пред воспоставување на работничко-социјалистичка власт, создавајќи влади со наводно “прогресивни” делови од буржоазијата, со цел да се комплетира развојот на капитализмот и буржоаската демократија. Народните фронтови, како специфична владина форма на оваа средна фаза, беа официјално усвоени на Седмиот конгрес на Комунистичката интернационала во 1936 година.

Теоријата на фазите е фундаментално погрешна и реакционерна, бидејќи во епохата на империјализмот, буржоазијата дури и во најзаостанатите земји веќе не игра никаква прогресивна историска улога. Нејзиниот единствен интерес е да ја задржи својата доминација со сите можни средства и во тесна соработка со странскиот империјалистички капитал. Примената на оваа теорија од страна на сталинистички контролираните комунистички партии преку Народните фронтови имаше катастрофални последици за работничката класа. Ова најјасно се манифестира во 1936 година со поразот на револуциите во Франција и Шпанија, како и со неуспесите на бројни други револуции во следните години, со што всушност му се овозможи на капитализмот да преживее. Иако формално се тврдеше дека Народните фронтови имаат за цел да ја засилат антифашистичката борба, тие всушност го отворија патот за победата на фашизмот и на крајот за крвопролевањата на Втората светска војна.

ККЕ, сталинизмот и теоријата на фазите

Верна на теоријата на фазите, раководството на ККЕ инсистираше дека масовното движење за време на окупацијата треба да се ограничи на национално-ослободителната борба, да се постигне независност и буржоаска демократија, а социјалистичкото ослободување да се одложи за неодредена иднина. На овој начин, сталинистичките водачи ги игнорираа најосновните марксистички учења од Октомвриската револуција и политиката на болшевиците и Комунистичката интернационала од времето на Ленин и Троцки, чиј темел беше независноста на работничката класа во борбата за власт без „средни фази“. Во пракса, тие ги поддржуваа плановите на британските империјалисти и грчките капиталисти кои сакаа да ја обноват својата власт во Грција, при што главна пречка за нив беа радикализираните маси на работници и селани организирани во ЕАМ и ЕЛАС.

Водачите на ККЕ ја бранеа оваа линија не само затоа што не биле марксисти, туку и затоа што биле свесни пиони во надворешната политика на сталинистичката советска бирократија. Нивната потчинетост се гледа веќе од фактот што во првите месеци на окупацијата немале намера да организираат отпор, бидејќи останале лојални на срамниот Пакт Молотов-Рибентроп меѓу Сталин и Хитлер. Дури кога Хитлер го прекрши пактот и ја нападна СССР во летото 1941 година, тие одлучија да формираат организации на отпорот.

Сталин и советската бирократија не ја сакаа победата на револуцијата во Грција, бидејќи биле обврзани со тајните договори со британскиот и американскиот империјализам за поделба на влијанието во повоениот свет. Овие договори, формализирани на конференциите во Техеран (1943), Москва (1944) и Јалта (1945), ги натераа Сталин да ја распушти Комунистичката интернационала (1943) – институцијата што ја создале Ленин и Троцки – и да ги натера грчките комунисти да ја предадат револуцијата. Така, интересите на грчката работничка класа беа потчинети на циничните пресметки на советската бирократија. Ова е коренот на поразот на ЕАМ-ЕЛАС по ослободувањето (1944–1945) и Демократската армија во Граѓанската војна (1946–1949).

Овие порази се поврзани со бирократското изродување на СССР, кое преку сталинистичкиот апарат на Комунистичката интернационала ја искористи ККЕ за да спроведе катастрофална политика. Доцните 1920-ти, сталинистичката клика во Комунистичката интернационала ги исчисти најдобрите марксисти (како Панделис Пулиопулос, троцкист) и инсталира послушни кадри (на пр. Никос Захаријадис, секретар од 1931).

На 6-тиот пленум на ЦК на ККЕ (12 јануари 1934), под директно влијание на советскиот претставник Мануилски, теоријата на фазите стана официјална доктрина. Тврдејќи дека Грција е „полуфеудална“ и дека треба прво да се постигне буржоаска демократија, ККЕ отворено ја одложи социјалистичката револуција. Прв плод на оваа стратегија беше спогодбата Склавинас-Софулис (со либералната буржоазија), која доведе до предавството на револуционерниот штрајк во Солун (1936) и го олесни доаѓањето на диктатурата на Метаксас.

Безобразниот договор во Либан  

Теоријата на фазите беше вградена од сталинистите во основачкиот програм на ЕАМ. Ова беше програм за капиталистичка „демократија“ во Грција, каде што само работничките организации би функционирале слободно, а државата, армијата и полицијата би биле „исчистени“ од соработниците на нацистите и луѓето на Метаксас.  

Уште пред основањето на ЕАМ, со одлука на Централниот комитет на ККЕ (1 јули 1941), се застапуваше формирање на привремена влада „од сите партии“ – буржоаските и ККЕ – со цел да се повикаат избори за Уставотворно собрание. Оваа политика на соработка со буржоаските партии водеше и до соработка со нивниот заштитник – британскиот империјализам.  

Верна на оваа линија, раководството на ККЕ ја одби предложбата на југословенските партизани за создавање на заеднички штаб на партизанските сили на Грција, Југославија и Албанија. Наместо тоа, потпиша договор со кој ЕЛАС потпаѓаше под команда на Британскиот штаб. Во текот на целиот овој период, целта на раководството на ККЕ беше да влезе во коалициона влада со буржоазијата.  

Во оваа логика беше потчинето и создавањето на Политичкиот комитет за национално ослободување (ПЕЕА) на 10 март 1944 – т.н. „планинска влада“ во Слободна Грција – во која учествуваа буржоаски „личности“ без никаква народна поддршка, како премиерот Александар Сволос, но и изборот на Националниот совет од 1,8 милиони работници и селани во април 1944. Навидум, овие беа органи на нова власт, но во пракса, раководството на ККЕ ги користеше само како средство за преговори со цел да учествува во влада со буржоазијата. Всушност, ПЕЕА ја земаше власта од рацете на партизаните и ја разменуваше со буржоазијата и британските империјалисти.  

Во времето кога се формираше „планинската влада“, претставниците на ПЕЕА и ККЕ заминаа во Либан да преговараат за нивно учество во владата на Јоргос Папандреу, назначена од Британија. Ј. Папандреу беше донесен од Атина по препорака на британскиот амбасадор Рекс Липер, откако претходно им дал советодавен меморандум на британските агенти за тоа како да го разградат ЕАМ.  

Така, во мај 1944, во сенката на репресијата врз антифашистичкото движење на грчките војници во Александрија од страна на Британците (со 50 официјално регистрирани мртви и 20.000 грчки војници затворени во концентрациони логори), сталинистичките водачи конечно ја потпишаа Либанската спогодба, изјавувајќи потчинување кон новата „национална влада“ создадена од британските империјалисти, преземајќи 6 од 20 министерства.

Фантомот на „троцкизмот“  

Докажано е дека испратените претставници на Сталин јасно ги советуваа водачите на ККЕ да ги преземат овие катастрофални отстапки. Извештајот на преговарачот на ЕАМ во Либан, Петрос Русос, до Политичкото биро на ККЕ бил откривачки. Меѓу другото, тој наведе:  

„Побаравме дали е можно да ја добиеме мислењето на советската влада за грчките прашања од првиот советник на амбасадата. По десет дена, советникот ме повика и ми ја соопшти следнава изјава: ‘Амбасадорот ве информира за неговото лично мислење: а) Либанскиот договор одговара на сегашната состојба. б) Треба да влезете во владата. в) Потребно е ова мислење да се пренесе и во планините.’“  

Се разбира, ова воопшто не било „мислење на амбасадорот“, туку директна наредба од самиот Сталин. Кога веста за Либанската спогодба стигна до ослободените планини, се крена бура. Партизаните реагираа бурно. Конференцијата на партиската организација на Македонија-Тракија ја осуди спогодбата и побара нејзино поништување. За да се смират реакциите, советската бирократија мораше повторно да интервенира. Така, во грчките планини се појави советска воена мисија на чело со полковникот Попов. Следниот ден, „Д Тајмс“ од Лондон со голем наслов напиша:  „Советите испратија мисија за да ги советуваат грчките троцкисти.“ Секоја револуционерна тенденција насочена против буржоазијата на меѓународно ниво беше едноставно означена како „троцкизам“.  

По Декемвриските настани, Черчил, зборувајќи пред британскиот парламент, изјави:  „Без нашата политика во Грција, ќе беше воспоставен груб и триумфален троцкизам .“  И за да ја нагласи заедничката омраза кон грчкото револуционерно движење со Сталин, додаде:  „Мислам дека зборот ‘троцкист’ е најдобриот термин за да се опише грчкиот комунист.“  

Сталинистите преземаат министерства  

Во јули 1944, лондонскиот „Сандеј Опсервер” објави дека водачите на ЕАМ „се подготвени да влезат во владата, но се двоумат да го превземат овој чекор без одобрение од оние што ги претставуваат, за да не го разделат отпорот и не доведат до граѓански судир во Грција”. Справувајќи се со овие приговори, сталинистите побараа една единствена отстапка – кралот Јоргос II да изјави дека нема да се врати во Грција се до референдум. Но на крајот, тие се согласија да служат во „панхеленски” сојуз со кралот, услов вграден во Либанскиот договор потпишан во мај.  

Оваа предавничка линија можеше да се промени само со демократска дебата и замена на раководството, но во партијата немаше организирана револуционерна тенденција што би се борела за ова. Така, сталинистичкото раководство на ККЕ едногласно го одобри Либанскиот договор на 2-3 август 1944, а на 2 септември шестмина министри од ЕАМ заминаа за Каиро: Александрос Сволос како министер за финансии, Јанис Зевгос за земјоделство, Милтиадис Порфирогенис за труд, Никос Аскуцис за национална економија, Илијас Циримокос за јавни работи и Ангелос Ангелопулос како заменик министер за финансии.  

Како што забележа Јанис Андрикопулос, непосредно пред германското повлекување, буржоаските политичари ги зголемија заговорите за враќање на власта. Групата на Ламбракис, Рентис и Сидерис подготвуваше своја диктатура, додека “народните” водачи Стратос, Маркезинис и Цалдарис дискутираа со министрите на колаборационистичкиот премиер Ралис, со палатата и со Баталјоните за безбедност. Паралелно, кликата на Гонатас со луѓе на Пагалос, Ралис и Пластирас, кои соработуваа со Германците, планираа друга диктатура.  

Оваа влада во Каиро, иако без реална народна поддршка, се обиде да создаде илузија за легитимност. Исто како што во Италија сталинистите го спасија реакционерниот генерал Бадолио и кралот Виктор Емануил III, така и во Грција ја поддржаа реакционерната влада на Папандреу и династијата Гликсбург, потврдувајќи ја нивната потчинетост кон интересите на советската бирократија и империјалистичките сили.

Вториот чин на предавството во Касера и поделбата на светот

Неколку дена подоцна дојде вториот чин на предавството. На 26 септември 1944, раководството на ККЕ ја потпиша „Спогодбата од Касера“, со која партизанските сили во суштина беа решено да се распуштат, бидејќи беа ставени под наредбите на „владата на националното единство“, која ги ставаше овие сили „под команда на британскиот генерал Скоуби“. ЕЛАС од сега натаму ќе се управуваше од Скоуби, а партизанските капетани ќе мораа да им забранат на своите единици секој обид да ја превземат власта.  

Така, формално беше решен проблемот на воената поддршка на новата влада, која пред Касера можеше да се потпира само на:  силите на Зервас, двете преостанати кралски единици во Египет (Планинската бригада и Светата чета) и омразените Баталјони за безбедност на колаборационистите.  

Владата, која до крајот на септември се наоѓаше во Касера во Италија, од несигурност отворено ги повика сојузниците да ја окупираат Грција. Претставниците на ЕАМ се спротивставија, но останаа во владата. Така, сталинистите, останувајќи во владата, овозможија нивниот углед да се користи како прикритие на заговорот што се подготвуваше против грчкиот народ.  

Веднаш по Касера, Сталин со спогодбата со Черчил на Конференцијата во Москва формално ја предаде грчката револуција. Таму, на 9 октомври 1944, во присуство на министрите за надворешни работи Молотов и Иден, се направи поделбата на светот, а особено на Балканот, на мало парче хартија, како што Черчил карактеристично го запиша во своите мемоари, при што за Грција се договори да премине под британска власт.  

Од тогаш, поддржувачите на Сталин ја негираа постоењето на познатото парче хартија со кое беше предадена грчката револуција. Но, самите настани не оставаат сомнеж дека сè се случи точно како што го запиша Черчил.  

Де факто власт на ЕАМ и револуционерна ситуација  

Уште една година пред повлекувањето на германските трупи од Грција, падот на Мусолини во Италија во јуни 1943 по големи штрајкови и демонстрации дејствуваше како електричен удар во цела Европа. Револуционерното врење допре до Грција каде што беше стационирана италијанската окупаторска војска. Таа почна да се помирува со грчките работници, разменувајќи оружје за цивилна облека. Нацистите беа принудени да испратат елитни трупи до најголемата италијанска гарнизона во Грција во Лариса за да ја разоружаат.  

Неколку дена пред повлекувањето на германските трупи во октомври 1944, речиси целата грчка провинција и големите провинциски градови беа ослободени од ЕЛАС, заедно со квартови во Атина и Пиреја како Кајсаријани и Кокинија, и покрај честите терорни блокади. ЕЛАС наплаќаше даноци од богатите и распределуваше храна на народот. Народната милиција, полициската сила на ЕЛАС, ја презеде одговорноста за одржување на редот, апсејќи соработници на Германците и црни трговци. Власта веќе беше во рацете на вооружениот ЕЛАС.  

Копнежот за одмазда на грчката буржоазија и за соборување на гнилиот грчки капитализам можеа да станат реалност. Вистинско револуционерно комунистичко раководство во движењето ЕАМ-ЕЛАС, кое би се обратило до работниците и селаните, до грчките и британските војници, до југословенските и бугарските борци, со паролите на социјалистичката промена и Социјалистичката федерација на Балканот, би ја презело власта и би влијаело одлучувачки на текот на настаните во цела Европа. Но, сталинистичкото раководство на ККЕ веќе беше ветено во Либан и Касера да го потчини ЕАМ-ЕЛАС на буржоазијата и британските империјалисти.  

Да навлеземе малку во климата на тие критични денови. На 6 октомври Политичкото биро на ККЕ, со соопштение-закана ги повика „сите патриоти да покажат највисок степен на дисциплина и самоконтрола“. И продолжи: „Воените злосторници, кои и да се, ќе бидат казнети, но тоа е работа на Националната влада. Избегнувајте самосуди… Станете сега мајстори на јавниот ред… сите обединети за заедно со ЕЛАС и нашите сојузници да го довршиме ослободувањето на Грција под покровителство на Владата на националното единство“.  

На 12 октомври германските нацистички трупи се повлекоа. На 13 и 14 октомври големи маси излегоа на улиците на Атина. Британскиот министер Макмилан подоцна во своите мемоари за тие октомвриски денови напиша: „Ги имаше сите класични елементи на револуционерна ситуација. Владата беше немоќна и се враќаше од долго прогонство без власт и углед“.  

На 14 октомври ЕАМ организира собир на плоштадот Синтагма. Писателот Јоргос Теотокас (Тетратки на дневник 1939-1953, Естија, стр. 509-511), без симпатии кон ЕАМ, го опиша климатот од тој ден: „Атина никогаш не беше видела вакво собрание на народни маси, кои непрестајно го исполнуваа Синтагма, Омонија и целата должина на улиците Стадиу и Панепистимиу и соседните улици со мноштво знамиња и транспаренти. Црвените знамиња денес мислам дека беа повеќе од сино-белите, британските и американските беа малку. Масата беше извонредно организирана за грчка маса и поделена според сектори и професии. Ги опфаќаше луѓе од сите возрасти, кои слепо се покоруваа на паролите што им се даваа преку мегафони и ритмички ги повторуваа некои напамет научени повици. Повикот што доминираше во ова море од луѓе беше: „К-К-Е!“. Пак видов во демонстрацијата свештеници, старици и деца во голем број. Редот го одржуваше ЕЛАС и го одржуваше добро, без речиси никаква интервенција од полицијата… Во воздухот беше Руската револуција… и народот најде еден збор и постојано го повторуваше: „Народна власт“.  

Следниот ден буржоазијата направи свој самостоен настап. Теотокас во истата книга (стр. 512-513) опишува: „15 октомври. Денес буржоазијата одговори. Стравот на антикомунистичките елементи направи чудо и успеаја за една ноќ да организираат голема демонстрација на сите националистички организации, која секако немаше обемот на вчерашната демонстрација. Оваа неочекувана демонстрација на буржоаската сила ги раздразни комунистите, кои прво реагираа со натпревар во викање, а потоа со мали контрадемонстрации. Се разменија горчливи и навредливи зборови. Често се слушнуваа коментари за легендарните „салони на Колонаки“. Навистина, денешната демонстрација беше многу очигледно подобро облечена и поприсутна од вчерашната и вклучуваше доста елегантни жени. Ова е прв пат во овие денови што почувствував во Грција толку интензивно, толку јасно и апсолутно општествена поделеност, атмосферата на класна војна.“ Класните логори се издигнаа еден спрема друг.  

Позади грбот на министрите од ЕАМ, баталјоните за безбедност, фашистичката организација X и целиот парадржав на колаборационисти беа вооружувани од Британците и се подготвуваа за конечната пресметка. Истовремено, британските трупи го сочинуваа вистинскиот столб на владата на „националното единство“, која вреди да се напомене дека спроведуваше политика на штедење и зголемување на цените на основните потрошувачки производи.  

Опозициски колебања

Што правеа најдобрите борци на ЕАМ-ЕЛАС? Дали едноставно се покорија на наредбите на раководството и Кремљ? Сè друго освен тоа. Веќе спомнавме за реакциите на Спогодбата од Либан. Официјалните документи на ККЕ сведочат за постоење на левичарски опозициски тенденции уште од времето на окупацијата. Карактеристично е што Костас Карајоргис во својот извештај на Првата конференција на Тесалискиот регион на ККЕ на 5 мај 1944 истакна:  

„Во текот на целиот период на развојот на нашето движење, под сенката на партизанските сили, постојана беше тенденцијата кон екстремизам, кон власт, кон ЕАМ-држава… и беше потребна постојана будност на партиското раководство за навремено неутрализирање на ваквите тенденции.“

Кулминација на левичарските опозициски расположби дојде од самиот неоспорен водач на ЕЛАС, Арис Велухиотис (и покрај тоа што Сарафис веќе беше изразил несогласување со Спогодбата од Либан). Во ноември 1944, Арис Велухиотис, откако ја исчисти Пелопонез од баталјонистите и фашистичката организација X, ги собра сите капетани во Ламија, поставувајќи го прашањето за непослушност и „подготовка да се судриме сега со Британците“. Но повеќето капетани не се дадоа. Во овој критичен момент, тие сè уште беа заробени во илзии за раководството на ККЕ. Така, Арис се најде политички изолиран.  

Предизвици на отпорот  

Британското воено раководство бараше целосна потчинетост на ЕЛАС, додека раководството на ККЕ едноставно предложи заедничко разоружување и на соработниците на Германците. На 28 ноември, Папандреу поднесе план за создавање „национална армија“ кој предвидуваше вклучување на двете пробритански воени единици (Планинската бригада и Светата чета) во новата армија како засебни тела, а од друга страна – целосно распуштање на ЕЛАС и поединечна регрутација на неговите луѓе. Со овој провокативен чекор, Британците, осигурани со толеранцијата на Сталин и свесни за неподготвеноста на раководството на ККЕ да ја преземе власта, сакаа да го натераат ЕАМ во безизгледен судир за конечно да се решат од него.  

Така, народното незадоволство од насилството и терорите на владата и паравоените соработници на нацистите, во комбинација со асфиктичкиот притисок на Британците за апсолутна потчинетост, го принудија раководството на ККЕ да преземе чекор кон целосен раскол со владата. На 30 ноември, генералниот секретар на ККЕ, Јоргос Сијантос, и Мицос Парцалидис побараа „истовремено распуштање на Планинската бригада“. Предлогот беше одбиен, а на 1 декември Скоуби нареди ЕЛАС да се распушти до 10 декември. Конечно, на 2 декември 1944, раководството на ККЕ ги повлече министрите од ЕАМ од владата.  

Декемвриските настани: херојство на масите и линија на пораз  

Веднаш по оставката на министрите од ЕАМ, на 3 декември, ЕАМ организираше огромна демонстрација. Британските трупи и полицијата безразлично пукаа врз илјадници демонстранти на плоштадот Синтагма. Билансот на нападот беше 33 мртви и над 140 ранети. На 4 декември, сталинистичкото раководство повика на генерален штрајк, надевајќи се дека ќе ги врати Британците на преговарачката маса. Овој пат, главно претепаните поранешни соработници на нацистите, членовите на организацијата X и баталјонистите, го дадоа тонoт на масакрот, под рамнодушниот поглед на советскиот пратеник Попов, кој ги набљудуваше настаните од балконот на хотелот “Велика Британија”.  

Бруталната репресија даде поттик за големо востание, кое раководството на ККЕ се обиде по секоја цена да го контролира и да го задржи во рамките на својата линија. Оскудните сили на ЕЛАС во Атина, заедно со илјадници импровизирани вооружени борци, ги зазедоа полициските станици, ги ставија под своја контрола атинските предградија и ги ограничија буржоаските сили во центарот на Атина, на границите на Колонаки.  

Сепак, водачите на ККЕ, иако главен фокус на репресијата сега беа британските трупи, наредија да не се пука по ниту еден британски војник, туку само по нивните грчки соработници. “Ризоспастис” на истиот ден кога Скоуби му стави ултиматум на ЕЛАС да се повлече од Атина, го поздравуваше масакрот Черчил како “главен протагонист на војната за слободата и независноста на народите”, додека ги осудуваше “антинародните сили што се обидуваа да го влечат народот на антибритански пат”. Но инструкциите на “ослободителот на народите” до Скоуби беа повеќе од јасни: “Постапувајте како да сте во окупиран град” и “Нема мир без победа”.  

Истовремено, сталинистичките водачи, наместо да побараат засилувања, да ги заземат сите градови и да го кренат народот, испратија на 9 декември Велухиотис и Сарафис заедно со главните сили на ЕЛАС во Епир, наводно за да ги ликвидираат силите на Зервас. Всушност, Арис беше отстранет за да не ја оствари заканата дека ќе го движи ЕЛАС кон Атина. Исто така, силите на Капетан Јотис (Харилаос Флоракис) никогаш не влегоа во центарот на Атина. Партизанските единици од Пелопонез, Тесалија и Македонија залудно чекаа наредба да се спуштат кон Атина. Во Солун, еден индиски полк опколен од партизаните на Капетан Маркос Вафејадис, всушност беше оставен да избега и на крајот да ги засили силите на Скоуби.  

До 15 декември, ЕАМ-ЕЛАС беа победници во Атина. Британскиот амбасадор Липер подоцна напиша: “Во текот на првите денови од битката, британските сили кои бројно беа многу послаби, беа ограничени во центарот на градот. Да ЕЛАС покажаа поголема одлучност и побрзаа кон централниот дел на градот, веројатно ќе успееја… За среќа, не се обидоа”.  

Искусниот Генералштаб на ЕЛАС под Арис Велухиотис беше запоставен и заменет со новоформираниот Централен комитет на ЕЛАС. Новото раководство на ЕЛАС сега го имаше за шеф Јоргос Сијантос со неговите соработници, високите офицери Мандакас и Хаѕимихалис, “познати по мрзеливоста на нивното размислување и нивната неодлучност” според Периклис Родакис (“Грција 1941-1945: Војна на герилци и социјална револуција”, Теодорос Куцумбо, изданија Леон). Битката ја водеше само резервниот ЕЛАС и борците на ЕПОН со 20.000 мажи и со малку, лесно оружје. Само 1.500 мажи од редовниот ЕЛАС од Пелопонез учествуваа во битката.  

Младите партизани ги ставија искусните трупи на Британската империја во исклучително тешка позиција. Сепак, дури и така, ЕЛАС во Атина заедно со херојскиот народ на главниот град можеше да ја добие битката, да ја фрли целата тежина на нападот против британските сили. Но имаше случаи кога единици на ЕЛАС спонтано апсеа британски војници или цели нивни воени единици, и беа наредени од раководството да ги ослободат. Покрај тоа, кога самиот Черчил беше принуден да дојде во Атина за да ја надгледува битката, ЕЛАС-овците ископаа тунели и поставија големи количини експлозиви под хотелот “Велика Британија” каде што беше сместен британскиот премиер. Но тие никогаш не беа активирани.  

На крајот, Скоуби имаше сè потребно време да добие засилувања, и така премина во контранапад. Од 15 до 25 декември беа извршени 1.650 летови од Италија со кои беа префрлени британски војници и воен материјал. Неспремноста на раководството на ККЕ да го победи противникот, во комбинација со зголемувањето на британските сили, ја отклони скалата на штета на движењето. Во меѓувреме, ОПЛА ескалираше со чистки против секој што се противеше на предавничката сталинистичка политика, пред сè на троцкистичките борци, убивајќи десетици од нив…  

На крајот на декември, Сталин активно помогна да се задуши револуцијата во крв. На 29 декември 1944, советскиот министер за надворешни работи Вишински, стариот меншевик кој го прогонуваше Ленин летото 1917 како предавник на Германците и Главен обвинител во Московските судења, ќе го повика грчкиот амбасадор во Москва и официјално ќе ја објави назначувањето на советски амбасадор во Атина. Тоа беше експлицитно признание од советската бирократија на владата на Ј. Папандреу и на свршениците на поразот на херојскиот Декември.  

По варварските британски бомбардирања на работничките квартови, конечно ЕЛАС се предаде. На 5 јануари 1945, по 33 дена нееднаква битка, ЕЛАС ја напушти Атина. Народна армија чиј најголем дел всушност не учествуваше во битката, на крајот беше принудена да биде поразена и понижена.  

Грчката буржоаска реакција и Черчил го обвинија ККЕ дека во декември 1944 се стремеше кон превземање на власта. Едноставен поглед на настаните, сепак, не остава сомнение дека раководството на ККЕ никогаш не сакаше да ја преземе власта. Едноставно го користеше движењето како средство за притисок за подобра удел во буржоаската власт.  

Сталинистичкиот срам од Варкиза  

Сепак, во почетокот на 1945 година, во остатокот од Грција доминираше ЕЛАС со борбена сила од над 75.000 луѓе. Значителна битка беше изгубена, но не и војната. Раководството на ККЕ требаше да ги реорганизира силите на движењето и да го подготви судирот со британскиот империјализам. Тој, поради битките на Западниот фронт, не можеше да испрати неограничени сили во Грција. Меѓутоа, раководството одлучи да ја заврши својата потчинетост. На 11 јануари 1945 година потпиша примирје со владата на Никос Пластирас, со кој Британците го заменија веќе исцрпениот Папандреу.  

На 2 февруари 1945 година во Варкиза, поточно во вилата на десничарскиот политички водач Панајотис Канелопулос, по долги дискусии и многу колебања на претставниците на ККЕ-ЕАМ, Сијантос потпиша на 12 февруари Спогодба. Таа предвидуваше ЕЛАС да предаде 41.500 пушки, 2.015 митралези, 163 бацачи и 32 топови, додека изборите и референдумот за монархијата требаше да се одржат „во соодветно време“. Спогодбата претставуваше целосна и срамна потчинетост. „Политичките престапи на моралните извршители“ (т.е. на раководството) беа амнестирани. Другите „престапи“ (на обичните борци), „обичните“ ќе бидат прогонувани. Со други зборови, водачите беа ослободени, а обичните борци беа предадени на канџите на реакцијата. Илустративно, од Спогодбата од Варкиза до март 1946 година, реакцијата изврши 1.300 убиства, 6.600 повредувања, 31.600 мачења, 600 обид за убиство, 300 силувања, 18.800 затворања и 85.000 апсења.  

Подоцна, Сијантос ќе биде обвинет од страна на главниот првосвештеник на грчкиот сталинизам, Никос Захаријадис, како агент. Агент навистина беше, но не на Британија. Како и целото останато раководство, заедно со Захаријадис, сите тие беа „агенти“ на политиката на сталинистичката советска бирократија. Овие водачи го направија истото како и водачите на италијанската и француската КП, кои влегоа во владите на „националното единство“ на Бадолио и Де Гол, соодветно, и исто така ги разоружаа партизаните.  

Во сенката на Јалта  

Спогодбата од Варкиза беше потпишана во сенката на Конференцијата во Јалта, меѓу Сталин, Черчил и Рузвелт. Таа започна на 5 февруари 1945 година и таму беше финализиран поствоениот поредок. Карактеристично е што Черчил, прашан од новинар за текот на преговорите во Јалта, му се заблагодари на „маршалот“ Сталин „затоа што не покажа преголем интерес за грчките работи“.  

На 24 април 1945 година, Ј.В. Сталин, одговарајќи на писмо до Черчил, напиша:  

„…Не знам дали во Грција е формирана вистински претставничка влада и до колку владата во Белгија е навистина демократска. Советскиот Сојуз не беше прашан кога се формираа овие влади. Советската влада не постави барање да се меша во овие работи, бидејќи ја сфаќа целата важност што Белгија и Грција ја имаат за безбедноста на Велика Британија“ („Втората светска војна – кореспонденција Сталин – Черчил – Рузвелт – Труман“, изданија „Мелиса“).  

Влијанието на Јалта врз Варкиза, иако го негираат сталинистите, беше клучно. На 11 февруари, пред да ја стави својот потпис на Спогодбата од Варкиза, Г. Сијантос во интервју со претставници на меѓународниот печат се повика на духот на Спогодбата од Јалта, велејќи:  

„Бидејќи големите сојузници одлучија (мислејќи на Јалта) дека присуството на британската војска во Грција е корисно, тоа значи дека е така. Веруваме дека судирот меѓу ЕЛАС и Британците е резултат на една тажна несогласица, која, се надеваме, ќе биде заборавена.“  

Неколку месеци подоцна, Захаријадис ја одобри и официјално Варкиза, нагласувајќи од страниците на „Ризоспастис“ дека Спогодбата од Варкиза мора да се изврши брзо и 100%, и дека „ако некој во нашите редови во градовите или планините сè уште се спротивставува, ние отворено ќе го удриме и ќе го истераме“. Ова беше линијата на предавство и изолација на Арис Велухиотис, која доведе до неговата тажна смрт на 16 јуни 1945 година.  

Од тогаш, сталинистите постојано ја користат изговорката за „неповолен сооднос на силите“. Не може да има поголема лага од оваа. На крајот на 1944 и почетокот на 1945 година, соодносот на силите за грчката работничка класа беше подобар отколку некогаш. Црвената армија напредуваше неодоливо на сите фронтови. Југословенската револуција маршираше кон победа. Енвер Хоџа во Албанија ја презеде власта и покрај британските закани, иако силите што ги имаше на располагање беа многу помали од оние на ЕЛАС. Британските и американските империјалисти се натпреваруваа за првенство во глобалниот империјалистички систем. Контранападите на Германците во Белгија и Италија не им дозволуваа на Британците да испратат многу засилувања во Грција.  

Ако, тогаш, ККЕ се потпреше на огромното движење на ЕАМ-ЕЛАС, можеше да ја преземе власта. Но, неспособните негови водачи ја потчинија масовната организација на интересите на сталинистичката советска бирократија, која трепереше дека комбинацијата на револуционерни победи во Југославија, Италија и Грција ќе претставува „опасен“ пример за советската работничка класа, од која бирократијата ја присвои власта.  

автор: Стаматис Карајанопулос

оригинал на грчки: Αντίσταση-Δεκεμβριανά-Βάρκιζα: πώς ο σταλινισμός πρόδωσε την ελληνική επανάσταση

ИнтернационалаОпштоТеорија

Царинската програма на Трамп го зајакнува стремежот кон протекционизам во светската економија

Никлас Албин Свенсон 28 март 2025

Трамп ќе го објави својот нов царински пакет на како што го нарече „денот на слободата“. Коментаторите, политичарите, дипломатите и извршните директори се борат да разберат што доаѓа следно. Трамп, како што е карактеристично за него, ги држеше сите во исчекување. Но, иако деталите не се јасни, насоката на движењето е очигледна. Трамп подготвува бомба со соопштение за 2 април. Неговите царини за автомобили, објавени на 26 март, веќе предизвикаа нервоза на пазарите, особено меѓу европските и азиските автомобилски марки кои силно зависат од американскиот пазар.

Трамп навидум се одлучи на 25 проценти како добра стапка за царини. Тој најави царини на ова ниво за Мексико, за Канада, за челик, алуминиум, а сега и за автомобилската индустрија. Сосема е јасно која е неговата цел: тој сака да ги принуди компаниите да го преселат производството во САД и тоа не само склопувањето на возилата, туку и целокупното производство на сите нивни составни материјали и делови. И не само за автомобилите, иако тоа е особено важен дел од светската економија, туку и за фармацевтските производи итн.

Додека Мексико и Британија се обидоа да се додворат на Трамп за отстранување на царините, Кина, ЕУ, Јапонија и Канада се подготвуваат да одговорат на реципрочен начин, истовремено, Трамп постојано се заканува дека ќе возврати на одговорот со нови царини, вклучително и среде ноќта на 26 март. Ова е рецепт за трговска војна. Се разбира, ова не би била првата трговска војна во која се впушти Трамп. За време на неговиот прв мандат тој влезе во една таква војна со Кина, но, овој пат, не е само Кина во прашање, туку целиот свет.

Што се случи во 1930-тите

Се подвлекуваат непосредни паралели со 1930-тите, бидејќи реално и постојат. После крахот на Волстрит во 1929 година, САД и европските нации прибегнаа кон протекционизам во обид да ја извезат кризата. Соединетите Американски Држави во 1930 година го воведоа Законот за царини на Смут-Холи, зголемувајќи ги царините во просек од 20 проценти. Овој закон, како и контрамерките преземени од другите нации, доведоа до колапс на извозот и увозот на САД. Слично како и сега, Канада беше погодена и возврати. Не е случајно што Трамп сега користи некои заборавени мерки од тој закон за да го наметне овој најнов круг на царини.

Првично, законот ефектуираше заживување на американската економија, но, како што се засили рецесијата во 1931 година по колапсот на банката Кредитаншталт во Австрија, ефектите на кризата станаа уште посилни. Извозот и увозот на САД паднаа за околу две третини, а до 1932 година индустриското производство се намали за 46 проценти.

Може ли да се повтори Великата депресија од 1930тите?

Многу европски земји го следеа примерот. Британија воведе империјално предимство во 1932 година, што го отежна извозот кон Британија на државите вон Британската империја, а другите земји, како Франција, отидоа уште подалеку во нивниот протекционизам.

Но, формалните трговски бариери не беа единствениот дел од новите трговски односи. Една по друга, земјите го напуштаа златниот стандард. Односно, тие го напуштија фиксниот девизен курс помеѓу валутата (фунта, долар, франк итн.) и златото. Напуштањето на златниот стандард значеше колапс на вредностите на валутите, со што земјите во прашање добија конкурентска предност во однос на нивните ривали. Затоа, не е изненадувачки што тие земји кои најдолго се држеа до златниот стандард (Франција, САД) мораа да посегнат кон повеќе протекционистички мерки. Троцки го истакна ова во 1934 година: „Напуштањето на златниот стандард ја распаѓа светската економија далеку поуспешно отколку тарифните ѕидови“.

Севкупно, светската трговија падна за 66 отсто, што беше катастрофален удар за светската економија. Тоа беше пресликано со колапс на индустриското производство во Германија за 41 отсто, во Франција за 24 отсто и во Велика Британија за 23 отсто. Истовремено, поради масовната невработеност и колапсот на економијата, падна и цената на производите, што ја влоши ендемската криза на прекумерното производство – хиперпродукција. Кризата, се разбира, не се должеше на протекционизмот, туку напротив, протекционизмот беше последица на кризата, кој потоа уште повеќе ја влоши самата криза.

Ограниченоста на националната држава 

Причината за ова лежи во самиот развој на економијата. Во многу наврати, марксистите истакнуваат дека како што се развиваат производните сили (машини, наука, технологија, образование итн.), тие доаѓаат во судир со ограниченоста на националната држава. Ленин ја истакна оваа идеја во Империјализам: Највисокиот стадиум на капитализмот. Тој во таа книга објасни како империјализмот се развива кога монополите ги надраснуваат националните пазари. Она што се обидуваа да го направат политичарите, под притисок на кризата, беше да го вратат часовникот назад. Постои јасна паралела со денешницата. Троцки пишуваше за залудниот обид:

„Прогресивната задача – како да се присвои арената на економските и општествените односи со новата технологија е превртена наопаку и се чини дека е проблем како да се ограничат и скратат производните сили за да се прилагодат на старата национална арена и на старите општествени односи. На двете страни на Атлантикот се троши огромна ментална енергија во обид да се реши фантастичниот проблем за тоа како да се врати крокодилот назад во кокошкиното јајце. Ултрамодерниот економски национализам е неповратно осуден на пропаст од сопствениот реакционерен карактер; ги успорува и намалува производните сили на човештвото“.

И токму тоа беше ефектот од различните мерки што ги преземаа владите. Обидувајќи се да го вратат назад развојот на производните сили, затворајќи ги во националната држава, односно националниот пазар, тие успеаја, не да ја оживеат економијата, туку да ја потонат во депресија. На крајот, економијата заживеа – по огромното  уништување на производствени сили за време на Втората светска војна, и со помош на Социјалдемократските и Комунистичките партии во стабилизирањето на капитализмот. На Запад, американскиот империјализам излезе од војната како доминантна сила, а економијата најде нова рамнотежа. САД ги убедија францускиот, германскиот и британскиот империјализам да соработуваат со цел да се обнови Европа по војната. Беше воспоставена нова институција задолжена за отворање на пазарите, т.н. Општа спогодба за царини и трговија (ГАТТ), која постепено се разви во Светска Трговска Организација (СТО). Во Европа беше основана Заедницата за јаглен и челик. Троцки веќе ја истакна оваа економска неопходност во 1923 година:

„Во срцето на [Првата светска] војна лежеше потребата на производните сили за поширока арена на развој, непречена од тарифните ѕидови. Слично на тоа, во окупацијата на Рур, толку смртоносна за Европа и за човештвото, го гледаме искривениот израз за потребата за обединување на јагленот на Рур со железото од Лорен. Европа не може економски да се развива во рамките на државните и царинските граници наметнати во Версај. Европа е принудена или да ги отстрани овие граници или да се соочи со заканата од целосно економско распаѓање. Но, методите усвоени од владејачката буржоазија за надминување на границите што самата ги создаде, само го зголемуваат постоечкиот хаос и го забрзуваат распаѓањето“. (Дали слоганот „Соединетите европски држави“ е навремен?)

Веќе во 1923 година, Троцки ја предвиде економската потреба од ваквото економско единство, кое ги обедини индустријата за јаглен и челик во Франција, Западна Германија, Холандија и Белгија. Тоа беше така затоа што во малите нации во Европа, ограничувањата што националната држава ги поставуваше на развојот на економијата беа уште поголеми.

Како што знаеме, Заедницата за јаглен и челик се покажа недоволна. Со текот на времето, исто како ГАТТ, таа го прошири својот досег и стана прво Европската Заедница, а потоа Европската Унија. На секој чекор, американскиот империјализам беше присутен и ја поддржуваше понатамошната интеграција на Европа, бидејќи тоа им одговараше во тој период. Причината зошто првичниот ограничен опсег на овие организации мораше да се прошири не е тешко да се разбере, ако се тргне од гледна точка дека производните сили, како што се развиваат, на крајот ја надраснуваат националната држава.

Односно, како што се развиваа монополите во Европската Унија, во новите растечки индустрии кои се појавија, како што се производството на автомобили и хемикалиите, тие се напрегаа заради ограниченоста на националната држава и бараа излез на европскиот пазар. Затоа, овие индустрии имаа потреба од отстранување на бариерите една по друга. А бидејќи економијата генерално беше во пораст, постоеше можност за одредена пријателска поделба на профитот. Ова беше особено точно бидејќи САД, со најнапредните и најпродуктивните индустрии, и понатаму притискаа во насока на понатамошна либерализација на трговијата.

Во текот на 1950-тите и 60-тите години, продуктивноста и платите растеја. На работниците на Запад можеше да им се овозможи животен стандард каков што не виделе дотогаш. Но, сето ова беше токму затоа што производните сили можеа да продолжат да се развиваат под режим на зголемена специјализација, зголемена слободна трговија, итн. Светската поделба на трудот беше од суштинско значење за континуираниот развој на производните сили / Слика: Јавен домен

Капиталистичката класа во најголем дел имаше корист од овој нов режим. Тоа беше режим на релативна политичка и социјална стабилност. Профитот беше доволно висок за да може да им се дадат значителни отстапки на работниците. А исто така, Советскиот Сојуз постоеше како сеприсутна закана.

Нов подем на економијата беше можен во овие услови и во овој режим. Продуктивноста на трудот масовно се зголеми по сите параметри. Во текот на 1950-тите и 1960-тите години, ова беше придружено со соодветен реален пораст на платите. Бидејќи продуктивноста се зголеми, на работниците на Запад можеше да им се овозможи животен стандард каков што немале видено дотогаш: куќи, автомобили, телевизори, образование, здравство, пензии итн. Но, сето ова беше бидејќи производните сили можеа да продолжат да се развиваат под режим на зголемена специјализација, зголемена либерализација на трговијата, итн. Светската поделба на трудот беше од суштинско значење за континуираниот развој на производните сили.

Заедно со овој развој природно дојде до развојот на огромни монополи кои доминираа на светскиот пазар. Најнепродуктивните компании – кои беа неефикасни и без најнапредните машини – банкротираа или беа откупени од нивните поголеми ривали. Овде нема детално да се занимаваме со ова прашање, но доколку погледнеме во која било значајна индустрија – било да е тоа суровини, компоненти или готови производи – денес се останати само неколку од тие компании. Но, спротивно на соништата на застапниците на слободниот пазар, токму слободната конкуренција ги раѓа овие монополи.

Протекционизмот денес

По однос на денешното прашање, живееме во свет далеку поразвиен и повеќе економски интегриран отколку во времето на Троцки. Од 1960 година па наваму, светската економија реално порасна за приближно осум пати. Обемот на светската трговија, пак, порасна за околу 20 пати, а вредносно уште повеќе.

Кога САД ја започнаа својата протекционистичка политика во 1930 година, односот на трговијата кон БДП беше околу 9 отсто, а сега е поблиску до 25 отсто. За производството е уште поистакнато. Вредноста на индустриското производство во САД е 2,3 илјади милијарди долари, но вредноста на извозот на американските производи е 1,6 илјади милијарди долари. Тоа не значи дека 70 отсто од произведените стоки се извезуваат  (некои компоненти можат повеќе пати да ја преминат границата пред да завршат во конечниот производ), туку тоа го покажува степенот на интеграција на производството со светскиот пазар. Според ова, кога САД и остатокот од светот повторно се впуштаат во нови протекционистички авантури, тоа го прават од поразлична почетна точка. Ако тие сакаат, како што рече Троцки, „да се врати крокодилот назад во кокошкиното јајце“, тогаш со себе ќе повлечат огромно уништување на производните сили и невидена беда.

Буржоаските економисти добро го знаат овој факт, поради што се изјаснија „никогаш повеќе“ за протекционизам. Но, како и многу други од нивните „никогаш повеќе“, како на пример печатењето пари, мораа да отстапат пред развојот на меѓународните и класните антагонизми. Трамп не го измисли протекционизмот. Денес има 4.650 увозни ограничувања помеѓу земјите од Г20, според Глобал Трејд Алерт, што е 10 пати повеќе од 2008 година. САД се обидуваат да ги скратат крилјата на кинеската економија, нешто што се обидуваат да го направат уште од 2018 година. Во САД и ЕУ има царини за електрични возила од Кина. Тука е и Законот за намалување на инфлацијата на Бајден, разни обиди за субвенционирање на домашното производство на чипови итн. Сето ова му претходеше на вториот мандат на Трамп. Додека во еден историски период светската трговија растеше побрзо од светската економија, сега веќе не е така.

Трговската војна на Трамп е секако забрзување во оваа насока. Никој не знае до каде ќе оди оваа војна, но агенцијата Фич Рејтингс шпекулира дека американските царини во просек може да достигнат до 18 отсто, од досегашните 8 отсто, што би било највисоко ниво од 1934 година. Плановите на Трамп создаваат специфични потешкотии за светската економија, чија логика не е само да се наметнуваат царини на крајниот производ (како автомобилите), туку сеопфатно на сите компоненти на производот. Ова ја зголемува можноста да се биде погоден, не само од еднократна царина од 25 отсто, туку да мора да се плати повеќекратно, во различните етапи на производниот процес.

Детроит Фри Прес ја пренесува следната анализа:

„Секогаш кога некој дел ќе премине граница, ќе се оданочува, рече тој. Примерот кој го даде Абуелсамид е за производител на автомобили кој одби да го именува. Тој му кажал дека материјалите за правење жичани појаси ги добива од Јапонија. Тие материјали одат во Мексико за да се направат во жици, а потоа тие појаси се испраќаат во Тексас за да се прикачат на воздушно перниче. Дури потоа возилото се испраќа назад во САД“.

Кога автомобилската индустрија проценува дека на крајот може да се додаде нешто помеѓу 4000 и 12000 долари на цената на автомобилот, ова е она на што тоа се однесува. Всушност станува збор дека ефективно се оданочува двапати. Ова исто така ќе значи дека американските извозници ја губат способноста да се натпреваруваат на светскиот пазар, бидејќи мора да ги оданочуваат нивните компоненти повеќекратно пред да ги извезат.

Она што го прават овие царини, а што е веројатно сосема намерно од гледна точка на Трамп, е да ги размотува глобалните синџири на снабдување. Но, ова е исклучително скапо да се направи. БМВ, на пример, има три главни фабрики во Европа кои произведуваат мотори, а секоја од нив е специјализирана за одредени мотори за одредени модели на автомобили. Изградбата на друга фабрика за производство на мотори само за американскиот пазар би била исклучително скапа. Истото важи и за кој било друг дел од автомобилот, кој веќе не е произведен во САД. Било какви контрамерки од ЕУ, Кина и Јапонија кои ќе влијаат на компонентите произведени во САД неизбежно ќе ја влошат ситуацијата уште повеќе. Долгорочниот ефект од ова ќе биде туркање на инфлацијата нагоре, предизвикувајќи уште поголема беда за работничката класа.

Пролетерската позиција

Кои се интересите на работничката класа во сето ова? Водачот на американскиот синдикат на автомобилски работници УАВ, Шон Фејн, го поздрави Трамп „што се реши да стави крај на катастрофата со слободната трговија која со децении ги уништува заедниците на работничката класа“. Секако дека тој е донекаде во право. Растурањето на индустриската база на Мичиген имаше разурнувачки ефект врз целиот регион. Но не може духот да се врати во шишето, а обидот на Трамп да го стори тоа ќе има катастрофални последици.

Исто така не можеме да браниме политиката на слободна трговија затоа што таа нè доведе до сето ова. Политиката на слободна трговија е политика на затворање фабрики, уништување на заедници, со ветување дека на крајот сѐ  ќе биде подобро. Германските социјалдемократи, во пресрет на победата на Хитлер, изнесоа токму таква луда политика. Кризата нека ја разора работничката класа – на крајот се ќе биде подобро. Само, патот до економската рамнотежа помина низ фашизмот и светската војна. Денес тоа не е на повидок во блиска иднина, но мизеријата што ја носи капитализмот со слободната трговија можат да ја видат сите.

Троцки точно укажува како крајот на слободната трговија е поврзан со самата криза: „Слободата на трговијата, како слободата на конкуренцијата, како и просперитетот на средната класа, припаѓа на неповратното минато. Враќање на минатото, е сега единствената тактика на демократските реформатори на капитализмот“.

И двете страни на оваа дебата – застапниците на слободниот пазар и протекционистите – сакаат да го вратат општеството во неговата преткризна состојба, но ниту една од нив не може да го оствари тоа. Ниту враќањето на слободната трговија, ниту поставувањето нови царински бариери нема да ја решат кризата. Вистината е дека токму развојот на производствените сили и светскиот пазар го направија националниот капитализам невозможен и ја создадоа најобемната економска криза што светот некогаш ја доживеал. Состојбата е таква каде производствените сили се во бунт против националната држава и приватната сопственост. Завршниот збор му го даваме на Троцки:

„Затоа, за да се спаси општеството, не е неопходно ниту да се ограничува развојот на техниката, да се затвораат фабрики, да се доделуваат премии на земјоделците за саботирање на земјоделството, да се претвори третина од работниците во просјаци, ниту да се повикуваат манијаците да бидат диктатори. Ниту една од овие мерки, кои се шокантно исмејување на интересите на општеството, не се неопходни. Она што е неопходно и итно е да се одделат средствата за производство од нивните сегашни паразитски сопственици и општеството да се организира во согласност со рационален план. Тогаш навистина би било можно општеството да се излечи од неговите болести. Сите кои можат да работат би нашле работа. Работниот ден постепено би се намалувал. Желбите на сите членови на општеството би обезбедиле поголемо задоволство. Зборовите „имот“, „криза“, „експлоатација“ би испаднале од употреба. Човековиот род конечно би го преминал прагот во вистинско човештво“.

Царините на Трамп означуваат нова турбулентна ера

Финансиските пазари беа потресени од вчерашната објава на Трамп за царини (текстот е објавен на 3 април 2025 година). Самодовербата на колективната капиталистичка класа доби голем удар бидејќи Трамп ги наметна највисоките царини од 19 век. С&П 500 падна за 3%, Насдаг 4%. Акциите на Ејпл паднаа за 8%, Најк за 11%, Ралф Лорен за 12%, Нвидиа за 5%, итн. Сите што увезуваат од Југоисточна Азија беа тешко погодени, почнувајќи од индустријата за облека. Виетнам, Камбоџа, Лаос, Шри Ланка, Бангладеш, Индонезија и Мјанмар беа цел на царини меѓу 35 и 49 проценти. Ова ќе има големо влијание врз целата економија во тој регион. Повеќе од една третина од извозот и на Виетнам и на Камбоџа е наменет за американскиот пазар.

Падот на берзите откри дека царините биле полоши од очекуваното. 10 проценти на целиот увоз, плус селективно повисоки царини за сите големи американски трговски партнери, во зависност од тоа како сметате, ќе остави просечна царинска стапка од 29 проценти ако верувате во Еверкор ИСИ или 18 проценти ако верувате во Голдман Сакс. Во секој случај, како што истакнува Голдман Сакс, веројатно ќе се зголеми бидејќи секторите како бакар, фармацевтски производи, полупроводници и дрва добиваат свои царини. Влијанието врз светската економија ќе биде сериозно, бидејќи повеќето земји имаат значителна трговија со САД. Шест отсто пад на цената на нафтата ја открива загриженоста кај трговците со нафта дека на повидок е рецесија.

Очекувано, американските трговски партнери не се задоволни од царините, но беше јасно дека се плашат од влегување во трговска војна со САД и последиците што ќе ги донесе. Италија и Шпанија повикаа на „конструктивни преговори“. Владата на Обединетото Кралство ги „советува“ извршните директори за одмазда. Јапонија е исто така релативно тивка. Релативно ограничениот моментален одговор ја одразува неподготвеноста на владите да нанесат дополнителна штета на сопствените економии со наметнување дополнителни трговски мерки. Но, како што состојбата продолжува да се влошува, или оваа или следната година, ќе се воведат нови мерки. Во 1930-тите, сите протекционистички мерки не беа воведени одеднаш, туку постепено, од земја во земја, како што кризата се влошуваше, владите се менуваа итн.

Јужнокорејската влада, која се обидува да му се допадне на Трамп, се обидува да го реши проблемот со субвенционирање на своите индустрии, префрлајќи ги трошоците на јужнокорејските работници. Ова е уште една мерка во рацете на буржоазијата на погодените земји. Преку директни субвенции или напади на работните услови, буржоазијата може да се обиде да ги притисне сопствените работници како одговор. Трамп, исто така, ја носи дома „болката“ што ја вети за американската економија. Стелантис најави 900 привремени отпуштања во САД во пет фабрики. Бидејќи цената на производите произведени во САД се зголемува поради царините, американските потрошувачи ќе престанат да трошат, чекајќи подобри времиња. Автомобилската индустрија сега е длабоко загрижена за царините за увозните компоненти што им се потребни за склопување автомобили во САД. Ќе бидат погодени и извозните индустрии, прво од шок на сопствените трошоци, а потоа од одмазднички мерки. Згора на тоа, големите царини се очекува да додадат околу 2,5 отсто на годишната инфлација, намалувајќи ја куповната моќ на американските работници.

Колку далеку и колку длабоки ќе бидат ефектите од ова не е познато. Но, расплетот на 80-годишната трговска интеграција ќе има огромни импликации за светската економија. Загрозени се сите придобивки од светската трговија: поголема продуктивност, поевтини производи итн. Сега ќе има уште пожестока конкуренција на светскиот пазар бидејќи американскиот пазар станува сè потешко пристапен, а потрошувачите загрижени за иднината се воздржуваат од своето трошење. Колку време ќе биде потребно пред болната ЕУ да воведе дополнителни царини, не само за САД, туку и за Кина и другите земји, со цел да се запре „дампингот“?

Нема сомнеж кој ќе ја плати цената на оваа криза: работничката класа. Работничката класа ќе мора цврсто да се бори против претстојниот напад: против затворањето на фабриките, против нападите врз платите и условите, против кратењето на социјалните трошоци итн. Интензивирањето на меѓународниот конфликт ќе се одрази во интензивирањето на класната борба.

оригинал Trump’s tariff programme deepens protectionist tendencies in world economy

БалканМакедонија

Соопштение на РКС: Пожарот во Кочани

Изразуваме сочувство со болката од загинатите во пожарот во Кочани. Бесни сме што не можеме да направиме ништо повеќе од соопштение.

Во овој момент да се потсетиме дека загинаа деца како да сме во некоја војна. И навистина сме во војна, во една граѓанска војна во која умираат или се жртвуваат припадници од обичниот народ.

Да видиме што се случуваше во минатото.

Изгореа пациенти во пожар во монтажните болници во Тетово – одговорниот министер стана претседател на партија, а фабрикантот што ги продаде монтажните бараки продолжи со бизнисот. 

Се удавија луѓе во Охрид – криво беше езерото што има вода и никој не одговараше.

Загинаа луѓе во несоодветен автобус  – обвинија возач, го осудија, газдата отиде на одмор.

Проценките се дека 4 илјади умираат годишно поради загадниот воздух – министерството за животна средина е место каде паразитираат партиските полтрони. Плус, Македонија ќе увезува ѓубре кое нема шанси да го преработи туку ќе го пали. Велат дека 10 отсто од заболените од рак на бели дробови, агресивен и смртоносен рак, е поради неквалитетниот воздух.

Не работат болниците низ Македонија ни за рендген ни за магнет. Наместо инфузија, се става средство за чистење за да се убие пациентот. Крадат лекови на Онкологија, нема лекови на другите клиники, се плаќа мито за операции. 

Паѓаа авиони. Се газат девојки и момчиња насекаде во државата, се вози на диво.

Убиени, силувани и малтретирани се жени и девојки од своите сопрузи – државата не ги заштити.

И веста на 16 март 2025 дека минимум 59 загинаа во пожар и подлегнаа на последиците. Над 140 се со изгореници, можеби трајно оштетени. 

Зошто? Затоа што инспекторите се партиски поставени, а не стручни и независни. Зависат од милоста на власта, а не служат на народот. Затоа што буржоаските партии, без согласност на мнозинството, го кројат секој сегмент на животот, а мнозинството не може да ги промени. Работничката класа нема водачи, нема своја програма и своја партија и е на ниво разградена и подделена да со неа владејат и послаби и понеспособни од неа.

Судството остана банда на корумпирани слуги на извршната власт. Собранието е само дрдорница без нешто да направи спротивно на вистинската власт, бизнис елитата и нивната Влада. Владата на РСМ е неспособна да направи промени против корупцијата веќе 30 и повеќе години. Таа е само алатка на странските сили и домашните тајкуни.

Бизнисмените, оние милионерите, се богатат со екстра добивки нонстоп на сметка на работничката класа со неплаќање на даноци и со суперексплоатација каде не плаќаат за просто одржување во живот со најниски плати во бивша Југославија.

Државата е неспособна да ги обезбеди луѓето, да им гарантира сигурност, слобода и развој. Ние, комунистите сфаќаме дека вината е во системот, во бесполезните либерални институции како Собранието, Уставниот суд, Владата со министерствата и своите инспекторати и полицијата што само е сведок и хроничар на злосторствата. Вината е во капитализмот и неговата илузија дека може да се изгради нешто попрогресивно, поразумно и покултурно. Нема. Системот е расипан и против луѓето и му нема спас ниту тука на периферијата ни во развиениот Запад.

Интернационала

Последиците од неуспешниот обид на Израел да ја уништи Газа

Во Газа засега пушките замолкнаа. По петнаесет месеци, договорот за прекин на огнот донесе пауза во немилосрдното геноцидно убивање на десетици илјади Палестинци и речиси целосното уништување на палестинската енклава од страна на државата Израел.

Првото нешто што треба да се забележи е ова: Палестинците не се поклонија ниту се предадоа дури и додека стоеја таму, практично без одбрана, под непрестајниот напад на една од најсмртоносните воени машини во светот. Израел, од друга страна, со своите авиони, бомбардери, проектили, тенкови, беспилотни летала и поддршката на американската војска и другите западни војски, не успеа да спроведе ниту една од наведените воени цели. Така, да ги парафразирамe зборовите на Хенри Кисинџер, тие ја загубија војната затоа што не успеаја да ја добијат. Ова има важни последици кои мора да се анализираат.

За почеток, застојот несомнено ќе внесе чувство на олеснување помеѓу Палестинците и милиони работници и млади кои застанаа во солидарност со нив. Исто така, многу Израелци ќе го слават крајот на непријателствата и нестабилноста што тие ја носат, заедно со враќањето на заложниците. Сепак, олеснувањето нема да спречи да се постави критичкото прашање: за што беше сето тоа? И, дали го носи крајот на повеќедецениското угнетување на Палестинците?

Уништување

Откако поминаа 15 месеци поддржувајќи ја, финансирајќи и вооружувајќи ја израелската воена машина, Џо Бајден и другите европски лидери брзо си честитаа и цинично се радуваа на изгледите за мир. Но, каков точно мир помогнаа овие луѓе да се подготви за Палестинците?

По една година немилосрдно бомбардирање, размерите на уништување во Газа не се ништо помалку од катастрофални. Официјалниот број на загинати е над 46 илјади, од ​​кои 13 илјади се деца. Сепак, овие бројки се потценување на вистинскиот обем на масакрот. Студијата објавена во Лансет, угледно медицинско списание, проценува дека до октомври 2024 година, вистинската директна и индиректна смртност веројатно надминала 70.000 и, како што не информира и Лансет, веројатно би можела да биде поголема од 186 илјади.

Покрај непосредната загуба на животи, војната нанесе длабоки рани на општественото ткиво на Газа. Над 90 отсто од населението, неверојатни 1,9 милиони луѓе, се раселени од своите домови. Здравствените установи беа постојано цел на напади, со документирани над 650 напади, што резултираше со смрт на повеќе од 1000 здравствени работници. Образовниот систем е во урнатини, при што 95 отсто од сите училишта и сите универзитети се оштетени или уништени, оставајќи 660 илјади деца без пристап до формално образование.

Според ОН, во јануари 96 отсто од децата под две години не ги добивале потребните хранливи материи. Вкупно, 345.000 жители на Газа се соочија со катастрофален недостиг на храна, а 876.000 се соочија со вонредни нивоа на несигурност на храна.

Неодамнешната програма на БиБиСи прикажа застрашувачка слика за секојдневниот живот во Газа, каде што семејствата бараат отпадоци за да ги продадат за храна, а децата се принидени да се изложат на отворено, ранливи на напади од диви кучиња.

Кумулативното влијание на војната се протега многу подалеку од физичкото уништување. Распространетата неухранетост, колапсот на санитарните системи и психолошката траума нанесена врз населението ќе имаат трајни последици за генерациите што доаѓаат.

Договорот

Следејќи ја црвената нишка низ овој конфликт, самиот договор за прекин на огнот и начинот до кој дојде, го илустрира ладнокрвниот цинизам на израелскиот империјализам и неговите поддржувачи на Запад.

Договорот опишува процес во три фази чија цел е решавање на клучните прашања и враќање на стабилноста. Првата фаза се фокусира на размена на затвореници, при што 33 израелски заробеници беа ослободени во замена за околу 1.700 Палестинци. Меѓу оние што ќе бидат ослободени има над 1.000 приведени без обвинение или судење по 7 октомври 2023 година. А сепак оние што ги држеше Хамас се нарекуваат „заложници“, а израелските заробеници западниот печат ги нарекува „затвореници“, но и тие беа заложници. Израел, исто така, ќе започне со повлекување на војниците од населените области во Газа, а преминот Рафа со Египет повторно ќе биде отворен за хуманитарна помош.

Втората фаза има за цел целосно израелско повлекување од Газа и ослободување на сите преостанати израелски заробеници. И конечно – ако некогаш стигнеме толку далеку! – ќе има трета фаза каде ќе бидат вратени телата на израелските заробеници кои загинале и ќе се спроведе долгорочен план за реконструкција на Газа.

Но, ова покренува некои важни прашања. Договорот во сите негови клучни елементи е токму истиот договор што Хамас се согласи да го поддржи во мај 2024 година! Додека Израел одолговлекуваше, ова беше договорено од двете страни минатото лето, но не успеа поради Нетанјаху кој инсистираше на тоа дека Израел не може да се повлече од коридорот Филаделфи на границата меѓу Газа и Египет.

Нетанјаху тврдеше дека ова е критично за националната безбедност на Израел. Но, договорот што беше постигнат овој викенд навистина вклучуваше повлекување од коридорот во Филаделфи. Тоа секогаш беше ништо повеќе од изговор. Ова ги разоткри циничните пресметки на израелскиот премиер, бесчувствително мотивирани од причини за личен и политички опстанок, нешто што не беше изгубено кај семејствата на израелските заложници.

На прес-конференцијата во Белата куќа за да се објави договорот, Џо Бајден одби да ја признае улогата на Доналд Трамп во обезбедувањето на договорот – „дали е тоа шега? рече тој. Сепак, факт е дека Бајден немаше никаква врска со договорот конечно да се склопи. Тоа беше обезбедено исклучиво со интервенција на Доналд Трамп – уште пред да стапи на функција!

Во име на Трамп дејствуваше неговиот претставник Стивен Виткоф, милијардер агент за недвижнини и негов близок сојузник. Виткоф немаше официјална позиција, но тој не само што го истурка финализирањето на договорот во Катар, каде што се водеа преговорите, туку и на груб начин го принуди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го потпише без одлагање.

Да ги повториме основните факти досега: Доналд Трамп обезбеди, за неколку дена, договор што администрацијата на Бајден не можеше да го обезбеди повеќе од осум месеци. Од ова е јасно дека Бајден немал намера или специфична желба да вложи вистински напор да го натера Израел да ја прекине неговата војна.

Тие зборуваа за мир, а во исто време го вооружуваа Израел до заби и му даваа било каква поддршка што ќе ја побара. Севкупно, Соединетите Американски Држави потрошија 17,9 милијарди долари на воена помош за Израел од октомври 2023 до октомври 2024 година. Американските и британските сили, исто така, го поддржаа Израел со собирање разузнавачки информации и обезбедување на цели. Западните влади формираа и политички обединет фронт во одбрана на Израел.

Затоа, со сè освен со зборови, Вашингтон и неговите европски лакеи беа дел од воената коалиција на Израел и немаа намера да го принудат Нетанјаху да склучи договор. Ова беше дел од основната надворешна политика на Бајден, која диктира дека САД мора насилно да се бранат од секој предизвик на нивната доминација или доминацијата на нивните сојузници каде било во светот.

Според тоа, што и да се случи, не смее да се види дека САД се повлекуваат и, доколку во кое било време се под притисок, тие мора само да удвојат со покажување на сила. Но, удвојувањето да се покаже моќта на американскиот империјализам само доведе до прикажување на неговите ограничувања.

Победа или пораз

И покрај огромната воена сила распоредена против Газа, Израел не успеа да ги постигне своите клучни воени цели, кои беа уништување на Хамас и враќање на заложниците. Хамас до ден-денес останува моќна сила, способна да им нанесе жртви на израелските војници и да изврши ракетни напади. Во меѓувреме, војната енормно ја радикализираше палестинската младина која е подготвена да ги надополни редовите на организацијата.

„Ние сме во ситуација кога темпото со кое Хамас се обновува е поголемо од темпото со кое ИДФ ги искоренува“, изјави Амир Авиви, пензиониран израелски бригаден генерал, за Вол Стрит Журнал.

Хамас не само што не е уништен, туку е целосно задолжен за Газа од која Израел се согласи на целосно повлекување. Со повлекувањето од коридорот Филаделфи и обновувањето на трговијата и помошта, ситуацијата, од гледна точка на тоа кој владее со Газа, се враќа точно онаква каква што беше на 6 октомври 2023 година. Со други зборови, тотален неуспех на израелската мисија и понижување на израелската држава. Во одреден момент, ова мора да доведе до поставување критични прашања во Израел.

Официјално, Нетанјаху тврдеше дека војната е неопходна за да се вратат заложниците, а сепак можеме да видиме дека војната воопшто не ги вратила заложниците. Јасно е дека во голема мера оваа војна се водеше и континуирано се прошируваше како средство за Нетанјаху да ја задржи сопствената контрола врз власта и да ги избегне случаите на корупција што беа покренати против него.

Во меѓувреме, Израел плати цена. Официјално, најмалку 400 израелски војници загинаа, а околу 6.000 беа ранети. Вистинските бројки се многу повисоки и во нив не вклучени ПТСН и други ментални трауми што се појавија меѓу војниците вклучени во војната. Во меѓувреме, јасно е дека многу заложници загинаа додека Нетанјаху беше зафатен со попречување на било какви договори.

Пукнатини во оклопот

Јасно е дека, иако Трамп ги принуди, уморот од војната што се протегаше во самите израелски одбранбени сили исто така одигра улога. Додека поддршката за војната остана висока, првичното расположение на воена хистерија почна да опаѓа. Ова беше јасно бидејќи бројот на резервисти кои се појавија откако беа повикани падна од речиси 100 отсто на почетокот на војната на 75-85 отсто во ноември минатата година.

Хаарец објави остра извештај за зголемената нелагодност помеѓу резервистите. Според едно истражување, тие откриле дека „само 56 отсто од Евреите би го охрабриле членот на семејството кој веќе служел како резервист да се врати назад“. Всушност, според истото истражување од август, само „57 отсто од еврејските Израелци би ги охрабриле своите деца воопшто да се пријават“ и дополнително, „од јуни до ноември, делот што рече дека нема да ги охрабри речиси се удвои (од 7,5 на 13 проценти).

Еден повисок рангиран офицер, интервјуиран од весникот, ги повтори тешкотиите да се натераат војниците да одат во Газа, велејќи дека „се полошо е – има се помалку смисла за крајна точка“.

Еден трикратен резервист даде низа неверојатно откривачки коментари:

„Постои општо чувство дека структурата не издржува. Дисциплината не е она што треба да биде. Чувствуваме дека нема план за денот потоа и за следниот ден. Не е многу јасно што правиме – има чувство дека секој командант на дивизија го прави она што го мисли, бидејќи има некаков вакуум. Ако прашаат војниците, тие велат „Комплицирано е, не разбираш“.

Ова се сериозни зборови кои доаѓаат од војниците кои би биле под огромни притисоци да одржат обединет фронт околу армијата. Официјално, војната се водеше за да се искорени Хамас и да се ослободат заложниците, но војниците на теренот гледаа поинаква реалност:

„До летото, војниците имаа многу помалку верба во главните воени цели и немаше напредок со заложниците“.

Всушност, заложниците умираа поради дејствијата на ИДФ: „Имаме чувство дека не правиме ништо добро. Потоа имавме операции [чија цел] не ја разбравме, […] луѓе беа убиени во овие операции, а ние не ја разбиравме тактиката или стратегијата“.

Ова се сериозни предупредувачки знаци за израелската владејачка класа, која се потпира на митот за својата држава, а особено на нејзината војска како семоќен бранител на еврејскиот народ. И двете овие тврдења беа сериозно протресени од последните 15 месеци конфликт.

ИДФ не само што не беше во можност да го победи Хамас во Газа, нејзината агресија ги отвори вратите за одмазда од Хезболах во Либан, Хутите во Јемен, како и од Иран кој ја совлада ракетната одбрана на Израел во убедлива демонстрација на сила во октомври. Всушност, израелската одбрана не можеше ниту да ги спречи ракетните напади на Хамас кои продолжија во текот на целиот конфликт.

Во меѓувреме, израелската економија беше сериозно погодена. Според Банката на Израел, израелските трошоци поврзани со војната од 2023 до 2025 година би можеле да завршат во износ од 55,6 милијарди долари, што е трошок од 10 отсто од БДП. Долгорочните изгледи на високотехнолошката економија на Израел во состојба на зголемена нестабилност не изгледаат добро. Секторот се потпира на образована млада работна сила на возраст за мобилизација, која е особено погодена од војната. Сето ова ќе го турне Израел низ спиралата на последователно продлабочени кризи кои постепено ќе ја поткопаат кохезијата на израелското општество.

Така, ништо не е решено. Далеку од тоа. Израел е поекспониран и покревок отколку пред војната. Всушност, ова е пораз. Но, штетата не е само материјална. Она што претрпе пораз е реакционерната идеја дека само високо милитаризирана држава може да ја гарантира безбедноста и благосостојбата на израелските Евреи. Без оваа лага, израелската владејачка класа не можеше да се одржи осум децении.

Но, како што ни докажува реалноста, се чини дека е точно спротивното. Агресивниот став на Израел се повеќе предизвикува агресија и неред во самиот Израел. Како што злокобно изјави Хаарец:

„Спротивните ветришта на војната работат против моралот на долг рок. Ако војната заврши утре, на Израел ќе му требаат години да го обнови сопствениот социјален и очигледно воен договор. Ако војната повторно започне следниот ден, падот на моралот ќе се прошири“.

Криза на режимот

Нетанјаху и неговото крило на израелската владејачка класа несомнено доживеаја пораз во сопствен режија. Неговиот проект беше отфрлен и тој беше понижен од Доналд Трамп, за кого тврдеше дека е цврст сојузник.

Можеби беше така, но Доналд Трамп е сопствен сојузник и на американскиот империјализам пред било кој друг, а бескрајната континуирана војна на Блискиот Исток не одговара на неговите цели. Колку и да се прпелкаше Нетанјаху, Трамп му покажа кој е вистинскиот господар во оваа врска. Без американската воена и економска поддршка, израелската држава брзо ќе се распадне.

Трамп несомнено вети серија отстапки во замена за Нетанјаху да го проголта договорот за прекин на огнот, но тоа не го менува фактот дека тоа е понижувачко лизнување за израелскиот империјализам.

Се разбира, нема гаранција дека Израелците ќе се држат до нивните зборови. Несомнено, реакционерното движење на доселениците и нивните партии кои беа клучни сојузници на Ненанјаху, ќе се залагаат за обновување на војната во одредена фаза.

Еден од нивните главни претставници, екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, веќе поднесе оставка од коалициската влада на Бенјамин Нетанјаху. Ова го остава само со најтесното парламентарно мнозинство, со што се зголемува моќта што ја имаат другите партии во коалицијата. Екстремно десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич остана во владата, но се закани дека ќе поднесе оставка доколку војната не продолжи по почетната 42-дневна фаза од прекинот на огнот. Меѓутоа, ако продолжат со оваа линија, сите противречности што досега се акумулираат само ќе растат и на тој начин ќе подготват подлабока криза понатаму.

Од друга страна, постои став на значителен дел од урбаното население кое отсекогаш го мразело Нетанјаху, доселениците и десницата. Како што се расчистува прашината и до одреден степен стивнува екстремното воено лудило, многумина во овој слој ќе бидат принудени да се пресметаат со нова реалност. Во овој контекст, некои ќе почнат да бараат алтернативен пат напред – поинаков од милитаризмот и империјализмот – и со тоа да дојдат во конфликт со воспоставените норми на израелскиот ционизам.

Овде ги гледаме дефектите на општествените судири, кои ќе се прошират во иднина и кои во одреден момент би можеле да добијат и класна природа.

Криза на западниот империјализам

Од почетокот на оваа војна, ние постојано повторуваме дека Западот е соучесник и директен учесник во злосторствата на израелскиот империјализам. Тие ја поддржаа војната против Газа финансиски, воено и политички. И тие ја фрлија целата своја моќ зад Израел за да му ја покажат на целиот свет моќта на западниот империјализам. А сепак, резултатот беше сосема спротивен. Она што го имаме е пораз, не само за Израел, туку и за американскиот империјализам, колективниот Запад, како и за либералниот политички естаблишмент.

И покрај сите обиди, израелската воена машина, поддржана од нејзините моќни сојузници, не можеше да го смири палестинскиот отпор. Ова е остар потсетник на ограничувањата на западниот империјализам, којшто доживеа слична судбина во Ирак и Авганистан, и кој гледа во лице на уште поголем пораз во Украина.

Војната предизвика широко распространето незадоволство во САД каде што милиони работници и млади им го свртеа грбот на демократите поради нивното воено хушкање. Ова беше значаен фактор за падот на поддршката за демократите и изборот на Трамп, кој вети дека ќе стави крај на бескрајните војни. Се разбира, дали тој навистина ќе го направи тоа е сосема друга работа.

Надворешната политика на Трамп е признание за ограничувањата на американскиот империјализам. Наместо да се удвои во контрапродуктивна воена демонстрација на сила, тој е склон да се повлече, да дава отстапки и да ги заштити основните интереси на американскиот капитализам. Непобедливата војна против Газа и дестабилизацијата на Блискиот Исток не е една од целите. Америка на прво место, остатокот од светот на последно. Барем, се чини дека тоа е неговата цел. Дали ќе успее или не е друго прашање.

Ова, во суштина, претставува делумно повлекување за американскиот империјализам што ќе има далекусежни последици. Што е најважно, тоа ќе влијае на свеста на милиони луѓе во САД и на Запад. Сите идеи за западната морална супериорност би можеле да бидат се повеќе изложени со секое назадување. Ова ја надополнува кризата на либералниот естаблишмент кој го контролираше Вашингтон и европските престолнини во целиот повоен период.

Тие се претставија како поддржувачи на принципите на демократијата, човековите права, меѓународното право. Но, за сè повеќе луѓе, она што станува појасно секој ден, е дека денешниот либерализам е изворот на реакцијата и дека нивниот „поредок заснован на правила“ е цинична измама со цел да се прикријат нивните варварски империјалистички лични интереси.

Тоа се овие дами и господа, добро облечени, а понекогаш дури и добро зборуваат; образовани на врвни универзитети со практикувана исполирана насмевка и префинети манири, кои се извор на најреакционерните политики надвор и дома.

Тие се оние кои ги намалија зимските додатоци за гориво за сиромашните стари лица во Британија додека испраќаа милијарди за војни во Украина и Газа. Тие се оние кои ги намалија трошоците за здравствена заштита и други социјални средства додека трошат илјадници милијарди на милитаризација. И тие се оние кои зборуваат за демократија додека ги прогонуваат луѓето кои се залагаат за правата на Палестинците. Не е ни чудо што секоја земја е сведок на реакција против овие сили.

И токму оваа реакција, растечката класна борба на Запад, дава надеж за палестинско ослободување. Палестинските маси покажаа извонредна издржливост и дух на борба. Но, треба да ја погледнеме реалноста во очи. Војната во Израел не успеа, но палестинската ослободителна борба не победи. Всушност, не успеа да реши ниту еден од основните проблеми што ги постави.

Палестинците сега се потонати уште подлабоко во бездната на варварството од која не може да дојде вистински мир. Тие се сведени на мали енклави на сиромашни, лесно вооружени маси, соочени со моќна воена држава со висока технологија. Во чисто воена кампања, ционистичката држава не може да биде соборена.

Најдобар начин да се нападне Израел е, од една страна, поделбата на ционистичката држава по класни линии со апел до сите оние Израелци кои во следниот период ќе почнат да се сомневаат во сегашната насока на Израел и ќе раскинат со сопствената владејачка класа, а од друга страна да се удри против израелските резерви на оружје, финансирање и политичко покривање што доаѓа од Запад. Според тоа, судбината на Палестинците денес е повеќе од кога било испреплетена со онаа на светската работничка класа. Борбата за ставање крај на ционистичката израелска држава и за навистина слободна Палестина е иста како борбата против капитализмот на Запад, а особено во САД. Двете борби мора да се поврзат.

Кризата на светскиот капитализам го разгорува пламенот на класната борба насекаде. Во оваа борба, работниците и сиромашните можат да се потпрат само на сопствените сили. Меѓутоа, на обединета основа, ништо не може да ги спречи. Борбата за слободна Палестина започнува со борбата против капитализмот и империјализмот дома.

Автор: Хамид Ализадех, 21 јануари 2025 год.

Линк до оригиналот: The fallout of Israel’s failed attempt to crush Gaza

БалканВести

Србија: просветните работници воведоа потполен прекин на работата!

Таканаречениот „бел штрајк“ на работниците во образованието започна уште пред уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 15 луѓе и предизвика лавина реакции во Србија. Во овој штрајк, наставниците и професорите од средните и основните училишта ја скратија наставата на 30 минути, а во знак на протест сите ученици ги оценуваа со 5, изразувајќи симболичен протест за тоа колку моменталниот образовен систем е бесмислен.

Покрај ниските плати за високообразованите луѓе, кои треба да ги подготват и подучат новите генерации за живот, професорите се соочуваат и со екстремно обезвреднување, каде што недостатоците на образовните институции кои се манифестираат кон студентите понекогаш доведува до екстремно непочитување на предавачите, а во некои случаи и насилство. Дополнително, за работите да бидат уште полоши, зачестено е малтретирањето на наставниците и професорите од страна на родители кои се незадоволни од начинот на оценување на нивните деца, што исто така во некои случаи резултираше со насилство, за кое никој не одговараше. Ваквата состојба во која се наоѓаат просветните работници продолжи со исто темпо и по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кој ученик уби девет свои врсници и училишен чувар, а рани пет други ученици и еден наставник.

И како тоа да не е доволно, професорите се преплавени со непотребна администрација за исполнување на квотите и критериумите наметнати од режимот. За жал, ова често доведува многу едукатори да станат цинични за нивната улога во општеството, но и кон учениците кои своето образование го сфаќаат сè помалку сериозно. „Белиот штрајк“ не беше ни приближно доволен да го разниша режимот, кој има огромни придобивки од тоа да штеди на образованието и да создава евтина и послушна работна сила наместо образована, и затоа немаше проблем да ги игнорира оние наставници кои штрајкуваа.

Многу такви штрајкови со намалени часови беа згаснати во претходните години. И пред масовните протести, просветните работници полека сфаќаа дека овој метод не е доволен, а во некои случаи штрајкувачите почнаа да се насочуваат кон родителите, повикувајќи ги на солидарност, бидејќи не е во интерес ниту на учениците, ниту на нивните родители образованието да биде во ваква катастрофална состојба. Исто така, просветните работници сè повеќе одржуваа јавни протестни маршеви за да го направат нивниот проблем видлив надвор од училиштето. Просветните работници преку овие потези покажаа храброст затоа што повикот за солидарност на родителите како и активностите за штрајк надвор од училиштето се незаконски. Покажаа подготвеност да се соочат со евентуална државна репресија заради нивната борба.

Иако протестното движење кое бараше итна кривична одговорност за уривањето на настрешницата првично ја засени борбата на просветните работници, кога студентите влегоа во блокадите на факултетите, просветните работници знаеја дека нивната борба, борбата на студентите и борбата на сите нас се поврзани во една борба против системот кој ги занемарува човечките потреби и не го става човекот на прво место. Ученици, професори и наставници заедно учествуваа во движењето „Застани Србијо“, каде по притисокот од режимот врз професорите кои учествуваа во ова движење, студентите застанаа во нивна одбрана.

Просветните работници сфатија дека се во многу посилна преговарачка позиција отколку што беа. Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, чија оставка ја бараат наставниците кои штрајкуваат, маневрираше со воведување на подолг зимски распуст надевајќи се дека ќе ја прекине борбата. Како што се приближуваше 20 јануари, кога требаше да започне вториот семестар, владата се обиде со нови маневри преговарајќи со лидерите на т.н. репрезентативни синдикати кои беа повеќе склони кон ситнење на отпорот.

Договорот што владата го направи со нив беше криминален. Иако беше претставено како зголемување на платите од 30% кое требаше да биде постепено со зголемување од 11% во февруари, 11% во април и 5% во септември. Секој што го следеше штрајкот на работниците во поштата, на кои им беа дадени слични ветувања, можеше да сфати дека работата ќе застане на првото покачување од 11% ако воопшто се реализираше тоа ветување. Во комбинација со заедничка борба со учениците, наставниците и покрај одлуката за прекин на штрајкот од т.н. Репрезентативните синдикати, донесоа одлука за целосен прекин на работата на 20 јануари. Ова беше дочекано со огромен ентузијазам, а социјалните мрежи се преплавија со бројни видеа од говори и песни за солидарност и собири за поддршка на просветните работници на кои присуствуваа родители и ученици. Како одговор на заканите на премиерот Милош Вучевиќ дека ќе испрати просветна инспекција до оние кои не работат, просветниот инспекторат во некои случаи јавно покажа непослушност. Оставка поднесе претседателот на еден од репрезентативните синдикати кои постигнаа договор со владата, а оставка поднесоа и директори на училишта.

На протестите има повици за генерален штрајк. Моменталниот план е овај прекин да трае една недела. Паралелно со овој штрајк, во еднонеделен прекин на работата е и Адвокатската комора на Србија. Штрајк оваа недела најавија и вработени во Електростопанството на Србија. Просветните работници од протестот во Белград ги повикаа и работниците од другите сектори на штрајк, што е единствен логичен развој на настаните.

Оваа ситуација дефинитивно има потенцијал за тоа отпорот да ескалира во генерален штрајк. За да се изгради и организира ова потребно е усогласување меѓу групите бидејќи јавните повици не се доволни. Работниците од различните индустрии треба да се поврзат меѓу себе, со цел колективно да извршат поголем притисок врз владата и затоа што сите имаат исти или слични проблеми на нивните работни места. Целосно и безусловно го поддржуваме штрајкот на просветните и сите останати работници, со сите нивни барања. Образованието во Србија е веќе уништено и неговиот привремен прекин нема дополнително да го колабира, туку е единственото нешто што може барем малку да ја нормализа ситуацијата.

Напред за генерален штрајк!

ИнтернационалаТеорија

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СОЦИЈАЛИЗМОТ

Додека од 99% се бара да платат за кризата, 1% акумулираат богатство со сè побрзо темпо. Прекумерниот број на скандали и корупција во политичкиот естаблишмент отуѓуваат милиони од традиционалната политика. Сето ова предизвикува длабоко преиспитување на капиталистичкото општество. Многумина бараат алтернатива за системот што го имаме, а сè поголем број го бараат одговорот во револуционерниот социјализам.

На многумина им е јасно против што се бориме: корупција, криза и штедење; но може да биде потешко да се артикулира или дури да се замисли за што точно се бориме. Поточно, како може да функционира новото општество? Како тоа би влијаело на нашите индивидуални животи? Како ќе изгледа социјализмот?
Марксистите не гледаат во кристални топки. Не можеме да ја предвидиме иднината со апсолутна сигурност, па затоа и не можеме да кажеме точно како ќе изгледа социјализмот. На пример, кога зборува за семејството во социјализмот, Енгелс вели „[природата на семејните односи во социјализмот] ќе се реши кога ќе порасне нова генерација… кога ќе се појават овие луѓе, последната грижа ќе им биде она што е денес замислено дека треба да направат, тие ќе креираат своја пракса и соодветно мислење за практиката на секој поединец – точка“.

Сепак, можно е да се извлечат некои заклучоци за тоа како ќе изгледа социјализмот, бидејќи марксистите се научни социјалисти, кои применуваат материјалистичка анализа за развојот на историјата и општеството. Со други зборови, можеме да создадеме хипотези за иднината, врз основа на докази од сегашноста и минатото. Ова не е егзактна наука – исто како што лекарот не може точно да каже кога пациентот ќе умре, а геологот не може да го даде датумот и времето на следниот земјотрес или вулканска ерупција, така и марксистот не може точно да предвиди кога ќе избие револуција или каква специфична форма ќе има. Но, исто како што со набљудување на дете може да се види приближно каков возрасен тој или таа потенцијално би можел да стане, со набљудување на капиталистичкото општество можеме да го видиме потенцијалот за тоа како ќе изгледа социјалистичкото општество.
Веќе можеме да го видиме ембрионот на социјализмот во внатрешноста на капитализмот. Важно е дека со испитување на противречностите и пречките што капитализмот – системот на приватна сопственост и профитно производство – ги наметнува на општеството, можеме да видиме каков може да биде потенцијалот за идно, социјалистичко општество; општество каде овие бариери се отстранети и каде што производството наместо тоа се врши врз основа на човечките потреби.


ЕКОНОМИЈА БЕЗ ПРОФИТ

Економскиот развој е материјален предуслов за развој на сите други аспекти на општеството. Без доволен развој на производните сили – индустријата и земјоделството; технологијата и техниката – општеството нема да има материјални услови и ресурси потребни за напредок во областите на науката, уметноста, културата, филозофијата итн. Ова е фундаменталниот принцип на марксистичко – материјалистичкиот поглед на историјата.
Капитализмот сега веќе не е способен да го развие овој најфундаментален аспект на општеството, благодарение на неговите противречности и анархијата и неефикасноста што произлегуваат од тоа. Милијарди беа изгубени во несреќата во 2008 година, која не беше предизвикана од индивидуална алчност или идеологија, туку од инхерентните механизми на самиот капитализам. Потоа следеше стагнација на силите на економското производство на глобално ниво. Ова остави многу земји со години или дури со децении наназад во однос на нивниот економски развој – во Обединетото Кралство, на пример, економските инвестиции се сè уште 25% пониски од пред кризата, а градежништвото е сè уште 10% помалку.
Капитализмот не е во состојба да ги развие силите на економското производство до нивниот целосен потенцијал. Искористеноста на капацитетите на производните сили во развиените земји во моментов е на 70-80%, дури и по затворањето на огромен дел од производството и губењето на милиони работни места. Во светот, просечното искористување на капацитетите е 70%. Тоа значи дека во моментов имаме можност да го зголемиме глобалното економско производство за речиси 50%, едноставно со користење на постоечките капацитети во економијата. И покрај фактот дека луѓето ширум светот имаат очајна потреба од храна, засолниште, здравствена заштита и други основни потреби, овој резервен капацитет не се користи. Всушност, многу буржоаски економисти денес зборуваат за вишок капацитет – т.е. дека економијата е способна да произведе премногу (од пазарна перспектива) и дека треба дополнително да се скрати, што значи затворање и дополнително губење на работни места.
Причината за оваа противречност е профитот. Во капитализмот, економската моќ на општеството се користи само за производство на добра што може да се продаваат со профит; ако ова не може да се направи, ништо нема да се произведе. Сопствениците на средствата за производство попрво би ги затвориле своите претпријатија отколку да произведуваат со загуба, дури и ако добрата што можат да се произведат се очајно потребни. Капиталистичката економија е водена од профитот, а не од потребата, и затоа е крајно неефикасна во исполнувањето на потребите на општеството, и покрај тоа што го тврдат сите апологети на капитализмот. Често ни кажуваат дека капитализмот е најефикасен од сите економски системи – но ако е така, зошто фабриките и канцелариите седат без работа и празни, и покрај тоа што можат да произведат изобилство на добра и услуги што му се потребни на општеството?
Доколку профитот се исфрли од равенката, нема да има пречка да ги искористиме сите средства за производство со кои располагаме со полн капацитет. Оваа идеја за економија која не е водена од профит ни дава прв поглед за тоа како ќе изгледа социјализмот.


