ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕВОЛУЦИЈА 2025
Периодот по Втората светска војна на многу начини беше просперитетен за капиталистичката класа. Профитите растеа и компаниите заработуваа ширум светот. Слободниот пазар овозможуваше економски раст во тој период, а контрадикциите меѓу одделните национални пазари беа минимални. Глобалните економски кризи од 1970-тите и 1980-тите беа решени со обнова на капитализмот во сталинистичките земји во 1990-тите, меѓу кои и поранешна Југославија. Општиот развој на глобалниот капитализам овозможи период на просперитет и развој на пазарот до 2008 година.
Хиперпродукцијата е причината за кризите на капитализмот. Фактот дека капитализмот произведува за профит – дека работниците произведуваат повеќе вредност во еден ден отколку што им се плаќа во плата – значи дека платите на работниците никогаш не можат да ја надминат општествено произведената вредност. Како резултат на тоа, работниците никогаш нема да можат да ја откупат целата вредност на она што колективно го произведуваат. Како класа, работниците не можат да си дозволат да ги купат сите стоки произведени од капиталистичкиот систем. Овие факти го прават капиталистичкиот систем склон кон прекумерно производство – произведувајќи повеќе отколку што пазарот може да апсорбира – хиперпродукција. Финансиската криза од 2008 година е токму таква криза. Нејзиното решавање беше одложено со задолжување. Светскиот долг е 350% од сегашниот глобален БДП и продолжува да расте.
Кризата од 2008 година означи длабока пресвртница во повоениот период, при што таканаречената „глобализација“ се претвори во нејзината спротивност. Кинеските производи почнаа да го преплавуваат светскиот пазар, но нивната поплава предизвика економска стагнација на кинескиот капитализам. Од 2017 година, има знаци на претстојна индустриска криза во кинеската индустрија. Кинеската влада се спротивстави на оваа криза со иницијативата „Појас и пат“. Затоа, растечкиот протекционизам, фрагментацијата на глобалната трговија и економскиот национализам оттогаш го одредуваат развојот на глобалниот капитализам. Се отвори нова ситуација на меѓународно ниво. Наместо глобализација, сега владее економски национализам. Повторното вооружување и војната се логичните последици. Ова е продолжување на економскиот национализам со воени средства.
Сонот на буржоазијата во 1990-тите по распадот на СССР за глобализација што ќе ја елиминира класната борба под превезот на „светскиот мир и просперитет“ всушност беше проширување на влијанието на западниот империјализам цело време. Но, воден од внатрешните противречности на „слободниот пазар“, западниот империјализам си создаде ривал на кој не можеше да му се спротивстави со политиката на „глобализација“ и наместо да биде агент на глобализацијата, стана нејзин противник. На површина се појавија истите закони што владееја во епохата на империјализмот од минатиот век – нова поделба на светот, борба за сфери на влијание и војни. Ленин беше и остана во право кога рече дека „империјализмот е највисоката фаза на капитализмот“ и дека единствениот начин да се победи империјализмот е да се победи капитализмот. Колапсот на илузиите за глобализацијата значи зајакнување на отворените протекционистички тенденции и појава на десничарски националистички популизам во Европа и Америка. Балканот е област која во 1990-тите потпадна под германската сфера на влијание, но под капата на САД. Слабиот руски империјализам не се проби, и ако нешто направи, му отстапи место на растечкиот кинески, кој полека го опколи целиот простор од Грција до Унгарија и влегува во Словенија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на крајот во Србија. Оваа област беше и остана длабока периферија на капитализмот со локални сервилни владејачки елити, лојални само на изворите на финансиски средства. На овој начин се воспостави корумпирана владејачка класа која ги создаде институциите на паразитската бирократија и затоа мора да применува методи на уцена, насилство и поткуп за да владее со постојано нестабилната територија. Ги има сите услови гневот на народните маси да се манифестира во револуционерна криза. Затоа, движењето во Србија не само што изразува незадоволство од падот на настрешницата, под него се крие длабоко незадоволство на масите од владејачката класа и капитализмот воопшто.
Нашиот претходен документ перспективи за револуција главно се фокусираше на големите настани во светот, поради релативно послабиот интензитет на класната борба на Балканот, која првенствено беше изразена преку движењето „Србија против насилството“, како и бранот штрајкови што ја зафати Хрватска. Овој пат, со масовното движење во Србија, кое го надминува дури и она што доведе до падот на Слободан Милошевиќ во 2000 година, тоа несомнено заслужува да биде во прв план на овој документ, како заради доброто на југословенските народи, така и заради неговата важност за Европа и светот, на кои им го покажува патот напред во класната борба.
Ова движење за првпат на дело ја потврди перспективата на Револуционерната комунистичка интернационала дека југословенските народи, поради историските и јазичните врски, ќе доживеат прелевање на бунт и револуционерни чувства преку балканските граници, што потврди дека градиме на вистинските основи со градење на југословенска организација. Бевме сведоци на солидарност и огледување на движењето од Србија практично во сите поранешни републики на Југославија, додека во Турција гори масовното движење, исто како и во Грција, кое беше придружено со генерален штрајк. Минатата година во документот перспективи кажавме:

„…овие мобилизации го покажуваат светлото на крајот од тунелот. Поминаа годините кога луѓето стоеја настрана и немо го гледаа злото што се случува насекаде околу нив. Работничката класа исто така не молчи на зголемената експлоатација, штедење и растот на цените и одговара со штрајкови и синдикално организирање – против нападите на газдите и политичарите.
И оваа светло на крајот од тунелот се појави во полн сјај токму овде на Балканот! Ако претходно живеевме во период на историски пораз на работничката класа во 90-тите, ова светло означи нов период на будење на работничката класа. Секое од овие движења ќе донесе на сцената уште посилна класна борба се додека не се демонстрира целосната сила на работничката класа во револуционерните ситуации на Балканот и во светот.
Значењето на движењето во Србија
Србија под режимот на Александар Вучиќ веќе стана позната по редовни масовни мобилизации против него. Неговиот специфичен режим, кој е обележан со притисок и обид да се контролира секој аспект од општеството, доведе до дури седум масовни протести и движења за осум години. Иако претходните движења беа ограничени или дури и без резултати, особено поради неспособноста на опозициското раководство, нивната најголема победа се манифестираше преку искуството кое масите го стекнуваа од едно движење до друго.
Масите од едно до друго раздвижување се прашуваа до каква радикализација треба да се дојде, што треба да се направи за да се издејствува некоја опиплива победа. Истовремено, режимот правеше минимални отстапки кон населението, но тоа само му даваше самодоверба, го охрабруваше и доведе до пораст на ароганцијата во рамките на Српска Напредна Странка, бидејќи сè поминуваше неказнето, а таа ароганција доведуваше сѐ повеќе и до интерни конфликти во владејачката партија. Вучиќ сѐ почесто ги прекоруваше своите партиски колеги зошто работите не се завршуваат навреме, алудирајќи на прекумерна корупција. Лојалните елементи кон него сакаа итно да прикажат навремени резултати. Но тие резултати се покажаа како кобни кога беше пуштена во употреба железничката станица во Нови Сад без дозвола за користење, и кога нејзината реконструирана бетонска настрешница усмрти шеснаесет луѓе и една личност ја доведе во тешка состојба.
Ако масакрот во основното училиште „Рибникар“, како и оној во Дубона и Мало Орашје, предизвикаа скок во свеста на масите дека станува збор за системски проблем, падот на бетонската настрешница во Нови Сад направи целосен раскин со застарените методи на борба. Расположението што владееше беше тажно, но и исполнето со гнев. Многу коментираа дека повеќе нема смисла бескрајно да се оди во протестни прошетки, бидејќи станува збор за криминален режим врз кој тие прошетки немаат влијание. Се постави отворено и прашањето за неуспешното водство на опозицијата, кое се закануваше и ова движење да го одведе во ќор-сокак. Со сознанието дека веќе никаде не сме безбедни поради ароганцијата на режимот, стануваше очигледно дека останува на масите да ја изведат оваа борба до крај, како знаат и умеат.

