Дел Петти: Националната држава денес
Во класичниот период на буржоаски револуции во Европа, приближно од 1780 до 1871, естаблишментот на националната држава имаше релативно прогресивна улога во рушењето на локалните партикуларизми, смачкувањето на остатоците од феудализмот и поставувањето на основите на развојот на продуктивните сили врз националниот пазар. Но, денес ситуацијата е сменета. Средствата на производство одамна го преминаа тесните граници на националната држава. Во денешно време, националната држава престана да има прогресивна улога. Наместо за развој на средствата на производство таа е кочница на средствата на производство. Тоа имплицитно го признаваат и буржуите. Формирањето на Европската Унија беше прифаќање од страна на европската буржоазија дека пигмејските држави на Европа не можат да се натпреваруваат во минатото со двата џина империјалистичката Америка и силната сталинистичка Русија. Но, формирањето на ЕУ не ги укина европските национални држави. Напротив. Старите национални антагонизми продолжуваа со постоењето, покрај германскиот империјализам што доминира денес во Европа по Франција, како втор партнер. Покрај тоа националните антагонизми продолжуваат да постојат и за време на светско опаѓање, тие ќе се интензивираат.
Апологетиците на капитализмот сакаат да ни претстават розова слика за таканаречената глобализација, свет ослободен од контрадикции, чудесно напредувајќи кон поголеми слободи и либерализација. Но вистината е многу поразлична. Светот не станува глобализиран на начинот на кој тие се преправаат дека е. Прво, се стреми да го подели светот на три ривални империјалистички блока. САД ги контролираат Канада и Јужна Америка. Во Азија во блокот на послабиот ен (јен) доминира Јапонија. Европската Унија, со која доминира Германија, пак доминира со голем дел од колонијалниот свет во Африка, Блискиот Исток, Источна Европа и Карибите. Антагонизмот помеѓу овие ривални империјалистички блокови сега е интензивен како што бил и во секое друго време во историјата. Сега нема изгледи за светска војна заради доаѓањето на страшните средства на деструкција – нуклеарните, бактериолошките и хемиските оружја, средства што големите сили ќе ги употребат само за сметка на заедничката анихилација. Но, тука е разјарената битка за пазари, што недвосмислено води до војна од еден, па во друг регион. Доволно е кажано за борбите за сфери на влијание, пазари и пристап за фабулозните минерални богатства на регионот кој доведе до катастрофална епидемија на војни во централна Африка. Генерално, тие се презентираат како резултат на борбата меѓу племиња и суров варваризам кој го носат Африканците. Но, зад повеќето од овие конфликти на дело можеме да го видиме ефектот на борба помеѓу САД, Франција и Британија да стекнат упориште во Африка.
Светот опишан во Лениновиот Империјализам е доволно добра рефлексија на сегашната светска ситуација. Постои интензивна борба за пазарите помеѓу империјалистичките сили, па дури и за оние најмали пазари. Ова е доста различно од спокојната слика за убаво глобализираниот свет во кој сите контрадикции се разрешени. Вистина е дека империјалистичките сили се борат како кучињата по коска. Доволно е да се ѕирне картата на Африка да се види како криминалот на империјализмот брутално го дисторзирал животот и еволуцијата на милиони човечки животи. Тука границите се прави линии нацртани на картата со помош на линијарот. „The Economist“ ја опишува ситуацијата доста прецизно: „Европските бирократи повремено спојувале 10000 различни племиња и нации во само неколку дузина колонијални речиси држави.“ Сегашните војни што се случуваат во централна Африка се, de facto, наследство од тоа монструозно обликување што ги пресече сите природни географски, лингвистички и племенски поделби. Тоа е хорор без крај во низа земји: Конго, Руанда, Бурунди, Сиера Леоне, со елементи на варваризам. Една статија од „The Economist“ говори за војната во Сиера Леоне: „Децата ги убиваат своите родители, бандите на канибали крстосуваат по пределите, владее хаос, цвета варваризмот, Сиера Леоне е последната африканска земја што се распадна во крвав хаос. А добивката можеби е досега најлоша.“
Империјалистичкото обликување на Африка беше монструозен чин. Но сега, преку сто години подоцна, низа национални држави се основаат во Африка. Задачата да добијат вистински демократски, рационален и прогресивен карактер различните држави од постколонијална Африка, е задача што може да ја изврши само пролетаријатот еднаш кога конечно ќе ја сруши доминацијата на империјализмот со неговите локални канцелариски момци. Вистинска независност и способност да се исправат пред сите обиди на странска доминација може да се постигне само со обединување на поделеното тело на Африка на основа на заеднички социјалистички план на производство. Колективната експлоатација на огромното природно богатство на континентот, неговиот голем земјоделски потенцијал и рудните богатства, може да ги трансформираат животите на народите и со тоа да стават крај на кошмарите на племенските и етничките неволји. Ама обидот да се пререди гужвата на капиталистички основи, да се изменат сегашните граници со војна, може да има разорни последици и дури да водат право кон варваризам. Да се понуди перспективата пред милиони очајни луѓе дека со измена на границите можно е да се решат нивните најитни проблеми, е злобна измама.