КАПИТАЛИЗАМ=СИРОМАШТИЈА СРЕДЕ ИЗОБИЛСТВО

Глобалната невработеност официјално е 200 милиони; но во реалноста бројот на невработени и недоволно вработени е поблиску до милијарди. Овие луѓе не се невработени затоа што се неспособни за работа, ниту затоа што нема работа, туку едноставно затоа што не е исплатливо да се вработат.

Во исто време, бројките објавени во 2012 година покажаа дека 24% од луѓето во Велика Британија имаат две работни места, од кои 90% морале да земат втора работа бидејќи приходите од само една работа не им биле доволни. Во 2012 година, забележано е зголемување од 37,4% на бројот на луѓе кои се приклучуваат на веб-страниците за вработување кои бараат друга работа. Со инфлацијата, замрзнување на платите и ниски плати, ова е тренд што ќе продолжи и во иднина. Очигледна контрадикторност на капитализмот е тоа што некои луѓе се принудени да работат две работни места, додека милиони остануваат невработени – апсурд роден од потрагата по профит.
Без бариерата од профитот, овие милијарди невработени и недоволно вработени луѓе би можеле да најдат продуктивна работа. Секој би можел да заврши само една работа подобро, а би останале доволно луѓе за да создадат многу повеќе работни места. На оваа основа, производните сили би можеле да добијат огромен прилив на човечки труд, а глобалното економско производство драстично би се зголемило.
Во капитализмот има и други апсурдни противречности од овој вид. 6.500 луѓе во Лондон спијат на улица, што е зголемување од 77% од 2010 година; Другите форми на бездомништво се исто така во пораст – барањата на домаќинствата за статус на бездомници во Англија се зголемија за 26% на 111.960, а хотелите за бездомници забележаа 38.500 пополнети места. Во исто време, според владините податоци, во Англија има 610.000 празни домови. Зошто имаме растечка епидемија на бездомништво со зголемен број на слободни имоти? Имотот се продава или издава само на луѓе кои можат да платат, без разлика дали треба да живеат некаде. За капиталистите, тоа е прашање на профит, а не неопходност.
Ужасната човечка штета што е предизвикана е надополнета со материјална штета од места како Авенијата Бишоп во Лондон, втората најскапа улица во Британија, каде што една третина од куќите стојат празни, а некои се распаднати од 25 години неупотреба. Овие имоти се чуваат како удели за профит, а не како домови за живеење. Овој имот од 350 милиони фунти е претворен во пустош – уште еден резултат на економијата водена од профит.
Таквата економија стои и на патот на технолошкиот развој и примената на машините. Машините не купуваат стоки, па ако буржоазијата сака да има пазар за својата стока, мора да вработи одреден број луѓе како работници. Во капитализмот, примената на машините и технологијата доведува до истискување на човечка работната сила, што резултира со масовна (технолошка) невработеност за некои и интензивна прекумерна работа за други. Но, без бариерата на профит, би можеле да произведуваме машини за вршење на опасните и валкани работи што никој не сака да ги прави, а автоматизацијата би им ослободила многу повеќе време на луѓето да се вклучат во други економски продуктивни активности и ќе го намали бројот на работни часови. со што се генерира вистинско време на слобода. Принудната невработеност што ја гледаме во капитализмот би се заменила со доброволно слободно време.
Профитот стои на патот на дистрибуцијата, како и на производството во капитализмот. Озлогласените „планини“ и „езера“ со вишок храна произведени во ЕУ достигнаа 13.476.812 тони житарки, ориз, шеќер и млечни производи и 3.529.002 хектолитри алкохол/вино во 2007 година. И додека овој вишок храна се трупа и Заедничката земјоделска политика на ЕУ да им се плаќа на земјоделците да не произведуваат храна, шест милиони деца умираат од неухранетост секоја година. Не постои логична причина зошто плодното земјиште во некои земји не може да се користи за производство на храна што ќе се дистрибуира до луѓето кои живеат во поостра клима. Единствената причина зошто тоа не се прави е што истото не е профитабилно да се прави тоа, а огромната бариера на нацијата-држава го спречува спроведувањето на вистинско интернационално решение. Во капитализмот, храната се фрла наместо да се дистрибуира оние на кои им е најпотребна.


ПЛАНИРАНА ЕКОНОМИЈА

Често ни велат дека конкуренцијата е тајната на капиталистичката ефикасност; но во реалноста конкуренцијата води до повеќе отпад. На пример, постои значително преклопување на работата помеѓу компаниите кои вршат слични функции – што значи дека времето и парите се инвестираат двапати во исти работи. Да ги земеме супермаркетите како пример: ако дистрибуцијата на храна ја врши една организација, тогаш обемот на економијата би го направил процесот поевтин, а централизираното планирање би го направило поефикасно.
Конкуренцијата, исто така, ги принудува компаниите да создадат побарувачка за нивните специфични производи преку рекламирање, чија цена се пренесува на потрошувачот. Трговските тајни и правата на интелектуална сопственост значат дека најдобрите идеи и иновации не се реализираат онолку колку што би можеле да бидат и водат до скапи тужби, како што е злогласните судски парници за мобилни телефони Apple против Samsung, кои повторно ги зголемуваат цените за обичните луѓе. Наместо најдобрите и најпаметните умови во светот да бидат вработени во тандем за да ги произведат работите што му се потребни на општеството, научниците, инженерите и дизајнерите се поделени во различни корпорации и се спротивставуваат еден против друг во конкуренција, што резултира со целосно непотребно дуплирање на напорите и ресурсите.
Во секој случај, вистинската конкуренција во ерата на империјализмот, највисоката фаза на капитализмот, е мит. Во 2012 година беше откриено дека Barclays, UBS, Citibank, RBS, DB и JP Morgan имаат фиксни каматни стапки со цел да остварат повеќе профити. Во неодамнешното минато British Airways и Virgin Atlantic во авиоиндустријата; Гролш, Баварија и Хајнекен во пивото; и Sainsbury’s, Asda и други супермаркети: се покажа дека сите договарале цени за да обезбедат поголем профит. Причината за овие скандали е што овие компании признаваат дека планирањето е поефикасен начин за водење на економијата отколку да се дозволи анархијата на слободниот пазар.
Самото присуство на вакви гигантски мултинационални монополи во секоја индустрија, со само неколку компании кои доминираат на пазарот, покажува како слободната конкуренција се претвора во нејзина спротивност, токму поради зголемената продуктивност и ефикасност што може да се постигне со производство во толку огромни размери. Во секоја компанија постои огромно ниво на планирање, координација и соработка, се со цел да се зголеми ефикасноста во име на остварување поголем профит. Помеѓу компаниите, пак, останува анархија на конкуренцијата и невидливата рака, што доведува до огромна неефикасност и трошење на општествено ниво.
Како пример, во книгата Мултинационална корпоративна стратегија: планирање за светските пазари, Џејмс К. Леонтиадес го наведува примерот на компанија за електроника, Texas Instruments – мултинационална организација која ги планира сите свои операции од своето седиште во Далас. Нивото на централизирана контрола на мултинационална компанија го покажуваат елементите на стратегијата за кои се одлучува во седиштето. Тие вклучуваат:

  • Регионална и глобална анализа на конкуренцијата
  • Основни дизајни на производи кои се стандардизирани ширум светот
  • Централизирано и координирано истражување и развој за да се избегне скапо дуплирање
  • Рационализација на производството на глобално ниво за да се максимизира ефикасноста поврзана со обемот на меѓународно ниво
  • Одредување на цена на глобално ниво

Овде го гледаме семето на новото општество присутно во старото. Социјалистичкото општество би ги прифатило можностите што доаѓаат со економското планирање; но секако дека би можеле да планираме во интерес на потребите на мнозинството, наместо профитот на малкумина. Тоа е основата на општеството на изобилство, во кое сите сили на економското производство и инвестиции се рационално и демократски планирани во интерес на мнозинството. Првиот чекор кон тоа ќе биде експропријација на командните точки на економијата – односно земјиштето, банките, комуналните претпријатија, инфраструктурата и најголемите компании – сето тоа ќе биде ставено под демократска контрола на работничката класа како дел од планска економија.
Резултатите од планираната економија може да се видат во трансформацијата на Русија во педесетте години помеѓу 1913 и 1963 година, по Руската револуција од 1917 година – и покрај огромната кочница на развојот создадена од сталинистичката бирократија. Во овој период, земјата стана втора најмоќна нација во светот од економски позаостаната од денешниот Бангладеш. Индустриското производство порасна за 52 пати, во споредба со шест пати во САД и два пати во Британија. Продуктивноста на трудот се зголеми за 1310%, во споредба со 332% во САД и 73% во Британија. Очекуваното траење на животот во Русија е двојно зголемено, а смртноста на децата е намалена за девет пати. Советската држава имаше повеќе лекари на 100.000 луѓе од Италија, Австрија, Западна Германија, САД, Велика Британија, Франција, Холандија и Шведска. Ако ова беше постигнато во Русија во 20 век, која во тоа време беше заостаната, речиси феудална земја и беше растргната од две светски војни и граѓанска војна, а страдаше од сталинистичка бирократија, замислете каква демократски планирана економија во Велика Британија и остатокот од светот би можел да го постигне економски напредниот свет во 21 век.
Куба, исто така, дава добар пример за успехот на планираната економија, дури и покрај ограничената работничка демократија. Очекуваниот животен век при раѓањето во Куба денес (според податоците на Извештајот за човековиот развој на ОН за 2005 година) е 77,7 години (62 години во 1959 година во времето на револуцијата), речиси исто како во САД (77,9). и значително повеќе од соседниот Хаити каде што е само 59,5 години, и значително повеќе од регионалната капиталистичка сила Бразил (71,7). Стапката на писменост на возрасните во Куба е 99,8%, додека во Бразил е едвај 88,6%, а е повисока од Чиле (95,7%) и Костарика (94,9%). Во реалноста, според истиот извештај на Обединетите нации, Куба го има четвртиот највисок индекс на човечки развој во Латинска Америка. Ако ги погледнеме бројките за смртноста на доенчињата (во смртни случаи на 1.000 живородени), според Светската книга за факти на ЦИА од 2008 година, ситуацијата во Куба (5,93 денес наспроти 78,8 во 1959 година) е многу подобра дури и отколку во САД- во ( 6,3 ), Чиле (7,9), Костарика (9,01), потоа во Бразил (26,67), а да не зборуваме за Хаити, каде е стапка од 62,33 умрени на 1000 живородени деца. Овие бројки не треба да не изненадуваат бидејќи според Светска банка Куба е втора земја во светот по број на лекари на 1.000 жители (5,91), додека САД имаат само 2,3, Бразил 2,06, Чиле 1,09, Коста Рика 1,32, а Хаити едвај 0,25.
Повторно, ова беше економски заостаната земја во 1959 година кога се случи револуцијата на Кастро. Неговата историја беше обележана со доминација на странски сили, се користеше како игралиште за американските капиталисти и како монокултурен производител на шеќер. Оттогаш, напредокот е можен само врз основа на планирана економија ослободена од империјалистичката доминација.


РАБОТА, ПЛАТИ И ПАРИ

Резултатот од таквото планирање, во комбинација со рационална распределба на работата меѓу сите работоспособни луѓе (наместо некои луѓе да работат две или три работни места, а други да бидат невработени, како што се случува во капитализмот), би значело намалување на должината на работниот ден без губење на платите. Доказ за тоа може да се најде во окупираната фабрика Фласко во Бразил. Од 2003 година, кога фабриката беше окупирана за прв пат и работата беше демократски планирана, работното време е намалено од 40 часа неделно на 30 часа, без губење на платите и намалување на продуктивноста.
Со развојот на технологијата која заменува сè повеќе работна сила, работното време би можело уште повеќе да се скрати. На пример, во 1870 година, 70-80% од населението на САД било вработено во земјоделството, додека денес таа бројка е само 2%. Но, и покрај намалувањето на вработените во земјоделството, производството во овој сектор е значително зголемено. Од 1950 до 2000 година, земјоделската продуктивност се зголеми енормно. На пример: просечната количина на произведено млеко по крава се зголеми од 2.410 литри на 8.256 литри годишно (+242%); просечниот принос на пченка се зголеми од 1,37 кубни метри на 5,39 кубни метри по утро (1 утро = 5754,64 m2) (+292%); и секој земјоделец во 2000 година произведувал во просек 12 пати повеќе земјоделски производи на работен час отколку еден земјоделец во 1950 година. Ова зголемување на продуктивноста во голема мера се должи на механизацијата, развојот на нови ѓубрива и други технолошки достигнувања. Понатамошниот развој од овој размер во другите сектори може да постигне слични резултати во однос на намалување на должината на работниот ден. Врз основа на ова, барањата за работа за секој човек конечно би можеле да се разработат на доживотна основа, наместо на дневна, неделна или месечна основа.

Марксистите често ги прашуваат кој ќе биде поттикот за работа во социјалистичко општество. Стимулацијата за работа во капитализмот има форма на барање од луѓето да работат за да заработат пари за да го живеат својот живот. Ова е причината зошто луѓето бараат слобода за работа – за да можат да живеат. Социјализмот, наспроти тоа, е слобода од работа. Поттик за работа во социјализмот ќе биде тоа што работиме на изградба на општество во кое ќе се ослободиме од потребата да работиме. Оваа слобода може да се добие со колективните напори на општеството за развој на економијата и производните сили до тој степен што ќе биде потребен мал човечки труд за да се одржи, оставајќи нè слободни да ги живееме нашите животи како што сакаме
Капиталистите имаат многу тесна и неточна концепција за тоа што ги мотивира луѓето да направат нешто – тие на сето тоа гледаат како на прашање на пари, и покрај фактот што има многу работи што секој ги прави (хоби и сл.) кои сме мотивирани да ги правиме едноставно затоа што сакаме да ги правиме; работи кои не развиваат како луѓе, ни даваат чувство за цел и ни помагаат да воспоставиме врски со другите.
Всушност, постојат капиталисти кои самите го препознаваат ова. Професорката на бизнис школата на Харвард, Тереза Амабиле, напиша книга наречена Принципот на напредок, во која се тврди дека чувството на унапредување и напредување, и професионално и лично, е она што навистина ги мотивира луѓето на работа. Според Алфи Кон, социјален научник во Harvard Business Review, жаргонот на капиталистичкото управување се однесува на четири фактори кои ги мотивираат или охрабруваат луѓето да работат напорно: личен развој, признание, одговорност и работни предизвици – паричната награда е видливо отсутна од ова. листа. Токму овие облици на стимулации би ги поттикнал социјализмот на прв план, над паричната добивка.
Наместо да не отуѓи од нашата работа, социјализмот ќе ни даде соодветна улога во економијата и општеството, давајќи ни колективна сопственост над нив. Самата работа, а не само платата што доаѓа од неа, ќе има подиректна цел и јасно ќе служи на нашата сопствена корист и на другите околу нас, наместо на дебелите тајкуни во некоја далечна сала за состаноци. За тоа сведочеше и претседателот на една од окупираните фабрики во Венецуела кога извести дека во неговата фабрика работниците активно бараат да го подобрат производствениот процес бидејќи знаат дека нивните идеи можат да го подобрат животот на луѓето.
Ако парите играат мала улога во мотивирањето на луѓето во социјализмот, дали тоа значи дека платите ќе бидат укинати? Одговорот на ова е не – не веднаш; тоа значи дека платите би можеле постепено да исчезнат како што се развива економијата. На почетокот, работниците сепак ќе бидат платени во пари (чија вредност е поврзана со реалната економија) – тоа не е нешто што може да се укине преку ноќ. Разлики во платите веројатно ќе постојат во транзициониот социјалистички период, бидејќи свеста и производните сили се менуваат и се развиваат. Ова беше случај во Русија веднаш по 1917 година, кога болшевиците дозволија разлики во платите каде што беше потребно, но строго ограничени на сооднос 1:4.

Меѓутоа, со текот на времето, платите можеа да се заменат со купони, кои пак може да се заменат со ништо, а луѓето едноставно ќе можат да земат се што им треба. Колку општеството се приближува до состојба на изобилство, толку е помала улогата на платите во рационализацијата на потрошувачката, бидејќи сè би било доволно за секого.
Како што е со платите, така е и со парите воопшто. Троцки ја објасни потребата од нерегулирана валута, каде понудата на пари е поврзана со вистинското ниво на производство во економијата, дури и во социјализмот. Јасно е дека многу функции на парите во капитализмот би се промениле или исчезнале – потребата за парични плати е еден пример – но тие сепак би можеле да играат улога како показател за здравјето на планираната економија.
Во капитализмот, протокот на пари и употребата на ценовни сигнали укажуваат каде има недостиг или изобилство во економијата. Кога, на пример, побарувачката ја надминува понудата, цените на стоките се зголемуваат над нивната реална вредност, создавајќи суперпрофит за капиталистите во тој сектор. Ова ги охрабрува капиталистите на други места да ги инвестираат своите пари во овие сектори и на тој начин да ја зголемат понудата во рамнотежа со побарувачката. Во раните фази на социјализмот, оваа улога на пари и ценовни сигнали сè уште ќе биде потребна; но, наместо тоа, главните лостови на економијата – банките и големите компании – би биле под контрола на работничката држава, која би можела да ги насочи инвестициите за отстранување на сите недостатоци. Оттука, ценовните сигнали ќе бидат показател за понудата и побарувачката на стоки во различни региони и сектори, а стапката на инфлација ќе укаже на какви било потенцијални економски проблеми. Протокот на пари ќе биде мерка за тоа колку се шири трговијата во планираната економија.
Постепено, како што се повеќе и повеќе од економијата влегува во заеднички, демократски план за производство, производството и размената на стоки ќе се намалуваат, а парите како целина ќе исчезнат бидејќи овие функции на мерење на здравјето на економијата ќе бидат заменети со административна наместо со финансиска контрола.


ДРЖАВАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА

Како што парите на крајот ќе исчезнат во социјализмот, така ќе исчезнат и државата. СО својот прв чин вистинската пролетерска држава ќе го започне процесот на сопствено уништување. Тоа е затоа што експропријацијата на средствата за производство и нивното управување под демократска работничка контрола како дел од планираната економија ќе започне со елиминирање на класните разлики, дефинирани такви какви што се со разликата меѓу оние кои поседуваат имот и оние кои немаат. Општество во кое секој поседува и користи средства за производство е бескласно општество; тоа е општество кое повеќе нема да бара државен апарат составен од вооружени групи кои ги користи експлоататорската класа за да ги држи под контрола експлоатираните.
Предкласното општество, кое настанало околу 10.000 п.н.е. во времето на неолитската револуција, општеството било организирано според примитивните комунистички принципи. Класите во тоа време не постоеја, бидејќи производните сили не беа во можност да произведат повеќе од она што е неопходно за живот, затоа беше економски невозможно да се створат класа на поседувачи и класа на лишени. Енгелс, потпирајќи се на работата на антропологот Луис Хенри Морган, го опишува начинот на кој функционирале овие примитивни комунистички општества. Клучно, во контекст на проучувањето на ирокејскиот род (генс), тој истакнува:
„Авторитетот на Водачот во родот беше татковски, од чисто морална природа; тој немаше средства за принуда…Генсот ги заменува Водачот и воениот поглавар по волја…Родовите другари биле должни да си пружаат помош, заштита и особено поддршка кога се одмаздуваат за повредите нанесени од странци…Генсот имал совет, демократско собрание на сите полнолетни членови, мажи и жени, на кое секој имал исто право на глас“.
Ова е опис на општество без државни структури како што се полиција, војска, судови, затвори или политички естаблишмент кој е одвоен и над општеството. Бидејќи ова племе се држеше и работеше заедно со производните сили (поради потребата за опстанок), економските интереси на сите беа усогласени, што значи дека не беше потребен државен инструмент со принудна моќ за да се спроведе волјата на една класа против друга.
Експропријацијата на водечките сектори на економијата, ставајќи ги под демократска работничка контрола и управување и нивно водење како дел од планираната социјалистичка економија, на сличен начин ќе ја отстрани економската поделба на луѓето на класи, со што ќе ја отстрани материјалната основа за државата. Би се вратиле во комунистичка форма на општество, но на повисоко ниво, со напредни производствени сили наместо со примитивни.
Оваа слика за тоа како би изгледала една социјалистичка држава е во остар контраст со она што се случи во СССР за време на Сталин. Монструозната бирократска држава која ја задушуваше планираната економија во таа земја не беше здрава работничка држава, бидејќи и недостигаше секаков вид на работничка демократија, која е основна за водење здрава социјалистичка економија. Капитализмот има за цел (но често не успева – како што е споменато погоре) да ја искористи конкуренцијата за да го минимизира неефикасното производство. Во социјализмот, без конкурентски претпријатија, потребен е поефикасен механизам за да се обезбеди ефикасност и да се спречи корупцијата – тој механизам мора да биде демократска контрола на економијата од обичните луѓе. Како што еднаш рече Троцки, на планираната економија и е потребна работничка демократија како што на телото му треба кислород.
Конкретно, ова значи спроведување на мерки како што се целосни права за отповикување за сите избрани функционери, кои исто така нема да смеат да заработуваат повеќе од просечната плата на работникот, за да ги имаат истите материјални интереси како и луѓето што треба да ги претставуваат. Не смееме да бидеме принудени да чекаме пет години пред да можеме да ги исфрлиме пратениците кои донеле одлуки кои не се во интерес на мнозинството – пролетерската демократија вклучува поголема контрола од тоа. Ленин, исто така, зборуваше за потребата сите да бидат вклучени во администрацијата на новото општество, за да не се формира посебна класа на бирократи, одвоена и над останатата работничка класа. Ако сите се бирократи, тогаш никој нема да биде бирократ.

Формирањето синдикати претставуваше голема победа за работничката класа, бидејќи тие се демократски организации создадени од работничката класа за работничката класа. Во оваа смисла, тие се олицетворение семето на социјалистичката демократија. Марксистичкиот автор Роб Севел го истакнува ова во својата книга In the Cause of Labour: History of British Trade Unionism, каде што вели: „Синдикатите се основните организации на работничката класа. Но, тие се многу повеќе од тоа. Тие се ембрионот на идното општество во старото“. Тој понатаму објаснува дека тоа значи дека тие се поспособни да се борат за интересите на работничката класа:
„Работниците одново и одново се обидуваат да ги трансформираат своите организации во органи и училишта на солидарност, борба и социјализам, да го искористат изразот на Фридрих Енгелс“.
Окупираната фабрика Фласко во Бразил уште еднаш ни нуди пример за конкретни елементи на работничката демократија во пракса. Избраниот совет на фабриката подлежи на сегашното право на отповикување. Овој совет се состанува неделно за да разговара за плановите за фабриката, а записниците од овие состаноци се објавуваат за сите работници да ги разгледаат. Понатаму, секој работник во фабриката секој месец гласа за буџетот на фабриката. Овој модел, исто како и Советите во Русија на почетокот на 20 век, ја става економската контрола во рацете на самите луѓе, не принудувајќи ги да се потпрат на некој друг.
Советите беа избрани работнички совети во кои работниците учествуваа за да управуваат со нивните работни места, места на живеење и региони. Таквиот демократски метод е многу поблизок до работничката класа отколку буржоаската демократија, бидејќи на луѓето им дава директна контрола врз нивните животи на начин на кој парламентарната демократија никогаш не може. Земете ги за пример претстојните општи избори во Обединетото Кралство – која партија и да формира влада, таа ќе биде влада на штедење. Немаме вистински избор во оваа работа бидејќи економијата е во приватни раце, а за да се зачува функционирањето на капиталистичката економија, владата мора да се потчини на волјата на оние кои ги поседуваат водечките сектори на економијата – т.е. капиталистите. Само со предавање на контролата врз економијата на работничката класа можеме да гарантираме вистински демократски избор.


ПАРИСКАТА КОМУНА

Како и руските совети, претходната Париска комуна од 1871 година е исто така пример за пролетерска држава, која е многу различна од државата како што ја разбираме во капитализмот. Маркс ја опишува Комуната на следниов начин:
„Првиот декрет на Комуната беше декрет за укинување на постојаната војска и нејзина замена со вооружен народ“.
„Комуната беше составена од градски советници избрани врз основа на општо право на глас во различни региони на Париз. Тие беа одговорни и заменливи во секое време. Повеќето од нив, се разбира, беа работници или признати претставници на работничката класа. Комуната не требаше да биде парламентарно, туку работно, законодавно и извршно тело“.

„Полицијата, која дотогаш беше алатка на централната власт, веднаш и беша одземени сите политички функции и беше претворена во одговорен и во секое време заменлив орган на Комуната. Исто така и службениците од сите други гранки на администрацијата. Почнувајќи од членовите на Комуната надолу, јавната служба мораше да се врши за работничка плата. Заедно со исчезнување на овие достоинственици исчезнаа сите нивни привилегии и финансиски трошоци за репрезентација. Јавните позиции престанаа да бидат приватна сопственост на претставници на централната власт. Не само градската управа, туку и секоја дотогаш спроведена иницијатива од државата премина во рацете на Комуната.
Отстранувајќи ја постојаната војска и полиција, алатките на материјалната моќ на старата власт, Комуната веднаш се зафати со кршење на алатките на духовното угнетување, моќта на свештениците; донела одлука за распуштање и експропријација на имотот на сите цркви. Свештениците беа вратени во тишината на нивниот приватен живот, да живеат таму, по примерот на нивните претходници, апостолите, од милостината на верниците“.
Сите образовни институции беа отворени за народот бесплатно и во исто време ослободени од какво било мешање на државата и црквата во нивната работа. Ова не само што го направи училишното образование достапно за секого, туку и самата наука беше ослободена од оковите што ја ограничуваа со класните предрасуди и државната моќ“.
Судиите ја изгубија таа привидна независност, која служеше само за прикривање на нивната потчинетост на сите влади, на кои тие се заколнаа на верност и ја прекршија таа заклетва. Како и сите други јавни функционери, и тие мораа да бидат јавно избрани, одговорни и заменливи во иднина“.

Се разбира, за обичните луѓе вистински да учествуваат во демократското водење на општеството, на начин опишан погоре од Маркс, тие исто така мора да имаат време да го сторат тоа. Во капитализмот, должината на работната недела и притисоците од секојдневниот живот значат дека огромното мнозинство е целосно исклучено од политичката активност. За некој што работи долго или на две работни места, последното нешто што тој може или сака да го прави за време на вечерните часови и викендите е да ги проучува сложеноста на економското планирање или државното уредување. Понатаму, дури и да проучува, нема да има никаква разлика бидејќи обичните работници немаат влијание врз тоа како се води економијата или општеството како целина.
Во социјалистичкото општество, каде технологијата, автоматизацијата и ефикасноста на планираната економија ќе го намалата бројот на работни часови на ден, обичните луѓе конечно ќе го имаат потребното слободно време за целосно учество во управувањето со општеството. Со ставање на економијата под вистинска демократска контрола на работничката класа, луѓето исто така ќе бидат мотивирани да учествуваат знаејќи дека нивните мисли и постапки можат да направат опиплива разлика.
Како што илустрира погоре Марксовиот опис за Париската комуна, пролетерската демократија исто така се состои од замена на парламентарните тела со извршната власт-замена на празни зборови со вистинска акција. На пример, на генералниот штрајк во 1926 година во Британија, Североисточниот штрајкувачки одбор го отфрли барањето на владата за дистрибуција на основните материјали во регионот, бидејќи тие веќе имаа воспоставено систем за да го направат тоа сами. Овој штрајкувачки одбор не само што расправаше туку и донесуваше заклучоци, а потоа ја префрлаше одговорноста на други – неговите претставници носеа одлуки, ја преземаа одговорноста за нивно спроведување и ги сносеа последиците заедно со сите. Ова е вистинска пролетерска демократија и многу се разликува од млатењето празна слама во зградата на парламентот.
Затоа, во срцето на социјалистичката демократија е способноста на општеството реално да ги спроведува одлуките што ги носи. Ова е фундаментална пречка за демократијата во капитализмот – дури и ако општеството гласа за барања како што се целосно вработување и инвестиции во овој или оној сектор, како може таквите барања да се применат, кога сите реални одлуки за тоа кои работни места се отвораат и каде се инвестираат ги носат неизбрани банкари и газди? На крајот, тогаш, вистинската демократија бара економската контрола да биде во рацете на 99%, а не на 1%.


ПОЛИЦИЈАТА, ВОЈСКАТА И ЗАКОНОТ

Марксистите ја сфаќаат државата како вооружени тела на луѓе кои стојат над општеството – тоа се институции како што се полицијата и армијата. Во капитализмот, државата е оружје на буржоазијата, која ги користи полицијата и армијата за да ја одржи својата моќ; но пролетерската држава би била оружје што работниците би можеле да го употребат против обидите на капиталистите да продолжат да ги експлоатираат и угнетуваат. На ова мислат марксистите кога повикуваат на вооружување на работничката класа. Ова значи целосна реконструкција на полицијата и армијата по пролетерска линија – давање контрола на овие организации на работниците преку демократски избор на офицери и нивно подложување на дисциплината на организираната работничка класа.

Примери за такви мерки се забележани во Торино, Италија во 1920 година, кога Црвените бригади, составени од работнички доброволци, беа формирани под контрола на фабричките комитети. Синдикатот на ФИОМ ги окупираше фабриките и постави стражари за да ги чуваат вратите на фабриките. Тие не се потпираа на силите на буржоаската држава – тие создадоа алтернатива на таа структура под контрола на пролетаријатот.
Слично на тоа, по 1917 година, Троцки добил задача да ја формира Црвената армија во Русија од нула под најтешки услови. Тој воведе систем на комесари низ целата армија, чија улога како водечки кадри на Болшевичката партија беше да ја одржуваат политичката дисциплина на полковите и генералите кои командуваа со нив (кои поради недостатокот на воено-технички вештини често беа генерали кои претходно им служеле на поранешните реакционерни режими на царот и Керенски). На овој начин, армијата беше конструирана како оружје на пролетаријатот, а не како алатка на контрареволуционерната буржоазија.
Со текот на времето, како што класите се распаѓаат во услови на социјализирано производство, овие тела ќе исчезнат, бидејќи повеќе нема да ѝ бидат потребни на една класа да ја одржува својата доминација над друга. Административните работни места ќе останат; но, со секој како бирократ, ова нема да доведе до тоа една група во општеството да се одвои од останатите. Спроведување на општествени норми на однесување итн. би било постигнато со социјален притисок во општеството, а не со принуда надвор од него – на ист начин како што цивилизираното однесување е регулирано во пријателска група или како што беше во примитивните комунистички општества.
Енгелс го опишува примитивното комунистичко општество вака врз основа на студијата на Морган за Ирокезите:
„Без војници, жандарми и полицајци, без благородништво, кралеви, гувернери, префекти или судии, без зандани, без тужби, сè оди по својот уреден тек. Секоја кавга и спор се решава од заедницата на засегнатите, род или племе, или поединечни родови меѓу себе. Само како последно, ретко применето средство стои крвната одмазда, чија форма – само цивилизирана и оптоварена со сите предности и штетни страни на цивилизацијата – е нашата смртна казна. Иако има многу повеќе секојдневни задачи отколку сега – за цела низа семејства домаќинството е заедничко и комунистичко, земјата му припаѓа на племето, само градините се привремено доделени на домаќинствата – сепак нема ни трага од нашиот разгранет и комплициран административен апарат. Одлуките ги носат оние што се засегнати, а во повеќето случаи сè е веќе регулирано со прастар обичај. Не може да има сиромашни и бедни – комунистичкото домаќинство и родот ги знаат своите обврски кон старите, болните и осакатените во војната. Сите се еднакви и слободни – вклучително и жените“.
Во поголемиот дел од времето кога луѓето биле на оваа планета, околу два милиони години, живеевме во општества како ова, и го регулиравме нашето однесување во општеството, а не со тела што стоеја надвор и над него. Социјализмот би означил враќање на овој природен човечки начин на организирање на општеството – кооперативно наместо антагонистички.
Покрај оние тела кои го спроведуваат законот, постои и самата институција на правото, за која Маркс посочи дека не може да биде повисока од нејзината економска основа. Значи, Законот ќе постои се додека постои државата, но како и државата, на крајот ќе исчезне.
Советскиот правник Евгениј Пашуканис го дискутира ова во својата книга Општа теорија на правото и марксизмот:
„Смртта на категориите на буржоаското право ќе значи, под овие услови, целосна смрт на правото, односно исчезнување на правниот фактор од општествените односи.
Една од карактеристиките на правото во социјализмот, со оглед на тоа што е во процес на умирање, е тоа што веќе нема да има целосно апстрактна форма, како што е случајот во капитализмот. Буржоаското право инсистира на тоа дека правдата е слепа – со други зборови, дека таа ќе ги третира нееднаквите работи сосема исто. Според тоа, договорното право претпоставува дека двете договорни страни се целосно еднакви, дури и ако тоа не е случај во економската и социјалната реалност. Таквиот став во рамките на буржоаското право едноставно ја зајакнува нееднаквоста и неправдата. Законот во социјализмот, од друга страна, не би бил слеп – би имал широко отворени очи и би гледал како да ги брани интересите на работничката класа.
Како што сопственоста на средствата за производство ќе престане да биде прашање на индивидуална сопственост во социјализмот и ќе стане прашање на колективна сопственост, така и правото ќе стане помалку прашање на индивидуални права, а повеќе на колективно право на општеството. Во социјализмот, однесувањето ќе се оценува како криминално или не во однос на тие права.
Поговорката вели дека имотот е девет десетини од законот – така што укинувањето на приватната сопственост на производните сили сигурно ќе доведе до намалување на судските спорови и криминалот. Како може некој да краде од продавница, кога робата во таа продавница е во изобилство, слободно достапна за луѓето да ја земат врз основа на нивните потреби? Би било исто толку апсурдно како да обвинувате некого дека крадел кислород со вдишување на воздухот што му е потребен за да преживее!
Во капитализмот, огромното мнозинство на правна работа постои само за изготвување договори и разјаснување на правата на приватна сопственост. Со имотот кој сега е во колективна сопственост, во социјализмот оваа огромна количина на легална работа би застарела и наместо тоа би можела да се пренасочи кон повеќе општествено неопходни задачи.
Понатаму, во однос на прашањето на криминалот, колку сме поблиску до општество на суперизобилство каде што секој има работа и директен, демократски удел во економијата и сопствениот живот, толку ќе биде помал мотивот за извршување на криминалот на прво место. Во случај на злосторство, оние кои вршат злосторства може да се третираат како жртви на социјални болести, а не како бесни животни кои треба да бидат затворени. Пашуканис ја објаснува оваа точка на следниов начин:
„Замислете за момент дека судот навистина се занимаваше само со разгледување на начините на кои би можеле да се променат условите за живот на обвинетиот за да се подобри или да се заштити општеството од него – и целото значење на терминот „казна“ веднаш испарува. “
Прашањето за правото го повлекува прашањето на самите законодавци – политичките партии. Социјализмот не значи еднопартиска држава; но тоа значи промена во однос на партиите како што ги разбираме денес – односно групирани околу различни класни интереси, бидејќи овие класни разлики брзо ќе исчезнат. Додека конзервативците традиционално ги застапуваа интересите на буржоазијата во Велика Британија, лабуристите беа основани од синдикатите за да ги застапуваат интересите на работничката класа. Во САД, демократите и републиканците претставуваат различни крила на буржоазијата кои имаат малку различни ставови за тоа како најдобро да се одржи владеењето на капиталот. Во социјализмот повеќе нема да се основаат политички партии со цел да претставуваат одреден класен интерес, туку различни идеи за тоа како најдобро да се планира економијата, каде најдобро да се насочат инвестициите и знаењето, кои се приоритетите за општеството итн. Ќе гледаме партии засновани на идеи и желби, а не на класи.


КРАЈ НА НАЦИОНАЛИЗМОТ, СЕКСИЗМОТ И РАСИЗМОТ

Националната држава како што ја разбираме денес е воспоставена со развојот на капитализмот надвор од феудализмот, многу често на произволен начин (границите на многу африкански земји се едноставно производ на линии исцртани на картата од империјалистите). Денес, националната држава е кочница за развојот на производствените сили бидејќи раѓа протекционизам, конкуренција меѓу државите и контрола на имиграцијата. Таа, исто така, делува како оков на развојот на човечката култура преку охрабрување на токсичниот национализам кој ги отфрла странските културни идеи и го ограничува слободното движење на луѓето и мешањето на нивните култури.

Создавањето зони за слободна трговија, како Европската унија, е признание од буржоазијата дека економскиот развој бара отстранување на националните пречки; а сегашната криза во еврозоната е доказ дека во капитализмот е невозможно да се отстранат националните бариери.
Социјализмот е систем кој ја обединува работничката класа преку границите и ги урива националните бариери и конкуренцијата меѓу државите. Ова не значи уништување на локалната различност и култура – обединувањето на различни региони во една држава под социјализмот не би ја уништило нивната индивидуалност, туку едноставно би ги уништило вештачкиот данок, миграцијата и другите бариери меѓу луѓето.
Ова е поентата нагласена во една статија напишана пред повеќе од 120 години од Француската работничка партија, со наслов Патриотизам и социјализам. Разговарајќи за заслугите на интернационализмот, статијата вели:
„Интернационализмот никогаш нема да не спречи да бидеме патриоти. Ќе го видиме целосното цветање на човештвото. Како што видовме на крајот на минатиот век, кога, иако станавме Французи, сепак доаѓавме од Прованса, Бурбон, Белгија или Бретања“.
Со други зборови, иако буржоаските револуции во места како Франција и Германија ги надминаа локалните поделби и го зацементираа постоењето на националните држави, тоа не ги уништи локалните идентитети и традиции на луѓето. На сличен начин, интернационализмот значи отстранување на бариерите за соработка меѓу луѓето од различни националности, но не значи наметнување на единствен идентитет на целиот свет.
Другите поделби меѓу луѓето би исчезнале во социјалистичкиот систем, на пример предрасудите кон жените. Енгелс објаснува дека потеклото на женското угнетување е во приватната сопственост. Социјализмот, со укинување на приватната сопственост, ги отстранува материјалните услови за ова угнетување. Исто така и со традиционалното семејство, кое во капитализмот ја игра улогата на најосновната единица на економска експлоатација. Во социјализмот, семејството може да биде ослободено од буржоаските ограничувања и да се социјализираат домашните задолженија, симнувајќи го овој товар на неплатен труд од грбот на (претежно) жените и правејќи го одговорно за општеството како целина. Готвењето, чистењето, перењето и грижата за децата може да се обезбедат како јавни услуги, ослободувајќи ги жените од стегите на традиционалниот семеен живот. Ова не би ја отстранило можноста да продолжи да се живее традиционален семеен живот, ако се сака, но ќе престане да биде неопходност. Во такви услови, законите со кои се регулира бракот, разводот и абортусот би биле апсурдни.
Болшевиците презедоа чекори во оваа насока по Октомвриската револуција од 1917 година. Троцки ги објасни целите на социјалистичката држава во една статија за Правда во јули 1923 година со наслов Од старото семејство до новото:
„Физичките подготовки за условите на нов живот и ново семејство, повторно, не можат суштински да се одвојат од општата работа на социјалистичката изградба. Работничката држава мора да стане побогата за сериозно да се зафати со јавното образование на децата и да ги ослободи семејствата од товарот на готвење и перење алишта. Социјализирањето на семејното домаќинство и јавното образование на децата се незамисливи без значително подобрување на нашата економија во целина. Ни требаат повеќе социјалистички економски форми. Само под такви услови можеме да го ослободиме семејството од функциите и грижите кои сега го врзуваат и уништуваат. Перењето мора да се врши во јавна перална, кетеринг во јавен ресторан, шиење во јавна работилница. Децата мора да бидат воспитувани од добри јавни наставници кои имаат право да бараат работа. Тогаш односот меѓу мажот и жената би бил ослободен од се надворешно и случајно, а едниот би престанал да го впива животот на другиот. Конечно ќе се воспостави вистинска еднаквост. Врската ќе зависи од меѓусебната наклонетост. И токму поради ова ќе добијат внатрешна стабилност, се разбира не еднаква за сите, но незадолжителна за секого“.
Како што објаснува Троцки, таквите промени, исто така, би оделе на долг пат кон рушење на многу други предрасуди, како што е хомофобијата, кои во капитализмот владејачката класа ги користи за да предизвика поделби во работничката класа. Навистина, болшевиците започнаа многу од овие реформи, вклучително и легализацијата на хомосексуалноста, по 1917 година под водство на Ленин и Троцки.
Расистичките предрасуди исто така нема да опстанат во социјализмот. Расизмот се користи и како алатка од владејачката класа за да се подели работничката класа меѓу себе за газдите полесно да ги експлоатираат работниците. Не случајно антиимиграциската, расистичка реторика доаѓа до израз во периоди на капиталистичка криза кога буржоазијата смета дека е неопходно дополнително да се притисне животниот стандард на работниците.
Во социјализмот конечно нема да има материјална основа за расизмот, бидејќи нема да има класни поделби. Иако е многу искривен пример, СССР ни дава некои погледи во дел од напредокот што може да се постигне во социјализмот во оваа сфера. Голем дел од советската пропагандна уметност прикажува слики на расно разновидна група на луѓе кои се борат за социјализмот, за да се нагласи дека битката за социјализмот ја води работничката класа ширум светот. Понатаму, СССР понуди бесплатно образование на граѓаните на африканските земји и го основа Универзитетот за пријателство на народите Патрис Лумумба, именуван по левичарскиот револуционерен водач на Конго. Во меѓувреме, во архи-капиталистичките Соединетите Американски Држави, расната сегрегација траеше до средината на 1950-тите.
Исто како што ќе ја отстрани материјалната основа за овие различни видови угнетување и предрасуди, процесот на револуција и градење на социјалистичко општество сам по себе ќе ги разбие овие предрасуди. Во контекст на социјалистичката револуција, класните прашања доаѓаат до израз, додека поделбите меѓу расите, половите и така натаму се повлекуваат во втор план.
Штрајк на рударите во Велика Британија 1984-85 година. дава пример за ефектот на револуционерниот процес врз родовите односи. Лорета Лоуч, во својата книга за Жените во штрајкот на рударите, објаснува како односите меѓу мажите и жените радикално се промениле во работничките заедници во тоа време, како резултат на нивната заедничка борба против архи-капиталистичката влада на Тачер:
„Колку стануваа поголеми тешкотиите, толку женската одлучност стануваше посилна. Почнаа да маршираат со своите мажи, да присуствуваат на митинзи и состаноци, постојано да учат. Претходно аполитични, воздржани жени се појавија како надарени креатори и зборуваа на состаноците за да соберат пари за да ја продолжат задачата што ја имаат.
Во борбата за социјализам, она што станува важно е посветеноста на социјалистичката револуција, карактерна особина која не е ограничена на некој посебен пол или раса. Сите други поделби се разбиени во процесот на заедничка борба.


ПРОЦУТ НА НАУКАТА И КУЛТУРАТА

Во СССР беа преземени масовни програми за описменување и национализација на народните библиотеки. Со повеќе луѓе способни да читаат и пишуваат, книжевната, театарската и поетската култура на луѓето ќе може многу брзо да достигне нови височини.
Во Венецуела, земја која усвои голем број социјалистички политики под Хуго Чавез како дел од Боливарската револуција, ефектите од масовната програма за образование и писменост која научи 1,5 милиони луѓе да читаат и пишуваат може да се видат во бумот на венецуелското белетристика. Според новинарот Борис Муњоз, венецуелската белетристика „се отвори за да најде поголема публика, преку ноар романи, историски романи, без да се одрече од сопствените венецуелски карактеристики“. Друг книжевен критичар, Антонио Лопез Ортега, ја опишува венецуелската белетристика како „најчуваната тајна на Карибите“, додека во 2006 година еден Венецуелец ја освои престижната награда Хералде за роман за прв пат, а исто така беше финалист за награда на Независните весници за странска фикција. Понатаму, на Меѓународниот саем на книгата во Ла Паз во 2006 година, Венецуела одлучи да им подари 25.000 книги бесплатно на граѓаните на Ла Паз и соседниот град Ел Алто, наместо да ги продава на богатите меѓународни посетители, во интерес да го прошири пристапот до културата. Ваквиот развој и ставови беа возможни само во земја која го користеше богатството од своите природни ресурси во интерес на мнозинството наместо за профит на малкумина. Врз основа на ова, замислете што би можело да се постигне во областа на културата во целосно развиено, здраво социјалистичко општество!
И ова прашање оди подалеку од самото проширување на програмите за описменување. Социјализмот им нуди на младите посветла иднина полна со можности, која, во споредба со мрачните изгледи за младите во капитализмот, ќе инспирира голем напредок во уметноста и филозофијата. Не случајно најголемите буржоаски филозофи пишуваа во зората на капитализмот, кога општеството излегуваше од дотраениот феудален систем кон посветла капиталистичка иднина. Слично на тоа, најголемите уметници – Да Винчи, Бетовен, Шекспир итн. – тие ги создадоа своите ремек-дела благодарение на инспирацијата од револуционерната борба на буржоазијата против стариот феудален поредок. Таков културен напредок ќе се случи со доаѓањето на социјализмот; но со дополнителна придобивка од неколку стотици години човечки развој зад себе, овие социјалистички ремек-дела ќе ги изразат идеите на бескрајно повисоко ниво од сè што сме виделе досега.
Планираната економија ќе овозможи рационалното инвестирање во научното истражување да произведе многу поефикасни резултати отколку што е случајот во капитализмот. Светски реномираното кубанско здравство е производ на планирана инвестиција во научниот развој, а неговата ефикасност е многупати докажана, а неодамна со огромната помош што Куба им ја пружи на земјите погодени од вирусот ебола и податоците за бројот на лекарите по глава на жител, како што беше споменато претходно.
Кога станува збор за научните прашања околу климатските промени, се чини дека социјализмот е единственото нешто што може да не спаси од уништување на планетата. Она што ни треба е меѓународно координиран план за справување со климатските промени – план каде профитот и националните граници не се пречки. Ова е директна спротивност на капитализмот, и е токму описот на социјализмот. Со меѓународно планирани научни напори за намалување на емисиите и ублажување на климатските промени, би можеле да го решиме најсериозниот проблем со кој се соочува целиот живот на Земјата денес.
Веќе постојат технологии за искористување на енергијата на ветерот, брановите и сончевата енергија, кои би можеле да се користат за напојување на целата планета. Во 1986 година, германскиот физичар Герхард Книс откри дека пустините на Земјата добиваат повеќе сончева енергија за шест часа отколку што човештвото троши за една година, што значи дека област во Сахара со големина на Велс може да обезбеди енергија за цела Европа. Искористувањето на овој потенцијал би значело отстранување на секаква зависност од фосилните горива, драматично намалување на емисиите на јаглерод – нешто што на планетата очајно и треба. Тоа не е направено затоа што би бил неисплатлив потфат за оние капиталисти кои граделе и инвестирале во огромните компании за фосилни горива. Капитализмот не е способен да ја планира иднината, тој е заинтересиран само за краткорочна добивка. Од капиталистичка гледна точка, уништувањето на планетата е прифатлива цена за поголем профит, а не само затоа што најсиромашните луѓе во светот ќе го сносат товарот од екстремните климатски промени. Само преку рационално долгорочно демократско планирање можеме да го направиме она што е неопходно за да ја спасиме планетата.
Научниот напредок во истражувањето на вселената може да се постигне многу поефикасно со користење на планирана економија, наместо секоја нација да произведува, лансира и одржува сопствени сателити и друга опрема. Всушност, дури и досега, приватните компании кои се обидуваа да лансираат мисии на Марс мораа да се потпираат на проекти финансирани од владата, како НАСА, за помош со финансирање и експертиза. Рационално планираниот јавен сектор е поефикасен начин за продолжување на вселенското истражување, како што докажа СССР со тоа што беше првата нација што испрати човек во вселената и беше на работ да лансира цела вселенска станица способна да ги достигне надворешните граници на Сончевиот систем, додека САД беа само во фаза на ставање човек на Месечината.


КРАЈОТ И ПОЧЕТОКОТ

Ќе има ли марксисти во социјализмот? Дали марксистичката теорија ќе има некаква улога по победата на социјалистичката револуција? Во моментов, марксизмот е првенствено политичка алатка, а оние кои ги проучуваат идеите и се обидуваат да ги применат во пракса се првенствено политички активисти.
Меѓутоа, во социјалистичкото општество, дијалектичкиот материјализам, филозофијата на марксизмот, ќе продолжи да биде витална алатка за анализа на развојот на тоа општество. Понатаму, тој ќе стане свесен елемент во научното истражување и културната креативност. Во моментов, оваа филозофија е имплицирана во различни области на науката, како што се истражувањето на квантните процеси и теоријата на хаосот, но со тоа што ќе ја направиме експлицитен елемент во нашето разбирање на општеството, свеста на човечките суштества ќе се развива многу подалеку и побрзо во социјализмот. Како што филозофиите на либерализмот и рационализмот ја играа оваа улога во капиталистичкото општество, така и марксизмот ќе ја игра оваа улога во социјализмот.
Социјализмот значи крај на општеството во кое човечките суштества се угнетувани и експлоатирани од други човечки суштества. Ова значи крај на големата приватна сопственост и крај на приватниот профит и анархијата на слободниот пазар. Но, социјализмот не значи итен крај на сите светски проблеми и создавање на рај во кој сите ќе живеат среќно до крајот на животот; ниту пак значи крај на историјата и сиот иден развој на човечкото општество.
Всушност, социјализмот е само почеток на историјата. Ветува систем способен да ги развие продуктивните сили до точка каде што луѓето ќе можат да престанат да се уништуваат себеси и својата планета и наместо тоа да почнат свесно да преземаат контрола над сопствените животи.
Филозофот Хегел рекол дека вистинската слобода не доаѓа од обидот да се надминат законите што владеат со светот, туку истите да се разберат; бидејќи, откако ќе ги разбереме, можеме да ги искористиме овие закони во наша корист. Теоријата на марксизмот ни дава разбирање за физичките, социјалните и економските закони кои управуваат со светот, а практиката на социјализмот ќе ни ја даде слободата што доаѓа од нивно искористување за нас самите. Што да се прави со оваа слобода ќе биде движечкото прашање на целиот иден човечки развој.

Текстот е објавен на 14 април 2015 година.

Интернационала

Класна омраза и убиство на извршниот директор на Јунајтед Хелткеар

Во среда наутро, Американците се разбудија со веста дека извршниот директор на Јунајтед Хелткеар (United Healthcare), Брајан Томпсон, бил смртно застрелан во оружен напад пред хотел во Менхетен. Националните капиталисти и нивните претставници пролеаја крокодилски солзи за смртта на еден од нивните. Еден од првите што реагираше беше гувернерот на Минесота, Тим Валц, кандидат за потпретседател на Камала Харис на последните избори, кој ја опиша смртта на Томпсон како „страшна загуба за бизнисот и здравствената заедница“.

[Првично објавено на 6 декември на communistusa.org, иако ова беше објавено пред апсењето на Луиџи Манџoне, анализата останува навремена и релевантна]

Милиони работници низ целата земја не го делат тоа чувство. Здравственото осигурување е една од најомразените индустрии во земјата, која негативно ги допре животите на речиси секој работник во форма на зголемени премии, одбивања на исплати за здравствени услуги и повеќе. Медицинските трошоци се водечка причина за банкрот во САД со 41% од населението во долг поради медицински сметки и три милиони Американци во долг од 10.000 долари или повеќе. Ова, и покрај тоа што 90% од Американците имаат осигурување.

Јунајтед Хелткеар е меѓу највиновните, бидејќи е на водечката позиција во одбивањето на здравствени услиги, одбивајќи 32% од сите барања. Згора на се, компанијата неодамна започна да користи AI алгоритми за обработка на барањата за здравствени услуги кои наводно имаат стапка на грешка од 90%. Резултат? Милиони луѓе добиваат сметки за здравствени услуги кои требаше да бидат покриени, дури и според правилата на самата компанија, малку жалби им се прифатени без да се борат низ бирократскиот лавиринт на компанијата или на суд. Милиони Американци рутински се соочуваат со изборот или да влезат во осакатувачки долг или да го загрозат своето здравје и да ги прифатат ризиците што доаѓаат со отсуство на потребната здравствена услуга.

Во исто време, Јунајтед Хелткеар заработува од смртта и мизеријата што го дефинира нивниот деловен модел. Во 2023 година, приходите на компанијата скокнаа за 14,6%, или 47,5 милијарди долари, на 371,6 милијарди долари. Според Форбс, „Јунатедхел Груп пријави 22 милијарди долари профит во 2023 година, вклучувајќи 5,5 милијарди долари во четвртиот квартал, бидејќи нејзиното портфолио на здравствено осигурување и даватели на услуги порасна за двоцифрени проценти“. Постојат причини зошто е четвртата највредна компанија во земјата, надмината само од гиганти како Волмарт, Амазон и Епл.

Значи, не мораме многу да шпекулираме за мотивите на убиецот на Томпсон. Трите чаури пронајдени на местото на настанот наводно ги имале напишано зборовите „негирај“, „брани“, „свргни“, што веројатно е референца на лавиринтскиот кошмар што компании како Јунајтед Хелткеар им го приредуваат на своите „клиенти“ во некои од нивните најмрачни моменти. За човек со проценета нето вредност од 43 милиони долари и плата од приближно 10 милиони долари годишно, „тага“, „шок“ и „ужас“ не се зборови што ги имаат на ум многу американски работници. Наместо тоа, веројатно за првпат по долго време, многумина чувствуваат дека правдата е задоволена. На крајот на краиштата, од нас не се бара да плачеме кога шефовите на мафијата ќе бидат убиени — тоа е само еден од ризиците што ги преземате кога сте во бизнисот на играње со животите на луѓето. Класната омраза е очигледна во коментарите под илјадниците статии и видеа што се појавија последниве неколку дена. Мал дел од овие коментари беше објавен од „Њујорк Тајмс“:

„Мисли и одбитоци за семејството“, стои во еден коментар под видео од пукањето објавено онлајн од Си-Ен-Ен. „За жал, моето сочувство е надвор од мрежата.“

 На ТикТок, еден корисник напиша: „Јас сум медицинска сестра во итна помош и работите што сум ги видела, смрт на пациенти како резултат на одбиени барања заосигурување, ме прават физички болна. Едноставно не можам да сочувствувам со него поради сите тие пациенти и нивните семејства.“

 „Плаќам 1.300 долари месечно за здравствено осигурување со одбиток од 8.000 долари (23.000 годишно). Кога конечно го достигнав одбитокот, ми ги одбија барањата. Тој заработуваше милион долари месечно“, стои во еден коментар на ТикТок.

Друг коментатор напиша: „Ова треба да биде новата парола. ИЗЕДЕТЕ ГИ БОГАТАШИТЕ.“

 „Возењето со брза помош до болница веројатно нема да биде покриено.“

 Една жена изрази фрустрација со обидот да добие специјален кревет за својот син со инвалидитет одобрен од Јунајтед Хелткеар. Друг корисник опиша борба со покривање на сметките по породувањето.

„Тоа е толку стресно,“ рече корисникот во видео. „Се разболев од ова.“

Одговорот на безбедносните служби беше одлучен, бидејќи њујоршката полиција пристапи со „сѐ живо и диво“ расположливо за да го пронајде убиецот. Пораката што би се испратила ако некој се извлече со вакво високопрофилно убиство е исклучително опасна. Стравувајќи дека овој чин би можел да инспирира имитатори, шефовите на приватното обезбедување за десетици Fortune 500 компании се сретнаа преку Zoom за да разговараат за опасностите што сега ги гледаат за извршните директори на сопствените компании.

Како што известува WUSA9 News:

[Водечка компанија за заштита] Претседателот и извршен директор на Global Guardian, Дејл Бакнер, објасни дека во првите четири часа по инцидентот, компанијата добила 47 барања за извршна заштита. До следниот ден, тој број се зголемил за повеќе од 20 дополнителни барања, со очекувања дека побарувачката ќе продолжи да расте.

„Тие се загрижени, се разбира, можете да замислите дека ова е своевиден показател,“ рече Бакнер.

„Може да се забележи значителнозголемување на потребите од ваков вид услуги. Сега имаме две жешки војни, една на Блискиот Исток, една во Европа. Вкупно, во моментов има 56 војни ширум светот. 56. Ова е најмногу од Втората светска војна,“ рече Бакнер.

„Одборите конечно сфаќаат дека за вистински да ги заштитат своите средства, извршната заштита повеќе не е опционална,“ рече Бакнер. „Во светот во кој живееме, тоа стана неопходност.“

Што би натерало некого да го изврши ова убиство? На многу начини, прашањето само по себе го дава одговорот. Но, она што е помалку очигледно е дека ова убиство се случува во период во кој нема значаен поттик од страна на водачите на работничката класа за да се поведе борбата против владејачката класа. Наместо тоа, повеќето работнички лидери застанаа зад Демократската партија, партијата која е најочигледно поврзана со индустријата за здравствено осигурување. Други, како Шон О’Брајан од Teamsters, го поддржаа РНЦ и Трамп, легитимирајќи го новоизбраниот претседател кој има исто толку лошо досие за прашања поврзани со трудот и семејни врски со извршители во здравственото осигурување.

Разговорите за „Medicare for all“ за време на кампањата на Берни Сандерс во 2016 година, колку и да беа ограничени, отстапија место, прво на лојална одбрана на Бајден и Харис, а потоа на патетично жалење за грешките на партијата која никогаш не ги претставувала работниците. Во отсуство на масовна борба на работничката класа против владејачката класа како целина, не е изненадувачки што индивидуалец би одлучил да преземе акција против една од најозлогласените фигури на капиталистичката класа.

Она што е неопходно е изградба на масовна политичка сила на работничката класа вооружена со комунистичка програма за експропријација на богатството на милијардерите—за справување со капиталистичката класа како класа, а не како поединци. Само преку масовна револуционерна акција може да се ликвидира капиталистичката класа, не преку индивидуално насилство, преку запленување на нивното богатство и пренасочување на економијата од слепа трка по профит кон подобрување на целото човештво.

оригинал Class hatred and the assassination of UnitedHealthcare’s CEO
автор Марк Рахман, 10 декември 2024

ВестиИнтернационала

Победа на Трамп: удар во заби на естаблишментот

Шокантниот резултат од претседателските избори во САД е уште еден пример какви ненадејни и остри промени се имплицитни во ситуацијата. До последниот момент, медиумските експерти правеа сè што е можно за да докажат дека анкетите покажуваат победа за Харис, иако со тесна разлика.

Но, погрешија.

Рано наутро на 6 ноември 2024 година, кога Трамп се доближи до прагот од 270 електорски гласови да стане избран претседател на Америка, пропадна таа илузија. Милиони Американци излегоа пак да гласаат за Трамп.

Ова не требаше да се случи. Владејачката класа во Америка – цврсто поддржана од владите на Европа – беше решена да го спречи неговото враќање во канцеларијата, со какви било средства. По поразот на Трамп на изборите во 2020 година, сè беше направено за да се спречи неговото повторно кандидирање. Пробаа да го тргнат од гласачките ливчиња во различни држави. Доби 34 кривични обвиненија, со повеќе од 50 други кои беа во тек. Му беше доделен налог за исплата на стотици милиони долари во граѓански случаи поврзани со деловна измама и тужба за клевета произлезена од обвинение за силување. Но, секое кривично обвинение фрлено против него само ја зголемуваше неговата поддршка. Обвинувањата едноставно не влијаеја на него. Со секој судски процес, неговата поддршка во анкетите се зголемуваше.

Сите бројни напади против него се враќаа назад и се вртеа против оние кои беа перципирани – со право – како дел од заговор за да го спречат неговото враќање во Белата куќа. Сите карти беа насочени против него. Медиумите беа речиси обединети во спротивставувањето на Трамп. Подолу е списокот на главните весници и списанија и нивната позиција во однос на двајцата кандидати:

Камала Харис199
Доналд Трамп16
без поддршка28
друго1
вкупно244

Од ова можеме да видиме дека практично сите масовни медиуми беа против него. Владејачката елита се тешеше со тоа дека ‘никогаш нема да успее’. Тврдеа дека осуден криминалец никогаш не може да ја освои претседателската функција. Но тоа се случи. Ова го покажува огромниот шок што овој изборен резултат го предизвика кај американската владејачка класа.

Збунетост

Троцки во една пригода изјавил дека теоријата е надмоќ на предвидувањето над изненаденоста. Овој коментар ми дојде на ум утрово, кога прочитав интересен коментар на еден репортер на Би-Би-Си:

„Еден демократски политички оперативец во Вашингтон порача дека за почеток партијата ‘треба да се ослободи од елитистичките снобови во Вашингтон’. Други ми кажаа истото, иако помалку отворено – дека, иако ја пофалија кампањата, сметаат дека партијата како целина има ‘проблем со имиџот’ во време кога основни, секојдневни работи како животните трошоци се на ум за повеќето гласачи. Оваа демократска очајност ме потсетува на разговорот што го имав со еден републиканец на еден митинг на Трамп кој рече дека нивниот кандидат целосно ја ‘преосмислил’ Републиканската партија од нејзиниот стереотип на гласач од елитни кругови до привлекување на работничките семејства, додека демократите станаа ‘партија на Холивуд’. Ова се големи генерализации, но такви што Републиканците јавно, а некои Демократи приватно, сега ги споделуваат.“

Без елементарно знаење за дијалектика, стратегиите на Капиталот секогаш го набљудуваат површинскиот слој на општеството, сосема несвесни за гневот што се собира под нивните нозе. Тие не успеаја да ги разберат основните причини на таканареченото движење на Трамп. Очигледно, сè е прашање на ‘имиџ’. Но, проблемот е во тоа што имиџот на Демократската партија тесно ja одразува основната реалност. Сега постои огромен јаз помеѓу елитата во Вашингтон и масата на народот: ова беше вид на ‘Селанска буна1’ – плебејска побуна и разорно гласање на недоверба во постојниот поредок.

Контрадикторно движење

Често слушам од луѓето на левицата дека Трамп и Харис се „исти“. Ова е и вистина и невистина. Само по себе е очигледно дека Доналд Трамп е милијардер кој, следствено, ги застапува интересите на богатите и моќните.

Сепак, да се каже дека Харис и Трамп се реакционерни буржоаски политичари и дека нема многу разлика меѓу нив, значи да се каже очигледното. Оваа почетна дефиниција не го исцрпува прашањето што неизбежно се поставува: како да се објасни ентузијастичката поддршка што Трамп успеал да ја добие меѓу милиони американски работници?

Тоа е чуден парадокс, дека милијардер како Трамп може успешно да се постави како застапник на интересите на работничката класа. Тој е, се разбира, верен претставник на неговата класа – на 1 процент од супербогатите Американци кои ја поседуваат и контролираат нацијата. Долги години, Демократите беа во состојба да се претставуваат како политички претставници на работничката класа. Но, децении горчливи искуства ги убедија милиони работници дека ова е лага.

Тие бараат радикална алтернатива. Ова можеше да биде обезбедено од Сандерс, доколку тој одлучеше да се откаже од Демократите и да се кандидира како независен. Но, тој капитулираше пред естаблишментот на Демократската партија, што ги разочара неговите поддржувачи. Ова го остави патот отворен за десничарски демагог како Трамп, кој ја искористи можноста со двете раце. Не е општо познато, но во 2015 година, Трамп приватно му кажал на професорот од бизнис школата на Јејл, Џефри Соненфелд, дека намерно го копирал анти-корпоративното пропагирање кое кампањата на Берни Сандерс го покажа како ефикасно. Во отсуство на лево ориентиран кандидат, милиони луѓе кои се чувствуваа отуѓени и политички отфрлени ја искористија можноста да нанесат силен удар против естаблишментот. Вистината е дека работничката класа во Америка се чувствува предадена од Демократите и целосно отуѓена од постојните политички партии. За нив, Трамп се чинеше дека нуди алтернатива. И тие се собраа за да го поддржат.

Уште во ноември 2016 година, интервју во Ивнинг стандард (Evening Standard) истакна:

„Работничката класа во Америка излегува во рекорден број. Ова е револуција на работничката класа. Никој не го предвиде ова, најмалку елитите во медиумите кои јадат сирење и пијат шампањ и никогаш не зборуваат со вистинските гласачи. Работничката класа во Америка беше предадена од естаблишментот, од робовската класа на Вол Стрит, а Доналд Трамп е нивен застапник.“

Факт е дека додека Трамп не го покрена прашањето, работничката класа речиси никогаш не беше споменувана во американската политика. Дури и најлевичарските Демократи само ја споменуваа средната класа. Работничката класа беше целосно занемарена. Таа дури и не беше во нивното видно поле. Но работничката класа постои и сега почнува да се осознава.

Во времето на големата Француска револуција од 18 век, опатот Сијес напиша славен трактат со наслов „Што е Третиот сталеж?“ во кој читаме: „Што е Третиот сталеж? Сè. Што беше до сега во политичкиот поредок? Ништо. Што посакува да биде? Да стане нешто.“

Овие познати зборови можат добро да се земат како опис на работничката класа во САД денес. И, што и да мислите за него, мора да се признае дека, поради свои причини, Доналд Трамп одигра најважна улога во поставувањето на работничката класа во центарот на американската политика за првпат по децении.

Јазот помеѓу класите

Овој факт не е случаен. Тој е одраз на очигледната социјална реалност. Јазот што ги разделува богатите и сиромашните се протегна во непремостлив амбис, продлабочувајќи ја социјалната и политичката поларизација и создавајќи експлозивно расположение на гнев во општеството. Каде и да погледнете, во сите земји, постои силна омраза кон богатите и моќните: банкарите, Вол Стрит и естаблишментот воопшто. Токму таа омраза вешто ја искористи Доналд Трамп, што ги вознемири сериозните претставници на капиталот.

Со право го гледаат Доналд Трамп како закана затоа што тој намерно ја руши основата на консензусот, на политиката на централна позиција која е градена внимателно со децении.

Берзата во САД е во подем, доларот е силен на девизните пазари, економијата на САД расте со околу 2,5 проценти реален раст на БДП, а невработеноста не е повисока од 4,1 процент. И покрај тоа, извештаите од политичките анкетари јасно покажуваат дека повеќето луѓе не се чувствуваат подобро – напротив:

„Анкетарите од „Make the Road Pennsylvania“ ми кажаа дека многу луѓе кои ги среќавале изразиле сомнеж дека гласањето може да ги подобри нивните животи. Еден анкетар рече дека често слушал од политичарите: „Тие само го сакаат мојот глас, а потоа забораваат на нас.“ Мануел Гузман, државен претставник чиј округ вклучува населби во Ридинг со редици скромни куќи и населени главно од Латино имигранти, ми рече дека му е познат ваквиот скептицизам на гласачите. Гузман, кој е полудоминканец и полупорториканец, беше уверен дека демократите ќе го освојат Ридинг во ноември. Но, беше загрижен дека маргината на победа ќе биде разочарувачка, имајќи предвид дека постои недоволна врска меѓу она што ги загрижува демократите во Вашингтон и она што го слуша од своите избирачи – многу од кои имаат потреба од повеќе работни места за да избегаат од сиромаштијата, која ги погодува една третина од жителите на Ридинг. „Ние сме толку фокусирани како национална партија на спасување на демократијата,“ рече тој. „Чесно да ви кажам – не сум слушнал ниту еден човек во градот Ридинг да ми зборува за демократијата! Тие ми велат: ‘Мани, зошто е толку скапо горивото?’ ‘Зошто мојот наем е толку висок?’ Никој не зборува доволно за овие прашања.“

Американците добро се свесни за трошоците што официјалните индекси и главните економисти ги игнорираат. Стапките на хипотеки достигнаа највисоко ниво во последните 20 години, а цените на домовите достигнаа рекордни нивоа. Премиите за автомобилско и здравствено осигурување исто така се зголемија. Во истражување спроведено од Харис за Блумберг Њуз во декември, речиси 40 проценти од Американците рекоа дека нивното домаќинство неодамна зависело од дополнителен приход за да се снајде. Од тие, 38 проценти рекле дека дополнителните пари едвај ги покривале месечните трошоци, без да им остане ништо, а 23 проценти рекле дека тоа не е доволно да ги платат сметките.

Навистина, нееднаквоста на приходите и богатството во САД, која е меѓу највисоките во светот, само се влошува. Најбогатите 1 процент Американци земаат 21 процент од сите лични приходи, што е повеќе од двојно од уделот на посиромашните 50 проценти! И најбогатиот 1 процент Американци поседуваат 35 проценти од сите лични богатства, додека следните 10 проценти Американци поседуваат 71 процент; но долните 50 проценти поседуваат само 1 отсто! Екстремните нивоа на нееднаквост, растечкиот јаз помеѓу богатите и сиромашните и зголеменото чувство на отуѓеност на политичарите во Вашингтон од проблемите на обичните луѓе лежат во срцето на сегашната ситуација. Тука ја наоѓаме вистинската причина за популарноста на Доналд Трамп и резултатот од сегашните избори.

Колапсот на центарот

Овој феномен не е ограничен само на САД. Она што го гледаме насекаде е колапсот на политичкиот центар, но тој е сврзното ткиво кое го држи општеството заедно. Ова е силен израз на растечката тензија помеѓу класите – поделбата на лево и десно – која постојано се продлабочува. Парадоксално, феноменот на движењето на Трамп е одраз на овој факт.

Во моментов, тоа се одразува преку раст на необични популистички десничарски тенденции во различни земји. Но, законите на механиката нѐ учат дека секоја акција има еднаква, ама спротивна реакција. И во подоцнежен стадиум, тоа ќе се изрази во остро свртување налево.

Од гледна точка на владејачката класа, опасноста од Трамп е токму во тоа што, обраќајќи се на работниците за сопствени цели, го потхранува расположение на радикализација кое поставува опасен преседан за иднината. Ова ги објаснува длабоките чувства на страв и гнев кои постојано ги покажуваат кон него. Владејачката класа очајно се обидува да го спречи овој процес на поларизација и повторно да го соедини центарот. Но, сите објективни услови работат против нивниот успех.

Богати и сиромашни

Бил Клинтон еднаш рече: „тоа е економијата, глупавко.“ Имаше право. Вол Стрит Журнал објави дека:

„Економијата беше далеку најважното прашање за гласачите, при што 39% ја наведоа како „најважното прашање со кое се соочува земјата […] Повеќе од шест од десет – 63% – рекоа дека економијата е „не толку добра“ или „лоша“. […]

„Гласачите ги опишаа специфичните притисоци, вклучувајќи ги сметките за храна, цените на домовите и стравот од војна, но многумина исто така ги опишаа поголемите егзистенцијални грижи за судбината на Америка.“

На претходните избори, кога Трамп се кандидираше против Хилари Клинтон, The Economist, кој ја поддржуваа Клинтон, признаа дека:

„Г-дин Трамп беше донесен на власт на бранот на народен гнев. Овој гнев е делумно поттикнат од фактот што обичните Американци не учествуваат во просперитетот на нивната земја. Со други зборови, средната заработка за мажи сè уште е пониска отколку во 1970-тите.

„Во последните 50 години, со исклучок на проширувањето во 1990-тите, средните домаќинства требаше подолго време да ја повратат загубената заработка по секоја рецесија. Социјалната мобилност е премала за да понуди надеж за нешто подобро. Резултатот е загуба на самопочит, која не се неутрализира со неколку квартали на растечки плати.“

Работите не се промениле суштински од тогаш. Економијата на САД не е во добра состојба. Ова се покажува со невидени нивоа на долг што постојано расте под администрацијата на Бајден. Во моментов, јавниот долг на Америка, се проценува на 35 илјади милијарди долари, или околу 100 проценти од БДП. Тој се зголемува за илјада милијарда долара секои три месеци. И има само еден правец: нагоре.

Ова е јасен показател дека дури и најмоќната и најбогата нација на Земјата ја надминала својата сила. Тоа е ситуација која е на крајот неодржлива.

Изолационизам

Доналд Трамп не е економист. Не е филозоф ниту историчар. Тој не е дури ни политичар, во смисла дека има разработена идеологија и стратегија. Тој е во суштина опортунист и емпирицист во најтесната смисла на зборот.

Но, се смета себеси за врвен тактичар – практичен човек, кој секогаш бара практични, краткорочни решенија за секој проблем што ќе се појави. Секогаш се потпира врз она што го нарекува „договор“. Со други зборови, тој има менталитет на мал трговец, вешт во уметноста на пазарење. Таквата вештина, се разбира, е валидна до одредени граници. Но, она што е валидно на пазарната тезга брзо се наоѓа во неволја во сложената мрежа на меѓународната политика и дипломатија.

Во суштина, неговата наклонетост е кон изолационизам. Тој е против секоја идеја Америка да се заплетка во странски сојузи од кој било вид – било тоа да е Обединетите нации, Светската трговска организација или самото НАТО. Неговата политика може лесно да се сумира со слоганот „Америка на прво место“. Но, тоа значи дека остатокот од светот доаѓа на последно место! А тоа носи многу проблеми. Ако беше до него, Америка веднаш би ги прекинала сите врски со овие туѓи организации, посветувајќи се исклучиво на своите сопствени работи.

Но, колку и да изгледа привлечна оваа идеја, таа е целосно невозможна во модерниот свет. Судбината на Америка е неотповикливо врзана со илјада врски што ја поврзуваат со остатокот од Земјината топка. Како што Доналд Трамп лично научи од своите односи со Северна Кореја.

Границите на американската моќ откриени

Светската ситуација е затресена од огромна нестабилност во меѓународните односи. Ова е резултат на борбата за светска хегемонија помеѓу САД, најмоќната империјалистичка сила во светот, која е во релативен пад, и Кина, помлада и подинамична сила во подем, која сепак ги достигнува своите граници. Сведоци сме на промени од тектонски размери, и како со движењето на тектонските плочи на Земјината кора, таквите промени се придружени со експлозии од секаков вид. Покрај сегашната ситуација, уште поважно е да се анализира траекторијата. По колапсот на СССР во 1991 година, САД стана единствената суперсила во светот. По распадот на Советскиот Сојуз, речиси немаше опозиција на доминацијата на американскиот империјализам. Сега ситуацијата изгледа многу поинаква. Американскиот империјализам беше заглавен 15 години во две неосвоиви војни во Ирак и Авганистан, на голема штета по себе во однос на трошоци и загуби на персонал. Во август 2021 година, беа принудени на понижувачко повлекување од Авганистан.

Тоа го остави американскиот народ без желба за странски воени авантури, а американската владејачка класа истрошена од испраќање војници во странство. Сепак, американскиот империјализам не научи ништо од ова искуство. Со одбивање да го признае новиот баланс на силите и обидувајќи се да ја задржи својата доминација, се вклучи во серија конфликти што не може да ги победи. Администрацијата на Бајден играше особено фатална улога во ова.

Самата позиција на САД како глобална сила со присуство насекаде во светот е извор на голема ранливост. Потребата да ги поддржи своите интереси на глобално ниво наметнува колосален напор. Но, администрацијата на Бајден не научи никакви лекции. Таа ја втурна Америка во бесмислена војна со Русија поради Украина. Војната во Украина претставува огромно исцрпување на ресурсите дури и на најбогатата земја во светот. Американските залихи на оружје се значително намалени поради барањата на Зеленски, кои продолжуваат да растат иако воената ситуација се влошува. Примената на широки економски санкции од страна на американскиот империјализам против Русија не успеаа да ја остварат својата главна цел, а тоа е да го ослабне својот ривал до степен што ќе го направи невозможно продолжувањето на војната во Украина. Русија успеа да ги избегне и надмине санкциите и склучи сојузи со други земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Индија и други земји кои претходно градеа односи со САД. Пред сè, се поврза поблиску економски и воено со Кина. Бајден го постигна токму спротивното од она што го посакуваше. Тој потоа направи уште поголем хаос на Блискиот Исток давајќи му на Нетанјаху бланко чек, кој тој го користи оттогаш. Како резултат, нови конфликти и војни избувнуваат постојано. Руска победа во Украина ќе предизвика потреси ширум светот. Тоа јасно ги открива ограничувањата на американскиот империјализам, кој веќе не е способен да ја наметне својата волја.

Понатаму, Русија ќе излезе од тоа со голема војска, обучена со најновите методи и техники на современото војување. Ова предизвикува паника во европските влади, кои се исплашени дека новата администрација на Трамп ќе ја напушти Украина на нејзината судбина, оставајќи ги Европејците да ја платат сметката, а можеби и ќе го покрене прашањето за повлекување од НАТО. Новите кризи и војни претставуваат нерешлив проблем не само за САД, туку и за нејзините европски сојузници, кои сите се наоѓаат во слична ситуација. Изгледа неизбежно дека Трамп ќе посака да се повлече од безнадежниот хаос во Украина, за што тој коректно го обвинува Бајден.

Дали ќе нареди повлекување на САД од НАТО не е јасно. Но, она што е надвор од сомнеж е дека ќе сака да ја префрли сметката за сите овие работи на своите „пријатели“ во Лондон, Париз и Берлин – со што дополнително ќе ги влоши веќе сериозните проблеми на европскиот капитализам.

Паралели со Римската империја

Дали дошол моментот кога американскиот империјализам ќе влезе во падот кој го влечеше империјалниот Рим во прашината? Времето ќе покаже.

Тековно се води борба за прераспределба на светот меѓу различни конкурентни империјалистички сили, главно помеѓу САД, стар хегемон кој сега е во релативен пад, и Кина, нова подинамична сила која го предизвикува на меѓународната сцена.

Трамп е добро познат по неговиот антагонизам кон Кина, која ја смета за најсериозна закана за САД. Не ја крие својата намера да наметне неподносливи тарифи на кинескиот увоз, што сериозно ќе го оштети светскиот трговски систем, заканувајќи се да ја наруши кревката структура на глобализацијата, доведувајќи ја светската економија до работ на длабока рецесија. Сепак, не е воопшто јасно дали ќе биде за војна со Кина, која е економски и воено многу силна. Би било можно да се напише интересна студија која би ја споредувала сегашната криза на американскиот империјализам со падот и пропаѓањето на Римската империја. Навистина, во тој долг и исцрпувачки пад беа вклучени разни елементи. Но, еден од најважните беше фактот што Империјата се надрасна себе си. Таа ги достигна своите граници и не беше способна да ја издржи колосалната тежина која беше наметната од одржувањето на нејзиното империјално владеење. Крајниот резултат беше целосен колапс. Релативниот пад на американскиот империјализам е видлив веќе некое време.

Во годините по Втората светска војна, САД произведуваа 43 проценти од светската произведена добра, 57 проценти од светскиот челик и 80 проценти од автомобилите во светот. Американскиот удел во светската трговија со произведени добра се зголеми од 10 проценти во 1933 до 29 проценти во 1953. Меѓу 1946 и 1973, реалниот доход по домаќинство се зголеми за 74 проценти. Индустриските работни позиции, кои во 1943 година сочинуваа 39 проценти од американските работни места, паднаа на околу 8 проценти до 2010-тите години. Извештај од 2020 година на Бирото за статистика на трудот забележува дека од 1979 година, индустриското вработување „се намалуваше за време на секоја од петте рецесии, а вработувањето никогаш не се опорави до нивоата пред рецесијата.“ Членството во синдикатите падна од врвот од една третина од работната сила во 1950-те години на само 11 проценти до 2016 година.

Во „Капитализмот во Америка: Економска историја на САД“, Алан Гринспан и Адријан Вулдриџ објаснуваат:

„Од 1900 до 1973, реалните плати во САД пораснале на годишно ниво од околу 2%. Кумулативно низ годините, тоа значи дека просечната плата (и според тоа, просечниот животен стандард) се удвојувала секои 35 години. Во 1973 година, овој тренд се прекина и просечните реални плати на работниците што ги нарекува Бирото за статистика на трудот ‘производствени и непридружни работници’ започнаа да опаѓаат. До средината на 1990-те години, просечната реална саатнина на производствените работници беше помала од 85% од она што било во 1973.“

Извештајот на Pew Research Center од 2018 година го потврдува ова: „За повеќето работници во САД, реалните плати веќе децении не се променети.“ И како што објаснува извештајот на Министерството за финансии од 2023 година:

Мобилноста на економскиот напредок низ генерациите исто така опадна – 90% од децата родени во 1940-те години заработувале повеќе отколку нивните родители кога имале 30 години, додека само половина од децата родени во средината на 1980-те го постигнале истото.“

Тука ја гледаме главната основа за растечкиот гнев и негодување против американската владејачка класа. Во 2019 година веќе се појавија знаци на рецесија на хоризонтот, но Трамп успешно ја обвини пандемијата на КОВИД-19 кога економијата пропадна. Тежините што ги наметна вклученоста на Америка во странски војни како Украина и Блискиот Исток претставуваат огромно исцрпување, кое дури и најмоќната и најбогатата земја не може да го издржи долго. Колосалните воени трошоци беа главен фактор во огромниот долг што ѝ се заканува на американската економија. Од тој аспект, очигледното двоумење на Трамп да се вклучи во меѓународни работи има одредена логика, иако предизвикува нервни напади во Лондон, Берлин, Киев и Ерусалим.

Што сега?

Последните настани сведочат за фундаментална промена во психолошката состојба на американската јавност. Сите институции на буржоаската демократија беа засновани на претпоставката дека јазот помеѓу богатите и сиромашните може да се прикрие и да се контролира во управливи граници. Но, тоа повеќе не е случај.

Токму тоа е причината за колапсот на политичкиот центар. Луѓето веќе не веруваат во она што им се кажува преку весниците и телевизијата, ги споредуваат огромните разлики помеѓу она што се вели и она што се случува и ја сфаќаат вистината дека ни се продаваат куп лаги.

Со поддршка на Трамп, милиони луѓе велат: „Сè и секој е подобро од ова. Не можеме да направиме полошо. Да ја фрлиме коцката!“ Oдлучија да ја фрлат коцката уште еднаш, но ова може да биде последен пат. Доналд Трамп е сега стар човек. Изгледа дека е исклучено да се кандидира повторно за претседател. Претпоставуваме дека ќе влезе во Белата куќа повторно во јануари 2025 година. Ништо не може да го запре – ништо, освен куршумот на убиец. И тоа не може да се исклучи, со оглед на хистеричната реакција на владејачката класа. Не недостасуваат лесно запаливи материјали во американското општество. И не недостасуваат ментално нестабилни поединци вооружени со многу ефикасни современи оружја.

Но, ако претпоставиме дека Трамп конечно ќе биде инсталиран како претседател, што може да се очекува? Тој ќе се соочи со колосални предизвици во многу области: економијата, војната во Украина и Блискиот Исток, односите со Кина и Иран и многу други прашања. Типично за него, тој ветува големи работи за тоа како повторно ќе ја направи Америка голема. Но, нема докази дека ќе може да ги исполни ниту едно од тие ветувања. Американските работници кои му дадоа него доверба ќе се најдат длабоко разочарани. Во 1940 година, кога германската армија влезе во Париз, имаше интересен разговор помеѓу еден германски офицер и француски офицер. Германецот, како што беше очекувано, бил исполнет со ароганција. Но, францускиот офицер едноставно му рекол: „Историјата се врти. Таа ќе се сврти повторно.“ И се сврти. Историјата се врти и во САД, а и ќе се сврти повторно. Откако масите ќе го испитаат целосно потенцијалот на трампизмот и ќе ги сфатат неговите ограничувања, тие ќе се свртат во друга насока. Ќе се подготви патот за огромно свртување кон левото. Ново и бурно поглавје во американската историја е на пат да биде испишано.

6 ноември 2024

автор Алан Вудс, оригинал Trump victory: a kick in the teeth for the establishment

  1. Селанска буна е главно востание во Англија во 1381 година поради високите даноци, кметството и чумата против Кралот Ричард Втори. Бунтовниците го нападнале Лондон и кралските службеници, но по 4 седмици Ричард Втори со сојузниците успеал да ги совлада – заб. прев. ↩︎
БалканВести

РУШЕЊЕ НА НАТСТРЕШНИЦА, ПРОПАЃАЊЕ НА ЦЕЛ ЕДЕН СИСТЕМ

На 1 ноември се случи страшна несреќа. Се сруши натстрешница на железничката станица во Нови Сад, Република Србија. Бројот на загинати изнесува 14 и истиот е толку голем што предизвикува неверување. Секогаш кога ќе се случи рушење на објект со ваква намена и вакво значење, речиси секогаш е проследено со губење на човечки животи. Дури и брзата интервенција на спасувачките служби не може да придонесе за намалување на последиците.

Kако дел од градежната струка, знам што значи рушење на еден капитален објект, знам какви последици истото може да предизвика, меѓутоа и знам дека објектите не паѓаат сами од себе. Секој објект доколку директно не му се влијае на неговите услови на статичка стабилност е во можност да ја извршува својата предвидена цел во предвидениот рок на употреба.

Секој објект по изградбата е потребно соодветно да се одржува и да се користи. Најчесто токму одржувањето на овој тип на објекти е скапо, односно во размер со своите димензии и функција. Кога станува збор за капитални објекти кои се во владение на државата, најчесто редовното одржување и инспекција се одложуваат или воопшто не се извршуваат од причина што на тоа функционерите, капиталистичките бирократски власти, гледаат како кратење на фондот на средства кои им стојат на располагање.

Многу е полесно, а и поевтино, да се изврши шминкање на овие објекти по што следува неизбежната фотосесија на успешните политички пијавици. Преку земањето на провизијата од наплатата за “успешно” извршената “реконструкција” овие изроди од работниот народ, производи на овој расипан капиталистички систем, свесно ги ставаат во голем ризик животите на вработените и сите оние кои секојдневно ги посетуваат овие објекти. Впрочем свесно влегуваат во криминал знаејќи дека во оваа констелација на владејачки сили тие нема да бидат казнети за своите постапки. Да не се дојде до некое недоразбирање, овие функционери, директори и министри, си ги имаат заслужено своите удобни фотелји. Тие обезбедуваат напумпани тендери на кои ги договараат процентите со блиските газди на различни приватни компании, кои на крај преку своите влијанија ги поставуваат на високи функции. Тоа е начинот на кој функционира овој систем, систем во кој животот на еден работен човек, патник, студент не значи ништо, тој е само една бројка плус или минус која е потребно да се експлоатира.

Сите сме сведоци дека мерило во овој систем не се успешноста, знаењето и способноста, туку богатството, бескрупулозноста, неморалноста и несовесноста. Тоа се карактеристики со кои капиталистичките газди сега и буквално газат преку мртви тела, без разлика дали е тоа срушен објект поради грешка во изведба/реконструкција или објект кој се срушил поради удар на воен проектил финансиран од империјалистичките газди. Согласно досегашниот расплет на работите, за рушењето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад спремно е се да бидат обвинети челичните јажиња на истата, истите тие кои преку 60 години успешно и гордо го носеле товарот на бетонот, нуделе заштита на патниците при најразлични надворешни услови (исто како и продолжниот кабел кој беше виновен за бројни жртви во пожарот во Тетовската болница). Носечките сајли/јажиња многу јасно нема да можат да се одбранат, против нив е цел еден капиталитички систем. Најважно е дека владејачката класа од ова нема да извади никаква поука, никаква лекција нема да биде научена, како и до сега. Тие ќе продолжат со своите животи и своите постапки, немаат никаква причина зошто сега би почнале да се менуваат или да почнат да учат.

Во овој систем противниците на работниот народ се чувствуваат најкомотно и најспокојно, затоа што со парите и моќта која ја стекнале преку експлоатација тие можат да постигнат се. Да не претеруваме, покрај јажињата политичарите ќе понудат, или не, крај на некоја политичка кариера како мировна понуда кон настраданите и кон народот кој сосема оправдано е вознемирен. Оваа постапка сме ја виделе толку често што истата веќе се прифаќа како правило.