Квантитетот на масовните движења во Србија во еден момент мораше да се претвори во квалитет. Ова не смееше да бидат само уште едни рутински протести, и затоа слоганите беа многу порадикални. Но, најинспиративниот дел од ова движење беше доаѓањето на студентската младина на неговото чело преку масовно организирање на блокади на факултетите и демократска пленумска организација. Од еден инцидент на блокадата на Факултетот за драмски уметности, предизвикан од режимот, дојде до блокада на повеќе од 100 високообразовни установи, а беа блокирани и некои средни училишта.
Студентите беа обединувачки фактор на работните луѓе на Србија – и поради тоа што младината претставува барометар на масовното расположение во општеството и иднината на земјата, и поради тоа што студентите многу брзо почнаа да се поврзуваат со организации на работничката класа и други работници. Но, на почетокот, таа поддршка беше пасивна и најчесто се сведуваше на солидарност со студентите.
Од друга страна, режимот уште од првиот ден на движењето беше целосно изгубен во целата ситуација. Ги користеше тајните служби за да спроведува закани и апсења на активисти, лажеше и манипулираше на секој чекор, но тие лаги брзо беа разобличени. Каснеше три недели со првите апсења поврзани со падот на настрешницата, за бргу потоа приведените да ги пушти на слобода. А на крај создаде целосно отровна и запалива атмосфера во општеството, поради што растеше интензитетот на инциденти, особено на блокадите на патиштата кои беа една од главните форми на борба. Исклучително насилни сцени со тешки телесни повреди, каде во два случаи возачи со автомобили поминаа низ студентки, како и нападите со палки од страна на режимски насилници кои излегоа од канцелариите на Српската Напредна Странка, беа иницијална каписла за влез на масите во политичката арена.
До пишувањето на овој текст, се одржаа четири големи блокади во најголемите градови, некои од нив несомнено со бројка над 100.000 луѓе. Организирани беа два „генерални штрајка“, кои можеби не ги исполнија сите критериуми за таа дефиниција, но покажаа масовно и организирано учество на работничката класа заедно со студентите. Просветните работници и адвокатите спроведоа целосен престанок на работата, додека многу сектори најавуваат свои штрајкувачки активности. Протести против режимот се одржаа во над 400 градови и села. Осми март во Белград – ден кој беше и празник и подготовка за големиот протест на 15 март – личеше на мала револуција поради бројот на паралелни протести што се одржуваа.
Длабоко вкоренетата солидарност излезе на површина и покажа дека секогаш била тука – само чекала момент да се појави. Исто така, ова ја потврди марксистичката теорија во пракса, на жив пример – дека масите можат самостојно да се организираат и дека се исклучително креативни кога ќе се осмелат да тргнат по тој пат. Она што југословенските марксисти го изучуваа низ теорија, читајќи за учеството на масите во политиката, сега се случува во Србија.

Студентите успеаја на многу нивоа да влезат во историјата – почнувајќи со најголемиот протест некогаш организиран во Србија, па сè до неверојатно прогресивниот заклучок за потребата од генерален штрајк и општа организација на работниците и граѓаните преку „зборови“. Со повикот за генерализација на зборовите, ја отворија новата етапа на движењето. Приморани од материјалните услови, студентите почнаа да излегуваат од илузиите за либералната демократија и почнаа да бараат алтернативни структури на власт. Поради сè поприсутната радикализација на масите, нивниот повик го омасови движењето и ги удри темелите на револуционерната криза во Србија. Зборовите во Србија моментално претставуваат потенцијални ембриони на совети – основен орган на работничката држава.
Досегашните џиновски протести не успеаја да постигнат конкретни резултати и да го турнат Вучиќ. Но масите, преку самоорганизација, користејќи ги зборовите како свои органи и својата сила во обединет генерален штрајк, можат да го срушат. Провокација на режимот, како за време на блокадата на РТС, може да биде катализатор за тоа. Во овој момент, ахилова пета на движењето е отсуството на револуционерно политичко раководство, со што се отежнува доаѓањето до прогресивни заклучоци. Поради тоа, движењето е подложно на притисок од различни класи – и преку директно учество во зборовите и пленумите на терен, и преку меѓународните медиуми однадвор кои ја збунуваат авангардата. Но најнапредните слоеви на движењето сами ќе ги изведат точните заклучоци.
Движењето, всушност го покажува проблемот со недостаток на политичко водство, а и вака врз студентите падна премногу политичка одговорност. Сепак, тие покажаа дека низ борбата многу брзо стекнаа одредено искуство. Уште повеќе, сфаќајќи дека блокадите и 15 март не се доволни, тие ги интензивираа напорите за понатамошна радикализација на борбата, успешно организирајќи ги соседствата да одговорат на студентскиот повик за организирање во зборови. Исто така, студентите успеаја во нешто што синдикалните централи досега не успеале – да ги соберат сите лидери на синдикалните централи на една маса, за да дискутираат за подлабоко вклучување на работничката класа во движењето, со цел заеднички напори за подобрување на нејзината положба, а со тоа и на остатокот од општеството. Ова покажува навистина извонредна способност на студентите постојано да доаѓаат до точни заклучоци како да го поттурнат движењето уште еден чекор напред. Како што беше случајот со Француската револуција во 1968 година или протестите против Милошевиќ во 2000-тите, студентите често имаат двигателна улога во мобилизацијата на работничката класа.

Овие протести ќе оформат цела една млада генерација воспитана во политичка борба. Поради недостатокот на водство, неминовно е дека пленумите и зборовите ќе бидат поделени под влијание на буржоаски идеи и притисоци. Но токму поради тоа, ова искуство сигурно ќе го натера еден дел од младината и работниците да донесат исправен заклучок – дека основната слабост на движењето е недостатокот на централизирано револуционерно водство. Покрај тоа, кога оваа генерација ќе созрее, таа самата ќе биде таа што ќе организира генерални штрајкови – без потреба да чека на своите родители. Од неа ќе се раѓаат нови борбени синдикати, а ќе се реформираат и старите, кои преку искуството од борбата ќе бидат приморани да станат поборбени. Исто така, значителен дел од оваа генерација веќе е отворен за комунистички идеи, како последица на длабоката криза на капиталистичкиот систем во која пораснаа. Овие протести – и што и да следи по нив – ќе ги отворат нерешените политички прашања и ќе доведат до заклучокот дека единствениот начин за поправка на општеството е уривањето на капитализмот. Тие заклучоци веќе се прелеваат, а и ќе се прелеваат во иднина, и на остатокот од младината во Југославија, создавајќи плодна почва за нашата работа и регрутација – и за нас, и за целата интернационала.
Бран на штрајкови во јавниот сектор во Југославија
Движењето во Србија несомнено претставува облик на класна борба против самоволието на политичарите поврзани со своите луѓе од бизнисот. Но далеку од тоа дека ова движење беше единствената форма на класна борба во Југославија. Посебно внимание заслужува брановитото движење на штрајкови во јавниот сектор во сите републики на Југославија. Тие се симптом на мерките за штедење во јавниот сектор од една страна, а од друга страна реакција на притисокот од инфлацијата, кој ги намалува реалните приходи на работничката класа.