Народот е потребно оваа измамничка понуда да ја препознае и да ја отфрли со најголема жестина и одлучност, да излезе и да го искаже својот револт кон состојбата во целото општество, да испрати порака до удобно сместените политичари дека ова нема да им помине, дека е веќе доста со наведнување на главата на обичниот човек, работникот, студентот и селанецот. Да испрати порака дека синџирите на ова наемно ропство веќе не можат да издржат, истите ќе бидат прекинати и заменети со ослободување на цела една класа која вистински го движи целото општество. Овој немил настан нека биде една каписла која ќе поттикне експлозија во општествениот живот на овие наши простори. Да се стави крај на безобзирната експлоатација од страна на газдите и функционерите врз главата на работниците. Да се прекине обманата дека работникот е немоќен, дека студентот е неискусен, а дека селанецот е незаинтересиран. 

Спокој на настраданите во несреќата и нивните роднини, да не биде нивната смрт залудна!

Секој да ги земе работите во свои раце!

Долу за капиталистичките профитерски крвопијци!

Напред кон рушење на трулиот капиталистички систем!

Б. А., 5 ноември 2024

БалканВести

Школа на комунизмот во срцето на Југославија

Првата југословенска школа на комунизмот се одржа во Загреб на 26 и 27 октомври. Ова беше исклучително важен настан од гледна точка на работничкиот интернационализам на Балканот. Растечките сили на југословенскиот комунизам се најдоа на едно место со цел дополнително да го изградат својот кадар, да се едуцираат и да се подготват за понатамошно ширење на идеите на марксизмот меѓу работниците и младите.

Целиот настан се одвиваше во услови на полициско кодошење, медиумско подбуцнување и десничарски закани, што не ги поколеба комунистите во организацијата на настанот и одличната посета. Дополнително, самиот настан дополнително ја подигна нашата организација и ставовите кај младите кои доаѓаат кај нас затоа што бараат решенија среде светската капиталистичка криза и деструкција.

Серијата предавања на важни теми како што се револуционерните перспективи во светот денес, анализата на социјалистичка Југославија, пролетерскиот бонапартизам, осврти на Октомвриската револуција, односот меѓу марксизмот и религијата, империјализмот, марксизмот и постмодернизмот беа проследени со жива демократска дискусија. Исто така, нашите книги и публикации привлекоа голем интерес кај сите посетители. Како дел од Револуционерната комунистичка интернационала, Револуционерниот комунистички сојуз го напушта ова дводневно училиште дополнително зајакнато за следниот период на неизбежна нестабилност и пораст на класно-социјалното незадоволство.

Да живее Интернационалата, да живее револуцијата, да живее комунизмот!

Интернационала

Газа: една година пекол на Земјата

Една година од нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, војната што следеше има предизвикано хуманитарна катастрофа за Палестинците кои живеат во Појасот Газа. Сега Либан се соочува со слично сценарио. Нетанјаху го предупреди Хезболах дека Израел може „да ги претвори Бејрут и јужен Либан… во Газа“.

Што значи да се претвори јужен Либан во Газа? По една година немилосрдно бомбардирање, геноцидната војна на Нетанјаху врз Газа доведе до невидени нивоа на смрт и уништување за палестинскиот народ. Речиси 42 000 лица се убиени во директни удари од октомври минатата година, додека уште 100 000 се повредени, од кои се проценува дека четвртина ќе останат трајни инвалиди.

Овие бројки, сепак, не ја кажуваат целата приказна за тоа што се случи. Бомбардирањата не убија луѓе само преку директните удари. Масовното рушење на инфраструктурата на Газа доведе до многу повеќе смртни случаи кои не се вклучени во официјалните бројки. Водоводот и напојувањето се уништени, исто така и голем дел од здравствените установи – клиники и болници, заедно со становите и училиштата. Според УНРВА, само една третина од болниците во Газа воопшто функционираат.

Mасовно уништени домови

Во првите четири месеци од бомбардирањето, вредноста на уништената инфраструктура во Газа беше 18,5 милијарди долари или 97% од вкупниот годишен БДП  на Газа и Западниот Брег заедно. Со бомбардирањето се произведени повеќе од 30 милиони тони отпад, за кој се пресметува дека ќе бидат потребни години за да се расчисти. До јуни оваа година, 75.000 тони бомби беа фрлени врз Газа. Тоа е многу повеќе отколку што беше фрлено на Дрезден, Хамбург и Лондон заедно за време на Втората светска војна.

Во статија објавена од АП Њуз под наслов: „Уништувањето на станови во Газа, кое е без преседан, не е видено од Втората светска војна, велат ОН“ (2 мај 2024 година) е опишано нивото на штета нанесено на станбениот фонд во Газа во првите седум месеци од војната. Се истакнува дека „најмалку 370.000 станбени единици во Газа се оштетени, вклучувајќи 79.000 кои се  целосно уништени“.

Поновите податоци покажуваат дека повеќе од 80% од зградите во Газа се уништени. Ова го откри помошникот генерален секретар на ОН, д-р Абдалах Ал-Дардари во интервју за Ал Кахера Њуз.

Според Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП): „…се проценува дека  речиси 50 милијарди долари од инвестиции во Газа се избришани во конфликтот, а 1,8 милиони Палестинци паднаа во сиромаштија“. Вкупното население пред војната беше 2,3 милиони.

Пресметано е дека за обнова на уништените имоти ќе биде потребно до 2040 година, а вкупните трошоци би достигнале околу 40-50 милијарди долари.

Уништување на образовниот систем

Училишните згради се тешко оштетени. Летово, „најмалку 354 луѓе беа убиени во израелски воздушни напади врз училишни згради во кои беа сместени раселени лица меѓу 1 јуни и 1 септември“. Во текот на минатата година од Газа се објавија низа видеа и фотографии од деца – облеани во крв, додека бегаат од бомбардираните училишта, зад себе оставајќи ги телата на загинатите.

Образованието им е прекинато на повеќе од 600.000 ученици во Газа поради војната. Статија на АБЦ  известува дека „најмалку 70% од сите училишта во Газа – 399 училишни згради – се оштетени или уништени од 7 октомври досега“.

Во Газа има вкупно 567 училишни згради. АБЦ Њуз собра сателитски снимки – видеа и фотографии, направени и од Израелските Одбранбени Сили (ИОС) и од Хамас, и дојде до заклучок дека „212 училишта се делумно или целосно уништени, а уште 187 покажуваат знаци на оштетување“. Меѓутоа, ОН проценуваат дека „дури 84 проценти од училиштата – 477 згради – ќе треба да се поправат или обноват“.

Рејчел Каминс , директорка на „Спас за децата“ во Газа, коментираше дека „Децата не можеа да пристапат до формално образование, па пропуштија цела година на учење. Но, знаете, надвор од тоа, она што тие го гледаат и она што го живеат и последиците од тоа во однос на нивното ментално здравје, навистина, навистина не може да се потцени. Цела генерација, цела популација, всушност, деца и нивните родители и нивните старатели, во однос на влијанието на војната врз нивното ментално здравје е апсолутно извонредно“.

Во овие услови, психолошкиот развој на децата е сериозно засегнат. Многумина страдаат од напади на анксиозност и не можат да се фокусираат. Покрај смртта и пустошот насекаде околу нив, овие деца страдаат и од болести, како последица на колапсот на здравствениот систем и неухранетоста.

Не се само училиштата кои се уништени. Зафатени се и универзитетите. На речиси 90.000-члената популација на универзитетски студенти во Газа им беа прекинати студиите. Исламскиот универзитет во Газа беше целосно уништен во бомбардирање во октомври минатата година. Универзитетот Ал Азхар беше целосно срамнет до земја. Универзитетот Исра , Универзитетот во Палестина, Универзитетот во Газа, Отворениот универзитет Ал Кудс , Универзитетот Ал Акса  и многу други се сериозно оштетени.

Според извештај објавен од БРИКУП (Британски комитет за универзитети во Палестина) , „сите 19 универзитети во Газа претрпеле сериозни оштетувања или лежат во крајни урнатини, над 80% од универзитетските згради се уништени“.

Над 100 палестински академици и над 600 студенти се убиени во Газа од почетокот на израелската војна, според податоците дадени од палестинското Министерство за образование. Убиени се близу 9.000 ученици, како и 400 наставници.

Ефектите од сето ова ќе бидат долготрајни и ќе бидат потребни многу години за да се обнови сè она што е уништено.

Вистинскиот број на загинати поради војна

Во извештајот на Лекари без граници  29 мај 2024 година се забележува дека:

„Во последните седум месеци здравствениот систем во Газа беше систематски демонтиран. Според OCHA, 24 болници во Газа сега се надвор од функција, додека 493 здравствени работници се убиени. Секој медицински центар или систем за испорака на хуманитарна помош е или се уништува, за да биде заменет со помалку ефективни, импровизирани опции. Не може да се каже колкава ќе биде индиректната човечка цена во смртни случаи и долгорочни повреди како резултат на одбиениот пристап до помош и третман.“

Здравствените услуги се во состојба на колапс токму кога се најпотребни. Само неколку примери ќе послужат за да се нагласи ова. Бројот на лица помлади од 5 години третирани од дијареа се зголеми за фактор за 25 од 2022 година. Во јуни оваа година, 8.000 деца под 5 години беа лекувани поради неухранетост. Има околу 50.000 бремени жени, кои се изложени на многу поголем ризик во случаи на компликации поради недостиг на болнички услуги. Пациентите на дијализа ја гледаат смртта в лице. На пример, болницата Ал-Шифа  во моментов лекува околу 40 пациенти со бубрежна слабост), додека пред војната лекуваше 450 пациенти.

Како што покажува погоре цитираниот извештај, загинале околу 500 здравствени работници. Според Светската здравствена организација), ова е од вкупно околу 20.000. Како што објави Њујорк Тајмс :

„Тоа е еднакво на просечно двајца здравствени работници убиени секој ден, при што еден од секои 40 здравствени работници, или 2,5% од здравствената работна сила во Газа, сега е мртов“.

Според студија објавена во јули во Лансет- престижно британско медицинско списание, оваа ситуација значи дека има многу повеќе смртни случаи предизвикани од сегашната војна отколку оние кои загинале во директни бомбардирања. Некои ги нарекоа истите „тивки убиства“.

Извештајот на Лансет се заснова на претходни воени сценарија кои покажуваат дека бројот на такви смртни случаи може да биде некаде помеѓу три и петнаесет пати повеќе од бројот на луѓе убиени во директни смртни случаи. Затоа, се наведува дека „не е неверојатно да се процени дека до 186.000 или дури и повеќе смртни случаи може да се припишат“ на тековната војна.

Уште околу 10.000 лица се сметаат за исчезнати, а сè уште се закопани под урнатините. Понова статија во  Гардијан , „Научниците се приближуваат кон вистинската, застрашувачка скала на смрт и болести во Газа“, проценува дека бројот на такви смртни случаи би можел да биде многу поголем дури и од што беше проценето во Лансет.

Во него се наведува дека, „Откривањето на детска парализа во Газа не потсетува дека станува сè потешко да се процени вистинската цена на војната. Немаме чувство за тоа колку се раширени болестите и гладот ​​– таканаречените „индиректни смртни случаи“ – и сме во темнина во однос на вкупниот број на смртни случаи“.

И објаснува дека ако смртните случаи продолжат со стапката пресметана од Лансет од околу 23.000 месечно, „ќе има дополнителни 149.500 смртни случаи до крајот на годината, околу шест и пол месеци од првичната проценка во средината на јуни. Користејќи го овој метод, вкупните смртни случаи од почетокот на конфликтот би се процениле на околу 335.500 вкупно“.

Ако овие бројки се потврдат, тоа би претставувало повеќе од 10% од населението на Газа. За да ви го доближиме ова, тоа би било еквивалентно на околу 6-7 милиони луѓе  убиени во Британија или над 30 милиони во САД. Ова е убедливо најголем број на луѓе убиени во долгата листа на конфликти меѓу Израел и палестинскиот народ.

Во Стариот завет, Второзаконие 19:21, читаме дека Богот на древните Евреи одредил казната за злосторства да биде „живот за живот, око за око, заб за заб…“ Неговото значење беше дека казната за настанатата повреда треба да одговара на кривичното дело.

Меѓутоа, денешните ционисти го надминуваат она што им го одредил нивниот Бог. Ако ги земеме бројките на загинатите за време на нападот на 7 октомври во јужен Израел и ги пресметаме како сооднос од бројките што можеби загинале во Газа според проценката на Гардијан,  ја добиваме бројката 250 спрема еден. Но, ова не треба да изненади никого кој има минимум познавање на историјата на конфликтот. Помеѓу 2008 и 2020 година гледаме слични бројки, со 5.590 убиени Палестинци наспроти 251 Израелец, сооднос од 22 спрема 1. И ова беше долго пред нападот на Хамас на 7 октомври минатата година. Ционистите го оправдуваат касапењето изминатава година со постојано повикување на тој напад. Треба да се постави прашањето: што ги оправдуваше сите претходни кампањи за бомбардирање и убиства извршени од израелската војска?

Додавање сол на рана: проширување на населбите

Она што треба да се запомни овде е дека оштетената страна историски се Палестинците. Токму тие го претрпеа историското злосторство на Накба , во кое повеќе од 700.000 Палестинци беа насилно протерани од нивната татковина во 1948 година, при што голем број беа убиени во тој процес. Тоа злосторство му ја ограби татковината на еден цел народ.

Ционистите отсекогаш ја гледале војната како можност за отстранување на повеќе Палестинци од нивната татковина и за испраќање доселеници. Ова го видовме во големи размери на Западниот Брег кога уште 400.000 беа протерани по Шестдневната војна во 1967 година.

Според Фондацијата за мир на Блискиот Исток, во 1972 година имало 10.608 еврејски доселеници на териториите окупирани од Израел во 1967 година, Западниот Брег, Појасот Газа, Источен Ерусалим и Голанската висорамнина. До 2005 година, оваа бројка порасна на речиси половина милион; а денес има над 700.000 , и екстремно десничарските ционисти гледаат да ја доведат таа бројка на еден милион, па дури и на два милиони.

Ова е етничка замена во големи размери. Официјалните мејнстрим медиуми, како што е Би-Би-Си во В.Британија, се обидуваат да ја потценат познатата Накба, па дури и кога тоа го признаваат, тие инсистираат дека тоа било одамна и дека сега мора да се концентрираме на сегашноста и иднината. Ова е пригоден начин да се игнорира фактот дека кражбата на палестинската земја продолжува додека ги пишувам овие зборови.

Од 7 октомври 2023 година, израелската влада го забрза проширувањето на населбите, одобрувајќи 5.295 нови станбени единици уште во јули во постојните населби, а одобри и уште пет нови населби. Екстремно десничарскиот министер за финансии – Смотрич , исто така додели јавно финансирање за 70 пунктови – формално нелегални дури и според израелскиот закон – обезбедувајќи им вода, струја и патишта. Овие пунктови добиваат одбрана од ИОС и на крајот стануваат населби.

И додека трае сето ова, околу 1.000 Палестинци се отстранети од нивната земја во 18 заедници низ Западниот Брег. Вреди да се потрошат неколку зборови за начинот на кој се постигнува тоа . Воспоставена е стража, а потоа нејзините членови систематски ги малтретираат локалните Палестинци. Им се закануваат физички, ги спречуваат во обработката на нивната земја, им ја исклучуваат водата и струјата, оневозможувајќи им да останат.

Откако сето ова ќе се постигне, земјата станува необработена и може да се класифицира како напуштена. Следниот чекор е да се назначи како државно земјиште, кое ќе биде под директна контрола на Израел. После тоа може да им се предаде на доселениците. Тоа е бесрамно крадење на земја, едвај покриено со лист од смоква на израелската законитост.

Сè ова е засилено во текот на изминатата година, но сепак не е на насловните страници во мејнстрим медиумите. Причината е тоа што сите западни влади го поддржуваат Израел иако тој продолжува со нелегалната експропријација на палестинската земја. Тие го повикуваат Хезболах  да се придржи до резолуциите на ОН, но го игнорираат фактот дека Израел систематски ги игнорира оние резолуции кои се нанесуваат на него.

Пред 2005 година, Појасот Газа имаше 21 израелска населба со околу 9.000 еврејски доселеници. Како дел од Договорот од Осло, со кој се формираше палестинската управа, беше постигнат договор со кој сите еврејски населби ќе бидат повлечени од Газа во 2005 година. 

Сега ционистите зборуваат за враќање на стариот план за колонизација на Појасот Газа. Повторно, војната е средството со кое тоа може да се постигне. Една статија во  Гардијан: „Бенјамин Нетанјаху  размислува за масовно расчистување на северна Газа“ (23 септември 2024 година), ги прикажува плановите што владата на Нетанјаху  ги има за да го отстрани цивилното население од Северна Газа. Идејата е да се истуркаат сите цивили, а потоа да се прогласи дека секој што останал е милитант на Хамас, и затоа може да биде застрелан на прв поглед.

Пратеникот на Ликуд, Авичаи Боарон , е цитиран дека рекол дека планот „моментално се оценува од владата“. Очигледно, Нетанјаху  мисли дека планот „има смисла“. Причината за тоа е што и покрај сите бомбардирања, и покрај сета смрт и уништување, ИОС не успеа да го елиминира Хамас . Па сега тие го гледаат овој очаен план. Тој би вклучувал прогласување на областа за „воена територија“, што би значело дека нема да биде дозволено снабдување на резерви , со што насилно ќе се отстранат 300.000 до 500.000 палестинци кои сè  уште се на север.

Уште во декември, почнаа да се појавуваат приказни за доселениците отстранети од Газа во 2005 година, кои се вратија во Појасот. Еден пример е статијата, „Поранешните израелски доселеници копнеат да се вратат во Газа по војната“, објавен во Ал Монитор. Во кој се цитира Ана Пикар, Француско-Израелка која живеела 16 години во Појасот Газа и вели: „Очигледно е дека ќе се вратиме“. Планот за чистење на северниот дел на Газа од цивили ќе го олесни ова враќање.

Всушност, меѓу ционистите многу се зборува за потребата од повторно започнување на програмата за населување во Газа. Во јуни оваа година, две екстремно десничарски членови на Кнесетот објавија дека формираат „Кнесетска група за обновување на населбите во Појасот Газа“. Тие велат дека „само со густо присуство на еврејски населби низ Газа ќе биде можно да се спречи продолжувањето на терористичките закани и да се одврати непријателот“.

Меѓутоа, за да функционира ова, новите населби треба да бидат силно вооружени и поддржани од ИОС. Тие всушност би станале затворски чувари во она што често се нарекува „најголемиот затвор на отворено во светот“. Ова, сепак, е многу полесно да се каже отколку да се направи. Можеби ќе продолжат со овој план, но тој ќе стане извор на огромна огорченост кај новата генерација Палестинци кои мораа да ги претрпат кошмарите веќе наведени во оваа статија, и кои ќе бараат начин да си ги вратат украдените земји.

Борете се против сите воени хушкачи

Мејнстрим медиумите – т.е. медиумите кои им припаѓаат на богатите капиталисти чија работа е да ги бранат интересите на владејачката класа – игнорирајќи ја историјата, продолжуваат да ја испумпуваат мантрата дека „Израел има право да се брани“. Како може некој со здрав ум да тврди дека она што е наведено погоре е „самоодбрана“? Не. Тоа е дел од деценискиот план на ционистите да ја заземат целата некогашна Палестина. Јасно е дека според размислувањата на ционистите, минатогодишниот напад на Хамас на 7 октомври беше пригоден изговор за дополнително засилување на притисокот врз палестинскиот народ.

Кога политичките лидери како Бајден, Стармер, Макрон и Шолц заедно со сите други криминални поттикнувачи на војната – седат во удобноста на нивните владини згради, живеат во нивните луксузни резиденции, заработуваат многу пари бидејќи им служат на интересите на богатната и моќна капиталистичка класа – одржуваат говори за „правото на Израел да се брани“, запомнете што е наведено погоре.

Она што тие навистина го велат е дека ционистичката владејачка класа на Израел има право да убие десетици илјади Палестинци, да ги убива нивните жени и деца, да им ги уништи куќите, училиштата и болниците и да му се заканува на целиот регион со војна. Тоа е она што го имаме една година од 7 октомври. Тоа го поддржуваат сите западни лидери.

Иронијата на сето ова е што, една година подоцна, далеку од тоа да ја гарантираат безбедноста на луѓето што живеат во Израел – требаше да стане безбедно засолниште за Евреите – ционистите го направија Израел многу поопасно место за живеење, во всушност најопасното место на планетата за Евреите. Тие сега го турнаа целиот регион на работ на регионална војна, создавајќи ситуација во која може да се изгубат многу повеќе животи на двете страни.

Зошто се случува сево ова? Тоа е затоа што ционистите систематски ги блокираа сите обиди да се движат во насока на доделување сопствена држава на Палестинците – и тие ќе продолжат да го прават тоа. Сè што направи Нетанјаху беше во оваа насока. Тие не само што одбиваат да им дадат државност на Палестинците туку и неуморно работат за да ги притиснат во сè помали и помали енклави, да земат повеќе од нивната земја и да го зголемат доселеното население.

По овој пат не може да има мир. Сè додека ционистичката владејачка класа на Израел останува на власт, со својата силно вооружена држава, поддржана од најмоќната империјалистичка земја во светот, Соединетите држави, нема да има чекор кон доделување целосни права на Палестинците.

Ционистичката владејачка класа мора да биде поразена, како и сите деспотски буржоаски режими низ целиот регион, од Саудиска Арабија до Јордан и Египет и сите други. И во напредните капиталистички земји мораме да се организираме и да се бориме против нашите сопствени империјалистички влади, истите тие влади кои го поддржаа кошмарот ослободен врз палестинскиот народ.

превод на Gaza: one year of hell on Earth https://www.t3st.marxist.com/gaza-one-year-of-hell-on-earth.htm

Автор: Фред Вестон, Лондон 5 октомври 2024

БалканМакедонија

Прва југословенска школа на комунизмот – придружи се на револуцијата

Бранот на штрајкови и сѐ поголемо очигледно незадоволство кај работничката класа укажува на пукнатини во структурата на власта на владејачката класа.


Под притисок на капиталистичката криза, светскиот пазар се намалува. Не постои средство кое империјалистичките сили нема да ги искористат во одбрана на своите пазари, па дури тоа значело и оружен судир. Војната е всушност резултат на самиот капитализам.
Во екот на растечката криза поважно е од кога и да било и должност на обучените болшевички кадри, втемелени на цврстите темели на марксистичката теорија, да го поврзат пламтечкиот бес под површината на општеството со потребата од рушење на капитализмот како главен причинител на империјализмот и на сите облици на експлоатација. Од таа причина ве повикуваме на овој историски настан за цела југословенска секција на Револуционерната комунистичка интернационала.
Затоа на 26 и 27 октомври 2024 година во Загреб ќе се одржи првата “Југословенска школа на комунизмот”. Задачата на школата е обука и изградба на револуционерно водство со идеите на марксизмот и методите на класната борба. Затоа што, како што рекол Ленин, чија стогодишнина од смртта ја обележуваме со оваа школа, ”Без револуционерна теорија нема ниту револуционерно движење”.
Школата ќе ги обработи следните теми: Перспективите на светската и југословенската револуција, Октомвриската револуција сто години по Лениновата смрт, Марксизмот против постмодернизмот, Југосливенската револуција и контрареволуција, Што е пролетерски бонапартизам?, Марксизмот и религијата, Империјализмот денес и “ Како да се изгради партијата?”. Тоа сѐ се акутни теми важни за изградба на нашето движење.

Снабдете се со влезница за школата на комунизам и помогнете ни да го изградиме Револуционерниот комунистички сојуз.

Да живее Интернационалата!


ЕвропаИнтернационала

Франција: Мобилизирани против Барние, Макрон и Ле Пен!

По седум недели одложувања и серија „консултации“, францускиот претседател Макрон вчера го објави назначувањето на Мишел Барние за премиер. Тој доаѓа од редовите на традиционалната централно-десничарска партија Ле Републикaн (Les Republicains), која беше четврта на парламентарните избори на коишто левичарската Нуво фрон популер или Нов народен фронт (НФП) освои најмногу места.

Овој стар галистички политичар, докажан реакционер и деклариран поддржувач на „мораториум на имиграцијата“ ја доби очајната мисија да формира влада што може да издржи додека не се распишат нови избори.

Влада оставена на добрата волја на РН

На француската буржоазија и е потребна влада која може да го стави товарот на кризата врз грбот на работничката класа. Во отсуство на мнозинство во Националното собрание, Мишел Барние ќе мора да се обиде да владее со преговори за поддршка или воздржување на Расамблеман Насионал или Национален собир (РН) на Ле Пен од случај до случај. Всушност, судбината на владата на Барние е во рацете на РН.

Така, таканаречениот „републикански фронт против РН“, прогласен од НФП меѓу двата круга на изборите, резултираше со тоа што Макрон му ја довери функцијата премиер на член на ЛР, партија којашто одби да учествува на истиот овој „фронт“, а чија влада на крајот ќе зависи од добрата волја на Марин Ле Пен.
MB Image Европскиот парламент Фликр Барние / Слика: Европски парламент, Фликр

РН, исто така, за назначувањето на Барние игра таму ваму. Во четвртокот наутро, заменик-претседателот на пратеничката група на РН, Жан-Филип Танги, го опиша сегашниот премиер како „фосил“ од „Паркот Јура“. Сепак, попладнето истиот ден, Марин Ле Пен објави дека нејзината партија нема автоматски да ја осуди владата на Барние туку ќе го чека говорот за политичките цели да одлучи за нејзиниот став. Преку оваа уцена за рушење на кревката нова влада, РН има намера да ја диктира својата политика врз новата влада.

Сепак, не е сè толку едноставно. Ако РН сака еден ден да дојде на власт, мора да продолжи со својата социјална демагогија. Пред само неколку дена, пратеникот на РН, Себастиан Чени, изјави: „Ќе предложиме укинување на пензиската реформа на 31 октомври“ – односно на омразеното зголемување на старосната граница за пензионирање што Макрон го изнуди во собранието минатата година.

Тешко е да се спои овој проект со поддршка на владата предводена од Мишел Барние, верен следбеник на последната реформа на пензискиот систем. Опто земено, владата ќе има основна задача за спроведување на мерките на штедење со кои РН нема да сека да се поврзе премногу отворено, поради страв од исфлекување на своите „антиестаблишмент“ заслуги. Затоа е многу веројатно дека РН ќе мора на крајот да отфрли следната влада – кога ќе проценат дека е дојдено време за тоа.

Режимот во криза

Колкав и да биде животниот пат на владата на Барние, таа само же означи нов стадиум на кризата на режимот на францускиот капитализам. Низ очите на народот, авторитетот и легитимноста на демократските институции на владејачката класа се ослабени со парламентарната сага ова лето. Неколку недели, речиси едногласно омразениот претседател се преправаше и ги игнорираше резултатите од изборите, пред да му ја довери владата на претставник на партија што освои околу 2 милиони гласови од вкупно 30 милиони што учествуваа во првиот круг, односно освои околу 6,5 отсто гласови.

макронска слика IAEA Imagebank Flickr Единствен начин да се присилат Барние, Макрон и Ле Пен да отстапат е да се мобилизираат работниците од што е можно повеќе сектори на стопанството / Image: IAEA Imagebank, Flickr

За многу работници и младинци, оваа епизода е урок во стварноста на буржоаската демократија, којашто е наклонета кон владејачката класа. На 30 август, еве што изјави анонимен читател за весникот Ле Монд:

„Пензинските реформи покажаа дека ни демонстрации, ниту петиции, ни мобилизација на синдикатите, на огромното мнозинство на здруженија, а ниту пак мислење на мнозинството граѓани, па дури и мнозинството пратеници има значење за властите. А овие настани докажаа и дека и гласањето не им значи ништо доколку не оди во нивен прилог. Се чини дека Макрон навистина отстапи само кога движењето жолти елеци стана насилно. Макрон постојано ги критикува „екстремите“, но ја подгрева идејата дека ако не сме насилни во ова општество, нашите гласови се неми.“

Мобилизација!

Иако Националното собрание е доминирано од буржоаски партии со две третини, единственото решение за одбрана на животните стандарди на работниците и младината е во вонпарламентарната мобилизација. Режимот е ослабен; работничкото движење мора да ја искористи шансата и да прејде во напад.

Повикот на Федерацијата на ЦГТ (ФНИЦ) за „радикален“ и испланирано „долг“ штрајк е чекор во вистинскиот правец, како и тој на Непокорена Франција на демонстрациите против Макрон. Овие први чекори треба да продолжат со следни. Единствениот начин да се присилат Барние, Макрон и Ле Пен на отстапки е да се мобилизираат работниците од што е можно повеќе сектрои на стопанството во масовен и координиран штрајк, со кој ќе се цели на окончување на штедењето и капитализмот.

Додека работничката класа го произведува целото богатство на општеството, политиката на земјата е регулирана со аранжмани меѓу буржоаските политичари, кои се согласуваат во неопходноста од удирање по грбот врз работниците и младите, а со цел да се бранат профитите на малото малцинство експлоататори.

За да се урне овој систем на умирање, се бара лидерство способно да брани револуционерна програма и перспективи и да се поврзе со авангардата на работничката класа; потребна е вистинска револуционерна комунистичка партија. Токму ваква партија градиме. Придружи ни се!

Жил Лежандр, 6 септември 2024 година

оригинал на француски Contre Barnier, Macron et Le Pen : mobilisation !

ИнтернационалаМакедонијаТеорија

Пропаст на цивилизацијата

Светот веќе долго време е во сериозна криза и тоа не е никаква тајна. Светот всушност е во толкава криза, што може да се случат катастрофи без преседан за човештвото.

Уште во јануари 2018 во текст под наслов „Крај на времето: Дали западната цивилизација е пред колапс?“ во списанието Њу сајентист пишуваше: „Ако не ја намалиме зависноста од фосилни горива, не ја решаваме нееднаквоста и не најдеме начин да ги запреме елитите да се борат меѓу себе за супериорност, работите нема добро да завршат.“1 Авторката на текстот е новинар за научни теми и не навлегува во политички анализи. Текстот е песимистички во смисла дека не зборува за решенија.

Навистина, ако ја погледнеме историјата во последниве векови, нема простор за оптимизам. Само во двете светски војни умреа најмалку 100 милиони луѓе, според некои проценки.2 Поради пандемијата на КОВИД-19 умреа меѓу 20 и 35 милиони луѓе, според оценките на Ди икономист.3 Скоро сите овие жртви во принцип можеа да се избегнат. На пример, денес науката има доволно знаење со кое сарс-ков-2 вирусот можеше да биде локализиран во Кина и уништен таму, со што немаше да дојде до пандемија, а смртните случаи немаше да надминат од прилика 5 до 10 илјади луѓе. Исто така науката има доволно знаење за спречување на понатамошно глобално затоплување. Секоја војна во принцип може да биде спречена со договор меѓу страните кои се во спор. Откако е напишан текстот во Њу сајентист ситуацијата станува само полоша речиси секоја година. На пример, трошоците за воени потреби, кои може да се сфатат како мерна единица за натпреварот во империјалистичките елити, рушат нови рекорди во секоја од последниве шест години.

Нееднаквоста во распределбата на богатството во САД исто така поставува нови рекорди баш за време на пандемијата.

Нови рекорди се поставуваат и во емисиите на еквиваленти на јаглерод диоксид во ефектот на стаклена градина на светско ниво.

Од земјите кои најмногу емитуваат вакви гасови, Кина и понатаму поставува нови рекорди, додека САД има само благ пад по 2007 година, со тенденција тој да запре и да премине повторно во раст по евентуална победа на Доналд Трамп на следните избори.

Причината зошто ова се случува е потребата на капиталистичката класа постојано да ги зголемува стапките на профитот. Всушност, постојаното зголемување на профитот е ултимативната цел на постоењето на капиталистот, како што е објаснето на студиите за бизнис и менаџмент и во учебниците од кои учат идните менаџери. При рушењето на феудализмот во Европа новата владејачка класа својата економска револуција ја втемелија идејно, во својата најчиста форма во Холандија и Британија, како либерален договор за владеење на пазарните механизми во интерес на капиталот. Овој договор подоцна станува формализиран во највисокиот правен акт во сите земји, во членовите од уставот кои зборуваат за неприкосновено право на приватна сопственост и за слободен пазар.

Но, да го зголемат профитот капиталистите мора да се натпреваруваат против другите капиталисти и локално и глобално. Во процесот на натпреварување нужно мора да носат одлуки кои подразбираат и вршење притисок врз нивните национални влади за започнување нови војни, за непреземање мерки против епидемии, против климатските промени и слично.

Она што работничката класа преку искуството односно класната борба го разбира е дека капиталистичката класа нема сили и визија за промена, а реалноста не може да биде поинаква сѐ додека државите, како оружена гарда на сили на присила, полицијата и судовите, се капиталистички и го штитат својот капиталистички и империјалистички правен поредок т.е. сѐ додека приватна сопственост врз средствата за производство и т.н слободен пазар, што во основа е регулирана поделба на светската економија на сфери на империјалистички интереси е основа на економијата. Војните ќе продолжат со зголемен интензитет, други идни пандемии нема да бидат спречени, а климатските промени со екстремно високи температури, суши и разорни поплави ќе забрзаат.

Промена на ваквата мрачна и депресивна реалност може да настане ако работничката класа, мнозинството, се обедини во меѓународна, светска политичка партија која, баш поради поддршката од членстовото ширум целиот свет, ќе ја преземе власта од локално национално до светско ниво и ќе ги укине приватната сопственост врз средствата за производство и националната држава со поставување на планска економија, демократски контролирана од мнозинството.


1     https://www.newscientist.com/article/mg23731610-300-end-of-days-is-western-civilisation-on-the-brink-of-collapse/ Проверено на 7 јули 2024

2     https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_wars_by_death_toll Проверено на 7 јули 2024

3     https://github.com/TheEconomist/covid-19-the-economist-global-excess-deaths-model/blob/main/output-data/export_world_cumulative.csv Проверено на 7 јули 2024

автор: Никола М., јули 2024

Македонија

Реорганизација на државната управа – кои се вистинските мотиви?

Прва работа што ја направи новата власт во Македонија во 2024 е промена во државната управа со експресен закон. Ако по утрото денот се познава, новата власт ќе биде власт на борба против работниците.

По одржаните парламентарни избори на 8 мај и убедливата победа на коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието на 23 јуни избра коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ со ВЛЕН и ЗНАМ предводена од Христијан Мицкоски. Оваа Влада беше избрана со стабилно мнозинство од дури 77 пратеници, што е на работ од двотретинско, а тоа на ВМРО-ДПМНЕ му дава одредена комоција и политичка самоувереност. И покрај покажувањето на мускули и трзавиците на релација Атина-Скопје и Софија-Скопје, стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува меѓународните договори и Уставот и премиерот изјави дека ќе ја користи придавката северна во официјалното име на државата. Ова не е нешто кое што изненадува и покрај засилената предизборна реторика дека ќе испреговараат подобар договор со Бугарија и ќе ги прекинат националните понижувања кои ги наметна претходната влада на СДСМ и ДУИ. Треба да се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која од нејзиното основање до денес е главен претставник на интересите на германскиот империјализам во земјата и навистина е тешко да се поверува дека оваа партија би застанала одлучно против меѓународните договори.

Она што е вредно за политички коментар е новата организација на државната управа. Ова беше едно од главните ветувања  во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. За носење на овој системски закон беше потребно двотретинско мнозинство, кое ВМРО-ДПМНЕ го обезбеди во преговори со „лутите непријатели“ од Европскиот Фронт на ДУИ за возврат ветувајќи им формирање на ад-хок комисија што ќе ја следи застапеноста на етничките заедници во органите на државната управа. Самото носење на овој Закон беше по скратена постапка, што е редовна пракса на владејачките елити години назад, да ја суспендираат политичката дебата за важни прашања и по секоја цена да ги протуркаат своите предлози.

Што предвидува новата организација на органите на државната управа?

Наместо досегашните 16 министерства, се формираат 20 министерства. Имено се формира ново министерство за спорт, наместо досегашната агенција за спорт и млади, ново министерство за европски прашања кое треба да го замени моменталниот Секретаријат за европски прашања, министерство за дигитална трансформација, што се дели од моменталното министерство за информатичко општество и администрација, како и ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Има и прелевање на надлежности од едно министерство во друго. Енергетиката и рударството од министерството за економија преминуваат во новото министерство, а во министерството за економија се додава и трудот односно работните односи. Досегашното министерство за труд и социјална политика станува министерство за социјална политика, демографија и млади со што добива нови и поинакви надлежности. Политичкиот систем се префрла кај еден од вицепремиерите, со што ќе постои само министерство за односи помеѓу заедниците.

Што стои позади овие измени?

Постојат две основни политички причини за овие крупни измени. Прво, политичките апетити за задоволување се доволно големи, особено по 7 долги години во опозиција. Дополнително, треба да се обезбеди и коалициска кохезија со новите владини партнери ВРЕДИ и ЗНАМ, кои мора да добијат нешто од колачот. Верните партиски кадри мора да се вдомат на сигурни и добри работни позиции за повторно да се обнови старата добро позната шема на искористување на државните ресурси за приватни и партиски потреби, а листата за вдомување е доволно голема. Ова е првата причина која најчесто се истакнува во јавните критики на новите законски решенија.

Втората, посуштина и побитна причина е новата офанзива на капиталот против интересите на работничката класа и новата фаза во развојот на класната борба во Македонија. Имено, укинувањето на министерството за труд и социјална политика како посебно министерство и негово интегрирање во склоп на министерството за економија, претставува дополнително политичко обезвластување на трудот и негово отворено и безобразно подредување под интересите на капиталот. Ако се знае дека  еден од приоритетите на ова министерство е создавање на поволна бизнис клима и неговата ориентираност кон поддршка на компаниите, тогаш синдикатите и општо трудот ќе бидат институционално занемарени повеќе од претходниот период. Поволната бизнис клима е капиталистичка кованица што значи дека се фаворизирани интересите на капиталот и неговото оплодување, на сметка на интересите на трудот. Ова министерство постои за да пружи системска поддршка на бизнис секторот и подредувањето на трудот во ова министерство доволно говори за класните преференци на новата влада.

Со новото министерство за енергетика, рударство и минерални суровини постои јасна намера да се олесни постапката за издавање на концесии за отворање на популарно наречените „рудници на смртта“ во југоисточниот дел на државата, каде локалните заедници организираа масовен и успешен отпор против намерите на претходните влади за отворање на рудниците. Локалните заедници и активистите понудија издржани аргументи за опасноста од уништување на животната средина за сметка на профитот на мултинационалните корпорации. Ова министерство е директен резултат на рударското лоби, чии бизнис интереси се претставени преку ВМРО-ДПМНЕ. Исто така енергетскиот сектор што во изминатиот период владите на СДСМ и ДУИ го направија ел дорадо на сомнителен домашен и странски капитал, ќе значи извор на профити и за новата власт. Веќе почнаа со продолжување на оваа стихија за брзи и лесни пари со планот за изградба на електрана со ветерници.

Што може да очекуваме во иднина?

Политичката и економска нестабилност која постои во капиталистичките центри нужно ќе се прелее и кај нас на периферијата. Привидната стабилност што ја ужива новата влада може многу лесно да се претвори во своја спротивност, особено ако капиталот тргне одлучно во реализација на своите планови. Веќе има реакции од некои синдикати за новите законски измени во областа на трудот, а сигурно ни еко-активистите и локалните заедници нема да седат со скрстени раце доколку се рестартираат плановите за рудници на југоистокот. Новата политичка реалност ќе биде реалност на засилена класна борба и заситеност од статус-квото, а комунистите ќе бидат секогаш таму каде што ќе се брани интересот на работничката класа.

Дејан Лутовски

30 јуни 2024 година

БалканВестиИнтернационалаМакедонија

Основачки конгрес на Револуционерниот комунистички сојуз

Викендот на 11 и 12 мај беше одржан Петтиот конгрес на Марксистичката организација „Црвени“, а воедно и основачкиот конгрес на Револуционерниот комунистички сојуз, на југословенската секција на ИМТ, која и самата наскоро ќе се преименува во Револуционерна комунистичка интернационала. Во Скопје се состанаа другари и другарки од разни делови на Југославија, од сите места каде што сме организирани. Беа присутни делегати од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Беа присутни делегати од Полска, Австрија, Унгарија, Бугарија и претставник на Интернационалниот секретаријат.

Ова беше историски конгрес од повеќе различни причини. Освен што е основан РКС, членовите покажаа особена решителност и желба за изградба на нашата југословенска секција и се порешителни од било кога за изградба на силите на комунизмот во земјите од бивша Југославија, но и во светот. Конгресот е отворен со паролата „Напред кон 100 членови“, бидејќи не постои подобро време за изградба на револуционерна комунистичка организација на Балканот отколку сега.

Капитализмот во земјите од Југославија

Конгресот помогна да се подигне политичкото ниво на целата организација, која во последната година забележа забрзан раст. Првиот ден, со обработка на точката за југословенските перспективи се пробуди нашето разбирање за кризите на капитализмот во земјите од Југославија. Се покажа дека таа се прошири и на Балканот, кој како периферен регион трпи и поостри последици од капиталистичката криза отколку самиот центар. Каде и да погледнеме, присутен е само очај и неспособност на слабата локална буржоазија да понуди било каква иднина на работниците и младината. Во најразвиените земји од бивша Југославија, Словенија и Хрватска, очигледна е девастацијата на здравствениот систем и основната инфраструктура. Железницата како и јавниот превоз се уништува, Во послабо развиените замји како Македонија, транспортниот систем, веќе потполно е срушен. Капитализмот на Балканот се покажува како неспособен да ги пружи основните услови за живот на работничката класа, а не пак да понуди било каков понатамошен развој. По повеќе од 30 години, капитализмот ја покажува својата импотентност. Реченицата на Димитрие Туцовиќ стара повеќе од 100 години „Балканот страда од премногу честите граници“ се покажува точна денес исто како и тогаш.

Специфичните околности на балканските национални конфликти и немоќта на капиталистичкиот развој овозможуваат плодни услови за изградба на нашата организација. До толку и задачата за нејзина изградба се поставува како историска неопходност. Условите за социјалистичка револуција на Балканот не се зрели туку одамна презреани. Најголема моментална опасност е продолжување на агонијата на капитализмот, односно на продолжената криза. Единствен недостаток моментално е субјективниот фактор, комунистичка партија на работничката класа којашто ние имаме задача да ја изградиме.

По војната од 1990-тите и катастрофалниот ефект од распадот на Југославија, односно реставрацијата на капитализмот на нашите простори, работничката класа почнува да се буди и се интензивира класната борба. Бран од штрајкови ги зафати земјите од бивша Југославија, посебно Хрватска. Од таа причина радикализацијата на помладите слоеви на работници и студентите е присутна и на Балканот. Приврзаноста на младите кон комунистичките идеи и интензификацијата на класната борба е само зрак на предвидување што ќе се случи во иднина. За разлика од постарите генерации, денешната младина нема националистички стремежи кон другите народи, та оваа работничка класа ништо не ја спречува за обединување со останатите балкански земји. Тоа се генерации кои ќе ги изградат силите на комунизмот на Балканот.

Револуционерен комунистички сојуз

Капитализмот не ја црпи толку својата сила од силата на репресивниот апарат на државата колку од недоволната организираност на експлоатираните и недостатокот од адекватна програма за социјалистичка трансформација на општеството. Токму од таа причина наша задача е да изградиме револуционерна организација, што ќе брои илјадници комунисти, кои се наоѓаат секаде на Балканот, организација која ќе има акции и методи за поврзување со пошироките слоеви во работничката класа.

За да го постигнеме тоа потребно е целосно да ги прифатиме болшевичките методи на работа и ја трансформираме нашата организација. Работата во одделни републики носи со себе свои предизвици, но болшевичкиот менталитет налага да пронајдеме пат преку секоја пречка која ќе ни се најде на патот. Одлучноста на другарите и другарките во изградбата на југословенска секција се покажа и во финансиите. На конгресот од донации е собрано над 5000 евра, така да дебело ја преминавме својата цел од 3000 што нѐ доведе поблиску до нашата цел за вработување на фултајмер до следниот конгрес.

Нашата работа во текот на минатата година покажа дека постои значаен број на луѓе на кои им е доста од капитализмот и кои ги разбираат неговите ефекти на општа заостанатост на Балканот во споредба со земјите од капиталистичкиот центар. Постојат широки слоеви на млади кои сакаат за себе да остварат подобра иднина. Забрзаната криза на Западот не остава како некогаш надеж на нашите народи дека таму ќе изградат подобар живот. Токму затоа на последниот ден од конгресот одлучивме да ја преименуваме нашата организација со ова ново и посмело име.

Другарите и другарките преполни со ентузијазам покажаа разбирање дека ова не е само промена на името во Револуционерен Комунистички Сојуз туку обнова на нашите сили и тестамент на нашата издржливост и одлучност под никогаш посјаен комунистички бајрак. Ова ќе биде важен чекор на кој треба да бидеме горди. Се потпираме на гордата историја на успешната револуционерна борба на југословенската работничка класа!

Победивме еднаш, ќе победиме пак!

Според тоа, другарите и другарките се подготвени да работат на сите полиња за да изградат Револуционерна комунистичка интернационала и до следниот конгрес ја достигнат целта од 100 членови на југословенската секција и конечно тргнаа во подготовка за основање на револуционерна комунистичка партија на Југославија. Наш следен чекор во таа насока е почнување на ново списание „Комунистичка револуција“, со кое ќе го најавиме основањето на РКИ. Како некогаш, на Балканот од пепелта ќе се родат нови и уште посилни комунистички сили.

Од таа причина ги повикуваме сите кои сакаат да се борат за подобра комунистичка иднина како дел од светското интернационално пролетерско движење да се вклучат во изградбата на нашиот Револуционерен комунистички сојуз!

Придружете ни се веќе денес.

За Балкан слободен од братски војни!

За Балкан на висок степен на технолошка развиеност!

За Балкан без вештачки граници!

За Балканска Социјалистичка Федерација!

ЕвропаИнтернационалаТеорија

Дали комунистите претпочитаат насилство?

Слика: јавен домен

Владејачката класа често ги прикажува комунистите како насилни поединци кои нема да запрат се додека општеството не се удави во сопствената крв. Затоа, за нас не беше изненадување кога најголемиот дански дигитален медиум БТ – интервјуирајќи водечки другар од нашата данска секција за нивната историска одлука да основаат Револуционерна комунистичка партија – за време на едно интервју цело време се обидуваше да го натера другарот да признае дека тие се залагаат за насилство.

Дозволете ни да одговориме на прашањето цврсто и јасно: дали комунистите се залагаат за „насилна револуција“? Не, ние се бориме за најмирна можна транзиција кон социјализам.

Меѓутоа, тешко е да се потисне нашиот презир, кога во овој период, во баш овој капиталистички свет, бранителите на системот тивко минуваат покрај милион секојдневни ужаси и злосторства, само за да врескаат од ужас кон идното, имагинарно „насилство“ на комунистичка револуција.

Низ целиот свет, капитализмот пролева океани од крв. Над 114 милиони луѓе се раселени поради војна и насилство како резултат на империјалистички интервенции и сиромаштија, од Газа до Украина до Судан, ДР Конго, Етиопија, Хаити итн. Од октомври, целиот западен медиумски и политички естаблишмент ја благослови колективната казна на Израел врз луѓето во Газа како „легитимна самоодбрана“ – „самоодбрана“ во која е потврдено дека се убиени 35.000 луѓе, од кои 70 проценти се жени и деца.

А сепак, истите медиуми тврдат дека се преплашени кога ние, како комунисти, велиме дека иако сакаме мирна трансформација на општеството, работничката класа има право да се брани себеси и своите придобивки. Има логика во лицемерието на капиталистите. Владејачката класа секогаш може да го оправда насилството на угнетувачот и експлоататорот во одбрана на нивното богатство и привилегии, кои се недопирливи. Но, огновите на пеколот не се доволно жешки за секој што ќе се осмели да го оспори нивното владеење.

Како што се зголемува гневот во длабочините на општеството, дури и во таканаречените демократски земји, владејачката класа покажува со какви насилни мерки се подготвени да ги бранат своите интереси. Сетете се на движењето „Жолти елеци“ во 2018 година, кога францускиот народ се крена против „демократската“ влада на Макрон како одговор на покачувањето на цената на горивото, што предизвика широко распространето незадоволство против системот. „Насилството на улиците нема да се толерира“, свечено ѝ изјави претседателот Макрон на нацијата, пред да испрати вооружени жандарми, кои користеа експлозивни оружја со цел за „контрола на толпата“ при што 17 лица изгубија око и три лица беа принудени да ампутираат рака или стапало. Една жена (која не беше ни вклучена во протестите) била убиена на нејзиниот балкон откако била застрелана во лицето со граната солзавец.

Неодамна, насилство беше искористено за да се разбијат мирните кампови од Универзитетот Колумбија во САД до Универзитетот во Амстердам во Холандија. Ова се далеку од изолирани примери – Амнести интернешенел пресмета дека во 2022 година, 54 отсто од владите употребиле насилство против мирни протести, кршејќи ги дури и сопстените закони.

Но, кога движењето на масите сериозно ги загрозува нивните интереси, нема граници за насилството што капиталистичката класа е спремна да го искористи. По пучот поддржан од САД во 1973 година против демократски избраната социјалистичка влада на Аљенде во Чиле, 10.000 работници, социјалисти, комунисти и други активисти беа убиени од режимот на Пиноче. Правото не го заштити чилеанскиот народ. Кога нивниот авторитет е навистина загрозен, како во револуциите, гледаме точно за какво ниво на насилство е способна нашата владејачка класа. Нивната жед за одмазда расте пропорционално како што револуционерните движења – дури и најмирните – го загрозуваат нивното владеење. Ако масите не се подготвени да возвратат, со оружје во рака ако е потребно, тие се без одбрана. Во Чиле, неподготвеноста на Аљенде да ги вооружи масите му дозволи на Пиноче да ја презеде власта без борба, што доведе до крвопролевање.

Помеѓу 2019 и 2023 година, Судан беше потресен од целосно мирна револуција што ја урна омразената воена диктатура на Ал Башир / Слика: Осама Елфаки, Викимедија Комонс

Како пример можеме да го земеме и Судан. Помеѓу 2019 и 2023 година, земјата беше потресена од целосно мирна револуција што ја урна омразената воена диктатура на Ал Башир. Во Картум и низ целата земја имаше масовни окупации, генерални штрајкови и формирање на масовни комитети за отпор. Раководството на револуцијата – главно Здружението на судански професионалци – не само што се обврза на мирољубиви методи туку ја влеа сета надеж на револуционерните маси во добрата волја на старите владетели, со кои тие добронамерно преговараа без да преземат никакви мерки за вооружување на народот во самоодбрана. Но, кога револуционерниот бран успори, старите владетели ги отфрлија преговорите и тргнаа во офанзива. Банди на племенски милиции организирани како Сили за брза поддршка (РСФ) се спуштија на Картум, убивајќи и силувајќи неказнето. Оваа контрареволуција беше само крвав вовед во новата граѓанска војна која расели 8 милиони луѓе, вклучувајќи и половина од населението на Картум, додека Бурхан и Хемедти – двајца гангстери, поддржани од различни регионални и империјалистички сили – се борат за пленот како мршојадци кои се тепаат за труп.

Дали народот требаше да дозволи да биде воден како јагне на колење? Комунистите одговараат, не! Ние апсолутно се залагаме за правото на самоодбрана на масите! Ние не сме пацифисти и немаме илузии за нежните намери на владејачката класа. Трагичната лекција на Судан е јасна: единствениот начин да се спречи ова варварско крвопролевање ќе беше доколку раководството на револуцијата го преземеше одлучувачкиот чекор да организира востанички генерален штрајк за да ја парализира земјата, апелирајќи до револуционерните војници да преминат на страната на револуцијата. На тој начин, крволочните насилници на стариот режим лесно ќе беа разоружани, а водачите уапсени. Наместо тоа, колебањата на раководството доведоа до крвав пораз на револуцијата и како последица на тоа, понатамошен пад на Судан во варварство.

Мирните револуции сe можни, но само ако огромното мнозинство на организирани работници и сиромашни ја убеди старата владејачка класа дека отпорот е залуден. Владејачката класа ни вели дека револуциите се насилни, и затоа секој што се залага за револуција се залага за насилство. Но, историјата кажува сосема поинаква приказна. Во голема мера, револуциите во модерната ера имаат тенденција да започнат релативно мирно. Токму за да се стави крај на угнетувањето и насилството на статус кво, угнетените прибегнуваат кон револуција.

Кога контрареволуцијата презема офанзива, гледаме страшно насилство. Руската револуција од октомври 1917 година, на пример, беше толку мирна во Петроград што повеќе луѓе загинаа при снимањето на драматизацијата на упадот во Зимската палата 10 години подоцна отколку што всушност загинаа во самиот настан. Потребна беше империјалистичката интервенција на 21 странска армија за да ја втурнат земјата во ужасна граѓанска војна. Или земете ја за пример германската револуција од 1918 година, релативно мирен настан што стави крај на Големиот колеж од Првата светска војна. Но, откако работниците не успеаја да ја преземат власта, владејачката класа испрати одреди на смртта на Фрајкорпс низ Германија да ловат и убиваат комунисти и радикални работници. Конечно, кога започна нова криза во 1929 година, владејачката класа претпочиташе да му ја отстапи власта на Хитлер отколку да се соочи со нови револуционерни експлозии, подготвувајќи го патот за убиствата на милиони во Холокаустот и Втората светска војна.

Владејачката класа повеќе би сакала да го изгори стариот свет до темел отколку да види како се појавува нов свет, ослободен од ропството и деградацијата на нивното владеење. Кризата на капитализмот ќе ги принуди масите да го изберат револуционерниот пат. Најмирниот исход ќе биде загарантиран само ако тие го сторат тоа одлучно, под цврсто револуционерно водство и со незапирливи сили на нивна страна. Под овие услови, толкава е огромната сила на работничката класа денес, што не е исклучено, на многу места, владејачката класа да ја види бескорисноста да се спротивстави и да биде лишена од средствата да го стори тоа дури и ако таа посака. Спротивно на тоа, доколку лидерите на работниците се неодлучни или прифаќаат пацифистички илузии, старата владејачка класа ќе ја види својата шанса да создаде крвав хаос и да си го врати изгубеното. Иронично, пацифистичките илузии наместо револуционерниот реализам се тоа што води до најкрвавите катастрофи.

Секаде каде што контрареволуцијата на владејачката класа е победничка, таа се обидува да ги потопи револуциите во крв / Слика: јавен домен

Историјата покажува како може да изгледа одмаздата на владејачката класа. Од распнувањето на 6.000 робови долж Апискиот пат во 71 п.н.е. по покренувањето на Спартак против Рим, до semaine sanglante („крвавата недела“) во која беа масакрирани 30.000 париски работници по уништувањето на Париската комуна во мај 1871 година – секаде каде што контрареволуцијата на владејачката класа е победничка, таа се обидува да ги потопи револуциите во крв. Причината е едноставна: тие мора да им пренесат лекција на експлоатираните маси што нема брзо да ја заборават. Како што Ричард II, наводно, им рекол на победените англиски селани кои се кренале во 1381 година: „Селани бевте и сè уште сте селани. Ќе останете во ропство, не како порано туку неспоредливо полошо“.

Кога се тврди дека комунистите се насилни, владејачката класа се обидува да ги преврти работите, да нè обвини. Напротив, тука стоиме како обвинувачи на капитализмот. Тие се обвинети за најѕверски злосторства. Неможејќи да понудат ништо во одбрана или ублажување за нивните постапки, тие со ужас го вперуваат прстот кон судијата и поротата: „Како можете да ме обвините? Јас треба да бидам обвинителот. Вие монструми би ме осудиле за насилни злосторства само за да извршите полошо насилство врз мене при спроведувањето на вашата казна!“

Ова е само обид да се фрли прашина во очите на работниците. Нашата одмазда нема да има форма на бесмислена пролеана крв. Нашата одмазда ќе биде експропријација на капиталистичката класа и создавање на ново, за човекот, здраво општество наместо урнатините што тие се трудат да ги создадат сега.

оригинал Do communists favour violence?

Бен Кари, 22 мај 2024

Интернационала

Ниту цент, ниту куршум за израелскиот воен апарат: пораката од бранот студентски протести во солидарност со Газа

Како дел од растечкото движење против масакрите во Газа студентите во преку 60 универзитети низ Соединетите Американски Држави oрганизираат кампови. Цела една генерација станува политизирана и заклучува за природата на империјализмот, улогата на полицијата и државата, но и за потребата од колективна акција.

На 17 април студентите и членовите од Универзитетот Колумбија во Њујорк го предводеа патот кон нивниот универзитетски кампус со своите кампови во знак на протест и солидарност со палестинскиот народ кој подлежи на брутален геноциден колеж од страна на израелскиот ционистички режим. Искрата што го запали движењето низ САД беше клеветата од страна на претседателката на Универзитетот Колумбија, Шафик, дека движењето за солидарност со Палестина е антисемитско, по што следеше повик на полицијата да го разбие протестот на универзитетскиот кампус.

Со месеци веќе сме сведоци на пропагандна канонада од страна на владините министри, државните службеници и мејнстрим медиумите, таргетирајќи го како антисемитик секој оној кој го поддржува палестинскиот народ и се спротиставува на ционистичката влада на Израел. Иронијата е во тоа што многу еврејски студенти отворено и активно учествуваат во движењето за солидарност со Палестина и се доста видливи во овој бран на протести. Тие разбираат дека да се биде против геноцидот врз Палестинците не значи да се биде антисемит.

До сега, повеќе од 34 илјади луѓе се убиени во Газа, а преку 77 илјади се повредени. Ваквата бруталност ја разбранува совеста на илјадници американски студенти. Тие не се спремни да ја толерираат отворената поддршка од Бајденовата администрација за војната на Нетанјаху. Видовме серија на разни демонстрации за солидарност со Палестина, но тие скоро и да немаа некаков ефект врз Бајден и владата на САД. Тоа објаснува зошто движењето сега прераснува на ново повисоко ниво. Американските студенти сакаат да направат нешто поконкретно за да го запрат овој геноцид. Многу од нивните професори им се придружија.

Атланта, брутално апсење на професорката по економија Керолајн Фолин

Американските власти помислија дека можат да го запрат движењето во уште во својот зачеток со силна полициска репресија на Универзитетот Колумбија, на ниво кое не е видено со децении, резултирајќи со стотици апсења и со исклучување и суспендирање на студентите. Но, напротив, ова го постигна спротивниот ефект од тоа што тие се надеваа. Всушност, тие само додатно ги разгневија студентите на Универзитетот Колумбија што послужи за ширење на движењето низ целата држава. Започнувајќи од Јејл, еден по еден кампус, доживеаа голема мобилизација, а движењето продолжува да се шири. Исто така, ги премина и националните граници, во обиди за започнување на студентски окупации во Франција, Грција, Британија и Австралија.

Нивото на полициска репресија постигнува широк ефект на радикализација. Студентите со свои очи ја гледаат вистинската природа на државата, односно користењето на „оружени тела“ за одбрана на интересите на американската капиталистичка класа. Ова искуство не го добиваат преку книги туку во реалниот живот, преку насилство и апсење. Полицијата и војската користи пендраци, солзавци, полицајци на коњи итн., против мирно движење коешто го користи своето демократско право за протест. Во вакви услови, младите учат многу брзо! Службениците на државата, во нормални услови, ги мијат своите усти со нивните говори за одбрана на „демократијата“ и човечките права, додека во реалноста тие само ги бранат своите профити и привилегии. Ова движење во САД го открива вистинското лице на системот. Ова ќе има последици во идниот период. Се кова нова генерација на борбена младина.

Нивото на репресија испратено од американските власти открива дека тие се плашат од движењето. Тие сакаат да го скршат и сузбијат. Но што е тоа од што се плашат? Капиталистите и политичките службеници на САД отворено го бранат интересот на американските империјализам. Снабдувањето на Израел со оружје претставува мошне доходовен бизнис и е геостратешки интерес на американската владејачка класа. Одбраната на Израел е клучен елемент на американската империјалистичка политика во однос на задржувањето на сферите на интерес во светски рамки, но и освојување на влијанието во одредени делови изгубени во однос на нивните противници.

Ова објаснува зошто САД е вмешан во сите светски конфликти што се протегаат од Украина преку Палестина, од Африка преку Латинска Америка и Пацификот. Се судираат со две други големи сили како Русија и Кина, чии влијанија и моќ масивно пораснаа во изминатите неколку децении и посегнаа по она што некогаш беше сметано за американска сфера на влијание. Иран исто така го рашири своето влијание на Блискиот Исток, поставувајќи се како силна регионална сила, со врски во Ирак, Сирија и Либан, која постана дел од ланецот на земји поврзани со Русија и Кина. Неодамнешната размена на дронови и ракетни напади помеѓу Израел и Иран и заканата од поширока војна помеѓу нив е само дел од еден уште поширок конфликт.

Американските студенти се против најсилната империјалистичка сила на планетата, која постојано се обидува да го врати своето загубено меѓународно влијание. Американските студенти јасно можат да согледаат дека да ја запрат израелската геноцидна војна во Газа, мораат да ја сопрат американската помош за режимот на Нетанјаху. Тие бараат од американските универзитети да се одземат од Израел и од компаниите кои профитираат од војната во Газа. Ние сосема се согласуваме со нивните барања. Ниту цент ниту куршум не треба да биде даден на израелскиот воен апарат. Без воената и финансиска американска помош, Израел ќе биде значајно ослабнат во својата воена офанзива во Газа.

Прашањето кое мора да се постави е следното: како движењето може да успее во наметнување на својата главна цел за одземање од Израел и од компаниите? Жалбите до универзитетската администрација не се доволни. Овие тела имаат сопствени интереси во продолжување на економските врски со Израел. Исто така, големи светски корпорации се вмешани, од Блекрок до Гугл, Амазон, Локхид Мартин и многу други, со вложени милијарди долари. Токму нив ги брани американската полиција. Американските студенти можат да согледаат дека тоа што е потребно е моќно, масовно движење со директна акција. Во повеќето случаи, деталите од финансиската поврзаност на универзитетите со овие големи корпорации и со Израел, не се јавно достапни. Овие сметки треба да се направат јавно видливи. Поради тоа едно од клучните барања треба да биде: отворање на деловните книги; покажување на изворите на парите и каде тие пари се инвестираат! Сите зделки на универзитетските администрации со Израел треба да бидат јавно видливи.

Студентите во САД започнаа добро. Сепак, барањата досега беа само доставени до универзитетските власти, на кои не може да им се верува. Движењето треба да најде начин присилно да ги наметне своите барања на овие власти. Овие луѓе не можат да се убедат преку „дијалог“. Тие мора да бидат доведени до точка каде што движењето е толку моќно што ќе бидат принудени да се повлечат. Студентите се на прав пат. Но, да додадат тежина на нивната кампања, тие мора да ја прошират оваа борба во другите слоеви на општеството.

Ова може да започне со приближување кон работниците во кампусите, од наставниот кадар – од кои неколку веќе ги ризикуваа своите работни места излегувајќи во одбрана на студентите – до административниот персонал, работниците за одржување, истражувачкиот персонал итн. Треба да се изврши притисок на синдикатите, почнувајќи од обичните членови, и понатаму врз претставниците на синдикатите и комисиите на синдикатите.

САД се најголемиот извозник на оружје за Израел / Слика: јавен домен

Треба да се организира кампања на ова ниво, при што студентите би се организирале во групи и така би им пристапиле на различните групи работници. Треба да се организираат заеднички акции меѓу работниците и студентите. На пошироко ниво, треба да им се пристапи на работниците вклучени во транспортот како што се пристаништата, воздухопловниот товар итн., за тие да го бојкотираат транспортот на оружје или стока што би се користела во воената офанзива на израелската армија во Газа преку штрајкови. Во другите делови на светот, работниците во овие сектори веќе презедоа такви иницијативи. Истрајноста на студентите против полициската репресија генерира огромно сочувство и почит меѓу пошироките слоеви и сигурни сме дека студентите ќе добијат позитивен одговор од многу од овие работници.

САД се најголемиот извозник на оружје за Израел. Тоа претставува околу 65 проценти од израелскиот увоз на конвенционално оружје. Следните два главни добавувачи на оружје за Израел се Германија (околу 30 проценти) и Италија (со нешто помалку од 5 проценти). Успешен работнички бојкот на Израел сериозно би ја оштетила неговата способност да продолжи со својата геноцидна кампања во Газа. Успешна кампања во САД би можела да биде поттик за низа такви кампањи во повеќе земји, и би додала на ефектот доколку се организира низ цела Европа, особено во оние земји кои им обезбедуваат оружје на Израел. Затоа, ваква кампања треба да се организира на меѓународно ниво. Фактот дека слични кампови како оние што ги видовме во американските факултети се одржаа во кампусите во Париз, Сиднеј и Каиро, со дојави за слични обиди во други земји, е показател за потенцијалот за ширење на движењето. Додека движењето има за цел да го запре израелското касапење во Газа, јасно е дека директниот непријател на американските студенти е дома. Тоа е владејачката класа на САД, исто како што непријателот на студентите од Обединетото Кралство е владата на Сунак, на француските студенти е Макрон и неговата влада, на италијанските студенти е владата на Мелони итн. Сите овие влади користеа полициски сили за да ги запрат активностите за солидарност со Палестина на еден или друг начин. Демонстрантите беа удирани со палки, солзавец и апсени во многу земји.

Обвиненија за антисемитизам, исто така, систематски се користат во сите западни земји во обид да се криминализира движењето за солидарност со Палестина. Иронијата на ова е што токму владејачката класа го поттикнува расизмот. Истите буржоаски министри, кои се обидуваат да создадат хистерија против мигрантите и кои издаваат скандалозни изјави насочени кон предизвикување меѓуетнички конфликти – добро познатиот метод на „раздели па владеј“ – сега креваат врева за антисемитизмот. Ги отфрламе сите овие бесрамни маневри на капиталистичката класа во сите земји. Ние велиме: непријателот е дома. За да му помогнеме на палестинскиот народ, треба да се бориме со овие непријатели на домашниот фронт. Така, „ниту цент, ниту куршум за израелската воена машина“ треба да биде јасен повик за целото движење. Треба да биде насоченo кон сите национални влади кои го поддржуваат геноцидот во Газа.

Бајден, Сунак, Макрон, Шолц, Мелони и сите други владини лидери – од десничарските конзервативци, како што е Сунак, до социјалдемократите, без разлика дали се во влада како Шолц во Германија или во опозиција, како што е Стармер во Британија – рацете им се со крвта на палестинскиот народ. Сите тие ги бранат економските интереси на сопствените владејачки класи. И сите тие ги користат репресивните сили на државата за физички да ги нападнат, малтретираат и апсат младите демонстранти, чие единствено злодело е кампањата за запирање на криминалните активности на нивните владетели.

Сето ова многу јасно покажува дека борбата за одбрана на палестинскиот народ е во исто време борба против непријателот дома, капиталистите, владејачката класа и нивните политички претставници. Истите политичари кои секогаш можат да најдат милијарди за куршуми, бомби, беспилотни летала и проектили, се оние кои ги намалуваат трошоците за здравство, образование, јавен превоз, јавни станови. Тие се вклучени не само во војни на армиите туку и во класната војна.

Додека во различни делови на светот се водат десетици локални војни, капиталистите профитираат од крвопролевањето и уништувањето. Треба да ги исчистиме сите овие паразити! Затоа треба да ги организираме сите најнапредни, најборбени работници и млади во вистинска, револуционерна комунистичка сила во сите земји. Таквата сила може да ја започне задачата да ги собере најдобрите класни борци, сите оние поединци кои сакаат да го променат општеството, но се чувствуваат немоќни сами. Ние велиме: „Силата е во обединувањето“. Помогнете ни да ја изградиме таа партија, каква што заслужуваат работничката класа и младите.

Сè додека капитализмот постои, капиталистите ќе предизвикуваат војни една по друга. За окончување на ова варварство, на овој пекол на земјата, треба радикално да го трансформираме општеството. Тоа значи дека треба да се бориме за вистински комунизам, каде што власта е во рацете на оние кои го произведуваат богатството: работниците во светот!

Ниту цент, ниту куршум за израелската воена машина!

Слобода за Палестина!

Интифада до победа, револуција до победа!


26 април 2024 година

Not a cent, not a bullet for the Israeli war machine: statement on wave of Gaza solidarity student protests

БалканИнтернационалаМакедонијаОпшто

Избори без избор

„Еднаш во неколку години [да] се решава кој член од владејачката класа ќе го потиска, ќе го затапува народот во парламентот — ете во што се состои вистинската суштина на буржоаскиот парламентаризам, не само во парламентарно-уставните монархии, туку и во најдемократските републики“. – В.И. Ленин: „Држава и револуција“

Избори без избор. / Фото: republika.mk

Се наоѓаме пред уште едни историски избори, впрочем како и сите досегашни избори што беа „историски“, за отпосле да се се покаже дека историското во нив значи зацврстување на статус квото на економската нееднаквост и политичка репресија на буржоазијата. Преку фасадата на наводната демократија повторно ќе се замајува работничката класа со излишни прашања неповрзани со нејзините класни интереси и успешно ќе се замаглува капиталистичката експлоатација. Во тој контекст изборниот процес е целосно кооптиран од веќе вкоренетите елити и олигарси произлезени од криминалната кражба на општествената сопственост и истиот им служи за легитимирање на нивната доминација и заштита на нивните класни интереси, односно интересите на капиталот.

И овие избори не претставуваат ништо друго туку спектакл од шупливи и излитени ветувања за подобар живот, после кои положбата на работничката класа ќе стане уште полоша, а општеството ќе продолжи да пропаѓа во пазарната анархија.

Општествената и економската состојба во која ги дочекуваме изборите

Економската состојба во која ги дочекуваме овие избори е значително влошена, а квалитетот на живот е во постојано опаѓање во сите аспекти. Последниот значаен удар со кои беа соочени работниците беше високата инфлација, која достигна и 20%, како и последователниот вртоглав раст на цените на основните животни продукти, најмногу на храната. Според минималната потрошувачката кошничка определена од ССМ работниците треба да издвојат околу 45% од истата за задоволување на основните потреби за исхрана и 30% за домување. Но она што треба да се има на ум е дека оваа минимална потрошувачка кошничка останува недостижна за најголем број од работниците, односно сите оние кои земаат минимална или нешто поголема од минималната плата. 

Владата на СДСМ и ДУИ за да го амортизира, барем делумно, шокот од растот на цените беше принудена да ја покачи минималната плата за околу 50% проценти во 3 години, односно од 15000 во 2021 година на 22500 денари, колку што изнесува денес. Но во реалност, работниците се посиромашни доколку се погледне растот на трошоците за живот. Па така, минималната потрошувачка кошница пораснала од 32500 денари во 2021 година на 57500 денари во јануари 2024 година, а доколку семејството живее во изнајмен стан, неговите минимални трошоци изнесуваат 73000 денари, што значи дека трошоците се пораснати за 100%. Дополнително, покачувањето на минималната плата не се одрази линеарно во покачување на останатите плати, па ефектот од истото е зголемување на корпусот на работници кои примаат минимална плата и плата под просекот. 

Она што е несомнено е дека цената на инфлацијата ја понесоа работниците преку реалното кратење на цената на нивниот труд, па дури и „значајното“ покачувањето на минималната плата со кое се кити Владата во реалност е само номинално и истото пак претставува кратење споредбено со растот на трошоците за живот.

Илустративен пример за бесчуствителноста и нетактичноста на владеачката структура, беше одлуката на Уставниот суд, донесена токму во време на најсилен инфлаторен притисок, со која на избраните и именувани функционери, односно самите тие, си одредија покачување на сопствените платите за неверојатни 78%. Тука се опфатени сите судии, обвинители, директори на државни агенции и нивните заменици, градоначалниците, пратениците, министрите, односно политичкиот врв. Ова предизвика силни реакции кај работниците и синдикатите кои во тој период штрајкуваа и кои отворено прашуваа како покачувањето кое тие го бараат од 10% или 20% ќе предизвика дополнително забрзување на инфлацијата, додека оние кои ги спречуваат во таа намера добиваат покачување од 78% без никаков проблем. 

Најпогодена категорија од притисокот на инфлацијата и растот на цените беа пензионерите. Најголем број од вкупниот број пензионери се наоѓаат во категоријата на корисници со најниски законски пензии, односно околу 87000 пензионери од вкупно 348000, се со пензија во висина од 12500 денари до 16000 денари. Пензионерите  започнаа масовно самостојно да се организираат наспроти насоките на нивната организација „Здружение на пензионери“ организирајќи протести и блокади со барање за линеарно покачување на сите пензии за 3500 денари, а подоцна и за смена на раководството на „Здружението“ кое активно се вклучи во саботирање на нивните барања.

Според последните анкети, токму овие прашања ќе бидат одлучувачки фактор на овие избори. Имено, околу 60% од испитаниците ги посочиле како најгорливи проблеми ниските плати и инфлацијата, а дури една половина изјавиле дека не успеваат да ги подмират трошоците за живот во еден месец, а околу 40% од испитаниците на оваа анкета изјавиле дека очекуваат економската состојба дополнително да им се влоши во периодот што следи.

Друг значаен проблем со кој е соочена државата е масовниот егзодус, особено на младото и работоспособно население кое бега во центрите на капитализмот. Овој одлив претставува двојна закана по стабилноста, бидејќи ја поткопува одржливоста на целиот систем, но и го исцрпува човечкиот потенцијал за во иднината. Економскиот модел заснован на привлекување странски директни инвестиции со евтината работна сила претставува системски неуспех на капитализмот на периферијата да обезбеди било какви значајни можности и перспективи за граѓаните.

Социјалдемократите без компас

Во однос на економскиот модел, социјалдемократите, иако најавуваа, воопшто не успеаја да воспостават некаков нов курс, и во голема мера само го продолжија претходно воспоставениот модел на економија конципирана на давање на приоритет на странските инвестиции и нивно субвенционирање со понуда за евтината работна сила која можат да ја експлоатираат за своите профити.

Може слободно да кажеме дека основни одлики кои ќе ја одбележат власта предводена од СДСМ и ДУИ се нивната неконзистентност, беспринципност и секако распространетата корупција. 

Социјалдемократите на овие избори излегуваат целосно банкротирани и во неможност да понудат било што значајно. Оттука целиот свој фокус го префрлија на надворешните прашања, односно на ЕУ интеграцијата. / Фото: sdsm.org.mk

Пример за ова е и едно од основните предизборни ветувања кое го прокламираа како   „главните столбови [на програмата] со цел да се надмине нерамномерната распределба на богатството во земјава“, тоа беше воведувањето на прогресивен данок, поточно на данокот на личен доход и данок на добивка. Но откако ја презедоа власта, социјалдемократите веднаш ретерира од овие позиции, и веднаш по воведување на прогресивниот данок на личен доход во 2018, ја повлекоа одлуката т.е. примената на истата ја одложуваа секоја година, за во 2023 целосно да ја укинат и да продолжат со примена рамниот данок. Рамниот данок што претходно и самите го критикуваа како неправеден. Затоа не треба да има сомнеж чии интереси се заштитени од СДСМ, тоа се интересите на капиталот.

Последниот клин на сопствениот ковчег во однос на економијата и работничките права, социјалдемократите го поставија со носење на законот со кој се овозможи 72 часовна работна недела за проекти од „стратегиско национално значење“. Оваа одлука го одразува поширокиот тренд на приоритетизирање на интересите на капиталот во однос на правата и достоинството на работниците. Во конкретниот случај законот се носи за да се удоволи на барањата на изведувачот на изградбата на коридорот 8 и 10, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Со овој закон на голема врата државата ја отвори можноста за 72 часовна работна седмица и ултра експлоатација на работниците. Особено погубен ефект ќе има за мигрантските работници кои ќе бидат намамени да работат под вакви робовски услови на проекти од „стратегиско национално значење“.

Ветувањето дека ќе се справат со корупцијата од денешна перспектива изгледа како несмешен виц. Веќе не постои пора во општеството што не е допрена од општоприсутната корупција, од која во неколку наврати се случија инциденти кои резултираа со трагично губење на човечки животи, на пример автобуските несреќи во Ласкарци и Бугарија, палењето на модуларната болница во Тетово, скандалот со цитостатици од онкологија.

Како шлаг на торта во наводната борбата против корупцијата беа и измените на казнениот закон од страна на парламентарното мнозинство, со кои ефективно се амнестираа сите  политичари и бизнисмени кои се гонат за корупција. Логиката најверојатно е штом никој не се гони, значи дека корупција нема. 

Социјалдемократите на овие избори излегуваат целосно банкротирани и во неможност да понудат било што значајно. Оттука целиот свој фокус го префрлија на надворешните прашања, односно на ЕУ интеграцијата, надевајќи се дека тоа ќе ги подобри изгледите да ги преживеат овие избори. По влезот на Македонија во НАТО преку договорот со Грција, со кој се смени името на земјата без одобрување од граѓаните на референдум, СДСМ се насочи кон забрзување на ЕУ интеграциите по секоја цена. Во тој контекст самите се прогласија за најпроевропска партија. Сепак не беа успешни во настојувањето да го имплементираат договорот за добрососедство со Бугарија пред да започнат изборите, од проста причина што не можеа да соберат доволен број на пратеници за отворање на Уставот со цел внесување на договорените уставни измени. 

ВМРО ДПМНЕ: економија на ниски даноци и ниски плати

Во отсуство на реална алтернатива, на неспособноста на СДСМ најмногу ќе капитализира конзервативната ВМРО ДПМНЕ. Според анкетите се очекува да освојат над 50 пратеници, додека СДСМ околу 30 пратеника. 

Конзервативците играат опортунистички на сентимент во однос на промената на името и договорот за добрососедство со Бугарија, иако е извесно дека доколку тие формираат парламентарно мнозинство самите ќе ги внесат потребните измени во Уставот со цел спроведување на тој договор. / Фото: sdk.mk

Конзервативците играат опортунистички на сентимент во однос на промената на името и договорот за добрососедство со Бугарија, иако е извесно дека доколку тие формираат парламентарно мнозинство самите ќе ги внесат потребните измени во Уставот со цел спроведување на тој договор. Она што за нив беше важно, тоа да не се случи до изборите, односно да не ја нарушат сопствена изборна позиција.

Но, што нудат? Едно од првите ветувања на ДПМНЕ беше дека ќе ги намалат даноците за компаниите да ја „разбудат“ економската активност. Ова во ситуација кога и покрај огромната инфлација државниот буџет е во дефицит од 500 милиони евра две години по ред само ќе предизвика нови задолжувања и удар по социјалните трансфери, односно дополнително осиромашување на најранливите категории и префрлање на богатството кај „бизнисот“. Што значи економија со ниски даноци и ниски плати – продолжување на циклусот на сиромаштија и поголем профит за капиталот, тоа е понудата.

Главниот соучесник во последние 20 години

Континуираното учество на ДУИ во сите Влади од формирањето на партијата во 2002 (со исклучок помеѓу 2006-08) до денес, ја одредува како главен соучесник во обликувањето и спроведувањето на сите штетни политики и криминали кои ја креираа сегашната состојба. Па сепак, иако носи голем дел од одговорноста за катастрофалната состојба, ДУИ успева да ја одржи перцепцијата дека се најголемите заштитници на албанскиот народ. Ова произлегува од две објективни причини, нивната историска заднина, која произлегува од ОНА од една страна, а од друга 20 годишното владеење кое овозможи да создаде силна партиска структура и цврст партиски апарат којшто корумпира голем број луѓе со партиски вработувања во државните институции и други привилегии. 

Централно место во стратегијата на ДУИ претставува негувањето на симболичните победи, кои немаат никакво реално влијание во подобрување на животот на граѓаните, туку единствено служат за преку нив да ја зацврстат манипулацијата дека тие се единствен авторитет меѓу албанските партии. Таква симболична победа пред овие избори е именувањето на Талат Џафери за Премиер во техничкиот мандат на Владата, односно како што вели паролата на ДУИ „прв албанец премиер“. 

Наспроти ДУИ се создаде голема коалиција од повеќе албански парламентарни партии која се заканува да го детронизира. Сепак, шареноликоста на оваа коалиција не се карактеризира со суштинска политичка алтернатива, односно единствената цел на оваа коалиција е да се сруши ДУИ по секоја цена. Во оваа трка помеѓу две празни понуди, ДУИ е во предност ако се имаат во предвид сите махинации и механизми кои произлегуваат од учествување во власта повеќе од 20 години, а кои ДУИ секако ќе ги искористи.

Безидејната Левица 

Левица, по поделбата во 2019 и последователното свртување кон десно, опортунистичкото кокетирањето со национализмот и јавањето на бранот на националното незадоволство успеа да оствари одредени краткорочни изборни успеси, кои резултираа со влегување во парламентот. Сепак оддалечувањето од класната политика и анализа на стварноста и идеолошката адаптацијата кон десно доведе до конфузија и противречности кои се мошне очигледни, и тоа не само меѓу нивните подржувачи туку и меѓу самите членови, па дури и членови на  раководството на партијата. Таков пример е неодамнешниот текст во нивното партиско гласило, Антропол, каде член на партискиот сектор финансии вели дека Левица се залага за стимулација на пазарот и зголемување на конкуренцијата, додека во статутот им стои дека се антикапиталистичка партија. Безброј примери може да се посочат за антинационализмот којшто е прокламиран во статутот на партијата, но негиран во праксата.

Коалицирањето на Левица во власта на градот Скопје (предводен од градоначалничката – претставник на стопанските комори), служи како опиплив пример за нивната јаловост и во целост ги негира нивните тврдења за некаква идејна особеност на партијата во однос на другите буржоаски партии како и нивната наводна неподмитливост.

Идеолошката недоследност и опортунизмот на раководството на партијата создаде  недостаток на нови идеи, кој ќе се обидат да го пополнат со празна реторика и лажен радикализам, а со единствена цел повторно да ги остварат сопствените електорални амбиции.

Сличен пример е и политичката партија ЗНАМ, која е производ од распаѓањето на СДСМ. Нејзиниот лидер Димитриевски изјави дека новата партија ЗНАМ е позиционирана „од центар кон лево со десничарски патриотски ставови“. Ваквиот бесрамен опортунизам со кој партиите се обидуваат да привлечат што е можно поголем број на гласачи и отсуството на било каква идеолошка конзистентност е повторувачка и сеприсутна тема во политичкиот живот во Македонија. 

Амбасадите се вистинската власт

Во дистописка реалност што ja живееме создадена од капитализмот на својата периферија, мошне големо влијание имаат империјалните сили. Во случајот со  Македонија, таа е под целосна хегемонија на САД. Во пресрет на овие избори, американската амбасадорка, без нималку иронија, се претстави како независен набљудувач кој ќе ги следи изборите и ќе внимава да нема влијание од странство на истите.

Во пресрет на овие избори, американската амбасадорка, без нималку иронија, се претстави како независен набљудувач кој ќе ги следи изборите и ќе внимава да нема влијание од странство на истите.  / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Повеќето партии слепо ги следат директивите кои им ги даваат империјалните господари и нескриено ја покажуваат подреденоста кон интересите од надвор. Оваа послушност достигнува страшни размери што буржоаските политичари одат дотаму и отворено ја признаваат и прифаќаат и сопствената неспособност кога се критикувани од колонијалниот господар и бараат од колонијалните господари да интервенираат директно во колонијата која според уставот е самостојна и суверена држава. Претседателскиот кандидат на ДУИ, и да биде полошо и министер за надворешни работи од 2020 г., Бујар Османи е олицетворение на ваквото однесување. Тој истапи со предлог да се формира меѓународен борд составен од претставниците на САД, ЕУ и НАТО, чија функција ќе биде да „прави филтрирање на личностите кои се занимаваат со политиката во нашата земја… дали имаат некаква поврзаност со руските интереси и дали се вмешани во каква било форма на корупција“, односно неговото барање гласи: доколку некој сака да се занимава со политика и извршува јавна функција во Македонија, потребно е да добие сертификат од САД, ЕУ и НАТО, па потоа може да се кандидира и да биде избиран. Буржоаските политичари веќе не се ни обидуваат да ја сочуваат илузијата за слободата и суверенитетот на земјата со која управуваат.

Заострување на класниот судир

Под притисокот на инфлацијата и растот на цените на основните животни производи, класната борба добива на интензитет. Годината што измина беше одбележана од цел бран на штрајкови и мобилизирање на работниците. Такви беа штрајковите на машиновозачите и машинскиот персонал во МЖ Транспорт, штрајкот во УЈП, штрајкот на судските и обвинителските служби, Државниот испитен центар, штрајкот во јавните комунални претрпијатија во Скопје и Тетово, честите протести на вработените во ЕУРОНИКЕЛ, Македонска пошта, Министерството за здравство, Царинската управа, работниците од култура кои се закануваа со стапување во штрајк но во последен момент беа откажани. Иако не дојде до целосен генерален штрајк, остана значајно незадоволство кое во никој случај не е решено. Продлабочување на кризата ќе влијае уште повеќе да се заостри класниот судир и ќе предизвика мобилизација кај пошироките слоеви. Затоа не смееме да паѓаме во цинизам, туку имаме обврска да го искористиме историскиот момент во кој се наоѓаме како катализатор за создавање нов напредок и процут на цивилизацијата. 

Она што нам како комунисти ни претстои, меѓу другото, е да ги демаскираме илузиите на буржоаската демократија и да градиме организација која ќе ја подготви работничката класа за револуционерна борба со цел рушење на капитализмот. Единствено преку колективна акција и солидарност, работничката класа може да го стане архитект на сопствената иднина, кршејќи ги оковите на капиталистичкото угнетување и создавајќи ново општество засновано на принципите на правда, еднаквост и пролетерска моќ.

Единствено преку колективна акција и солидарност, работничката класа може да го стане архитект на сопствената иднина, кршејќи ги оковите на капиталистичкото угнетување и создавајќи ново општество засновано на принципите на правда, еднаквост и пролетерска моќ. / Фото: telma.com.mk
Единствено преку колективна акција и солидарност, работничката класа може да го стане архитект на сопствената иднина, кршејќи ги оковите на капиталистичкото угнетување и создавајќи ново општество засновано на принципите на правда, еднаквост и пролетерска моќ. / Фото: telma.com.mk

Илузијата на избор се потешко ја маскира реалноста на капиталистичкото угнетување. Како што младите масовно бегаат барајќи засолниште од економската стагнација и политичкото разочарување, а тие што остануваат стануваат се посиромашни, бесмисленоста на буржоаските избори станува сè поочигледна. Непопуларноста на политичките партии на капиталот допрва ќе расте. Без разлика дали се декларираат за леви или десни, на се поширок слој работници им станува јасно дека овие партии служат како алатки за владеењето на капиталот, служат за спроведување на капиталистичките шеми и носење на антиработнички мерки со кои се продлабочува експлоатацијата над пролетаријатот. 

Ослободувањето на работничката класа и воспоставувањето на пролетерска власт се возможни само во целиот свет, со здружени, организирани и обединети сили во интернационална и глобална борба, бидејќи и самиот капитализам денес е повеќе од било кога интернационален. Во тој контекст Револуционерната Комунистичка Интернационала на 7 март 2024 година го објави својот Манифест, укажувајќи на егзистенцијалната криза на светскиот капитализам, како и на потребата истиот да биде срушен и заменет со социјализам. 

Наспроти опиумот од лажни, веќе добро познати изборни фарси, составени од националистички митови од една и либерални митови од друга страна, на работниот народ му преостанува самиот да ја поведе борбата против своите експлоататори со борбена комунистичка партија. Оваа борбена комунистичка партија нема да се изгради самата од себе, потребно е да се приклучите кон нашата организација и нашата Револуционерна Комунистичка Интернационала.

Автори: Петар Чуриќ и Дејвид Јовановски

БалканИнтернационалаТеорија

Манифест на Револуционерната комунистичка интернационала

Следниов Манифест е од големо значење за светското комунистичко движење. Упатуваме повик до читателите да го проучат и да го расшират што е можно повеќе. Тој беше одобрен едногласно на Меѓународниот секретаријат на ИМТ утрото на 7 март 2024 година. Овој документ ќе биде доставен на ратификација од нашата меѓународна конференција во јуни кога ќе ја покренеме новата Револуционерна Комунистичка Интернационала.

Револуционерната комунистичка интернационала ќе се стреми да постане знамето под коешто разбудената генерација на револуционерни младинци и работници ќе се здружи за рушење на капитализмот. Можеш лично да се вклучиш во нејзиното создавање, затоа што целата конференција ќе биде онлајн стримувана да ја следиш од дома или со другите другари да организирате заедничко гледање ширум разни земји во светот.

За регистрација следи го линкот за присуство на основачката конференција на РКИ.



Манифест на Револуционерната комунистичка интернационала

Во 1938 година, големиот руски револуционер Леон Троцки изјавил дека „историската криза на човештвото се сведува на криза на револуционерното раководство“. Овие зборови се вистинити и релевантни денес исто како и денот кога се напишани.
Во третата деценија на 21 век, капиталистичкиот систем го снајде егзистенцијална криза. Ваквите ситуации во никој случај не се невообичаени во историјата. Тие се израз на фактот дека даден општествено-историски систем ги достигна своите граници и повеќе не е способен да игра никаква прогресивна улога.
Марксистичката теорија на историскиот материјализам ни дава научно објаснување за оваа појава. Секој социо-економски систем произлегува од одредени причини. Се развива, цвета, па го достигнува својот врв, при што од тој миг влегува во фаза на опаѓање. Ова беше случај со робовладетелското општество и падот на Римската империја.
Во своето најдобро време, капитализмот успеа да ги развие индустријата, земјоделството, науката и техниката на ниво за кое не сонувале во минатото. Притоа, несвесно ги поставуваше материјалните основи за идно бескласно општество.
Но, ова ги достигна своите граници и сè се претвора во својата спротивност. Капиталистичкиот систем одамна го исцрпи својот историски потенцијал. Не можејќи да го однесе општеството понатаму, сега ја достигна точката од која нема враќање. Сегашната криза не е нормална циклична криза на капитализмот. Тоа е егзистенцијална криза, изразена не само во стагнацијата на производните сили туку и во општа криза на културата, моралот, политиката и религијата.
Проѕевачката бездна што ги дели богатите и сиромашните – меѓу безобразното богатство во рацете на неколку паразити, и сиромаштијата, бедата и очајот за големото мнозинство од човечкиот род – никогаш не била поголема.
Ова се гнасни симптоми на болеста на општеството кое е зрело до скапаност за соборување. Нејзиниот евентуален пад е неизбежен и не може да се избегне. Но, тоа не значи дека на буржоазијата ѝ недостигаат средства за одложување на кризите или за намалување на нивното влијание, барем донекаде и привремено.
Сепак, таквите мерки само создаваат нови и нерешливи противречности. Финансиската криза од 2008 година беше голема пресвртница. Вистината е дека светскиот капитализам никогаш не се опорави од таа криза.
Со децении, буржоаските економисти тврдеа дека „невидливата рака на пазарот“ ќе реши сè и дека владата не треба да игра никаква улога во економскиот живот на нацијата. Но, пазарите пропаднаа и беа спасени само со масовна владина интервенција. За време на таа криза, владите и централните банки беа принудени да истурат огромни суми пари во системот за да спречат целосна катастрофа.
Буржоазијата успеа да го спаси системот само со тоа што го турна многу подалеку од неговите природни граници. Владите потрошија огромни количества пари што не ги поседуваа. Овој непромислен метод се повтори во пандемијата од COVID-19.
Овие очајни мерки неизбежно доведоа до неконтролирана експлозија на инфлација и создавање на огромен јавен, корпоративен и приватен долг, што ги принуди владите да удрат на сопирачките. Сега целиот процес мора да оди во обратна насока. Ерата на исклучително ниски каматни стапки и лесни кредити сега е само слабо сеќавање на минатото. Нема можност да се вратиме на претходниот период во скоро време – ако воопшто некогаш може.
Глобалната економија се соочува со изгледи за најлошо сценарио во кое еден чинител се храни од друг за да произведе остра надолна спирална траекторија. Светот оди кон неизвесна иднина со карактеристики на бескраен циклус на војни, економски колапс и зголемена беда. Дури и во најбогатите нации, платите се поткопани од немилосрдниот пораст на цените, додека длабоките намалувања на јавната потрошувачка постојано ги нагризуваат социјалните услуги како што се здравството и образованието. Овие мерки претставуваат директен напад врз животниот стандард на работниците и средната класа. Но, тие служат само за продлабочување на кризата. Сите обиди на буржоазијата да ја врати економската рамнотежа служат само за уништување на социјалната и политичката рамнотежа. Буржоазијата се наоѓа заробена во криза за која нема решение. Тоа е клучно да се разбере за сегашната ситуација. Меѓутоа, Ленин одамна објасни дека не постои нешто како конечна криза на капитализмот. Доколку не биде соборен, капиталистичкиот систем секогаш ќе закрепнува дури и од најдлабоката криза, иако по страшна цена за човештвото.


Границите на глобализацијата

Главните причини за капиталистичките кризи се, од една страна, приватната сопственост на средствата за производство и, од друга, задушувачката јамка на националната држава, којшто е премногу тесен да ги задржи производните сили создадени во капитализмот. Извесно време, феноменот познат како „глобализација“ ѝ овозможи на буржоазијата делумно да го надмине ограничувањето на националната држава преку зајакнување на светската трговија и интензивирање на меѓународната поделба на трудот. Ова беше дополнително забрзано со инкорпорирањето на Кина, Индија и Русија на капиталистичкиот светски пазар, по распадот на Советскиот Сојуз. Ова беше главното средство со кое капиталистичкиот систем опстојуваше и растеше во изминатите неколку децении. Како што старите алхемичари веруваа дека го откриле тајниот метод за преобразување на обичниот метал во злато, така и буржоаските економисти веруваа дека го откриле тајниот лек за сите проблеми на капитализмот.
Сега овие илузии пукнаа како меури сапуница во воздух. Сосема е јасно дека овој процес ги достигна своите граници и оди во обратна насока. Економскиот национализам и протекционистичките мерки сега се доминантни тенденции – токму истите трендови што ја претворија рецесијата од 1930-тите во Големата депресија. Ова означува одлучувачка промена во целата ситуација. Тоа неизбежно доведе до огромно влошување на противречностите меѓу народите и ширење на воениот конфликт и протекционизмот. Тоа е многу јасно изразено со бучната кампања што ја води американскиот империјализам под знамето „Америка на прво место!“ „Америка на прво место“ значи дека остатокот од светот мора да се турка на втората, третата или четвртата позиција, што ќе доведе до дополнителни противречности. војни и трговски војни.


Ужас без крај

Кризата го наоѓа својот израз на нестабилност во секоја сфера: економска, финансиска, социјална, политичка, дипломатска и воена. Во сиромашните земји, милиони се соочени со бавна смрт од глад, притиснати од немилосрдниот стисок на империјалистичките лихвари. ООН процени во јуни 2023 година дека бројот на луѓе раселени присилно поради војна, глад и влијание на климатските промени, изнесува 110 милиони – што е нагло зголемување на нивоата пред пандемијата. Ова беше пред војната во Газа.
Во очајнички обид да избегаат од овие ужаси, голем број луѓе се принудени да побегнат во земји како САД и Европа. Оние кои ги прават тешките и опасни патувања да го преминат Медитеранот или Рио Гранде трпат неискажливо насилство и злоупотреби на патот. Десетици илјади умираат секоја година обидувајќи се. Ова се ужасните последици од економскиот и социјалниот колапс предизвикан од пустошот на таканаречената слободна пазарна економија и насилните акции на империјализмот, кои предизвикуваат пустош, смрт и уништување во незамисливи размери.
По падот на Советскиот Сојуз, САД извесно време станаа единствената суперсила во светот. Со колосална моќ дојде и колосалната ароганција. Американскиот империјализам ја наметна својата волја насекаде, користејќи комбинација на економска моќ и воени мускули да ја покори секоја нација којашто одби да се поклони пред Вашингтон. Преземајќи ја контролата врз Балканот и другите поранешни советски сфери на влијание, таа започна злобна и неиспровоцирана инвазија на Ирак што предизвика смрт на повеќе од еден милион луѓе. Инвазијата на Авганистан беше уште една крвава епизода. Никој не знае колку животи се изгубени во таа несреќна земја. Но, границите на американската моќ беа откриени во Сирија, каде што Американците претрпеа пораз како резултат на интервенцијата на Русија и Иран. Ова означи ненадејна промена на ситуацијата. Од тоа време па наваму, американскиот империјализам трпи серија понижувачки неуспеси.
Овој факт сам по себе е фрапантен доказ за кризата на капитализмот во светски размери. Во 19 век, британскиот империјализам извлече огромно богатство од неговата улога како доминантна светска сила. Но, сега работите се сменија во спротивност.

Кризата на капитализмот и растечките тензии меѓу нациите го прават светот многу потурбулентно и поопасно место. Да се биде главен полицаец во светот е сè посложена и скапа работа, со проблеми што се разгоруваат насекаде и со поранешни сојузници, кои при осет на слабост се здружуваат да му пркосат на главниот газда. Американскиот империјализам е најмоќната и најреакционерната сила на планетата. Нејзините воени трошоци се еднакви на оние на следните десет врвни земји заедно. А сепак, таа не е во состојба решително да ја наметне својата волја во ниту еден регион на светот.
Студената суровост на американскиот империјализам, а исто така и неговото одбивно лицемерие, беше јасно разоткриено со ужасните настани во Газа. Тоа беше активен учесник во суровиот масакр извршен врз беспомошни мажи, жени и деца од страна на монструозниот израелски режим. Оваа криминална агресивна војна не можеше да трае ниту еден ден без активната поддршка на американската владејачка клика. Сепак, додека лицемерно плачеше за судбината на овие жртви, Вашингтон продолжи да испраќа оружје и пари за да му помогне на Нетанјаху во извршување на нивната касапска работа. Но, највпечатлива беше целосната неспособност на Вашингтон да ги принуди Израелците да го прават она што им одговара на американските интереси. Колку и да ги влечеа конците, марионетата продолжи да танцува по сопствената мелодија. Ова беше многу поучен показател за падот на американската моќ, и тоа не само на Блискиот Исток. Способноста на една нација да доминира над другите не е апсолутна, туку релативна. Ситуацијата не е статична, туку динамична и постојано се менува. Историјата покажува дека поранешните заостанати и угнетени нации можат да се трансформираат во агресивни држави коишто се вртат против своите соседи и се обидуваат да доминираат и да ги искористат. Денес Турција е една од доминантните сили на Блискиот Исток. Таа е регионална империјалистичка сила. Слично, Русија и Кина, откако тргнаа по капиталистички пат, се покажаа како застрашувачки империјалистички сили со глобален дострел. Ова ги доведува во директен судир со американскиот империјализам. Кина и Русија сè уште немаат стекнато исто ниво на економска и воена моќ како САД, но се појавија како моќни ривали, предизвикувајќи го Вашингтон во глобалната борба за пазари, сфери на влијание, суровини и профитабилни инвестиции. Војните во Украина и Газа дадоа графички доказ за ограниченоста на моќта на американскиот империјализам.
Во минатото, тензии налик на денешните веќе ќе доведеа до голема војна меѓу Големите сили. Но, променливите услови го отстранија ова од дневниот ред – барем засега. Капиталистите не водат војна за патриотизам, демократија или кој било друг звучен принцип. Тие водат војна за профит, за освојување на странски пазари, извори на суровини (како нафтата) и за проширување на сферите на влијание.
Зарем тоа не е апсолутно јасно? И, исто така, не е ли многу јасно дека нуклеарна војна не би се водела за ништо од гореспоменатите работи, туку би била само заемно уништување на двете страни? Тие дури измислија фраза за да го опишат ова сценарио: MAD, луд на англиски (взаемно сигурно уништување).
Друг одлучувачки фактор што тежи против отворената војна меѓу главните империјалистички сили е масовното противење на војната, особено (но не исклучиво) во САД. Една неодамнешна анкета покажува дека само 5 отсто од населението на САД би сакале директна воена интервенција во Украина.
Ова е едвај изненадувачки, со оглед на понижувачките порази претрпени во Ирак и Авганистан, факт што е врежен во свеста на народот на САД. Ова, плус стравот дека директната воена конфронтација со Русија може да ескалира, создавајќи ризик од нуклеарна војна, делува како сериозно ограничување.
Иако во сегашните услови е исклучена светска војна, ќе има многу „мали“ војни и прокси војни како онаа во Украина. Ќе биде значајно глобалното влијание на таквите војни. Ова ќе ја зголеми општата нестабилност и ќе го разгори огнот на светскиот неред. Тоа многу јасно го покажаа настаните во Газа. Иднината што ја нуди овој систем може да биде само една: бескрајна беда, страдање, болести, војни за човечкиот род. Според зборовите на Ленин: капитализмот е ужас без крај.


Криза на буржоаската демократија

Економските услови во наредниот период ќе бидат многу послични на оние од 1930-тите отколку оние кои следеа по Втората светска војна. Затоа се поставува прашањето: дали буржоаската демократија ќе остане недопрена во догледна иднина?
Демократијата е, всушност, монопол на неколку богати и привилегирани нации, каде што класната војна може да се држи во прифатливи граници со давање отстапки на работничката класа.
Ова беше материјалната премиса врз која таканаречената демократија во земји како Соединетите Американски Држави и Велика Британија можеше да се одржува со децении. Републиканците и демократите, ториевците и лабуристите, наизменично се менуваа на власт, без да направат никаква фундаментална разлика.
Во реалноста, буржоаската демократија е само насмеана маска – фасада зад која се крие реалноста на диктатурата на банките и големите корпорации. До степен до кој владејачката класа не е во состојба да продолжи да дава отстапки на масите, насмеаната маска е фрлена на едната страна, за да се открие грдата реалност на владеење со насилство и принуда. Ова станува сѐ поочигледно.
Велеа дека слободниот пазар е гарант на демократијата. Но, демократијата и капитализмот се спротивни. Стратезите на Капиталот сега отворено изразуваат сомнеж за одржливоста на буржоаската демократија и самата иднина на самиот капитализам.
Стариот, утешен мит дека секој граѓанин има еднакви можности, сега е уништен од остриот контраст на гнасното богатство и луксузот што бесрамно се истакнуваат пред масата на сиромаштија, невработеност, бездомништво и очај, дури и во богатите нации.
Продлабочениот економски пад сега влијае не само врз работничката класа, туку и врз значителен слој од средната класа. Економските шокови, кризата на трошоците за живот, зголемената инфлација и постојано растечките каматни стапки претставуваат банкрот за малите бизниси. Постои општа несигурност и страв за иднината на сите нивоа на општеството со исклучок на супербогатите и нивните паразити.
Легитимноста на системот требаше да се заснова на широко споделен просперитет. Но, капиталот сѐ повеќе се концентрира во рацете на неколку милијардери, гигантски банки и корпорации.
Наместо демократија, имаме владеење на едвај прикриена плутократија. Богатството купува моќ. Сите го знаат ова. Демократија значи еден граѓанин, еден глас. Но, капитализмот значи еден долар, еден глас. Со неколку милијарди долари се купува билет за влез во Белата куќа.
Овој факт станува се поочигледен за повеќето луѓе. Расте индиферентноста кон постојниот политички поредок и недовербата – всушност омразата – кон владејачката елита и нејзините институции.
Самото парламентарно владеење е поткопано. Избраните тела се претвораат во обични дебатни клубови, додека вистинската моќ преминува од Парламентот во владиниот кабинет, од Кабинетот до кликите на неизбрани функционери и „советници“.
Дрската лага дека полицијата и судството се некако независни, се разголува за сите да ја видат. Како што ќе се интензивира класната борба, овие институции ќе бидат сè повеќе изложени и ќе губат каква било почит и авторитет што некогаш ги поседувале.
На крајот, буржоазијата ќе донесе заклучок дека има премногу неред, премногу штрајкови и демонстрации, премногу хаос. „Бараме ред! Веќе гледаме како се поставуваат ограничувања на демократските права, како што се правото на демонстрации, правото на штрајк, слободата на говорот и печатот.
Во дадена фаза, буржоазијата ќе биде во искушение да прибегне кон отворена диктатура во една или друга форма. Но, ова може да стане реална перспектива само доколку работничката класа претрпе серија тешки порази, како што беше случајот во Германија по Првата светска војна.
Но, долго пред тоа, работничката класа ќе има многу можности да ја тестира својата сила наспроти силата на буржоаската држава и да тргне да ја преземе власта во свои раце.


Дали постои ризик од фашизам?

Површните импресионисти на таканаречената левица на меѓународно ниво гледаат на трампизмот како на фашизам. Таквата конфузија не може да ни помогне да го разбереме вистинското значење на важните појави.
Оваа глупост ги води директно во мочуриштето на класно-колаборационистичките политики. Унапредувајќи ја лажната идеја за „помалото зло“, тие ја повикуваат работничката класа и нејзините организации да се обединат со едно реакционерно крило на буржоазијата против другото.
Токму оваа лажна политика им овозможи да ги натераат гласачите да го поддржат Џо Бајден и демократите – гласање за кое многу луѓе потоа горко зажалија.
Постојано зборувајќи за наводната опасност од „фашизмот“, тие ќе ја разоружаат работничката класа кога во иднина ќе се соочат со вистински фашистички формации. Што се однесува до сегашноста, тие целосно ја промашуваат поентата.
Има многу десничарски демагози наоколу, а некои дури и се избираат на власт. Сепак, тоа не е исто што и фашистички режим, кој се заснова на масовна мобилизација на разбеснетиот малограѓанин како овен за уништување на работничките организации.


Во 1930-тите, противречностите во општеството беа решени за релативно краток временски простор и можеа да завршат само со победа на пролетерската револуција или со реакција во форма на фашизам или бонапартизам.
Но, владејачката класа ги изгоре прстите кога застана зад фашистите во минатото. Нема лесно да оди по тој пат пак.
Уште поважно, денес, ваквото брзо решение е исклучено со променетиот однос на силите. Општествените резерви на реакција се далеку послаби отколку во 1930-тите, а специфичната тежина на работничката класа е далеку поголема.
Селанството во голема мера исчезна во напредните капиталистички земји, додека широките слоеви кои порано се гледаа себеси како средна класа (професионални луѓе, работници со бел мантил, наставници, универзитетски професори, државни службеници, лекари и медицински сестри) се приближија до пролетаријатот и станаа членови на синдикати.
Студентите, кои во 1920-тите и 1930-тите ги обезбедуваа ударните трупи за фашизмот, остро занишаа налево и се отворени за револуционерни идеи. Работничката класа, во повеќето земји, со децении не претрпела сериозни порази. Нејзините сили се главно недопрени.
Буржоазијата се наоѓа соочена со најсериозната криза во својата историја, но поради огромното зајакнување на работничката класа, таа не е во состојба брзо да тргне во насока на отворена реакција.
Тоа значи дека владејачката класа ќе се соочи со сериозни тешкотии кога ќе се обиде да ги врати придобивките од минатото. Длабочината на кризата значи дека ќе мора да се обидат да сечат и да сечат до коска. Но, тоа ќе предизвика експлозии во една земја по друга.


Еколошка катастрофа

Покрај постојаните војни и економски кризи, на човештвото му се заканува и силување на планетата. Во својата постојана потрага по профит, капиталистичкиот систем го отру воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме и водата што ја пиеме.
Ја уништува амазонската прашума и поларните ледени покривки. Океаните се задушени со пластика и загадени со хемиски отпад. Животинските видови изумираат со алармантна брзина. И иднината на цели народи е загрозена.
Најсиромашните слоеви на општеството и работничката класа се најтешко погодени од влијанието на загадувањето и климатските промени. Згора на ова, владејачката класа бара од нив да ја платат сметката за кризата што ја создаде капитализмот.
Маркс објасни дека изборот пред човештвото e социјализам или варварство. Елементите на варварството веќе постојат дури и во најнапредните капиталистички земји и го загрозуваат самото постоење на цивилизацијата. Но, сега имаме право да кажеме дека капитализмот претставува закана за самото постоење на човечката раса.
Сите овие работи ја разбрануваат совеста на милиони луѓе, особено на младите луѓе. Но, моралната огорченост и гневните демонстрации се тотално недоволни. Ако еколошкото движење се ограничи на политиката на празни гестови, ќе се осуди на импотенција.
Екологистите се способни да укажат на најочигледните симптоми на проблемот. Но, тие не даваат правилна дијагноза, а без тоа е невозможно да се понуди лек. Еколошкото движење може да успее во своите цели само ако заземе јасна и недвосмислена антикапиталистичка револуционерна позиција.

Мора да се трудиме да ги достигнеме најдобрите елементи и да ги убедиме дека проблемот е самиот капитализам. Еколошката катастрофа е резултат на лудилото на пазарната економија и профитниот мотив.
Таканаречената слободна пазарна економија е немоќна да реши кој било од проблемите со кои се соочува човештвото. Таa е колосално расипничкa, деструктивнa и нечовечкa. По оваа основа не може да се постигне напредок. Случајот за планирана економија е несоборлив.
Потребна е експропријација на банкарите и капиталистите и замена на анархијата на пазарот со хармоничен и рационален систем на планирање.
Капиталистичкиот систем сега ги прикажува сите ужасни карактеристики на суштество кое ја изгубило секоја причина да постои. Но, тоа не значи дека признава дека се соочува со исчезнување. Всушност напротив.
Овој дегенериран и болен систем наликува на болен и сенилен старец кој упорно се држи до животот. Ќе продолжи да се тетерави додека не биде соборен од свесното револуционерно движење на работничката класа.
Задачата на работничката класа е да стави крај на овој долг процес на смртна агонија на капитализмот преку неговото револуционерно соборување и реконструкција на општеството од врвот до дното.
Постоењето на капитализмот сега претставува јасна и сегашна закана за иднината на планетата Земја. За да може човештвото да живее, капиталистичкиот систем мора да умре.


Субјективниот фактор

Од општата криза на капитализмот, може да се заклучи дека неговиот евентуален колапс е неизбежен и не може да се избегне. Во истата смисла, победата на социјализмот е историска неминовност.
Тоа е точно во општа смисла. Но, од општите тврдења е невозможно да се добие конкретно објаснување на актуелните настани.
Ако целата работа е сосема неизбежна, нема потреба од револуционерна партија, синдикати, штрајкови, демонстрации, изучување теорија или што било друго. Но, целата историја го докажува токму спротивното. Субјективниот фактор, лидерството, игра апсолутно фундаментална улога во одлучувачките моменти во историјата.
Карл Маркс истакна дека работничката класа без организација не е ништо повеќе од суровина за експлоатација. Без организација ние сме ништо. Со неа сме сѐ.
Но, тука доаѓаме до суштината на проблемот. Вистинското прашање е целосното отсуство на лидерство – целосната гнилост на водачите на работниците.
Историски еволуираните масовни организации на работничката класа беа подложени на притисокот на владејачката класа и ситната буржоазија во текот на деценискиот релативен просперитет. Ова ја зајакна контролата на бирократијата на работничките организации врз самите нив.
Кризата на капитализмот нужно значи криза на реформизмот. Десничарските лидери ги напуштија идеите врз кои беше основано движењето и се разведоа од класата што треба да ја претставуваат.
Повеќе од кој било друг период во историјата, раководството на работничките организации беше под притисок на буржоазијата. Да се користи изразот измислен од американскиот пионер социјалист Даниел Делеон и често цитиран од Ленин, тие се само „работнички подофицери на капиталот“. Тие го претставуваат минатото, а не сегашноста или иднината. Тие ќе бидат избришани во бурниот период што се отвора сега.
Но, проблемот не започнува и не завршува со десничарските реформисти.


Банкрот на „левицата“

Особено погубна улога одигра таканаречената левица, која насекаде капитулираше пред притисоците на десницата и естаблишментот. Тоа го видовме со Ципрас и со другите лидери на Сириза во Грција. Истиот процес може да се види со Подемос во Шпанија, во САД со Берни Сандерс и во Британија со Џереми Корбин.
Во сите овие случаи, левите лидери на почетокот ги разбудија надежите на многу луѓе, но овие надежи беа уништени кога капитулираа пред притисоците на десницата.
Би било лесно да се обвинат овие водачи за кукавичлук и слабост. Но, овде не се работи со некој индивидуален морал или личната храброст туку со екстремната политичка слабост.
Суштинскиот проблем на левите реформисти е тоа што тие веруваат дека е можно да се постигнат барањата на масите без раскинување со самиот капиталистички систем. Во тој поглед, тие не се разликуваат од десничарските реформисти, освен што вториве не се ни трудат да ја прикријат целосната капитулација пред банкарите и капиталистите.
Главно, денес „левите“ веќе не ни зборуваат за социјализам. Тие не се ниту сенка на старите левичарски лидери во 1930-тите. Наместо тоа, тие се ограничуваат на слаби барања за подобар животен стандард, подемократски права итн.
Тие веќе не се ни повикуваат на капитализмот, туку на „неолиберализмот“ – односно „лошиот“ капитализам, наспроти „убавиот“ капитализам – иако никогаш не кажуваат точно каков треба да биде овој имагинарен убав капитализам.
Поради тоа што одбиваат да раскинат со системот, левите реформисти неизбежно гледаат потреба да се прилагодат кон владејачката класа. Тие се обидуваат да докажат дека не се закана и дека може да им се верува да владеат во интерес на капиталистите.
Ова го објаснува нивното тврдоглаво одбивање да раскинат со десното крило – отворените агенти на владејачката класа внатре во работничкото движење – што тие се обидуваат да го оправдаат врз основа на потребата да се одржи единството.
На крајот, тоа секогаш ги наведува да капитулираат пред десното крило. Но, кога вториот ќе добие контрола, тие не ја покажуваат истата плашливост, туку веднаш започнуваат злобен лов на вештерки против левицата.
Така, кукавичлукот овде не е прашање на личниот карактер на овој или оној поединец. Тоа е нераскинлив дел од политичката ДНК на левиот реформизам.


Борбата против угнетувањето

Кризата на капитализмот го најде својот израз во многу длабоки струи на спротивставување на денешното општество, неговите вредности, неговиот морал и неговите неподносливи неправди и угнетување.
Централната контрадикција во општеството останува антагонизмот меѓу наемниот труд и капиталот. Меѓутоа, угнетувањето има многу различни форми, некои од нив значително постари и подлабоко вкоренети од наемното ропство.
Меѓу најуниверзалните и најболните облици на угнетување е онаа на жените во светот во кој доминираат мажи. Кризата ја зголемува економската зависност на жените. Намалувањето на државните социјални расходи несразмерно ги оптоварува жените со тежината на грижата за децата и грижата за старите лица.
Во светот има епидемија на насилство врз жените. И правата како пристапот до абортус се на удар. Ова предизвикува огромна реакција, а милитантното расположение расте, особено кај младите жени.
Бунтот на жените против ова монструозно угнетување е од фундаментално значење во борбата против капитализмот. Без целосно учество на жените не може да има успешна социјалистичка револуција.
Борбата против сите форми на угнетување и дискриминација е неопходен дел од борбата против капитализмот.
Нашиот став е многу едноставен: во секоја борба секогаш ќе застанеме на страната на угнетените против угнетувачите. Но, оваа општа констатација сама по себе е недоволна да ја дефинира нашата позиција. Мора да додадеме дека нашиот став е суштински одречен. Тоа значи: ние сме против угнетување и дискриминација од секаков вид, без разлика дали тоа е насочено кон жените, обоените луѓе, геј луѓето, трансродовите луѓе или која било друга угнетена група или малцинство.
Сепак, ние целосно ја отфрламе идентитетската политика, која, под превезот на одбрана на правата на одредена група, игра реакционерна и разделувачка улога што на крајот го ослабува единството на работничката класа и дава непроценлива помош за владејачката класа.
Работничкото движење се зарази со секакви туѓи идеи: постмодернизам, идентитетска политика, „политичка коректност“ и сите други бизарни глупости што се прошверцувани од универзитетите на „левата“ ситна буржоазија, која делува како преносен кабел за туѓата и реакционерна идеологија.
Како нуспроизвод на таканаречениот постмодернизам, политиката на идентитетот служеше да го раздвижи мозокот на студентите. Овие туѓи идеи се воведени во работничкото движење, каде што тие дејствуваат како најефективно оружје во рацете на бирократијата за нејзината борба против најборбените класни борци.
Ленин ја истакна потребата комунистите да се борат на сите фронтови – не само на економскиот и политичкиот, туку и на идеолошкиот фронт. Цврсто стоиме на цврстата основа на марксистичката теорија и филозофијата на дијалектичкиот материјализам.
Ова е во целосна спротивност со филозофскиот идеализам во сите негови облици: дали отворениот, нескриен мистицизам на религијата, или циничниот, прикриен и не помалку отровен мистицизам на постмодернизмот.
Затоа, борбата против оваа идеологија на туѓата класа и нејзините малограѓански застапници претставува многу важна задача. Не смее да се прават отстапки за разделувачките и контрареволуционерните идеи, кои играат во рацете на газдите и нивната вековна тактика: раздели па владеј.
Всушност, една здрава реакција против овие погубни идеи веќе започна меѓу слојот на млади што се движи кон комунизмот.
Комунистите цврсто стојат на теренот на класната политика и го бранат единството на работничката класа над сите поделби по основ на боја на кожа, пол, јазик или религија. Не ни е грижа дали сте црни или бели, машко или женско. Ниту, пак, не сме ни оддалеку заинтересирани за вашиот животен стил или кој е или не е вашиот партнер. Тоа се чисто лични работи и ничија работа да се грижи – на бирократи, свештеници или политичари.
Единствениот услов да ни се придружите е да сте подготвени и спремни да се борите за единствената кауза која може да понуди вистинска слобода, еднаквост и вистински човечки односи меѓу мажите и жените: светата кауза на борбата за еманципација на работничката класа.
Но, предуслов за приклучување кон комунистите е да ги оставите сите реакционерни глупости на идентитетската политика надвор пред портите.


Синдикатите

Сегашниот период е најбурниот и најгрчливиот во историјата. Поставена е сцена за општо заживување на класната борба. Но, нема да биде лесно. Работничката класа почнува да се буди од повеќе или помалку период на спиење. Ќе мора повторно да научи многу лекции, дури и такви елементарни лекции како потребата да се организира во синдикатите.


Но, раководството на масовните организации, почнувајќи од синдикатите, се насекаде во жална состојба. Тие се покажаа дека се целосно несоодветни да ги задоволат најитните потреби на работничката класа. Не успеаја ниту самите да ги изградат и зајакнат синдикатите.
Како резултат на тоа, цели слоеви на новата генерација на млади работници ангажирани во несигурни работни места како доставувачи, работници во центрите за повици и слично, се нешто налик на суровина за експлоатација.
Работејќи во ужасни услови во модерните работилници како магацините на Амазон, тие се подложени на брутална експлоатација, долги часови и лоши плати. Деновите кога работниците можеа да добијат сериозни зголемувања на платите само со закана за штрајк, одамна ги нема. Шефовите ќе кажат дека не можат да си дозволат ниту да го одржат сегашното ниво на плати, а камоли да даваат отстапки.
Оние кои сè уште сонуваат за класен мир и консензус живеат во минатото, во фаза на капитализам што престана да постои. Утописти се синдикалните лидери, а не марксистите! Се отвора панорама на големи битки, но и на порази на пролетаријатот како резултат на лошото раководство. Она што се бара е полнокрвна борбеност и оживување на класната борба.
Процесот на радикализација ќе продолжи и ќе се продлабочува. Ова ќе отвори големи можности за работата на комунистите во синдикатите и работните места.
Патот напред бара сериозна борба против реформизмот, борба за регенерација на масовните организации на работничката класа, почнувајќи од синдикатите. Тие мора да се трансформираат во борбени организации на работничката класа.
Но, тоа може да се постигне само со непопустлива борба против реформистичката бирократија. Синдикатите мора да се исчистат од врвот до дното, а политиките на класна колаборација целосно да се елиминираат.


Борбеноста не е доволна

Борбата против реформизмот не значи дека сме против реформи. Не ги критикуваме синдикалните лидери затоа што се борат за реформи, туку напротив – затоа што воопшто не се борат.
Тие бараат прилагодување со газдите, избегнуваат преземање на милитантни дејствија и кога ќе бидат принудени на тоа од притисокот на обичните членови, прават сè што е во нивна моќ да го ограничат ударот и да постигнат гнил компромис со цел да се стави крај на движењето што е можно поскоро.
Комунистите ќе се борат и за најмалите реформи кои претставуваат подобрување на животниот стандард и правата на работниците. Но, под сегашни услови, борбата за значајни реформи може да успее само до степен до кој ќе добие најширок и најреволуционерен опсег.
Ограничувањата на формалната буржоаска демократија ќе бидат изложени до степен до кој таа ќе биде тестирана во пракса. Ќе се бориме да ги одбраниме сите значајни демократски барања, за да создадеме најповолни услови за најцелосен развој на класната борба.
Работничката класа како целина може да учи само преку сопственото искуство. Без секојдневната борба за напредок во капитализмот, социјалистичката револуција би била незамислива.
Но, на крајот на краиштата, синдикалната милитантност не е доволна. Во услови на капиталистичка криза, дури и придобивките што ги остварува работничката класа не можат да бидат долготрајни.
Она што газдите ќе го признаат со десната рака ќе го вратат со левата. Зголемувањето на платите се анулира со инфлација или зголемување на даноците. Фабриките се затвораат, а невработеноста се зголемува.
Единствениот начин да се осигураме дека реформите нема да бидат откажани е преку борба за радикална промена во општеството. Во одреден момент, одбранбените борби може да се трансформираат во офанзивни. Токму преку искуството на малите борби за парцијални барања се подготвува теренот за конечната битка за власт.


Потребата за партијата

Работничката класа е единствената вистинска револуционерна класа во општеството. Таа нема никаква причина да посакува продолжување на системот заснован на приватна сопственост на средствата за производство и експлоатација на човечката работна сила да ја задоволи грабната алчност на неколку богати паразити.
Должност на комунистите е да го освестат несвесниот или полусвесниот стремеж на работничката класа да го промени општеството. Само работничката класа ја има потребната моќ да ја урне диктатурата на банкарите и капиталистите.
Никогаш да не заборавиме дека ниту една сијалица не свети, ниту тркало не се врти и ниту телефонот не ѕвони без љубезна дозвола на работничката класа.
Тоа е колосална сила. А сепак тоа е моќ само во потенцијал. За таа потенцијална моќ да стане реалност, потребно е нешто друго. Тоа нешто е организација.


Постои прецизна аналогија со моќта на природата. Пареата е токму таква моќ. Таа беше моторната сила за индустриската револуција. Тоа е моќта што ги придвижува моторите, обезбедувајќи светлина, греење и енергија за да донесе живот и движење во големите градови.
Но, пареата станува моќ само кога е концентрирана во механизам наречен клип. Без таков механизам, таа само бескорисно би се расфрлала во атмосферата. Останува обичен потенцијал и ништо повеќе.
Дури и на најелементарното ниво, секој класно свесен работник ја разбира потребата од синдикално организирање. Но, највисокиот израз на пролетерската организација е револуционерната партија која го обединува најсвесниот, најпосветениот и најборбениот слој на класата во борбата за рушење на капитализмот. Создавањето ваква партија е најитната задача пред нас.


Свеста

Растечката економска и социјална нестабилност се заканува да ги поткопа темелите на постојниот поредок. Како може да се објаснат насилните промени на изборите насекаде, десно и лево и назад кон десно?
Миописките леви реформисти ги обвинуваат работниците за нивната наводна заостанатост. На тој начин се обидуваат да се оправдаат и да ја прикријат сопствената погубна улога. Но, она што ова го одразува е очај и целосен недостаток на сериозна алтернатива. Масите очајнички се обидуваат да најдат излез. И тие тестираат една по друга опција. Една влада, партија и лидер по друг се ставени на тест и се наоѓаат како сиромашни и отфрлени.
Во овој процес, реформистите играат најжалосна улога, а левите реформисти уште пожалосна, ако тоа е можно. Како резултат на ова, гледаме промена во свеста. Тоа не е бавна, постепена промена што може да се очекува.
Потребно е време за созревање, но квантитетните промени на крајот достигнуваат критична точка каде квантитетот наеднаш станува квалитетен. Остри промени во свеста се својствени за целата ситуација.
Токму тоа е вид на промена што сега ја гледаме, особено кај младите. Истражувањето побарало од над 1.000 возрасни Британци да ги рангираат зборовите и фразите што најмногу ги поврзуваат со „капитализмот“.
Највисоки резултати беа „алчноста“ (73 проценти), „постојаниот притисок за напредување“ (70 проценти) и „корупцијата“ (69 проценти). А 42 отсто од испитаниците се согласиле со фразата „во капитализмот доминираат богатите, тие ја поставуваат политичката агенда“.
Промената најјасно се изразува во трендот кон комунистички идеи кај младите. Овие млади луѓе се нарекуваат комунисти, иако многумина никогаш не го прочитале Манифестот на комунистичката партија и немаат познавање од научниот социјализам.
Но, предавствата на левицата направија самиот збор „социјализам“ да им смрди во ноздрите. Тоа повеќе не резонира со најдобрите луѓе. Тие велат: „Сакаме комунизам. Само тоа и ништо помалку од тоа“.


Што е тоа комунист?

Во делот на Манифестот на комунистичката партија со наслов Пролетери и комунисти, го читаме следново:
„Во каков однос комунистите стојат пред пролетерите како целина?
„Комунистите не се посебна партија наспроти другите партии од работничката класа.
„Тие немаат никакви интереси одвоени од интересите на целокупниот пролетаријатот.
„Тие не поставуваат никакви секташки принципи во кои би сакале да го вкалапат пролетерското движење.
„Комунистите се разликуваат од другите работнички партии само по ова: 1. Во националните борби на пролетерите од различните земји, тие ги истакнуваат и ги спроведуваат заедничките, од националноста независни интереси на целокупниот пролетаријат […]
„Затоа, комунистите се од една страна, практично, најнапредниот и најрешителниот дел од работничките партии во секоја земја, оној дел што ги турка напред сите други; од друга страна, теоретски, тие имаат предност пред големата маса на пролетаријатот јасно да ги разберат условите, текот и општите резултати на пролетерското движење“.
Овие редови многу добро ја изразуваат суштината на работата.



Дали е вистинско време за револуционерна комунистичка интернационала?

Зголемената реакција против таканаречената слободна пазарна економија ги преплаши апологетите на капитализмот. Тие со страв гледаат кон неизвесна и бурна иднина.
Заедно со ова распространето расположение на песимизам, попромислените претставници на буржоазијата почнуваат да откриваат непријатни паралели со светот од 1917 година. Токму во тој контекст се поставува потребата за револуционерна партија со чисто знаме и јасни револуционерни политики.
Меѓународниот карактер на нашето движење произлегува од фактот дека капитализмот е светски систем. Уште од самиот почеток, Маркс се трудеше да создаде меѓународна организација на работничката класа.
Меѓутоа, по сталинистичката дегенерација на Комунистичката интернационала, таква организација не постоеше. Сега е време да започнеме Револуционерна комунистичка интернационала!

Ова некои ќе го сфатат како секташтво. Но, тоа не е ништо од тој вид. Немаме апсолутно ништо заедничко со ултралевичарските и секташки групи кои се шетаат наоколу како смешни пауни на маргините на работничкото движење.
Мора да им свртиме грб на секташите и да се соочиме кон новите свежи слоеви кои се движат кон комунизмот. Потребата од ваков чекор не е ниту израз на нетрпеливост ниту на субјективен волунтаризам. Тоа е вкоренето во јасното разбирање на објективната ситуација. Токму тоа, и ништо друго, го прави таквиот чекор апсолутно неопходен и неизбежен.
Да ги испитаме фактите:
Најновите анкети од Британија, САД, Австралија и други земји ни даваат многу јасен показател дека идејата за комунизам брзо се шири. Потенцијалот за комунизам е огромен. Наша задача е да го направиме овој потенцијал реалност давајќи му организациски израз.
Со организирање на авангардата во вистинска револуционерна комунистичка партија, со спојување со дисциплинирана болшевичка организација, едукација на марксистички идеи и обука за методите на Ленин, ќе изградиме сила што може да игра клучна улога во развојот на социјалистичката револуција во наредниот период.
Тоа е нашата задача. Мора да ги надминеме сите пречки за да го постигнеме тоа.


Сталинизам наспроти болшевизам

Долго време, непријателите на комунизмот веруваа дека успешно ги истерале духовите на Октомвриската револуција. Се чинеше дека распадот на Советскиот Сојуз го потврди нивното верување дека комунизмот е мртов и закопан. „Студената војна заврши“, се израдуваа тие, „и ние победивме“.
Меѓутоа, спротивно на легендата која толку упорно ја повторуваат нашите класни непријатели, не пропадна комунизмот во 1980-тите, туку сталинизмот – ужасна, бирократска и тоталитаристичка карикатура која немаше никаква врска со режимот на работничка демократија воспоставен од Ленин и Болшевиците во 1917 г.
Сталин спроведе политичка контрареволуција против болшевизмот, засновајќи се на привилегирана каста на функционери кои се искачија на власт во периодот на одливот на револуцијата по смртта на Ленин. За да ја зацврсти својата контрареволуционерна диктатура, Сталин беше обврзан да ги убие сите другари на Ленин и огромен број други вистински комунисти.
Сталинизмот и болшевизмот, далеку од тоа дека се идентични, не се само различни по вид: тие се меѓусебно исклучувачки и смртни непријатели, разделени со река од крв.


Дегенерација на „Комунистичките“ партии

Комунизмот е неизбришливо поврзан со името на Ленин и славните традиции на Руската револуција, но денешните комунистички партии се „комунистички“ само по име. Лидерите на тие партии одамна ги напуштија идеите на Ленин и болшевизмот.

Одлучувачки прекин со ленинизмот беше прифаќањето на антимарксистичката политика на социјализмот во една земја. Во 1928 година, Троцки предвиде дека тоа неизбежно ќе доведе до национал-реформистичка дегенерација на секоја Комунистичка партија во светот. Ова предвидување се покажа како точно.
Во почетокот, лидерите на Комунистичките партии послушно ги извршуваа диктатите на Сталин и бирократијата, ропски следејќи го секој преврат и пресврт што доаѓаше од Москва. Подоцна го отфрлија Сталин, но наместо да се вратат кај Ленин, направија нагло свртување надесно. Во отцепувањето од Москва, во повеќето земји овие партии усвоија реформски перспективи и политики.
Следејќи ја фаталната логика на „социјализмот во една земја“, раководството на секоја национална партија се приспособи на интересите на буржоазијата на сопствената земја. Ова доведе до целосна дегенерација, па дури и целосна ликвидација на Комунистичките партии.
Најекстремен случај беше италијанската комунистичка партија (КПИ), која порано беше најголемата и најмоќната во Европа. Политиките на национал-реформистичката дегенерација на крајот доведоа до распаѓање на КПИ и негова трансформација во буржоаска реформистичка партија.
Британската комунистичка партија во денешно време има влијание само преку дневниот весник „Морнинг стар“, чија линија не оди подалеку од една млака верзија на левиот реформизам. Тоа, всушност, е само лево покритие за синдикалната бирократија.
Шпанската комунистичка партија ПКЕ е во коалициска влада која испраќа оружје во Украина како дел од војната на НАТО против Русија. Како резултат на тоа, ПКЕ доживеа голем пад. Младинското крило (УЈКЕ) ја отфрли официјалната линија и беа исклучени.
Комунистичката партија на Соединетите Држави (КПСАД) функционира како нешто повеќе од изборна машина за Демократската партија, повикувајќи на глас за Бајден како „глас против фашизмот“.
Јужноафриканската комунистичка партија е дел од прокапиталистичката влада на АНК веќе 30 години, па дури и го бранеше масакрот на 34 рудари кои штрајкуваа во Марикана во 2012 година.
Списокот е бесконечен.


Кризата во Комунистичките партии

Во овој критичен момент од светската историја, меѓународното комунистичко движење се наоѓа во целосен хаос.
Комунистичките партии ширум светот одговорија на масакрот во Газа со повици за „почитување на меѓународното право“ и резолуциите на Обединетите нации, односно на големите империјалистички сили.
Но, токму инвазијата на Украина од страна на Русија во февруари 2022 година предизвика длабок раскол, при што повеќето комунистички партии скандалозно се приклонија на позицијата на сопствената владејачка класа. Многу комунистички партии, особено на Запад, ја покриваа својата премолчена поддршка за НАТО со пацифистички апели за мир, „преговори“ итн. Нападот врз Газа од Израел ги направи работите уште полоши.
Француската комунистичка партија (КПФ), на пример, се повлече од Левата изборна коалиција (НУПЕС), бидејќи нејзиниот водач Меланшон одби да го окарактеризира Хамас како терористичка организација.
Во другата крајност, некои партии станаа нешто повеќе од инструменти на руската и кинеската надворешна политика, претставувајќи ги како прогресивни сојузници на борбата на слабите и зависни нации да се „ослободат од империјалистичката колонизација и должничкото ропство“.
Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) е екстремен случај. Изгуби секакво право на независно постоење, а камоли комунистичко. Партијата на Зјуганов одамна стана само групен следбеник на реакционерниот режим на Путин.
Овие противречности доведоа до низа поделби. Меѓународен состанок на комунистичките и работничките партии (ИМКРП) во Хавана во 2023 година не успеа ниту да даде изјава за војната во Украина бидејќи не можеше да најде „консензус“.


Кризата во комунистичкото движење и улогата на ККЕ

Многу обични комунистички работници реагираа против овој бесрамен ревизионизам.
Грчката комунистичка партија (ККЕ) несомнено презеде важни чекори во отфрлањето на старата дискредитирана сталинистичко-меншевичка идеја за две фази. Усвои коректен интернационалистички став за украинската војна, која ја карактеризира како интер-империјалистички конфликт.
Тоа доведе до движење на работници за бојкот на испораката на оружје од грчките пристаништа во Украина. Ова ќе биде добредојдено од сите вистински комунисти. Сепак, иако е очигледно од големо значење, прерано е да се заклучи дека напредокот што го постигнаа грчките комунисти е завршен.
Особено, неопходно е целосно да се отцепи од антимарксистичката теорија на социјализам во една земја и да го усвои ленинистичкиот обединет фронт.
ККЕ се обидува да изгради врски со другите комунистички партии кои го делат нејзиниот став за војната во Украина како интер-империјалистички конфликт. Тоа е чекор во вистинската насока. Сепак, предуслов за успех е отворена и демократска дебата која ќе ги вклучи сите вистински комунистички тенденции во светот.
Врз основа на дипломатија и „консензус“ наспроти дебатата и демократскиот централизам, невозможно е да се реконструира вистинска комунистичка интернационала заснована на идеите и методите на Ленин.
Наша задача е да го вратиме движењето на неговото вистинско потекло, да раскинеме со кукавичкиот ревизионизам и да го прегрнеме знамето на Ленин. За таа цел, подаваме рака на пријателство кон секоја партија или организација што ја дели оваа цел.
Кога Троцки ја лансираше Интернационалната лева опозиција, тој ја замисли како лева опозиција на меѓународното комунистичко движење. Ние сме вистински комунисти – болшевици-ленинисти – кои беа бирократски исклучени од редовите на комунистичкото движење од страна на Сталин.
Секогаш сме се бореле да го одржиме црвеното знаме на Октомври и вистинскиот ленинизам и сега мораме да си го вратиме вистинското место како составен дел на светското комунистичко движење.
Дојде време да се отвори искрена дискусија во движењето за минатото, кое конечно ќе раскине со последните остатоци од сталинизмот и ќе подготви терен за трајно комунистичко единство врз цврстите темели на ленинизмот.
Долу ревизионизмот!
За борбено единство на сите комунисти!
Назад кон Ленин!


Политиката на Ленин

Наша непосредна задача не е да ги освоиме масите. Тоа е нешто сосема надвор од нашите сегашни можности. Нашата цел е да ги придобиеме најнапредните и класно свесни елементи. Само така можеме да најдеме пат до масите. Но, не можеме лесно да го третираме нашиот пристап кон масите.
Новата генерација работници и млади бараат излез од ќорсокакот. Најдобрите елементи разбраа дека единственото решение лежи во тргнувањето по патот на социјалистичката револуција.
Тие почнуваат да ја разбираат природата на проблемите пред нив и постепено почнуваат да ја сфаќаат потребата од радикални решенија. Но, нивната нетрпеливост може да ги наведе на грешки.
Работата на комунистите би била многу едноставна доколку се што се бара е да се бомбардира работничката класа со револуционерни пароли. Но, тоа е сосема несоодветно, па дури и може да стане контрапродуктивно.
Работничката класа може да учи само преку искуството, особено искуството на големите настани. Обично се учи само бавно – премногу бавно за многу револуционери кои понекогаш потпаѓаат под влијание на нетрпеливост и фрустрација.
Ленин разбрал дека, пред болшевиците да ја освојат власта, тие прво морале да ги освојат масите. За ова е неопходна голема флексибилност во тактиката. Ленин секогаш им препорачуваше на револуционерите да бидат трпеливи: „трпеливо објаснете“ беше неговиот совет до болшевиците, дури и во екот на револуцијата од 1917 година.


Без разбирање на тактики, тргнувајќи од конкретното искуство на работничката класа, сите разговори за изградбата на револуционерното движење се безделни муабети: тоа е како нож без сечило.
Затоа прашањата за стратегијата и тактиката мора да заземаат централно место во размислувањата на комунистите. И Ленин и Троцки имаа многу јасна идеја за односот на комунистичката авангарда со масовните реформистички организации.
Ова беше сумирано во она што несомнено беше дефинитивната изјава на Ленин за револуционерните тактики: Левичарењето како детска болест на комунизмот. Повеќе од еден век подоцна, списите на Ленин за оваа важна тема остануваат книга запечатена со седум печати за псевдо-троцкистичките секташи.
Тие насекаде го дискредитираа знамето на троцкизмот и ѝ дадоа непроценливи услуги на бирократијата. Тие замислуваат дека масовните организации можат само да се отпишат како историски анахронизми. Нивниот однос кон овие организации е ограничен на остри осуди за предавство. Но, овие тактики водат директно во слепата улица.
Тие немаат ништо заедничко со флексибилните методи на Ленин и Троцки, кои ја разбраа потребата комунистите да градат мостови до масата работници кои остануваат под влијание на реформистите.
Мораме одлучно да му свртиме грб на овој стерилен секташизам и смело да се соочиме кон работничката класа. Со трпеливо објаснување на комунистичките политики на масите и поставување барања на реформистичките лидери, можно е да се придобијат реформистичките работници во комунизмот.


„Сета власт на Советите“

Доволно е да се спомене фактот дека, во 1917 година, Ленин го промовираше слоганот „Сета власт на Советите“, во време кога овие организации, кои ја претставуваа масата работници и војници, беа под контрола на реформистичките меншевици и социјални револуционери.
Со овој слоган, Ленин им велеше на реформистичките водачи на Советите: „многу добро, господа. Вие го имате мнозинството. Предлагаме да ја земете власта во ваши раце и да му го дадете на народот тоа што го сака – мир, леб и земја. Ако го направите ова, ние ќе ве поддржиме, ќе се избегне граѓанска војна, а борбата за власт ќе се сведе на мирна борба за влијание внатре во Советите“.
Кукавичките реформски лидери немаа намера да ја преземат власта. Тие се потчинија на буржоаската привремена влада, која пак се подреди на империјализмот и реакцијата. Работниците и војниците во Советите на тој начин можеа сами да ја увидат предавничката природа на нивните водачи и се свртеа кон болшевизмот.
Само со такви средства беше можно болшевиците да преминат од мала партија од приближно 8.000 членови во февруари 1917 година во масовна сила способна да го освои мнозинството во Советите во периодот непосредно пред Октомвриската револуција.
Пред сè, денес ни е неопходно да го задржиме чувството за реалност. Вистинските сили на комунизмот беа отфрлени од историските сили надвор од нашата контрола. Сведени сме на малцинство од малцинството во работничкото движење.
Имаме правилни идеи, но големото мнозинство од работничката класа допрва треба да се увери дека нашите идеи се точни и неопходни. Во најголем дел, тие остануваат под влијание на традиционалните реформистички организации од едноставна причина што лидерите на тие организации им го нудат она што изгледа како лесен и безболен излез од кризата.
Во реалноста, овој пат води само до натамошни порази, разочарувања и беда. Комунистите во никој случај не можат да ја препуштат работничката класа на милоста на реформистичките класни предавници и бирократи. Напротив, ние мора да водиме непопустлива борба против нив. Но, нема шанси работничката класа да избегне да помине низ болната школа на реформисти.
Наша задача не е да ги удираме од страна, туку да го поминеме искуството со нив, рамо до рамо, помагајќи им да ги извлечат лекциите и да го најдат патот напред, како што направија болшевиците во 1917 година.


Изградете мост до работниците!

Мора да воспоставиме дијалог со работничката класа, во кој не гледаме како туѓи елементи или непријатели, туку како другари во борбата против заедничкиот непријател – Капиталот. Мора да им ја докажеме супериорноста на комунизмот, не со зборови туку со дела.
Мораме да најдеме начини и средства да добиеме публика меѓу масата работници кои остануваат под влијание на реформиизмот. Бирократијата ќе ги користи сите бескрупулозни методи за да ги изолира комунистите од рангираните работници. Забрани, пропишувања, протерувања, лаги, клевети, навреди и напади од секаков вид. Но, комунистите секогаш ќе најдат начини и средства за надминување на овие пречки. Не постои начин на кој бирократијата, која го узурпираше раководството на работничките организации, не може да ги спречи комунистите да допрат до работничката класа.
Не постои златно правило за одредување тактика, која се одредува со конкретни услови. Ова не е принципиелно, туку практично прашање. Ленин секогаш имал флексибилен однос кон тактичките работи. Истиот Ленин кој неуморно се залагаше за раскинување со Социјалдемократијата во 1914 година и го поддржа формирањето на независна Комунистичка партија во Британија, исто така предложи британската партија да поднесе барање за припадност кон Лабуристичката партија, додека одржуваше сопствена програма, знаме и политики.
Под одредени околности, можеби ќе биде неопходно да ги испратиме сите наши сили во реформистичките организации за да ги придобиеме работниците што се движат лево на цврста револуционерна позиција.
Во сегашната фаза, сепак, тоа не е поставено. Условите за тоа отсуствуваат. Но, во секое време, неопходно е да се најде пат до работничката класа. Тоа не е тактичко прашање, туку прашање на живот и смрт на комунистичката авангарда.
Комунистите, дури и додека работат како независна партија, се обврзани да се соочат со масовните организации на работничката класа, спроведувајќи тактика на обединет фронт секаде каде што е можно, за да најдат пат до масите. Ова се базичните правила за секој што е дури и оддалеку запознаен со идеите и методите на Маркс, Енгелс, Ленин и Троцки.
Нашата политика се заснова токму на советите на Ленин и на тезите од првите четири конгреси на Комунистичката интернационала. Ако ова не го разбираат нашите секташки критичари, тоа е целосно нивна несреќа.


За што се бориме?

Во суштина, целите на комунистите се исти како оние на работниците воопшто. Ние се залагаме за целосно елиминирање на гладот и на бездомништвото; за гарантирана работа во добри услови; за драстично намалување на работната недела и освојување на слободното време; за гарантирано, висококвалитетно здравство и образование; за крај на империјализмот и војната; и за крај на лудото уништување на нашата планета.
Но, посочуваме дека, во услови на капиталистичка криза, овие цели можат да се постигнат само преку непопустлива борба и дека тоа на крајот може да биде успешно само кога ќе доведе до експропријација на банкарите и капиталистите. Токму поради оваа причина Троцки ја разви идејата за преодни барања.
Комунистите ќе интервенираат со најголема енергија во секоја борба на работничката класа. Конкретните барања што комунистите ги поставуваат во движењето, се разбира, често ќе се менуваат во согласност со променливите услови и ќе варираат во зависност од условите во секоја земја. Затоа, програмскиот список на барања не би бил на место во манифест од ваква природа.
Меѓутоа, методот со кој комунистите во сите земји треба да формулираат конкретни барања беше брилијантно елабориран од Троцки во 1938 година и објавен во основниот документ на Четвртата интернационала, Смртната агонија на капитализмот и задачите на Четвртата интернационала – или Преодната програма како тоа е попознато.
Барањата претставени во тој документ претставуваат сумирање на програмата што ја разработиле Ленин и болшевиците, а се содржани во објавените тези и документи од првите четири конгреси на Комунистичката интернационала.


Основната идеја за преодните барања може едноставно да се наведе. Троцки објасни дека во периодот на капиталистичкиот пад, секоја сериозна борба за подобрување на животниот стандард неизбежно ќе оди „надвор од границите на капиталистичките сопственички односи и на буржоаската држава“.
Како што во војувањето, одбранбените битки можат да се претворат во офанзива, така и во класната борба, борбата за непосредни барања може да доведе, под одредени околности, до скок во свеста и движење во насока на револуционерна борба за власт.
Конечно, ниту една реформа никогаш не може да добие траен карактер доколку не е поврзана со рушење на буржоаскиот поредок.
Комунистите се борат за целосна еманципација на работничката класа, за ослободување од угнетувањето и агонијата на трудот. Тоа може да се постигне само со уништување на буржоаската држава, експропријација на средствата за производство и воведување на социјалистичко планирање под демократска работничка контрола и управување.
Од ова зависи иднината на човештвото. Според зборовите на големиот ирски марксист Џејмс Коноли:
„За нашите барања најумерени се,
Ние ја сакаме само земјата“.


Дали комунизмот е утописка идеја?

Последното засолниште за бранителите на капитализмот е да кажат дека нема алтернатива за нивниот банкротиран систем. Но, дали некој разумен човек може да верува во ова?
Дали навистина е вистина дека човечката раса не е способна да замисли систем кој е супериорен во однос на сегашната ужасна ситуација? Таквото фантастично тврдење претставува монструозна клевета за интелигенцијата на нашиот вид.
Укинувањето на диктатурата на банкарите и капиталистите ќе овозможи создавање економија која е рационално планирана да ги задоволи потребите на човештвото, а не грабежната алчност на грст милијардери.
Решението е очигледно за секој сериозен мислител. И сега е во наши раце. Тоа е единствениот начин да се укине гладот, сиромаштијата, војните и сите други зла на капитализмот и да се создаде свет погоден за живеење на луѓето.
Непријателите на комунизмот тврдат дека ова е утопистичка идеја. Ова обвинување има ироничен призвук. Она што е утописко е токму социо-економскиот систем кој ја надживеал својата корисност, чиешто постоење е во флагрантна контрадикција со реалните потреби на општеството. Таквиот систем нема право да постои и е осуден да завршува во буништето на историјата.
Нема ништо утописко во комунизмот. Напротив. Материјалните услови за ново и повисоко човечко општество веќе постојат на светски размери и брзо созреваат.
Огромниот напредок во науката и технологијата нуди привлечна слика за свет ослободен од сиромаштија, бездомништво и глад. Развојот на вештачката интелигенција, во комбинација со модерната роботика може да послужи за намалување на часовите на работа до точка каде што, на крајот, луѓето повеќе нема да мора да работат освен по личен избор.
Укинувањето на ропството на трудот е токму материјалната премиса за бескласно општество. Тоа сега е сосема можно. Тоа не е утопија, туку нешто што ни е добро во дофат. Новиот свет е во процес на раѓање, растејќи тивко, но постојано во утробата на стариот.
Но, во капитализмот, сè е претворено во својата спротивност. Во систем каде сè е подредено на мотивот за профит, секој нов технолошки напредок означува зголемување на невработеноста заедно со продолжување на работниот ден и зголемување на експлоатацијата и ропството.
Сè што предлагаме е да го замениме неправеден и ирационален систем каде што сè е подредено на ненаситната алчност на неколкумина, за рационална и хармонична планирана економија, заснована на производство за задоволување на човечките потреби.



За вистинска Комунистичка Интернационала!

Пред три децении, во времето на падот на Советскиот Сојуз, Френсис Фукујама триумфално го прогласи крајот на историјата. Но, историјата не се отстранува така лесно. Продолжува по својот пат, без оглед на мислењата на буржоаските чкртаници. И сега тркалото на историјата се заврте за 180 степени.
Падот на Советскиот Сојуз несомнено беше голема историска драма. Но, во ретроспектива, тоа ќе се гледа како само увертира за многу поголема драма – крајната криза на капитализмот.
Од причините наведени погоре, сегашната криза ќе има пролонгирана природа. Може да трае со години, па дури и децении, со подеми и падови, поради отсуството на субјективниот фактор. Сепак, ова е само едната страна на медалот.
Кризата одамна ќе трае, но тоа воопшто не значи дека ќе биде мирно и спокојно. Напротив! Влеговме во најтурбулентниот и највознемирениот период во историјата на модерното време.
Кризата ќе влијае на една по друга земја. Работничката класа ќе има многу можности да ја преземе власта. Остри и нагли промени се имплицитни во целата ситуација. Тие можат да избувнат кога најмалку ги очекуваме. Мора да бидеме подготвени.
Веќе не е потребно да се убедуваат широките слоеви на младите во супериорноста на комунизмот. Тие се веќе комунисти. Тие бараат чисто знаме, организација која радикално се разликува од реформизмот и кукавичкиот „левичарски“ опортунизам.
Мора да ги преземеме сите можни практични мерки да ги најдеме и да ги регрутираме. Тоа подразбира прогласување на нова партија и нова Интернационала. Целата ситуација тоа го бара. Тоа е апсолутно неопходна и итна задача која не признава одлагање.
Она што се бара е вистинска Комунистичка партија, која се заснова на идеите на Ленин и другите големи марксистички учители, и Интернационала на линиите на Комунистичката интернационала во текот на првите пет години.
Нашите бројки сè уште се мали во споредба со големите задачи кои ни се соочуваат и немаме илузии на тој резултат. Но, секое револуционерно движење во историјата отсекогаш го започнувало животот како мал и навидум безначаен елемент.
Ни претстои важна работа, а таа работа веќе вроди со важен плод и доаѓа во одлучувачка фаза.
Ние рапидно растеме затоа што сега пливаме заедно со струјата на историјата. Пред се ги имаме правилните идеи. Ленин рече дека марксизмот е семоќен затоа што е вистинит. Овој факт нè исполнува со доверба во иднината.
Големиот француски утописки социјалист Фурие го дефинираше социјализмот како начин да се актуелизира потенцијалот на човечката раса.
За време на комунизмот, за прв пат во историјата на човештвото, вратите ќе бидат отворени за масите вистински да го сфатат светот на културата што им е ускратен. Патот ќе биде отворен за несонуван процут на уметност, музика и култура, каков што светот никогаш не видел.
За нов свет, во кој животот ќе добие сосема ново значење. И за прв пат, мажите и жените ќе можат да се издигнат до својот вистински раст врз основа на целосна еднаквост. Тоа ќе биде скок на човештвото од царството на нужноста во доменот на слободата.
Мажите и жените повеќе нема да треба да ги насочуваат очите кон облаците во потрага по подобар живот после смртта. Тие ќе доживеат нов свет, во кој самиот живот, прочистен од угнетување, експлоатација и неправда, ќе добие сосема ново значење.
Тоа е прекрасното нешто за кое се бориме: рај на овој свет.
Тоа е она што значи вистински комунизам.
Тоа е единствената причина за која вреди да се бориме.
Затоа сме комунисти!
Обврска на секој од нас е да се погрижи оваа работа да се изврши веднаш, без двоумење и со апсолутно уверување дека ќе успееме.
Нашите борбени слогани нека бидат:
● Долу империјалистичките разбојници!
● Долу капиталистичкото ропство!
● Експропријајте ги банкарите и капиталистите!
● Да живее комунизмот!
● Работници од сите земји, обединете се!
● Напред кон градење на нова Интернационала!


Лондон, 7 март 2024

БалканТеорија

ФЕМИЦИД – Смртоносност на родот

Општествените околности, а следствено и општествената мисла во нашиот секојдневен говор го воведоа поимот фемицид, којшто сега скоро секојдневно го среќаваме. Фемицидот го дефинираме како злосторство кое не би се случило доколку жртвата не е жена. Од каде фемицидот околу нас, кои се неговите предизвикувачи и кои се адекватните одговорни на него се тешки прашања, а решенијата кои се нудат за сега не се дораснати на ситуацијата. Апелите на постоечките институции (МВР, социјални служби) се покажуваат како неадекватни, поради незаинтересираност, невнимание, недостаток на средства или наследени родови стереотипи, посебно во полициските служби. Последниот случај на убиство на жена кој се случи во Тузла е злосторство починето токму од полициски службеник.
Во БиХ во текот на претходната година биле убиени шест жени (во Приједор, Тузла, Градачац. Живиници, Завидовиќи и Сараево), а пет жени доживеале обид за убиство од страна на партнерот. Случајот кој најмногу ја вознемири јавноста во БиХ е убиството на Низама Хеќимовиќ од страна на нејзиниот партнер кој потоа ја продолжил крвавата низа убивајќи уште три лица и пренесувајќи го убиството во живо преку социјалната мрежа Инстаграм. Во овој случај, подоцна се дознало дека сторителот од порано и е познат на полицијата за семејно насилство и други криминални дејствија.
Секоја втора жена во БиХ доживеала некаков облик на насилство по 15-тата година (физичко, психичко, економско или сексуално). Податоците се од Агенцијата за рамноправност на половите, на БиХ од 2013 година. Податоците од истражување на ОБСЕ од 2019 година велат дека 28% од жените искусиле сексуално вознемирување, а 14 проценти физичко или сексуално насилство од страна на партнерот. Дури 85 проценти од жените не го пријавиле насилсвото на полиција. Сепак изгледа дека еден податок од наведените, останува во сенка на останатите, а тоа е дека само 35 отсто од жените во БиХ се економски активни. Понатаму, може да се запрашаме колку жени се станбено обезбедени, колку работните места на коишто, и доколку воопшто работат, се сигурни и носат било каква извесност во нивните животи. Кон когo или кон што тие можат да се свртат доколку се најдат во насилна средина? Зошто дури 85 проценти од оние кои доживеале некаков облик на насилство тоа не го пријавиле на надлежните институции, зошто две третини од жените сметаат дека насилството е приватна работа и вообичаена појава. Доколку се свртиме кон регионот, во Србија минатата година се случиле 27 фемициди, во Хрватска 7, а во Македонија се убиени 20 девојчиња или жени во последните 4 години. Статистиката на глобално ниво е исто така застрашувачка – расте бројот на фемициди во Велика Британија, Франција, Шпанија, Мексико….

Ослабената економска, но и правна положба на жената и општествените норми посилни од законските регулативи се корен на проблемот. Кога зборуваме за економски причини, поголемиот број на жени немаат економска можност да излезат од насилни врски (потсетуваме дека само 35 процент се економски активни), кога зборуваме од правен аспект тие се наоѓаат во систем кој е законски регулиран, но практично спроведување на законските одлуки не се случува. Општествените норми на ретрадиционализираното општество продонесуваат две третини од жените да сметаат дека насилството е приватна работа. Доколку зборуваме за економска и правна несигурност на жените, не може а да не ги поврземе со она што се нарекува општествена улога на жената и нејзиното место во општеството кои се обликувани од ретрадиционализираната мисла. Жените во денешниот свет се чувствуваат небезбедно и тоа го порачуваат на низа протести, организирани од БиХ, преку Иран до Мексико.
Ако се обидеме да ги анализираме причинителите на потчинувањето и насилството врз жените, мора да се вратиме назад во минаното. Досегашните антрополошки и социолошки истражувања покажуваат дека до појавата на приватната сопственост родот воопшто не влијаел на начинот на кој луѓето живееле. Жените и мажите живееле заедно и подеднакво. Но дури и ако не нè интересира минатото, антрополозите до сега имаат индтификувано околу 160 матрилинеарни општества ширум јужноамериканскиот, азискиот и афричкиот континент. Во 1989 година, истражување за начинот на живот на племето Сан од Јужна Африка покажало дека тие не го знаат и не го разбираат поимот семејно насилство. Бисон Хорн Мариа – племе од централна Индија не познава сексуално насилство како облик на насилство. Што се случило на патот кон сегашноста е неизбежно да се запрашаме.
Фридрих Енгелс во своето дело „Потекло на семејството, приватната сопственост и државата“ вели дека токму со појавата на приватната сопственост позицијата на жената фундаментално се менува. Во оној момент кога мажите преку сточарството и земјоделието ја воспоставиле првата акумулација, наследувањето на имотот почнува да се пренесува преку машко колено, за разлика од претходниот период кога се пренесувало преку женското, при тоа улогата на жената се спушта на личност која ќе го донесе тој наследник на светот и ќе го воспита. Строгата поделба на трудот ја затвора дома и ја окупира со семејни обврски, па нејзината улога во општеството станува длабински сменета.


Ќе поминат векови, ќе се изработуваат филозофски и теоретски концепти и учења кои на бессрамен начин подвлекувале и правеле разлика помеѓу мажот и жената, пишувајќи повеќе соништа наместо да се занимаваат со причинителите и причините за разликите. Тие имаат дел од одговорноста за она што денес го нарекуваме родни категории, кои првенствено се последица на поделба на трудот и отстранување на жената од политичката заедница. И така, не учат дека жените се слаби, немоќни и нежни, но по потреба се мудри, стабилни и храбри. Машките се силни и храбри, но по потреба и наивни и лековерни. Обландата на “Филозофската мисла” така ги сокри вистинските економските и историските причини за разликите кои постојат помеѓу мажите и жените. Економските разлики во капитализмот се засилија, концентрирајќи го богатството и привилегиите во рацете на силните и храбрите, а слабите и немоќните ги гурнаа на урнатините на општествената заедница и на жените тука им го најдоа “природното место” од кое може да бидат померени само кога интересите на капиталот тоа го бараат, извлекувајќи ги од домашното опкружување и правејќи од нив евтина работна сила.
Родните разлики, кои како мрачна завеса висат над главите на мажите и жените, во денешно време на еконоска криза, станаа смртоносни како никогаш порано. Оставени без можноста да управуваат со своите животи, својот труд, својата иднина, мажите и жените остануваат дезориентирани и изгубени, затворени во своите домови без било каква извесност и сигурност, одвоени од заедницата и без поим за било каква солидарност, па вината ја бараат едни кај други. Научени дека родовите задачи мора да ги исполнуваат, мажите ја “докажуваат” својата машкост врз послабите од себе, а тоа во главном се жени и деца. Фемицидот е толку логична последица на економска, оштествена и морална криза, толку својствени на капитализмот. Систем кој не работи на образование и учење, туку ги наметнува своите извртени вредности се општества кои доживуваат масовни убиства во училиштата. Систем кој ја обновува ретрадиционализацијата и врши концентрација на богатството и моќта во дланки на неколку луѓе, произведува општество во кое убиство се пренесува во живо на социјалните мрежи.
Економската и општествена нееднаквост и неправда не се нешто со што ние не би требало да се занимаваме. Економско прашање е прашањето дали денес ќе можеме да им дадеме три оброка на децата. Ако ние не се занимаваме со економија, политика т.е со капитализмот, тој се занимава со нас. Само револуција на економското, политичкото и културното е она што може да им гарантира сигурност на жените, мажите и на општествената заедница. Да не дозволиме капитализмот да не држи во уверување дека не постои алтернатива. Ова не е најдоброто што може луѓето да го направат. Роза Луксембург одамна има кажано, социјализам или варварство и се повеќе изгледа дека била во право.

Автор: Бојана Муминовиќ, 7 март 2023
оригинал: Femicid – smrtonosnost roda, Crvena Kritika

Интернационала

ИМТ ја осудува репресијата врз израелскиот комунистички политичар

Интернационалната марксистичка тенденција (ИМТ) го осудува предложеното исклучување на комунистот Офер Касиф од израелскиот Кнесет (парламентот) и ние огорчено протестираме поради задушувањето на демократските права во Израел.

Офер Касиф е водечки член на Израелската комунистичка партија (Маки) и претставник на коалицијата Хадаш во Кнесетот. Тој беше суспендиран од „Етичкиот комитет“ на Кнесетот на 45 дена на 18 октомври откако ја обвини владата за етничко чистење на палестинските територии. Со други зборови, тој беше суспендиран од парламентот затоа што ја кажа вистината! Сега режимот се залага за негово целосно исфрлање од парламентот.

Последниот напад врз Касиф беше започнат откако тој ја потпиша петицијата за поддршка на случајот на Јужна Африка во Меѓународниот суд на правдата, којшто го обвинува Израел за геноцид во Газа. Набргу откако тој ја потпиша оваа петиција, 85 пратеници од владејачката екстремно десничарска коалиција и таканаречената „умерена“ опозиција потпишаа предлог до Комитетот на Претставничкиот дом на Кнесетот, барајќи негово исклучување.

Во вторникот на 30 јануари, Комитетот на Домот на Кнесетот гласаше со 14 спрема 2 за поддршка на предлогот за исклучување на Касиф со образложение дека неговата поддршка за случајот на Јужна Африка е „предавничка“ и значи „поддршка за вооружена борба“ против државата Израел. Исклучувањето на Касиф ќе биде ставено на гласање во Кнесетот на 19 февруари и мора да добие поддршка од 90 од вкупно 120 членови на Кнесетот за предлогот да помине. Имајќи предвид дека 85 членови на Кнесетот веќе го потпишаа предлогот за исклучување на Касиф, голема е веројатноста дека Касиф ќе биде исклучен.

Вистинската намера зад овој напад врз Касиф е јасна: да се уништи секоја опозиција во Израел за геноцидната војна што ја спроведува во Газа и тековното етничко чистење на Палестинците на Западниот Брег. Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност, Бен Гвир, го објасни ова кога објави слика од друг претставник на Хадаш, Ајман Одех на X (Твитер) со коментар: „следен на ред“.

Претставничката на Хадаш, Аида Тума-Сулејман, предупреди дека „со дебатата во вторникот, членовите на Кнесетот ги гризат остатоците од демократијата“ во Израел.

Без оглед на нашите политички разлики со Касиф и Хадаш, ние ги поддржуваме нивните демократски права и ја нудиме нашата солидарност во нивната борба против ционистичката репресија. Комунистите и доследните демократи ширум светот треба да се соберат за поддршка на сите жртви на репресијата и да протестираат против овој флагрантен напад врз основните демократски права, што го покажува не само лицемерието на буржоаската демократија воопшто, туку и гнилоста на израелската „демократија“ посебно.

IMT condemns repression of Israeli Communist politician


ЕвропаИнтернационала

Германија: за класна борба против владата и екстремната десница!

Стотици илјади излегоа на улиците на Германија оваа недела да демонстрираат против реакционерната Алтернатива за Германија (АфД). Ова беше испровоцирано од неодамнешното откритие на либералниот медиум КОРЕКТИВ, дека политичари од АфД, десничарски екстремисти и водечки бизнисмени тајно се сретнале во хотел во близина на Потсдам да разговараат за масовно депортирање на мигрантите од Германија.

Овој новински извештај го најавува почетокот на овогодинешните избори во Германија. АфД во моментов е најсилната партија во сојузните држави Тирингија, Саксонија и Бранденбург, каде ќе се одржат парламентарни избори на локално ниво во 2024 година. Освен ова, АфД е на пат да оствари голема победа на локалните избори во девет сојузни држави и изборите за Европскиот парламент. Десничарските демагози на АфД ги користат и искривуваат реалните стравови и грижи, што многумина ги имаат поради падот на животниот стандард, за свои реакционерни цели.

Најголемиот германски неделен магазин Дер Шпигел ја прогласи 2024 година за „судбоносна година за демократијата“ во Германија. Овој остар тон беше повторен и од владината коалиција на социјалдемократите (СПД), зелените и либералите (ФДП), како и најголемата опозициска партија, десничарската ЦДУ. Заменик-канцеларот Роберт Хабек (од зелените) предупреди дека АфД сака „да ја претвори Германија во држава како Русија“. Ова доаѓа од претставник на владата којашто во моментов ни ги ограничува демократските права кога демонстрираме во поддршка на Палестина.

Истите капиталистички политичари кои сега ја осудуваат антидемократската АфД, претходно оваа година тврдеа дека десничари се инфилтрирале во протестите на земјоделците против намалувањата на земјоделските субвенции. Министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) тогаш почна да ја префрла вината врз мигрантите и невработените, велејќи дека повеќе нема да се толерира „луѓето да одбиваат да работат за своите пари“. Згора на тоа, владата сега го намалува буџетот за бегалците.

И владејачката коалиција и ЦДУ/ЦСУ глумат дека се гневни на АфД и на плановите на заговорниците од Потсдам да депортираат мигранти. Па сепак, канцеларот Олаф Шолц (СПД) неодамна изјави: „Мораме конечно да депортираме луѓе во големи размери“. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) гордо објави дека владата депортирала 16.430 луѓе минатата година – 27 отсто повеќе отколку во 2022 година. Благодарение на новите, построги правила за депортација, владата ќе депортира уште повеќе луѓе во наредниот период. Сепак, ЦДУ изјави дека овие мерки не одат доволно далеку, а политичарот на ЦДУ Торстен Фреј изјави дека: „Овој закон не решава ниту еден проблем во врска со миграцијата“.

Протестите против АфД се само вовед во борбата против реакцијата, расизмот и поделеноста / Слика: Fridays for Future München, Твитер

Додека тие спроведуваат анти-мигрантски политики без сличен скорешен преседан, овие фини „демократи“ демагошки и безобзирно се обидуваат да капитализираат на загриженоста од подемот на AфД и заканата што ја претставуваат за мигрантите. Не е тешко да се види зошто е така: рејтингот на овие партии во анкетите е низок (СПД 13 отсто, Зелените 12 отсто, ФДП 4 отсто) поради нивните политики на штедење, што ги влошија проблемите на работничката класа. Додека храната и домувањето поскапуваат, платите паѓаат, а владата дава бланко чек на оружената индустрија.

Но, на капиталистичката класа итно ѝ треба стабилна влада. И така, сопствениците на најголемите германски компании застанаа зад демонстрациите против АфД. Нивното лицемерие е еднакво очигледно како и она на власта. Додека тие прават огромни профити и добиваат милијарди како подароци од владата, од народот се бара да плати за тоа.

Подемот на десницата е нераскинливо поврзан со политиките на ЦДУ, ФДП, Зелените и СПД. Политиките на сите овие партии се диктирани од интересите на капиталистите. Сите тие за кризата ја обвинуваат работничката класа.

Додека Германската Конфедерација на Синдикати исто така се мобилизираше за демонстрациите, синдикалното водство ја следи линијата на овие либерални демагози. Ова е грешка. АфД има корист од ова бидејќи се заматува линиите на класната борба, дозволувајќи им да се претстават себеси во лажно „антисистемско“ светло.

Ние цврсто се спротивставуваме на сите лицемери и демагози, бидејќи тие ја делат работничката класа и го одвлекуваат вниманието од борбата против капитализмот. За борбата против АфД да биде успешна, тогаш исто мора да се бориме и против владата, ЦДУ и капиталистичката класа како целина.

Протестите против АфД се само вовед во борбата против реакцијата, расизмот и поделеноста. Ние сме за разгорување на класната борба и пренесување на протестот од улиците на работните места. Потребен ни е штрајковно движење за да ги принудиме банките и корпорациите да платат. Ова треба да бидат методите што ќе ги преземат синдикатите против профитерите, политиките на штедење, военохушкачките влади и расистичките делби.

Ако навистина сакате да се борите против АфД, придружете се на комунистите. Помогнете во изградбата на силите на револуционерниот комунизам и борете се со нас за да ја изнесеме програмата на класната борба и социјалистичката револуција.

[Оригинал на германски на derfunke.de]

4 февруари 2024

Интернационала

ДОЛУ ЛИЦЕМЕРИЕТО! ОДБРАНИ ЈА ГАЗА! – ИЗЈАВА НА ИМТ

Следната изјава на Меѓународната марксистичка тенденција ја изразува нашата солидарност со палестинскиот народ. Таа е одговор на одвратното лицемерие на Западниот империјализам и неговите лакеи, кои се собираат зад реакционерната израелска држава додека таа ја истура крвавата одмазда врз Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври. Понатаму објаснуваме зошто слободата за Палестина може да се постигне само со револуционерни средства и со рушење на капитализмот во целиот регион.

таму објаснуваме зошто слободата за Палестина може да се постигне само со револуционерни средства и со рушење на капитализмот во целиот регион.

Молскавичниот напад, започнат од Хамас во саботата на 7 октомври, предизвика шокови низ целиот свет. Веднаш наиде на гласен хор на осуда од Западните влади.

Нападот веднаш беше претставен со најстрашни зборови од медиумите. Западното јавно мислење беше темелно подготвено од она што комично е опишано како наш „слободен печат“ да заземе страна во конфликтот, кој, како и обично е прикажан како силите на доброто наспроти силите на злото.

Во оваа злокобна комедија на грешки, улогите се погодно сменети. Жртвите стануваат агресори, а агресорите стануваат жртви. Оваа лага е поткрепена со постојан прилив на морални осуди на насилството, убиствата и сите други грозоморни атрибути на тероризмот.

Во Вашингтон, според Њујорк тајмс, претседателот Бајден „се наежил од гнев“ бидејќи ги окарактеризирал делата како „чисто неизвалкано зло“ и недвосмислено ветил дека ќе застане со Израел против тероризмот.

Претседателот на најбогатата и најмоќната држава во светот не губеше време најавувајќи дека САД ќе ја забрзаат испораката на дополнителна опрема, ресурси и муниција за Израел, како и испраќање на својот најнов и најнапреден носач на авиони, заедно со целосен ударен носач, кон Источниот Медитеран.

Империјалистички лицемери или релативност на моралот

Убиството на мажи и жени е нешто што природно предизвикува чувство на одвратност кај повеќето луѓе. Постојано сме потсетени на библиската заповед: „Не убивај“.

Оваа заповед, на прв поглед, носи апсолутен карактер. Меѓутоа, со поблиско набљудување, станува јасно дека одбивноста на владејачката класа и медиумите кон насилството и убиствата не е нималку апсолутна, туку има сосема релативна содржина.

Кога обичните мажи и жени го изразуваат својот ужас и огорченост од злосторствата за кои читаат во печатот, тоа е нормална човечка реакција што можеме да ја разбереме и да сочувствуваме со неа.

слика: Humberto Patrick, Wikimedia Commons

Но, кога истите зборови се искажани од американски претседател, чии раце се извалкани со крвта на безброј невини луѓе, можеме само да ги кренеме рамениците и да се тргниме со гадење.

Империјалистичките никаквеци кои се преправаат дека се шокирани од насилството, постојано започнуваа злобни и агресивни војни. Тие не се колебаа да започнат две децении долги крвави војни против Ирак и Авганистан, во кои беа убиени стотици илјади цивили. Тие ги бомбардираа Либија, Сирија, Судан, Србија, без никакво внимание за невините цивили.

Најгрозоморниот случај од сите во последно време беше варварската војна против народот на Јемен, една од најсиромашните земји на планетата, која ја водеше Саудиска Арабија со целосна поддршка, соучесништво и активно учество на САД, Велика Британија и други империјалистички сили.

Ако некоја војна може да се опише како геноцидна, Јемен сигурно беше тоа. Според ОН, над 150.000 луѓе се убиени во Јемен, како и проценките за повеќе од 227.000 мртви како резултат на страшниот глад намерно создаден од Саудијците и нивните сојузници, кои исто така беа одговорни за уништувањето на болниците и објектите за здравствена заштита.

Овие бројки несомнено претставуваат сериозно потценување на вкупниот број на жртви нанесени на народот на Јемен од Саудијците и нивните империјалистички поддржувачи.

Но, каде беа осудите на ова варварство? Каде беше протестот од Вашингтон и Лондон? Каде беа џиновските наслови што извикуваа за „тероризам“? Тие молчеа, бидејќи западните влади беа активно вклучени во оваа војна за истребување против еден сиромашен и угнетен народ.

Тие немаат право да се жалат на насилство или да обвинуваат некого за „тероризам“. Кога станува збор за војна, бескорисно е да се повикуваме на морални или хуманитарни разгледувања. Војните се за убивање луѓе. И никогаш во историјата немало хуманитарна војна.

Тоа е само цинична фраза, пригоден лист од смоква, кој во денешно време го користат агресорите за да ја оправдаат својата агресија во очи на ред јавното мислење.

Газа и Украина, или релативноста на „правото на самоодбрана“

Што се однесува до таканареченото право на Израел да се брани, тука повторно ги гледаме двојните стандарди на Западниот империјализам. Кога станува збор за Украина, тие ја вооружија до заби за да се бори против Русија во нивно име, под изговор дека народот под окупација има право да возврати.

Но, кога станува збор за Палестинците, одеднаш ова право целосно исчезнува. Наместо да ги бранат угнетените, империјалистите ги вооружуваат и ги снабдуваат угнетувачите. Очигледно правото на самоопределување не важи за сите!

Патем, следејќи ја извртената логика на империјализмот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја спореди руската инвазија на неговата земја со Хамас и го додаде својот рапав мал глас во хорот кој го брани „правото на Израел да се брани“! Дали ни треба уште некој доказ за реакционерната природа на овој господин?

Очекувано, Зеленски ја обвини Русија дека сака војна на Блискиот Исток да ја поткопа меѓународната поддршка за Украина, во коментари кои ја одразуваат загриженоста дека војната меѓу Израел и Хамас може да го одвлече вниманието од борбата на Киев.

„Русија е заинтересирана да предизвика војна на Блискиот Исток, така што нов извор на болка и страдање ќе може да го поткопа светското единство, да ги зголеми раздорот и противречностите и на тој начин да и помогне на Русија да ја уништи слободата во Европа“, рече тој.

Зеленски е очаен човек, кој ќе прибегне кон сè што мисли дека ќе го обезбеди протокот на оружје и пари кога Украина ќе претрпи крупен пораз на бојното поле и има јасни знаци на колеблива поддршка меѓу сојузниците, вклучително САД, Словачка и Полска.

Одмазда

Штом некој ќе ја прифати теоријата на релативност онака како што се применува на моралот, станува едноставна работата да се оправда убиството – сè додека тоа е извршено од „наша страна“. Овој пригоден морален релативност го гледаме на дело токму сега.

Одговорот на Израел на нападот на Хамас во саботата беше брз и брутален. Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е во војна. Тој вети дека ќе ја сведе Газа на „пуст остров“.

Борбени авиони го удираа окупираниот појас, срамнуваа со земја високи згради во станбени области, неселективно погодувајќи училишта, болници и џамии.

Училиште управувано од Агенцијата на ОН за палестински бегалци, каде што немаше „милитанти“, доби директен удар. И многу станбени блокови беа мета, без претходно предупредување.

Израел продолжи да ја заковува Газа со воздушни напади, со што некои згради станаа урнатини. Официјални лица во Газа рекоа дека се погодени болници и училишта и дека веќе се убиени 900 Палестинци, вклучувајќи 260 деца (во моментот на пишување на текстот).

Сето ова нема врска со самоодбрана, туку има врска со жед за одмазда. Не за прв пат, израелската држава се обидува да го казни народот на Газа за постапките на неговите водачи со намерно гаѓање цивили.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа: „Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, се е затворено“.

Лишувањето на мажите, жените и децата од храна, вода и струја се претпоставува дека е кривично дело според „меѓународното право“. Дури и патетичните Обединети нации најдоа за згодно да ги потсетат Израелците на овој мал детал, иако резултатите од овој љубезен потсетник беа очекувано нула.

„Човечки животни“

И како го оправдуваат сето ова? Многу едноставно.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант јасно ги кажа работите кога рече: „Ние се бориме со човечки животни и постапуваме соодветно“.

Овој јазик ни е добро познат. Вообичаена практика на империјалистите е да го оправдуваат колењето со дехуманизирање на непријателот. Ако прифатиме дека нашите непријатели не се луѓе како нас, туку само животни, чувствуваме право да се однесуваме со нив како што сакаме.