Најборбениот дел од работничката класа во движењето во Србија беа просветните работници. Уште пред почетокот на движењето, односно од почетокот на учебната година, тие штрајкуваа со скратување на часовите и т.н. „бел штрајк“, при што на учениците им даваа петки како форма на протест, а организираа и бројни јавни собири. Кога студентите се активираа, тие беа првите што се поврзаа со нив, обединувајќи ја борбата на студентите и работниците. На крајот на краиштата, стануваше збор за нивни поранешни ученици кои растат во борбата за подобра иднина. Исто така, многу просветни работници ги поддржаа и средношколците кога влегуваа во блокади, а добиваа поддршка и од нивните родители за време на штрајкот.
Откако министерката за просвета Славица Ѓукиќ Дејановиќ одлучи за предвремен и продолжен распуст, како одговор на тоа, како и на растечкото насилство во општеството, просветните работници се одлучија за целосен застој на наставата, поради што беа казнети и не им беа исплатени плати за деновите на штрајк. Храброст покажаа и кога им се закануваше инспекција. На социјалните мрежи беа објавени бројни снимки од борбени говори, песни на солидарност, собири на поддршка за просветните работници во рамки на училиштата, во кои учествуваа и родители и ученици. Овој потег беше храбар бидејќи суштински е нелегален, но тоа само говори за природата на системот во кој живееме, каде што солидарноста на родителите, учениците, наставниците и професорите се криминализира. Тие активно им се придружија на студентите во повикот за генерален штрајк и инсистираа дека тоа е најдобриот начин да им се помогне во нивната борба. Останатиот дел од работничката класа покажа голема солидарност кон просветните работници, собирајќи за нивната борба над 750.000 евра.
Но, српските просветари не беа сами во оваа борба. Со нив во изминатиот период се бореа и другите југословенски работници во просветата. Во мај во Сараево просветните работници одржаа предупредувачки штрајкови, а во септември херцеговските просветари прогласија генерален штрајк, кој општинскиот суд во Мостар го прогласи за нелегален. Во октомври, на Денот на наставниците, тие одржаа протестен марш до седиштето на Херцеговско-неретванскиот кантон. Истиот месец, македонските просветари организираа протест поради заканите на владата дека ќе им ги укине колективните договори. Универзитетските професори во Србија ја поддржаа студентската борба, а дел од нив и самите учествуваа во штрајкот.
Хрватските просветари одржаа штрајк. Ситуацијата е толку лоша, што во Хрватска мораа да штрајкуваат и воспитувачките во градинките, а штрајкот се ширеше со голема брзина од град во град, и покрај медиумските напади и маневрите на властодршците. Поради нивната непоколебливост, воспитувачките добија отстапки од страна на локалните власти. Освен тоа, штрајкот беше генерален, така што штрајкуваше и ненаставниот кадар. Од хигиеничарки до професори на факултетите – сите стоеја заедно против ударите врз животниот стандард и инфлацијата. Ова претставува позитивен развој, каде што може да се забележи дека работничката класа сè повеќе се обединува под чадорот на заедничка борба како одговор на притисоците на капитализмот.
Штрајкот во просветата е толку популарен што пленумот во Загреб, инспириран од движењето во Србија, неодамна ги повика просветарите на пленуми за размена на искуства. Но, сигурно е дека тоа е вовед во многу посилен штрајк во иднина, со оглед на тоа што методата на кружен штрајк, и покрај масовноста, не ги донесе посакуваните резултати.
Владејачките класи во поранешните југословенски земји, во сите случаи кога започнуваат штрајкови во просветата, полни им се устите со „грижа за децата“. Но, каде е таа грижа за децата кога просветните работници се држат на ниски плати, се затрупуваат со бирократија, им се закануваат со влошување на работните услови и се поставуваат ограничувања кои го обезвреднуваат образованието? Како просветарите да ја исполнат својата образовна улога, ако се експлоатирани? Ваквата состојба во образовниот систем доведува до цинизам – и кај наставниците и професорите, но и кај учениците. Владејачката класа сака да создаде необразувана и евтина работна сила, да заштеди на образованието и на јавниот сектор во целина – што е во целосна спротивност со интересите на работничката класа, која сака нејзините потомци да напредуваат од генерација во генерација.
Истите тие „душегрижници“ толку многу штедат и на здравството, што и здравствените работници мораа да ја започнат својата борба. Во ноември, хрватските здравствени работници влегоа во штрајк, при што ја сведоа работата на итни случаи, а поради веќе воведените мерки за штедење и ниски капацитети, листите за чекање и така беа огромни. Штрајкот, всушност, беше единствениот начин да се принудат властите да го зачуваат здравството, а токму тие се виновни што ги доведуваат работниците во ваква ситуација.

Истата месец, неколку пати протестираа и здравствените работници во Сараево. Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево немаше генерален директор веќе една година, а покрај барањето за именување нов директор, работниците бараа и исплата на долговите за прекувремена работа, како и укажаа на недостатокот од кадар, репроматеријали и огромниот минус во буџетот од над 3 милиони евра.
Во Македонија, почетокот на Новата година исто така беше одбележан со работничко движење во јавниот сектор. Вработените во државното обвинителство во јануари започнаа штрајк, барајќи зголемување на платите за 30%, додека работници од разни министерства организираа протести пред своите институции. Просечната плата во овие институции изнесува 470 евра, додека на републичко ниво е 680 евра. Ова ги разбива сите митови за добрата положба на вработените во јавниот сектор. Државата одговори со прогласување на штрајкот за незаконски, како и со намалување на платите за 40% за оние кои штрајкуваа.
На ова можеме да ја додадеме и активноста на работничката класа поттикната од движењето во Србија. Работниците од Електростопанство на Србија и рудникот Колубара неколкупати јавно ги поддржаа протестите и изведоа помали штрајкови. За време на „генералниот штрајк“, дел од работниците на Пошта се одзваа на повикот и им се приклучија на студентските протести. Работниците од Јавното сообраќајно претпријатие Белград протестираа поради приватизацијата на јавниот превоз и укинувањето на тролејбуските линии, и исто така ја поврзаа својата борба со студентите. Во овој бран, штрајк започнаа и дел од работниците на Аеродромот „Никола Тесла“, барајќи зголемување на платите до просекот во Белград. Работници во повеќе од 100 судови и обвинителства одржаа еднодневен штрајк поради незадоволителната материјална состојба. Покрај тоа, Адвокатската комора на Србија ја прекина работата дури на еден месец како знак на поддршка за студентските протести и поради притисоците од извршната власт врз судството и адвокатурата.

Само оној што не сака да види, може да помисли дека работничката класа во Југославија не постои. Не само што постои, туку нашите перспективи за интензивирана класна борба се потврдуваат пред наши очи. Работниците можат да трпат само до одредена точка на штедење и инфлација, пред да бидат принудени на отпор. Приватниот сектор сè уште заостанува во оваа борба, но штрајковите во јавниот сектор често знаат да бидат најава за борба и во приватниот. Штрајкот на работниците во лесковачката „Јура“ е знак на наталожениот гнев кој сè повеќе излегува на површина и во овој сектор.
„Кој бре нè помири?“
Студентското движење во Србија покажа колку лесно се шири борбениот дух кога капитализмот е во криза. Во нашиот случај, тој ги пресече остатоците од национализмот кои преживуваа во овој регион. Заедно со Србите, протестираат и Бошњаци, Унгарци, Роми, Романци, Бугари и други. Нови Пазар се покажа како особено борбен и солидарен, иако претходно беше доживуван како некаква енклава, речиси одвоена од остатокот на Србија. Снимките од заеднички молитви на христијани и муслимани, како и заедничкото веење на српски, санџачки, југословенски и палестински знамиња, беа посебна инспирација која покажува колку лесно се обединуваат луѓето кога се заедно во иста борба.
Истата солидарност се прошири и надвор од границите на Србија – собирите за поддршка се прелеаја во Загреб, Сплит, Осиек, Сараево, Бања Лука, Бијељина и Љубљана. Движењето во Македонија, поттикнато од катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, веднаш повлече паралели со движењето во Србија, прифаќајќи го заедничкиот слоган „корупцијата убива“, додека студентите самите се обидоа да се организираат во пленуми. Грците и Турците исто така се во движење против нивните криминални режими и делумно се поврзани со српското движење. Спротивно на стереотипот за Балканот, целиот регион е на патот на обединување во борбата против владејачките класи.

Хрватска, која беше таргетирана од српскиот режим како земја што ги подрива српските студенти (бидејќи во 2008 беше позната по победничките студентски пленуми кои ја подобрија положбата на студентите), под инспирација од српското движење повторно доведе до организирање студентски пленуми кои се спротивставија на зголемувањето на школарините. Протести и студентски пленуми беа организирани и во Словенија, меѓу другото, барајќи извинување од градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, поради поддршката за Вучиќ – што покажува дека поврзаноста меѓу нашите народи и понатаму постои. Поради врските со Србија, собирот за солидарност во Бања Лука беше најмасовниот уште од движењето „Правда за Давида“. Многу граѓани на југословенските земји се прашуваат – зошто и ние да не го направиме истото што го прават масите во Србија, кога и нашите политичари се криминално корумпирани?
Под слично прашање се разви и движењето во Грција. Две години семејствата на загинатите бараа правда за несреќата во Темпи, каде што дојде до судир на возови во кој загинаа многу студенти. Сè што семејствата добија беше откритието дека единственото нешто што властите направиле за тие две години било обидот да ја сокријат својата одговорност за таа несреќа. Гневот поради таа трагедија никогаш не исчезна, а можно е искрата да прелетала од Србија и да го инспирирала и грчкото движење. Тоа се манифестираше во многу поинтензивна форма — не постепено, како во Србија, туку како експлозија на бес, и исто така доведе до веројатно најголемиот протест и генерален штрајк во историјата на Грција, или барем од падот на воената хунта. Движењето во Турција беше предизвикано од комбинација на економска криза и сѐ поголемо пропаѓање на режимот на Ердоган.
Движењето поттикнато од пожарот во Кочани ја раздвижи цела Македонија. Но, и пред тоа под површината на општеството веќе вриеше гнев, кој изби и претходно, кога во сообраќајна несреќа во Скопје беше убиена млада девојка од страна на арогантен возач кој веќе бил познат на законот. Тоа предизвика два големи протеста во Скопје со околу 10.000 присутни, бидејќи покрај веќе ужасната состојба на општеството и економијата во Македонија, законот се применува селективно за сиромашните луѓе, додека привилегираните редовно се извлекуваат кога треба да сносат последици.
Она што е интересно е дека бојкотот на големите трговски синџири во Хрватска, кон крајот на јануари, како обид за спротивставување на инфлацијата, успеа да се прелие во секоја поранешна република на СФРЈ. Тој беше пред сè организиран преку социјалните мрежи, што му овозможи вакво прекугранично ширење. Иако околу него владееше ентузијазам, сепак не успеа да го принуди крупниот трговски капитал да ги намали цените, бидејќи тој може да ги поднесе таквите удари. Иако штрајкот би требало да биде најефективниот одговор на падот на животниот стандард, значењето на бојкотот е симболично – со него луѓето го отворија прашањето на инфлацијата, кое досега поминуваше без одговор. Граѓаните на Зеница беа единствените што отидоа чекор понатаму и организираа протести против инфлацијата – што далеку повеќе ги обединува работните луѓе отколку што тоа го прават социјалните мрежи.

Еколошката борба исто така е нешто што нè обедини. Природата во југословенските земји станува последното прибежиште што капиталот сè уште не го уништил целосно. Во екот на масовното учество на населението во движењето во Србија, претходните протести против Рио Тинто што се одржаа летово, во кои учествуваа десетици илјади луѓе, паднаа во сенка. Сепак, важно е да се забележи дека движењето против него не застана – иницијативата „Не го даваме Јадар“ редовно учествува во овие протести, а нејзините беџеви се присутни кај демонстрантите.
Режимот дури и во оваа зовриена ситуација се обиде да спроведе маневри за доведување на оваа озлогласена мултинационална компанија, што предизвика реакција од локалното население. Највдохновувачкиот момент се случи кога земјоделци и активисти влегоа во општинското собрание во Богатиќ – акција поддржана од српските маси, која покажа извонредна мотивираност за продолжување на борбата, како и пад на поддршката за Вучиќ дури и меѓу руралното население. Паролата „Србија не е колонија“ се пробиваше, а луѓето истовремено се спротивставија и на својот колонијален управител на чело на државата.
Во Босна и Херцеговина веќе постоеја еколошки борби слични на оние што ги видовме и во Србија. Од една страна, причината за тоа е што Србија и БиХ се земји во кои сè друго веќе е ограбено, а притоа сè е нерегулирано, па и во едната и во другата држава приватниците се насочија кон изградба на мали хидроелектрани и ископ на литиум. Посебен интерес за прашањето на литиумот има Европската Унија, која очајно се обидува да се пробие на пазарот на електрични автомобили. Нејзините регулативи главно го ограничуваат ископувањето на овој минерал, па се обидува тој процес да го изведе надвор од своите граници, но сè уште во својата локална сфера на влијание – во земји со евтина работна сила, со што го максимизира профитот.
Борбата против малите хидроелектрани ја видовме на реката Сутјеска, како и на реката Уна. Националниот парк „Сутјеска“ веќе беше запоставен и ограбен од страна на локалните власти на Република Српска. Недолго потоа, во септември се одржа протест против изградбата на МХЕ веднаш до националниот парк, симболично наречен „Битка за Сутјеска“. Слична борба се случи и на реката Уна, во нејзиниот хрватски дел, каде се собраа локални Срби и Хрвати, како и соседи од БиХ, за да се борат заедно против изградбата на МХЕ на таа река.
На планината Маевица, која се наоѓа недалеку од долината Јадар, исто така беа организирани протести против ископот на литиум, кои ги обединија и Србите и Бошњаците, а солидарноста од различни делови на БиХ не изостана ниту за време на неодамнешниот протест против изградбата на МХЕ на реката Плива кај Шипово. Во последно време се активни и протестите против рудникот на лигнит во околината на Приедор, кој беше отворен без никакви релевантни студии за исплатливост и еколошки дозволи, а концесијата за рудникот ја доби тајкун кој воедно е и член на владејачкиот СНСД. Барањата на протестите се затворање на рудникот и санирање на штетата врз земјиштето.
Овие заеднички борби на народот на БиХ против истиот непријател – олицетворен во домашниот и странскиот капитал – ја потврдуваат нашата перспектива дека само преку заедничка борба против падот на животниот стандард и уништувањето на животната средина повторно може да се изгради единство што ги брише етничките поделби во БиХ.
Трамп-пресвртница?