Да се потсетиме дека Евреите со децении не беа сметни за луѓе, туку за суштества. Тоа значеше дека може да бидат тепани, мачени, изгладнети и убиени, кому му е гајле? На крајот на краиштата, тие се „само животни“ или „човечки животни“. Разликата е чисто семантичка.

Но, жителите на Појасот Газа не се животни. Тие се луѓе, како што и жителите на Израел се луѓе. И сите човечки суштества имаат право да бидат третирани исто.

Хор од лицемери

Како во добро испланиранo едногласие, политичките лидери ширум светот се префрлија во брзањето да ја декларираат својата безусловна поддршка за „правото на Израел да се брани“. Десни и „леви“, републиканци и демократи – сите гласно пеат од истата добро нaучена химна.

Истите медиуми кои молчеа за злосторствата на империјализмот, исто така, беа многу пропустливи во известувањето за криминалниот терор што израелската држава им го нанесува на Палестинците со децении. Тие беа жртви на постојани насилни провокации од страна на ултрадесничарските еврејски доселеници.

слика: Fars News, Wikimedia Commons

Очигледно, ова има за цел да обезбеди материјална поддршка за правото на Израел да се „одбрани“ со атомизирање на мал појас земја исполнета со два и пол милиони сиромашни луѓе. Таа е опишана како најголемиот затвор на отворено во светот.

Целиот империјалистички камп стои зад Израел додека се движи во насока да ги масакрира Палестинците во Газа. И во случај бомбите, артилериските гранати и проектилите да не убијат доволно голем број Палестинци, Европската унија планираше да елиминира уште неколку со глад.

ЕУ објави дека ја суспендира финансиската помош за Палестинците, од која тие во голема мера зависат за нивниот опстанок. Одлуката беше толку скандалозна што подоцна беше сменета.

Овде ја гледаме сумирана во неколку редови дестилираната суштина на она што поминува како „западната цивилизација“.

Не е изненадување што десничарските „лабуристички“ лидери како Сер Кир Стармер во Британија веднаш ги додадоа своите пискави гласови на овој лицемерен хор. Овие дами и господа одамна му ја продадоа душата на Ѓаволот. Тие не се ништо повеќе од агенти на империјализмот.

Но, десните реформисти не се единствените виновници. На нивен срам, многу „леви“ реформисти се приклучија во осудата (Сандерс, Илхан Омар, АОК, Француската „Комунистичка“ партија, меѓу другите.)

Не за прв пат овие таканаречени левичари го покажаа својот целосен кукавичлук и непринципиелност. Тие веднаш се свиткаа под притисокот на капиталистичките масовни медиуми и буржоаското јавно мислење и на крајот ја влечат линијата на владејачката класа.

Интернационалната марксистичка тенденција нема да се приклучи на лицемерниот хор на империјалистите и нивните паразити.

Каде стоиме ние?

Во секоја војна, завојуваните страни секогаш користат приказни за злосторства – реални или измислени – со цел да ги оправдаат своите акти на насилство и убиства. Односот на комунистите кон војната никогаш не може да се заснова на сензационалистичка пропаганда што цинично се користи за да се оправда едната или на другата страна. Ниту, пак, може да се оправда војна по основ на тоа кој прв нападнал. Нашиот однос кон војната мора целосно да почива на други основи.

Нашата позиција е многу едноставна:

Во секоја борба, ние секогаш ќе застанеме на страната на сиромашните угнетени луѓе, никогаш на страна на богатите и моќните угнетувачи.

Во дадениот случај мора да се постави прашањето: кои се угнетувачите, а кои се угнетените? Дали Палестинците ги угнетуваат Израелците? Никој со здрав разум не верува во тоа.

Не се Палестинците тие кои окупираат земја што не им припаѓа и ја држат со сила. Не се тие кои ги истеруваат израелските доселеници од земјата што беше окупирана од нив со генерации, туку токму обратно.

слика: Humberto Patrick, Wikimedia Commons

Не се тие кои им ги ускратуваат најосновните права на израелските граѓани или ги подложуваат на брутални блокади и ги сведуваат на презрени луѓе во нивната земја.

Дали е потребно да се рецитира долгиот список на злосторства извршени од реакционерната израелска држава врз Палестинците?

Немаме простор да ги спомнеме овие злосторства, кои продолжуваат, ден по ден, месец по месец и година по година, претворајќи ги животите на Палестинците во жив пекол.

Палестинците се сведени на статус кој не се разликува многу од еден вид ропство. А робовите, кога се лишени од секое друго право, можат да прибегнат само кон единственото право што им останува: правото на бунт.

Низ историјата, бунтовите на робовите обично биле придружени со акти на екстремно насилство, кои биле само одраз на екстремното угнетување што тие самите го претрпеле во рацете на сопствениците на робови.

Ова е жален факт. Но, тоа не нè ослободува од обврската да го браниме револтот на робовите против робовладетелите. Маркс се занимава со ова прашање во една статија напишана во 1857 година, во која тој одговара на написите во британскиот печат кои ги нагласуваат злосторствата извршени за време на индиското востание против Британците:

„Злосторствата извршени од револтираните сепои во Индија се навистина ужасни, грозни, неискажливи – какви што некој е подготвен да сретне – само во востанички војни, војни на националности, на раси и пред сè на религија; со еден збор, како што угледната Англија порано аплаудираше кога беше извршено од Вендејаните на „Сините“, од шпанските герилци на неверните Французи, од Србите на нивните германски и унгарски соседи, од Хрватите на виенските бунтовници, од Garde Mobile на Кавањак или Декебристите на Бонапарта за синовите и ќерките на пролетерска Франција.

„Колку и да е озлогласено однесувањето на Сепоите, тоа е само рефлекс, во концентрирана форма, на однесувањето на самата Англија во Индија, не само за време на епохата на основањето на нејзината Источна империја, туку дури и во текот на последните десет години од долго-воспоставеното владеење. За да се карактеризира тоа владеење, доволно е да се каже дека тортурата станува органска институција на нејзината финансиска политика. Има нешто во човечката историја како одмазда: и правило за историска одмазда е нејзиниот инструмент да не биде фалсификуван од навредениот, туку од самиот злосторник“. К. Маркс, (Индискиот бунт)

Дали го поддржуваме Хамас?

Нашите непријатели ќе речат: тогаш вие го поддржувате Хамас. На ова обвинување ќе одговориме: никогаш не сме го поддржувале Хамас. Ние не ја споделуваме неговата идеологија, ниту ги одобруваме методите што ги користи.

Ние сме комунисти и имаме свои идеи, програма и методи, засновани на класната борба меѓу богатите и сиромашните, угнетувачите и угнетените. Токму тоа го одредува нашиот став во секој случај.

Но, нашите разлики со Хамас, иако фундаментални, не се фундаментални како разликите што нè одвојуваат од американскиот империјализам – најреакционерната сила на планетата – и неговите соучесници во криминалот, израелската владејачка класа.

Нашите критичари ќе прашаат: дали се согласувате со убиството на толку многу невини цивили? Ќе одговориме дека никогаш не сме заговарале такви работи. Ниту пак ги оправдуваме.

Нашата прва задача, да го цитираме Спиноза, не е ниту да плачеме ниту да се смееме, туку да разбереме. Моралните разгледувања се крајно бескорисни за да се објасни било што. За да се разбере што се случува, неопходно е да се постави прашањето на поинаков начин: што беше тоа што доведе до нападот на Хамас?

Дали тоа може да се одвои од децениското угнетување, насилство и окупација на Палестина од страна на реакционерната држава Израел?

Се разбира не.

Израел е моќна и богата држава која со децении им ја одзема сопственоста и ги угнетува Палестинците со комбинација на брутална и економскa сила.

И, исто така, мора да го видиме синџирот на настани што директно доведоа до сегашната ситуација. Не падна од ведро сино небо, како што бараат да веруваме.

Предавство

Империјалистите им ветија на Палестинците правда – само ако почекаат уште малку. Но, тие чекаа и чекаа и единствениот резултат беше натамошно уништување на нивната татковина и натамошно губење на правата.

Кога ќе се исцрпи трпението на угнетените, порано или подоцна, тие ќе се нафрлат на својот угнетувач. Во такви моменти неминовно ќе се прават ексцеси и бруталности. Тоа е по природа за жалење. Но, кој е навистина одговорен?

Ако маж или жена изврши ладнокрвно убиство, тоа несомнено е кривично дело и се казнува како такво.

Но, ако жената долги години е подложена на дивјачка бруталност од нејзиниот сопруг и еден ден се сврти против својот мачител и го убие, повеќето луѓе би рекле дека треба да се земе предвид околноста што довела до нејзините постапки.

Да се вратиме на овој случај. Во неделите пред експлозијата, еврејските верски фанатици вршеа постојани провокации. Тие упаднаа во комплексот на џамијата Ал-Акса – едно од најсветите места во исламскиот свет. Тие дејствуваа под полициска и воена заштита.

Провокација

Нетанјаху е во сојуз со ционистичката крајна десница, од кои некои се отворено фашисти. Нивната наведена цел е да предизвикаат нова Накба – односно, физички да ги отстранат Палестинците од земјата во која живеат сега, почнувајќи од Ерусалим и Западниот Брег.

Оваа политика не е нова, но ескалира во последните месеци. Доселениците, увезени главно од САД и регрутирани меѓу најекстремните религиозни фундаменталисти, изградија населби на Западниот Брег.

слика: Tasnim News Agency, Wikimedia Commons

Тие се поврзани со мрежа на воено бранети патишта, кои ја сечат територијата формално под контрола на Палестинската територија.

Реакционерните доселеници се чувствуваат охрабрени и заштитени од ултранационалистичката израелска влада.

Вооружени банди на религиозни фанатични доселеници спроведуваат погроми против Палестинците со отворена или прикриена поддршка на израелската армија и полиција. Овие грабежи на земјиште се претпоставува дека се нелегални според „меѓународното право“. Но, сите побожни резолуции донесени од ОН во бесмислен ритуал не направија ништо за да ги спречат овие криминални дела.

Под овие услови, никој не може навистина да биде изненаден што Палестинците возвраќаат. Угнетените луѓе имаат право на отпор.

Лицемерите ќе тврдат дека двете страни се виновни затоа што и двете користеле насилство. Формално, оваа изјава е вистинита. Но, нејзината содржина е фундаментално лажна. Насилството на едниот не може да се поистоветува со насилството на другиот. Апсолутно нема еквивалентност меѓу двете страни.

Од една страна, имаме модерна напредна капиталистичка земја, опремена со нуклеарно оружје, борбени авиони вооружени со моќни ракети, напредна технологија и опрема за надзор, која смета на целосна материјална и финансиска поддршка од најмоќната империјалистичка земја во светот.

Од друга страна, ги имаме угнетените Палестинци, кои се борат со било какво оружје што ќе им дојде при рака.

Да се биде изненаден од неодамнешните настани е всушност крајно глупаво. Со оглед на овие околности, некаква експлозија беше апсолутно неизбежна, иако времето и содржината на истата не можеа да се предвидат – дури ни од израелските тајни служби.

Израел е понижен

Неопходно е да се пристапи кон војната под свои услови, а не да се воведуваат вонредни размислувања кои се сосема туѓи кон тоа. Она што предизвика бес кај израелската владејачка класа не е бројот на луѓе кои ги загубија животите. Нивните грижи се чисто од практична природа.

Од чисто воена гледна точка, нападот беше успешен. Неочекуваниот Блицкриг целосно ги изненади толку фалените израелски разузнавачки служби. Добро вооружени групи командоси навлегоа во одбраната на Израел, пробивајќи ја она што требаше да биде непробојна линија и нанесувајќи им сериозни загуби на израелските сили.

Кога ова стана познато, предизвика бран на паника и страв во Израел, каде населението беше смирувано од властите со верување дека е заштитено со неранливата линија на одбрана. Преку ноќ, вербата на луѓето во митот за неповредливост беше уништена. Овој факт ќе има непроценливи последици за иднината.

Спротивно на тоа, веста за нападот се славеше на улиците на многу арапски престолнини. Масите беа охрабрени од фактот дека, конечно, моќната израелска држава претрпе понижувачки пораз. Во споредба со овој факт, сите други разгледувања се чинеше дека се од второстепена важност.

Нетанјаху се чувствува исклучително сигурен затоа што ја има цврстата поддршка на американскиот империјализам, кој го снабдува Израел со бескрајни количини долари и смртоносно оружје.

Тие ја преместија својата амбасада во Ерусалим – шлаканица за сите Палестинци. Претседателот Трамп ја донесе таа провокативна одлука. Но, претседателот Бајден не го промени тоа. Тој сака да го обезбеди еврејскиот глас на изборите следната година, како и да одржи еден од неколкуте преостанати непоколебливи сојузници во регионот.

Мирно или насилно?

Нашите непријатели многу често нè соочуваат со прашањето: дали сте за насилство? Може и да не прашаат дали сме за бубонската чума, бидејќи тоа е исто толку празно од вистинска содржина.

Има прашања кои сами си се одговараат, а овие се токму од тој вид. Но, само да се одговори негативно е сосема бескорисно. Би требало да се објаснат конкретните околности во кои се применува насилството: за која цел? И во чиј интерес? Без такви информации навистина е невозможно да се даде точен одговор. Така е во секој конфликт, така е и сега.

Многумина од „левицата“ (како и обично) се ограничуваат на општо осудување на насилството, повикувајќи на „мирно решение“ преку „преговори“ и интервенција на „меѓународните институции“. Но, ова е лага и измама.

Веќе 75 години има бескрајни преговори и разговори и тоа не ја унапреди каузата за палестинската слобода ниту една педа. Со децении таканаречените Обединети нации носеа резолуции со кои се осудува израелската окупација на палестинските територии во 1967 година, но ништо не се промени. Всушност, ситуацијата стана многу полоша.

Сегашната ескалација на конфликтот всушност е резултат на целосниот неуспех на Договорот од Осло. Идејата за формирање палестинска државичка веднаш до Израел на капиталистичка основа беше осудена на неуспех, како што предупредувавме во тоа време.

Целта на Израел беше да го предаде одржувањето ред врз Палестинците на Палестинската национална власт, предводена од буржоаските националисти на Фатах кои беа целосно деморализирани и органски неспособни да ја подигнат палестинската национално-ослободителна борба напред.

Последните 30 години го открија страшниот неуспех на решението за две држави, наметнато од американскиот империјализам и израелскиот капитализам врз Палестинците.

Не е ни чудо што во една неодамнешна анкета на јавното мислење, 61 процент од Палестинците изјавиле дека им е полошо отколку пред Осло, а 71 процент рекле дека е грешка потпишувањето на договорот.

И покрај ова, безнадежните леви пацифисти тврдат дека Палестинците треба да користат само мирни средства за борба. Но, кога се обидоа да го направат ова, каков беше резултатот?

Протестот на маршот за враќање во 2018 година го изведоа невооружени цивили. Израелската армија употреби боева муниција при што загинаа стотици и беа ранети над десет илјади, вклучувајќи деца, жени, новинари и медицински лица.

Токму тоа ги убеди Палестинците дека единствениот пат напред е да одговорат на насилството со насилство. Човек може да жали за овој факт, но тоа е единствениот можен заклучок што може да се очекува Палестинците да го извлечат. А за тоа е 100 проценти одговорна израелската држава и нејзините империјалистички поддржувачи.

Според истата анкета, 71 отсто веруваат дека решението за две држави повеќе не е практично поради експанзијата на доселениците, 52 отсто поддржуваат распуштање на ПС и 53 отсто мислат дека вооружената борба е единствениот начин да се излезе од ќор-сокак.

Империјалистичките планови се урнати

Пред настаните од 7 октомври, беше во тек таканаречениот процес на нормализација: што во основа значи дека Израел воспоставува нормални дипломатски и економски односи со арапските земји (особено Саудиска Арабија), како последица на тоа, палестинскиот проблем е прогласен за завршен.

Ова беше истакнато со интервенцијата на Нетанјаху на Генералното собрание на ОН во септември, каде што тој покажа мапа на регионот на која се прикажани Израел и земјите со кои ги нормализира односите… но Израел на картата ги вклучи Голанската висорамнина, Газа и Западниот Брег, оставајќи ја Палестина целосно надвор од сликата!

слика: Кабінет Міністрів України, Wikimedia Commons

Овој бесрамен цинизам го покажа бесчувствителниот однос, не само на Нетанјаху и неговата реакционерна банда, туку и на таканаречените империјалистички демократии, кои ги третираат малите нации како многу мала промена во нивните махинации.

Оваа монструозна резба требаше да се изврши зад грбот на Палестинците. Самото нивно постоење се смета за иритирачка непријатност. Нивните постојани поплаки може безбедно да се занемарат, додека непријатната, но неопходна задача да се одржуваат во ред може да им се довери на униформите на израелските вооружени сили.

Тоа беше теоријата. Но, животот има несреќна навика да противречи дури и на најдобрите теории. И оваа конкретна теорија имаше една дупка во центарот: претпоставуваше дека Палестинците се толку обесхрабрени, толку целосно скршени што нема да бидат способни да водат вистинска борба. Таа претпоставка беше уништена на парчиња во саботата, 7 октомври.

Голем број извори го вперија прстот кон Иран. И покрај негирањата на Техеран, тоа можеби е вистина. Вештото извршување на нападот и начинот на кој тој брзо навлезе во силната одбрана на Израел покажа одреден степен на професионализам што тешко може да биде дело на Хамас сам по себе.

Згора на тоа, Иран имаше свој интерес за неговиот успех. Непосредниот ефект беше да се уништи планот на Нетанјаху за воспоставување блиски односи со Саудиска Арабија. Реакционерната банда во Ријад беше сосема подготвена да ги распродаде Палестинците, склучувајќи договор со Израел.

Но, тие планови – кои природно беа поттикнати од Соединетите Држави – беа уништени. Мохамед бин Салман остро одби да се приклучи на хорот за поддршка на „правото на самоодбрана“ на Израел. Самата монархија би ја ставил во опасност доколку се осмели да оди против чувствата на саудискиот народ, кој ќе биде жесток поддржувач на Палестинците.

„Гардијан“ објави напис со наслов: „Нападот на Хамас нагло ја смени сликата за блискоисточната дипломатија“. Овие зборови многу убаво ја ставаат работата. Патрик Винтур, дипломатскиот уредник на Гардијан пишува:

„Иран сака да и оневозможи на Саудиска Арабија да постигне договор со Израел, додека другите во регионот не можат да си дозволат хаос во Газа“.

Ова е точно. Арапските лидери не можат да си го дозволат тоа поради длабоко вознемирувачките ефекти што ги има врз масите во нивните земји. Заканата од бунт на улиците е секогаш присутна во главите на арапските владејачки клики, кои не ја заборавија лекцијата од масовните бунтови познати како Арапска пролет.

Ова е кошмар за арапските владетели и за Вашингтон. Но, новата верзија на Арапската револуција е единствената надеж за трајно решение на палестинското прашање.

Угнетениот народ на Палестина не смее да им верува на ветувањата на странските влади. Нивниот единствен интерес е да даваат празни изјави за поддршка на Палестинците, да создадат за себе слика на солидарност со угнетените која е лажна до срж.

Се подразбира дека ветувањата на империјалистите се целосно безвредни, како и фиктивните резолуции што рутински ги донесуваат таканаречените Обединети нации.

Палестинскиот народ може да се ослободи само со сопствени напори. И единствените сигурни сојузници на кои можат да сметаат се работниците и селаните во регионот и ширум светот кои се угнетени и експлоатирани како што се тие самите.

Израел на опасен пат

Постои уште еден фактор што не може да се игнорира. Сè додека израелската држава може да се потпре на поддршката на мнозинството еврејско население, ќе биде многу тешко да се постигне нејзино соборување. Само со поделба на државата Израел по класни линии ова ќе биде остварлив предлог.

Во сегашните околности, се чини дека ова е неверојатна варијанта. Ова делумно се должи на екстремните ограничувања на идеологијата и методите на Хамас, кои убедуваат многу израелски граѓани дека нивните животи се загрозени од палестинските „терористи“.

За жал, неодамнешниот напад и убивањето цивили убеди многу Израелци дека единственото решение е да се соберат позади владата. Ова беше поттикнато од скандалозното однесување на таканаречената опозиција, која веднаш ги отфрли сите свои приговори на реакционерната политика на владата на Нетанјаху и побрза да понуди влегување во таканаречената влада на национално единство. Ова е катастрофална линија на дејствување.

Народот на Израел мора да си го постави следното прашање: како може да се случи после толку години конфликт, толку многу војни и толку многу воени победи да се чувствуваат понесигурни од кога било од основањето на државата Израел? Сите елаборирани мерки наводно дизајнирани да ја гарантираат нивната безбедност, во моментот на вистината, не важат ништо.

Вистина е дека Израел, со својата колосална воена сила и супериорна огнена моќ, лесно може да го победи Хамас во воена смисла. Сепак, копнената инвазија на Газа, со нејзините тесни улици, безброј тунели и непријателско и огорчено население, нема да се постигне без сериозни загуби на животи од двете страни. И откако Газа е сведена на куп урнатини, што тогаш? Немате доволно сили да го окупирате и држите непријателското население од 2,3 милиони луѓе на неодреден временски период. Порано или подоцна ќе се случат нови експлозии и крвопролевање.

И работите не завршуваат тука. Угнетувањето на Палестинците служи за разгорување на чувствата низ арапскиот свет. Обидите за воспоставување односи со Саудиска Арабија сега лежат во пепел. Израел сега се наоѓа себеси поизолиран од кога било досега. Опкружен со милиони непријатели од сите страни, изгледите за Израел се навистина мрачни. И неодамнешното крвопролевање претставува сериозно предупредување за уште полошото што ќе дојде, освен ако нешто фундаментално не се промени во самиот Израел.

Маркс одамна истакна дека ниту една нација никогаш не може да биде слободна се додека таа угнетува и потчинува друга нација: „Посебна задача на Централниот совет во Лондон е да ги натера англиските работници да сфатат дека за нив националната еманципација на Ирска не е прашање на апстрактна правда или хуманитарни чувства, но прв услов за нивната сопствена социјална еманципација“. (Маркс до Зигфрид Мајер и Август Фогт, 1870)

Во моментов, гласот на разумот во Израел се замолчува со жестокиот татнеж на контрареволуцијата. Но, оние кои се залагаат за обединување со реакционерните сили на Нетанјаху и ултра-религиозните фанатици, го водат Израел директно кон бездната.

Што сега?

Долги години, палестинските маси постојано ја покажуваат својата несебичност, храброст и подготвеност за борба. Проблемот е што тие немале раководство кое е дораснато на задачата.

По толку децении распродажба и неисполнети ветувања, трпението на Палестинците сега е исцрпено. На милитантната палестинска младина која сака да се бори против моќната израелска држава, ракетите на Хамас се чини дека ѝ даваат некаков одговор. Ова верување доби силен поттик како резултат на неодамнешните настани.

Whewes, Wikimedia Commons

Не може да има сомнеж дека успехот на Хамас, во пробивањето на израелската одбрана, за која се вели дека е неповредлива, и ударите против Израел, се сметаат за победа од многумина во арапскиот свет, кои копнееја да го видат Израел понижен.

На краток рок, ова енормно ќе го зголеми престижот на Хамас. Но, на подолг рок, ограничувањата на успехот на Хамас ќе станат премногу очигледни. Воената рамнотежа на силите е убедливо во корист на Израел.

Милитантната младина заклучи дека единствениот пат напред не е преку разговори, туку преку револуционерна борба. Тоа вклучува масовни акции, масовни штрајкови и да, во крајна анализа, борбата против државата Израел мора да значи вооружена самоодбрана и вооружена борба.

Сепак, важно е да не се изгуби чувството за пропорција. Револуционерната борба на палестинските маси, сè додека останува изолирана, нема да биде доволна за да се победи моќта на израелската држава.

За тоа ќе бидат потребни заеднички напори на масовно револуционерно движење низ Блискиот Исток. Но, на патот стои огромна пречка: реакционерните буржоаски арапски режими ја поддржуваат палестинската кауза само со зборови, но во секој момент се подготвени да ги предадат Палестинците и да склучат договор со империјализмот.

Само преку соборување на овие корумпирани режими може да се отвори патот за победата на социјалистичката револуција на Блискиот Исток – претходниот услов за ослободување на Палестина.

Во последната анализа, само воспоставувањето на обединет фронт меѓу народот на Палестина и работничката класа и прогресивните слоеви на израелското општество ќе создаде можност за поделба на израелската држава на класни линии, отворајќи го патот за трајно и демократско решавање на палестинското прашање.

Ова ќе биде нуспроизвод на арапската револуција, која може да успее само ако се спроведе до крај. Соборувањето на корумпираните режими е само половина решение. Вистинското ослободување на народот може да се постигне само преку експропријација на земјопоседниците, банкарите и капиталистите.

Социјалистичка револуција – единствено решение!

Предолго Блискиот Исток, со својот колосален потенцијал, природни ресурси и огромен неискористен базен на вишок работна сила и образовани млади луѓе беше балканизиран – наследство на колонијализмот што го подели регионот на мали држави кои лесно може да се доминираат и експлоатираат.

Ова отровно наследство беше плодно тло за бескрајни војни, национална и верска омраза и други деструктивни сили. Палестинското прашање е само најочигледниот и најмонструозниот израз на овој факт.

Работниците немаат интерес да освојуваат туѓа територија или да држат други луѓе во состојба на потчинување. Кога моќта е во рацете на работните луѓе, сите проблеми со кои се соочува арапскиот свет може да се решат мирно, демократски, со договор.

Под демократска социјалистичка федерација, би било можно да се воспостават братски односи меѓу народите – Арапите и Евреите, сунитите и шиитите, Курдите и Ерменците, Друсите и Коптите. Конечно би се отворил патот за трајно и демократско решавање на палестинското прашање.

Има доволно земја за да се создаде вистинска автономна, одржлива и просперитетна палестинска држава, со целосна автономија и за Арапите и за Евреите, по линијата на Советските републики што ги воспоставија болшевиците по Октомвриската револуција.

Ситничарите ќе речат дека ова е утопија. Но, истите луѓе отсекогаш тврделе дека социјализмот е утопија. Овие самонаречени „реалисти“ тврдоглаво се држат до статус квото, за кое велат дека е единствената можна реалност – само врз основа на тоа што се случило да постои.

Според оваа банкротирана „теорија“, револуцијата е невозможна. Но, сè што постои заслужува да пропадне. И целата историја ни кажува дека револуциите не само што се можни, туку и неизбежни. Капиталистичкиот систем е скапан до срж. Неговите темели се распаѓаат и се тресе пред пад.

Сè што е потребно е да му се даде добар притисок. И воопшто не е исклучено дека ова може да дојде од ново востание во арапскиот свет. Ова е единствениот пат напред за народите на Блискиот Исток. Палестинската револуција ќе триумфира како составен дел на социјалистичката револуција, или воопшто нема да триумфира.

Лондон, Октомври 2023 година

ВестиИнтернационала

Израел-Палестина: не за инвазијата на Газа! Крај на окупацијата!

Вчерашниот напад на Хамас врз Израел (сабота, 7 октомври) беше шокантен, изненадувајќи ги израелските разузнавачки сили и воениот естаблишмент, меѓутоа не треба да бидеме воопшто изненадени. Тоа е директна последица на засилената репресија врз Палестинците промовирана од Нетанјаху, кој ја предводи најдесничарската реакционерна влада во историјата на Израел.

Во нападот беа лансирани илјадници ракети од Газа, при што десетици го пробија израелскиот противракетен одбранбен систем „Железна купола“, додека стотици борци на Хамас се втурнаа низ најчуваната гранична ограда во светот, за да ги нападнат пограничните градови и воените бази на израелска почва. Ова резултираше со стотици израелски жртви (над 600 убиени и 2.000 повредени во времето на пишувањето). Борбите се уште траат повеќе од 24 часа по првичниот напад во најмалку осум од 22 мети преземени од палестинските командоси. Нови командоси влегуваат во Израел од Газа, при што десетици израелски војници и цивили се заробени и донесени во Газа. Борците на Хамас прегазија воена база, уништија израелски тенкови и друга воена опрема и запленија воени возила, заробувајќи израелски воени команданти, меѓу кои наводно е и Нимрод Алони, генерал-мајор на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Ова е досега невидено.

Израелската држава е понижена и нејзиниот одговор ќе биде брутален. Нетанјаху прогласи „воена состојба“ и врши одмазднички бомбардирања, во кои веќе загинаа повеќе од 300 Палестинци, а 1.600 беа повредени. Израел веднаш го прекина снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа, со тешки последици за 2,1 милиони Палестинци кои живеат таму, и поткопувајќи ја и онака кревката инфраструктура и здравствениот систем, кои веќе се блиску до колапс.

Лицемерието на Западните империјалистички влади

Лидерите на Западните империјалистички влади сега зборуваат за „правото на Израел да се брани“. Бајден, Макрон и реформистичките лидери како Стармер во Британија, во лицемерен хор, го осудија нападот врз Израел, но погодно молчеа со децении пред израелската бруталност.

Сите тие го игнорираат фактот дека, под циничното набљудување на Нетанјаху, насилството на екстремно десничарските еврејски доселеници на Западниот Брег и Источен Ерусалим врз палестинските населби експоненцијално ескалира, поттикнато од гарантираната неказнивост и отвореното или прикриеното соучесништво на израелските безбедносни сили. Обидите на палестинската младина да и се спротивстави на окупацијата беа дочекани со непропорционално и систематско смртоносно насилство од страна на ИДФ, со бескрајна низа напади и насочени атентати, кои кулминираа со бруталниот напад врз бегалскиот камп Џенин во јули. Сето ова, додека вооружените доселеници го загрозуваат палестинското население. Илјадници палестински млади, многумина од нив малолетни, од Западниот Брег, Источен Ерусалим и од самиот Израел, се уапсени и лежат во затвор без судење. А сепак, колку од доселениците одговорни за овие злосторства се уапсени?

Западните медиуми кренаа галама за, како што го нарекуваат „неиспровоциран напад“ од Хамас. Но, десничарската влада на Нетанјаху систематски го провоцира палестинскиот народ со ескалација на насилство, што кулминираше со нападот против Џенин во јули / Слика: Зои Лаферти Твитер

Израел е во политички ќор-сокак од почетокот на 2023 година, потресен од масовните протести на стотици илјади против судските реформи на Нетанјаху и длабоките поделби во самата ционистичка владејачка класа. Последниот обид на Нетанјаху за сопствениот политички опстанок му даде невидена можност на еврејското расистичко, екстремно десничарско крило на Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, да излезе на светлина и да се искачи на позиции на моќ во израелската држава. Нивната програма е да предизвикаат „нова Накба“ (имитирајќи го масовното етничко чистење на палестинското население што доведе до прогласување на Израел во 1948 година), со анексија на Западниот Брег, Источен Ерусалим, Голанската висорамнина и Газа и протерување на целокупното палестинско население.

Нетанјаху – и поддржувачите на ционистичката дистопија во која цел народ е потиснат и етнички исчистен од сопствената земја, додека се обидуваат да го изолираат Израел од последиците на неговиот жесток режим на окупација – се виновни за сегашната ескалација. Не можете да ги негирате основните демократски права на еден цел народ, да го пристискате и угнетувате, да одземате сè повеќе од нивната земја и куќи, да пукате во нив, да ги апсите, да ги мачите, континуирано да ги осиромашувате, без порано или подоцна да предизвикате моќна реакција.

Упадот, пред само неколку дена, во комплексот Ал Акса во Ерусалим од страна на толпа од стотици еврејски расисти, чија декларирана цел е да ја срушат џамијата и да ја заменат со еврејски храм, беше намерна провокација. Џамијата Ал-Акса се смета за третото најсвето религиозно место во исламот, и затоа нејзиното преземање од страна на екстремните расистички ционисти се смета за навреда. Оваа акција беше помогната и заштитена од израелските полициски сили. Сквернавењето на светото место даде непосредно оправдување за сегашниот напад, започнат неколку дена подоцна од Хамас. Ова беше намерно прикриено од меѓународните медиуми во обид да се фокусира вината на „лудото палестинско насилство“.

Интересно е да се забележи известувањето на Би-Би-Си, на пример, кој го најави ракетниот напад од Хамас без да ја објасни позадината, вклучително и постојаните провокации кои мораше да ги трпи палестинскиот народ. Тие, исто така, известуваат многу помалку за физичките напади врз Палестинците од страна на доселениците на Западниот Брег и Источен Ерусалим, а претпочитаат да го скријат под тепих фактот дека пред настаните во изминатите два дена, само оваа година беа убиени над 200 Палестинци.

Упадот во комплексот Ал Акса пред неколку дена од страна на толпа еврејски расисти беше свесна провокација која во голема мера беше игнорирана во западните медиуми / Слика: Годо13, Викимедија

Оние кои зборуваат за „палестински тероризам“ би било добро да запомнат дека, кога Палестинците започнаа мирно движење на масовен отпор во 2018 година, познато како Големиот марш на враќањето, израелската држава одговори со отворање оган со боева муниција, убивајќи стотици невооружени демонстранти, од кои 46 малолетни. Истите луѓе кои денес зборуваат за „тероризам“ молчеа за време на „Операцијата Леано олово“ во 2008-09 година, кога Израел уби 1.391 Палестинци, вклучително и 318 малолетници, уништи повеќе од 3.500 домови, оставајќи десетици илјади без засолниште и предизвика хаос врз други структури и клучни инфраструктурни објекти во Газа. Тие молчеа за време на „Операцијата Заштитен раб“ во 2014 година, во која Израел уби 2.203 Палестинци, од кои 1.372 не учествуваа во борбите, вклучувајќи и 528 малолетници, и уништија или сериозно оштетија повеќе од 18.000 домови, оставајќи повеќе од 100.000 Палестинци без домови. Ова се само некои неодамнешни примери.

Ова не потсетува на она што Карл Маркс го напиша во „Граѓанската војна во Франција“:  

„Целиот хор на клевета, кој Партијата на Поредокот (Comite de la rue de Poitiers) никогаш не ја издава, во нивните крвави оргии, се подигнува против нејзините жртви. Тоа покажува дека денешната буржоазија себеси се гледа за легитимен наследник на баронот од минатото кој сметаше дека оружје во неговите раце е оправдано против плебејците, додека оружјето во рацете на плебејците за било која причина е криминал“

Ја опишуваат ситуацијата како конфликт помеѓу две еднакви сили. Тоа воопшто не е точно затоа што станува збор за конфликт во кој од една страна имаме силна и агресивна империјалистичка држава, а од другата страна опресиран народ којшто се бори за сопственото право на држава и нација.

Израелското раководство ги оправдува своите дела како „акт на самоодбрана“, цитирајќи ја библијата: „око за око, заб за заб, живот за живот“. Тоа ни малку не е точно. За една израелска жртва ќе гледаме стотици убиени Палестинци. Така ќе биде и овој пат. Израелците ќе ја бараат најкрвавата одмазда за овој пораз и понижување. Масакрот само што започна.

Нетанјаху се заканува со „голема одмазда“ да ја опустоши Газа. Така што едно сценарио би било копнена инвазија на Газа при обид за уништување на Хамас. Резултат на ваквото сценарио би биле уште илјадници невини човечки жртви

Израелските одбранбени сили (Israeli Defence Forces, IDF) прераспределија десетици илјадници војници околу границата на Газа во обид да ги неутрализираат палестинските командоси и повторно да воспостават контрола, но испаѓа потешко од што изгледа. Нетанјаху се заканува со „голема одмазда“ да ја опустоши Газа. Така што едно сценарио би било копнена инвазија на Газа при обид за уништување на Хамас. Резултат на ваквото сценарио би биле уште илјадници невини човечки жртви. 

На северната граница со Либан, можноста Хезболах да започне нов фронт е загрижувачка за израелските воени стратези. Хезболах отвори ракетен напад на регионот на фармите Шиба – завојувана територија помеѓу двете држави, а окупирана од Израел. Пресметаниот одговор на Израел беше доволен за да не излезе ситуацијата надвор од контрола. Исто така и Хезболах не се чувствуваат доволно спремни, но тоа би можело да се промени доколку Израел изврши копнена инвазија на Газа.

Едно е сигурно, Израел е способен да ја срамни Газа со земјата, како што и правеа претходно, но овој пат нема да ја окупира. Одлуката на Ариел Шерон во 2005 да се повлече од Газа, како и инвазијата во 2014 покажуваат дека е невозможно да се окупираат 2 милиони Палестинци само со воени дејствија.

Конфликтот докажува дека палестинското раководство (после договорот во Осло во 1993 година) премина од револуционерната Палестинска Ослободителна Организација (Palestine Liberation Organisation, PLO) во нејзина бледа и сервилна копија. Поразителен е фактот што претседателот на Палестина – Абас ја осудува улогата на Израел во моменталниот конфликт, додека соработува со Израел за деескалација на револтот на палестинската младина во Западниот Брег.

Сплотеноста и соработката на Нетанјаху и неговата опозиција меѓу кои и неговите најголеми непријатели Јаир Лапид и Бени Ганц, сепак, не можат да прогледаат низ прсти на разликите меѓу израелската владеачка класа. Ваквата навидум сплотеност набрзо ќе се распадни со расплетот на конфликтот. Како и да е, капитулцијата на израелската опозиција укажува дека кога станува збор за палестинскиот конфликт и окупација, разликите помеѓу Ционистичката десница и „левица“ се непостоечки.

Империјализмот на САД и ционистите се еднакво виновни

Претседателот на САД, Бајден го поддржа Израел нудејќи им се’ што им е потребно. Надополнувајќи дека неговата администрација силно ја поддржува и се залага за безбедноста на Израел и секако дека не спомна ништо за правото на Палестинците да се спротивстават на израелската окупација. Бајден плови низ немирни води, знаејќи дека поддршката за ционистите во САД е опадната како резултат на еврејските расистички политки на Нетанјаху. Како и да е, ништо друго и не се очекува од страна на Бајден, ако се знае дека САД вложува во израелската војска 3,6 милијарди долари годишно. За империјализмот на САД, Израел е едиствениот нивен гарантиран сојузник на Блискиот Исток и затоа секогаш ќе застанат на страната на ционистите.

За конфликтот САД е исто толку виновен колку ционистите и Нетанјаху. Бранејќи го Израел како бастион на демократијата (главна алатка за ширење на империјализмот на САД на Блискиот Исток).

Благата критика на Бајден кон Нетанјаху последниве години беше насочена кон неговите политики за разнишување на кршливата стабилност во регионот и надворешната поддршка за Израел. 

Овој конфликт ќе го расипе обидот на Бајден да иницира преговори помеѓу Израел и саудиската монархија. Овој договор, како и Аврамските преговори и идејата за нормализирање на односите помеѓу Израел и арапскиот свет за сега пропаѓаат во вода. 

При израелската инвазија на Газа, можниот пад на палестинскиот државен апарат и последователна окупација на Западниот Брег, ќе настане хаос во Блискиот Исток. Тоа сигурно ги загрижува империјалистичките стратези во Вашингтон затоа што оваа ситуација е подлога за револуционерни аспирации и социјална нестабилност.

Посветеноста и организирањето на палестинската младина која последниве две години покажа и создаде нова генерација на отпор, ни укажува на илузијата за мирна спогодба помеѓу Израел и Палестина.

Бајден вети целосна поддршка за Израел – главниот сојузник на империјализмот на САД во регионот /Слика: Gage Skidmore Wikimedia Commons

Нападот на Хамас можеби беше поттик за подлабока криза, но оваа криза веќе беше во тек. Всушност, тактиката на Хамас да оди во директен воен конфликт со Израел е јасно привлечна за растечкото пркосно расположение на отпор што се развива кај палестинската младина. Младината сака акција, а не зборови или договори кои служат само да ја ослабат нивната кауза и да ја зајакнат контролата на ционистите. Во исто време, ционистичката држава, со Нетанјаху на чело, исто така се регрупира и го користи сегашното сценарио за да го подигне национално лудило против Палестинците, користејќи го ова за да ги повлече зад себе дури и оние слоеви кои претходно масовно се мобилизираа против десницата.

Израелското населените повторно е вовлечено за поддршка на ционистичката држава и окупација. Движењето кое што беше против владините судски реформи е суспендирано. Групата на ветерани кои се бореа против Нетанјаху и одбиваа да служат како резервисти „Achim le’ Neshek“ („Вооружени браќа и сестри“) изјавија: Ве повикуваме сите кои сте потребни без размислување да застанете во одбрана на Израел.

Сепак, има неколку критички гласови кои заземаат храбри позиции и ја осудуваат одговорноста на владата во оваа криза. Друга организација на израелски ветерани „Кршење на тишината“ (Breaking the silence), осудувајќи го Хамас, истакна: „како нашата расистичка влада нe’ доведе до оваа точка“. Офер Касиф, израелска пратеничка на левичарската Хадаш, изјави: „Ќе продолжам да ја кажувам вистината: исклучете ја бруталната, криминална опсада на Газа и режимот на еврејскиот расизам, тие (владејачката партија) се одговорни за крвопролевањето и само нивниот крај ќе ни донесе на сите безбедност, мир и подобра иднина“.

Како и да е, не се доволни само осудувачки зборови. Само револуционерен дух и иницијатива на палестинскиот народ во Западиот Брег, Источен Ерусалим, како и во Газа и Израел е клуч за успешна борба со окупаторот. Исто така и арапското населените во соседните држави игра голема улога. Поддршка за палестинското национално ослободување прво значи промена на реакционерните про-имеријалистички режими во Египет, Саудиска Арабија, Катар, Јордан итн.. Набројаните буржоаски режими на ваков или онаков начин го поддржуваат моменталниот status quo и не сакаат револуционерен сентимент кој би ги отфрлил од власт. И затоа само вербално „ја поддржуваат“ борбата на Палестинците.

Меѓународната солидарност на младината и работничкото движење е исто така клучна во одредувањето на исходот од оваа криза, под услов таа да не се заснова на апстрактни повици за „мир“ и „смирување на тензиите“. Децениските резолуции на ОН и меѓународните договори не ја унапредија каузата за националното ослободување на Палестинецот ниту еден чекор. Всушност се случи спротивното, тие и дозволија на израелската држава да окупира се’ поголем и поголем дел од палестинската земја. 

Движењето мора да биде засновано на принципите:

Не за инвазија и бомбардирање на Газа!

Не за мешање на империјалистите, импералистичкиот „мир“ и договорот во Осло не придонесоа апсолутно ништо за Палестинците!

За масовна и обострана револуција!

Крај на окупацијата!

Ослободување на политичките затвореници!

За крај на ционистичката окупација на земјата!

Не за угнетување, за еднакви права на сите луѓе без разлика на нивната етничка припадност и религија!

За социјалистичка федерација на цела Палестина како дел од Социјалистичка федерација на Блискиот Исток!

Интифада до победа!

Франческо Мерли 08 октомври 2023 година

ВестиДемократијаИнтернационала

Обидот за државен удар на Пригожин: изјава на Организацијата на комунистички интернационалисти – ИМТ во Русија

Организација на комунистички интернационалисти (ИМТ Русија) 24 јуни 2023 година

Ја добивме следнава резолуција од нашите руски другари, напишана во екот на бунтот, откако Евгениј Пригожин, началникот на платеничката група Вагнер, прогласи бунт и пренасочи колони војници во правец на Москва. Ситуацијата сега е малку помирна: Вагнеровите трупи запреа и беше најавено дека Пригожин ќе оди во егзил, по кратките преговори. Како што пишуваат другарите, ова беше борба меѓу два дела од руската олигархија. Повторно, олигарсите докажаа дека немаат интерес да го развиваат руското општество или да ги подобрат условите на руските народни маси. Нивната единствена грижа е да се збогатуваат преку крадење на трудот на работниците и сиромашните и со потиснување на секоја вистинска опозиција од масите. Единствениот излез од овој ќорсокак, единствениот начин да се избават работниците од нивните тешки услови, единствениот начин да се запре војната, корупцијата и општото распаѓање, е работничката класа да ја земе власта во свои раце, да го присвои имотот на сите олигарси и да го искористи огромното богатство на земјата за доброто на сите, по пат на социјалистичка револуција.


Денес, 24 јуни 2023 година, во Русија започна обид за десничарски пуч. По силна забуна, руската владејачка класа се собра околу претседателот и го осуди обидот за државен удар како „неочекувано предавство“ и „нож во грб“ против нацијата.

Нови извештаи сè уште доаѓаат така што нема смисла истите да се пренесуваат. Пред сè, вреди да се напомене еден неоспорлив факт: во Русија веќе има добро вооружени десничарски паравоени формации, со искуство во борбени операции, кои се подготвени да го доведат во прашање постоењето на сегашната влада.

Русија дојде чекор поблиску до граѓанската војна, која режимот толку често ја користеше за да го заплаши народот и од која вети дека ќе нè заштити. Меѓутоа, ова не го иницираше опозицијата, туку големите бизниси и десничарските елементи кои созреаја благодарејќи на обновувањето на капитализмот во Русија и особено благодарејќи на Путин.

На прв поглед, бунтот на Вагнер изгледа слично на маршот на Мусолини во Рим, но аналогијата би била површна. Вагнер е приватна армија, плод на модерниот капитализам и слободен пазар, во кој државата се обидува да делегира што е можно поголем број од своите функции на приватните бизниси. За разлика од бројните доброволни одреди на сепаратистичкото движење во Донбас кои се појавија во 2014 година, Вагнер ПВК се појави како комерцијална структура на сили за да обезбеди воена поддршка за агресијата на олигарсите во Сирија, кога таа земја беше зафатена од граѓанска војна. Според новинарската истрага на Д Бел, идејата за создавање ваква комерцијална структура се родила во армијата на врвот на Министерството за одбрана уште во 2010 година.

Ако ги занемариме патриотите и мрежата на воени дописници кои со бесмислици го опкружија името на Евгениј Пригожин, тогаш пред сè, тој е олигарх. Користејќи бројни врски со кругот на Путин, тој изгради огромна деловна империја, почнувајќи како угостител, а потоа се пресели во недвижен имот и на крајот го умножи своето богатство со договори од Министерството за одбрана. Дури и неговите големи медиумски активности никогаш не биле одвоени од неговите деловни интереси. Пристапот до воените договори мораше да се плати. Пригожин беше корисен човек за Путин и Министерството за одбрана, секогаш подготвен да ја заврши валканата работа без да привлекува внимание.

Зошто престана да ја игра оваа улога?

Бонапартистичкиот режим на Путин е систем на репресија од страна на бирократијата, односно од државата, која ja господари економски доминантната класа. Монополот на државата врз насилството овде добива посебно значење. Аутсорсингот на функциите на Министерството за одбрана во време на војна директно го поткопа овој принцип. Се повеќе и повеќе системски противречности, предизвикувајќи конфликти, се појавија помеѓу Министерството за одбрана и Пригожин, чија главна причина не беше политиката туку парите.

Шојгу (министерот за одбрана на Путин) наметна договори на волонтерски формации, кои неизбежно го отсекоа Пригожин од финансиските текови и се заканија дека ќе го претворат во чисто декоративен лик без моќ. Пригожин се спротивстави на финансиската уцена со борба што ја започна на медиумското поле. Со оглед на неговите медиумски ресурси, поточно нееднаквоста на медиумските ресурси во негов прилог, ова беше еднострана игра.

Во неговата вистинска економска програма, Пригожин не се разликува од Путин. Но, во својата агитација, Пригожин им се обрати на сите незадоволни од воените водачи, кои самите честопати се сосема просечни. Пред сè, неговите зборови ги охрабрија толпите кои држат ставови како „војна до победа“ и слично: оние кои, како Пригожин, се залагаат за милитаризација на економијата, општа мобилизација и воведување воена состојба. Единственото нешто што всушност може да се постигне со примена на таква „програма за акција“ е да се промени расположението меѓу работниците и воениот персонал од пасивна поддршка за војната до активно отфрлање. Надополнето со неизбежната економска криза и политичката нестабилност, ова може да доведе до револуционерна ситуација.

Ова претставуваше барем една можна опасност и ненамерен исход што произлезе од дејствијата на Пригожин. Вистинската револуционерна ситуација, сепак, се карактеризира не само со отвореното противење на властите и неспособноста на раководството да владее како порано, туку и со губењето на контрола од страна на владејачката класа, сè до појавата на двовластие.

Сепак, државниот удар на Пригожин досега не ги испровоцира масите да настапат на сцената. Во моментов, власта останува консолидирана, а „Пригожиновите поборници“ се политички изолирани. Текот на историјата е забрзан, но допрва треба да видиме нагло влошување на животниот стандард на масите, големо разочарување од страна на мнозинството Руси во режимот на Путин и нагло зголемување на нивната политичка активност. Денес, работничката класа останува набљудувач во овој драмски театар, поточно циркус. Ниту една страна во овој конфликт не ги повикува масите активно да им се приклучат, туку би сакале тие ентузијастички (но импотентно) да навиваат од трибините.

Ситуацијата што настана е клучен тест за руската левица, само што овој пат, нивните животи може да бидат во прашање. Овде, стандардниот изговор дека ова е битка меѓу „жабата и отровницата“ е несоодветен („битката на жабата и отровницата“ е руски израз, еднаква на „змијата и магарето“ кај нашиот народ). Всушност, тоа значи неделување – криминално неделување. Време е да се зграпчи бикот за роговите.

Не ги повикуваме масите да избираат меѓу Пригожин и Путин. Повикуваме на акција: независно, политичко дејствување во интерес на работничката класа. Руските комунисти мора искрено да се запрашаат: дали сме подготвени?

Што треба да се направи?

Прво, меѓу масите мора да бидат формулирани и промовирани јасни, реални политички барања. Во сегашната ситуација, не можеме да се повикаме на „практична активност“ која не придонесува за политизирање на масите и за системски раст на класната свест на масите, како што е бавната изградба на синдикати, социјални задруги и слично. Овој пристап веќе одамна е застарен. Денес нема смисла. Главните социјални и економски противречности на модерна Русија можат да се решат само со политички средства.

Второ, мора да ги напуштиме пријатните простори на интернет и во локалните иницијативи и да влеземе во реалниот свет. Свесни сме дека во современи услови е многу тешко, па дури и опасно да се води отворена политичка пропаганда. Но, работата на јутјуб и на интернет почна да ја заменува вистинската работа за активистите, претворајќи ги левичарите во обични конзумери на содржина. Самиот интернет никогаш не бил мотор на левичарското движење во Русија и никогаш нема да биде. Колку луѓе биле донесени во политички организации од страна на илјадниците блогови на „лајв журнал“? Колку од претплатниците на врвните блогери станаа политички активисти? Само дузина. Од друга страна, секој личен контакт, секоја објава во живо, секое учество во работен конфликт, па дури и најмалата колективна акција, или пак секое искрено и отворено застапување на својата позиција меѓу своите врсници, ја подигнува свеста на масите многу повеќе од десетици видеа на јутјуб.

Трето, на левицата и на целата работничка класа ѝ треба недвосмислен и отворено антивоен став, кој мора да му се понуди на народот. Да, тоа доаѓа со сериозни ризици и закана од прогон. Но, неодамнешните настани подобро од какви било изјави го покажаа деструктивното значење на тековната војна и докажуваат дека ако левицата не успее да спроведе антивоена пропаганда во реалниот свет, нивната позиција никогаш нема да стане популарна меѓу мнозинството.

Наивно е да се верува дека во момент на криза масите со задоволство ќе дотрчаат кај промовираните медиумски личности. Ќе одат кај оние што ги познаваат во реалниот живот чија работа ја виделе со свои очи. Се разбира, на тој начин ќе најдеме помалку контакти од бројот на коментатори што го собраа врвните медиумски личности, но овие контакти нема само да стојат на страна. Ќе станат политички активисти.

Четврто, покрај социо-економските барања, мора да покренеме и демократски барања. Ние се бориме за вистинска работничка демократија, од врвот до дното на општеството. Активната пропаганда за антивоена позиција, за идеите на комунизмот, работничката демократија, отфрлањето на милитаризмот, ќе го активира детонаторот на револуцијата: младината.

За повеќето активисти дојде моментот да се одлучат. Остануваме ли на страна, надевајќи се дека следната мобилизација или следната бомба ќе не заобиколи? Или учествуваме во изградбата на револуционерна кадровска организација, независна од капиталистичката класа и функционерите, која не е заслепена ниту од нивната „патриотска“ ниту од нивната „општествена“ реторика.

Сега мораме да внесеме класна и антивоена програма во работничките колективи и синдикалните организации. Мораме да ја заштитиме и развиеме независноста на нашите слободоумни студентски колективи. Но, за да се бориме против произволните власти и нивната реакционерна „алтернатива“, конечно ќе ни треба политичка организација. Формирајте солидарни групи на вашето работно место, разговарајте за актуелните настани, придружете се на постоечките политички групи кои покренуваат прогресивни барања!

Активистите на нашата организација беа меѓу првите кои се спротивставија на војната; го иницираа формирањето на коалицијата на марксистичките интернационалисти; организираа бројни кампањи за одбрана на политичките затвореници, особено на лидерот на куририте Кирил Украинцев; и одржаа конгрес на единство во мај, формирајќи Организација на комунистички интернационалисти (ОКИ). Со дело докажавме дека е можно да се спротивставиме на режимот додека сме во Русија. Нашата визија и нашите барања ги поставивме во програмата на ОКИ. Ако се согласувате со сето горенаведено, придружете се на Организацијата на комунистичките интернационалисти.

Против Путин! Против Пригожин!

Мир на работничките заедници. Војна против палатите!

Ако не ние, тогаш нема кој!

ЕкономијаИнтернационалаТеорија

Дали е ова крај на глобализацијата?

Извршниот одбор на Блекрок во мај 2022 објави дека „руската инвазија на Украина стави крај на глобализацијата што ја имавме последниве триесет години“. И тој беше во право. Војната во Украина ги заостри конфликтите што се крчкаа меѓу големите сили некое време.

Потребно е објаснување за овој развој на настаните. Буржоаските коментатори ја оплакуваат страшната судбина  и кратковидноста на политичарите. Но, нема никаква корист од ова цмиздрење. Светот не се разбира како „политички преференци“ (на англ. Policy choices) и друга бескорисна терминологија. Напротив мораме да се обидеме да го разбереме контекстот во којшто се развиваат слободната трговија (што е реалната содржина на глобализацијата) и протекционизмот. Глобализацијата треба да се разбере како процес започнат од одредени услови, услови што веќе ги нема во светот.

Како светската трговија го трансформираше светот

Глобализацијата и слободната трговија беа во мода во раните 2000ти. Либералите и конзервативците заедно го обожаваат олтарот на Адам Смит. „Богатството на нациите“ го сметаа за најдлабоко дело некогаш напишано.

До неодамна, во мода беше поимот на Адам Смит за слободната трговија

Нивното почитување на слободната трговија имаше одредено оправдување. Светската трговија го трансформираше светот и тоа кон подобро. Производствените сили излегоа од тесните граници на националната држава. Светот стана повеќе поврзан меѓусебно на начин невиден до тогаш. Синџирите на снабдување ги поврзуваат нациите, индустриите и работниците низ целиот свет.

Со растот на слободната трговија порасна и продуктивноста. Индустријата во развиените стопанства произведуваше повеќе напредни добра, а дури и поранешните колонии почнаа да развиваат значајна основа за индустријата, посебно во Кина, се разбира, земја на којашто подоцна ќе се навратиме.

Светската трговија ги поевтини суровините со поместување на производството или екстракцијата кон тие места каде се најдостапни, како што предвиде Адам Смит. Зошто да не се копа железна руда во австралиските пустелии каде чини 30 долари по тон, отколку во Кина каде чини 90 долари по тон?

Исто така само со комбинација на сите ресурси можеше да се создаде модерната технологија преку слободната трговија. Да го земеме примерот со кобалтот. Половина од светските резерви и производство се наоѓаат во Демократска Република Конго. Една третина од светскиот никел се произведува во Индонезија, а половина од светскиот литиум се произведува во Австралија. Овие суровини се есенцијални компоненти на литиумските батерии.

Уште повеќе, со концентрација на производството во големи фабрики што му служат на светскиот пазар можат да се постигне огромниот ефект на размер на стопанства. На пример, подвижната лента на Фокскон Ајфон во Шенжен е способна за производство на 100 илјади ајфони дневно. Ова е големо надминување на раните години на капитализмот, кога производството се одвиваше од работници на рачни разбои со ткаење, се врз основа на силата на мускулите и вештината на самите работници.

За само 30 години кинеската економија целосно се преобрази. Бројот на работници вклучени во примарниот сектор (рударство, земјоделие и др.) падна од 60 на 34 отсто, додека уделот на индустриски работници се зголеми од 20 на 34 отсто, што значи дека Кина има сега најголем удел на индустриски работници во светот. Додадената вредност по индустриски работник во кинеската индустрија десеткратно порасна во американски долари помеѓу 1991 и 2019 година, иако останува само една петтина од тоа што го произведува работникот во САД.

Светската поделба на трудот огромно ја зголеми продуктивноста на трудот и овозможи производство на евтини стоки, вклучувајќи испорака на мобилни телефони низ целиот свет. Дури и во сиромашна земја како Индија, денес има 84 претплатници на мобилни телефони на 100 луѓе (од само 1 во 2001 г.). Ова огромно подобрување на продуктивноста во индустријата исто така му обезбеди зголемен удел на населението да посвети дел од работното време во услужниот сектор, здравство и образование, како и туризам и угостителство.

Во целиот период по Втората светска војна се случуваше огромна експанзија на светската трговија, почнувајќи од 1950тите и 1960тите, која продолжи понатаму. Во 1970тите односот на светска трговија со светскиот БДП беше 13 отсто – со други зборови, приближно осмина од сите добра и услуги се произведуваа за извоз. Во 1980, овој однос достигна 21 отсто. Во 1990, со мал раст кон 24 отсто, а во 2008 година достигна 31 отсто.

Политичкиот развој следуваше заедно со економскиот. Општата спогодба за царините и трговијата (ГАТТ) се формираше во 1947 година од 20 земји. Потоа следеа повеќе потписници на спогодби во 1950тите и 1960тите, па бројот на потписници се зголеми од 20 на 37 во 1959 година и 75 во 1968 година. Во времето кога се создаде Светската трговска организација (СТО) во 1994 година, ГАТТ имаше 128 потписници.

Самата СТО вклучи далеку повеќе трговски спогодби вклучувајќи ги и услугите; механизам за решавање на споровите; договори за заштита на интелектуалната сопственост итн. Просечно, трговските царини паднаа од 22% во 1947 г. на 5% во време кога се создаде СТО.

Ова значеше дека е возможна огромна експанзија на светската економија по Втората светска војна дури и ако отстапиш пред својата конкуренција или затвориш нешто од својата индустрија, поради севкупното зголемување на светските пазари кое ќе те оставеше значително подобар. Во овој период, динамиката на слободната трговија функционираше како што предвидоа Адам Смит и Дејвид Рикардо (кој ги доразви идеите на Смит). Големата доминација на САД над капиталистичкиот свет ја наметнуваше агендата на слободната трговија врз неподготвените учесници, подмачувајќи го целиот процес.

Во 1990тите, Интернационалната марксистичка тенденција (ИМТ) напиша документ во кој го опиша процесот:

„Факт е дека влеговме во сосема нова ситуација во целиот свет преку променетата улога на светската трговија. Огромниот развој на светската трговија во периодот од 1948 -1973 беше една од главните причини за подемот по војната на светскиот капитализам. Со тоа се овозможи капитализмот – делумно и привремено – да ги надмине главните бариери за развитокот на производните сили: националната држава и приватната сопственост. “ (види A New Stage in the World Revolution)

Ова е познато како глобализација, т.е. огромна експанзија на светскиот пазар за надминување на ограничувањата на националните пазари. Со други зборови: границите на националната држава.

Националната држава

Во оваа точка важно е да се истражи како националната држава се однесува спрема развојот на капитализмот. Појавата на капитализмот на историската сцена во светот ги надмина регионалните, феудални ограничувања и се создаде националниот пазар. Се надминаа особеностите на изолираните пазари во самите градови или регионалните центри, а цените се востановија преку конкуренција на ниво на нација помеѓу фармерите и компаниите. Овој национален пазар беше клучот на развитокот на капитализмот во првите векови од своето постоење.

Националниот пазар беше клучот на развитокот на капитализмот во првите векови од своето постоење

Како што капитализмот ги развиваше производствените сили, конкуренцијата отстапи пред монополите. Рачните разбои им го отстапија местото на разбоите на струја, а „влезните бариери“ како што ги нарекуваат економистите, станаат поголеми. За да почнеш со ткаечница, сега беа недоволни работнилница и неколку рачни разбои, туку фабрика, парна машина и разбои на струја. Развитокот на производствените сили, т.е. развитокот на нови технологии и нивна примена во производството, речиси секогаш водеше кон поголема монополизација, т.е. концентрација на повеќе капитал во рацете на помалку капиталисти.

Кога монополите доминираа и го исцрпеа домашниот пазар, тие беа принудени да го извезат својот продукт. Тоа водеше до огромна експанзија на светскиот пазар и светската трговија. Сепак ова престана да биде доволно во одредена точка. Монополите исто така имаат потреба од извоз на нивниот акумулиран профит. Капиталот бара нови профитабилни инвестиции кои не се достапни на домашните пазари. Ова е почеток на извозот на капиталот.

Капиталот се извезува преку финансискиот капитал (банки, осигурителни компании итн.), што станаа доминантни на домашниот и светскиот пазар. Тоа е светот што Ленин го опиша во делото „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“. Тоа е светот во којшто живееме денес, иако на повисоко ниво.

Ленин ги опиша тесните, ограничени бариери на националните ивици на производствените сили, што секоја капиталистичка нација се обидува да ги надмине. Затоа, како што се развиваа производните сили во 20 век светската трговија се развиваше се повеќе.

Последиците се неописливи:

„Интензификацијата на меѓународната поделба на трудот, смалувањето на царинските бариери и растот на трговијата, особено помеѓу развиените земји служи како огромен стимул за економиите на националните држави. Ова е во целосен контраст со расчленувањето на светската економија во периодот помеѓу војните, кога протекционизмот и конкурентските девалвации помогнаа рецесијата да се претвори во светска депресија.“ A New Stage in the World Revolution

Понатаму, подемот на периодот по Војната беше и причина и ефект на развитокот на светската трговија.

Протекционизмот

Протекционизмот, поларната спротивност на слободната трговија, се разбира постои низ историјата на капитализмот, и со многу добри причини.

Предметот на слободна трговија спроти протекционизмот беше клучен фактор на Граѓанската војна во Америка

Британската индустрија до средината на 19 век беспрекорно владееше на светскиот пазар. Со користење на евтини стоки тие го завладеаја светот. Тоа беше ерата на британската слободна трговија. Тоа се одрази со доминација на политичката струја Вигс („либерали“, противници на Ториевците, заб. на прев.) во британскиот парламент, како и одбивањето на царините за житото, познати како Закони за пченката. Според тоа храната за работничката класа беше поевтинета, па затоа газдите ги држеа платите ниски.

Сепак, доминацијата на британската индустрија почна да се заканува на другите нации чии индустрии не беа до толку развиени. Тие имаа потреба од некој вид заштита на нивните индустрии од британската конкуренција. Како што напиша Енгелс, овие нации „не ја гледаа убавината на системот со кој моменталните индустриски предности поседувани од Англија треба да се средство со кое ќе ѝ се обезбеди монопол на фабриките ширум светот и засекогаш.“ (Енгелс, „Француската трговска спогодба“, 1881 година)

Во Шведска на пример, се воведе систем на ограничување на извозот. Британската индустрија ги црпеше суровините во големи количини. Но снабдувањето на Британија со непроцесирано дрво, железна руда и други рудни богатства не придонесуваше во развојот на шведската индустрија. Затоа се ставија ограничувања на извозот на железна руда, сурово железо и дрво, со цел да се обезбеди дека преработката ќе се случи во Шведска. Откако шведската метална и дрвна индустрија порасна, ограничувањата се тргнаа, а Шведска влезе во спогодба за слободна трговија со Британија и Франција.

Слично, Конфедеративните држави (на Југот) што произведуваа памук за време на Граѓанската војна во САД беа адвокати на слободната трговија. Тие сакаа ниски царини да го извезуваат памукот во Англија. Индустрискиот Север од друга страна фаворизираше заштитни царини за заштита на својата индустрија од англиските. Ропството затоа беше поврзано длабоко со економската назадност и слободната трговија. И повторно, кога САД ја разви својата индустрија, нејзината буржоазија стана огромен поборник на слободната трговија.

Сепак, овој развиток кон слободната трговија не течеше во една насока. При крајот на 19 век, британската индустрија се соочи со тврда конкуренција, особено од Германија и САД. Тоа предизвика поместување на политиката во Британија. Ториевците се вратија на власт, а туркаа политика на протекционизам. Она што беше познато како „империјално претпочитување“ (преференци) беше средство за примена на протекционизмот. Тоа ги зафати и британските колонии со приоритетни спогодби за трговија внатре кон Британската империја. Оваа политика посебно беше насочена против САД и Германија.

Оваа политика се совпадна со свртувањето кон ограбувањето на земјата во колониите. Ленин го објасни ова во делото Империјализмот. Оваа конкуренција помеѓу монополите прерасна во конкуренција помеѓу нациите. Во 1900тите, империјалистичките нации го поделија светот помеѓу себе, а секое понатамошно проширување можеше да се случи само како штета врз империјалистичките нации. Растечките контрадикции помеѓу капиталистичките нации – нивната битка за пазарите за добра и инвестиции – водеа кон зголемени тензии во меѓународните односи.

Бидејќи Германија имаше мал удел во колониите, нејзината индустрија се опираше против ограничувањата наметнати врз неа поради недостатокот од колонии и пристап до колониите на другите нации. Германската буржоазија имаше потреба и бараше повторна поделба на светот, во сразмерност со економскиот развиток на новата Германија. Кога бумот од крајот на 19 век и почетокот на 20 век заврши, контрадикциите се претворија во светска војна.

Затоа постои блиска врска помеѓу економската криза, протекционизмот, кризите во меѓународните односи и војната. Треба да запомнеме дека како што истакна Клаузевиц, војната е продолжеток на политиката со други средства. А, како што Ленин напиша, политиката е само концентрирана економија.

Првата светска војна не реши ниту една од контрадикциите на светската економија. Само ги нагласи, а по војната, се зголеми протекционизмот. Британија воведе „империјални преференци“ во 1932-33, со што политиката на колониите ја направи иста како и на островото. Во 1933 г. Претседателот Хувер го воведе Законот за купување американско, со кој се предвиде владините подизведувачи да купуваат американски производи. Слична политика беше воведена насекаде во светот, а со тоа се придонесе во драматичниот колапс на светската трговија за околу 30 отсто во трите години по колапсот во 1929 година.

Адам Смит кажа дека протекционистичките нации се „питачи – нека бидат соседите“, т.е. ги претвораат соседите во сиромаштија. Смит ги опиша обидите да се реши рецесијата и невработеноста со нивно извезување, со поместување на потрошувачката на домашни произведени добра. Се разбира, во рецесија, а особено депресија, овие противречности се засилени затоа што пазарите што се стеснуваат создаваат повеќе празни фабрики.

Раст на протекционизмот

Кризата од 2007 и 2008 навистина ја оконча понатамошната експанзија на слободната трговија. Преговорите во Доха на СТО беа проблематизирани, но кризата ги доврши. Со преговорите требаше да се допре прашањето за субвенциите во земјоделството во Европа и САД. По пропаста на преговорите, се направија половични обиди за нивно обновување. Наместо тоа, започна процесот на срозување на светската трговија.

Враќањето на протекционизмот честопати му се препишува на Трамп, но тој беше само следниот логичен чекор

Враќањето на протекционизмот честопати му се препишува на Трамп, но тој беше само следниот логичен чекор. Обама го лансираше слоганот „Купувајте американско!“ во 2009 г. Законот за купување американско остана правосилен од 1933 год., но се разводни со разните спогодби на ГАТТ, НАФТА и Спогодбата за Владини јавни набавки. Обама го засили со неговиот Закон за закрепнување од 2009, а можеше и да отиде подалеку со Законот за работни места од 2011 година, да не го спречеа републиканците со блокирањето. И двата закона беа сериозно критикувани од страна на ЕУ и Канада за поткопување на слободната трговија.

Трамп, се разбира, воведе низа протекционистички мерки, особено околу челикот, но тој остана ограничен поради обврските со СТО. Бајден отповика неколку од овие мерки, особено против Европа, Јапонија и Канада. Секако, далеку од тоа да го напушти протекционизмот, тој вети дека ќе ги „осовремени“ правилата на СТО, односно мислеше да ги разводни и да им се даде на САД повеќе простор за протекционистички мерки. Европската Унија, од познати причини, воопшто не беше ентузијаст за овој предлог.

Бајден донесе Закон за намалување на инфлацијата (ИРА) со што го следеше преседанот на Обама. За да се добие дозвола за субвенција при купувањето на твојот електричен автомобил, требаше да се купи автомобил „направен во САД“. Слично, инвестициите во Зелена Енергија мораа да се согласни со условите за Законот за купување американско, т.е. тие мораа да ги увезуваат суровините во САД. Ова беше вжештена тензија помеѓу САД и ЕУ, која сметаше дека САД ги дискриминира своите пред другите „сојузници“. Макрон повика на донесување на „Законот за купување европско“, но иако Германците имаа помалку остар приод, тие во секој случај ги притискаа САД за концесии.

Германскиот Канцелар Шолц во свој препознатлив дипломатски стил напиша во Форин Аферс (види на англ. Foreign Affairs):

„Јас верувам дека сме сведоци на крајот на особената фаза на глобализацијата, историско поместување забрзано од, но сепак не целосно резултат на надворешните шокови како пандемијата на КОВИД-19 и руската војна во Украина“.

Со други зборови, глобализацијата како што ја знаевме е готова, а и нема да се врати онаа старата, прецизно зошто не е резултат само на војната во Украина или пандемијата.

Паралелно со економските сили што влечат кон протекционизмот, исто има политички чинители поврзани со влијанието на кризата врз работниците ширум развиените земји. Притисоците од невработеноста, нападите на платите и животните услови итн. создадоа широко распространето незадоволство помеѓу работниците.

Традиционалните буржоаски партии се најдоа во состојба да немаат што да понудат освен повеќе напади и штедење. Единствениот начин да се најде основа во оваа ситуација е да се придвижат кон десно, и кон национализмот, а тука е и економскиот национализам. Мавтањето со знамиња, сентиментот против имиграцијата и протекционизмот oдат рака под рака и се единствениот начин буржоазијата да состави електоралната база.

Најдобар пример за тоа беше Трамп. Тој зборуваше за обнова на позицијата на „американската работничка класа“ со рестрикција за имиграцијата и надворешната трговија – комбинација од политиката (според зборовите на Адам Смит) за „правење на соседот питач“; задржување на индустријата дома; држење на масите надвор во сиромаштија од империјалистичките војни и економското ограбување. Барем таков беше неговиот обид.

Растот на Кина

Друг притисок е растот на Кина. Економскиот развиток на Кина беше огромен благодет на светската економија. Отворањето на економиите на светскиот пазар – во Источна Европа, но особено Кина – беше клучен чинител за одолговлекување на бумот во 1990тите и раните 2000ти.

Модернизацијата на кинеската индустрија ја направи Кина една од најголемите индустриски нации

Тоа што го гледаме како индустриски развиток на светско ниво во последните 30 години главно се случи во Кина, која исплива како нова светска сила. Од средината на 1990тите продуктивноста на трудот во Кина растеше од 7 до 10 отсто годишно.

Откако првично го поздравија економскиот успех на Кина, а и се потпреа на Кина при закрепнувањето од падот во 2008 година, САД и ЕУ почнаа да се плашат од кинескиот раст. Тие почнаа да забележуваат како кинеските компании сериозно се интересираат во патентите и интелектуалната сопственост. Ова беше случај од земјоделието до електрониката. Кинеските компании како Леново, Џиили и Хуавеи исто така почнаа да купуваат акции на Запад. И тогаш западните сили се загрижија.

Веќе при претседателството на Обама, имаше гласини за „Пивот кон Азија“ (или „Стожер кон Азија“), но по објавата на „Направено во Кина 2025“ во 2015 година, квантитетот се претвори во квалитет. Кина стана сериозна грижа и за време на Трамп кога сериозно се обидоа да го зауздаат растот на Кина.

„Направено во Кина 2025“ беше објава кон светот дека Кина не произведува само мебел и облека, а склопува електроника. Сакаше да се натпреварува во најразвиените технолошки сектори и да ја намали зависноста од странските снабдувачи.

Кина има огромно население, а вредноста на вкупниот излез од нејзината економија се доближува до тој на САД. Модернизацијата на кинеската индустрија ја направи Кина една од најголемите индустриски нации. Сепак, Кина заостанува многу зад другите. ММФ проценува дека просечната продуктивност на труд во индустријата е 35 отсто од глобалните најдобри практики.

Само во најнапредните области, како градовите околу делтата на Бисерната Река (Џуџанг), Шангај или Пекинг, имаме БДП пер капита споредлив со Шпанија или Португалија. Кина не може да се рамни со развиените империјалистички држави како Германија, Јапонија или САД, но ги изрази своите амбиции да стане таква.

САД сега ги впрегнува своите економски и дипломатски сили да ги запре земјите да извезуваат клучни компоненти во Кина и да купуваат технологии како 5Г од Хуавеи. Исто така си зеде задача на „ослободување“ на своите синџири на снабдување и на тие кои ѝ се блиски сојузници од Кина.

Многу од нејзините сојузници не се убедени во пристапот на САД. На пример, Шолц, спротивно на желбите на САД, реши да ја посети Кина и Си Џинпинг. Тој беше убеден да ги разреши германските спорови со Кина независно од САД. Макрон има сличен приод, а во комуникето на „спогодбата“ по неговата посета со Бајден, забележливо не ја спомна Кина.

Помалите европски сили се несреќни како САД се справува со конфликтот со Русија: со виткање на рацете за да преземат мерки кои имаат ограничено влијание на економијата на САД, но имаат многу штетно дејство врз европската индустрија, а особено германската. Еден анонимен постар службеник на ЕУ го нарече ова „историски спој“ на односот САД-ЕУ (види англ. Europe accuses US of profiting from war – POLITICO). Европските сили не успеаја да ја видат мамката на уште една трговска војна во којашто мораат да се потчинат на диктатот на САД.

Во исто време САД и тoa како се способни да преземат унилатерална акција, а и продолжуваат така да прават. Тие наметнуваат нова легислатива, не само на американските компании, туку и на секоја друга компанија во светот. Неодамнешната забрана за извоз на машини за да се произведуваат полуспроводници во Кина е еден таков пример. Слично, во својата блокада против Куба, САД бараа унилатерална согласност од компаниите во Европа, Тајван итн. или се ризикуваа санкции како одговор.

Светскиот најголем производител на полуспроводници во Тајван се нарекува ТСМЦ. Сега тој мора да бара дозвола од власта на САД да увезуваат машини во своите фабрики во Кина. Најголемиот таков производител е АСМЛ, холандска компанија. Холандската влада сега е во преговори со САД за дополнителните бариери што се наметнати за извезувањето во Кина. САД во основа ги применува сопствените методи на „конкуренција“ со Кина врз своите сојузници.

САД останува да биде супер сила, а како што британската флота во 1914 г. имаше политика на одржување на својот поморски капацитет поголем од двата најголеми конкурента заедно, така и САД троши многу, како следните 10 држави заедно, во своето наоружување, или 2.7 пати повеќе од Кина којашто е на второ место. Во минатото, оваа сила служеше за одржување на слободната трговија. Но со тек на времето таа денес се користи за сосема спротивното.

Ова свртување во САД има важни последици. За разлика од минатото своите сили не ги користи за одбрана на општите интереси на капиталистичката класа против Советскиот Сојуз или светската револуција туку своите тесни интереси се насочени кон другите главни сили. Со тоа ја зазема улогата на сила којашто е во пад, којашто се обидува да се заштити од конкуренцијата, нешто што го правеше Британија на крајот на 19 век.

Би било погрешно да ја гледаме политиката на протекционизам само до гледна точка на САД. Европската унија исто така има интерес да се спротивстави на кинеската конкуренција. Имаат и тие Закон за чипови, нивен обид за да се заштитат фабриките за литиумски батерии и така натаму. Кинеската влада ги ограничи новите протекционистички иницијативи, но постојат многу поплаки за неофицијалните мерки што ја отежнуваат ситуацијата на Западните компании што работат во Кина.

Сите овие конфликти само се заоструваат под тежината на настаните. Ова ќе има важни последици. Барањето на нови синџири на снабдување за да се избегнат Русија и Кина ќе биде страшно скапа операција. Обидот да се премести производството на микрочипови значи инвестиција од 300 милијарди долари на литографски системи од ТСМЦ, Интел и Самсунг. Според АСМЛ, ТСМЦ веќе најави инвестициски план од 100 милијарди долари. Откако ќе се постават овие нови фабрики ќе мора да се заштитат од странската конкуренција со царини и други мерки. Ова е особено важно затоа што тие планираат да го надминат плафонот на побарувачка на светскиот пазар на полуспроводници, со последици во цените. И така протекционизмот го храни протекционизмот.

Ова ќе има долгорочни последици на инвестициските нивоа. ММФ проценува дека секој процент на намалување на царините резултира со 0.4 процентни поени пораст во инвестициите, затоа што поевтинува машинеријата. Е сега, зголемениот протекционизам ќе води кон поскапа машинерија и според тоа помалку инвестиции.

Во оваа турканица светската трговија нема да изумре. А може ли? Но ќе биде многу поскапа, а тоа ќе води кон поскапи добра т.е. кон инфлација. Тоа ќе мора да се спречи со дигање на каматните стапки и обид да се олади економијата, нешто со што ќе се предизвика рецесија.

Па зошто така прават, би запрашал некој. Ова прашање нон-стоп го поставуваат либералните медиуми. Сепак тешко е дека ќе ја пронајдат причината. Прво, токму политиката на слободна трговија нѐ доведе до оваа точка. Слободната трговија ја продолжи и исто така ја заостри оваа криза. Ниту слободната трговија ниту протекционизмот можат да ги решат противречностите на капитализмот.

Второ, при значително влошени економски услови, владите се обидуваат да пронајдат некој начин на стабилизација на политичкиот систем и осигурување дека главните монополи ќе ја надминат или барем ќе се одржат над конкуренцијата. Тие се обидуваат да купат време, барем доколку дојде до револуционерни промени на режимот, да не биде тоа нивниот режим. И баш затоа што сите играат на ист начин тие ја уништуваат ткаенината на светската економија, а како продолжение, и целокупниот капиталистички систем.

Кои се ставовите на марксистите?

Пазарот, или „невидливата рака“ имаше историски прогресивна улога, но јасно е дека не е повеќе така. За нас не е прашање на поддршка на слободната трговија против протекционизмот. Не е наша задача да го вратиме времето назад во 2006 година или дури 1967 година.  Целата криза покажува неспособност на капитализмот да го повлече човештвото напред, а во својот сенилен пад, капитализмот уништува многу од придобивките што се направени во минатото.

Тој ги уништува синџирите на снабдување, тој ги уништува системот на меѓународни односи, тој не враќа кон војните, милитаризмот и сиот тој губиток на економски ресурси и човечки животи. Нашата задача е да објасниме зошто ова се случува и како ниту една страна нема да реши ништо со нивните мерки.

Мора да разбереме дека протекционизмот е слепа улица. Целиот развиток во последните 80 години покажува за севкупно реакционерната утопија на „социјализмот во една земја“. Ние сме една Земја, поврзани сите заедно и има големи предности за нас во споделувањето на искуства, технологии и ресурси. Социјализмот ќе биде изграден на основите на трговија и интернационализам, не со принуда на продуктивните сили во лудачката кошула на националната држава.

Слободната трговија и либерализацијата повеќе не можат да нѐ однесат напред, додека свртувањето кон протекционизмот само ќе ги влоши стварите. Како социјалисти, марксисти и револуционери гледаме на падот на глобализацијата само како на уште една фаза на кризата на системот како целина. Гледаме на големите добробити на светската трговија, но овој пат е веќе готов. Само на основа на преземање на власта од страна на работничката класа можеме да ги поставиме повторно светската трговија и светските односи на здрава основа. Ќе се подготвиме за овој огромен чекор напред.

автор: Никлас Албин Свенсон, 6 јануари 2023

Погледајте го оригиналниот текст на англиски јазик: Is this the end of globalisation?

ИнтернационалаТеорија

Доктор Дум предвидува „мрачни денови“ за капитализмот

Нуриел Рубини е интересен и несекојдневен буржоаски економист. Неговото главно тврдење по кои се прослави е тоа дека правилно ја предвиде финансиската криза во 2008 година, подвиг што не им се допадна на повеќето други економисти, кои не предвидоа апсолутно ништо. 

[Оваа статија првично е напишана на 7 ноември]

Од чист инает, тие го почестија со не толку финиот прекар „Доктор Дум“ (пропаст), ​​веројатно затоа што неговите песимистички перспективи за светскиот капитализам не се вклопуваат добро со нивниот вообичаен хор на оптимизам и непоколеблива доверба во „слободната пазарна економија“. 

Сега тој напиша книга наречена Мегазакани, во која предвидува „долга и грда“ рецесија во САД и на глобално ниво. (Nuriel Rubini, Megathreats: The Ten Trends That Imperil Our Future, and How to Survive Them). Без сомнение, оваa книга нема да му помогне за неговата репутација кај неговите колеги економисти. Но, бидејќи нивната главна замерка кон него е дека честопати се докажува дека е во право, нивните поплаки не треба да нѐ вознемируваат претерано. 

Накратко кажано, Рубини предупредува дека целиот свет со затворени очи се спушта кон катастрофална должничка криза. Тој го споредува со Аргентина, која не ги исполнила своите долгови девет пати од нејзината независност во 1816 година. Тоа во никој случај не е претерување. До крајот на 2021 година, глобалниот долг, и јавен и приватен, надмина 350 отсто од бруто домашниот производ на планетата. Заклучокот е неодминлив. Рубини заклучува дека Мајката на сите должнички кризи ќе биде неизбежна или во оваа деценија или следната. 

Секој можен лек за да се избегне ова беше и се обидуваше да биде погрешен, бидејќи само го одложува лошиот ден, создавајќи нови и нерешливи противречности. 

Кејнзијанизмот е исцрпен

Кејнзијанскиот модел, толку сакан на сите реформисти (и десната и левата сорта) е исцрпен. Тој факт е изразен во огромна планина долгови што ја надвиснува целата светска економија. И порано или подоцна, планините доживуваат лавини кои ги зафаќаат сите пред нив. 

Економските и социјалните противречности се натрупуваат. А Рубини го привлекува вниманието на десет од нив, иако ги има многу повеќе. 

Да земеме само еден пример: тој сфати дека технолошкиот и научниот напредок, кој во рационален систем треба да означува скратување на работниот ден и општо подобрување на квалитетот на животот на мнозинството, во капитализмот, претставуваат смртна закана. Влијанието на вештачката интелигенција, роботиката и другиот напредок ќе уништи голем број работни места и ќе доведе до масовна технолошка невработеност, дури и загрозувајќи ги поранешните привилегирани слоеви како лекарите и сметководителите. „Не гледам среќна иднина каде што новите работни места ќе ги заменат работните места што ги грабнува автоматиката. Оваа револуција изгледа смртоносна“ – пишува тој. Сепак, ова прашање никој не го сфаќа сериозно. 

Тој, исто така, ги разбира опасните концентрации на корпоративна моќ, проширувањето на социјалните нееднаквости и ширењето на дезинформации што ја поткопува социјалната кохезија и ја загрозува стабилноста на статус кво. И сите овие заклучоци се сосема точни. Рубини, исто така, изразува загриженост за многу други работи, како што се опасноста од тензии меѓу САД и Кина да доведат до воен конфликт, огромно проширување на проблемот со бегалците како последица на економски колапс, војни и граѓански војни и, последно, но не и најмалку важното, заканата за глобалната средина.

Но, овој пат тој не е сам во својата песимистичка оценка на изгледите за светскиот капитализам. Веќе многу месеци страниците на финансискиот печат се исполнети со најстрашни прогнози. Извештајот на ММФ од јули 2022 година предупреди: „Светот е во нестабилен период: економските, геополитичките и еколошките промени влијаат врз глобалната перспектива“. 

Фајненшл тајмс на 8 октомври напиша: „Индикаторите за доверба драстично паднаа и се на најниско ниво на сите времиња од почетокот на индексот пред повеќе од една деценија во земјите вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Кина. 

„Во економиите во развој, кои се повеќе изложени на зголемените цени на храната и енергијата, довербата опадна уште повеќе. 

„Индија е единствената голема економија во светот опишана како „светла точка“, со силни показатели што укажуваат на силен раст оваа и следната година.

 „Останатите големи економии во светот се борат со сè поголеми економски проблеми и според тврди податоци и според помеки мерки како што се индикаторите за доверба“. 

Стравувањата на стратезите на капиталот се рефлектираат во говорот на Универзитетот Џорџтаун што го одржа Кристалина Георгиева, која моментално ја извршува функцијата извршен директор на ММФ. Таа предупреди дека стариот поредок, што се карактеризира со почитување на глобалните правила, ниски каматни стапки и ниска инфлација, го отстапува местото на оној во кој „секоја земја може полесно и почесто да биде исфрлена од курсот“. И таа заклучи: „Доживуваме фундаментална промена во глобалната економија, од свет на релативна предвидливост… во свет со поголема кревкост – поголема несигурност, поголема економска нестабилност, геополитички конфронтации и почести и погубни природни катастрофи“. 

Економист ја истакнува истата поента: „Сето ова означува дефинитивен крај на ерата на економски спокој од 2010-тите. И додава: „Разбивањата на пазарите се од ред на големина што не е забележан цела генерација. Глобалната инфлација е двоцифрена за прв пат по речиси 40 години. Бидејќи бавно реагираше, Федералните резерви сега ги зголемуваат каматните стапки со најбрзо темпо од 1980-тите, додека доларот е најсилен во последните две децении, предизвикувајќи хаос надвор од Америка“. 

Се има чувство дека светскиот поредок е превртен на глава, бидејќи глобализацијата се претвора во нејзина спротивност, а старата стабилност е нарушена од војната во Украина и хаосот на енергетскиот пазар. Ова чувство на песимизам е постојано повторувана тема.

На 11 октомври, Фајненшл тајмс објави напис со наслов „ММФ предвидува „многу болна“ перспектива за глобалната економија“. Во него го читаме следново: „Додека глобалната економија се движи кон бурните води, финансиските превирања може да избијат“. Пет дена претходно, истиот весник објави напис од Лери Самерс, угледен американски економист кој служеше како 71-ви министер за финансии на САД од 1999 до 2000 година. Вака ја опиша состојбата на светската економија: „Можам да се сетам на претходни моменти на еднаква или уште поголема тежина за светската економија, но не можам да се сетам на моменти кога имало толку многу посебни аспекти и толку многу вкрстени струи колку што има во моментов.

 „Погледнете што се случува во светот: многу значајно прашање за инфлација во поголемиот дел од светот, а секако и во голем дел од развиениот свет; во тек е значително монетарно затегнување; огромен енергетски шок, особено во европската економија, што е и реален шок, очигледно, и инфлациски шок; зголемената загриженост за кинеската политика и кинеските економски перформанси, а навистина, исто така, загриженоста за нејзините намери кон Тајван; а потоа, се разбира, тековната војна во Украина“.

Импотенција на буржоаските економисти

За да се разбере што се случува, бесмислено е да се погледне во буржоаските економисти, кои ништо не разбираат. Тие не можеа да предвидат ништо. Тие не беа во можност да предвидат ниту пад ниту бум. Немоќни да ги објаснат вистинските економски процеси, тие прибегнуваат кон бесмислени изрази кои ништо не објаснуваат. Сето тоа би требало да биде прашање на „доверба“ – како да е ова нешто сосема одвоено од реалната економија, што треба да биде обликувано по волја од вешти политичари и банкари. Тие не сакаат да прифатат дека кризите се неизбежен производ на капиталистичкиот систем и затоа ги припишуваат на целосно субјективни појави што се случуваат во главите на инвеститорите. Но, во реалноста – на колку и да е искривен начин – дури и берзанската криза е израз на објективни процеси што се случуваат во реалната економија.

Буржоаските економисти, кои никогаш не можат да видат подалеку од должината на нивниот нос, успеаја да се убедат себеси дека ерата на ниска инфлација и низок интерес ќе продолжи засекогаш. Тие дури и го претворија ова неосновано убедување во таканаречена теорија, последната од цела низа такви „теории“ кои се засноваа на најпроизволни и најглупави претпоставки. И секој од нив се покажа како катастрофално лажен. Следејќи ги нивните глупави совети, владите станаа неодговорни, кои повеќе наликуваат на несовесни коцкари отколку на одговорни политичари. Нивното мото стана: „Да живееме за моментот, а иднината да се грижи за себе“. Исто како што зависникот од дрога станува сè позависен од супстанциите кои нудат непосредно чувство на еуфорија, така владите, компаниите и семејствата станаа зависни од изгледите за бескрајни, речиси нула каматни стапки. Но, крајниот резултат беше ист: неподнослива болка, па дури и закана од истребување.

Недалеку под површината се акумулираа опасни противречности. А инфлаторните тенденции, за кои сите глупаво си замислуваа дека исчезнаа, постојано се наталожуваа. Во капиталистичка пазарна економија, во последната анализа, одлучуваат пазарните сили. Акциите на владите можат да ги нарушат и одложат пазарните сили, но тие никогаш не можат да бидат елиминирани. А искривувањата создадени од владината интервенција служат само за влошување на противречностите, кои конечно ќе бидат ослободени со удвоена сила и насилство. Тоа е токму она на што сме сведоци во моментов. Обидите на владите да ја решат прво кризата од 2008 година, потоа пандемијата КОВИД-19, а сега енергетската криза со трошење огромни суми пари што не ги поседуваа, е токму она што придонесе за сегашната хаотична ситуација во светската економија. Кризата со која се соочуваат е премногу длабока, противречностите преголеми за да се решат на капиталистичка основа. Тие ја потрошија целата своја муниција во обидот да ја решат последната криза. Сега тие ќе бидат принудени да течат од една во друга криза, без потребното оружје за да се справат со нив.

Враќање на инфлацијата

И покрај бесмислените сфаќања на економистите, основните инфлациски притисоци не исчезнаа. Одеднаш, тие излегоа на површина и се надвор од контрола, предизвикувајќи нарушување во синџирите на снабдување, уништувајќи ги инвестициските планови, еродирајќи ги заштедите, рушејќи го животниот стандард и предизвикувајќи општ хаос во светската економија.

Истата инфлација што економистите ја отфрлија како минато стана една од главните карактеристики на оваа криза

Истата инфлација што економистите ја отфрлија како реликт од минатото стана една од главните карактеристики на оваа криза. Тоа претставува важна разлика со кризата од 2008 година. Во тоа време, главната карактеристика беше долгот: јавен долг, односно државниот долг, долгот на домаќинствата и долгот на претпријатијата. Но, ниската инфлација и каматните стапки речиси нула овозможија зголемување на јавниот долг со цел да се внесат огромни суми пари во економијата. Ова, всушност, беше фиктивен капитал.

Сега, покрај сето тоа, има висока и растечка инфлација. Со задоцнување, економистите беа принудени да го признаат она што требаше да биде очигледно за секој рационален мислител: дека политиката на печатење пари за финансирање на државниот долг („Квантитативно олеснување“) беше инхерентно инфлаторна. Ова означува пропаст на финансискиот систем кој се навикнал на ниски стапки на инфлација и каматни стапки. Исто како зависникот кој се разбудил во полициска ќелија, лишен од дрогата од која зависел, така сега владите одеднаш се шокирани кога се соочени со високите трошоци за задолжување.

Сега буржоазијата е принудена да преземе мерки за да го поништи сето она што го правеше претходно. ММФ и Светска банка бараат поостри мерки за справување со инфлацијата, дури и ако тие предизвикаат рецесија, бидејќи сметаат дека тоа е единствениот начин да се запре инфлацијата, која сега се гледа како главна опасност. Федералните резерви на САД, кои дотогаш развија опуштена – треба да се каже, лежечка – рамнодушност, одеднаш беше зафатена од паника, туркајќи го едно по друго зголемување на каматата, иако тоа беше еквивалент на удирање со сопирачките на автомобилот. Но, проблемите се толку длабоко вкоренети што какви и да преземат мерки нема да бидат доволни за решавање на кризата со трошоците за живот. Веќе велат дека овие мерки се недоволни.

Украинскиот фактор

Бидејќи тие немаат апсолутно никакво разбирање за вистинската економска теорија, буржоазијата очајно бара наоколу некој да биде виновен за нивната мака и тие наоѓаат соодветно жртвено јагне во Владимир Путин. Но војната во Украина не беше причина за инфлаторната катастрофа. Тоа само ја обезбеди искрата што го запали огромното буре сув барут, кое само чекаше да експлодира.

Војната во Украина не е причината за инфлаторната катастрофа

Меѓутоа, дијалектички, причината станува последица, а последица, пак, станува причина. Иако војната не ја предизвика кризата, секако е точно дека енормно го влоши проблемот со инфлацијата и ја наруши светската трговија. Стариот Клаузевиц славно изјави дека војната е само продолжување на политиката со други средства. Но, американскиот империјализам воведе мала модификација на таа длабоко точна дефиниција. Веќе некое време ја вооружува трговијата, намерно казнувајќи ја секоја земја што не се наведнува на нејзината волја. Значи, во современи услови, трговијата станува само продолжување на војната со други средства. Русија, еден од најголемите извозници на фосилни горива, беше намерно исклучена од нејзините пазари на Запад поради санкциите наметнати од американскиот империјализам и одобрени од ЕУ.

Ова имаше два ненамерни и непредвидени последици. Тоа веднаш предизвика енергетска криза, што предизвика раст на инфлацијата низ целиот свет, а ги погоди и САД. Но, наглото зголемување на цената на нафтата и гасот беше од огромна корист за оние земји кои ги произведуваат тие производи – особено Русија. Така, изгубениот приход што произлегува од санкциите е компензиран со зголемената цена на нафтата и гасот на светските берзи. Владимир Путин продолжува да ги финансира своите армии со приходите, додека Западот се соочува со изгледите за студена зима со зголемени сметки за енергија и зголемен гнев во јавноста. Во фудбалот, верувам дека вакво нешто е познато како спектакуларен „автогол“.

Рецесијата е неизбежна

Централните банки се соочени со акутна дилема. Тие се наоѓаат заробени меѓу чеканот и наковалната. Тие ги зголемија каматните стапки со цел да ја ограничат побарувачката и со тоа (така се надеваат) да ја намалат инфлацијата. Тоа беше теоријата што ја поттикна американската централна банка да ги зголеми стапките, принудувајќи ги повеќето монетарни власти да го сторат истото.

Но, таквите мерки ја прават рецесијата неизбежна. Ова сега го прифаќаат сите освен најслепите од слепите. Прашањето е само: колку длабоко и колку долго? Велика Британија веројатно е веќе во рецесија, или, ако не, таа стои на работ на многу длабока пропаст.

Во секој случај, рецесијата ќе има длабоки последици. Тоа значи банкротирање на бизниси, предизвикување затворање фабрики, губење на работни места и дивјачки намалувања на животниот стандард. Тоа е готов рецепт за засилување на класната борба и жестока политичка реакција. Тоа значи скокање од тавата во многу жежок оган.

Промена на свеста

Сето ова претставува алармантна слика за владејачката класа. Капиталистите секогаш обвинуваат дека инфлацијата е поради платите, додека секој работник знае од сопственото искуство дека растот на платите секогаш следи по цените.

Но, зголемувањата на платите, заедно со зголемените цени на суровините значат зголемена инфлација, што пак предизвикува нови барања за повисоки плати. Ова, пак, е долевање на бензин на огнот на класната борба. Веќе започна широко распространета ферментација и општо преиспитување на воспоставениот поредок. Потенцијалот постои не само за реакција на работниците насекаде, туку и за масовна реакција против пазарот, капиталистичкиот систем и сите негови дела меѓу широките слоеви на општеството.

Постои многу критички однос кон сите политички партии и институции. Стариот став на незапрашување исчезна. Ова го поплочува патот за ненадејни промени во јавното мислење.

„Мрачните денови пред нас…“

Причината за оваа општа турбуленција е тоа што капитализмот ја исполни својата историска улога во развојот на производните сили. Таа улога сега е целосно исцрпена. Перспективата на светски размери е за невидена класна борба.

А стратезите на Капиталот со страв гледаат во иднината. За 150 години, капиталистичкиот систем играше релативно прогресивна улога во развојот на индустријата, земјоделството, науката и технологијата. Сега тоа ги достигна своите граници. Тоа е внатрешното значење на оваа криза.

Иако Рубини е доста успешен во описот на проблемите, тој целосно потфрлува во нудењето на рецепт за болестите што ги дијагностицира

Од своја страна, Нуриел Рубини пишува како искусен лекар кој е сосема способен да ги опише симптомите на многу болен пациент. Но, иако се покажува како многу успешен во опишувањето на проблемите, тој целосно потфрлува да понуди некаков рецепт за болестите што толку умешно ги дијагностицира.

Што, ако нешто, може да се направи за да се спротивстави на овие „мегазакани“? Не многу, заклучува Рубини. Едната можност што тој ја гледа лежи во технолошките иновации што доведуваат до пораст на економската продуктивност и подобрување на животната средина. Силен, инклузивен, одржлив економски раст од повеќе од 5 проценти годишно може да исклучи многу од овие опасни трендови и да ни овозможи да си дозволиме универзален основен приход, смета тој. Но, како да се постигне оваа цел? Во капитализмот, годишен раст од 5 проценти е целосно утописки. Напротив, сите економисти (не само „Доктор Дум“) предвидуваат остар пад, проследен, во најдоброто сценарио, со продолжен период на економска стагнација придружена со високи нивоа на инфлација. Рубини завршува со соодветно строго предупредување до буржоазијата: „Очекувајте многу мрачни денови, мои пријатели“. Тоа предупредување е многу соодветно. Но, мрачните денови за буржоазијата се светли денови за борбата на работничката класа за промена на општеството.

За револуционерен оптимизам!

Длабокиот песимизам на буржоазијата мора да не исполни со оптимизам за нашата иднина: иднината на социјалистичката револуција која ќе го собори монструозниот експлоататорски и дегенериран систем и ќе го посочи патот кон нов и посветол ден за човештвото.

Со мудроста на ретроспективата, можно е да се гледа на Руската Револуција како на нешто неизбежно; сигурно така не им изгледаше на тие што ја спроведоа

Во хармонично планирана социјалистичка економија, целта за раст од 5 проценти годишно не би била амбициозна, туку доста скромна цел. Двојно поголема вредност за растот би била лесно остварлива, овозможувајќи му на општеството да реши многу од постоечките проблеми опишани од Рубини.

Ги пишувам последните редови од оваа статија на годишнината од Октомвриската револуција – најголемиот ден во историјата на човештвото. Со мудроста на ретроспективата, можно е да се гледа на тоа драматичен пресврт како на нешто неизбежно; нешто што успеа затоа што беше обврзано да успее. Но, таквото гледиште е и погрешно и длабоко неисториско. На мажите и жените кои ја спроведоа револуцијата сигурно не им изгледаше така. И на големото мнозинство дури и на највнимателните набљудувачи, напротив, изгледите за победничка социјалистичка револуција што ќе се случи во заостанатата, реакционерна царска Русија се чинеше како фантастичен сон, за верување само за најзаблудените утописти.

Сепак, се случи. И покрај сите тешкотии, револуцијата триумфираше. Неговиот успех беше обезбеден со храброста, предвидливоста и истрајноста на Болшевичката партија под водство на Ленин и Троцки. Субјективниот фактор беше апсолутно одлучувачки. Сепак, тој фактор имаше многу скромни почетоци. Само две децении пред Октомври, марксистите се броеја во мали грстови, главно студенти, кои на крајот успеаја да придобијат слој од најнапредните работници.

Тие видоа како расте Партијата, заедно со Револуцијата од 1905 година, но ја доживеаја и горчината на поразот, кога повторно беше десеткувана со апсења, егзекуции, затворања и егзил. Годините на Првата светска војна беа можеби најтешките. Ленин беше во егзил во Швајцарија, каде што во јануари одржа предавање пред швајцарските млади социјалисти во кое рече: „Јас сум стар човек и веројатно нема да доживеам да ја видам социјалистичката револуција“. Сепак, девет месеци подоцна, болшевиците беа на власт. Ова неверојатно достигнување ја покажува виталната важност на субјективниот фактор – револуционерното лидерство.

Тркалото на историјата оттогаш се заврти многу пати. И сега гледаме дека се врти уште еднаш. Капиталистичкиот систем се наоѓа во најдлабоката криза во историјата. Работничката класа на светски размери е илјада пати посилна отколку што беше во 1917 година. И почнува да се движи во акција. Објективните услови за револуција денес се бескрајно поповолни отколку во кое било време. Ова неодамна го видовме во Шри Ланка и Иран. Но, гледаме и дека недостига субјективниот фактор. И тоа е одлучувачко во класната борба како што се добрите генерали во војната.

Како што покажавме во овие неколку редови, буржоазиите и нејзините стратези се исполнети со најдлабок песимизам. Тоа го делат таканаречените „левичари“, кои одамна се откажаа од секакво преправање да се залагаат за социјалистичка трансформација на општеството; а исто така и за оние мизерни малограѓански поранешни „марксисти“ кои ги поминуваат своите животи во кафулиња, плачејќи во нивниот билен чај додека жалат за клетата судбина на светот.

Но, светот ги одминува тие дами и господа, без воопшто да ги забележи. Работничката и револуционерната младина немаат време за трошење во плачење и лелекање. Суровата реалност на животот ги турка во борба. И битката веќе започна. Мораме да извлечеме храброст од нередот во непријателскиот табор и да ги удвоиме нашите напори за да ја продолжиме единствената кауза за која вреди да се бориме: светата кауза на работничката класа – светската социјалистичка револуција.

Алан Вудс, Лондон, 7 ноември 2022 година.

Doctor Doom predicts “dark days” for capitalism

ВестиМакедонија

Нов напад врз работниците – мора одлучна борба

Владата во засилена класна офанзива против работниците и нивните организации! Во време на инфлација и органска криза на капитализмот, Владата на Република Северна Македонија се обидува со бирократски маневри да го суспендира колективното договарање и целиот товар на кризата да го пренесе врз плеќите на работниците. Согласно чл. 2 од контроверзниот Правилник, објавен во Службен Весник бр 223 од 19 октомври 2022 година, министерот за финансии може да го запре кој било колективен договор.

Синдикатите мора да заземат проактивна улога. Синдикатите јасно се дефинираат против овие нови промени, но Владата се оглушува на нивниот протест, бидејќи ги гледа како кучиња кои само лаат. Редно време е наместо протест, синдикатите да го применат своето основно орудие – прекин на работата. И не само тоа, редно е од дефанзива работниците да побараат да не го носат товарот на инфлацијата додека профитите на компаниите растат. Затоа мора да се бара лизгачка скала за платите, платите да се зголемат за износот на порастот на животните трошоци!

Марксистичка организација Црвени повикува на единство на сите работнички и социјалистички активисти и организации во активна борба против антиработничките мерки!

НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ!

ДемократијаИнтернационалаТеорија

ЛГБТ: Ослободување и револуција

Изминатите години, во многу земји, борбата против родово базираното угнетување, или дискриминацијата на сексуална ориентација, се разви во масовно движење. Сведоци сме на големи протести кои се израз на гнев и побуна – што се градеше со децении – против фрустрирачкото вмешување на системот којшто не само што те принудува на дневна борба за крпење крај со крај туку и тврди дека има право да одлучува што смееш или не смееш да правиш во приватниот живот, со кого треба да имаш врска, сексуална или од друг вид, дали да воспитуваш дете, итн. И ги турка сите кои излегуваат од нормите на „традиционалото семејство“ во општествено и легално гето.

(статијата за прв пат е објавена 2017 година во италијанскиот теориски часопис Фалче мартело)

Со нивните барања за ослободување и нивната масовност, овие протести во себе содржат револуционерен потенцијал. Истовремено, постои и свесен обид да се редуцираат овие теми, на прашање на култура и да се ограничат целите на движењето во борба за мали отстапки што се споредливи со нормалното односно угнетувачко функционирање на капитализмот. Голем медиумски простор е даден на теориите што на површина изгледаат радикални, но во практика ја канализираат борбата на ЛГБТ движењето по идеалистички и егзистенцијалистички линии кои завршуваат во слепа улица, кога она што е потребно е промена на материјалните услови.

Од пресудна важност за победата на ЛГБТ движењето е да се прифати класна анализа, обединување на борбата против хомофобното угнетување и за полни цивилни права со општата борба за пристоен живот, ослободен од економската и општествена опресија. Еднакво важно е работничкото движење да се приклучи кон ЛГБТ борбата, со совладување на поделбата што постои историски, посебно поради реформистичкото или сталинистичкото лидерство на левицата.

Како револуционери, оваа задача е витален дел од нашата политичка борба, а во оваа статија се нуди основа за понатамошна теориска дебата на ова прашање.

Дискриминацијата и хомофобијата денес

Денес, хомосексуалноста или другите слични поведенија, се официјално илегални во 72 земји, со казна во опсег од месец до 15 години затвор, со доживотна робија или дури смртна пресуда (во 8 земји). Во земја како Саудиска Арабија, смртната казна се извршува со каменување, а во други земји најстрогата казна се извршува со камшикување. Истополовиот брак се дозволува само во 23 земји, а во 27 се дозволуваат слични цивилни заедници. [1]Извор: ИЛГА, Извештај за државно спонзорирана хомофобија 2017

Но дури и таму каде што постојат облици на легална заштита, официјалната дискриминација има други форми. Во неколку американски држави постојат закони “против промоција на хомосексуалноста“ каде се ограничува одредено поведение и се даваат упатства за видот на сексуален морал што треба да се учи во училиштата и другите јавни институции. Ова е познато и во Италија каде десницата и Католичката црква водат крстоносна војна против тн „родова теорија“ во италијанските училишта. Овие луѓе ја охрабруваат екстремната десница да превземе акција, со организирање на групи за насилни напади против хомосексуалците (исто така и против левичарските активисти и имигрантите). Не е случајно што предлог законите против хомофибичен говор на омраза и отежнувачки околности собираат прашина во собраниските комисии во последниве години. И покрај тоа што законите не продираат доволно длабоко во оваа проблематика, сепак тие би гарантирале некаков степен на заштита. Колку за споредба предложениот закон на Минити за протерување на мигранти кои што би преживеале при преминот на Средоземното море со чамец им е на врвот на приоритетите!

Како врв на сево ова, дискриминацијата се пробива во секојдневниот живот во училиштата, на работните места, во домаќинствата и се чувствува како постојана идеолошка и општествена тежина врз ЛГБТ луѓето. Според истражувањата на ИСТАТ (италијански Национален завод за статистика) во 2011 година, поради страв од мобинг или да не бидат отпуштени, само еден од четири геј работници отворено изјавиле за својата сексуална ориентација, тенденција што е особено јака во провинцијата. Според анкета на ЕУ, 68% од граѓаните на ЕУ се со став дека постои дискриминација основана на сексуална ориентација. Според друга анкета, само 6% од ЛГБТ тинејџерите во Италија во средните училишта се отоврени за својата сексуална ориентација во пошироката заедница, додека 39% се само отоврени во мал круг на пријатели – слично е и со другите европски земји. Тоа што 94% ЛГБТ тинејџери сакаат да ја кријат својата сексуална ориентација, делумно или целосно, многу говори за личните тешкотии што ги создава социјалната дискриминација. Таквиот притисок не запира дома и семејството обично е првото место каде не се прифаќаат, а се проширува и во разни облици на насилство, од заклучување дома до тепање и „корективно“ силување. Не е чудно да се прочитаат вести за тинејџери кои „извршиле самоубиство затоа што се геј“, конечната трагедија на психолошкиот притисок што го има на општествено ниво и во семејствата.

Какво традиционално семејство?

Секоја хомофобна кампања се основа на аргументот дека хомосексуалноста е во основа „против природата“. Највулгарниот приказ на оваа мисловна линија ќе ја најдеме кај религиозните фундаменталисти, но аргументот за многу долго време беше присутен и во „научниот“ свет – потврда дека науката навистина е условена од доминантната идеологија. Во психологијата, хомосексуалноста долго време беше сметана за патологија од мнозинството научна заедница или барем како не-физиолошка условеност, дури и кај најпрогресивните психолози. Така во случајот со Фројд, кој иако не охрабрувал дискриминација, ја сметал за прекин на сексуалниот развиток. Дури и Вилхајм Рајх, во основа поддржувач на сексуалното ослободување, кој имаше материјалистички и револуционерен светоглед (барем во раниот дел од неговиот живот), ја дефинираше хомосексуалноста како „последица на многу рано пореметување во развојот на афектните и сексуалните функции“. Дури во 1973 год. АПА (Американско здружение на психијатри) престана да ја смета хомосексуалноста како патологија, а во 1986 год. конечно се избриша од категоријата на „его-дистонична хомосексуалност“ (тоа е претпоставена форма на патолошка хомосексуалност, се гледа како на извор на стрес, како спротивна форма од его-синтоничка хомосексуалност основана на физиологијата) во признавањето на фактот дека психолошкиот стрес беше во основа причина за социјалните притисоци од кои страдале хомосексуалците. Четири години подоцна на 17 мај 1990 година Светската здравствена организација конечно ја избриша хомосексуалноста од листата на ментални болести.

Фактот дека нема ништо абнормално во нехетеросексуалните ориентации и поведение едноставно се потврдува со широката распространетост низ човековата историја и низ светот, факт што во изобилство е документиран од антрополошки, историски и книжевни студии. [2]Цитатот е само како дополнителен аргумент за дифузија на хомосексуланото однесување во животискиот свет, … Continue reading Има записи за т.н. „луѓе со два духа“ кај домородните Американци, мажи кои се облекувале и однесувале како жени, и обратно, и кои често се вклучувале во религиозните церемонии. Познато е дека во Теба, 4 век пр.н.е. се формирал свет баталјон од 150 машки парови, војници, чија непобедливост се базирала на желбата секој војник да го заштити својот партнер и се однесувал јуначки пред него – секој воин ја давал сета енергија во секоја битка. Исто така е познато дека во Атина и Рим (машките) хомосексуални односи биле општествено и легално признаени. Сепак, погрешно би било да мислиме дека овие примери се знак за целосна слобода на сексуални односи, како што некои површни интерпретации велат, или да го сметаме ова за „златно доба на хомосексуалноста“ пред современото угнетување.

Во Атина, социјално регулираните машки хомосексуални врски во предурбаниот период и во првите години од раѓањето на полисот, се состоеле во педерастна врска помеѓу возрасен машки граѓанин (обично над 25 години) и слободен машки адолесцент (помеѓу 12 и 17 годишна возраст), што имала за цел образование на младината кон зрелоста и статусот на граѓанин. Сексуалната врска била дел од образовната врска, наследена од многу постариот обред на иницијација во зрелост, каде улогите се фиксни: возрасниот е активен додворувач, а младинецот е субмисивен и срамежлив, кој ќе се покорел само кога ќе се демонстрира сериозноста на намерите на додворувачот. Оваа врска ќе продолжела се додека младиот партнер не ја достигне зрелоста, низ период на воздржување и додека не покаже друга улога пред брак. Со робовите не биле дозволени никакви врски – зашто тоа не би имало никаква образовна функција, а робовите не требале да постанат граѓани – или (барем во теорија) помеѓу возрасни. Таквите врски биле чести пред бракот, а само во некои случаи продолжувале потоа. Жените, од друга страна, биле затворени во домот и им било забрането да имаат социјален живот, а лезбејските врски се сметале за невкусни, иако постоеле, особено во школите за образование на младите жени (Сафо била едукатор) пред конечно да се затворат во рамките на домот. Низ вековите дифузијата на машките хомосексуални врски и слабеењето на поделбата на улогите довела до одредена општествена стигматизација.

Во Рим, од друга страна, сексуалноста била доказ за машката доминација и затоа била недозволиво слободен граѓанин да има пасивна улога (дури и во младешката доба). Хомосексуалните машки врски биле сметани за целосно легитимни со услов субмисивниот партнер да е роб или машка проститутка – лекс скатиниа ( 3 и 2 в. пр.н.е.) забранувал сексуално вознемирување на млади слободни мажи, а забранувал и пасивна улога на возрасни мажи, со тоа што тоа поведение се казнувало. Постепено, за време на Империјата, поради грчкото влијание, се рашириле врските аналогни на хеленската педерастија. А со постепената дерегулација, се шири пасивното сексуално однесување меѓу мажите, робовите и машките проститутки, вклучувајќи проминентни личности како Јулие Цезар или Цезар Август. Но, сепак во 4 век н.е. и подоцна, хомосексуалните врски почнале да се ограничуваат со закон, со казна кастрација за пасивност (342 г.), смрт со палење на клада за пасивни машки проститутки (390 год. н.е.), смрт за сите пасивни мажи (438 год) и конечно за секој вид на хомосексуална активност (533 год).

Клучна улога во угнетувањето на хомосексуалноста е појавата на христијанството како доминантна религија. Црквата е првата што одлучува на тоа дека хомосексуалните врски се „против природата“, идеја којашто се уште опстојува во религиозната моралност до ден денес. Тоа беше сосема нов поим, затоа што претходно тие што се спротивставуваа на хомосексуалните врски не ги осудуваа дека се неприродни, туку имаа за цел да ја зајакнат улогата и стабилноста на семејството во општеството, често пати аргументирајќи дека тоа е потребно за раст на популацијата. Прв беше Јустинијан кој ја издигна идејата за божја казна за хомосексуалците. Ова угнетување на хомосексуалноста одеше рака под рака со поимот на христијанска апстиненција, според кои сексуалниот чин е легитимен само кога се врши со цел размножување, а според тоа неконтролираните и прељубничките полови чинови мораа да бидат угнетувани (претходно прељубата беше општествено прифатлива – се разбира само за мажите). [3]Види: Eva Cantarella, Bisexuality in the Ancient World, Yale University Press, 2002.

Од овој краток историски преглед може да извлечеме неколку заклучоци. Прво, хомосексуалното и бисексуалното однесување постоеле секогаш, покажано во социјалната практика, но пред се во фактот дека ограничувањата биле воведени за нерегулираните хомосексуални врски (на пример помеѓу возрасни мажи или помеѓу жени, и во Грција и во Рим), односно тие што се слични на современата хомосексуална љубов, коиштоо се појавувале постојано низ историјата.

Второ, можеме да видиме дека во различни историски периоди постоеле различни општествени норми во однос на сексуалноста, факт што потврдува дека нема основа концепцијата за „традиционалното семејство“, а уште помалку во традиционалното моногамно семејство со взаемни обврски за верност, како што постои денес. Овој модел е прифатен во христијанството, а дури и тогаш како идеал. Општествената реалност за прељубата и проституцијата наменета за мажи е сосема различна, а претрпела безбројни трансформации, што денес постои во различни форми, во зависност од општествениот и економски контекст (да помислиме само на разликите на старата проширена фамилија на селаните споредена со мононуклеусната фамилија на работниците, тие со сини или бели мантили, денес).

Трето и последно, мораме да нагласиме дека овие норми не се во ниту еден случај израз на сексуалната и емотивна слобода. Да започнеме со, робовите и жените кои беа целосно исклучени, а само одредени облици на однесување се сметаа за легитимни, додека другите се забрануваа и, барем во грчкиот случај, педерастните врски беа општествена институција каде не се зеде предвид сексуалната ориентација или на граѓанинот или на младото момче, кои можеби искусувале нелагодност.

Затоа да заклучиме дека таквите закони беа во основа различни форми на регулација на емотивниот, домашниот и сексуален живот, вклучувајќи репресивни мерки каде се прекршуваше законското поведение, каде тоа што се сметаше за законско зависеше од структурата на општеството. 

Исто така, согласно овие заклучоци, ние можеме да сфатиме дека, општо земено, угнетувањето на поведението на нехетеросексуалците (хомосексуалци, бисексуалци…) се појавува низ човековата историја со различни степени на јачина и со различни степени на ограничување, со цел стабилизирање на семејните односи, посебно за да се осигура основата и зајакне моногамната фамилија.

Како што Енгелс опиша во Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата, и како што е подоцна потврдено од клучни заклучоци на неколку неодамнешни антрополошки испитувања, семејството не е стабилна институција што постои отсекогаш. За време на стадиумот ловци-собирачи, кога управувањето на економијата, храната и алатките и подигањето на деца се спроведуваат на ниво на заедница, жените имале проминентна улога и општеството било матрилинеално т.е. според мајчината линија. Благодарејќи на доместификацијата на животните, земјоделската револуција и концентрација на средствата за производство во рацете на мажите, се појавува патријархалното угнетување – заедно со класното општество – и дека моногамниот брак станува основа за новата структура на семејство, чија примарна цел е да се гарантира наследство на татковството. Од ова извира чувството на сопствеништво над жената и децата што е раширено и денес, а ги погодува животите на милијарда луѓе.

Само во овој контекст на угнетувањето на жената, нејзината маргинализација во рамките на општеството се појавува и потиснувањето на нивното сексуално поведение, сведувајќи ги само на проста алатка за репродукција (да се грижат за домаќинството и децата) и стана структурно и историски се прилепи заедно со еволуцијата на разните семејства и социјални структури. Ставовите кон сексуалното поведение што спаѓа вон репродукцијата во моногамното семејство, од друга страна, зависи од колку многу се сметаат за опасност за семејството како институција. Хомосексуалната љубов меѓу жени е предмет на различни степени на потиснување во различни периоди од историјата (тука само споменавме неколку). Можеме да тврдиме дека сепак се додека моногамното семејство се смета како камен темелник на општеството и е единствен модел за легитимно емотивно и сексуално поведение, ќе биде невозможно да се надмине општествената дискриминација основана на сексуална ориентација.

Класна борба и геј еманципација

Борбата против сексуалната дискриминација е поврзана со борбата против класното општество, општо поради неколку причини. Прво, како што објаснивме, само со укинување на класното општество можат да се создадат материјални економски услови и културен стремеж потребен за надминување на условите во кои моногамното семејство маж-жена се смета за единствен легитимен облик како основна клетка на општеството. Со општествено изведување на сите задачи што денес се дадени во сферата на семејството, а најмногу за жените (готвење, чистење, одгледување на деца) и со дозвола за слободен развој на индивидуите со пристап до основните метеријални и културни извори што општеството може да ги понуди, ќе биде можно да се олесне процесот со којшто интерперсоналните и семејни врски постепено ќе се ослободат од метеријалната неопходност и ќе соодветствуваат само на романтични и сексуалните желби, а со тоа распаѓање на угнетувачките норми и дискриминации што постојат денес.

Втората причина е дека големо мнозинство на ЛГБТ луѓе се работници, младинци, привремено вработени, невработени, кои освен што се експлоатирани на работното место, треба да се грижат за заработката од платата, за место за живеење итн. Исто така се угнетени поради нивниот сопствен сексуален идентитет и ориентација. Затоа обединувањето на борбата против овие две неправди е сосема природна, особено што сметаме дека непријателот е ист. Исто така треба да се потсетиме дека хомофобните предрасуди се гаат за да ги поделат работниците – на пример, да поверуваат хетеросексуалните работници дека , иако се угнетени самите, сепак се надредени над геј лицата (колку е тоа битно!) а на ист начин се негуваат и расистичките предрасуди. Улогата на десницата во овој процес е очигледна.

Секој што тврди дека двата фронта на борба треба да се одделат игра во рацете на непријателскиот тим. А често, во ЛГБТ движењето, тие луѓе што го промовираат овој став се богати индивидуи кои не ги имаат материјалните проблеми со кои се соочени ЛГБТ работниците и младината. Фактички, тие го ограничуваат движењето со повик за ситни концесии од владата, без да прават многу врева и често без да направат значајна придобивка. Ова е случајот, на пример, на геј-пријателското движење во 1950тите (низ Италија и меѓународно) што подоцна се критикуваше од страна на движењето за геј ослободување во 1960тите и 1970тите, што се разви по револуционерна линија на основа на брановите на класна борба во тие години.

Од друга страна, треба да се каже дека и голем удел во одговорноста за поделбата на ЛГБТ движењето и на работничкото движење во втората половина на 20 век лежи на лидерството на комунистичките партии коишто, поради сталинистичката дегенерација, прифатија отворено хомофобни ставови. Тие се омекнаа во подоцнежно време, а потоа и повеќето преминаа на реформистички поглед на борбата за цивилните права, со истакнување на реформизмот во нивните политички програми.

Сепак, тоа не било секогаш така. Иако во делата на Маркс и Енгелс нема спомнување на хомосексуалното прашање, постојат неколку изјави на лидери на старата германска социјал-демократија со кои се искажува спротивставување на било каква дискриминација кон хомосексуалците и казни за хомосексуалноста во германскиот закон. Не е случајно што, кога Магнус Хиршфелд го основаше Комитетот за наука и хуманитарство при крајот на 19 век за промоција на аболција на параграфот 175 од германското кривично право со кое се прогласува хомосексуалноста за илегална, неговата петиција, дискутирана во парламентот во 1898 година, ја поддржаа само СПД што беа малцинство. Работата на Хиршфелд продолжи со основање на Институт за сексуално истражување и последователно организирање на Првиот конгрес за сексуални реформи во 1921 година (заедно со учество на делегати од советскиот сојуз). Работата на Хиршфелд го означува првиот голем напор во современото време за декриминализација на хомосексуалноста врз основа на научна дебата. Хиршфелд самиот ја сметал хомосексуалноста за патолошка – или барем нефизиолошка – состојба, за која, нема основа да се изрекува казна. Членот 175, сепак не се укина и триумфот на нацизмот на германскиот работен народ го отвори патот за црна реакција и безмилосно уништување  на геј луѓето. Институтот за сексуални истражувања беше една од првите згради нападната на 6 мај 1933 од нацистичката младината, кои на плоштадот ги изгореа сите текстови пронајдени во библиотеката. Нацистите го влошија и казнувањето според членот 175, и изведоа над 100 илјади апсења на геј луѓе, 60 илјади затворски казни, интернирање во психијатриски болници и присилна стерилизација. Геј луѓето беа праќани во концентрационите кампови, заедно со Евреите, социјалистите и комунистите.

Состојбата на хомосексуалците по Октомвриската револуција 

Болшевичката револуција од 1917 година, во која работниците ја зедоа власта во свои раце за прв пат во историјата (освен за краткиот период на Париската комуна во 1871 г) ги промени животите на милиони не само во смисла на економија и политика, туку и во однос на семејството. Советската влада им гарантираше права на жените рамноправно со мажите, го легализираше разводот и абортусот, а промовираше и интензивен развој на социјалните служби за да се обезбеди економска основа за ослободување од семејните обврски: јасли, јавни кантини, пералници, дневни болници, кина, театри итн. Во исто време со аболиција на царското казнено право се декриминализираше хомосексуалноста (додека, под Царот, таа беше казнувана со строг затвор).

Ставот на болшевиците беше дека сексуалното поведение припаѓа на приватната сфера и како таква не треба да се санкционира или регулира, се додека не ги повредува другите (на пример, ако е вклучена принуда или насилство). Во руските научни дебати, хомосексуалноста се уште се сметаше за болест – како и во секоја друга држава – но од тоа не потекна никаква дискриминација. Меѓу конкретните примери за ставот на советската влада на ова прашање, можеме да го наведеме учеството на Советскиот делегат во Институтот за сексуална реформа на Хиршфелд како и назначувањето на Георги Чичерин, кој отворено бил геј, како Комесар за надворешни работи во 1918 год., а имајќи го историскиот контекст тоа било насекаде во светот незамисливо.

Традиционалното семејство почна да се крши со општествените промени: мажите и жените се повикуваа да учествуваат во општествениот живот, а младината, барем делумно, беше ослободена од авторитетот на традиционалното семејство и се стремеше кон нови социјални (тука се вклучуваат и сентиментални и сексуални) односи, [4]За овој обид, и неуспехот види Wilhelm Reich, “The Struggle For a ‘New Life’ in the Soviet Union,’ in The Sexual Revolution, 1936. Види исто така Leon … Continue reading особено во младинските групи. Сепак, набрзо радикалните промени отворени со револуцијата, дури и во семејството и сексуалните односи, се судрија со проблемите поради изолацијата и економските тешкотии со коишто се соочуваше револуцијата. Материјалните услови беа премногу ограничени за да се понуди алтернатива: често јавните услуги беа од таков низок квалитет што од потреба се јави тенденција да се вратат кон старата семејна структура. Во исто време, почна да се појавува бирократска деформација што доведе до сталинизам, што пак значеше напуштање на идеалите на Линин, Троцки и Октомвриската револуција.

Оваа појава имаше две последици. Прво, поради недоволната материјална база за развиток на семејството и емотивните врски на повисоко, општествено ниво, се врати традиционалното семејство; беа потребни децении целосно да се надмине тоа, дури и при најдобри услови. Второ, сталинистичкиот режим во враќањето на семејството и традиционалните морални вредности гледаше на извор за стабилност на режимот, посебно како инструмент за јакнење на идејата за авторитет (започнувајќи од тој на главата на семејството врз децата) што активно беше промовирано.

Троцки во „Револуцијата предадена“ запиша:

„Триумфалната рехабилитација на семејството, која се одвива симултано – каква коинциденција пратена од господ! – со рехабилитација на рубљата, е причина за материјалниот и културен банкрот на државата. Наместо отворено да кажат „докажуваме дека сме премногу сиромашни и прости за создавање на социјалистички односи меѓу луѓето, нашите деца и внуци ќе ја согледаат оваа цел“, лидерите го присилуваат народот пак да го залепи во черупка скршеното семејство, а не само тоа, туку и да го сметаат, под притисок на строгите казни, за свето јадро на победоносниот социјализам. Тешко е да се процени со око големината на овој пораз.“ (Револуцијата предадена, погл. 7, Семејството, младината и културата, Термидор на семејството https://www.marxists.org/archive/trotsky/1936/revbet/ch07.htm#ch07-1)

Овој процес го промени исто така и односот спрема хомосексуалноста. Наместо да се втемелат на урбаниот пролетаријат, што ги надмина предрасудите против геј луѓето спонтано, режимот се потпре на ситно буржујските елементи и на неразвиените далекуисточни региони. (Во 1925 година, на пример, во Туркменистан во Кривичниот закон на Советскиот сојуз беше додаден амандман за казнување на хомосексуалноста). А во 1933-34 година се врати прохибиција на машките хомосексуални односи, казниво со затвор. Во 1935 година разводот строго се ограничи; се укина признавањето на слободните партнерства, а во 1936 година абортусот се прогласи за нелегален повторно. Ако, да се изразиме како Троцки, „догмата на семејството“ постана „камен темелникот на победоносниот социјализам“, хомосексуалноста, видена како закана за семејството, постана порок на буржоаска декаденција. Овој хомофобичен став подоцна длабоко ги инфицираше комунистичките (сталинистички) партии на меѓународно ниво, подривајќи го она што требаше да биде геј движењето, а тоа е поврзаност со самото револуционерно движење.

Од Стонвол до затишје на движењето

По Втората светска војна, во периодот на општа осека на класната борба, водечка улога имаа оние геј групи што како што објаснивме погоре, се обидоа да воспостават дијалог и мек пристап спрема владите за да се добијат минимални права, трошки на мали успеси. По периодот на осека на социјалните борби и слабеење на геј движењето, тоа еруптираше уште еднаш (или во некоја смисла и за прв пат) како масовно движење во 1969 година во Њујорк, со бунтот во Стонвол. За време на ноќта на 28-29 јуни, неброениот упад на полицијата во геј бар (Стонвол Ин) – што дотогаш се сметаше за рутина – беше пречекан со масовен отпор, што се разви во битка која траеше два дена, при што беа вклучени илјадници луѓе.

Бунтот во Стонвол го промени лицето и природата на геј движењето, коешто веќе немаше карактер на мали кругови на научници и комитети, а ја скрши и идејата дека хомосексуалноста е абнормалност, туку напротив ја изрази како гордост. Под влијание на бранот на класна борба на крајот на 1960тите и 1970тите бевме сведоци на значајно поместување на лево во самото движење, а малите групации се појавија и се дефинираа себе си како револуционерни, иако беа доста конфузни и со еклектичка теориска основа.

По Стонвол, во почетокот на јули 1969 година, се основаше Фронтот за геј ослободување (Gay Liberation Front) во САД. Тој прифати антикапиталистичка и „третосветска“ политичка позиција и излезе во поддршка на борбата на Црните пантери. Слични организации никнаа и во неколку земји: Фронтот за геј ослободување во Британија во 1970 год., каде се собраа стотици активисти, но подоцна се фрагментираше, Фронтот на хомосексуалци за револуционерна акција (Front Omosexuel d`Action Revolutionnaire) во Франција и Движењето ан хомосексуалци за револуционерна акција (Mouvement Homosexuelle D`Action Revolutionnaire) во Белгија.

Во Италија во 1971 г. се основаше Револуционерен фронт на обединети хомосексуалци на Италија (FUORI акроним што на италијански значи надвор). Како и кај другите групи нивниот број не беше масовен: неколку стотина активисти во Торино, Милано и Рим, со големи политички разлики помеѓу овие три града. Во почетокот нивниот весник се продаваше месечно во киосците, со тираж од околу 8 илјади.

На 5 април 1972, во градот Санремо, ФУОРИ организираше прв јавен протест против Меѓународниот конгрес на Сексологија, што во својата агенда имаше дискусија за причините за хомосексуалност и можните терапии за лечење. За да се сфати за што таму се дискутираше еве еден пример во кој се сугерираше на не толку болна терапија со електро шокови поврзани со слики на голи мажи, но не и со голи жени, додека други говереа за селективно отстранување на ткиво од големиот мозок.

Надвор од Конгресот, неколку десетина активисти извикуваа слогани како „Ние сме нормални! Ние сме нормални!“ и носеа транспаренти „Психијатри, ставете си ги електродите во своите мозоци“. Внатре во конференциската сала, Анџело Пезана, член на ФУОРИ, имаше говор, и започна со познатите зборови „Јас сум хомосексуалец и сум среќен како таков!“. Овој протест беше пресвртна точка во геј движењето и прекин со умерените прогеј организации.

Имаше обиди за поврзување со работничкото движење: во првото издание на весникот, уредничкиот вовед гласеше „револуционерни хетеросексуални другари“ со молба „да бидат првите што ќе ја сфатат реалноста на хомосексуалците“, затоа што „сексуалното угнетување е прво, најитро и најопасно орудие за потчинување на било кој репресивен систем“. „Ние тврдиме“, продолжија борците на ФУОРИ, „дека потребата од сексуална револуција, паралелна и интегрирана со политичката револуција е веќе на пат во секоја земја.“ [5]Цитат од Gianni Rossi Barilli, Il movimento gay in Italia (на италијански). Feltrinelli, 1999, p. 51—52.

Ние тука говориме за една политички конфузна и нехомогена организација, која што е притисната од материјалните услови кон идејата за општа трансформација на општеството. Ако работничкото движење имаше револуционерно марксистичко водство, требаше да понуди конкретна теориска основа за таква промена, комбинирана со револуционерна програма што е способна за обединување против капиталистичката експлоатација заедно со таа што беше против хомофобното угнетување. Напротив, реформистичките и сталинистички лидери одговорија со отворено непријателски став.

По неколку седмици од демонстрацијата во Санремо, на 1 мај 1972, римскиот огранок на ФУОРИ, заедно со други групи организираше демонстрација на плоштадот Кампо де Фиори, „прослава на радоста, против работата и за сексуално ослободување“. По некое време група активисти од вонпарламентарната левица дојдоа „изјавија дека се членови на Потере операјо (работничка власт, ултралевичарска група), и додека извикувале „педери надвор од Кампо де Фиори, им фрлале кофи вода врз активистите“ [6]Ibid., page 59.

Што се донесува до Италијанската комунистичка партија којашто никогаш не расправала со ова прашање, во 1974 год, во часописот Критика марксиста објави статија на Луџано Групи во која се наведе следново: „Ние се бориме за однос во општеството и природата што ни кажува дека хомосексуалноста, всушност, го руши тој однос преку контрадикција со фундаменталниот инстинкт на секое живо битие: продолжување на родот. Хомосексуалноста, затоа ја осиромашува и длабоко ја менува личноста на мажот. Често изродена во самотијата, често завршува во самотија. “ [7]Цитат од Fabio Giovannini, Comunisti e diversi: il PCI e la questione omosessuale, Edizioni Dedalo, 1980, p. 72. Нема потреба за коментар како геј работниците и студентите се чувствувале во оваа партија. Со убиството на Пјер Паоло Пазолини во 1975 година се отвори дебата во самата партија, којашто го промени својот став за хомосексуалноста при крајот на 1970тите, само пред почетокот на падот на бранот на работничката борба што ја збриша Италија во 1968 година и сето тоа беше врамено во реформистичката политика на партијата.

Така наместо да се понуди перспектива за општа политичка борба за активистите на новото геј движење, што можеше да го надмине општиот политички еклектизам, тие активисти беа отргнати од работничкото движење и така завршија во сосема други води. Од организациска гледна точка, ФУОРИ во 1974 се претопи во Радикалната партија – тогаш се приклонуваше кон левицата – и со тоа се затвори конечно идејата за револуционерни перспективи и главно се бореа за цивилни права во рамките на буржоаското општество. Некои водечки ликови на ФУОРИ, како Марио Миели, го напушти движењето поради ова, и се сврти кон вонпарламентарната левица, за несреќа во момент кога таа влезе во неповратна криза.

Во контекстот на затишје, кое следеше по големиот бран на класна борба во 1970тите, ние видовме фрагментација на движењето за геј ослободување, коешто се повлече во кампања за благосостојба, особено во врска со сидата во 1980тите, солидарност против хомофобичното насилство како и борбата за закони против дискриминација или подоцна признавање на цивилни права. Затоа, од една страна имаме враќање кон реформистичкиот и помирувачки приод на геј групите од 1950тите, додека од друга страна имаме ослонување на придобивките на борбата од 1970тите што еднаш за секогаш ја донесе природноста да се биде геј, со гордост и достоинство. Сето тоа ја принуди научната јавност да го смени приодот во тие години и да се прифати легитимноста на хомосексуалното поведение, а со тоа да се сруши изолацијата на борбата за геј права. На таа основа, се роди италијанското Арчи геј здружение кое имаше неколку ограноци во раните 1980ти до денес низ целата земја.

Нови теории или слепа улица?

И додека падот на движењата во 1980тите и 1990тите доведоа до демобилизација и повлекување на отворената борба, се отвори академската дебата низ целиот свет, посебно во врска со прашањето за родовиот идентитет, што доведе до тн. квир студии или квир теорија. Поимот датира од 1990. Една година порано, Џудит Батлер ја објави Родовиот проблем, што беше референтна точка за следните елаборации.

Иако таквите елаборации никогаш не се развија во општа теорија, централната точка е критиката на идејата за родов идентитет и постоењето на машко-женскиот биолошки пол во природата, а дека тие се всушност производ на хетеронормативното општество, односно општеството што ја поставува како норма (и преку односи на сила) бинарната поделба во основа на хетеросексуализираниот „дискурс“. Ова е конечната врска со редоследот на мисли со кои започнува феминистичкиот сепаратизам (против патријархалното општество, со поставување на жените против мажите), па оди низ лезбејскиот сепаратизам (жената не треба да се потврдува повеќе зашто е дефинирана како жена во однос на мажите: само лезбејките во политичка смисла можат да се побунат против идеолошки машката доминација) и што завршува како квир теорија (секоја форма на родов идентитет е резултат на хетеросексуална патријархална идеолошка доминација, затоа тие мора да се отфрлат).

Сега, за сите на кои им се забранува да се изразат слободно во врска со својот родов идентитет или својата сексуална ориентација, овие теоретизирања може и му изгледаат како радикално отфрлање на социјалните наметнувања и затоа и се привлечни. Проблемот е тој, ако се обидете да сфатите подлабоко, дека тие се само слепа улица за секој што сака да ги промени работите.

Според Батлер, родовиот идентитет не е природен туку создаден „перформативно“, односно, на основа на повторување на дела определени од општествено востановени норми и „дискурс“ [8]“In other words, acts and gestures, articulated and enacted desires create the illusion of an interior and organizing gender core, an illusion discursively maintained for the purposes of the … Continue reading) Токму овој вештачки произведен идентитет ни кажува дека во природата постојат два пола, машки и женски. Оваа теорија е позајмена од Фуко „за Фуко, телото не е ‚полово’ во било која значајна смисла пред нејзиното определување во рамки на дискурсот низ кој станува опфатено со ‚идејата’ за природен или есенцијален пол. Телото добива значање во рамки на дискурсот само во контекст на односите на сила. Сексуалноста е историски одредена организација на силата, дискурсот, телата и афективноста. Како такви, сексуалноста сфатена од Фуко за произведување на „пол“ како вештачки поим којшто ефективно ги проширува и ги замаглува односите на сила одговорни за сопственото раѓање.“ [9]Ibid. 

Така машко и женско, но и хетеросексуално, геј, лезбејско, бисексуално се само илузорни категории што се предизвикани од истиот механизм, затоа што ако биолошките полови не постојат, тогаш сексуалните ориентации исто така не постојат.

Ова е класичен пример на како делумната вистина може да се пренесе и да се отсече од реалноста и да се дотера до тој степен при што аргументите не водат никаде. Никој не го негира фактот дека свеста на личноста е силно под влијание на социјалниот контекст во кој се развива. Сепак, почнувајќи од овој точен аргумент, која е смислата да се негира постоењето на машкиот и женскиот пол, со сите свои анатомски и биолошки разлики? [10]Не е целта на оваа статија да се постават основите на родовиот идентитет. Од материјалистичка гладна точка … Continue reading Ова има смисла ако се придвижиме на пример од светот на академски хипотези кон медицинските терапии или на бременоста или доењето. Уште понатаму, дури и јас да тврдам дека мојата свесност (а според тоа и начинот на кој го доживувам мојот родов идентитет) е одредена од општествените услови во кои живеам, дали тоа значи дека е помалку реална? Не, тоа е рефлексија на моите реални услови на егзистенција, и природна и општествена, и ќе еволуира како што општеството еволуира.

Но, пред се, кога станува збор за оваа теорија, како можам да се борам за сексуално ослободување? Да кажеме најпросто, не можам. Да ја цитираме Батлер повторно: „Затоа, силата не може да се повлече или одбие туку само да се прераспредели. Навистина, според мене, нормативниот фокус на геј и лезбејската практика треба да биде на субверзивно и пародично прераспоредување на силата наместо на невозможната фантазија за целосна трансцеденција“. [11]Ibid. Значи, најдобро што можеме да направиме е пародија, карикатура на родовите идентитети, да покажеме дека тие не постојат во природата, но навистина, се производ. Со таквото дело ние ќе сме покажеле дека родот не постои и дека потоа има можност за „пролиферација на родовите конфигурации надвор од ограничувачките рамки на маскулинистичката доминација и наметната хетеросексуалност“. [12]Ibid. Се тресла гората, се родило постмодерно глувче: можам да согледам родово угнетување, но ја напуштам класната анализа на општеството и така не можам да видам причина за ова угнетување; потоа го издигам угнетувањето (т.е. Еден единствен апсект на угнетувањето, хетеросексуалната сила) на метафизички ентитет од кој се зависи, па појма немам како да го симнам од власт; единствениот облик на субверзија кој ми останува е да паднам во субјективизам во кој ја одрекувам стварноста и тврдам дека секој може да си ја измисли својата реалност, без да се промени било што надвор од мојата свесност.

Не е ни чудно што владејачката класа не се плаши од овие теории. Исто време јасно е дека овие теории имаа малку или ништо вон академските кругови и дебати. Сите тие кои осеќаа дека треба да се борат за своите права во вистинскиот свет подобро е да се наоружат со појасни теории и облици на борба.

Тука можеме да ја анализираме и идејата за интерсекционалност (пресечност), која стана многу популарна последно време помеѓу некои слоеви во движењето. Тоа означува, повеќе или помалку, дека во општеството постојат неколку облици на угнетување (основани на род, раса, класа, сексуална ориентација итн.) и дека сите тие се испреплетени и се пресекуваат трансверзално, па затоа и трансверзалната природа на движењата и можноста за сплотување заедно во коалиции.

Батлер самата истакнува дека потребата за слабеење на универзалната категорија на „жена’ потекнува од „ критицизмот од жените кои тврдат дека категоријата на жена е нормативна и екслузивна и е произведена со неозначени димензии на недопрени класни и расни привилегии“. [13]Ibid. Точно! Навистина, родовата угнетеност не е иста за работничките и за буржоаските жени, а борбата за ослободување на жените, кога се потегнува прашањето за привилегиите на владејачката класа, води кон поделба на класни линии со буржоаските жени, затоа што тие треба да ги бранат своите материјални класни привилегии, дури и да останат потчинети на своите (буржоаски) сопрузи дома.

Истото го гледаме и во ЛГБТ движење кога влегуваме во сферата на економски борби (за станови, работа, здравствена заштита итн.) што е тоа што ги прави цивилните права конкретни. Тоа едноставно ни укажува дека фундаменталната контрадикција на општеството, класната контрадикција, е таа што ги одредува рамките во кои ние се бориме и дека само со зајакнување на класната борба до рушење на капитализмот може да понудиме перспектива за победа на движењата што се борат против многу форми на угнетување присутни денеска во општеството.

Ако ја напуштиме идејата за класната борба како централна за се, што ни преостанува друго? Ние имаме постојан – и нецелосен – стремеж за градење на коалиции помеѓу различните движења (ЛГБТ, антирасистичко, зелено, итн) со различен состав и рамнотежа, во зависност од која од овие е најсилна во дадениот момент. Во постмодерниот светоглед, овој приод е еднаков како и да се редефинира идентитетот на учесниците: „Отворена коалиција, потоа ќе ги потврди идентитетите што се институтирани наизменично и ќе се признаат согласно на целите при рака; тоа ќе биде отворен собир што овозможува повеќекратни конвергенции и дивергенции без покорност на нормативните телоси од дефиниционите ставови.“ Така, иако мојот идентитет може да се промени при секоја прилика, според составот на собирот или што и да го одредува, не е ни чудно што луѓево се толку конфузни за ова…

Не изненадува тоа што овие теории се зацврстија во период на затишје на класната борба, кога главната референтна точка – работничката класа – ја нема и не можат да понудат реална можност за рушење на капитализмот и со тоа на сите форми на угнетување што тој ги создава и ги одржува. Подемот на класната борба, како и секогаш, ќе има разбиструвачки ефект и во идеолошката сфера.

Цивилните права за време на кризата на капитализмот

По 2000 година во многу земјисе носат закони против дискриминација и за цивилни права, од геј бракови до цивилни партнерства. Овие важни достигнувања се освоени благодарејќи на постојаните притисоци на дел од геј активистите и на растечката поддршка во општеството за рамноправност, вклучувајќи ги хетеросексуалните мажи и жени. Денес знамето на цивилните права не го носи само левицата туку и некои делови на капиталистичката класа и на нивните политички претставници: имаме Меѓународен ден против хомофобијата промовиран од ЕУ, имаме резолуции прифатени во Обединетите Нации за ова прашање итн.

Не можеме, сепак, да гаиме илузија или да имаме најесен приод кон било што од ова. Овие „либерални“ влади и „просветлените“ сектори на буржоазијата се истите тие луѓе кои поддржуваат диктатури во различни делови на светот каде геј и лезбејките се бесат или обезглавуваат. Така, сега ја гледаме американската влада – и под Обама и Трамп – како ги вооружува Саудиска Арабија. Истото е и со главните европски држави, додека го легализираат геј бракот, истовремено го поддржуваат режимот на Ал-Сиси во Египет, што освен апсењата, убиствата и мачењата на политичките опоненти, води груба кампања на репресија против геј луѓето. Оваа хипокризија може да се користи за реакционерни цели и одбраната на ЛГБТ луѓето може да се искористи како изговор за поддршка на империјалистички политики. Ова е јасно во случајот кога ни велат дека Израел е земја на Блискиот Исток со најпрогресивна легислатива на ЛГБТ правата. Дали тоа го авторизира Израел да врши масакри, да бомбардира и да наметнува ембарга врз палестинците, чија администрација се помалку заинтересирани за легислативата на цивилните права? Во Холандија, владата ги користи ЛГБТ правата да ограници „хомофобна“ имиграција, дури и со влезен тест во холандските амбасади низ светот. Ако изгубиме претстава за целата слика, посебно ако ја изгубиме класната перспектива, многу брзо завршуваме во таборот на реакцијата, како што некои ЛГБТ групи за права и направија за да придобија некои врски со власта и со големо задоволство да зажмират на тоа што нивната осојузена влада го прави. [14]На англиски извештајот е тука: https://paper-bird.net/2016/11/02/ selling-out-the-gays-and-governmentality

Од гледна точка на буржоазијата, постои и економска и политичка оправданост да се направат отстапки за цивилните права. Економски, ЛГБТ луѓето се просто дел од пазарот, па така геј френдли компаниите можат да привлечат повеќе муштерии. Икеа нема проблем да стави слики на машки парови во својот каталог, сѐ додека тие имаат пари да ја купат кујната. На ист начин, нема проблем да се вклучат и разведени родители во својата реклама, сѐ додека имаат пари да го купат мебелот со две спални соби за детео, за да имаат исто во двата дома. Невработените геј луѓе, од друга страна, мораат да живеат со фактот дека тие не постојат во светот на рекламите, исто како што не постојат и хетеросексуалните невработени луѓе.

На политичкиот фронт, сепак дел од владејачката класа се обидува да го разводни полето на можен социјален конфликт, придобивајќи ја страната што може да се апсорбира во системот и барајќи поддршка од умерените лидери на ЛГБТ движењето, додека во исто време промовирајќи ксенофобија, антиработништво, драконски мерки за штедење и кастрење на клучните сектори.

Така можеме да видиме како, соочени со кризата на семејството и затоа што постои притисок од долу, едно крило на владејачката класа прифати легално признавање на геј паровите, додека во исто време ги туркаат геј луѓето назад кон фундаменталната улога на семејството во капиталистичкото општество, а секако и поддршка за идеолошкиот светоглед на буржоазијата. Тогаш, имаме промоција на геј браковите, којшто, сепак мора да се прилагоди на моделот на моногамно семејство. Тоа води, во некои случаи, кон репликација на машко женските родови улоги во рамки на геј паровите, вклучувајќи ја поделбата на задачите за домашните работи и сите традиционални буржоаски вредности.

Дали тоа значи дека го потценуваме прашањето на цивилните права? Апсолутно не. Ние се бориме за целосно признавање и примена на цивилните права, особено полна рамноправност за семејството и индивидуалните права, без оглед на родот и сексуалната ориентација. Тука е правото на брак и посвојување (кое треба да се примени и на поединци, исто така) и посвојување на дете од партнерот исто и за геј паровите.

Сепак, не смее да губиме предвид целата слика и не смее да заборавиме на која страна од барикадите сме во класната борба.

Ете затоа помеѓу прават што ги браниме не го имаме предвид легализацијата на сурогатството, за кое сме против, затоа што под капитализмот неопходно вклучува создавање на пазар на жени кои, поради економски потреби, ги продаваат своите тела и се подложуваат на големи трауматични искуства како поминувањето низ бременоста и отстранување на новороденчето, со сите психолошки и физички последици што тоа ги остава. Не се сомневаме дека постојат случаи каде тоа се прави доброволно, како „подарок“, но предоминантната општествена стварност е многу поразлична од ова и не можеме да го прифатиме тоа.

Треба да го нагласиме и фактот што желбата да се има биолошки потомци, или идејата дека емотивната приврзаност кон детето е потреба поврзана со биолошкото родителство ни се тропа за потребата да се пренесе приватната сопственост низ моногамното семејство, кое не постоело пред поајвата на приватната сопственост:

„Вие белите луѓе“, кажа Индијанецот на мисионерот, „ги сакате само вашите сопствени деца. Ние ги сакаме децата од кланот. Тие припаѓаат на сите луѓе и се гружиме за нив. Тие се коска на нашата коска, месо на нашето месо. Ние сме им сите татковци и мајки. Белите луѓе се дивјаци; тие не ги сакаат своите деца. Ако децата се сирочиња, луѓето треба да бидат платени за да ги гледаат. Не знаеме за такви варварски идеи“. [15]M.F. Ashley Montagu, Marriage: Past and Present, a Debate Between Robert Briffault and Bronislaw Malinowski, Boston, Porter Sargent Publisher, 1956, p. 48.

Револуцијата и ослободувањето

Ние се бориме за признавање на цивилните права, а добредојдени ни се со ентузијазам кога се гарантираат и под капитализмот. Но, мораме да сме свесни на фактот дека во моментот на заострување на класната борба владејачката класа ќе биде турната на пореакционерен приод и затоа ќе го одземат сето тоа што го гарантирале претходно. Да се потсетиме дека Клинтон му претходеше на Трамп, Макрон на Ле Пен, доколку не ги спречи работничката класа. Ниедна придобивка не е освоена за навек, особено ако остане во рамките на капитализмот.

А таму каде се промовирани овие закони, дали навистина целта им е геј луѓето и хетеросексуалците да се експлоатираат подеднаково? Што можам да правам со цивилното право ако нема дом или работа, ако здравствениот систем е во состојба на колапс и немам пари за медицинска грижа за мене и своите, што ако немам ни жителство? Каква е користа од геј бракот ако сета моја енергија и време треба да го посветам на газдата и да се вратам потполно исцрпен дома?

Кога ќе влеземе во сферата на секојдневните проблеми, се отвора класната поделба во рамки на ЛГБТ движењето, бидејќи секодневниот живот варира многу во зависност на која класа припаѓаме. Ова јасно го видовме во Италија за време на мобилизацијата 2016 година во корист на цивилните партнерства, каде масовната основа на движењето, составена од млади луѓе, привремено вработени и студенти, беше порадикална отколку лидерите (меѓу кои е Арчи-геј), кои ја посматраа мобилизацијата како средство за придобивање поддршка за новиот закон, а и можност да се притисне малку десницата во парламентарната група на Демократската партија. Она што тогаш го видовме е отфрлање на барањето за присвојување на дете од партнерот и ограничување на реформите. Лидерите на движењето го прифатија компромисот, но обичното членство бараше повторно активирање на протестите.

Овој раздор помеѓу лидерите и масата на протестирачи беше очигледна кога ние интервениравме во движењето, со повик за генерализација на борбата против владата на Демократската партија да ги вклучи борбата за работа, домување и благосостојба. Мнозинството од протестирачите со ентузијазам ги прифатија нашите слогани, додека лидерите – некои и дел од демократската партија, кои организираа собири за да покажат колку многу им се драги цивилните права – гледаа посрамотени и повикуваа да не се претерува. На овие луѓе не може да им се довери водството во борбата за нашите права.

Ние гледавме полни плоштади каде тие бараа целосни цивилни права за сите, и тоа не само ЛГБТ луѓе туку и хетеросексуалци, а видовме и како борбата за цивилни права веднаш се поврза со борбата за домување, работа и здравствена заштита. Такво единство може да биде победоносно. Она што е потребно кај ЛГБТ движењето е да се развие по класна линија, со целосна интеграција во работничкото движење и синдикалното движење да развие револуционерна програма.

Треба да го срушиме капитализмот, да се ослободиме себе си од владејачката класа, да ги преземеме производните извори и богатство и да ги користиме плански и хармонично, не за профити на малкумината туку за колективните потреби на општеството. Домашната работа треба да се социјализира; а воспитувањето и образованието мора да биде со висок квалитет. Секому му следува правото на дом; работните часови мора да се намалат за секој да има време и енергија да го живее сопствениот живот.

На оваа материјална основа може да ја срушиме моралноста што ја пренесува буржоазијата во смисла на структурата на семејството и сексуалната ориентација. Ќе можеме да ја фрлиме патријархалноста и хомофобијата во ѓубриштето на историјата, а ќе бидеме слободни да живееме како посакуваме и секој ќе може слободно да ги изразува своите сексуални и емотивни чувства. Одлуката како ова ќе го направиме, каков облик на семејство и какви семејни врски ќе се гаат, е задача која им припаѓа на идните генерации.

превод LGBT: Liberation and Revolution Автор: Алесио Маркони, уредник на Риволуционе

Референци:

Референци:
1 Извор: ИЛГА, Извештај за државно спонзорирана хомофобија 2017
2 Цитатот е само како дополнителен аргумент за дифузија на хомосексуланото однесување во животискиот свет, што е присутно во природата, но не е конклузивно затоа што разликите помеѓу човечкото и животинското социјално и емотивно поведение. Да цитираме уште една од овие студии, издадена под наслов „Против природата?“ на Природно-научниот музеј во Осло, „хомосексуалноста… е забележана кај повеќе од 1500 животински видови, а добро документирана кај 500 од нив, но вистинскиот обем е сигурно многу поголем.“
3 Види: Eva Cantarella, Bisexuality in the Ancient World, Yale University Press, 2002.
4 За овој обид, и неуспехот види Wilhelm Reich, “The Struggle For a ‘New Life’ in the Soviet Union,’ in The Sexual Revolution, 1936. Види исто така Leon Trotsky, Problems of Everyday Life, и поглавјето ‘Family, Youth and Culture’ во The Revolution Betrayed.
5 Цитат од Gianni Rossi Barilli, Il movimento gay in Italia (на италијански). Feltrinelli, 1999, p. 51—52.
6 Ibid., page 59.
7 Цитат од Fabio Giovannini, Comunisti e diversi: il PCI e la questione omosessuale, Edizioni Dedalo, 1980, p. 72.
8 “In other words, acts and gestures, articulated and enacted desires create the illusion of an interior and organizing gender core, an illusion discursively maintained for the purposes of the regulation of sexuality within the obligatory frame of reproductive heterosexuality.” (Judith Butler, Gender Trouble, Routledge, 1990
9, 11, 12, 13 Ibid.
10 Не е целта на оваа статија да се постават основите на родовиот идентитет. Од материјалистичка гладна точка се ограничуваме на она што е потребно за развивање на мешавината од природни (физички и биолошки), психолошки и општествени елементи.
14 На англиски извештајот е тука: https://paper-bird.net/2016/11/02/ selling-out-the-gays-and-governmentality
15 M.F. Ashley Montagu, Marriage: Past and Present, a Debate Between Robert Briffault and Bronislaw Malinowski, Boston, Porter Sargent Publisher, 1956, p. 48.
ВестиИнтернационала

Интернационален марксистички универзитет 2022

Баукот на инфлацијата натежнал над светскиот капитализам, притискајќи ги масите низ целиот свет. Основите животни трошоци како храна и гориво се вртоглави, а тоа предизвикува големи социјални ерупции, како востанието во Казахстан во јануари.
Десничарските економисти како монетаристите ги обвинуваат работниците за „спиралата плати цени“, одбивајќи да го покажат со прст вистинскиот виновник за инфлацијата: капитализмот.Да се избегне целосен крах како последица од пандемијата, капиталистичките влади трошат илјадници милијарди на стимулуси и финансиска помош. Но, сега е пореметена економската рамнотежа, што води кон нестабилност и експлозивност во глобалната економија. Во меѓувреме, војната и хаосот од ланецот на понудата ги притиснаа цените на многу клучни стоки.
Сево ова е показател на границите на обидите да се управува и реформира капитализмот. И покрај вуду економиката на Кејнизијанците и т.н. Модерна монетарна теорија, не можеш да ги трошиш парите што ги немаш без последици.
Решението не е плеткање со понудата на пари туку со демократско поседување и социјалистичко планирање на производството, водено кон човековите потреби, а не со максимирање на профитите за неколку паразити.
Регистрирај се веднаш на International Marxist University 2022 – на повеќе јазици, 4 дневен настан организиран од Интернационалната марксистичка тенденција, посветен на дискусија на темелните идеи на марксистичката теорија и како да ги користиме за да го промениме светот.
Пријави се на university.marxist.com
#IMU22 #marxism #socialism #communism #revolution

ВестиИнтернационалаТеорија

Украинската војна: интернационалистички класен став –  Соопштение на ИМТ

Марксистичка тенденција

Прва жртва на војната е вистината. Ова е точно и во случај со воената руска интервенција во Украина. Марксистите треба да се способни да се пробијат низ маглата од лаги и воена пропаганда и да ги анализираат вистинските причини позади конфликтот; што го предизвика и кои се вистинските интереси што лежат позади правдањето на вклучените различни страни. Над се, мораме тоа да го направиме од гледна точка на интересите на светската работничка класа.

Секако дека се противиме на руската интервенција во Украина, но тоа го правиме од сопствени причини, коишто ќе ги изложиме тука и кои немаат ништо со скандалозните лелеци и плачење на медиумите што се проституираат. Без поговор наша прва задача е да ги изложиме гнасните лаги и лицемерие на американскиот и Западниот империјализам.

Тие гласно ја отфрлаат руската инвазија на Украина врз основа на кршење на „националниот суверенитет“ и „меѓународното право“.

Овие изјави реат од хипокризија. Американскиот империјализам и неговите европски лакеи се точно оние кои имаат долга и крвава истрија на кршење на националниот суверенитет и т.н. меѓународно право.

Во потрага по нивните империјалистички цели, тие не запреа со бомбардирањето и инвазијата на суверени земји (Ирак), во колежот над цивилите (Виетнам), во организирањето на фашистички воени пучови (Чиле) и политички убиства (Аљенде, Лумумба). Тие се последните луѓе на Земјата што можат да се удостојат да говорат за добродетелите на мирот, демократијата и хуманитарните вредности.

Сиот говор за сувереноста на Украина е контрадикторен на фактот дека земјата беше под силна доминација на САД по победата на движењето Еуромајдан во 2014 година. Сите клучни полуги на економската и политичката власт се во рацете на корумпираната олигархија и нејзината влада, кои пак се марионети на американскиот империјализам и пиони во нивните раце.

Економската стратегија на Украина е под диктат на ММФ, а амбасадата на САД има главна улога во оснивањето на нејзината влада. Фактички, сегашната војна е во некој поширок контекст конфликт на САД со Русија, што се одигрува на територија на Украина.

Агресијата на НАТО

По падот на Советскиот Сојуз, Русија сериозно ослабе на меѓународната сцена. И покрај ветувањата, американскиот империјализам ја искористи ситуацијата за да се прошири кон исток, со проширување на НАТО пред границите на Русија.

Во овој контекст, американскиот империјализам се осети дека е семоќен кога во Вашингтон се прогласи „Новиот светски поредок“. Американскиот империјализам интервенираше во поранешните сфери на влијание на СССР, како Југославија или Ирак. Русија мораше и да го истрпи понижувањето од војната на НАТО во Србија. Потоа следеа низа на „обоени“ револуции за да се инсталираат прозападни влади; разместување на војници во Источна Европа придружени со воени вежби до руските граници и безброј други провокации.

По падот на Советскиот Сојуз, американскиот империјализам се осети дека е семоќен и интервенираше во поранешните сфери на влијание на СССР, како Југославија

Но сите ствари имаат свои граници. Дојде точка кога руската владејачка класа, што ја претставува Путин, кажа доста. Точката зоври во 2008 година со војната во Грузија која планираше да се приклучи на НАТО.

Русија ја искористи приликата во која американскиот империјализам претрпе пораз во Ирак и поведе брза, остра војна против Грузија со уништување на армијата (што беше тренирана и опремена од НАТО) и потоа со провлекувањето се осигура да даде поддршка на Абхазија и Северна Осетија, кои се отцепија од Грузија.

Со падот на Јанукович во Еуромајдан во Украина се бележи напредување на интересите на САД и НАТО – овој пат, руска историска краина. Ова беше преголема провокација и Русија реагираше во 2014 година со анексија на Крим – што највеќе е населен од Руси, и е дом на црноморската флота на руската морнарица во Севастопол. Тие исто така понудија воена поддршка на бунтовниците во граѓанската војна помеѓу русофонското население во Донбас и десничарскиот националистички режим на Киев. Западот протестираше, наметнуваше санкции, но немаше сериозни последици врз Русија.

Во 2015, откако беше јасно дека САД не се спремни за копнени сили во Сирија, Русија интервенираше на страната на Асад и го определи исходот на граѓанската војна. Сирија беше премногу важна за Русија затоа што е единственото пристаниште за нејзината морнарица во Медитеранот. Исходот беше огромно уназадување на американскиот империјализам во регионот што е стратешки важен за нив.

Сега, Путин виде друга можност за зацврстување на моќта на Русија. САД претрпе пораз во Авганистан. Русија исто така беше  посредник на мирот во војната помеѓу Азербејџан и Ерменија во 2020 година; интервенираше и го поддржа Лукашенко во Белорусија во 2020-2021; и потоа воено интервенираше во Казахстан на почетокот на 2022 г.

Фатална улога беа зголемените провокации од владата на Зеленски. По 2014 година кога падна Јанукович, Украина го поставуваше погласно прашањето за членство во НАТО и ЕУ. Потоа тоа беше збогатено до Уставот од 2020. Зеленски, комедијант кој стана политичар, беше избран на изборите во 2019 г. Врз основа на тоа што е непознат, некој што требаше да ја расчисти политиката, да се справи со олигарсите и да склучи мир со Русија.

Сепак, под притисок на крајната десница, а поддржан и од Вашингтон, тој се сврте со поинаква политика.

Прашањето за членството во НАТО беше поставено како приоритетно на агендата и беше присилно наметнато. Русија со рпаво ова го сметаше за закана. Може и енкој да тврди дека не е така, и дека и други земји со кои Русија дели граница се дел од НАТО. Но, тука се промашува поентата. Сегашната ситуација е точно резултат на декади на притисок на Западниот империјализам да се опколи Русија, која денес пружи отпор.

Дали инвазијата беше неопходна?

Дијалектички, квантитетот се претвора во квалитет. Ако го искористиме јазикот на физиката, се достигна критична точка каде изливот на непријателства се постави јасно на дневен ред.

Сепак има различни опции, дури и за војните. Да можеше Путин да ги оствари своите цели без да се впушта во инвазијата, со сите свои ризици и цена што следи, тој секако ќе претпочиташе да тргне во тој пат. Таква можност секако дека постоеше во прво време и нам ни се чинеше најверојатна хипотеза.

Настојчивото одбивање на Западот дури и да подразмисли за руските барања го ставија Путин во позиција или да делува согласно сопствените закани или да се симне од власт

Имаше некои индикации дека САД се подготвени за одредени отстапки. А зошто и да не? Згора, Бајден јавно кажа дека прашањето за членството на Украина на НАТО е надвор од агендата за блиската иднина. Но настаните тргнаа по друг пат.

Путин се закани со воена акција (истовремено негирајќи дека ќе ја изведе) со цел да го присили американскиот империјализам на преговори. Неговите барања беа доволно јасни: нема членство во НАТО за Украина, крај на експанзијата на НАТО кон исток и безбедносни гаранции во Европа.

Овие барања соодветствуваат точно со интересите на рускиот капитализам, па затоа се дијаметрално спротивни со тие на американскиот. Империјализмот на САД затоа и не беше подготвен за отстапи и педа на руските барања. Но, истовремено не беше подготвен да испрати копнена војска во одбрана на Украина. Заканите за санкции, коишто не се поткрепени со воена акција, природно не го натераа Путин на отстапки.

Нештата си имаат своја динамика. Кога Путин не ги доби отстапките кои ги очекуваше, не му преостана алтернатива освен да делува. Времето за играње заврши.

Која беше причината за тврдоглавото одбивање на империјализмот на САД за отстапки? Изгледа дека не се предаваа на заканите. Со тоа ќе се поткопаше авторитетот на американскиот империјализам на светска сцена. Во исто време истото беше точно и за Путин.

Настојчивото одбивање на Западот дури и да подразмисли за руските барања го ставија Путин во позиција или да делува согласно сопствените закани или да се симне од власт.  Тоа ги одреди следните настани.

Како човек што игра шах, Путин ја зеде предвид неспремноста на Западниот империјализам да интервенира директно со војска во Украина, а веќе претходно ја процени и штетата од санкциите. Со силна армија од 190 илјади војници распоредени на границата со Украина, неговиот следен потег беше преодреден.

Секоја војна на агресија си бара оправдување. За потребите на јавното мислење во Русија, Рутин се оправда со украинското гранатирање на Донецк, што го опиша како „геноцид“. Тоа е претерување, но не смее и толку лесно да се отфрли како што го направија империјалистите.

Страшното угнетување  на населението што говори руски во Донбас во рацете на украинската војска не е во прашање. Во последните 8 години, околу 14 илјади луѓе се убиени во конфликтот и големото мнозинство се цивили од областа на Донецк. Се проценува дека околу 80 отсто од гранатите се испукани од украинската армија.

Путин ја фрли ракавицата со признавање на републиките во Донбас и испраќајќи војска да ја поддржи неговата одлука. Ова беше сигнал за почеток на воениот напд врз Украина.

Кои се причините за делата на Путин?

Во сето ова, Владимир Путин природно ги штити своите интереси. Со подгревање на националистичката атмосфера тој се надева да ја поврати популарноста што ја изгуби во последно време поради економската криза, нападите врз работниците, пензионерите, демократските права, итн.

Ова делуваше во 2014 г. со анексијата на Крим и тој мисли дека може да го повтори трикот.

Тој сака да се претстави како силен маж, стоејќи им на Западот и бранејќи ги Русите каде и да се. Тој се претставува како бранител на руското население во Донбас. Ова е погрешно. Путин не се грижи за маките на народот во Донбас.

Тој ги користи Републиките во Донецк и Луганск како монета за поткусурување на своите цели со Украина. Тоа е и вистинското значење на Договорот од Минск.

Во основа, тој има илузија на империјална величественост. Се гледа себе си како да се цар, следејќи ја линијата пред 1917 година на Руската Империја и нивниот реакционерен великоруски шовинизам. Идејата дека ваков човек може да има прогресивна улога во Украина е длабоко глупава.

Рускиот империјализам

Русија не е слаба земја доминирана од империјалистите. Далеку од тоа. Русија е регионална сила, чии политика може да се опише како империјалистичка. Вистинската причина за руската војна во Украина е обид за осигурање на сфери на влијание и национални безбедносни интереси на рускиот капитал.

Безнадежниот формалист може да приговара дека Русија не ги поседува сите карактеристики што ги опиша Ленин во познатата книга Империјализам како највисок степен на капитализмот. Можеби е така, но тоа воопшто не значи дека Русија не е империјалистичка. Одговорот на приговорот може да се најде во самата книга на Ленин.

Русија не е слаба земја доминирана од империјалистите. Далеку од тоа. Русија е регионална сила, чии политика може да се опише како империјалистичка

Ленин ја опишува Русија како „земја која е многу назадна економски, каде современиот капиталистички империјализам е помешан, така да се каже, со посебно блиска мрежа на предкапиталистички односи.“ Но во исто време, тој ја смета царската Русија како една од петте водечки империјалистички нации. Ова е и покрај фактот што царската Русија беше економски назадна и некогаш не извезла копејка капитал.

Русија денес не е истата назадна, нерезвиена земја како што била пред 1917 г. Сега е развиена индустриска земја каде има голема концентрација на капитал, каде банкарскиот сектор (самиот високо централизиран) има голема улога во економијата.

Тоа не е изменето со фактот дека гасот и нафтата имаат клучна улога во руската економија. Повеќе, овие ресурси не се под контрола на странските мултинационални компании, но се во рацете на руските олигарси. Руската надворешна политика е во голема мера водена од потребата за осигурување на пазарите за своите енергенси (посебно Европа) и средства за да се испорачаат.

Точно е дека Русија не може да се смести на исто рамниште со САД. САД се уште светска доминантна империјалистичка сила неколку степени над неа. За споредба, Русија е мала или средна империјалистичка сила. Нејзината економија не е во рангот ниту на САД ни на европските империјалистички сили.

Но нема разумен човек што ќе негира дека Русија е регионална империјалистичка сила со амбиции кон централна Азија, Кавказот, Блискиот Исток, Источна Европа и Балканот.

Русија од Советскиот Сојуз го наследи нуклеарниот арсенал и последните години инвестираше во неговата модернизација, како и на армијата. Се рангира во петте најголеми воени потрошувачи на светот, а нејзината воена потрошувачка порасна за 30 отсто во последните години, а а трета земја во свет по воена потрошувачка како удел од БДП (4,3%).

Руската војна во Украина е реакционерна империјалистичка војна што не треба да се поддржи. Таа ќе има страшни негативни ефекти во Украина, Русија и интернационално. Поради овие причини ние се противиме на руската војна во Украина.

Оваа војна создава национална омраза помеѓу народите кои долго време беа обединети со блиски врски на братство, што понатаму ќе даде гориво на реакционерниот украински национализам на една страна и реакционерниот великоруски шовинизам на друга, ткаејќи монструзна поделба на работничката класа по национални, етнички и јазични линии.

Најголемата гаранција против националистичкиот отров е тој да руските работници заземат бескомпромисен став на пролетарски интернационализам, стоејќи цврсто против шовинистичкиот отров и против реакционерните политики на Путин, дома и во странство. Ставот заземен од руската секција на ИМТ е пример за истакнување.

Во нивната улога, додека се противиме на руската агресија, работниците на Украина мора да разберат дека нивната земја е бесрамно предадена од тие што се претставуваат како нивни пријатели и сојузници. Западните империјалисти се мршојадци кои намерно ги туркаат во војна, а потоа се повлекуваат и гледаат со скрстени раце како Украина тоне во крваво мочуриште. Додека ветуваат ограничена испорака на оружје, а не и војници се разбира, тоа е циничен обид да го одржуваат конфликтот со фрлање на руските сили во кал и при тоа со максимирање на жртвите од двете страни, како фачање на евтини пропагандни поени против Русија.

Говорот за санкции, воинствената реторика за „борба до крај“, а одбивање да се прати и војник да се бори за Украина, крокодилски солзи за патењето на украинскиот народ, итн, – сето ова не може да го скрие фактот дека Украина ја третираат како пион во нивната цинична игра на политика на моќ.

Украинци! Отворете ги очите и сфатете дека вашата земја е жртвувана пред крвавиот олтар на империјализмот! И сфатете дека вашиот единствен вистински пријател е светската работничка класа!

Последиците во светските односи

Војната во Украина ќе има длабоки последици во целиот свет. САД е глобално доминантна империјалистичка сила и најголема контрареволуционерна снага на планетата. Но сегашната криза ја изложи подлежечката слабост на американскиот империјализам.

Нејзината моќ постепено еродира со општата криза на светскиот капитализам, што се искажува како колосална нестабилност, војни и преврати, коишто црпат големи количини на крв и злато што не можат ни најбогатите нации на светот да ги поддржат.

Овој ужасен исход на воените окупации на Ирак и Авганистан на голо ја изложија слабоста за сите да ја видат. Ова беше еден од елементите што го натераа Путин да ја започне војната во Украина. Тој пресмета дека Американците нема да интервенираат со војска и тој не погреши во оваа проценка.

Но низа на порази во странските авантури, што беа разрушувачки скапи и ништо не решија, јавното мислење во САД немаше апетит за воена авантура. Рацете на Бајден беа целосно врзани.

Ова вешто е забележано и од Кина, којашто се појавива како моќен ривал на американскиот империјализам. Се конфронтираше со САД во многу делови од светот, а сега од страна на Вашингтон се смета за далеку поголема закана од Русија.

Кина не е веќе слаба, економски назадна, доминирана земја како што беше во 1949 г. Има моќна индустриска база и сега и цврста воена снага. Не ги прикрива своите намери кон Тајван, со кој повторно посакува да се обедини преку мирни преговори, но доколку тоа не е можно, таа може да го направи тоа со воени средства.

Украинската криза беше корисна лекција за Пекинг за границите на американската воена моќ. И иако не сака да ги провоцира своите трговски партнери на Западот со отворена поддршка на Русија – како на пример што апстинираше од гласање во Совето за безбедност при ООН – таа јасно стави на знаење дека ја обвинува САД за буткање на украинското членство во НАТО.

Кина јасно е дека има договор со Русија за ублажување на ефектите на санкциите (дополнителна причина зошто тие ќе пропаднат). Украинската криза недвосмислено ќе водат кон поблизок блок помеѓу кинескиот и рускиот империјализам во времето што доаѓа – развој што го плаши Вашингтон, како што ѓаволот се плаши од светата водичка.

Поделби помеѓи американскиот империјализам и неговите европски сојузници

Конфликтот во Украина помеѓу интересита на САД и тие на Русија на површина ги исфрлија и поделбите помеѓу Вашингтон и неговите европски сојузници, посебно Франција и Германија. Традиционално, француската буржоазија одржува некаков углед на одредена независност, со развој на свое нуклеарно оружје и грижа за своја сфера на влијание во Африка и на друго место. Во овој конфликт, Макрон се обиде да не зазема страни. Делумно тој беше мотивиран од претстојните претседателски избори. Но ставот на Париз и Берлин исто така се основа на економски интереси.

Европа е силно зависна (40 отсто) од увоз на гас од Русија. Ова е посебно случај со Германија, која што увезува 60 отсто од природниот гас од Русија, а исто има и важни инвестиции таму. Тоа е вистинската причина позади колебливоста на Германија да преземе чекори што би ја заостриле состојбата, а и колебливост за се спроведат санкции врз Русија.

Европа е силно зависна (40 отсто) од увоз на гас од Русија – Тоа е вистинската причина позади колебливоста на Германија да преземе чекори што би ја заостриле состојбата /Семјуел Бејли, викимидиа комонс

Моментот кога сегашниот конфликт ќе заврши (на еден или друг начин, ќе мора) овие санкции, и многу други, тивко ќе се напуштат, бидејќи штетниот ефект врз европската економија – на прво место, Германија – би била преболна да се издржи. Покрај спротивните изјави, Германија не може да најде алтернативни извори за нафта и гас за одржливи цени.

Германија е империјалистичка сила сама по себе, а нејзината надворешна политика е диктирана од интересите на германскиот капитал, што не се подредуваат со тие на американскиот. Германскиот капитал ја контролира Европа низ механизмите на ЕУ. За 30 години тие имаа политика на проширување на влијанието врз Источна Европа и Балканот (и играа клучна улога за реакционерното растурање на Југославија) и нејзините странски трговски врски се поблиску до Кина.

Затоа што беше поразена во Втората светска војна, на Германија се наметнаа ограничувања колку може да ја развива воената сила. Германската владејачка класа секогаш беше претпазлива да не биде видена како има непосредна улога во странските империјалистички воени авантури, иако Германија е дел од НАТО. Колебањето се скрши неодамна. Германија, со министер за надворешни работи од редовите на Земелните, прати војска во Југославија ов 1990тите. Додека се противеше за инвазијата врз Ирак во 2003 година, таа испрати војска во Авганистан.

Сега, германскиот капитал под изговор со војната во Украина тргна со масивната програма за воено трошење. На крајот секоја империјалистичка сила има потреба да си ја усогласи економската моќ со соодветна воена моќ.

Секако, главниот непријател на американскиот империјализам не е Русија туку Кина и постои јасна политика кон Азија од страна на Вашингтон. Во овој конфликт, Кина се стави на страна на Русија. Во исто време кинеските интереси не се идентични со тие на Русија. Кинескиот империјализам ги брани интересите на кинеските капиталисти, каде е заштитата на нејзиниот извоз на пазарите на Западот. Поради таа причина, Кина не сака да се појави јавно како одговорна за постапките на Русија, иако ги поддржува.