Голем потрес во светската политика претставуваше втората претседателска победа на Доналд Трамп во најсилната империјалистичка земја во светот. Естаблишментот го саботираше Трамп цело време за време на неговиот прв претседателски мандат, и покрај неговата желба да му се додворува. Иако многумина беа разочарани за време на неговиот прв мандат, владеењето на Џо Бајден покажа дека продолжувањето на статус-квото во американската политика сигурно води кон пропаст и трошење пари на непотребни војни среде економската криза.
Бидејќи Трамп е своеволен и директен, лицемерниот американски естаблишмент употреби разни валкани трикови и направи сè што можеше за да го исклучи од претседателската трка. Но, во оваа кандидатура, тој дури и не се обиде да му се додворува на естаблишментот, туку му објави војна со заканите дека ќе го „исуши мочуриштето“. Тоа, како и неговата реторика дека ќе го запре војната во Украина првиот ден од својот мандат и дека ќе ги извлече САД од непотребните војни, е главната работа што ја донесе неговата претседателска победа, а не неговата шовинистичка реторика.
Иако сигурно ќе им се одмазди на оние елементи во естаблишментот кои претходно го саботираа, не треба да имаме илузии дека тој претставува системска промена. Тој е бизнисмен и го претставува онато крило на владеачката класа кое сфати дека американската империја премногу се прошири и повеќе не може да биде светски полицаец како порано. Трамп претставува прекин со таа политика, чиј претставник беше Бајден, и од сега американската буржоазија ќе се фокусира на преместување на својата империјалистичка доминација на американскиот континент. Заканите за анексија на Гренланд, присоединување на Канада кон САД, како и враќањето на Панамскиот канал, се показатели за навлегување на американскиот империјализам во својот „домашен терен“, за оттаму да се соочи со својот главен конкурент — Кина.
Оваа економска ситуација, како и победата на Трамп, доведе до подем на десничарски демагози и протекционизам во Европа. Но, како и кај Трамп, главната причина за ова не се толку шовинистичките политики на овие десничари, туку нивниот наводен антиестаблишментски пристап. Џорџа Мелони победи во Италија пред сè затоа што нејзината партија „Браќа Италија“ беше единствената во опозиција пред да дојде на власт. Подемот на десничарските партии како Алтернатива за Германија во Германија, Реформска партија во Британија, Националниот собор во Франција, Слободарската партија во Австрија, па дури и Калина Ѓорѓескуа во Романија, претставува најпрвин очаен обид на дел од работничката класа да го разниша статус-квото, кој е неподнослив.

Како и Трамп, овие партии го користат врелото расположение на работничката класа поради капиталистичката криза што им ги уништува животите. Фактот дека не станува збор за кекаков шовинистички пресврт кај работничката класа, го потврдува примерот дека нашите другари редовно воспоставуваат контакт со работничките гласачи на овие десничари, кои всушност со симпатии ги слушаат идеите за комунизмот и револуцијата. Овие демагози го користат и антивеоното расположение на работничката класа, бидејќи само тие зборуваат против војните, а дел од нив зборуваат и за проблемите што ги погодуваат работничката класа, покрај своите шовинистички празнословија.
Во отсуство на какви било политички опции од левицата кои ја заземаат цврстата реторика против системот, работниците се свртуваат кон најблиското за што се надеваат дека може да го промени ова ужасно состојбите. Работничката класа учи низ искуство, а во отсуство на работничка алтернатива, таа ги тестира можностите, а тоа само ги поставува условите за посилен свртување кон левицата. Примери за оваа поларизација и потенцијал за лево свртување ги видовме во порастот на поддршката за Ди Линке на неодамнешните избори во Германија, како и во огромните симпатии што ги предизвика акцијата на Луиџи Манџоне во САД.
Капиталистичката криза овој пат во вистинска смисла е светска, а владејачките класи се парализирани од тоа како да се соочат со неа. Во Европа се случуваат парламентарни кризи од сите страни, бидејќи сите до една владејачки класи се свесни дека единствено со удар врз работничката класа можат да си дадат шанса да се извлечат од кризата. Но, ниту една влада не се чувствува доволно храбра да го направи тоа, бидејќи тоа несомнено ќе доведе до бунт. Тие склопуваат чудни коалиции кои понекогаш не издржуваат ниту една година и паѓаат веќе на првото гласање за буџет.
Кризата пред сè се заснова на тоа што капитализмот е систем кој редовно навлегува во периодични кризи поради прекумерното производство и заситувањето на пазарот. Ваквиот тип на криза е карактеристичен само за капитализмот. Во такви моменти, инвестирањето во производство станува сè помалку исплатливо, а единствен начин да се повратат профитите е со рушење на положбата на работничката класа и уништување на производните сили — било преку војна, било едноставно преку отпуштања. Со најавите за затворање на големи фабрики во Германија, која се смета за една од најсилните економии во светот, можеме само да замислиме каковa борба ја чека работничката класа во послабите економии.
Во отсуство на јасна левичарска алтернатива што нуди радикална критика на системот, работниците се свртуваат кон најблиската опција за која се надеваат дека може да донесе промена. Оваа ситуација јасно покажува дека работничката класа учи низ искуство – во отсуство на вистинска работничка алтернатива, таа ги испробува различните можности, а тоа само ги поставува темелите за иден, посилно свртување кон левицата. Овој тренд на поларизација и потенцијално лево свртување го гледаме и во зголемената поддршка за Ди Линке (Die Linke) на неодамнешните избори во Германија, како и во огромното сочувство што го предизвика акцијата на Луиџи Манџоне во САД.
Сегашната капиталистичка криза е поистина глобална по својот обем, а владеачките класи се парализирани пред нејзините предизвици. Во Европа секојдневно се случуваат парламентарни кризи, бидејќи сите владејачки групи се свесни дека единствениот начин да се извлечат од кризата е со напад врз работничката класа. Сепак, ниту една влада нема доволно храброст да го преземе овој чекор, бидејќи тоа несомнено ќе предизвика масовни бунтови. Наместо тоа, формираат нестабилни коалиции кои понекогаш не издржуваат ниту една година, паѓајќи веќе при првиот обид за усвојување на буџетот.
Оваа криза е вкоренета во самата природа на капиталистичкиот систем, кој периодично навлегува во кризи поради прекумерното производство и заситувањето на пазарите. Овој вид кризи е карактеристичен исклучиво за капитализмот. Во такви моменти, инвестициите во производство стануваат сè помалку исплатливи, а единствениот начин за одржување на профитот е преку намалување на стандардот на работничката класа и уништување на производните капацитети – било преку војни или едноставно преку масовни отпуштања. Со оглед на неодамнешните најави за затворање на големи фабрики во Германија, која се смета за една од најстабилните економии во светот, можеме само да замислиме какви тешки искушенија ги чекаат работниците во послабите економски системи.
Оваа состојба создава плодно тло за радикални промени. Историјата не еднаш ни покажа дека токму во вакви моменти на длабока системска криза, работничката класа најмногу е склона кон радикални решенија. Отсуството на силна левичарска алтернатива во моментов е сериозен проблем, но истото време претставува и голем потенцијал. Искуството што работниците го стекнуваат низ сопствените борби и разочарувања од постојните опции, неизбежно ќе ги насочи кон поагресивни форми на класна борба. Ова не е само теоретска можност – веќе го гледаме во зголемената поддршка за радикални леви движења и во растечката популарност на социјалистичките идеи меѓу младите генерации.
Поделба на пазарите во југословенските републики
Уште во претходниот документ “Перспективи”, споменавме дека Европската унија паничи поради војната во Украина и зголемувањето на влијанието на рускиот империјализам. Иако нејзините претставници го опишуваа стравот од воена инвазија на Русија, всушност стануваше збор за страв од свртувањето на помалите европски земји сè повеќе кон Русија и Кина.
Европската унија, а особено Германија, успеа да направи сè за да си олесни во својата потчинета улога кон Вашингтон. Германија го поддржа САД во војната против Русија, но спротивно на своите интереси. Со санкциите на Русија поради војната во Украина, таа се отсече од евтиниот руски гас и го отрови односот со таа земја, промовирајќи неверојатен расизам кон Русите, како и лаги за наводните планови на Путин да ја покори цела Европа. Откако под влијание на Бајденовата администрација влезе во војната во Украина против Русија, на власт дојде Трамповата администрација, која не сака да се занимава со оваа војна и покажува спремност да прекине со неповолната трговија со Европа.
Со сите овие луди, самоуништувачки потези, цела Европа одлучи да почне повторно да се вооружува, бидејќи Трамп не смета дека е потребно повеќе да ги брани своите несигурни сојузници од ЕУ. Треба да се има на ум дека иако ЕУ користи реторика дека Путин ќе изврши инвазија на остатокот од Европа, целта на нејзиното вооружување е пред сè насилното одржување на пазарите. Сè почесто се случува дел од владеачката класа во земјите на ЕУ, поради различни интереси, да се свртува кон рускиот империјализам, што го гледаме не само кај Словачка, Унгарија, туку и кај искри кои постојат во Романија, Бугарија и Хрватска, како и кај австриската и германската владејачка класа. Шведска испрати војска во Летонија, не за да ја брани од Русија, туку за да ги заштити своите економски интереси во таа земја. Ова ја открива вистинската империјалистичка природа на Европската унија. Растот на трошоците за вооружување само ќе ја зголеми инфлацијата.
Покрај сè тоа, економскиот раст во ЕУ во последните пет години во просек изнесува мизерни 1,2%. Причината лежи во тоа што, од една страна, и покрај отворениот пазар, ЕУ не претставува една национална буржоазија, туку коалиција на различни национални буржоазии, кои во кризата на капитализмот сè почесто имаат спротивни интереси. На пример, се случи караница меѓу Германија и Франција околу тоа која од нив две ќе профитира повеќе од продажбата на оружје на Украина. Поради овие различни интереси, европската економија почна да заостанува зад суперсилите како САД и Кина и сè полесно е исфрлена од светскиот пазар. Во комбинација со кризата на прекумерното производство, каде што производствениот капитал сè потешко наоѓа простор за размножување во своите земји, европскиот империјализам се обидува да го размножи во своите интересни зони, со зголемен притисок врз балканските и источните земји.
Додека Европската унија на Босна и Херцеговина на крајот од 2022. година и го даде кандидатскиот статус, а Урзула фон дер Лајен ја пофали БиХ дека за една година направила повеќе за својот кандидатски статус отколку во претходните десет, а Милорад Додик возврати дека Република Српска, како и Србија, одат по европскиот пат, денес очигледно гледаме дека тоа беше само привремена отстапка на БиХ во време на меѓуимперијалистичките тензии.
Овој “меден месец” не можеше да трае долго. На секој притисок на Европската унија, Додик редовно реагираше со проруска реторика, сецесионистички изјави и поддршка за Трамп и десничарските партии во ЕУ. Кога се почувствуваше доволно силна да го притисне, Европската унија прво преку ОН ја промовираше резолуцијата за Сребреница, која го користеше наративот за геноцид како оправдување за директно империјалистичко присуство преку Високиот претставник, кој има поголеми права од избраните буржоаски претставници на сите три народи во земјата и кој служи за да ја држи БиХ под европската интересна сфера.