Апсолутно не станува прашање за нова светска војна помеѓу САД и Русија, или помеѓу САД и Кина, делумно поради заканата од нуклеарна војна, но исто и поради одлучното противење на масите од таква војна. Капиталистите не водат војна за патриотизам, демократија или други милозвучни принципи. Тие водат војна за профит, за освојување на странски пазари, извори за суровини (нафта) и проширување на сферата на влијание.

Но нуклеарна војна би значела вземно уништување. Тие имаат и скроено израз на англиски за тоа MAD (лудо, од mutually assured destruction). Дека таква војна не е од интерес за банкарите и капиталистите е јасно само по себе.

Економските последици

Друг важен аспект на прашањето е влијанието на војната во Украина и Западните санкции кон Русија на светската економија.

Веќе при крајот на 2019 година светската економија се движеше кон нова криза. Како што се враќаме во некоја нормалност по шокот на пандемијата, и ситуацијата е екстремно кршлива.  Ретко која земја се опорави на ниво на производството пред пандемијата. Светската економија е избраздена со многу контрадикции. Било каков шок може да ја турне во рецесија.

Кризата во Украина веќе доведе до силен скок на цените на енергенсите, а можеби ќе се влошат. Тоа подава притисок за инфлација на светската економија и на другите фактори што работат кон перспектива на стагфлација, односно на економска стагнеција во комбинација со повисоки цени. Некои буржоаски економисти пресметаа дека конфликтот ќе сруши 0,5 отсто од БДП во Еврозоната и Британија во 2023 и 2024 година. И тоа во време кога прогнозата за раст е доста загрижувачка.

Состојбата може да се влоши брзо. Санкциите веќе удираат по руската економија. Последните извештаи велат дека има остар пад на вредноста на рубљата, што ја принуди централната банка на покачување на каматната стапка. Има големо зголемување на инфлацијата и маса на потресени луѓе ги повлекуваат своите пари од банките. Берзата во Москва исто така се затвори.

Овие резултати се поздравени со возхит од Западните коментатори, кои го игнорираат фактот дека нивните бези исто регистрираат загуби, а цените вртоглаво растат. Сепак, брзите ефекти врз Русија наскоро ќе попуштат, а нешто како рамнотежа и ќе се воспостави. Истото не може да се каже за светската економија.

Санкциите се меч со две острици. Убедени сме дека Русија ќе се одмазди за санкциите. Ќе се закани со отсекување на снабдувањето со гас за Европа, а Медведев најави и закана за експропријација на Западните интереси во Русија.

Ставот на работничкото движење

Војната ги става сите тенденции на работничкото движење на тест, а како што може и да се очекува, реформистите и социјал демократите поитаа да се приклучат на својата владејачка класа, и постанаа најсилни бранители на санкциите врз Русија. Левите реформисти на Западот се поделија во два табора: некои отворено се приклучија на владејачката класа, под слоганот „подалеку од Украина“; други потпаднаа под импотетен пацифизам, со повик за враќање на митското владеење на „меѓународното право“ и со надеж дека „дипломатијата“ ќе ја спречи војната.

Во Русија, лидерите на Комунистичката партија, како што може да се очекува, капитулираа на нивната владејачка класа и целосно ја поддржа Путиновата империјалистичка интервенција. Другите од левицата застанаа позади либералите, претставувајќи друга секција на владејачката класа.

Ставот на револуционерните марксисти треба да е јасен: принципиелен став базиран на класен интерес на линијата дека „главниот непријател на работничката класа е дома“. Нема никаква доверба во НАТО или Западните империјалистички гангстери, а посебно е точно за работниците и  социјалистите на Западот.

Задачата за борба со реакционерната банда на Кремљ е само задача на руската работничка класа. Задачата на револуционерите на Западот е борба против сопствената буржоазија, против НАТО и против амриканскиот империјализа, – најконтрареволуцонерната сила на планетата.

Не може да дадеме поддршка на било која страна во оваа војна, затоа што е реакционерна војна на обете страни. Во крајна анализа, тоа е конфликт помеѓу две групи на империјалисти. Не ги поддржуваме ни едните ни другите. Народот на сиромашната крвава Украина е жртва на овј конфликт, кои тие не го создадоа и не го посакуваат.

Единствената алтернатива на овој карневал на реакционерство и страдање во војна за украинските работници и младина е политика на класно единство против украинските олигарси, како и против империјализмот на САД и Русија. Националното прашање во Украина е екстремно сложено и секој обид да се реши на основа на национализам *било тој да е украински или проруски) сигурно ќе резултира со распад на земјата, етничко чистење и граѓанска војна, како што веќе видовме.

Конечно, капитализмот, во епоха на сенилен пад, значи војна и економска криза. Единствениот излез од овој хорор е работничката класа да ја зеде власта, во една по една земја, и да го исчисти скапаниот систем. За тоа е потребно револуционерно лидерство – такво коешто се основа на принципите на социјалистичкаиот интернационализам. Најитна задача на денот затоа е внимателна работа при градењето на силите на марксизмот, во градење на Интернационалната марксистичка тенденција.

Лондон, 28 февруари 2022 година

The Ukrainian war: an internationalist class position – IMT Statement

ВестиДемократијаЕвропаИнтернационалаОпшто

Украинскиот конфликт: Дали е ова почетокот на Трета светска војна?

Во прилог се новости за ситуацијата во Украина напишани од Алан Вудс (уредник на marxist.com). Од почетокот на руската инвазија грст пропаганда се напумпа во Западните медиуми со кои се предизвика длабока хистерија, а сега весниците говорат и за опасност од Трета светска војна. Во меѓувреме, империјалистичките водачи продолжуваат со  отвратното лицемерие во нивната осуда на Путиновото „прекршување на националниот суверинитет на Украина“, како никогаш да не војувале за сопствените интереси во минатото. Марксистите мора да ја пресечат циничната порака за „патриотизам“ и „национално единство“ со продолжување на борбата против сопствените владејачки класи во секоја земја.

Сликa: Во одбрана на марксизмот

Безброј пати е кажано дека првата жртва на војната е вистината. Помеѓу оваа отровна магла од пропаганда, лаги и полувистини, многу е тешко да се даде точна проценка за воената состојба на терен.

Инвазијата на Украина беше дочекана со заглушувачка хорска осуда од империјалистите. Има лавина од пропаганда, дизајнирана да ја фрли целата вина на Русија и да покаже дека Путиновата воена офанзива не успеала поради херојскиот отпор на украинската армија.

Повторувачките тврдења дека руската офанзива е сопрена и дека украинската армија го зби и натера непријателот во дефанзива мора да бидат земени со голема резерва. Што и да сакаа да прикажат, сигурно не е прикажување на точната и вистинската слика за ситуацијата.

Но целта на заглушувачкиот хор не е да ги охрабри луѓето да размислуваат рационално. Туку сосема спротивното, да ги направи глуви за секој рационален аргумент и да го загуши размислувањето како процес. Оваа, без преседан, пропагандна буица е дизајнирана да создаде атмосфера на хистерија, и во ова, постигнаа прилично голем успех – барем во почетната фаза.

Главната цел е да се убеди населението на Запад од потребата да не се биде критичен; да се „обединиме против заканата од руска агресија“ во име на националното единство.

Но, обединување со кого? Зошто обединување со нивните постоечки лидери и влади, и со Американците и НАТО – со други зборови, со нивната владејачка класа и најагресивните и реакционерни империјалистички сили?

Семјуел Џонсон има кажано: „Патриотизмот е последното упориште на никаквецот.“ Тоа беше кажано во 18-от век и денес не е ништо помалку од точно. Гребни било кого од овие „патриотски“ дами и господа и секогаш ќе го откриеш најциничниот, лажлив, расипан измамник што може да биде замислен.

Најодвратната улога во сето ова се одигрува од десничарските реформистички лидери на социјал-демократијата и синдикатите во Европа, кои воопшто не губеа време еуфорично да им се придружат на капиталистите и империјалистите во нивната хистерична антируска кампања. Се открија себеси како најсервилните лакеи на непријателите на работничката класа во секоја земја.

Што се однесува до левите реформисти, нивната улога не е нешто многу поразлична. Горе-долу, си дозволија да бидат довлечкани позади хорот кој извикува „спасете ги кутрите мали Украинци“, без воопшто да се трудат да го анализираат класниот интерес што стои позади сегашниот конфликт.

Трета светска војна?

Доминантното расположение помеѓу населението на Запад е конфузна мешавина од човечка симпатија за страдањата на Украинците и бегалците, и страв од проширување на конфликтот кој би довел до Трета светска војна, со незамисливи последици по светот.

Овие стравови беа дополнително засилени со последните изјави на рускиот претседател Владимир Путин, ставајќи ги нуклеарните сили во состојба на готовност. Како и да е, таквите стравови немаат никаква основа во реалноста. Да кажеме јасно и гласно: нема да има војна помеѓу Соединетите Држави и Русија – ни сега, ниту во некоја блиска иднина.

Капиталистите не водат војна за патриотизам, демократија или друг, убав на увце, принцип. Тие водат војна за профит, за освојување на странски пазари, извори на суровини и за проширување на сферата на влијание.

Да повториме некои работи кои треба да бидат азбука за секој марксист. Капиталистите не водат војна за патриотизам, демократија, или кои било други, убави за уво, принципи. Водат војна за профит; да освојат странски пазари, извори на суровини (како нафта); и да ги прошират сферите на влијание.

Дали оваа елементарна работа уште не е јасна? И дали уште не е сосема јасно дека нуклеарна војна ги поништува сите овие работи и доведува само до взаемно уништување на двете страни. Тие имаат дури измислено и фраза за да се опише ова: МАД (на англиски акронмот значи луд, Mutually Assured Destruction Взаемно Загарантирано Уништување).

Дека таква војна не би била во интерес на банкарите и капиталистите, му е јасно и на не толку интелигентно дете од шест години; иако, како што се чини не им е јасно на некои луѓе кои, за причини само ним познати, се нарекуваат марксисти.

Друг одлучувачки фактор е масовното спротивставување на војна, посебно (но не исклучиво) во Соединетите Американски Држави. Неодамнешна анкета покажува дека само 25 проценти од популацијата на САД ќе поддржи директна воена интервенција во Украина, што значи дека огромно мнозинство ќе биде против војна.

Ова не е воопшто изненадувачко, имајќи ги во предвид понижувачките порази во Ирак и Авганистан, факт што се има врежано во колективното сеќавање на народот во Соединетите Држави. Тоа се виде и кога Обама проба – и не успеа – да добие дозвола, воено да интервенира во Сирија.

На народот во САД им е смачено од интервенции во странство и војни, и ова е силен фактор што го ограничува просторот за маневри, било на Бајден, или тој на Пентагон. Ова е причината, а не некој страв од Трета светска војна, поради која се спречени да пратат трупи во директна конфронтација со руската армија во Украина.

Фактот што Путин имаше демагошки изјави дека ќе ги стави неговите нуклеарни сили во готовност, нема никакво воено значење. Ова потполно го знаат стратезите на капиталот и Пентагон, кои го гледаат ова како што навистина е – несмасен обид за психолошка војна.

Патем, и САД се виновни за потполно ист обид во 1973 година, за време на Јомкипурската војна помеѓу Израел и Египет, кога исто така објавија дека нивната нуклеарна готовност ќе биде подигната на ниво три (ниво еден би значело нуклеарна војна).

Такви маневри може да ги подигнат нервите во Берлин и Брисел, но нема да имаат никаков ефект врз постоечкиот конфликт во Украина, ниту пак за калкулациите на сериозните стратези на капиталот.

Дали санкциите ќе функционираат?

Откако веќе ја отпишаа можноста да пратат војски во Украина – единствениот сериозен чекор кој може да влијае на резултатот од конфликтот – империјалистите мора да се задоволaт себеси со евтини поентирачки пропагандни поени преку хистерична кампања од навреди упатени кон Москва, покрај новите санкции против руските банки и бизниси, и праќање на одредена количина на воена помош до Киев.

Ништо од ова нема да има ниту најмал ефект на резултатот од војната.

Можеме сигурно да предвидеме дека кога сегашниот конфликт ќе заврши и овие санкции ќе бидат напуштени, заради далеку потешкиот ефект што го имаат врз европската економија / слика Семјуел Бејли, викимидиа комонс

Толку многу фалените санкции нема да успеат: прво, затоа што санкциите никогаш не успевале во минатото, и затоа што Путин веќе воведе серија на мерки специјално дизајнирани да ја намалат руската зависност од трговија и финансиски трансакции со Западот.

Во било кој случај, за ефектите од економските санкции ќе треба време да проработат – месеци, ако не и години – а дотогаш украинскиот конфликт ќе биде завршен.

Но, има друга причина, која треба да му е јасна дури и на полуписмен човек. Моментално, се фалат и кочоперат со исклучувањето на руските банки од Свифт системот, финансиската институција што се занимава со трансакции во меѓународната трговија. Но, првично, само некои банки ќе бидат исклучени. Сосема е јасно дека тие банки што се занимаваат со извозот на руската нафта и гас за Европа нема да бидат засегнати.

Со влечкање до последен момент, Германија кажа дека ја стопира дозволата за гасоводот: Северен тек 2. Да бидеме прецизни, не е баш стопирање, туку само суспензија, што воопшто не е исто. И со голема сигурност може да предвидиме дека во моментот кога конфликтот ќе заврши (на еден или на друг начин, мора да заврши), оваа санкција, и многу други, тивко ќе бидат спуштени, затоа што штетните ефекти кон европската економија, првенствено кон Германија, ќе бидат преголем товар за носење.

Без разлика на сите спротивни тврдења, Германија не може да најде соодветни алтернативни извори на нафта и гас по одржливи цени. А како што знаеме, принципите се принципи, но бизнисот е бизниз. Неочекуваната одлука да пратат оружје во Украина – нешто што Германците отсекогаш го одбивале – е особено цинична акција. Тоа е премалку и предоцна за да се сопре напредокот на Русите. Но ова може значително да помогне да се издолжи болниот и крвав конфликт и страдањето на луѓето, нешто за кое што Западот тврди дека е нивна една и единствена грижа.

Нема причина да постои сомнеж за искреното чувство на солидарност со страдањето на украинскиот народ почувствуван од работниците насекаде. Кога руски, германски, француски или американски работник покажува симпатија кон Украинците, може да им се верува. Но кога Бајден, Џонсон, Макрон или Шолц го прават истото нешто, на чесните луѓе може само да им се слоши од тоа.

Одвратното лицемерие на империјалистите не познава никакви граници.

Дали офанзивата не успеа?

Империјалистичката пропагандна машинерија инсистира дека Путин не успеал во својата цел и дека напредувањето на руската армија е стопирана од херојскиот отпор на украинската армија. Во недостаток на било какви веродостојни информации, тешко е да се потврдат фактите. Но такви изјави не можат да бидат земени здраво за готово.

Прво што мора да се истакне е дека досега се распределени само мал дел од вкупно 190.000 војници што беа стационирани на границата со Украина. Бавното темпо може да се објасни со потребата да се донесат залихи од гориво, муниција, храна итн., и да се превенира тие линии на снабдување од Русија да не се истегнат до опасно ниво. Украина, покрај сѐ, е многу голема земја.

Далеку од повлекување, се покажува дека руската армија напредува без прекини во фази, со заземање на една клучна точка по друга / слика Вјуриџ, викимидиа комонс

Исто така треба да биде забележано дека, во секоја фаза кога армијата имаше застој, Путин се нудеше на преговори. Ова се чини дека е намерна стратегија. Сигурно се има надевано дека самиот факт што има инвазија ќе биде доволно за да ги седне Украинците на преговарачка маса, каде што ќе им ги соопшти неговите барања. Имаше одредени навестувања дека оваа стратегија, всушност и успева.

Во петокот вечерта, имаше јасни индикации дека украинскиот претседател Владимир Зеленски беше подготвен да преговара. Беше јасно дека е во состојба на паника. Како и да е, комбинираниот притисок од екстремните десничарски елементи и НАТО и Американците, беа доволни за да го промени мислењето. Како резултат на тоа неговиот став се трансформира во пркосење. Тоа значи дека војната ќе продолжи.

Секако, сосема e веројатно дека руската армија се соочува со одредени пресврти; дека одреден дел од украинската армија се опоравил од почетниот шок и се реорганизира до ниво кое пружи поуспешен отпор.

Ова е сосема веројатно. Математиката на војната е екстремно комплицирана; поразите може ненадејно да бидат проследени со напредок, и обратно. Но не е доволно да се земаат само индивидуални примери како доказ дека целокупната кампања се движи во една или во друга насока. На крај на краевите, балансот на сили е тој што ќе го одлучи резултатот од војната. А тоа е убедливо во корист на Русија.

Далеку од повлекување, сѐ укажува на тоа дека руската армија непречено напредува во фази, освојувајќи цел по цел. Руските сили го опколуваат главниот град Киев од различни страни, и исто така го опколија и вториот град по големина, Харков. Од Крим напредуваат кон север и северо-запад, до Миколаив; и исто така кон северо-исток, по брегот на Азовско Море, каде што ги зазедоа Мелитопол и Бердианск, и речиси успеаја да го отсечат клучниот град Мариупол, поврзувајќи се на тој начин со силите што доаѓаат од југ, од Донецк.

Во исто време, Русите сѐ уште вршат притисок за преговори. Тоа е јасно дека е дел од планот. Не е случајно што Украинците ја одбија понудата да има средба во Минск, со аргумент дека Белорусија е сојузник на Русија и дека им помага во инвазијата. Следователно, Израел и Азербејџан ги понудија нивните услуги, кои Путин веднаш ги прифати. Порано или подоцна, преговорите мора да започнат. Прашањето е, дали може да успејат?

 Вистинската причина зошто Зеленски се колеба да седне на преговарачка маса е очигледна. Имајќи ја во предвид ситуацијата на терен, било какви преговори ќе ја позиционираат украинската влада во екстремно подредена положба.Првото прашање што треба да биде поставено е: Што може да одведе Зеленски на преговарачка маса? Ќе биде како коцкар кој седнува на масата без карти за игра. Од таа гледна точка на работите, преговорите ќе бидат само вовед во капитулација. Како и да е, охрабрен од Вашингтон и Берлин, Зеленски делува дека не планира да капитулира.

Затоа, резултатите од преговорите ќе бидат потполно неуспешни. Прашањето ќе биде решено  – што беше јасно од старт – не преку преговори, туку на бојното поле. А таму, Украинците се безнадежно преслаби. Неколку пратки на оружје од Берлин нема да направи некаква разлика.

Како империјалистите ја изневерија Украина

Империјалистите, како и владата во Киев, изгледа дека се потпираат на промена внатре во Русија, која би ги пореметила математиките на Путин. Во потполно циничен маневар, се обраќаат со демагошки барања до рускиот народ да им го сврти грбот на нивните господари во Кремљ.

Повеќе од јасно е дека Путин и олигархијата на која му служи се непријатели на руските работници. И неговата база од која ја црпи поддршката постепено се намалува, поради што е очигледно дека е една од причините зошто одлучи да игра на картата на напад на Украина. Исто така е јасно дека овој потег може потаму да се сврти и против него.

Украинскиот народ дозна колку вреди ветената помош и солидарноста од НАТО и Западот кога дојде клучниот момент. Тие го гледаат Украинскиот народ како обични пиони во цинична игра

Како и да е, кое и да е тврдење дека реакционерните империјалисти можат, на било кој начин, облик или форма, да ги бранат интересите на народот во Русија, Украина, или било која друга земја е подла лага.

Украинскиот народ дозна колку вреди ветената помош и солидарноста од НАТО и Западот кога дојде клучниот момент. Тие го гледаат украинскиот народ како обични пиони во цинична игра; топовско месо кое што може да биде корисно жртвувано со цел да ја дискредитира Русија, без да изгубат ниту еден војник.

Не треба да се има никаква доверба во овие гангстери. А посебно не од страна на работниците и социјалистите на Запад.

Борбата против реакционерната банда во Кремљ е задача на руските работници. Наша задача е да се бориме против нашата буржоазија, против НАТО и против американскиот империјализам – најконтрареволуционерната сила на планетата.

Тешко е да се процени психологијата на широките руски маси во овој момент. Но на најголемиот дел од рускиот народ мора да им е ужасна идејата да се борат против нивните браќа и сестри во Украина, кои отсекогаш имале посебно место во нивните срца.

Тие сфаќаат дека НАТО и американскиот империјализам се нивни непријатели и би биле подготвени да се борат против нив. Но не го гледаат народот на Украина на ист начин, а тоа е исправен и здрав инстинкт.

Ако ја прифатат војната на Путин (а многу не ја прифаќаат) тоа е со колебање, поради подлото однесување на владата во Киев: нивната соработка со реакционерни фашисти и следбеници на нацистичкиот колаборатор за време на Втората светска војна, Степан Бандера; угнетувањето од нивна страна на жители во Донбас што говорат руски јазик; и останати коруптивни и угнетувачки дела. И позади владата во Киев, тие ја гледаат крвавата рака на империјализмот.

Руските другари од ИМТ делуваат во однос на ова прашање. На нас е да го следиме нивниот пример и да истапиме храбро и јасно против владејачката класа и империјализмот во нашата земја. Секоја друга политика е недозволива за автентичните револуционери и пролетерските интернационалисти.

Не можеме да дадеме поддршка за било која страна во оваа војна, затоа што е реакционерна војна на двете страни. Во конечната анализа, ова е конфликт помеѓу две групи на империјалисти. Не поддржуваме ниту една страна. Сиромашниот украински народ кој крвари е жртва на овој конфликт, а тие не го создадоа и не го посакуваат овој конфликт.

Никој со сигурност не може да го предвиди резултатот од оваа војна. Но нема да биде со позитивен исход за работничката класа во Украина, Русија или интернационално.

Непосредниот ефект ќе биде пад на животниот стандард и покачување на цените насекаде. На луѓето ќе им биде кажано дека ова е неоподна цена која мора да се плати за одбраната на „мирот и демократијата“. Тоа ќе биде недоволна утеха за милиони луѓе кои се соочуваат со сиромаштија, невработеност и страдање.

Раселувањата предизвикани од војната и влошена од санкциите кои ќе ја пореметат светската трговија, понатаму ќе го поплочат патот до економски колапс во не толку далечна иднина. Резултатот ќе биде светска криза. Тоа ќе биде основа за голема социјална и политичка нестабилност и невидена интензификација на класната борба.

На почетокот на секоја војна, свеста кај широките народни маси е полна со конфузија и oтапена од пропагандната магла, што создава сензационална хистерија, налик на пијанство. Под тие услови, најреакционерните делови од буржоазијата може да успејат во воспоставување на илузија за „национално единство“.

„Мора сите да застанеме заедно против надворешниот непријател! Мора сите да направиме жртва и да платиме за подобрена национална одбрана!“ Итн, итн. Но, како и во сите случаи на пијани оргии, чадната завеса на крај ќе испари. Пропагандата ја губи својата вредност преку бескрајните повторувања. Пораката за патриотизам и национално единство ќе звучи празно, како што мажите и жените ќе ги губат своите работи, нивните домови и нивните надежи.

Историјата ни покажува дека војната, тoj ужасен крвав настан, многупати може да води директно до револуционерни последици. А историјата уште не ја испорачала нејзината конечна сметка.

Долу со капитализмот и империјализмот!

Да живее светската социјалистичка револуција!

Да живее интернационалната марксистичка тенденција! Работници од целиот свет, обединете се!

 Алан Вудс, 28 февруари 2022, Лондон

Превод: AK

Оригинал : The Ukrainian conflict: is this the start of World War III?

ИнтернационалаМакедонијаОпштоТеорија

ВАКЦИНИТЕ И ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР

Минатата година и досегашната 2021 се одбележани од пандемијата на КОВИД-19 ширум светот, како и пропратниот феномен на разноразните теории на заговор коишто ја „објаснуваат“ појавата на болеста, реакцијата на општеството, спроведувањето на мерките итн. Овој текст нема да се занимава со поединечните теории на заговор и нивните луди објаснувања на причините за пандемијата и „силите“ што делуваат во општеството. Целта на овој текст е накратко да се позанимава со причините за масовна појава на таквите теории, со посебен акцент на антиваксерското движење и нивното влијание врз луѓето и општеството во целина.

Автор: Дејан Продановиќ

Линк до оригиналниот текст: Vakcine i teorije zavjere

Теориите на заговор секако дека не се нова појава. Низ историјата, секогаш имало обиди општествените односи, процеси и револуционерни преврати да се објаснат со едноставни и површни образложенија. Во нив наместо општествените законитости со историските процеси владејат тајни организации со чудотворни верски или идејни убедувања, а идеите на овие теории никогаш не нудат разбирање за дадените економски и социјални интереси туку напротив работите, што наводно ги разоткриваат, ги прават уште поопскурни. Иако овие теории не се идеологија на владејачката класа, туку ситнобуржујски предрасуди, стравови и незнаења, владејачката класа и државниот апарат ги користат кога ќе се почувствуваат загрозени од страна на револуционерното движење. Целта на овој метод беше и остана дискредитација на класната борба и тежнеењето на масите кон рушење на тиранските и експлоататорски режими. Таков пример е царскиот режим во Русија којшто со користењето на „Протоколот на Сионските мудреци“ се послужи да го дискредитира болшевизмот и да поттикне погроми на Евреите. Во периодот до Втората светска војна овие теории најчесто се користени од страна на нацистичкиот режим, како и од страна на либералните буржоаски влади. Денес е очигледно дека сето тоа е правено со цел ширење на пропаганда за надворешниот непријател олицетворен во Советскиот Сојуз којшто спроведува „јудео-болшевичка“ завера за покорување на светот. По војната ваквите антинаучни тези остануваат на крајните маргини на општеството и често се поврзани со појавата на разни мистични групи проникнати со бизарни убедувања.

извор: мондо.рс

Со подемот на неолибералниот капитализам од 70тите години на 20 век, теориите на заговор постепено се враќаат како обид за објаснување на општествените појави и по правило, на површината се насочени против елитите и естаблишментот. Како и другите ситнобуржоаски теории, како што се послужени во нацизмот и фашизмот, овие теории се одраз на загрозеноста и стравот на избезумената ситна буржоазија и средните класи поради рушењето на нивната материјална положба, т.е. поради економските и социјални кризи. Неолибералната офанзива на укинување на државните регулации на пазарите и социјалните реформи и приватизациите на јавните услуги како што се образованието и здравството, беше проследена со кампања на некои фракции на крупниот капитал со цел дискредитација и внесување на недоверба во државните проекти како тие на јавното здравје или на борбата против климатските промени. Теориите на заговор воопшто и нивните главни промотори се одликуваат со десничарски, изразито конзервативен, националистички и ненаучен светоглед. Тие ги замаглуваат класни поделби измислувајќи поделба на шака злобници и мнозинство наивни и, барем кога станува збор за тие  што се дистрибуираат од медиумите на владејачката класа, не ја доведуваат во прашање приватната сопственост.

Само со краток историски преглед се увидува дека во кризни општествени околности се употребуваат за одбрана на постоечкиот поредок во корист на владејачката класа.

Капитализмот и антиваксерското движење

Должност на марксистите е да се борат против сите реакционерни идеологии и движења, а антиваксерското движење врие од идеологии насочени против интересите на работничката класа. За успешно да се бориме против тоа, мораме прво да ги разбереме причините за таквите идеи и нивната популарност. Пандемијата КОВИД-19 се случи во ера на глобализација каде сè побрзиот трансфер на стоки во интерес на профитот остава голема сиромаштија и заостанатост. КОВИД-19 е болест предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ-2, којшто најверојатно мутирал со помош на два коронавируси од лилјак, бидејќи иницијалниот вирус од 2019 година беше во 88 проценти хомологен на овие два соја. Самиот вирус е подложен на мутации (во неговиот геном, во РНК полимерите и во спајк протеинот) и доколку не се спречи, ќе се појавуваат нови варијанти и соеви. И како што капиталистичката глобализација дава импулс во ширењето на болеста, така истата таа глобализација покажува очигледни знаци дека не е способна да спроведе успешни мерки за искоренување на болеста.

Во прв ред, кампањите против вакцинација (не само за време на пандемијата, туку и во нормални околности) се закана за јавното здравје. Тие значајно делуваат на бројот на вакцинирани, како што можеме да видиме дури и во земјите што успеаа да набават доволен број на вакцини. Од друга страна, како и сите реакционерни десничарски идеи, така и теориите на заговор ја замаглуваат материјалната реалност и ја отежнуваат научната, економска и политичка критика на денешниот капиталистички систем од класни позиции. Во крајна инстанца, гледаме дека резултатот од антиваксерските напори е тргање на фокусот од класната борба и замаглување на реалноста со луди образложенија. Разноразни шарлатани, дилетанти, псевдо аналитичари и верски фанатици ловат евтини заработки од наивни луѓе залутани во тие матни води. Ако не го разбираме или имаме искривена слика за општеството во кое живееме, далеку е потешко да се бориме против капитализмот којшто очигледно не е во состојба да се справи успешно со пандемијата, иако човештвото денес поседува напредна технологија и ги има на располагање најновите достигнувања на медицината.

Антиваксерското движење не започна со актуелната пандемија на КОВИД-19. Неговите почетоци датираат уште во првата половина на 19тиот век со појавата на првите современи вакцини. Научно невтемелени и лажни антиваксерски теории влегуваат во масите со појавата на пандемијата, иако дотогаш беа на маргините. Околности како што е пандемијата го зафаќаат целиот свет и го исфрлаат општеството од нормалните услови на функционирање. Ваквите состојби кај обичните луѓе предизвикуваат преиспитување на причините коишто доведуваат до масовни пореметувања на нормалниот живот и ги загрозуваат животните приходи и стандардот. Како и секогаш, таквите околности се идеална прилика за толкување на реалноста и време за појава на разни матни типови кои се обидуваат да профитираат и да ги наметнат своите погледи на реалноста. Зошто е тоа така?

Можеме да прочитаме различни анализи кои растот на антиваксерското движење и генерално скепсата кон вакцинацијата, медицината и науката ја припишуваат на влијанието на социјалните мрежи и недоволната информираност на населението. Вистина е дека промоторите и заговорниците на антиваксерското движење дебело профитираат од користењето на социјалните мрежи како што профитираат и big tech компаниите преку своите платформи на кои се споделува антиваксерска содржина и така зграбуваат милиони долари. Исто така, факт е дека постои помала видливост на медицинските и воопшто научно втемелените содржини кои стручните термини ги прават разбирливи за обичните луѓе. Секако дека кампањата за информирање на терен, која би ја спроведувале здравствените работници би помогнала во отстранување на ненаучните, манипулативни и лажни тврдења на антиваксерите. Меѓутоа, надменоста на академските кругови и изразената отуѓеност на академската заедница од пошироките општествени процеси, која стана очигледна во екот на оваа здравствена криза, значајно отежнува научниот поглед на реалноста да се направи разбирлив и достапен до широките слоеви во општеството.  

Ако за антиваксери ги сметаме само оние кои намерно, од личен интерес, шират дезинформации и манипулативни тврдења за вакцините, тогаш се работи за релативно мал број на луѓе. Меѓутоа, треба да сметаме и на сите оние на кои тие имаат силно влијание во смисла дека со различни манипулативни методи ги поттикнуваат да споделуваат и репродуцираат антиваксерски ставови. Тука веќе зборуваме за значаен број на обични луѓе кои поради незнаење, генерална скептичност, незадоволство кон естаблишментот и општо незадоволство од состојбата во општеството станаа ентузијастични антиваксерски мегафони. Од каде доаѓа оваа скепса т.е. зошто тие луѓе така лесно ја отфрлаат довербата во користа на вакцините, кои се едно од најголемите достигнувања во заштитата на човечкото здравје воопшто?

Пандемијата на коронавирусот го загрозува профитот на владејачката класа и стабилноста на целиот систем и затоа е во нејзин директен интерес што побрзо да се запри пандемијата. Можеме да кажеме дека сите општествени класи и слоеви го делат истиот интерес во поглед на запирање на пандемијата, но поради природата на капитализмот и недостатокот на адекватна политичка опција за работниците, капиталистите не можат да доведат до излез од ваквата ситуација во општ интерес. Посебно тоа не го можат ситната буржоазија и средната класа кои никогаш низ историјата немале конзистентни идеи за општествените промени, секогаш наоѓајќи ги своите позиции или на страната на крупниот капитал или на страната на работничкото движење, во зависност од односот на силите во дадените историски околности. Бројни претставници на владејачката класа учествуваат во кампањите за вакцинација, но кога пред нив ќе се постави изборот да се одрекнат од дел од профитот заради запирање на пандемијата, тие порадо прибегнуваат кон краткоточно планирање и апели кон јавноста да се вакцинира. Исто така, не можат да се одрекнат ни од процесот на кој ја базираат „легалноста“ на системот со кој владејат, како организирање на избори, кои по правило доведуваат до нагли скокови во бројот на заболени. И нив им е јасно дека употребата на репресивни мерки би била лош политички потег, бидејќи нема само да предизвикаат бес кај приврзаниците на антиваксерското движење, туку и од длабочините на општеството би излегле на површина бесот и незадоволството што се собирале години пред пандемијата во најшироките слоеви на општеството. Ова е идеална илустрација на капиталистичката логика „живот од денес до утре“. Од ова можеме да заклучиме дека антиваксерското движење е нус производ на капиталистичкиот систем што се гуши во сопствените противречности и е дискредитиран во очите на обичните луѓе.

вакцинација спроти смртност во последните две седмици, ноември 2021

Криза на системот

Зад нас е деценија на глобална економска криза на капиталистичкиот систем. Оваа криза ширум светот е проследена со мерки на штедење, пад на животниот стандард за мнозинството работни луѓе и раст на социјалната нееднаквост. Политиките на штедење и одржувањето на профитните стапки коишто ги спроведуваат капиталистичките влади, доведуваат до масовни движења на отпор. Овие движења наоѓаа своја артикулација во растот на левите реформистички движења како што е Сириза во Грција, Подемос во Шпанија, растот на Корбин во Британија. За жал, ограниченоста на водството на овие политички формации на реформистичките политики во рамките на капитализмот доведоа до порази и деморализации. Економската криза на капитализмот е секогаш проследена со класна поларизација и појава на различни десни и популистички движења кои заведувајќи ги масите се обидуваат да ја спроведат својата реакционерна политика. Пример за тоа се поранешниот американски претседател Доналд Трамп и актуелниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Одлика на овие политички фигури е нагласена антиестаблишментска и антиелитистичка демагогија против либералните претставници на капиталистичката класа, иако тие и самите припаѓаат на владејачката класа. Овие идеи го рефлектираат масовното незадоволство на различни слоеви во општеството погодени од економската криза. Затоа не треба да зачудува тоа што антиваксерските теории добија замав во околности на криза, пандемија и сè поголема недоверба во политичките елити и државните институции. Исто така, мнозинството од обичните луѓе се потполно отуѓени од идејата и можноста работите да се поправат, посебно со парламентаризам и „демократски“ избори. Со одбивањето на вакцинацијата се создава илузија дека се дава отпор кон владејачката класа, а всушност се овозможува ширење и појава на позаразни и посмртоносни мутации на вирусот. За ова носат одговорност и работничките и синдикални водачи. Водачите на синдикатите ги следеа своите владејачки класи во спроведување на мерките против пандемијата, но не бараа нешто значително тие мерки да се спроведуваат и во оние сектори од економијата кои останаа да работат и покрај пандемијата и ширењето на болеста. Исто така, не се ангажираа во кампањите за вакцинација, ниту бараа од владејачката класа да спроведе посериозен процес на вакцинација од оној момент од кога вакцините беа достапни. Таква политика и борба би привлекле дел од збунетите приврзаници на антиваксерското движење, особено припадници на работничката класа. Од друга страна, масовни работнички партии со марксистичка револуционерна програма би го канализирале оправданото незадоволство и недовербата во капиталистичкиот систем и неговите институции кон суштински промени на општествените односи и идеите на револуцијата.

Во последно време ширум светот, како и на југословенскиот простор сме сведоци на антиваксерски собири кои се нарекуваат „фестивали на слободата“. Главните барања на овие протести се движат од укинување на противпандемиските мерки, одбивање на имунизација, па до отпор против воведувањето на ковид пасоши. Овие протести собираат главно луѓе од десниот политички спектар, припадници на ситната буржоазија, лумпенпролетерски елементи, збунети припадници на работничката класа и марксистички непрофилирани левичари. Еден од аргументите на припадниците на антиваксерското движење е „правото на избор“ и тоа како задолжителната вакцинација е кршење на човековите права. Меѓутоа, овој аргумент е целосно бесмислен. Масовната вакцинација и останатите мерки што имаат за цел сузбивање на пандемијата се во интерес на целата заедница и се прогресивни дури и кога ги воведува капиталистичката држава, бидејќи интересот на општеството во целина има предност над индивидуалната „слобода на избор“ која хистерично ја заговараат припадниците на антиваксерското движење, особено ако тие „слободи“ претставуваат опасност за здравјето. Овој екстремен индивидуализам и инсистирањето исклучиво на индивидуалните права во носењето на последиците е целосно реакционерен и туѓ на идеите на солидарност и колективна одговорност на работничката класа. Водечките лица во тоа движење целосно стојат на страната на капитализмот и не им паѓа на памет да зборуваат за тоа како приватната сопственост над средствата за производство е клучна причина за неможноста за успешна борба против пандемијата.

извор: Стипе Мајиќ, агенција Анадолу

Интересот на работните луѓе, кои претставуваат мнозинство од населението, е брзо и ефикасно запирање на пандемијата, ширењето и мутациите на вирусот. Со тоа се овозможува не само спречување на заболување од КОВИД-19, туку и нормализација на услугите на јавното здравство кое е пореметено од пандемијата. Долготрајните локдауни и изолации доведуваат и до психички болести како што е појава на депресивност и анксиозност. Ако работата ја погледнеме и од економска точка, сметката од пандемијата ќе ја плати работничката класа, додека богатите ќе искористат прилика уште повеќе да се збогатат врз сиромаштијата на масите. Последиците веќе ги гледаме во намалување на економските активности, недостатоците и брановите на поскапување на основните животни намирници. Затоа нашата позиција мора да произлезе од потребата и интересот на работничката класа во запирањето на вирусот кој единствено може да биде запрен со задолжителна и масовна вакцинација и епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на заразни болести.

Ако конкретно го погледнеме начинот на борба на повеќето капиталистички држави со пандемијата, мораме да заклучиме дека методите се недоволни и во повеќето случаи делимични, та не е изненадувачки тоа што таквите мерки наидуваат на скепса и одбивање кај дел од населението. Балансирајќи помеѓу зачувување на профитот на капиталистите, незатворање на производството во неесенцијалните сектори од економијата и здравствена заштита на населението, капиталистичките влади се одлучуваат да се водат од интересите на профитот. Ваквото справување со пандемијата чинеше милиони недолжни животи. Противречните епидемиолошки мерки, непочитувањето на медицинската струка и мерки кои најмногу ги погодуваат ситната буржоазија, работничката класа и најсиромашните слоеви од населението предизвикуваат бес и масовно незадоволство што се изразува низ различни, дури и реакционерни канали како што се антиваксерските протести или протестите против носењето на заштитни маски или дури и негирање на опасноста од вирусот. Го гледаме и примерот на Австрија во која властите само пред неколку месеци најавуваа „крај“ на пандемијата и ги прекинаа скоро сите напори за вакцинација, дури се укинати и ограничувањата за вакцинирани луѓе, за потоа да дојде до потполно затворање на земјата и најава за задолжителна вакцинација од февруари 2022 година. Поголем број на капиталистички влади после неуспешниот обид со кампањи да апелираат на вакцинирање, почнаа да воведуваат ковид пасоши. Ова е обид на владите да избегнат воведување задолжителна и масовна вакцинација, за да не го свртат против себе делот од гласачката база кој го сочинуваат сите незадоволни од реакцијата на пандемијата. Иако овие пасоши на некој начин ќе натераат дел од скептиците да се вакцинираат, во исто време ќе предизвикаат поделба внатре во работничката класа на вакцинирани и невакцинирани. Посебен проблем претставуваат неодговорните здравствени работници кои се спротивставуваат на вакцинирањето https://raskrinkavanje.ba/analiza/top-lista-regionalnih-dezinformatora-ki, со што придонесуваат за засилување на антиваксерското движење. На тоа треба да се додаде и профитната логика на фармацевтските компании зад производството и дистрибуцијата на вакцините и другите лекови. Сагата околу јавно финансираното производство на вакцини против коронавирусот и подоцнежното мешетарење со дистрибуцијата на истите, предизвикува оправдана скепса во сите институции на владејачката класа.

Приврзаниците на антиваксерското движење тврдат дека се борат против фармацевтската  индустрија, а во реалноста нивните идеи и барања се добредојдени за фармацевтските компании бидејќи со продолжување на пандемијата можат само да им се зголемат профитите. Протекционистичките мерки на државите од ЕУ кои не дозволуваат дистрибуција на кинески и руски вакцини на својата територија одат во прилог на тоа ефикасната борба против пандемијата и заштитата на населението да станат секундарна работа, а над тоа се економските и политичките интереси. Гледаме дека приватната сопственост и националната држава се пречка за глобалните предизвици на човештвото и го оневозможуваат ефикасното задоволување на здравствените и животните потреби на општеството.

Ние живееме во период на доцен капитализам. Дека прогресивната улога на капитализмот е завршена, ни говори и очигледната неможност за развој на производните сили и покрај импресивниот развој на средствата за производство. Со оглед на тоа дека капиталистичкиот систем се наоѓа во ќорсокак до кој доведуваат противречностите вградени во самиот начин на капиталистичко производство, тоа подразбира дека понатамошниот развој на науката ја загрозува привилегираноста на поединците кои поседуваат капитал. Значи, имаме капитализам во криза што го сузбива развојот на производните сили до степен да го доведе во прашање економскиот, а со тоа и политичкиот поредок заснован на него. Повторното оживување на средновековните, мистични, ненаучни идеи настанати пред времето на просветителството е еден од симптомите на кочење на развојот на производните сили и потенцијалот на човештвото. Капитализмот насилно се одржува со мерки за штедење коишто го погодуваат големото мнозинство од човештвото. Опустошените здравствени системи, натрупувањето резервна армија на трудот, бегалските кризи и посредничките империјалистички војни денес се секојдневие, а нова отежнувачка околност е пандемијата на КОВИД-19. На прашањето зошто ова се случува, од таборот на теоретичарите на заговор се нудат секакви одговори, но најмалку научни. Ваквите околности се воедно и поволна клима за нови теории на заговор, псевдо наука, т.н. алтернативна медицина и останати ненаучни пристапи на кои сме сведоци последниот половина век.

Во социјалистичкото општество на планска економија и општествени односи што служат да ги задоволат потребите на луѓето, пандемијата би била запрена многу брзо. Планската вакцинација ширум светот, а не складирање на вакцини кое го прават богатите капиталистички држави, многу брзо би ја вратиле планетата во нормала. Социјалистичката кооперација на светско ниво, заснована на планско производство, би овозможила изградба на инфраструктура за заштита од пандемијата и останатите природни непогоди, би осигурала можност за функционирање на виталните општествени функции без масовно загрозување на здравјето. Такво нешто не можеме да очекуваме во капитализмот, во смртоносна криза, кој се раководи пред сè од профитот и приватниот интерес по цена на масовно уништување на животи. Човештвото мора да има на ум дека појавата на смртоносни вируси е природна работа и дека порано или подоцна ќе се појави некој друг вирус, можеби далеку посмртоносен, со далеку поголеми предизвици за негово сузбивање.

Во социјализмот не би имало место за недоверба во општествените институции бидејќи тие не би биле отуѓени од обичните работни луѓе туку би биле под нивна демократска контрола. Фармацевтската индустрија исто така би била под демократска контрола на општеството и би произведувала лекови транспарентно за добробитта на целокупното население. За социјалистичкото општество денешните реакционерни идеи за кои мислевме дека одамна исчезнаа, како и разноразните теории на заговор, би биле само трагикомична и несреќна работа од минатото.

ВестиИнтернационала

Стоп на бомбардирањето на Газа! Крај на окупацијата! Интернационална поддршка за палестинската борба!

Следи изјавата на Интернационалната марксистичка тенденција, и Марксистичката организација „Црвени“, за насилството на Израел против Појасот Газа во изминатите денови, а што продолжува да се засилува. Ние порачуваме: стоп на бомбардирањето, крај на окупацијата, работници и младинци од целиот свет, ангажирајте се и борете се за слободна Палестина како дел од социјалистичката федерација на Блискиот Исток!


Додека пишуваме се зајакнува бомбардирањето на Газа од страна на Израелските одбранбени сили. Илјадници бомби се фрлаат без да ѝ трепне окото на најголемата воена сила на Блискиот Исток врз најнаселената и најсиромашната област во светот. Во меѓувреме толпата, луѓе од екстремната десница на ционистичките доселеници и фашистичкиот пробисвет, линчува. Израелските државни сили се соучесници на овие напади во палестинските населби во самиот Израел со уништување на домови, сопственост, дуќани. Убивање и претепување на невини само затоа што се Палестинци како бран на расистички терор што можеме да го опишеме како погром.

Народот на Газа нема каде да оди и нема ниту струја, ниту чиста вода, нема основни медицински средства, нема храна, под блокада е и со стотици жртви во претходните неколку месеци.
И ниту еден збор осуда или „морална индигнација“, а не пак за конкретна мерка, од стана на Западните сили, од „цивилизираната“ Европа или нивните слуги, Ријан, Дубаи, Аман, Каиро. Македонските елити, на власт и на опозиција, од македонската или албанската елита, се обединети во поддршката на политиката на етничко чистење на ционистите. Нивното мото „тоа што ќе заробиме, наше е“ – „Ерец Израел“, на реакционерот Нетанјаху е озаконето со новиот Еврејски Државен Закон од 2018 година.

Проектот на етничко чистење и институционална дискриминација е впишано во расистичкиот Еврејски Закон донесен од Нетанјаху во летото 2018 г и аминуван од американскиот претседател Трамп, слика на израелска полиција

Како и секогаш, вистината е првата жртва на војната. Големите меѓународни медиуми, контролирани од капиталисти, се ехо на излитените фрази каде се повикува на „крај на насилството од двете страни“, каде се признава правото на Израел да се „брани“ како да „двете страни“ можат и да се споредат. Да се преправаш дека си неутрален во ситуација како оваа е очигледно да се ставиш на страната на угнетувачот против угнетениот.

Тие ја нарекуваат војна, но ова не е „војна“. Ова е еднострана обид да се уништи легитимната апсирација на палестинскиот народ за татковина и одбрана на нинвите најфундаментални човекови права. Ова е нормална особина на империјалистичкиот „мир“ што секој обид на палестинските работници и младинци на мирен отпор против дневното угнетување го прогласуваат за криминал и бесмилосно и крваво го задушуваат.

Ова особено јасно се покажа во изминатите неколку седмици на гушење на масовното движење пторив иселувањата во населбата Шеик Џарах во Источен Ерусалим. Следеа крвави напади на израелските државни репресивни сили на мирните верници на кои не им беше дозволено да се приближат на храмот Ал Акса во Ерусалим, едно од најсветите исламски места, на крајот на месецот Рамазан.

Оваа последна провокација беше да се направи конфликт со Хамас. Тоа е свесна одлука на Нетанјаху, очајнички обид да се обнови како лидер во Израел и да спречи основање на коалициска влада без него. Не е ова прв пат Нетанјаху да си игра со картата на омраза против Палестинците за да ја збие израелската владејачка класа и држава и да ги присили масата на еврејско население во Израел и надвор за поддршка на најреакционерните мерки спроведени од неговата влада во име на „безбедноста“.

Бројките од 119 убиени Палестинци, од кои 31 жени и деца, зборуваат сами за себе. Тврдењето на Израелските одбранбени сили дека „нишанеле воени цели“ е целосно лицемерно, а со тоа се изложени целата асиметрија и несразмерност на сили во таканареченава војна.

Убиени се и седум Израелци (од нив двајца Палестински кои немале скривници) како резултат на стотината ракети на Хамас врз Израел. Лансирањето на овие ракети е целосно контрапродуктивно за палестинската борба и само му служи на Нетанјаху да ги турка израелските работници во рацете на израелската држава.

Како марксисти и интернационалисти не сме ниту неутрални ни над страните во конфликтот. Го браниме правото на Палестинците за татковина и нивно право за самоодбрана од угнетувањето и нападите во населбите каде живеат со било кои средства. Насилството на угнетувачот не е исто со тоа на угнетениот.

Поинакво сценарио

Она што се случува денес е вклучување на израелските цивили, со палестинско потекло, Палестинци од Зелената линија во невидиени до сега бројки. Ова значи вклучување на овие легални (второкласни) граѓани на Израел. Ова движење е предводено од нова генерација на борци кои ги отфрлаат пропаднатите тактики на Фатах и Хамас, само прогласените лидери на палестинскиот народ.

Тоа што е различно е и во кој историски контекст се случува ова. Се повеќе работници и младинци од сиот свет, вклучувајќи евејски работници и младинци, го имаат искуството на репресивната држава во своите сопствени земји во овој период. Заради сопственото искуство тие почнуваат да гледаат низ лагите сервирани во медиумите. Отпорот на масовното движење на палестинскиот народ во Израел се разоткри кај милиони ширум светот за природата на угнетувачката израелска држава за да ги задуши нивните животи и легитимните апсирации. Тоа е во резонанса со револуционерното расположение што се развива во општеството насекаде.

Насекаде во светот се повикува на масовни демонстрации против нападите во Газа и антипалестинските погроми. Во моментот на пишување, илјадници Палестинци се обидуваат мирно да влезат во Израел од страната на Јордан за поддршка на нивните браќа и сестри во Палестина. Истовремено тие го изложуваат и лицемерието на арапските режими во нивната „поддшка на палестинската кауза“

Задача на интернационалното работничко движење е да се поддржи отпорот на палестинските маси и да се изложат лагите и интересите што ги бранат сите капиталистички влади, особено во империјалистичките земји. Одбраната на правото на палестинскиот народ нема да дојде од лицемените изјави за „мир“ или „преговори“, под закрила на ООН или империјалистичките сили. Нема да има мир се додека трае капитализмот и империјализмот во светот. Затоа трајно решение за страдањето на Палестинците е можно со рушење на светскиот капитализам.

Ова движење го сметаме за дел од интернационалното востание против капитализмот. Нетанјаху си игра со огин затоа што се развива комбинација на мобилизации и во Израел и меѓународно. Исплашени од развојот на масовно движење помеѓу Палестинците внатре во Израел, воените сили и израелската владејачка класа се поделени дали да продолжат и да го одложат нападот врз Газа при што би се преправале дека тие ги постигнале своите цели. Истовремено, тие се закануваат со испраќање на војска во Газа. Ако ова се случи, да се потсетиме дека само во 2014 г. загинаа над 2300 Палестинци, ќе има многу жртви и бесот ќе биде поголем.

Војната и отровните плодови на империјалистичкиот „мир“

Сведоци сме на ништо друго од отровен плод на империјалистичкиот „мир“ во Израел и Палестина. Палестинското население прогресивно се експропреира и задушува со државниот систем точно направен да ги маргинализира. ВО овој процес, Нетанјаху се потпира на ционистичка екстремна десница, меѓу нив и фашистички банди, и помош од еврејските доселеници. Со давање на концесии на доселениците тој им дава и завет за неговата политичка судбина и кауза, а сто тоа ги зајакнува нивните акции уште повеќе.

Израел е заробена во институционална криза, каде и по три избори по ред нема јасно мнозинство. До сега, Нетанјаху успеваше да плови низ немирните води и да преживее обвинение за коруптивните скандали. Но, тој постана многу очаен. Неговиот архинепријател, генералот Бени Ганц ја загуби кредибилноста во полемиката околу корпупцијата на Нетанјаху, кога одлучи да влезе во власта заедно со него. Ганц сега се обидува да биде пожесток антипалестински расположен од својот ривал, потенцирајќи дека бил командант во масакрот во 2014 во Газа. Имаше обид за надминување на политичката пат-позиција со назначување на Јаир Лапид како мандатор на влада без Нетанјаху, но овој обид пропадна.

Израелската држава е моќна, но има показатели дека кризата созрева во самата срцевина на ционистичката држава.

Логорскиот оган на Трамп на 70 годишната американска надворешна политика

Американскиот империјализам отсекогаш го поддржувал Израел на самиот крај. Ова се поткрепува со огромните донации што САД му ги дава на Израел, без кои израелската владеачка класа тешко би се зацврстила во својата економска и воена надмоќ во регионот.

Сепак, силата на САД во регионот се оснива на декади залажување во врска со палестинското прашање. На овој начин, американскиот империјализам успешно ја зароби палестинската борба за национално ослободување со терање на бројни „мировни спогодби“ со палестинското раководство низ притисоци од широката коалиција со сојузниците во регионот (реакционерните арапски режими во Јордан, Египет, Саудиска Арабија, државите од Заливот итн.) Тоа доведе до спогодбите во Осло и Мадрид во 1993 година и создавање на Палестинска власт, за којашто марксистите предупредија тогаш дека е смртоносна замка за националните апсирации на палестинските маси.

Поранешниот претседател Трамп ја напушти оваа лажлива претенциозност и отворено го призна Ерусалим за неподелен главен град на Израел и го призна расистичкиот Еврејски Закон за Национална држава. Тој запали логарски оган на 70 годишната американска надворешна политика во регионот и така целосно ја закопа идејата за решението на две држави за палестинското прашање. Овој процес кулминираше со гротесната „Спогодба на столетието“ на Трамп и тн Договорот Абрахам.

На Палестинците им се испрати силна порака дека ако сакаат да ги бранат своите животи, ќе можат да се потпрат само на своите сили. Така беше и направено. Ова е основата за неочекуваниот отпор и обнова на борба во очи на постојаните провокации од минатите месеци. И тоа мора да биде основа на која ќе се изгради интернационално револуционерно движење на млади и на работничката класа против империјализмот, капитализмот и угнетувањето ширум светот.

Немаме доверба во империјалистичките планови за „мир“. За правото на Палестинците за вистинска татковина!

Интернационалната марксистичка тенденција е солидарна со палестинскиот народ што страда под уште еден варварски напад на израелските оружани сили и ги отфрламе сите оправдувања на владата на Нетанјаху којашто ги оправдува смртта и уништувањето што му го нанесува.

Палестинскиот народ има право на татковина, а додека не се постигне тоа ќе трае судирот. Ционистичката владејачка класа на Израел нема никогаш да се согласи со вистинска татковина на Палестинците. Затоа таа мора да се сруши, а тоа да се случи мора да се прекрши општеството во Израел по класна линија.
Израел е една од најнееднаквите општества во светот. Истата класа што ги угнетува Палестинците исто така ги напаѓа животните стандарди на израелскате работници и младина. Минатата година имаше масовни протести против Нетанјаху и затоа револуционерната мобилизација на палестинските маси мора да се поддржи од антиимперијалистичкото и антикапиталистичкото движење на работниците ширум светот.
Палестинските работници и младинци имаат право да се бранат себе си од нападите на ционистичките фашистички банди на доселеници потпомогнати од израелската држава. Веќе во Хаифа и други градови се организираат комитети за самозаштита.
Секој обид за развој на класната борба на палестинските и еврејските работници против ционистичката држава е за охрабрување. Тоа е начинот на рушење на ционизмот и основање на држава што ги гарантира правата и на Еверите и на Палестинците.
Само, таа држава мора да е управувана од обичниот работен народ, и Евреи и Палестинци, а тоа значи основање на социјалистичка држава без привилигирани елити на власт.

Долу слугите на империјализмот!
Стоп на бомбардирањето на Газа со интернационална солидарност на работниците!
Поддршка за отпорот на Палестинците!
Интифада до победа!
Крај на окупацијата!
За правото на Палестинците и Евреите за татковина во рамки на Социјалистичка федерација на Блискиот Исток!

14 мај 2021 година, Stop the bombing of Gaza! End the occupation! – International mobilisation in support of the Palestinian struggle!

ВестиЕвропаИнтернационала

ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД 19: ПРОФИТОТ НА ГОЛЕМИТЕ ФАРМАЦЕВТСКИ КОМПАНИИ Е ПОВАЖЕН ОД ЧОВЕЧКИТЕ ЖИВОТИ


Вакцините против ковид-19, коишто полека влегуваат во промет, даваат трошка надеж за милиони обични луѓе кои поголемиот дел од оваа година го поминаа заробени во наизглед бесконечната ноќна мора на оваа пандемија. За капиталистите и фармацевската индустрија, овие значајни ресурси (чиј развој главно е финансиран со јавни пари) претставуваат рудник со злато којшто треба да го ограбат. Во меѓувреме, акумулирањето на империјалистичките сили и профитот на големите фармацевтски компании ја ставаат ефикасната вакцина надвор од дометот на најсиромашните делови од светот.

Автор: Џо Атард, 22 декември 2020 година

извор: COVID-19 vaccines: Big Pharma profits trump human lives


Голем број од вакцините досега ја поминаа третата фаза и се одобрени за јавна употреба, вклучувајќи го и производот втемелен на иРНК (iRNА) на американскиот фарамцевтски гигант Фајзер и неговиот германски партнер БиоНТек; и инактивираните вакцини против коронавирусот што ги произведе кинеската компанија Синовак. Лековите на бостонската биотехнолошка компанија Модерна и Универзитетот во Оксфорд/Астра Зенека покажаа добри резултати во третата фаза и се ближат кон одобрување.
Овој брз пресврт ја одразува итната потреба за ефикасна вакцина. Политичките лидери на речиси секоја држава катастрофално потфрлија во сузбивањето на пандемијата. Наближуваме до бројката од 2 милиони смртни случаи, а капиталистичкиот систем се соочува со најдлабоката криза во својата историја, бидејќи во многу делови од светот доаѓа до нов карантин за време на најкритичната сезона на празници, посебно во Британија, каде наводно се појави нова мутација на вирусот којашто се пренесува побрзо.
Со оглед на фактот дека групниот имунитет (и покрај тоа што предизвика милион непотребни смртни случаи) тешко може да го сопре вирусот, масовната вакцинација е единствената реална опција. Како последица на ова, владеачките класи на најголемите светски економии направија се` што е во нивна моќ да добијат ефикасна вакцина преку ред, за да се вратат на нормалното производство и профитот да почне повторно да им расте.
И покрај огромната загрозеност на јавното здравство, големите фармацевтски компании на почетокот бавно реагираа. Историски, развивањето на вакцини – посебно за активна пандемија – ретко кога било профитабилно. Процесот на откривање е бавен, резултатите не се гарантирани, а на сиромашните држави често им требаат големи залихи што не можат да си ги дозволат. Наспроти тоа, масовното производство на генерички лекови и лекови за стил на живот (пр. вијагра) коишто се популарни во богатите држави, овозможува многу посигурен извор на приход.

Големите фармацевтски компании целосно очекуваат да профитираат од вакцините

Капиталистите во фармацевтската индустрија не ги вреднуваат животите кога одлучуваат каде ќе го вложат својот капитал туку го вреднуваат профитот. Затоа не е произведена ниедна вакцина за зика вирусот, додека вакцината за ебола е одобрена дури во декември 2019 година – овие болести главно ги погодија сиромашните делови од светот. Во меѓувреме, напуштањето на истражувањата на САРС ков-1 поради недостаток на профит, значително го одложи истражувањето за вакцини за ковид-19.


СОЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА РИЗИКОТ, ПРИВАТИЗИРАЊЕ НА ПРОФИТОТ

Како што кризата предизвикана од коронавирусот станува сè поголема, капиталистичките влади почнаа на големите фармацевтски компании да им даваат милијарди за да овозможат развој на вакцината. Дури тогаш тие компании серизно влегоа во трка за вакцината. Модерна доби 2,5 милијарди долари од јавниот фонд на САД како дел од Трамповата иницијатива „Операција надсветлинска брзина“, додека германската влада го поддржа Фајзер/БиоНТек со 443 милиони долари, заедно со позајмица од Европската инвестициона банка во висина од 118 милиони долари. Ова е спротиставено на екстремно селективното тврдење на управата на Фајзер дека „никогаш не примиле федерални пари“. Уште повеќе, британската влада придонесе за развој на Оксфорд/Астра Зенека вакцината со 84 милиони фунти.
Вкупно, државите вложија 6,5 милијарди фунти за развој на вакцина против ковид-19, со дополнителни 1,5 милијарди фунти од непрофитни организации. Покрај користа од големата сума на јавни пари, многу од овие вакцини се направени со помош на универзитетско или државно финансирање. Технологијата иРНК што стои позади вакцините на Фајзер и Модерна, настана во САД и во лабораториите на германската влада.

Сите ковид 19 вакцини се добиени со помош на јавно истражување и во голема мера финансирани од јавен буџет / Image: Lisa Ferdinando)


Би било ли оправдано со оглед на тоа дека овие лекови кои спасуваат животи главно се финансирани од страна на даночните обврзници и се потпираат на откритијата на јавно финансираната наука да бидат достапни до јавноста без дополнителни трошоци? Астра Зенека, што ќе произведуваат и доставуваат вакцина развиена на Универзитетот во Оксфорд – во потполност финансирана од државата и непрофитните организации – ќе ги покријат само трошоците на производство. Иако ова се однесува само на времето на „траење на пандемијата“, отвора можност за отстварување на профит во иднина. Што се однесува за најголемите играчи: тие во целост очекуваат фина профитна стапка за инвестицијата на својот капитал.
Иако одбија да ги отворат деловните книги на увид (што значи дека не ги знаеме точните трошоци за истражување и развој, клинички тестирања и производство), се проценува дека Фајзер и Модерна само во 2021 год. ќе приграбат профит од 32 милијарди долари од вакцината против коронавирусот. Покрај своите акционери, ова ќе го воодушеви и британскиот канцелар Риши Сунак, чиј поранешен инвеститор Телеме партнерс вложуваше доста во Модерна.
Модерна во почетокот предлагаше цена од 50-74 долари по лице (за неопходните две дози) за државите со големи приходи, додека Фајзер одеше на цена од 40 долари по лице. Не само што овие вакцини се продаваат за профит туку се продаваат и на државите коишто ги финансираа – бидејќи владите на САД, Британија и ЕУ обезбедија стотина милиони дози. Тоа значи дека, кога овие вакцини ќе дојдат во јавност, веќе ќе бидат два пати платени. Белгискиот секретар за државен буџет Ева Де Блекер предизвика непријатност така што на Твитер објави табела со цените на секоја вакцина која ја купи ЕУ, заедно со тоа колку вкупно на нив ќе потроши Брисел.
Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл (кој лично го продаде својот дел од акциите за околу 5,6 милиони веднаш по објавата на неговата компанија за резултатите од третата фаза на тестирањето) се подбиваше со „радикалната“ идеја дека компаниите не треба да очекуваат профит од вакцината против коронавирусот. „Кој го открива решението? Приватниот сектор“ беа неговите зборови. Уште еден гласноговорник на компанијата додаде: „На почетокот ризично вложувавме“, бидејќи Фајзер ќе биде исплатен само за доставување на успешна вакцина.
Но всушност тој ризик главно го презема државата. Таков е карактерот на приватното фармацевтско производство во капитализам: не е иновативен, туку е паразитски. Големите фармацевтски компании брзаат да обезбедат патент на нови лекови и технологии кои главно ги развива државата, присвојуваат државни фондови за производство на продажна стока и ги подигнуваат цените на своите производи за да обезбедат огромен профит.
Во извештајот од 2017 година објавен од Националната академија на науки во САД пишува дека сите 210 нови лекови одобрени од страна на Управата за храна и лекови помеѓу 2010 и 2016 година се финансирани од страна на Националниот институт за здравје во вкупна вредност од 100 милијарди долари. Но ништо од парите заработени од овие лекови не се вратени во државното истражување. Наместо тоа, тие пари отидоа во рацете на големите фармацевтски компаннии коишто обезбедија патент за да ги продадат, некогаш и до 1000 пати поскапо. Додека дел од тие фондови одат во приватно истражување и развој, добар дел од нив е наменет за бонусите за директорите, политичкото лобирање и производство на постоечките лекови.
Врв на цинизмот е дека овие компании зборуваат за „ризик“ додека обичните луѓе го ризикуваат своето здравје на работа и се соочуваат со штедење за време на пандемијата. Профитерството на големите фармацевтски компании на катастрофата на јавното здравство која усмрти милиони луѓе и фрли десетина милиони во сиромаштија и невработеност е најголем можен доказ за потребата од експропријација на овој трул сектор под демократска контрола на работниците.


СИРОМАШНИТЕ НЕМАAТ ПРИСТАП

Често се вели дека ковид-19 е заеднички непријател на светот, дека не познава граници и дека сите сме заедно во тоа. Но, двојните окови на приватната сопственост и националните држави значи дека овие навистина потребни лекови нема да бидат достапни за милиони луѓе во сиромашните држави.
Многуте пари коишто развиените капиталистички држави ги даваат на фармацевските компании доаѓаат под определени услови, вклучувајќи и првенствен пристап. САД обезбедија 300 милиони дози од Фајзер и Модерна, со опција да купат уште 800 милиони. Покрај тоа, резервираа и 810 милиони од Астра Зенека, Џонсон и Џонсон, Новавакс и Сафонија, со договори за проширување, што би можеле оваа бројка да ја истуркаат до 1,5 милијарди. Британија купи 357 милиони дози од овие компании, покрај тоа и од една помала, Валнев, со опција да купи уште 152 милиони. А ЕУ обезбеди 1,3 милијарди дози од истите компании и од германската компанија Кјурвај, со опција да купи уште 660 милиони дози.
Една од последиците на анархичната природа на производството на слободен пазар е тоа што голем број различни фармацевтски компании на производството на вакцина против ковид-19 работеа одвоено и во тајност. Бидејќи не постоеше гаранција дека било кој од овие кандидирани лекови ќе биде успешен, богатите држави се осигураа купувајќи многу различни вакцини. Покрај тоа што на милијарди луѓе им скратија ефикасна вакцина, овој пристап на „земи и помешај“ е исклучително неефикасен, поготово затоа што некои од лековите (како што се тие на база на иРНК технологија) мораат да се чуваат во специјализирани, супер ладни фрижидери на голем трошок. Исто така е дискутабилно како големите фармацевтски компании воопшто можат да ги исполнат овие нарачки, бидејќи производството и дистрибуцијата на вакцината е комплициран процес.

Богатите Западни земји трупаат дози – милијарда луѓе од сиромашните земји со години можат да останат без пристап до нив / Image: Pixabay


Сè на сè, најбогатите држави во светот во просек купија доволно дози за три пати да го вакцинираат своето население. Во случајот на Канада, жителите можат да се вакцинираат и до пет пати. Ова апсурно ниво на натрупување може да значи катастрофа за сиромашните држави (а се сиромашни бидејќи се експлоатирани од тие империјалистички држави), што се турнати на крајот од редот. Народниот сојуз за вакцини – мрежа на организации која ја вклучува и Амнести интернешнл, Оксфам и Глобал џастис нау – проценува дека 70 држави со ниски приходи ќе можат да вакцинираат еден од десет луѓе.
Шака на богати „филантропи“ лобираа за пристап до вакцини во сиромашните држави. На пример, Адар Пунавал (шеф на Серум Институтот во Индија) обезбеди големи количини на вакцината од Астра Зенека и Новавакс, велејќи: „Индија има приоритет бидејќи тоа е државата во која сум роден“. Слично на тоа, мексиканскиот милијардер Карлос Слим помогна во финансирање на договор од 150 милиони дози на вакцина од Астра Зенека во Латинска Америка. А фондацијата Бил Гејтс вложи напор да обезбеди милијарда дози за 92 сиромашни држави. Вистинско лудило е тоа дека обезбедувањето на вакцини за милијарди луѓе зависи од хирот на неколку капиталисти, кои на крајот сакаат да го спасат сронетиот капиталистички систем. Уште повеќе, нивното „доброделство“ не е ни доволно блиску за да се пополни празнината – додека експропријацијата на нивните огромни богатства би имала значително поголемо влијание.
Др. Синди Вонг, извршен ко-директор на пристапната кампања Доктори без граници (МСФ) изјави: „Сега сме во ситуација каде мнозинството од ограничениот број на првите дози ги зграбија неколку земји како САД, Велика Британија, како и ЕУ, оставајќи многу малку за останатите држави во краток рок. Она што навистина би сакале да го видиме е брзо зголемување на глобалните залихи да има повеќе вакцини и дозите да можат да се даваат спрема јавно-здравствените критериуми на Светската здравствена организација, а не спрема платната способност на една држава.“
Но во капитализам, платната способност на државите е поважна од сите други размислувања. Обидите ова да се заобиколи на капиталистички начин се залудни. СЗО покрена програма на истражување на вакцина против ковид-19 (КОВАКС): план за глобална вакцинација на луѓе во државите со ниски и средни приходи против коронавирусот. Целта им е да достават 2 милијарди дози до крајот на 2021 година за 20% од најзагрозените луѓе во 91 држава, посебно во Африка, Азија и Латинска Америка. Но меѓународните документи покажуваат дека овој план се соочува со „многу голема можност“ на неуспех, бидејќи постои можност милијарди луѓе да немаат пристап до вакцините сè до 2024 година.
Ова е делумно затоа што две од најголемите светски економии САД и Кина, не го обврзаа финансиски КОВАКС, а не доделија ниту една доза која ја обезбедија. Кина започна сопствена иницијатива да направи вакцини достапни за сиромашните земји во нејзината сфера на влијание, што секако ќе биде во корист на нејзините геополитички интереси за предизвикување на САД на светско ниво. Не е изненадувачки тоа што претседателот Доналд Трамп ја применил својата максима: „Америка на прво место“ и на развојот на вакцината, необврзувајќи се да укаже на нееднаквоста во пристапот до вакцините, покрај тоа што се повлече од СЗО.
Со оглед дека новоизбраниот претседател Џо Бајден треба да ја преземе канцеларијата во другата половина на јануари (во моментот кога е пишуван текстот Бајден не ја имал преземено канцеларијата, заб. на прев.) некои коментатори се надеваат на промена во политиката. Бајден вети дека повторно ќе се придружи на СЗО. Меѓутоа, промената на врвот нема да го смени фактот дека најголемите држави и понатаму ги грабнуваат глобалните залихи на вакцините. Постои надеж дека, кога напорите за вакцинација ќе вродат со плод оваа година, побарувачката ќе опадни и цените ќе почнат да паѓаат. Меѓутоа, ако испадне дека вакцината против ковид-19 мора да се прима на годишно ниво, како вакцината против грип, тогаш, како што кажува Др. Гришна Удајакумар, директорот на Дјук центарот за светски здравствени иновации: „сè паѓа во вода“. Големите фармацевтски компании коишто имаа приватна сопственост над средствата за производство на фармацевтски препарати, ќе ги држат цените високи сè додека тие препарати се нужни. Тоа за последица ќе има дека богатите држави од Запад ќе продолжат да земаат дози преку ред, додека најсиромашните држави нема ни да дојдат на ред. Тоа во практика значи дека милиони животи ќе бидат жртвувани пред олтарот на профитот.


ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ И НАЦИОНАЛНАТА ДРЖАВА


Во интерните документи на КОВАКС многу се зборува за проблемите со „ризикот“ што разубавено значи финансиски издатоци за приватните компании кои ги снабдуваат со вакцини пазарите со ниски приходи. Планот на СЗО се потпира на ефтини вакцини од компании како Астра Зенека, кои исто така не мораат да се чуваат на супер-ниски температури, што ја олеснува дистрибуцијата. Наспроти тоа, Фајзер и Модерна не планираат да ја спуштат цената на своите призводи (кои покажаа подобри резултати на тестирањето) за посиромашните држави.
Фајзеровото поднесување на документација за својата вакцина до Европската агенција за лекови (ЕМА) е неодамна хакирано, заради што компанијата мораше да ги шифрира за да ја заштити својата интелектуална сопственост. Ова поставува многу важно прашање. Со оглед на тоа што овој лек главно го финансираше државата и дека истиот се базира на истражувањата направени во државни лабаратории, зошто тогаш овие документи не се достапни? Ако овие податоци станат јавни, тоа би овозможило сиромашните држави да развијат евтина генеричка верзија на Фајзеровата вакцина на домашниот пазар, наместо да увезуваат скапи производи од некое друго место.

Кризата на јавното здравје го демаскира трулиот капитализам, за којшто единствено решение е социјалистичка револуција / Image: Latuff


ЕМА предупреди дека ваквото споделување на податоци е всушност неопходно за решавање на светската пандемија, повикување на споделување на секоја неопходна интелектуална сопственост и податоци така да што повеќе држави би можеле да ги произведат овие вакцини. Установите како што е здружението за пристап до технологија за ковид-19 постојат баш заради ова. А декларацијата од Доха 2001 година, за Договорот за трговските аспекти на правото на интелектуална сопственост (ТРИПС) од 1994 година – за која се согласија сите држави членки на Светската трговска организација – потврдува дека јавното здравство секогаш мора да биде пред примената на правото на интелектуалната сопственост.
Но приватната сопственост е светост во капитализам. Големите фармацевтски компании веќе со години се потсмеваат со декларацијата од Доха, а наместо тоа (како што наведува еден извештај на Оксфам од 2019 година) „спроведоа агресивна програма на потчинување на државата во развој на уште построга заштита на интелектуалната сопственост, преку договори за слободна трговија и едностран притисок“. Дури ни оваа неспоредлива загрозеност на јавното здравство не е поважна од правото над интелектуалната сопственост на фармацевтските компании. Неодамна лобито на големите фармацевтски компании ги саботираше обидите на владата на Индија и Јужноафричката Република да ги спречат овие компании во спроведувањето на правото на интелектуална сопственост додека не се стекне глобален имунитет.
Под светска, планска економија, цела човечка генијалност и ресурси би се здружиле во создавање на успешна вакцина без оглед на застарените национални граници. Овој процес би бил забрзан со отворено и слободно споделување на податоци и стручност. Кога би дошло до некакво откритие, тој клучен ресурс би имал приоритет за производство што е можно побрзо и поповолно, како би се осигурало до секого на местото на употреба. Но приватната сопственост и националната држава го кочат овој процес на штета на човечкиот род.


НЕДОВЕРБАТА НА ЈАВНОСТА

Дури и во државите каде вакцините ќе бидат достапни имаме проблем со двоумење во јавноста. Една скорешна анкета која ја спроведе Кантар открива дека бројот на луѓе кои сакаат да се вакцинираат против ковид-19 во западните држави драстично опадна. Моментално, само 43% од Британците рекле дека „дефинитивно“ би ја примиле вакцината ако е достапна. Тоа може да се спореди со 30% од луѓето во САД, 38% во Италија, во Италија, 35% во Германија и само 21% во Франција.
Историски гледано, „антиваксерските“ теории на заговор се нешто коешто влијае на оние поназадни слоеви во општеството. Но овој широко распространет скептицизам е од поинаков карактер. Многу испитаници на анкетата изразија сомнеж во „сигурноста на вакцините заради брзината со којашто се произведени“. Навистина, многу компании што произведоа вакцини лобираа да се воведат поопуштени регулаторни процеси за да се случи брз пресврт. Иако ова, со оглед на итната потреба за вакцини не е зачудувачко, треба да нагласиме дека резултатите од клиничкото тестирање на насловните вакцини против коронавирусот изгледаат сигурно. Што е уште поинтересно, таа иста анкета откри дека „Државите каде е најмала довербата во владата – Франција (18% од луѓето веруваат во владата) и САД (14% од луѓето веруваат во владата) исто така имаат и најмал број на луѓе кои би се вакцинирале.“
Катастрофално погрешниот пристап кон оваа пандемија, правилата кои цело време се менуваат, двосмислените пораки и бескрајните карантини со многу мал видлив ефект, заедно со веќе постоечкиот пад на поддршката кон естаблишментот по една деценија напади на животниот стандард и мерки за штедење, доведоа до тоа милиони луѓе повеќе да не веруваат во ниеден збор кој излегува од устата на политичарите. За многумина, таа недоверба се прошири и на „научниот естаблишмент“.
Ова расположение, кое е одраз на разбирлива класна лутина на изопачен начин, демагошки го разгоруваат десничари како Доналд Трамп, Најџел Фараж, Жаир Болсонаро, кои го искористија очајот и лутината на населението, фрлајќи семе на сомнеж во опасноста (па дури и постоењето) на пандемијата. Ова е така и покрај тоа што неодамна никој друг туку Трамповиот сојузник Мајк Пенс јавно ја прими вакцината на Фајзер во живо на телевизија.
Тоа што ова расположение продре во значајни слоеви од општеството и покрај милиони случаи на зараза и милиони смртни случаи, е показател на длабочината на кризата на капиталистичкиот систем, во кој народот загуби доверба. Тоа е исто така показаел на патетичниот неуспех на водачите на работничките движења да ја насочат оваа лутина кон елитите ,во прогресивна и класна насока. Ако овој скептицизам доведе до низок степен на вакцинација, тогаш можеби нема да постигнеме 70% имунитет, што ни е потребно да ја запреме пандемијата. Сите пари и напори вложени во производство на вакцините би можеле да бидат залудни.
Затоа е клучно за левицата да го впери прстот кон вистинскиот извор на оваа криза: на капиталистичкиот систем и неговите несреќни политички претставници. Да управуваше социјалистичка држава со процесот на вакцинација, којашто би извршила успешни блокади со пружање на соодветна финансиска поддршка на луѓето кои не можеа да работат, оваа струја на огорченост и недоверба не би постоела. Затоа што големите фармацевтски компании би биле експроприрани и ставени под работничка контрола, нивните деловни книги би биле отворени и целиот процес на развој на вакцините би бил целосно транспарентен, за да би се осигурала довербата на јавноста. Луѓето благодарно би ја примиле вакцината како би ја завршиле мрачната ноќ на оваа пандемија. Наместо тоа, зачудувачките научни достигнувања би можеле да бидат поткопани од овој сенилен економски систем. Искуството извлечено од оваа криза откри сериозна болест на капиталистичкото општество, за која единствениот лек е социјалистичка револуција.

Линк до оригиналот: COVID-19 vaccines: Big Pharma profits trump human lives

ДемократијаИнтернационала

САД: „востанието“ на Трамп и хаосот на американската буржоаската демократија

-Уредувачки одбор на Сошалист Риволушн (САД)

Со тресок започна 2021 година. Ако уште некој се сомнева, токму настаните од 6 јануари ја покажаа длабоката криза на американскиот капитализам – и тоа е само почетокот. Дури и во бурните години пред и по Граѓанската војна во САД, никогаш не сме виделе зградата на американскиот Капитол да биде пробиена од страна на демонстранти – и охрабрена од Претседателот кој е на власт! Активирани беа антитерористички мерки за вонредна состојба случаи додека солзавецот се ширеше низ ходниците, а најмалку едно лице беше застрелано и убиено. Како што изјави поранешниот претседател Џорџ В. Буш, ова се сцените што може да се очекуваат во „банана република“ – т.е. во земја опустошена од американска империјалистичка интервенција, а не во срцето на злото.

Американскиот капитализам и неговите институции се како куќа преполна со термити – каде гнилото се шири брзо. Може на површината да изгледа спокојно, но ако стапнете преку тремот, ногата ќе потоне низ подот. Дијалектиката објаснува дека нештата се претвораат во нивните спротивности. Со децении, САД беа најстабилни од големите капиталистички земји. Сега, целиот свет гледа како десничарските демонстранти прават немири во една од трите најважни згради на федералната влада. „Семоќните“ институции на американската влада, како Потемкино село, се разголуваат како многу послаби и изнемоштени отколку што изгледаат на прв поглед.

Фундаменталната криза на капиталистичкиот начин на производство доведе до огромна социјална нестабилност и пад на „тврдината“ на светскиот империјализам. Ова се рефлектира преку остра поларизација во комбинација со масовна политичка забуна. Искривените поделби во рамките на работничката класа се резултат на ќор-сокакот на капитализмот и недостатокот на смело политичко и независно синдикално раководство. Доколку гневот на работничката класа со децении беше насочен кон градење на нова масовна партија и искористување на моќта на синдикатите да се борат за сите интереси на работниците на класна основа, 2020 година и денешната состојба ќе беа сосема поинакви.

Сведоци сме на многу остри и драматични промени изминативе години, а и ќе има и многу други. Хаосот, конфузијата и недостатокот на соодветно лидерство во ситуацијата претставува пречка за работничката класа. Но исто така и отвора многу можности. Ленин објасни дека првиот услов што покажува дека едно општество влегува во предреволуционерен период е дека владеачката класа е поделена и дека не може да владее на вобичаениот начин. Треба да се вратиме на годините на Антебелум (период од 50 до 70 години од американската историја пред Граѓанската војна – заб. на прев.) за да го најдеме времето кога владеачката класа и нејзините политичари беа сериозно поделени колку што се денес.

Повторно и повторно, во последните неколку стотици години, видовме дека кога владејачката класа е парализирана и во неприлика, народот гледа можност да упадне во обид да направи фундаментална промена. Сепак, она што го видовме вчера не беше работничката класа да се дигне и за да го промени општеството. И покрај заблудите за револуционерно величие, учесниците кои го вееја знамето на Конфедерацијата беа најдалеку можно од револуционерни. Ова беше контрареволуционерна толпа што почувствува можност да го уништи моменталниот план со упад во клучната институција на светско-империјалистичката реакција во обид да ја турне уште повеќе кон десно.

Хаос на Капитол Хил

Нашироко се очекуваше дека 6 јануари, денот кога Конгресот требаше да го потврди гласањето на Изборниот колеџ на заедничка сесија, да биде напнат ден во Вашингтон. Ова беше кулминација на обидот на Трамп да ги постави изборите како измамнички, а претседателот организираше „Марш за спас на Америка“ за да се совпадне со гласањето на Изборниот колеџ.

На митингот излегоа неколку илјади од неговите најжестоки приврзаници, од кои многу допатуваа од руралните општини низ целата земја, вклучувајќи стотици вооружени милицајци, Горди момчиња и други реакционерни елементи на екстремната десница.

Истиот Трамп кој толку жестоко се спротивстави на движењето „Црните животи значат“ (БЛМ) и отиде дотаму што побара воена интервенција во јуни, сега се обрати на мал океан со капи од МАГА (акроним од Направија ја Америка повторно велика), американски знамиња, транспаренти на Трамп, конфедерациски знамиња и знамиња на „Сините животи значат”. Тој ги повика своите приврзаници да маршираат по авенијата Пенсилванија и да го покажат својот гнев кон американскиот Конгрес. Личниот адвокат на Трамп Руди Џулијани повика на „судење со борба“.

Наместо милитаризираните сцени на полицајците за борба против немирите и војниците на Националната гарда кои патролираа низ секоја зграда и уличен агол во Вашингтон за време на протестите за „Црните животи значат“, полициското присуство се движеше меѓу тотално неподготвено до отворено симпатизерско. Тие сигурно не беа ни толку бројни, а немаа ни опрема што ја користеа против демонстрантите на БЛМ и покрај јавното планирање за насилни акции на десничарските веб-страници неколку седмици пред маршот.

Непосредно пред 14 часот, кога членовите на Конгресот кои се залагаа за Трамп се спротивставуваа на сертифицирањето на изборите за гласање во Аризона, толпата пред зградата на Капитол ги мина скоро непостоечките барикади на полицијата и се нафрли на зградата на владата, качувајќи се по sидовите и кршејќи ги прозорците. Ударните вести ги преплавија глобалните насловни страници додека милиони гледаа како толпата скока низ прозорците и маршира по ходниците на Капитол, додека сенаторите лежеа на подот и ги носеа кон заштитните одаи.

Демонстрантите влегоа во зградата, со што седницата на Конгресот беше запрена. Тие продолжија со окупација и грабеж на канцелариите на законодавците, вклучително и канцеларијата на спикерката Пелоси, чии преписки и плакати беа запленети како трофеи. Користен е солзавец, а беа повикани и ФБИ и други вооружени агенти да се врати контрола врз зградата. Целата национална гарда на Вашингтон, 2700 војници и 650 припадници на Националната гарда на Вирџинија се мобилизираа за воспоставување ред. Неколку часа подоцна, гувернерот на Њујорк, Куомо испрати дополнителни 1000 војници на Националната гарда на Њујорк да помогнат во смирувањето на Капитол Хил. Имаше и мали симпатизерски про-Трамп демонстрации и напади на владини згради во неколку државни метрополи низ целата земја, но ништо на ниво на протестите во Вашингтон.

Трамп и неговите цврсти поддржувачи во Конгресот скоро сигурно не планираа толпата да го нападне Капитол – но тие играа со оган. Трамп ја охрабри екстремната десница кога маршираше низ Шарлотсвил, Вирџинија. На претседателската дебата есента, тој неславно им порача на Гордите момчиња „да застанат назад и да бидат подготвени“. Уморни од чекање, агресивните кучиња на Трамп се ослободија од ланците со цел да ги уништат непријателите на својот господар.

Дали ова беше обид за бонапартистички пуч?

Бидете сигурни, ова се драматични настани! Но, како марксисти, ние мора да го задржиме осетот за пропорција. Ова не беше организиран востанички удар на работ на соборување на американската влада и наметнување фашистички режим за да ги уништи работниците и левицата. Далеку од тоа! Работничката класа останува огромно мнозинство во оваа земја и може да го избрише ова ѓубре настрана со својот мал прст откако ќе се мобилизира во борба за своите интереси.

Бонапартизмот, именуван по Наполеон Бонапарта, може да се појави во општество по период на длабока и пролонгирана нестабилност кога класната борба е во безизлез и меѓусебна исцрпеност. Во такви околности, може да се појават поединци, коишто се чини дека се издигнуваат над класите, маневрираат и се потпираат прво на една класа или слој, а потоа на друг, повторно воспоставувајќи го редот и „правилото на мечот“ со поддршка на државниот апарат.

Мораме да го задржиме осетот за пропорција. Овие настани и покрај тоа што беа драматични не се со размер на државен удар против американската влада / Image Frypie

За да го постигне ова, идниот бонапартист мора да е поддржан од поголемиот дел од војската. Трамп го нема ова. Само три дена порано, сите десет живи поранешни секретари за одбрана објавија заедничко соопштение во Вашингтон пост во кое ги бранат изборните резултати и предупредуваат дека воено вмешување во изборите „ќе не однесе на опасна, незаконска и неуставна територија“. Да ја повикаа војската, таа ќе се ослободеше од Трамп, а не да го постават како диктатор!

Гордите момчиња, кјуанон („Q-Anon“) будалетинките со теориите на заговор и остатокот од крајната десница не се доволни за да воспостават диктатура, ниту пак се дел од државниот апарат (иако некои поединечни членови секако се во војска и полиција). Дури и без организација и лидерство, овие бројно безначајни и слабо организирани социјални сили би можеле брзо да се задушат преку масовна акција на работничката класа – иако тие, без поговор, можат да направат вистинска штета на индивидуално ниво и дека дури и малиот рак може да метастазира во нешто многу поопасно, ако не се третира рано. Сепак, оваа закана може да стане реална само доколку работничката класа не успее да ја преземе власта во следната деценија или две и само по серија сериозни порази. Потег во таа насока од страна на „камшикот на контрареволуцијата“ во оваа фаза ќе создаде уште поголема нестабилност и ќе ја разбуди работничката класа.

Се подготвува нееднаква и спротивна реакција – нееднаква е бидејќи силите за социјален напредок се многу повеќе од ретроградните погромисти во американското општество. Мнозинството на милиони кои учествуваа директно во движењето Џорџ Флојд или ги поддржаа неговите барања и активностите од дома, се вистинската револуционерна иднина за оваа земја. Прашање на време е кога движењето ќе се врати во офанзива на уште повисоко ниво.

Дивиот и прекрасен свет на Доналд Трамп и поделбите во Републиканската партија

Образовниот систем, буржоаските политичари, мејнстрим медиумите, Црквата и другите институции на капиталистичкото владеење ја повторуваат мантрата дека Америка е најдемократската земја што постои или некогаш постоела. Марксистите не ги прифаќаат овие баналности. Ние мора да го испитаме светот каков што е навистина.