ЕУ отиде чекор понатаму и одлучи да го „предисклучи“ Милорад Додик, со тоа што Уставниот суд нареди негово апсење поради непочитување на одлуките на Високиот претставник, согласно законот од 2023 година. Иако ние немаме љубов кон Милорад Додик, како што очигледно веќе немаат ни работните луѓе од Република Српска, бидејќи својата политика ја базираше на евтина продажба на работна сила и природни богатства токму на империјалистичките центри, придружено со огромна корупција, исто така мораме да бидеме директни во оценката дека ова е најбруталното наметнување на западниот империјализам врз БиХ од Дејтонскиот договор. Ако Високиот претставник може вака да се наметнува врз било кој избран буржоаски претставник во БиХ, се поставува прашањето што би направиле кон некој политичар кој навистина се залага за подобрување на положбата на работните луѓе? Доволно е да се потсетиме дека за време на Тузланската буна во 2014, која се прошири низ Федерацијата БиХ, па дури и делумно во Република Српска, Австрија и ЕУ разгледуваа испраќање на дополнителни трупи во БиХ.
Балканот како таков е растроен меѓу спротивностите на повеќе империјалистички сили кои се борат за доминација над него, а истовремено го раздоруваат и непомирливите спротивставени интереси меѓу локалните владејачки балкански буржоазии. Од една страна, империјалистичката интервенција обезбедува мир и ги намалува тензиите на локалните буржоазии преку својата доминација, од друга страна пак ја продлабочува кризата на капитализмот и националните тензии. Затоа, како последица на глобалниот тренд на свртување кон економски национализам – на Балканот, и поради движењата во Србија, Македонија, можното заменување на Додик, очигледно повторно се отвора Пандорината кутија на Дејтонскиот договор и прашањето за Косово. Поради тоа хрватската буржоазија склучува воен сојуз меѓу Косово, Албанија и Хрватка за навидум да го сочува мирот во регионот, но во основа да ги заштити своите национални капиталистички интереси. На тоа српската буржоазија одговара со склучување воен сојуз со Унгарија. Со тоа кризата на Балканот се продлабочува, каде што поради настаните во светот хрватската и српската буржоазија повторно се натпреваруваат за превласт во своето „дворче“.
Оваа ситуација се обидува да ја искористи и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој веднаш пристигна во Бања Лука за патетично да се претстави како фактор за смирување на тензиите и да ја сврти вниманието од движењата во Србија. И самиот тој е познат по балансирање меѓу западниот и источниот империјализам. Од една страна, тој ги предупреди своите послушници да одат на друго место да бараат директни странски инвестиции, бидејќи Европската унија економски се повлекува, изјавувајќи дури дека во последниот период кинеските инвестиции за прв пат го достигнаа нивото на европските.

Од друга страна, дел од крилото на Српската напредна партија се надева на историска прилика да ѝ се додвори на администрацијата на Трамп. Симптоматична беше посетата на Доналд Трамп Помладиот на Вучиќ токму во време на подготовките за најголемиот протест во историјата на 15 март. Тој, како и секогаш, се однесуваше сервилно, но сега ја смени плочата и го критикуваше „либералниот естаблишмент“ на САД и ЕУ, со кој до вчера соработуваше. Сепак, како краен слуга на империјализмот, тој во разговор со помладиот Трамп изрази желба ЕУ да се среди и економски да закрепне, бидејќи тоа би значело и напредок за Србија. Вучиќ најавува прогласување на проектот Јадар од страна на Европската унија како стратешки, и покрај противењето на поголемиот дел од населението. Како и за Србија ЕКСПО 2027, овие проекти пред сè имаат за цел да доведат странски инвеститори за заедно со нив и владејачките структури да го ограбат сè што останало за грабеж во Србија.
Симптоматично е и тоа што Хрватска, иако е членка на ЕУ, исто така покажува тенденции на балансирање кон Истокот. Во Хрватска, уште од влезот во ЕУ, немаше претеран ентузијазам по тој повод. Законот поврзан со референдумите беше променет така што повеќе не беше потребна одредена излезност за нивна важност, за на тој начин да се протурка влезот во ЕУ, спротивно на волјата на населението во Хрватска. Природата на ЕУ брзо се разоткри кога Хрватска од ЕУ доби повеќе обврски отколку придобивки, сведувајќи ја на земја чија економија пред сè треба да се базира на туризмот.
Руската компанија Гаспром поседува над 50% од акциите во Нафтената индустрија на Србија, а дотокот на нафта се обезбедува преку Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ. Хрватскиот премиер Пленковиќ и Вучиќ потпишаа договор за доток на нафта преку ЈАНАФ, меѓутоа, како резултат на санкциите кон Русија поради Трамп, тој договор е доведен во прашање и хрватската капиталистичка класа остана без заработка. Балканските владетели се мајстори во маневрирање меѓу различни империјалистички сили, па како одговор на тоа хрватската владејачка класа ја смени позицијата за санкциите и моментално е против санкции кон Русија. Освен тоа, поради сè поголемите царини што ги воведува Трамп, премиерот Пленковиќ почна да се залага за отворање на Европската унија кон кинескиот пазар. Хрватска е земја чиј претседател и премиер припаѓаат на привидно спротивставени табори на владејачката класа. Додека ХДЗ претставува застарена, конзервативна, бирократска структура која ги поткупува гласачите, изборот на Зоран Милановиќ за втор претседателски мандат претставува извесна контра на западната политика меѓу хрватското население. Тука ситуацијата е сосема обратна – десничарите се на власт, заедно со ултрадесничарското Домовинско движење, и се повеќе лојални на Европската унија, додека „левичарскиот“ претседател од СДП користи антивоена и антиестаблишментска демагогија за да остане на власт. Но тоа не е без поддршка од одреден дел од хрватската буржоазија која сè повеќе соработува со Истокот поради кризата и притисокот од Западот, па и во едно крило на ХДЗ почна да се појавува проруски и прокинески сентимент.
Сите овие балансирања, пресврти и притисоци ја разоткриваат вистинската улога на империјализмот, особено европскиот, во земјите на поранешна Југославија. Додека се полни со морализирање за земјите на источниот империјализам, тие самите сè повеќе ја поткопуваат демократијата, спроведуваат мерки за штедење врз сопственото население, и сето тоа во време кога веќе не можат ни меѓусебно да се договорат како да му се спротивстават, за да го стабилизираат системот. Нивните моралистички вредности со кои се фалат пред остатокот од светот се проследени со цензура, полициска репресија и вооружување, додека истовремено молчат за геноцидот во Газа и го поддржуваат продолжувањето на крвопролевањето во Украина. Водечките луѓе на ЕУ, но и на земјите од поранешна Југославија, целосно го игнорираат движењето во Србија и застануваат на страната на Александар Вучиќ, како „фактор на стабилност“ за нивните инвестиции. Европскиот парламент и оние медиуми кои го споменуваат ова движење, го прават тоа само за да создадат стратегија за повлекување на нивните владејачки класи во случај Вучиќ да падне од власт.
Со затворени очи во пропаст
Ленин рече дека капитализмот бил и останал ужас без крај. Човечкиот живот во него е споредна работа и само дел од пресметката што владејачката класа е подготвена да ја жртвува на олтарот на профитот. Оваа фактичност особено се манифестира во сенилната фаза на капитализмот, кој гледа да штеди дури и на најелементарните работи, а во најлошите случаи нè води во војни како масовни кланици за работничката класа, на кои сега сведочиме, особено во Украина и во Газа.

Најголемата трагедија што го снајде Балканот беше пожарот во дискотеката во Кочани кој на 16 март однесе 59 животи, од кои најголемиот дел беа млади, а уште 196 беа повредени. Овој целосно спречлив злостор се случи затоа што во дискотеката целосно недостасуваа мерки за заштита од пожар, а работела со фалсификувана лиценца. Бидејќи дискотеката била во приватна сопственост, и тоа во забутан град, лесно било да се создадат локални политички и административни врски преку кои ќе се заобиколат инспекциските регулативи. Тоа се наплати на најкатастрофален начин, и владејачката класа во Македонија изврши експресни апсења на голем број локални функционери и администрација, поучена од српското движење што може да се случи ако се чека. Пожарот веднаш предизвика реакција кај жителите на Кочани, кои го уништија вториот локал на сопственикот на изгорената дискотека, додека полицијата тоа го гледаше немо. Дури со појавата на свештеникот се смири гневот на луѓето, но токму оттаму започна движење кое забрзано ги црпи поуките од српското.
Во Босна и Херцеговина во октомври се случија поплави во кои загинаа 27 лица. Поплавите особено ја погодија општината Јабланица, каде што поради блискиот каменолом се случи одрон што усмрти 19 луѓе. На каменоломот всушност му беше забранета работа и никогаш не му беше дадена концесија за експлоатација, но тој продолжил со работа и покрај забраната. Кога дошла инспекција во 2018 година, заклучила само дека „нема присутен човечки кадар, ниту машини, нема видливи знаци на изведување работи“, иако тоа очигледно не било вистина, а компанијата што ја вршела експлоатацијата дури добивала и поддршка од кантоналната влада. Разорниот ефект на овие буични поплави е и последица на непланска сеча на шуми, пожари, ерозија на почвата што доведува до свлечишта, а сето тоа е влошено од климатската криза. На можната катастрофа се предупредувало, но не е сторено ништо за да се спречи.
Страшен е и фактот што паѓањето на настрешницата во Нови Сад, што го предизвика најмасовното движење, не е ни најстрашно според бројот на жртви. Движењето во Србија претставува реакција на акумулираната вообразеност на режимот, што овој пат не можеше да помине без одговор. Овој злостор исто така можеше да се спречи, само ако се постапуваше според регулативите. Железничката станица била пуштена во употреба без употребна дозвола, свечено била отворена двапати, проектот бил изработен без увид во документацијата на оригиналниот проект, а доколку воопшто била изработена статиката – очигледно не била соодветна. Режимот на секој чекор лажеше што било направено, што не, за тоа потоа сè брзо да се разоткрие. И сето тоа со голем број подизведувачи, што остава сомнеж дека се работело за висок степен на вградување во проектот.

Со 16 загинати од падот на натстрешницата во ноември и со движењето што тоа го предизвика, во сенка падна и трагедијата во домот за стари лица во белградската општина Барајево, каде што во пожар загинаа 11 луѓе, а домот имал лиценца за работа иако немал употребна дозвола за објектот. Режимот, секако, ја вложи целата своја енергија во пресметка со движењето и едвај дочека вториот настан да биде заборавен. Но, кога се случи пожарот во Кочани и кога Србија прифати дел од повредените во тој пожар, претседателот Александар Вучиќ со целата свита побрза да оди во болница за да се фотографира со жртвите, и покрај тоа што се имуно-компромитирани поради изгорениците и им се потребни стерилни услови.
Во Грција пред две години, во февруари, се случи судир на комерцијален и патнички воз, во кој загинаа 57 луѓе, а беа повредени 72. Кобниот судир на двата воза се случи поради истовремен отказ на светлосната сигнализација, далечинското управување и електронскиот систем за контрола, кој треба да заштити од човечка грешка. Доколку сите овие безбедносни системи функционираа, судирот ќе беше избегнат. Наместо тоа, се откри дека координацијата на железничките траси ја вршат исклучиво неколку, често постари и недоволно обучени, станици-мајстори. Комбинацијата од немарноста на владата и приватизирани железници доведе до оваа несреќа, а сè што државата се обиде да направи беше да ги сокрие своите траги на соучесништво. Две години по несреќата, добија одговор преку една од најголемите мобилизации и генерален штрајк во историјата на Грција.
Дека оваа вообразеност на владејачката класа не е изолирана само на Балканот, се виде и во катастрофалните поплави во Валенсија, како и историските пожари во Лос Анџелес. Во октомвриските поплави во Валенсија загинаа 232 лица, а тројца се водат како исчезнати. Валенсија има таков тип на клима каде што често се случуваат големи локализирани поројни дождови. Но, владејачката класа сè повеќе штедеше на мерките за заштита од поплави, а и покрај предупредувањата од метеоролозите, работниците не беа испратени дома, за да не се намалат приходите на работодавците. Сол на рана беше доаѓањето на кралското семејство, кое дојде да се фотографира и затоа беше затрупано со кал од страна на локалното население.
Во САД, во Лос Анџелес, се случија историски пожари со повеќе од 50 загинати и исчезнати. Евакуирани беа над 200.000 луѓе. Тоа се случи во најтоплата година во историјата, во време кога владејачката класа штедеше на противпожарните служби, а бидејќи дури и водоводот е приватизиран, наместо да ги снабдува градовите, водата често се пренасочува кон имотите на земјоделските монополисти. Тоа ја намали способноста на пожарникарите во борбата со пожарите.
Покрај трагедиите предизвикани од штедењето, присутен е и раст на смртоносното насилство во Југославија. Додека масакрот во основното училиште во Белград беше најтрагичниот пример со 10 загинати, од кои девет деца, ден потоа следеше масакрот во Мало Орашје и Дубона, каде беа убиени 9 и ранети 13. Во Црна Гора, на Цетиње, во јануари беше извршен масакр со 13 загинати и тројца ранети. Ова е уште потрагично бидејќи Цетиње во 2022 година веќе доживеа масакр во кој беа убиени 10 и ранети 6 лица. Дури ни помирната Хрватска не беше поштедена од вакви злосторства, каде што во основно училиште беше убиено едно дете, а ранети 6 лица.