Иако ненамерно, Трамп всушност помогна да се открие вистината. Ако ги оставиме настрана милијардите во донации кон корпоративните кампањи и армиите на добро ситуираните лобисти, американската „демократија“ не се заснова на концепцијата „една личност, еден глас“. На крајот на краиштата, она што мнозинството го мисли и сака, нема директно влијание врз владината политика. Одлуките донесени од сите три владини гранки на крајот се носат во рамките на капиталистичкиот систем и во негова одбрана. Во време на економска и социјална криза, ова им дава малку драгоцен простор за маневрирање.

Определбата на Трамп да се задржи во Белата Куќа по секоја цена ја подели Републиканската партија

Капиталистичката класа се грижи, пред сè, за интересите на системот како целина, сега и во иднина. Тие разбираат дека ако луѓето веруваат дека тие навистина имаат збор, најверојатно ќе ги прифатат диктатите на големиот бизнис. Но, длабоко вкоренета недоверба кон статус-кво проникнува и во левата и во десната страна. Бидејќи колку повеќе луѓе почнуваат да ги гледаат работите такви какви што се, толку помалку стабилност има за одржување на капитализмот и се поголеми изгледи за промена на системот.

Но, Трамп се грижи само за неговиот личен моментален интерес. Неговото егоманијакално однесување ги кине завесите што долго време ја криеја реалноста од мнозинството за класната диктатура. Ова е коренот на континуираниот конфликт меѓу Трамп и мнозинството од владејачката класа на која и самиот припаѓа.

Трамп активно го поткопа легитимитетот на американскиот изборен систем откако првпат ја објави својата претседателска кандидатура. Иако ги освои гласовите на Изборниот колеџ и претседателската функција во 2016 година, тој го загуби гласот на народот за три милиони. Незадоволен со тоа да ги придобие своите многу понижени противници и да стане најмоќниот човек на планетата, тој инсистираше на тоа дека има масовна измама на гласачите и тврди дека го освоил и народниот глас. Во пресрет на изборите во 2020 година, тој тврдеше дека единствениот начин на кој може да изгуби е масовна измама и тој одби да вети дека ќе го олесни мирниот трансфер на власта.

Од ноември, Трамп се опколи со советници кои ја хранат неговата заблуда за масовна измама. Откако Крис Кребс, републиканец назначен да ја следи технолошката безбедност поврзана со изборите, ја потврди валидноста на резултатите од изборите, беше веднаш отпуштен. Дури и јавниот обвинител Вилијам Бар – пример за војник на Трамп, беше избркан кога јавно изјави дека не гледа докази за значителна измама.

„Почитта“ на Трамп кон волјата на гласачите беше очигледна во неговиот неодамнешен телефонски повик до државен секретар од Џорџија, Бред Рафенспергер. И покрај тоа што беше десничарски републиканец и поддржувач на Трамп, Рафенспергер ги надгледуваше претседателските избори во Џорџија и го бранеше пребројувањето на гласовите, иако тоа укажуваше дека Бајден победил. Трамп побара Рафенспергер да „направи нова пресметка“ и „да ги најде“ 11780 гласови што му беа потребни за да се надмине рамнотежата.

Одлучноста на Трамп да се бори и да остане во Белата куќа послужи да ги влоши длабоките поделби во Републиканската партија. Овие поделби беа разоткриени откако тој го прегази партискиот естаблишмент во 2016 година, а партијата преживеа, па дури и зајакна од неговата огромна гравитациона сила. Дури и во пораз во 2020 година, тој ја држеше партијата под контрола. Но, неговиот темперамент конечно принуди многумина да изберат страни: за или против фундаменталните институции на капиталистичкото владеење.

Што се однесува до капиталистичката класа, која обично никогаш не го гледаше Трамп како доверлив претставник на нивните класни интереси, тие сега го изразуваат своето неодобрување кон претседателот посилно од кога било. Ова ги вклучува Стопанската комора на САД, историски гласот на големиот бизнис, и Националната асоцијација на производители (НАМ), кои претставуваат 14000 големи корпорации. НАМ го поттикна потпретседателот Пенс „сериозно да размисли“ за импичмент на Трамп пред тој да ги заврши последните две недели од неговиот мандат. Дури и Њујорк пост – гласноговорник на Руперт Мардок – кој го поддржуваше Трамп низ сѐ, на крајот го повика да ги прифати изборните резултати.

Патот напред

Среде пандемија и економски пад, не смееме да ја изгубиме од вид огромната потенцијална моќ на трудот. Работничката класа е огромно мнозинство во земјата и без неа ништо не се произведува ниту се транспортира. Работничката класа не само што е способна да ја сопре капиталистичката економија, туку таа е и единствената социјална сила што може да го победи трампизмот и суштински да го трансформира општеството.

Работничката класа треба да се мобилизира да се бори за програма на смели социјални барања, вклучуваќи и загарантирана минимална плата од 1000 американски долари седмично, крај на присилните иселувања и ограничување на кириите на не повеќе од 10% од приходот. Со оглед на длабочината на кризата, овие барања ќе охрабрат милиони и ќе добијат огромно ехо ако сериозно ги туркаат милиони синдикализирани работници. Ова исто така ќе ги поткопа циничните напори на Трамп да се претстави како „пријател на работничката класа“.

Масовно движење што се бори за овие барања ќе ја пресече реакционерната партизирана поларизација и ќе ги обедини работниците на класна основа. Ова не може да се случи без лидерство. Сегашните синдикални лидери не ставаат таква перспектива и покрај расположението на незадоволство и растечката класна свест кај младата генерација работници. Марксистите мора да соработуваат со оние кои моментално се занимаваат со градење опозициски мрежи во синдикатите, спојувајќи ги работничките борби со револуционерните марксистички идеи. Милиони работници се движат во насока на класна борба, за што сведочат и стотиците диви штрајкови што избија од пандемијата и обидите да се организираат нови синдикати на поголемите работни места како Гугл.

Иако остануваат само неколку дена од мандатот на Трамп, се шири идеја за повикување на 25-тиот амандман, што предвидува смена на претседател кој не може да ги „испушти овластувањата“ на функцијата. Пандемијата КОВИД-19 продолжува да беснее, со нерамномерна распределба на вакцини и бележи рекордни смртни случаи скоро секој ден. По нивната доцна победа во Џорџија, демократите сега ги контролираат претседателството и двата дома на Конгресот. Со закана за економска депресија, тие ќе бидат ставени на тест сега кога нема сериозни изговори за недонесување мерки што ќе постигнат повеќе од палијативно олеснување за милионите осиромашени работници.

Настаните се движат брзо. Ќе обезбедиме дополнителни ажурирања и анализи во деновите и неделите пред нас. Но, едно е јасно: само класната независност и милитантната акција можат да го покажат патот напред. Слабоста на американската левица е директно поврзана со фактот дека повеќето од нив се обидуваат да се прилагодат и да соработуваат со демократите. Ова е пристапот што доведе до сегашната катастрофа. Не е доцна да се смени курсот! Вооружена со револуционерна перспектива и класно-независна програма и организација, работничката класа може да го конструира раководството што ѝ е потребно за да се стави крај на сегашните и идните ужаси на американскиот капитализам. Борба за работничка влада! Само револуционерен социјализам може да го победи трампизмот!

Сведоци сме на долготрајната агонија на смртта на американската буржоаска демократија и светскиот капитализам како целина. Сето ова се одвива под егзистенцијалната сенка на забрзување на климатските промени. Историската задача на марксистите е да го изградат субјективниот фактор што може да ја катализира работничката класа во нејзината мисија да го замени смрдливиот труп на капитализмот со свет на револуционерна демократија и материјална изобилство. Молекуларниот процес на револуција и трансформацијата на свеста ги турка милионите луѓе во оваа насока. Ако се согласувате со овие идеи, ве покануваме да се придружите на ИМТ.

ВестиЕвропаИнтернационала

Британија: Ториевците продолжуваат со продажба на оружје кон Саудиска Арабија додека Јемен крвари

Ториевците тврдат дека го трошат целото свое време и енергија „справувајќи се“ со пандемијата. Сепак, слично како лажните солзи на секретарот за здравство Мет Хенкок на телевизија, ова е параван за она што се случува зад сцената.

од Халид Малахи, 18 декември 2020

Британското оружје продадено на Саудиците убива цивили во Јемен
“Продолжува” продажбата на оружје кон Саудиска Арабија

Законска битка минатата година резултираше со “забрана” од страна на британската влада за продажба на нови оружја кон Саудиска Арабија и други коалициски сили вклучени во крвавата војна со Јемен. Основата за ограничувањата беше кршење на меѓународните хуманитарни права.
Ова е сосема оправдано, имајќи ја во предвид штетата што ја предизвикаа силите на саудиската коалиција. Воздушните напади се одговорни за две третини од цивилните смртни случаи (третирани како несреќна „колатерална штета“ од страна на империјалистите), вкупно околу 8.000. Згора на тоа, намерното таргетирање на важна инфраструктура остави милиони луѓе во глад и глад. Британскиот империјализам беше клучен олеснувач на овие напади и затоа соучесник во сите овие злосторства.
Но, на 7 јули оваа година беше укината „забраната“ за продажба на оружје, додека пак британската држава не најде докази за воздушни удари кои ги кршат меѓународните закони.
Во реалноста, забранаи не постоеше, бидејќи брзо се спротивстави на нагонот да се задржи протокот на пари, при што незаконското ново лиценцирање беше укинато само под притисок. Претходно постоечките лиценци продолжија да важат. Како што потврди БАE системи (на англ. British Aerospace Systems), најголемиот извозник на гангстерите во Ријад во извештајот за 2019 година, работите продолжија како и обично. Договорите за поддршка беа исполнети, овозможувајќи одржување на борбени авиони.
Додека Лиз Трус, секретар за меѓународна трговија, лееше крокодилски солзи, во Јемен и понатаму се истураа езера од крв. Ова несомнено не можеше да се случи без клучната улога што ја играше Велика Британија и продолжува да ја игра.
Трус даде „безрезервно извинување“, притоа признавајќи дека можно е понатамошни прекршувања „да излезат на виделина“. Во меѓувреме, владата на Велика Британија продолжи да ја поканува Саудиска Арабија на најголемиот светски саем за оружје; остар сигнал дека не очекувале оваа забрана да биде на долг рок или конечна.
Иако овој „значаен“ судски случај навистина не промени ништо, официјалните причини за укинување на забраната ова лето се исто толку смешни колку и транспарентни. Трус заклучи дека не постои „шема“ што може да се најде во прекршувањата. А сепак, токму во тој месец, Министерството за одбрана јавно изјави дека забележале повеќе од 500 потенцијални прекршувања на човечките права во Јемен. Тука, се разбира, зборуваме за формално буржоаско меѓународно право, кое го фаворизира империјализмот.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши повеќе од 20 000 воздушни напади од почетокот на конфликтот во 2015 година. Според Проектот за податоци во Јемен, една третина од овие воздушни напади – со авиони направени и одржувани од БАЕ Системите – биле извршени врз невоени мети. Ова доведе до масовно раселување на милиони луѓе. Предлогот дека има само 500 „потенцијални“ (!) прекршувања е ужасно потценување.
Сепак, беше истакнато дека дури и овие статистики обложени со шеќер укажуваат кон некој модел на однесување. Јасно е дека сè пострашната реалност за милиони Јеменци е незамислива несреќа, глад и сиромаштија. Но, ова не ги загрижува Ториевите и нивните пријатели. Човековите права за нив не се ништо во споредба со военото профитерство.
Ториевците лежеа за улогата што ја играше Велика Британија во овој конфликт. Иако може да изгледаат строго и сериозно на телевизија кога зборуваат за оваа тековна хуманитарна криза, тие се радосни кога се во прашање саемите за оружје и напорите за Велика Британија да продолжува да има големо парче од колачот.
Тврдењето на Трус дека „не постои видлив ризик“ британско оружје да се користи за воени злосторства е бесрамна фикција. Продажбата на оружје, одржувањето на авионите „Торпедо“ и „Тајфун“, споделувањето разузнавачки информации и оперативно и техничко следење ги уништија нешто помалку од половина од предвоените здравствени установи во Јемен. Болниците се една од многуте клучни инфраструктури претворени во урнатини. Сега судовите дадоа свој печат на одобрување за сето ова да продолжи. Капитализмот е, како што рече Ленин, ужас без крај.
Иако беа направени понатамошни обиди за воведување ембарго за продажба на оружје кон Саудиска Арабија, она што е јасно од целата оваа ситуација е дека Ториевците немаат намера да ја запрат воената машина. Ниту „моралните“ ниту правните приговори нема да ги поколебаат овие гангстери, затоа што владее стремежот кон профит.

Отровни врски со Династијата Сауд

Полибералните коментатори изразија незадоволство за сè поблиските односи на Велика Британија со Саудиска Арабија. Но, мора да бидеме јасни: овие дами и господа не се противат на самите злосторства на британскиот империјализам. Тие едноставно се срамат од ‘токсичните’ врски со деспотската династија Сауд. Тешката и очајна состојба што ја преживува најголемиот дел од Јемен е многу далечна грижа.
Многу важен елемент на оваа врска е тоа што Саудиска Арабија е најголемиот увозник на одбранбени средства во светот. Во изминатата деценија, таа увезе оружје во вредност од 116 милијарди долари – двојно повеќе од која било друга земја. Од извозот на стоки за воена употреба на Велика Британија од 125 милијарди долари од 2010 година, 60% биле наменети за земјите од Блискиот Исток. Овие продажби се потпираат на континуирана дестабилизација и уништување на овој регион – без апсолутно никаков обзир спрема човечката цена.

Британија е соучесник на злосторствата на деспотскиот саудиски режим


Британската војска дејствува на многу локации низ Блискиот Исток. Декласифицираните извештаи покажуваат дека во регионот има 23 воени бази; со тоа што персоналот користи дополнителни 41. А 15 клучни страници се наоѓаат во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и Центарот за воздушни операции – каде РАФ (британските авиосили) несомнено им помага на своите саудиски колеги во воздушните напади. Неодамна беше откриено дека, за време на таканаречената забрана за продажба на оружје, британски воен персонал бил тајно стациониран и продолжува да биде стациониран на нафтените полиња во Саудиска Арабија. Исто така, има и многу персонал на РАФ, којшто додека им е даден на заем на БАС, служи во воздушните бази на Саудиска Арабија близу до границата со Јемен.
Идејата дека уништувањето во Јемен е исклучиво саудиски проблем е илузија. Со плановите на Ториевците да ги зголемат воените трошоци за 22 милијарди долари во текот на четири години – зголемување од 10 проценти – Велика Британија ќе продолжи да помага при и да ги охрабрува злосторствата низ целиот Блиски Исток. Намалувањето на помошта за странство – иако во крајна линија, се разбира, дел од „меката“ моќ на империјалистите – подготвува совршена бура за земјите кои имаат најголема потреба во овој регион.
Каков е одговорот на Лабуристичката партија на ова? За сите неверојатни пофалби што ги прима Сер Кир Стармер во буржоаскиот печат за неговото ‘детективско’ лидерство, се чини дека го остави овој настан да пројде незабележан.
Но, ова не треба да изненадува: неговиот пристап кон надворешната политика е продолжение на неговиот општ пристап кон политиката и намерите за Лабуристичката партија: докажувајќи се дека е безбеден алат за капиталистите и со потиснување на левицата во партијата.
Сер Кир со милина проповеда за „патриотизмот“ и „националната безбедност“. Ова е причината зошто тој ги натера лабуристичките пратеници да апстинираат за Предлог-законот за прекуокеански операции, којшто се обидува да им дозволи на британската војска да се извлече со воените злосторства. Ова е и причината зошто тој го поздрави зголеменото буџетско трошење за војската, само критикувајќи го соопштението дека е „без стратегија“.
Типично за десничарските реформисти, тој се вози на успехот на Ториевците. Стармер се позиционира како водач на „веродостојна“ опозиција – што значи, без никакво спротивставување кога станува збор за маките на сиромашните во Јемен, Велика Британија или каде било на друго место.
Како што рече Ленин, војната е ужасна – ужасно профитабилна за капиталистите. Марксистите мора да се борат против военото профитерство и империјалистички амбиции на Ториевците и капитулацијата на Стармер, за вистински антиимперијализам во работничката партија и воопшто во движењето. На крајот на краиштата, тоа може да се постигне само со целосно раскинување со капитализмот и империјализмот, што е природен дел од капитализмот, и борба за општество засновано врз човечките потреби и благосостојба, а не војна и мизерија.

извор: Britain: Tories continue Saudi arms sales while Yemen bleeds

автор: Халид Малахи

ВестиЕвропаИнтернационалаОпшто

Од Полска: Судската забрана за абортус е напад врз работничката класа!

Следнава изјава од нашите другари од Полска ја осудува одлуката на полскиот Уставен суд, со која абортусот сериозно е ограничен. Гнилиот антиженски, антиработнички буржоаски режим мора да се сруши!

прочитај оригинал на полски Sądowy zakaz aborcji to atak na klasę robotniczą!

прочитај на англсиски Poland: judicial ban on abortion is an attack on the working class!

автор: Јан Жарски, 28 октомври 2020

протест против одлуката за забрана на абортусот
Протест во Варшава по одлуката на Уставниот суд

Датумот 22 октомври 2020 ќе биде запишан во историјата како денот во кој, по долгогодишни напади врз правата на жените, десничарите во Полска конечно ја достигнаа својата цел и драстично го скратија правото на абортус. Овојпат, не по заслуга на законодавната, ниту пак на извршната власт, кои се во рацете на конзервативците, туку по заслуга на судската власт, која опозицијата во Полска ја гледа како најсвета.

Оние кои треба да го запазат уставот и да го интерпретираат – судовите на уставниот трибунал – испаднаа чисти реакционери. Дали имаме потреба од понагласен доказ за тоа дека целиот буржоаски систем на третата полска република е антиженски, антиработнички и античовечки? Според службената интерпретација на Судот, овој устав, каменот темелник на третата република, ги принудува жените да раѓаат деца против својата волја. Ќе мораат да донесат на овој свет деца со болни деформитети, со страшни вродени болести, деца кои често умираат по раѓањето, предизвикувајќи неизлечлива траума кај нивните родители.

Целиот систем е гнил до срцевината, апсолутно непријателски настроен кон мнозинството, работничката класа на Полска. Ова е вистина без разлика кој се наоѓа во канцелариите и по судовите, кој е обвинител или кој ја води полицијата. Уште пред да постои ПиС (PiS, сегашната владејачка партија која себе се нарекува Партија на Законот и Правдата) безброј судски пресуди ги пустошеа животите на семејства од работничката класа, со изрекување на принудни иселувања, притоа застанувајќи рамо до рамо со нечесни бизнисмени кои не им исплатуваа плати на своите вработени, со замолкнување на новинари и активисти кои се обидуваа да објават и да кажуваат за случаи на капиталистичката неправда и експлоатација.

Наместо да ги браниме судовите, мораме да се бориме против системот; наместо да ги спасуваме државните буржоаски институции, работничката класа мора да ја сруши оваа држава и да си ја преземе моќта во свои раце.

Некои неточно тврдат дека ако Рафал Тшасковски, кандидатот на Цивилна Платформа, станел претседател, сега не би се соочувале со ваков проблем. Оваа изјава сосема ја игнорира вистината дека претседателот нема никаква моќ и никакво влијание врз пресудите на Уставниот трибунал, чиј состав веќе беше претходно одреден од парламентарното мнозинство.

Либералите, вклучувајќи го и Тшасковски, не се пријатели на жените и малцинствата! Што ли сторија тие за угнетените општествени групи кога ја имаа контролата над државата, над парламентот и над извршната власт? Што ли направи Тшасковски за жените и ЛГБТ заедницата како градоначалник на Варшава? Ништо! Работничката класа мора да се потпира сама на своите сили и на своите организации за да допре до сите свои сојузници и пријатели – сите угнетени и искористени во капиталистичкото општество.

Да не се залажуваме дека радикалните десничари, жоброичките пратеници (именувани по реакционерниот министер за правда Збигнев Жобро) и пратениците на партијата „Конфедерација на Слободата и Независноста“, ќе бидат задоволни со неодамнешниот „успех“. За нив, ова е знак да ги зачестат и засилат нападите врз работничката класа и врз нејзините права. Возвраќањето од страна на левичарите мора да биде цврсто, и не ограничено само по интернетот и по прес-конференции. Левичарите мора да ја насочат и да ја организираат праведната огорченост на работниците и да бараат радикални промени – да преминат од одбрана на статус квото кон започнување на офанзива против десницата, да се залагаат за бесплатен пристап до абортус, до средства за контрацепција и до сексуално образование. Овие барања треба да се вклучени во револуционерна програма кон уништувањето на буржоаската држава и кон градењето на социјализам.

Овие тези и барања посочени од нашата организација уште во мај оваа година, за време на претходниот обид да се скрати правото до абортус, се сѐ уште важечки:

  • Не за забраната на абортусот!
  • Нека секоја жена сама одлучува за својот живот!
  • Безбеден и бесплатен абортус поради која било причина!
  • Универзално сексуално образование во сите училишта наместо религија и вера!
  • Бесплатна гинеколошка нега и средства за контрацепција за сите жени!

Само како обединета работничка класа на жени и мажи можеме да ја поразиме десницата и нејзините послушници!

Само соборувањето на капитализмот ќе ги гарантира правата на секој човек!

Да се организираме и да се бориме!

ВестиИнтернационалаОпшто

Боливија: убедлива победа на МАС – што е „пренасочувањето на процесот“ од страна на Арсе?

МАС (Движењето за социјализам) се врати на власт во Боливија по убедливата победа на неодамнешните парламентарни избори. Наместо програма за компромис и национално единство, неопходни се смели социјалистички мерки за да се надмине овој период на огромна криза и општеството да продолжи да се движи напред.

Оргинално објавено на Bolivia: a resounding victory for MAS – what is Arce’s “redirection of the process”?

автор: Хозе Переира, Класна борба, Боливија, 22 октомври 2020

Дека кандидатот на МАС, Луис Арсе Катакора беше фаворит на боливиските избори на 18 октомври, никогаш не беше мистерија. Но, ниту опозицијата, ниту меѓународната заедница, ниту самата МАС не очекуваа победа за Арсе со повеќе гласови отколку што доби Ево Моралес во 2019 година, кога Арсе беше министер за финансии.

Убедлива победа на Луис Арсе и МАС на изборите во Боливија

Најверодостојно предвидување беше оспорување на секој можен глас за да се утврди потребата за втор круг. Според боливиските изборни правила, победата во првиот круг се прогласува кога кандидатот ќе добие 50 проценти плус еден од гласовите или кога победникот ќе добие 10 процентни поени повеќе од второпласираниот. Од оваа причина и за да се избегне избрзување кон заклучоци од страна на кандидатите, меѓународните набљудувачки мисии, особено оние на МЕРКОСУР и ООН, му предложија на Врховниот изборен трибунал да не ги објавува податоците за системот за брзо броење. Системот за брзо броење ги собира резултатите од секоја гласачка кутија пред да се објават вистинските официјални записи. Тие сакаа да ги избегнат можните судири за кои стравуваше дел од населението, особено во градовите како Ла Паз, каде што долги редици се собираа на бензинските пумпи во пресрет на гласањето за да се снабдат со бензин.

За резултатите од неофицијалното брзо пребројување дознавме дури на полноќ, во неделата, откако портпаролот на кампањата на МАС, Себастијан Микел, интервенираше за јавно да побара јавно објавување на победата на Арсе. Ова е затоа што веќе имало повици на социјалните мрежи за мобилизација против можна измама. Сепак, како што постојано беше појаснувано, одлуката да не се предвидува официјалниот резултат на гласањето беше донесена како договор помеѓу меѓународните набљудувачки мисии со самиот Арсе и со поранешниот претседател Карлос Меса од Комунидад Сиудаданаса, најблискиот противник на Арсе.

Забележително е дека, дури и при појавувањето пред медиумите половина час откако беше познат обемот на триумфот на Арсе, Микел ги наведе истите 45 проценти од гласовите што ги предвидуваше МАС во текот на последните месеци од кампањата. Но, според податоците од неофицијалното брзо пребројување, кандидатурата на МАС, составена од Арсе и Давид Чокехуанка (најистакната фигура на домородното крило на партијата) освои меѓу 52 и 53 проценти. Оваа неприкосновена победа ја признаа сите противници на МАС на овие избори, преодната влада, меѓународните набљудувачки мисии и светската дипломатија, вклучувајќи го Стејт департментот на САД.

Ваквото широко признавање на триумфот на Арсе ги намалува заканите за мобилизација кои беа најавени во Санта Круз, Кочабамба и Сукре. Овие протести нема да можат да го повторат она што се случи пред една година, во кое тесната победа на Ево во првиот круг ја доведе десничарската опозиција да тврди дека се работи за измама и да ги мобилизира своите поддржувачи да излезат на улиците. Но, сепак, за дел од опозицијата (крајната десница организирана околу конзервативниот католички кандидат Луис Фернандо Камачо, особено во Санта Круз), политичката криза не заврши. Се чини дека Камачо би сакал да оживее сцени од раните години на борбата на Ево против „Полумесечина“: блокот на источни управувани од реакционерна буржоазија, кои беа подготвени да ја уништат земјата за да ја задржат моќта. Ова е предупредување за социјалната клима во која ќе владее Арсе.

Неспорна победа

Неоспорна победа на Арсе

Од вкупниот број на гласови Арсе освои околу 20 процентни поени повеќе од Меса. Третата партија, Креемос, за која беше кандидат поранешниот претседател на Граѓанскиот комитет на Санта Круз, Камачо, доби огромно мнозинство во Санта Круз, но остана на 14 проценти на национално ниво. Арсе ги освои областите Ла Паз, Оруро и Кочабамба со 65 проценти од гласовите, а победи и во Чуквисака со 49 проценти, во Потоси со 57 проценти и во Пандо со 47 проценти. Меса победи во Бени и Тариха.

Во Боливија, сенатот е дом на регионална репрезентација чии избори се крајно недемократски. Секој од деветте области без оглед на нивниот број на население, избира четворица од 36-те заменици сразмерно на гласовите за претседателските кандидати. Сценариото што се предвидува е тоа на изедначување или тесно мнозинство за МАС во сенатот, каде што опозицијата на Меса и Камачо веројатно ќе има право на вето за сите одлуки за кои е потребно двотретинско мнозинство, почнувајќи од назначувањето на високи функционери на државата (адвокати, обвинители, народен правобранител, судии, итн.) до одобрување на одредени закони, цензура или гласање на недоверба за министрите. Дури и за да се одобри судењето на поранешната привремена претседателка Џенаин Ањез, кое голем дел од гласачкото тело со право го бараат, ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Во 2007/2008 година, во истата ситуација, Ево мораше да апелира до работничката класа во селата и урбаните области со цел да се надминат парламентарните пречки. Арсе ќе ја имаше секоја шанса да се потпре на масовните мобилизации кои се спротивставија и се бореа против владата на Ањез во последните месеци. Сепак, перспективата што тој и ја претстави на партијата и на земјата е перспективата на „влада на национално единство“. Ова ќе има многу последици врз односот помеѓу МАС, работничката класа и синдикатите и општо врз класната борба во земјата.

Катастрофата на „транзицијата“

Несомнено е дека драматичната ситуација предизвикана од преодната влада на Ањез беше клучен фактор за делот од електоратот – кој во минатото гласаше за МАС, а во 2019 година го поддржуваше Меса – да ги врати кон својата оригинална позиција. Нашата земја доживеа кризи кои продолжуваат да служат како школски примери за светски економисти, како што е хиперинфлацијата од средината на 80-тите години на минатиот век. Како и да е, секој мрачен период во нашата историја бледи пред катастрофалната ситуација во која сега сме потонати.

За само неколку месеци, повеќе од 100.000 работни места се уништени, а стапките на сиромаштија вртоглаво пораснаа. Колапсот на националната економија, што беше предвиден на минус 7 проценти за 2020 година, веќе е минус 11 проценти. Според официјалната статистика, имаме трета највисока стапка на смртност во светот од КОВИД-19 на 100.000 жители, со вкупно 8.500 смртни случаи, што е еквивалентно на 75 на 100.000. Сепак, Службата за граѓански регистар објави дека само во периодот од април до јуни, починале 30 000 луѓе повеќе отколку во истиот период во 2019 година. Ова е четири пати повеќе од смртните случаи официјално припишани на пандемијата.

Пучистите разоткрија пред илјадници работници во нашата земја дека буржоаската демократија не е наменета за нив. Додека домаќинствата од работничката класа без приходи бараа начини да ја одложат исплатата на неодржливите кирии, Ањез го бранеше правото на сопствениците да добиваат кирија или да ги иселат станарите. Додека фабричките работници и рударите се бореа да ги одбранат нашите извори на вработување, Ањез даде оскудна еднократна исплата на финансиска помош, која ја покри со задолжување на државата кон ММФ. Додека здравствените работници ги ризикуваа своите животи во битката против пандемијата се бореа за да ја добијат неопходната опрема и средства за лична заштита, Ањез и нејзината влада се обидоа да го одвлечат вниманието напаѓајќи ги репутацијата на МАС и профитирајќи од набавка на итни здравствени материјали.

Неуспехот на Меса и феноменот Камачо

Промената на приоритетите на дел од гласачкото тело што се покажа како одлучувачка сега како и пред една година, останаа непризнаени од бизнисмените Меса и Камачо. Наместо тоа, подемот на Камачо предизвика целата предизборна кампања на Меса да се фокусира на повикот за „корисен глас“ против МАС: т.е. да се бара поддршка од десницата и со тоа да се открие измамата на таканаречената „транзиција“ на Меса. Така, тој изгуби гласови и кон Камачо, но особено кон Арсе.

Целокупната кампања на Меса се фокусираше на „корисниот глас“ против МАС, т.е. по барање за поддршка од десницата. Затоа тој ги изгуби гласовите кон Камачо, а посебно кон Арсе.

Широката победа на Арсе потврдува дека Камачо не го расцепи гласот на опозицијата. Сепак, она што навистина го интересираше Камачо беше консолидирање на гласовите во Санта Круз, во кое тој успеа. Камачо ја претставува одмаздата на длабоко реакционерната и колонијална агро-индустриска буржоазија, којашто не е навикната на политичка медијација и повеќе сакаат да владејат како гамонални (селски, маалски) политички газди, кои ја држат економската моќ во земјата без да можат да најдат начин да добијат политичка моќ. Нападите на Камачо врз лидерите на деловните организации коишто направија компромис со владата на Ево, како и неговата идеја за извоз на моделот на Санта Круз за економски ултралиберализам и религиозно мракобесие, се родени во оваа бурна почва.

Огромната поддршка која ја постигна личноста како Камачо единствено може да значи дека буржоазијата во Санта Круз постигна хегемонија преку загадување на социјалните проблеми на областа со најголема концентрација на работници во земјата, со тесен регионализам. Арсе и МАС можеа да ја поделат регионалната поддршка на Камачо по класни линии, но само ако се потпираа на борбата на работничката класа против олигархијата во Санта Круз. Меѓутоа, во минатото и во плановите на Арсе за иднината, нема докази за тоа.

Минатата година Меса околу него собра голем дел од незадоволството кон Ево и МАС. Дури и многу негови кандидати или лидери на неговата листа беа избрани за функционери на партијата МАС, вклучувајќи го и самиот Меса, кој беше поранешен боливиски гласник за барањето на Боливија за морски пристап, што го загуби во војната со Чиле. Не е претерување да се каже дека Комунидад Сиудадана може да се смета за десничарска поделба од МАС. Наведената цел на оваа групација беше да спречи Ево да биде реизбиран трајно по резултатот од референдумот од 21 февруари 2016 година.

Меса се претстави како продолжение на добрите аспекти на „процесот на промена“ на МАС, без нејзини авторитарни и бирократски дегенерации. Неговото мото: „ниту приватизации ни нови национализации“ е буржоаски начин за изразување на целта на „пренасочување“ на ова процес на промена, според зборовите на многумина од оние што ја напуштија МАС. Очигледно е „пренасочување кон десно“, како што рековме минатата година, но тогаш тоа беше помалку видливо за електоратот. Меса продолжи да се претставува како главниот противник на МАС кога масите бараа алатка за борба против Ањез и корупцијата, репресијата и неспособноста на нејзината влада.

Повторно за падот на Ево

Самиот Арсе зборуваше за „пренасочување на нашиот процес преку учење од нашите грешки“. Чокехуанка, уште појасно, призна дека вишокот на моќ и вмешувањето од страна на стариот кабинет на Ево го расипал процесот на промена и објави дека никој од соработниците на поранешниот претседател нема да се врати на власт. Голем дел од раководството на МАС и водството на синдикатите се изразија во иста насока. Самиот Ево, кој најави дека ќе се врати во Боливија следниот ден по изборната победа, е се уште во Аргентина и слично како Арцe ги повикува „сите партии, бизнисмени и работници да одржат голем собир, пакт за помирување“. Ова е заклучокот до кој дојде МАС по падот на Ево, кој е многу сличен, дури и во реторика, до оној на Меса и со кој не се согласуваме.

Коментаторите на левицата на МАС неуспешно го толкуваат падот на Ево Моралес, што беше поради политиката на класна соработка и бирократски маневри

Од левото крило на партијата, поранешниот министер Уго Молдиз, застапник на боливиското Геваристичко движење, објави книга со многу јасен наслов и поднаслов: „Државниот удар во Боливија: осаменоста на Ево Моралес“. Во книгата, Молдиз, со сведочењето на аргентинскиот социолог Атилио Борон, кој беше во Ла Паз во деновите по оставката на Ево, го покренува прашањето зошто немало мобилизација во одбрана на владата на МАС, и зошто дури и оние што излегоа не бараа враќање на Ево.

Одговорот што го дава Молдиз може да се сумира на овој начин: откако ја замени перспективата на социјална трансформација со перспективата на „андиски амазонски капитализам“, односно капитализам со национална основа, МАС остана без идеологија, дури и неспособна да го препознае непријателот кој се ближи. Во оваа анализа, има елементи на вистината и многу пропусти. Молдиз, во согласност со својата визија, го сфаќа општеството како бојно поле во кое масите се трева, газена од вистинските борци.

Дури и без јасна визија „за она што го сакаа, а уште помалку… за свесно придржување кон алтернатива на капитализмот “, како што многу површно пишува, народот се спротивстави на идејата за „андиски амазонски капитализам“ преку борби за земја, работнички права, национализација на компании итн. Сите овие борби Молдиз нејасно ги класифицира како „дестабилизација“, со резултат дека уличниот продавач на пазарот во Потоси кој исто така ги окупираше рудниците кои беа експлоатирани од мултинационални компании, да биде прогласен за таен агент на ЦИА. Оваа лажна анализа објаснува зошто МАС левицата е декласирана во сè помаргинална улога.

Гарсија Линера исто така се наврати на прашањето околу падот на Ево за да ја повтори својата анализа заснована на „средната класа“. За него, ерозијата на гласот за МАС се должи на одржувањето на дискусијата поврзана со материјалните и политичките барања на оние од „многу ниските слоеви“, без да се спомне средната класа. Ова се убави, празни аргументи, бидејќи средната класа претставува „голема празнина“ што реформаторите можат да ја пополнат како што сакаат.

Ова ќе го објасниме со едноставен пример. Во Боливија, имаме даночен систем: неолиберално наследство што МАС не го реформираше, што е сон на десницата низ целиот свет. Имено, постои „рамна стапка“ од 25 проценти на профитот на компанијата, без разлика дали се работи за гасната мултинационална РЕПСОЛ или мала продавница за играчки. Тоа е во спротивност со кој било принцип на прогресивност: оние што имаат повеќе треба да плаќаат повеќе. Со зголемување на овој данок на најголемите 100 компании (особено во рударскиот и финансискиот сектор, кои претставуваат 60 проценти од фискалниот приход на земјата) за неколку процентни поени, ќе биде можно да се намали ДДВ-то што паѓа на товар на сите, дозволувајќи „многу ниските слоеви“ да купат повеќе и сопственикот на продавницата за играчки да има подобар живот.

Без да се преземе таква мерка, сопственикот на продавницата за играчки ќе го види само оној кој не плаќа данок: било да се тоа селани кои одгледуваат кока или работници во неформалниот сектор. Ова е тоа што се случи, што продолжува да се случува и што Гарсија Линера не го разбира. Тоа што е кажано за средната класа или како да се „интегрира“ во проект на социјална трансформација нема смисла ако не започне од еден основен постулат: средната класа не постои како независен политички субјект. Или ја следи РЕПСОЛ, против работничката класа, или ја следи работничката класа спротивно на интересите на РЕПСОЛ. Гарсија Линера сакаше тие да го следат Ево по патот на РЕПСОЛ: ова е тоа што доведе до пораз на МАС.

Пренасочувањето на Арсе

Според нас, работата е јасна. Работничката класа во селата и градовите ја доведоа МАС на власт, сметајќи ја за алатка во борбата против буржоазијата и нејзината моќ, која исто така има расистичка структура во нашата земја. Економскиот бум, производ на активни државни политики во поволен меѓународен контекст, му овозможи на МАС да се консолидира на власт како алатка за соработка меѓу класите, што секогаш завршува како соработка на работничката класа со нејзините џелати. Работничката класа не најде во оваа партија, вертикално организирана и поврзана со нејзиниот харизматичен лидер, канал преку кој ќе се спротивстават. Така, Меса, помогнат од самото МАС, се приврза кон незадоволството од МАС, а ги знаеме последиците: насилното отстранување на Моралес од власт пред една година.

Како и секогаш, говорите на Гарсија Линера се како кога се тресела гората, па се родил глушец, парафраза на Маркс. Но, полесно е да се преведат политички, отколку вообичаените заплеткувања во врска со „свеста“ што ги даваат луѓе како Молдиз. Всушност, целата оваа анализа на Линера доведува до јасна политичка линија: програмска умереност и класна соработка. Ова е она што Арсе и Чокехуанка и го предлагаат на Боливија и на обновената МАС, жртвувајќи го Ево, чија идна улога е доведена во прашање.

Арсе веќе објави дека првиот чин на неговата влада ќе биде да исплати по 1.000 боливианоса [144 УСД] финансиска помош на сите граѓани и да го промовира внатрешниот пазар. Тој ќе го стори тоа (како што можеби ќе стори нешто против бранот отпуштања што продолжуваат во земјата) веројатно според истата линија на законот што пратеничката група на МАСИСТА во парламентот го одобри пред неколку месеци. Тоа е привремено прекинување на отпуштањата: еден вид примирје. Но, со иста јасност, тој најави дека нè очекуваат барем неколку години во кои ќе има жртви. На првиот говор што го спомнавме, тој им пристапи на бизнисмените и ги замоли, наместо Меса или Камачо, да бидат дел од владата на националното единство.

Детална анализа на програмата на Арсе повеќе не е потребна за да се разберат противречностите со кои ќе се соочи неговата влада. Доволно е да се повтори она што тој го вели. Арсе се претстави пред гласачкото тело со оваа порака, речиси од збор до збор, „со национализациите што те извадив од кризите во 2008 и 2015 година“. Тие не беа вистински национализации, но во правилните услови, тоа беше доволно. Но, што тој предлага да се национализира сега? Ништо. Оваа криза мора да се реши на поинаков начин, сугерира тој, а портпаролот на МАС, Микел, нè уверува дека Арсе ќе ја „промени промената“. Оваа порака упатена кон бизнисмените, а не против нив, значи дека работничката класа не го очекува ваквото решение за кризата осмислено од Арсе.

Само работничката класа може да ја реши кризата

Линијата на класна соработка, на големиот национален договор што го предлага Арсе, е чекор назад дури и во однос на другите што ги направи Ево во минатото. Ево прво агитираше за национализација на гасот, а потоа ги договори условите со мултинационалните компании, за тоа да биде добра зделка и за нив. Од друга страна, мисијата на Арсе е повторно воспоставување на коегзистенција и закрепнување на економијата; т.е. да се спаси трулиот боливиски капитализам. Но, кризата ги отвора клучните социјални и економски прашања толку итно, што работничката класа нема да му даде на Арсе долго да ги постигне своите цели.

Само мобилизираната работничка класа, младина и домородното население можат поволно да ја решат ситуацијата во Боливија

Во изминатите месеци, видовме како расте и радикализира едно од најважните движења на фабрички штрајкови во историјата на нашата земја. Ако генералниот штрајк прогласен во август не успеа целосно да ги вклучи овие работници во борбата, тоа беше само затоа што штрајкот беше организиран околу политичката агенда, онаа на МАС, која не претставуваше решение за ниту еден од проблемите околу кои беше организирано движењето и поради целосната дискредитација на бирократијата на синдикатот на МАСистите. Мнозинството од работничката класа одлучи да го поддржи Арсе, бидејќи на сопствена кожа искуси како функционира влада која органски е во служба на буржоазијата. Но, исто како во август, нема да чека Арсе да ги убеди капиталистите. Тие пак нема да прифатат МАС повторно да се обиде да им каже како да ја вршат својата работа, а тоа е да живеат од трудот на другите.

Како марксисти, ние, со сите сиромашни и работници, придонесовме за поразот на Ањез, Меса и Камачо и тоа го славиме. Но, како и работниците, ние не му ги одврзуваме целосно рацете на Арсе. Наместо тоа, ние отворено го критикуваме неговите политички погледи околу избледениот реформизам. „Пренасочувањето“ што тој го предлага очигледно не е демократизација на МАС, туку е појасна и невозможна соработка помеѓу оние што отпуштаат и оние кои се отпуштени од работа, бранејќи ја таа соработка како единствена алтернатива за да се спречи враќањето на власт на оние што отпуштаат.

Ова не е во интерес на било кој од работниците кои се бореле во последните неколку месеци. Наша задача е да и помогнеме на работничката класа да најде своја перспектива во борбата за синдикална демократија и за синдикално раководство што е вистински израз на работничкото движење. Ова ќе се развие за време на неизбежните судири и несогласувања што ќе се појават помеѓу работничкото движење и владата на Арсе. Новиот период што се отвора, во сенка на масовна криза, може да заврши на еден од само неколку различни начини. Работничката класа ќе се обиде да ја реши кризата на свој начин, непомирливо спротивставена на интересите и предлозите на буржоазијата. Ова е единствената можна опција за трансформација на општеството.

ДемократијаМакедонија

Победникот на собраниските избори 2020

Гласањето не менува ништо, борбата продолжува – постер од Франција 1968 година

Низ провидната пропаганда или хистерични испади на партиите мора да се разбере суштината на собраниските избори 2020, а тоа е одржување на системот што се основа на капиталистичка економија, а во кој паразитира огромна бирократија. Затоа кога се прашуваме кој е победник на изборите одговорот во кратка форма е капиталот. Формално ќе ги претставиме бројките и фактите и ќе ги толкуваме со материјалистичка анализа.

Излезноста од околу 52 отсто е најниска за овие 30 години повеќепартиски систем, дури пониска од бојкотираните избори на опозицијата во 1994 година. Овој пад на излезноста во голема мера се должи на епидемијата на ковид-19. Но, подетална анализа укажува дека тоа не е единствениот фактор. Голема улога игра и разочараноста од неостварените ветувања, кога по 3 години владеење на новата гарнитура стана јасно дека практикувањето на власта е во корист на грст бизнимени и олигарси. „Прогресивниот“ СДСМ е партија на капиталистичката класа, колку и да се шминка со социјална трансфери и наводни реформи. Од друга страна, сеќавањата од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се свежи и масите не сакаат така лесно да ја подарат својата доверба на другиот угнетувач.

(кредит Википедија) Изборни резултати по изборни единици

Бројот на неважечки листови е сразмерно намален со излезноста, но гласовите за партиите не се сразмерно намалени. Најголемо намалување имаат двете најголеми коалиции „Можеме“ (СДСМ, Беса и др) и „Обнова на Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ и др.) со губиток од 167 илјади и 139 илјади гласа, соодветно, коешто е претворено со губење на 8 односно 7 пратенички мандата. Партијата ДУИ и покрај енормно ниската излезност во и.е. 6, го зголеми своето конто за 18 илјади, но далеку е од историските победи од 150 илјади гласови за цели 40 до 50 илјади гласови. Горе долу наведените коалиции и партии ја имаат изгубено довербата на третина од своето гласачко тело.

Освоени гласови и мандати на Собраниските изборите 2020 година и споредба со претходните одржани 2016 година

Алијанса на Албанците и Алтернатива (ААА) како и Левица затоа добија 9 и 2 пратенички мандата, а го зголемија гласачкото тело. Веројатно изгубените гласовите на ДПА целосно се префрлени кон ААА, а веројатно партијата која се нарекува Левица успеа да извози на бранот на национално понижување комбиниран со големо социјално незадоволство, прикажувајќи се како „неизвалкана партија“. На овие избори дефинитивно можеме да заклучиме дека главната владеачка партија и главната опозициска партија не успеаја да ги натераат гласачите повторно да гласаат за нив. Нивната понуда беше стерилна исто како што беше и нивното владеење. Сето ова беше пропратено со невкусна црна кампања за напад на противникот, каде изостануваше доследно презентирање на сопствената програма и ставови.

Најверојатно изборите нема да донесат промена на власта и СДСМ и ДУИ ќе се договорат за идната влада. Се разбира ништо не е така јасно во земјата која се именува како Северна Македонија, но циркузот и глумата пред камерите веќе и не изненадува никого. Социјалдемократите подготвија програма за наредниот период која многу наликува на програмата што ја имаше нивниот опонент во 2011 и 2014 не само по обемноста (се плашам дека сега треба да седнеме и да ги студираме стотината страници податоци и сувопарни информации што било направено, колку цигли биле бетонирани, колку сено било ожнеано и сл.). Она што програмата ја разликува од минатите избори е десното скршнување во фискалната политика, намалување на даноци или укинување кај најпропулзивните сектори. Социјалните трансфери во тој случај и покрај ветеното нема да се остварат и идната влада на СДСМ ќе заврши неславно. Дополнително, притисокот од парламентарната опозиција ќе биде сличен на периодот 2002 до 2006 г. Економската криза и притисокот од Западниот империјализам ќе ја направат власта нестабилна поради неуспешноста на мерките на штедење.

Нема парламентарна сила која ќе се спротивстави на капитал-односот и ќе застане зад работникот и неговата борба за ослободување. Нема масовна сила која има преодна програма да го затресе трулиот систем и да ја засили класната борба.

Зад циркусот што го прават елитите во врска со влезот на двајца пратеници од Левица, се крие нивната тотална неспособност да се разбере феноменот „Апасиев“ и калкулантскиот однос во политиката. Партијата Левица на овие избори настапи со аурата на бранители на македонската државност по националното понижување кое го приредија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со промената на името. Тие се типични социјал-шовинисти, а не фашисти или национал-социјалисти. Нивната наводна одбрана на татковината произлегува од испипаниот дискурс во јавноста и електоралната аритметика, а не од некоја социјалистичка идеологија или еманципаторска улога за угнетените. Освен тоа, Левица успеа да ги поларизира и насанка гласачите од пропадната средна класа со милитантноста на лидерот и неговата омраза кон „Сорос“, „одродениот ес-де-ес“ и „великоалбанскиот шовинизам“ – сите овие митови и теории на завери се терен којшто во услови на ковид-19 расцветаа. И како што македонскиот национализам е зајакнат по авантурата на Заев и Ципрас, со огромен притисок на империјализмот, така како сврзани садови се надополнија со албанскиот национализам. Тоа го увиде блокот на албански партии и тие заиграа на картата кој е поголем Албанец, со запоставување на социјалната компонента. Тука може да се објасни и феноменот со освоените мандати на ДУИ и нивниот благ раст на поддршката во споредба со претходните избори од 2016 година.

Но, лебот мора да се стави на маса. Работничката класа која нема своја партија со социјалистичка програма го покажува сѐ повеќе презирот, апстинирањето или бесот кон парламентарната демократија. Но, нема кратки патишта кон работниците. Задача на комунистите е да не наседнуваат во создавање на непринципиелни фронтови на левицата, каде фокусот се мали или изолирани теми со цел влез во парламентарната политика по секоја цена. Горкото искуство во македонската Левица, во свој облик на десно шовинистичко застранување, е слично на искуството со словенечката Левица (каде по недемократскиот конгрес на обединување, излезе третина од членството, а подоцнежното парламентарно делување беше со цел формирање на влада, каде пратениците покажаа непослушност кон партијата и страшен пад на партијата, можеби до целосно исчезнување од сцената) или Радничка фронта од Хрватска (со проблемите на своеволно одлучување на неколкумина лидери и гласањето на мнозинството за распуштање на истата, која влезе во блок со либерали токму за парламентарна аритметика). Како реакција на вулгарниот активизам и бркањето пратенички или советнички места, дел од разочараните учесници во овие избрзани проекти креваат раце од понатамошниот ангажман или практикуваат теориски ескапизам со херменевтични трибини без реални политички заклучоци. При тоа се бранат „чисти социјалистички теории“ или „вистинската левица“ наспроти опортунизмот на парламентарната или урбаната левица. Затоа ни е потребна внимателна и трпелива изградба на идната работничка партија на јасни програмски принципи и револуционерни перспективи. Кадрите на партијата се градат дијалектички со спој на теоријата и практиката заради и поради зајакнување на класната борба, со анализа на состојбите и мерки за напредок.

8 август 2020, АА

ВестиЛевица - партијаМакедонија

Расколот и шовинистичката дегенерација на „ЛЕВИЦА“ – втор дел

За десното скршнување во 2019 година

Другарката Џејлан Велиу, протест против аболицијата на политичари од Претседателот, 2016

Pročitajte tekst na srpskohrvatskom ovde

назад кон првиот дел

Расколот и шовинистичката дегенерација на „Левица“

Од моментот кога групата околу Димитар Апасиев ја приграби партијата „Левица“ во свој посед, започнаа со процесот на тотално менување на ликот и суштината на партијата, како и основите на кои истата почиваше и беше формирана. Групата ја презеде партијата со административни и бирократски методи, но јас би се осврнал на промените што дојдоа. Веднаш по февруари 2019 год. групата околу Апасиев ги избриша најактивните, но неподобните, локални ограноци, ги затвори нивните канцеларии и ги згасна сите програмски сектори, а како координатори постави послушни луѓе кои и до тогаш не беа членови на тие сектори и маргинализирање на многу членови од базата на Левица и формирање на фиктивни послушнички ограноци. Почнаа и да отвораат повеќе локални канцеларии со цел да се прикаже лажна масовност на партијата. Процесот на бирократска дегенерација е веќе завршен и Левица е псевдопартија која е само еден обичен додаток на македонскиот буржоаски плурализам. Опасното е што партијата на големо користи социјалистичка фразеологија и големи зборови, за да ја прикрие својата дегенерација и претворање во чиста спротивност на она што многу искрени борци го создаваа изминатите години.

Кон крајот на 2019 година партиските промени се крунисани со партискиот конгрес т.н. „Пленум“ на кој, видливо од фотографиите,  има максимум 50 делегати. Пред само година дена Централниот комитет на Левица броеше 45 члена, а чисто за компарација, бројот на активни членови на локалниот огранок во Куманово, кои редовно плаќаа членарина беше преку 20. Секако, делегатите на Конгресот (од кои дузината членови на нивниот централен комитет) не се избрани од членството. За датумот и содржината на конгресот постојните членови на Левица не беа известени. Локалните ограноци немаат дискутирано воопшто за статутарни промени или битни програмски промени.

Очекувано, партискиот Статут претрпе битни промени и возењето кон десно се согледува преку флоскулата дека партијата има идеологија на „лев патриотизам“. Големи се изгледите командниот антидемократски начин на одлучување да вроди со ваков тежок лапсус. Но, ако не е лапсус на писателот, тогаш остава простор за толкување. Се работи за промена на Статутот во членот 4, идеологија во која антинационализмот и антикапитализмот е заменет со нова фраза. Изгледа дека „другарите“ станале свесни дека возењето на патриотизам носи политички поени, па решиле да му дадат свој печат. Она што останува нејасно е како големите самопрогласени марксисти ја објаснуваат љубовта и посветеноста кон буржоаската држава и нејзините институции, бидејќи моментално не постои друга држава кон која можат да гаат патриотски чувства. Но, важно тоа можат да го продадат на политичкиот пазар. Или барем мислат дека можат. Извитоперувањето на поимот кој го користат сталинистите (марксистите-ленинисти) за социјалистички патриотизам или лев национализам те лев патриотизам, потекнува од периодот по смртта на Ленин, кога советската бирократија морала да докаже дека гради социјализам во една изолирана, назадна земја. Тогаш тие ја развиваа анти-Лениновата идеја за социјализам во една држава, а повикуваат на одбрана на татковината (Советскиот Сојуз) од капитализмот. Секако дека комунистите имаа за цел одбрана на СССР, но единствениот начин на одбрана на СССР како што историјата докажа, а Троцки предвиде, беше во политичка револуција и соборување на советската бирократија што ја задушуваше оваа работничка држава. Тоа не се случи и СССР беше уништена во контрареволуционерната акција во 1989-91. Политичката демагогија на актуелната псевдопартија за лев патриотизам, како одбрана на Република Македонија, нема врска со ниту една форма на некаква левичарска мисла, туку е обична либерално-граѓанска измама. Повикувањето на АСНОМ и неговата одбрана не смее да се сведе на флоскула за правниот позитивизам, туку акција за обединување на работничката класа против буржоаските институции и во крајна линија против Република Македонија како дете на контрареволуцијата и светскиот империјализам. Борбата мора да биде за Асномска, Социјалистичка Република Македонија во рамки на федеративна Југославија и Социјалистичка балканска федерација со полни демократски права на сите народи и народности!

Другарот Алек Атевиќ, говор на Првомајски протест на Левица, 2018

Сосема предвидливо, од кога сите неподобни елементи беа отстранети со помош на судските одлуки, веќе не постоеше пречка да се воведе нов орган, Претседател на партијата и да се забрани постоењето на фракции, поучени од претходното за нив „трауматично“ искуство. Се разбира, без противкандидат и без информација за тоа колку гласа се преброени, за прв (и веројатно доживотен) претседател на партијата е избран Димитар Апасиев. Во неговото несмасно објаснување, тој вели дека избираат претседател и ја централизираат партијата „за конечно да стават крај на фабрикуваните пучеви и фракционерско делување“. За волја на вистината единствена фракција која постоеше во Левица беше групата МО Црвени. Партијата имаше локални ограноци и централни органи односно раководство според тоа не беше хоризонтално поставена. Апасиев и неговата група беа тие кои не ги почитуваа заеднички донесените демократски одлуки на органите. Новиот Претседател е тој кој најмногу страда од индивидуализам додека се повикува на заедништво.

Во пригодното Пленумско обраќање на Апасиев насловено како „За новата популистичка левица“ (во статијава се користат цитати од овој говор – заб.), новиот Претседател го најави курсот и политичкото позиционирање на партијата со кое вреди да се позанимаваме. Не затоа што е скандалозно и одраз на ситното политичко профитерство туку да утврдиме јасно позиционирање на Марксистичката организација Црвени, како единствена комунистичка организација која остана на политичката арена во Македонија. 

Според ова обраќање, идејата за Левица почнала во 2015 година, кога Претседателот Апасиев вели дека „сфатиле оти енџио активизмот со Ленка не вродува со плод“ и „џабе се трошеле без да направат реална промена“. Какво епохално откритие! Ова резонирање е прво обезвреднувачко кон трудот на многу активисти кои се граделе себеси и граделе организации и движења, бидејќи создавањето на партија не е готов производ кој може да падне од небо. И тоа како е потребно теренско и политичко искуство и кадровски потенцијал, затоа и биле основани политичките организации на левицата. Левица беше кулминација на години и години политички активизам. Ова сфаќање на организираната левица само докажува дека Претседателот ги гледа организациите како за една употреба, се додека му ги остваруваат целите и интересите. Идејата за партија постои многу повеќе пред 2015 година, како што лажно се тврди во неговото обраќање. Се сеќавам дека уште во 2012 година во левицата постоеа дебата од потребата за изградба на партија. Обиди за работничка партија и помасовни социјалистички или комунистички партии постојат од осамостојувањето. Најголемиот успех во тоа, гледано површно преку освоени гласови, е Работничката партија која успеа во услови на прокалиталистичка хистерија и антиработничка националистичка идеолошка деканденција во 1994 година да освои 30 илјади гласа, што е тројно повеќе отколку обединетата Левица во 2016 год. (Владејачките партии ВМРО или СДСМ освојуваат по околу 450 илјади гласови на изборите. Вкупно на изборите гласаат 1,1 милион луѓе.) Изгледа дека пред 2015 година ова прашање не било приоритетно за тогашниот „енџионаш“ и веројатно не гледал личен бенефит од формирање на партија.

Таквото поимање на внатрепартиските судири како една обична теорија на заговор за „левичарење кое секогаш е проследено со пучеви проследени од медиуми финансирани од еден центар на Сорос“ е погрешно. Внатрепартиските судири се одраз на реални политички разлики и материјални интереси кои неминовно води кон избивање и искажување на различни политички тенденции, а доколку не се најде повисок интерес и до расцеп. Во тој случај, само како политичка кларификација за собирање на нови сили, расцепите се делотворни на работничкото движење.. Во историјата на Левица имало два вакви поголеми судири од политичка природа. Во неможност да се дадат основани и издржани аргументи околу политичката позадина и разлики, се прибегнува кон вакви морализирања за „инструирани пучеви“ и за т.н. големиот непријател. Притоа, претседателот бара „развод на левиот популизам од аполитичноста на Новата левица за која се залагаа довчерашните другари“. Она што е тешко сфатливо е дека „довчерашните другари“ се борат за различна политика од таа скриена под превезот на фразата „лев популизам“. Ние сме за политика базирана на доследен интернационализам и класна борба. Од таму и ја водевме битката против промената на уставното име, од таму и се залагаме за политика контра СДСМ и ДПМНЕ. Не е ова изрека без содржина – ова значи дека сме спротивставени на секоја прокапиталистичка политичка тенденција и сме на страната на зголемувањето и подобрувањето на животот на работниците. Мерките што ние ги предлагавме во Програмата и кои делумно се прифатени се водени од таа намера и идеја. Тоа, во никој случај не е аполитичност. Но, тоа се за нив „мувлосани и секташки надживеани концепти“. А што е суштината на нивната нова политика на т.н „лев популизам“? Дали тоа е нов концепт измислен од генијалецот или пак е добро позната испоробана тактика? Популизмот – тој збор на додворување на политичарот до народот. Популизмот, а таков на крајот испаѓа и „левиот“ ако е основа на организацијата, е се користи како мамка за работниците, а мерките што популистот ги ветил се заборават и се спроведува агендата на национализмот т.е. на националната буржоазија.

Станува јасно дека Левица е партија која капитулирала пред буржоаската идеологија. Имено, партијата се позиционира себеси како „младинска партија“ и „младинско движење“. Што значи ова? Кои идеи ги брани „младинската партија“? Чии класни интереси штити и на кои социјални групи се обраќа? Дали е доволно да бидете „перспективен млад човек“ за да ја градите новата популистичка левица? Нормално на овие прашања нема адекватен одговор бидејќи на ловците во матно им одговара работите да бидат нејасни. Станува јасно дистанцирањето од класната политика и од градењето на сојузи со работничката класа и нејзините синдикални организации. За работниците нема место во политиката на „новата популистичка левица“. Двете универзални одлики на политиката на оваа „младинска левица“ би биле „обраќањето кон Плебсот“ и „антиелитизмот“. Повторно, се избегнува јасната конекција со работничката класа и борбата за социјализам и се жонглира со општи и апстрактни термини. „Антиелитизмот“ е концепт кој е често користен и од многу десничари во намера истите да си го исперат образот и да направат дистинкција од „либералниот естаблишмент“ и да се претстават себеси како некаква алтернатива. На пример француската ултрадесничарка Марин Ле Пен или Доналд Трамп, додека не седна да тронот, се возат на антиелитизмот. Дотолку симптоматично, овде елитизмот се поврзува само со владејачката партија СДСМ (која е несомнено претставник на интересите на капиталистичката класа) што пак има своја употребна вредност на дневна политичка пресметка.

Она што е убедливно најскандалозно е одредувањето на политичките непријатели на новата популистичка левица. Тие се „анационалниот северномакедонски Социјалдемократски сојуз“, многу опасниот и милитантен „великоалбански национал-шовинизам“ и т.н. „ен-џи-о левичарење“. Треба да погледнеме од другата страна на дрскоста на авторот на овие мудрости и да ја одгатнеме суштината. За нас, МО Црвени принципиелен непријател е капиталистичкиот систем, како извор на кризи и конфликти и приватната сопственост над средствата за производство, акумулацијата на капитал преку нечовечна отуѓувачка експлоатација на работниците низ нашата земја и целиот свет, профитното управување и уништување на стопанството и природните богатства и компетицијата каде само посилниот добива се, со капиталистичката класа како негов репрезент. Затоа Црвени се борат против лагите на конзервативната и либерална идеологија како политички опиум на масите и идејната борба за социјализам. Од таму произлегува нашиот став за империјализмот. Тоа би требало да е политичкиот фокус на левицата, доколку навистина има смисла да се нарекува така. А што нуди популистичкава Левица? Ниту збор за тоа, дури ни против македонските олигарси и власта која се однесува компрадорски спрема работниците со безбројни имотни, даночни и други олеснувања кон странските инвеститори.

Линијата по која се напаѓа СДСМ е дека тие не се „вистински Македонци“ дека се „одродени“, за подоцна како декор да стои приканата за „класните непријатели“ која е приказна која новиот лидер ја има слушнато како лична исповед на мој близок другар и која бесрамно си ја прераскажува. Секако дека социјалистичката левица треба да го напаѓа СДСМ како претставник на капиталистичката класа и главен бранител на империјалистичките интереси и да го разобличува неговото владеење, но овде тоа се прави од десничарски позиции и со десничарски тон. Овде лидерот доста опортунистички остава простор за соработка со другите политички групации на капиталистичката класа и нив ги поштедува од  критика, заради можна идна соработка.

Трибина „Товарот на името“ на која беа говорници претставници од организации од Грција, а беше организирана од членови на МО „Црвени“ и партијата Левица, 2018

Уште една работа што би ги привлекла гласовите на средната класа заради изборната аритметика покрај декларираната омраза кон социјал-демократите, е потенцирање на загрозеноста на македонскиот идентитет и слабеење на македонската држава, како што буржоаските медиуми со години го верглаат. Секако, дежурен непријател се Албанците кои се т.н. „носители на великоалбанскиот шовинизам“. Но, претседателот на партијата Левица премолча дека Албанците во основа не бараат сецесија, туку покажаа солидарност на референдумот 2018 год со македонскиот народ пркосејќи им на сите албански партии. Тоа беше јасен знак на класен расцеп во албанското население, што само идеолошките заслепени македонски шовинисти можат да го игнорираат. Каква фундаментална разлика помеѓу овој социјалшовинистички „левичар“ и македонските комунисти и партизани! Опортунистите и шовинистите од редовите на аморфната, среднокласна левица, како што е Апасиев, подигаат националистички ѕидови и внесуваат поделба помеѓу македонските и албанските работници само за да се дограбат до излитените слоеви на ситни буржуи и улични националисти. Спроти таквата „левица“, комунистите прво и пред се се борат со национализмот во својата нација и на тој начин градат борбено единство на работните луѓе. Албанскиот народ мора да ги добие сите културни и јазички права и целиот простор за интеграција во нашето заедничко општество. Но, да се оствари целосна интеграција и национална рамноправност во капитализмот е утопија затоа што општествениот систем создава пазар на национализмот и ги прави националните поделби доходовна професија за еден цел слој неработници. Буржоаските партии, во Македонија, но и во светот, никогаш нема да ја остават приликата да го користат националното прашање како адут за измама на работниците и слабеење на нивната борба. За да се избориме со шовинизмот, мора да се избориме со капитализмот. Мораме да се избориме за комунизам.

Дефинитивно најпатетично во новата тактика на псевдопартијата е скицирањето на т.н „енџио левица“. Имено се работи за политички феномен кој практично кај нас не постои и е измислен. Конкретните невладини организации кои се овде на мета на напад не се воопшто левичарски организации, ниту па воопшто претендираат да го носат тој епитет. Моментално во Македонија не постои ниту една активна невладина организација која се декларира како левичарска. Се работи за организации од либералното политичко милје и е јасно дека тие организации имаат разлики со социјалистичката левица и не се нејзин истурен играч. Но овде повторно, нападот кон нив е обично морализирање во желба да се најде доволно „елитистички непријател“ кој би дал смисла на политичкото егзистирање на „новата популистичка левица“. Поради големата неспособност за анализа и за привлекување на членови на исправна основа, оваа „полулистичка“ левица мора да фабрикува конфликти со вакви измислени непријатели за себеси да се одржи во живот и да си даде смисла на сопственото постоење. Реториката против Сорос има само една цел – да присобере околу себе планина антиваксери, противници на науката и медицината, следбеници на теоријата на заговор и останати малограѓани кои не гледаат подалеку од својот ситен класен интерес.

Конечно, од се погоре изведено, ваквата „нова популистичка“ левица е само дегенерирана опортунистичка псевдопартија во посед на неколку луѓе. Нејзината судбина ќе биде одредена од интересите на големите играчи ако успее да преживее на сцената. Мобилизаторската улога на левицата, а тоа значи политизацијата на класната борба и освестување на вистинските барања на работниот народ, вклучувајќи ја тука и оваа група на псевдопартија во наредниот период ќе биде минимална. Во такви премрежија многу е битно да се создаде јасно дефинирано јадро на активисти со решителна програма за социјалистичка трансформација на општеството и во овој дел на Балканот. Ова јадро треба да се подготвува за водечка улога во идните настани и да биде орган на колективна меморија на класната борба. Задача на секој искрен социјалист, комунист е да го препознае тоа и да се бори за изградба на масовна револуционерна работничка партија. Нашата одговорност како МО Црвени е уште поголема, имајќи предвид дека први, и внатре во Левица и надвор од неа, водевме и водиме беспоштедна битка со овие опортунистички отпадоци. Не е првпат да се појават псевдокомунистички групи или партии кои служат за дискредитација на изворните социјалистички и комунистички идеи и принципи. Дискредитацијата и тоа како им е потребна на капиталистичките партии и политичкиот систем. Таквите псевдокомунистички групи неминовно самите ќе се одведат на ѓубриштето на историјата. Меѓутоа, идеите на револуционерното работничко движење не можат да се избришат со дискредитација на оваа или онаа опортунистичка клика. Тие живеат се додека работничката класа трпи под капитализмот. Нивниот опстанок е историска нужност и ќе се враќа повторно и повторно се додека капитализмот конечно не биде срушен, а комунистичката програма на живот за достоен човек не бидне стварност.

3 мај 2020, Д.Л. Марксистичка Организација „Црвени“

назад кон првиот дел Расколот и шовинистичката дегенерација на „Левица“

Референца: „ЗА НОВАТА ПОПУЛИСТИЧКА ЛЕВИЦА“ – Димитар Апасиев од Димитар Апасиев

БалканИнтернационала

Акции на солидарност со Рожава во Србија, БиХ и Македонија

Крвавиот империјалистички марш на султанот Реџеп Ердоган на Рожава не помина без одговор од базата и левичарските активисти. Демонстрации се одвиваа низ цела Европа, изразувајќи солидарност со херојската борба на курдските партизани и бараа да се стави крај на ѕверствата извршени од турската армија. Ни југословенските левичари не молчеа на ваквото злосторство, па организираа акции за солидарност во Белград, Бања Лука, Скопје и Битола.

Белград – протест за поддршка на Рожава

Првиот протест се одржа во Белград на 12 октомври, пред турската амбасада. На протестот присуствуваа околу 30 лица, вклучително активисти и активисти на Црвените, како и Здружената акција„Кров над глава“, „Маркс21“ и неколку други левичарски организации и поединци. Иако на протестот беше присутна Жандармеријата, при што некои носеа автоматско оружје, како и припадници на полицијата, протестот помина доста мирно. Собраните не одговорија на провокациите на претставниците на турската амбасада и викаа пароли како „Долу турскиот империјализам!“, „Бижи, Бижи Рожава!“, „ НАТО, марш од Рожава!“

Бања Лука – долу турскиот империјализам!
Бања Лука – Црвени даваат безрезервна поддршка на револуцијата во Рожава
Памфлет делен низ југословенските градови
Памфлетот на Црвени на македонски јазик

Една недела подоцна, во организација на „Црвените“ и други левичарски активисти, митинзите се одржаа во Бања Лука, Скопје и Битола. Митингот во Бања Лука се одржа на плоштадот Краина, и мина доста мирно, не присуствуваа многумина, но неколку лица пријдоа, зедоа леток и разговараа со нашите активисти. Сепак, полицијата се обиде да ги заплаши нашите активисти убедувајќи ги дека митингот не бил правилно пријавен и дека во пријавата немало одредени податоци, кои истите не беа побарани во полициската станица. Јасно е дека станува збор за обичен обид за заплашување од страна на полицијата, која не ја пропушта можноста да измислува прописи и да го искривува законот во своја корист, за да го отежни организирање на левицата.

Скопје – Протест во знак на поддршка на слободна Рожава
Битола – делење на памфлети против турската агресија

Митингот во Битола се одржа пред турскиот конзулат; тој беше потполно мирен, нашите другари поделија околу 20 летоци и разговараа со минувачите. Од друга страна, митингот што се одржа во Скопје, пред турската амбасадата, ги зголеми тензиите, а претставниците на амбасадата излегоа и вербално се судрија со собраните со цел да ги растурат, заедно со некои локални минувачи кои го фаворизираа Ердоган. Присуството на курдски симболи се чини дека ги вознемири, ама не беа во можност да ги отстранат или пак заплашат нашите другари.

Борбата водена од страна на ЈПГ и ЈПЈ, иако некому може да делува како конфликт што се одвива далеку и не засега луѓето од поранешна Југославија, е исклучително важна за целото човештво и цивилизацискиот напредок на сите. Оваа борба не е борба само за национално ослободување, ниту е борба само против исламистичките орди на Ердоган. Тоа е борба за подобро и поправедно општество, борба против капиталистичкиот систем што нѐ угнетува сите нас, слично на борбата што ја водеа југословенските партизани. Рожава е светилник не само во темнината на Блискиот исток, туку во темнината на целиот капиталистички систем и како таква претставува надеж на сите нас за подобар свет ослободен од угнетување. Должност на секој работен човек е да ја поддржува револуцијата во Рожава, бидејќи тоа е борба за сите нас.

Долу турски империјализам!

Да живее слободна Рожава!

ДемократијаИнтернационала

За револуционерни, а не климатски промени!

Climate Revolution

Меѓународното движење против климатските промени го разбранува целиот свет. Во претходната година, во текот на неколку денови на глобална акција, милиони млади луѓе од повеќе до 100 земји излегоа од училиштата да се придружат на протестот „Петоци за иднина“ (Fridays For Future) со што се бараше брза акција по прашањето на климатската криза.

Декларација на Интернационалната марксистичка тенденција:

Со масовно излегување на улица, со заземање на патишта и блокада на градови, овие демонстрации ги натераа политичарите да се сопрат и да обрнат внимание. Оваа мобилизацијата ја исполни новата генерација со чувство на самодоверба, моќ и цел. За демонстрантите, идејата за масовни борбени акции за сега се правило, а не исклучок. Зборот „штрајк“ цврсто стои во прв план во мислите на младите. Лекцијата е јасна: ако сакате нешто, морате да се организирате и да се борите за тоа.
Започнувајќи од Шведска, минатата година со седмичните протести на една ученичка, Грета Тунберг, движењето #youthstrike4climate набрзо се прошири низ светот. Во секоја земја, ситуацијата е иста, студенти и млади се вклучуваа во политичката активност, со барање за „промена на системот, а не на климата“.
Потребна е итна акција. Клучно е драстично намалување на нивоата на штетните емисии и загадување. Мерките за превенција и ублажување на штетните ефекти мораат да се преземат во огромни размери, како што се изградба на одбрана од поплави и пошумување. Но капиталистите и нивните политички претставници се потполно неспособни да извршат радикални промени коишто се неопходни.

Мораме да бидеме јасни: капитализмот ја убива нашата планета. (заслуги Социјалистички Повик, Socialist Appeal)

Потребна е глобална акција за да се реши глобалниот проблем, но капиталистичките влади се неспособни. Некои светски лидери прогласија климатска вонредна состојба. Но, тоа е само празна фраза што ја изговараат политичарите на крупниот бизнис. Сепак, и тие не одлучуваат во капитализмот. Наместо тоа, иднината на човештвото и нашата планета е оставена на милост на тнр. „невидлива рака“ на пазарот.
Грета Тунберг истакна дека научниците се игнорираат и бараше од владите да ги разгледаат научните докази и упатства. Слично, активистите на движењето Побуна против изумирањето (Extinction Rebellion) се обидоа да ја „подигнат свеста“ и да ги убедат политичарите низ стратегија на отворена директна акција.
Но, капиталистите и нивните политичари нема да ги убедат морални аргументи, ни факти или бројки. Во крајна линија, не можеме да очекуваме дека оваа елита отуѓена од стварноста ќе направи било што да се заштити Земјата, затоа што нивниот единствен критериум е зголемување на профитите на сметка на другите.
Корпорациите ќе газат преку законите секогаш кога е потребно да се намалат трошоци, да се надминат нивните ривали, да се освојат нови пазари и да се зголемат профитите.
Капиталистичките политичари како одговор на ова уништување немаат што да понудат. Сѐ што можат да предложат е да се собереме заедно и да направиме поединечно чекори за да се намали еколошкото уништување.
Но „решенијата“ кои потекнуваат од нив се потполно реакционерни. Во основа, тоа е воведување на штедење со екоманипулација (зелено перење мозок) – да се убедуваат работниците и сиримашните дека мораат да се стегнат за да го решат проблемот што го создале капиталистите и нивниот расипан систем.
Уште поважно, оваа либерална, индивидуалистичка мантра се спротивставува на фактите. Една понова студија покажува дека 100 големи компании (главно произведувачи на фосилни горива) сносат одговорност за преку 70% од емисија на гасови на пластеничка градина. Тоа покажува каде е главната вина за климатските промени.
Како одговор на овој проблем, некои леви политичари – како Александра Окасио-Кортез во САД покренаа барање на „Нов зелен договор“ (Green New Deal) со барање до владите да се смали испуштањето на јаглерод со вложување во обновливи извори на енергија и со тоа да се создадат нови зелени работни места.
Овие нејасни предлози во основа се кејнизијанска стратегија со стремеж за регулирање и управување на капиталистичкиот систем. Но, капитализмот не може да се управува. Тој не може да се скроти и да се направи „зелен“. Сѐ додека економијата е основана на производство поради заработка, крупниот бизнис ќе управува со владите, а не обратно.
Мораме да бидеме јасни: капитализмот ја убива нашата планета. Неговата незаситна трка за профити е одговорна за дерегулација што ги руши еколошките стандарди и животните услови. Корпорациите водени од заработката одлучуваат што да се произведува и како се произведува. Но така не се работи плански. Наместо тоа, нашата економија е оставена на анархијата на пазарот.
Проблемот е профитниот мотив, а не економскиот раст. Затоа барањата на одредени делови на зеленото движење за „нула раст“ и „контрараст“ се реакционерни. „Нулта раст“ во капитализмот се вика рецесија – а знаеме дека таа удира на работничката класа и сиромашните. Аргументот за постојана рецесија е аргумент за постојани мерки на штедење.
Единствен начин да се создаде одржлива економија – во којашто растот на животниот стандард нема да биде спротивставен со зачувувањето на планетата – е на основите на демократски, рационален, социјалистички план на производство.

Само социјалистичката трансформација на општеството може да ги задоволи потребите на мнозинството во хармонија со животната средина (заслуги Социјалистички Повик)

Во приватните раце, големите монополи создаваат огромни количини на отпад и се штетни за околината. Национализирани, под социјалистички економски план, тие можат да ги употребат модерните зелени технологии да ја намалат емисијата и загадувањето во рок од неколку години, при тоа да се осигура квалитетна храна, дом, образование, превоз и здравство за сите.
Со комбинација на најголемите научни умови со вештините на работниците во индустријата, под демократска работничка контрола, ние можеме да ги пренасочиме општествените технолошки достигнувања и ресурси во служба на човештвото и планетата.
Во многу земји, поддршката на зелените партии порасна поради растечката загриженост за околината и општата недоверба во традиционалните партии на естаблишментот. Но, во основа, лидерите на зелените партии се само либерали, кои не претставуваат предизвик на системот или не го гледаат општеството поделено на меѓусебно спротивствени класи.
Од заклучокот дека капитализмот е корен на проблемот следува дека мора да се бориме за радикална промена на класна основа, каде работниците и младината заедно ќе се борат за смели социјалистички еколошки мерки.
Во тој поглед, деновите на интернационална акција на 20 и 27 септември може да бидат голем чекор напред за ова движење. Грета Тунберг исправно ги повика работниците ширум светот да се придружат на студентите во глобалните демонстрации. Во некои места, синдикатите се одзваа на овој повик, со ветување дека ќе се приклучат на штрајкови и протести заедно со младите активисти.
Следниот чекор за целото работничко движење е да го следат овој пример и да ги поддржат климатските протести. Моќта на организираната работничка класа, наоружана со социјалистичка програма, би била незапирлива. Како што од секогаш велеа марксистите, ниту една сијалица и ниту едно тркало не можат да се придвижат без дозвола од работничката класа.
Само со укинување на капиталистичкиот систем и негова замена со социјализам можеме да ја планираме употребата на ресурсите на нашата планета на демократски начин. Само со социјалистичка трансфромација на општеството можеме да ги задоволиме потребите на мнозинството во склад со природата, наместо да се создава профит за паразитското малцинство.
Науката и технологијата постојат за да се справат со климатските промени. Но во капитализмот, овие сили ја уништуваат планетата Земја, наместо да ја спасуваат. Социјализам или варварство – тоа е иднината пред нас. Потребна е револуција.

  • Максимална мобилизација за Септемврискиот климатски штрајк!
  • Студенти и работници – заедно во борба!
  • Капитализмот е проблемот, социјализмот е решението!
  • Приклучи се на ИМТ!

(Декларација на ИМТ, 2 септември 2019)

БалканДемократијаЕвропаЛевица - партијаТеорија

„Левица“ и левица

Тоа што партијата Левица нема искуство во власта е нејзина предност – Славој Жижек

Ешер, Раце кои се цртаат

 

Маркс напишал дека религијата е опиум на луѓето. Во тесна смисла овој аргумент сè уште важи: исламскиот и христијанскиот фундаментализам всушност делува како опиум, кој им овозможува на верниците да избегаат во идеолошки соништа, со што се избегнува вистинска конфронтација со предизвиците и опасностите од глобалниот капитализам. Проблемот со фундаментализмот не е тоа што е премногу радикален, но со тоа што воопшто не е радикален, и што лесно се приклучува на машинеријата на глобалниот капитализам, што може да се види во Трампова Америка и „фундаменталистичката“ Саудиска Арабија. Сепак, денес дефиниција на Маркс треба да се преиспита: во Западниот свет сме сведоци на два нови опиуми на луѓето, опијати и луѓе.

Прво, опијатите во поширока смисла на масата хемиски производи, од лекови и алкохол до тешки лекови, сè повеќе стануваат дел од нашиот секојдневен живот. Ако имаме потешкотии со спиењето, земаме пилула за спиење, ако сме премногу вознемирени, земеме транквилизатор, ако сме премногу пасивни и депресивни, ги земаме стимулантите, ако сме импотентни, земаме вијагра, следат и кокаинот и самиот опиум. Нашата психолошка состојба е нешто што треба да биде хемиски регулирана и ова балансирање оди во две спротивни насоки. Ние користиме смирувачи т.е. транквилизатори кога сме премногу возбудени – кога веќе не можеме да се носиме со надворешните стимули со кои сме бомбардирани; кога успешно се запечативме, ние ги користиме антидепресивите за повторно да го привлечеме интересот кон светот околу нас. Во компаниите, се помалку привлекуваат колективните ангажмани, па тие нè стимулираат да нè насочат кон интимни возбудувања.

Така, лековите регулираат евтаназија на јавниот живот и вештачка анимација на приватниот живот. Она што останува во Западните држави од страствениот јавен ангажман е главно популистичка омраза, а тоа нè доведува до друг опиум за луѓето: до самите луѓе. „Луѓето“ во популизмот е сенка на органско единство, кое е загрозено од некаква надворешна опасност (имигранти, корумпирани елити, културен и морален релативизам). Опасноста никогаш не влегува во суштината на нашето општество, бидејќи оние што ни се закануваат никогаш не се „навистина наши“. Така непријателот дејствува во популизмот како фетиш во смисла на Фројд: фасцинантна слика за заканата (имигрантски маси кои трчаат против Европа, корумпирани банкари без патриотска смисла итн.) што нè заслепува за нашите сопствени антагонизми. Во таа смисла, Евреите се фетишот на фашизмот: во Евреите е проектиран изворот на нашите проблеми, а нашата заедница може да се сфати како хармоничен органски ентитет чија рамнотежа е уништена од надворешен непријател – ако овој непријател се ликвидира, повторно ќе преовлада ред и хармонија.

Но, сето ова е повеќе или помалку познато – помалку е очигледно дека денес кон оваа серија на фетишисти, кои го користат непријателот како закана за нашите слободи, треба да се додаде самиот антифашизам. Новиот дух создава „умерен“ леволиберален центар на Запад, духот на популистичкиот фашизам. Трамп во САД, Ле Пен во Франција, Орбан во Унгарија, сите се демонизираат како ново Зло, против кое мораме да ги обединиме сите сили – секое минимално сомнение или воздржаност веднаш е прогласено за знак на прикриена соработка со фашизмот. Нашите сопствени антагонизми и компромиси – сето она што го отвори простор за подемот на новата десница – толку удобно се истуркани во позадина. Тука е неопходно да се оди до крај: вистинската цел на овој нов антифашизам не се фашистите, туку радикалната левица, што го привлекува вниманието како соучесник со либералниот центар за подемот на десниот популизам. Ова беше јасно докажано на последните претседателски избори во Франција, кога големите либерални медиумски мрежи веднаш секоја критика на Макрона од лево, со чисто сталинистички манири, ја прогласија за како опасни, бидејќи „објективно“ ѝ помага на Ле Пен – а некои пак троцкистот Меланшон, лидерот на левичарската опозиција, го прогласија за „лепенов троцкист“!
Накусо, вистинската цел на новиот антифашизам е елиминација на радикалната левица, на која со распаѓањето на умерената левица во Европа ѝ се отвора нов простор. Компликувањето на оваа ситуација е восхитувачко: глобалниот либерален капитализам сега е последната заштита од фашизмот, а ако некој се обиде да привлече внимание кон овој факт, тој е обвинет за тајно поддршка на фашизмот! Денешниот паничен антифашизам не носи надеж, туку го убива, бидејќи директно нè спречува да се справиме со корените на нашата криза. Да избегнеме фатално недоразбирање: расистичкиот популизам е навистина опасна катастрофа на цивилизацијата, крај на високата европска еманципаторска традиција, но популизмот ќе биде решен само со критично претресување на нашата сопствена удобна, либерална позиција.

Денешниот паничен антифашизам не носи надеж, туку го убива, бидејќи директно нè спречува да се справиме со корените на нашата криза. Да избегнеме фатално недоразбирање: расистичкиот популизам е навистина опасна катастрофа на цивилизацијата, крај на високата европска еманципаторска традиција, но популизмот ќе биде решен само со критично претресување на нашата сопствена удобна, либерална позиција.


Се приближуваме кон оваа ситуација и во Словенија, а фетишот е, се разбира, името на Јанша. Кој или што е „левица“ кај нас? Да се ​​сетиме на старите шеги од Советскиот Сојуз за Радио Ереван, каде што на сите прашања на слушателите им одговараат „во принцип, ова е точно, но …“. Затоа, слушателот прашува: „Дали е вистина дека Јуд Рабинович доби нов автомобил на лотарија?“ Одговор на Радио Ереван: „Во принцип, ова е вистина, но тоа не беше нов автомобил, туку стар автомобил; тој не го доби на лотарија, ама беше украден од него пред куќата … “ Не е тешко да се погоди како Радио Ереван ќе одговори на прашањето: „Дали навистина имаме силен левичарски блок во Словенија?“ Во принцип, ова е вистина, но овој левичарски блок не се грижи за правата на најсиромашните и најранливите, и е сплеткан во постојаните корупциски работи и послушно ги извршува наредбите на меѓународните финансиски институции.“ Она што помага на овој начин е патетично упатување кон партизанството, но кога служи само како смоквин лист за да ја сокрие сопствената мизерија?

вистинската цел на новиот антифашизам е елиминација на радикалната левица, на која со распаѓањето на умерената левица во Европа ѝ се отвора нов простор

Така, го достигнавме најниското ниво на нашиот политички живот. Тажна иднина нè чека кога секои четири години сме бомбардирани со панични предупредувања дека Јанша може да победи и дека повторно ќе станеме жртви на изнуда и на уште еден апсурден избор го изгласаме нашиот „цивилизиран“ кандидат без никаква позитивна визија, со сигурно прифаќање на глобалниот капитализам со човечкото лице.

Дали некој е надвор од оваа непристојна игра каде што Јанша и нашите „левичари“ меѓусебно се користат како закана, како во познатите цртежи на Ешер од две раце, цртајќи едни со други? (и во Словенија антијаншините партии се нарекуваат „левица“, слично како СДСМ кај нас, н.з.) Партијата Левица е единствената која не е дефинирана како антијанша туку е критички ориентирана кон целиот политички естаблишмент. Се разбира, не е можно да се согласиме со сè што велат поединечните претставници на Левица, но основната ориентација на партијата Левица е единствена за нас – таа едноставно зборува со поинаков јазик од останатите. Ова можевме многу добро да го видиме во најновата конфронтација меѓу лидерите на седум партии на Поп ТВ, додека  шесттемина се натпреваруваа во бесконечна реплика и во размена на празни фрази, реципрочни жалби и потрагата по изговор за сопствените компромиси, Лука Месец (од партијата Левица, н.з.) презентираше неколку јасни предлози за активности за секоја тема, што треба да се направи. Дали овие предлози се нереални, како што за Левица говорат нејзините противници? Во никој случај: станува збор за конкретни промени кои сѐ уште ги земаат предвид реалните околности и во нив бараат отворени можности. Критичарите на партијата Левица се оние кои ги мешаат реалните околности и идеологијата, односно ја продаваат идеологијата на слободниот пазар и намалената улога на државата како опис на реалните околности. Дали тие критичари се свесни дека дури и во најуспешните капиталистички земји, од Скандинавија до Јужна Кореја и Сингапур, улогата на државата во економијата е зајакната? Дали се свесни дека финансиската криза во 2008 година не беше криза на прекумерна регулација, но – како што призна Алан Гринспен – кризата на дерегулацијата? Партијата Левица ја комбинира свеста за потребата од радикални промени со прагматичен пристап кој бара во моментов, во реални услови, да ја искористиме секоја можност да интервенираме и на тој начин да ја подготвиме земјата за идните кризи.

Левица со кандидатите од Засавје

Што се однесува до стравот дека партијата Левица ќе се „нормализира“ ако ѝ се дозволи да влезе во нова коалиција како еден од членовите на нашата „левица“ (демократите и нив слични, н.з.), не треба да се плашиме од тоа. Партијата Левица ќе оди во коалиција ако одлучи дека ќе може да постигне некои од прецизно дефинираните цели, особено во социјалната политика. И ако тоа се случи, можеме да бидеме сигурни дека по истекот на крајниот рок, кога ќе биде потпишан коалицискиот договор, рацете ќе ги мијат рацете не само со сапун, туку со силна дезинфекција, бидејќи секогаш ќе биде свесна дека лежи во кревет со непријателот.

Што се однесува до стравот дека партијата Левица нема искуство во власта: да, тоа е токму предноста. Партијата Левица нема искуство со заткулисните преговори помеѓу лобито и сличните. Во владата таа заслужува место само затоа што не припаѓа на дружината во која се наоѓа.

автор Славој Жижек, објавено во Дело на 26 мај 2018