Што доведува до вакви злосторства и лудило? Од една страна, отуѓеноста на човекот во капитализмот доведува до ментални болести, а запоставувањето на здравството од страна на државата доведува до трагедии. Во Хрватска, сторителот беше психијатриски болен човек пуштен на слобода, а ист случај имаше и на Цетиње во 2022 година, додека во 2025 година се работеше за човек кој претходно бил уапсен за нелегално поседување оружје и семејно насилство. Механизмите за спречување на вакви ситуации постојат, но се занемаруваат бидејќи, од една страна, тоа ја чини државата, а секоја заштеда отвора простор за јавно-приватно партнерство, а од друга страна, според владејачката идеологија на капитализмот, секој човек и секое семејство треба да биде препуштено само на себе – дури и ако тоа на крајот има кобни последици за сите нас.
Вучиќ се обидува да го нормализира падот на натстрешницата велејќи дека вакви трагедии се случуваат насекаде. Но зарем тоа не го поставува прашањето: зошто? Зошто трагедии кои можат да се избегнат постојано се повторуваат? Овој менталитет на владејачката класа – да оди затворени очи во пропаст – е проследен со индивидуалистичка надеж дека трагедијата нема да се случи поради нивните пропусти, туку поради нечија туѓа вина.
Но, како што гледаме во сите спомнати случаи, не станува збор за изолирани проблеми и случајности. Станува збор за насобран број на свесни пропусти од голем дел на припадници на владејачката класа, кои порано или подоцна мора некаде да доведат до трагедија. И токму затоа луѓето се чувствуваат сè понесигурно дури и на места каде што би требало да се чувствуваат безбедно. А од каде доаѓа таа дрскост? Таа е мотивирана од систем кој е заснован на максимирање на профитот по секоја цена. Системот кој треба да го промениме не е само овој или оној режим туку целиот капиталистички систем што ни го уништува животот.
Отворени очи кон социјализмот

Додека темнината, трагедиите и злосторствата го обземаа светот, немаме луксуз, ниту пак рационален повод да се деморализираме. Додека односот на силите сѐ уште е на страната на владејачката класа, тој постојано паѓа поради нејзината неспособност да се соочи со економската, политичката и социјалната криза што ја создава. Од друга страна, гледаме дека масите повеќе не трпат. Блокадата на институциите од страна на Вучиќ доби одговор не само преку студентското движење и најголемиот протест во историјата на Србија, туку и преку формирањето зборови како обид за алтернативни институции. Македонците го разбија кафулето на сопственикот на изгорената дискотека пред очите на полицијата. Грците ни по две години не заборавија на злосторството во Темпи и продолжуваат да бараат одговорност. Турците не му дозволуваат на Ердоган земјата да падне под диктатура. Работничката класа се буди.
И не само што сето ова е инспиративно туку е само почеток на будењето. Мртвата точка во која се наоѓа светската економија, особено европската, веќе сега бара од владејачката класа да удри по работничката класа. Но, ниту една од нив не се чувствува доволно храбра да го направи тоа, бидејќи тоа нема да помине без револуционерни превирања. Ленин во „Левичарството како детска болест на комунизмот“ напиша:
„За револуции не е доволно експлоатираните и угнетените маси да се свесни дека не можат повеќе да живеат на стар начин и да побараат промена; за револуции е потребно и експлоататорите да не можат да владеат на стар начин. Дури тогаш, кога долните слоеви не сакаат по старо, а горните слоеви не можат по старо – тогаш револуцијата може да победи. Инаку, таа вистина се изразува со зборовите: револуцијата не е можно без општонародна криза (која ги погодува и експлоатираните и експлоататорите).”
Ова несомнено е нешто што го гледаме барем во контури во Србија и Грција, евентуално во најави во Турција и Македонија. Она што исто така мора да го имаме на ум е дека сето тоа што се случува на Балканот е само најава на многу поголеми потреси што ќе ги чекаат и капиталистичките центри. Со зборовите во Србија мора да бидеме свесни дека тие може да одат многу далеку, дури и колку што отидоа советите на работничките и воените пратеници. Ваквите формации претставуваат огромно искуство за работничката класа, но без комунистичка партија изградена врз револуционерен програм, дури ни советите во Руската револуција од 1905 година не можеа сами да извршат трајна трансформација на општеството.
Овие движења и ова расположение се исклучително плодна почва за градење партија. Болшевиците извлекоа огромно искуство од 1905 година, кога беа премногу мали за да влијаат на настаните. Врз тоа искуство ја изградиле партијата, која од 8.000 членови за време на Февруарската револуција 1917 година, ја изградиле партијата која ја предводеше Октомвриската револуција, формираше работничка и селанска Црвена армија од 2,5 милиони луѓе и го смени текот на историјата засекогаш, спроведувајќи ја првата успешна пролетерска револуција.
Состојбата во светот многу наликува на периодот пред Првата светска војна, кога империјалистичките сили ги заоструваа односите, а светскиот капитализам беше во криза. Само што денес тоа е на многу повисоко ниво, бидејќи капитализмот сега е целосно глобален систем. Тоа значи дека влеговме во период на продолжена криза и период на револуционерни превирања. Но, исто така мора да имаме на ум две работи. Прво, капитализмот секогаш може да се закрепне по доволно уништување на човечките животи и производните сили. Второ, револуционерното расположение може да се продолжи и повторува, но е привремено и не може да трае засекогаш.
Објективните услови за социјализам одамна постојат, односно постојат доволно развиени производни сили на глобално ниво, како и развиена работничка класа. Меѓутоа, она што е вистина денес, како и некогаш, е непостоење на субјективен фактор.
Распадот на Југославија, предавството на сталинизмот, титоизмот и реформистичките организации до сега беа пречка за работничката класа да ја преземе власта. Меѓутоа, поради големите турбулентни промени што се случуваат во светот, кај нас се појавуваат услови за создавање на нашата партија. Со ова на ум е создаден Револуционерниот Комунистички Сојуз.
Затоа овие настани мора да ги сфатиме сериозно и да ја искористиме можноста што ни ја нудат. Никогаш не постоеше подобра прилика за градење југословенска секција на Револуционерната Комунистичка Интернационала од денес. Сите наши напори треба да се насочат кон нападната точка – регрутација, полни со ентузијазам што ни го дава нашето разбирање на светот и желбата за подобра иднина. Капитализмот не е неуништлив систем туку систем осуден на пропаст. А за нашите идеи дојде вистинското време. Со ширењето на тие идеи и растот на нашата организација, се бориме за социјализам во нашиот живот!
Загреб, 03 мај 2025