Никаде не е јасна така злоупотребата на слоганот за самоопределување како што е во Африка. Со слоганот за самоопределување во Африка повторно и повторно се манипулира за реакционерно цели, да се ослабат одредени држави со отцепување на провинции богати со рудни богатства, со кои големите сили и големите мултинационални компании може полесно да доминираат. Во секој случај, империјалистите се вмешани. Постои титанска борба помеѓу американските и француските империјалисти за пазарите во Африка. И, имитирајќи ги големите волци, малата британска пудлица со обидува да се вмеша во Сиера Леоне, иако не може да се очекува некаков успех.
Покрај сите тие убави говори за либерализацијата и демократијата, факт е дека империјализмот продолжува со разјареното угнетување и експлоатација на бившите колонијални народи. Ниската цена на суровините во изминатите педесет години имаше значаен удел во економскиот раст на Западот. Самото тоа ги покажува ограничувањата на националната држава. Факт е дека на основа на капитализмот, постигнувањето на формалната независност, кое е самото прогресивен развој, не може да реши ништо. Колонијалните нации, теоретски газди на своите домови, во реалност се потполно потчинети на светскиот пазар, односно на империјализмот.
По Втората светска војна бевме сведоци на енормниот поттик на колонијалната револуција. Ова беше можеби најголемото движење во човековата историја на угнетените луѓе. Ова беше големо разбудување на колонијалните народи, на Кина, на Африка, на Блискиот Исток, Индонезија, на Индија, на Пакистан. Ова беше вдахновено движење на милиони поранешни колонијални робови против нивните господари, борејќи се за својата национална еманципација. Причините зошто сите марксисти ја поддржуваа колонијалната револуција беа очигледни. Тоа беше револуционерно движење, удар против империјализмот, што ги подигна масите и ја унапреди класната борба. Сепак по 50 години, ако ги земеме за пример Индија и Пакистан, што реши буржоазијата? Тие имаат формална независност, но под капитализмот, ова воопшто не изгледа на независност. Ексколонијалните земји се впрегнати на светскиот империјализам преку механизмите на светскиот пазар. Фактички, тие се заробени повеќе сега отколку пред 50 години. Единствената разлика е дека наместо воена, бирократска власт сега има индиректна власт, во вид на трговија, односно размена на повеќе труд за помалку, и преку задолжувањето.
Паѓањето на цените на стоките и долгот
Колапсот на Азија се одрази на светските пазари во општ пад на цените на стоките вклучувајќи ја и нафтата. Само во 1998 год., цената на нафтата падна од приближно $20 за барел на помалку од $10 за барел. Ова е завршен водич за револуција во секоја земја производител на нафта. Навистина, цената беше оправена како резултат на дозволата на Саудиска Арабија и другите нафтени произведувачи да го ограничат производството. Но, овој ефект нема да трае вечно, посебно зошто повеќето од овие земји зависат исклучиво од нафтата како нивна странска заработувачка. Тие немаат други извори на приход. Целата историја на картелите покажува дека порано или подоцна земјата ќе се обиде да продава се повеќе нафта и целата работа ќе пропадне. Истото важи и за суровините.
Поранешните колонијални земји се подложени на двојна експлоатација. Преку долгот, земјите од метрополата (се мисли на развиените земји, тие што не се на периферијата, заб. прев.) исто така ги цедат колонијалните луѓе. Пред 10 години акумулираниот долг на колонијалниот свет беше приближно 800 милијарди долари. Долгот потполно е исплатен. Од 1990 до 1997 година само за сервисирање на долгот, односно тоа се каматите, колонијалниот свет исплатил 1,8 билион долари (1,8 илјада милијарди). А тоа е речиси двојната сума на долгот. А што се случи со акумулираниот долг? Во 1994 се движеше околу 1,4 билион долари, а во 1997 застана 2,1 билиони. Никогаш нема да се исплати.
Во Нигерија 95% од странските приходи се од нафта. Во 1997 год. Нигерија заработи 12 милијарди долари од продажбата на нафта. Во 1998 год. ја намали на 6,8 милијарди. Овој ужасен пад не беше компензиран со последователниот пораст на цената на нафтата. Нестабилноста што се раѓа од дивите нишања на цените на нафтата се одразува на зголемената социјална и политичка нестабилност. Во секој случај, најсиромашниот дел на општеството не извлекува бенефит од порастот на цените на нафтата, ама страда од најлошите последици кога цените на истата ќе паднат. Нигерија, која беше една од најбогатите земји на Африка, сега е една од најсиромашните на светот, според Обединетите Нации. Оваа ситуација ја подгрева жешката социјална атмосфера, а најостро се изразува во изразувањето на зголемените антагонизми помеѓу различните региони и етничките групи.
Ако работниците не успеат да ја земат власта и да ја трансформираат Нигерија на социјалистичка линија, ќе биде кошмар. Постојат барем 120 етнички групи во Нигерија, вклучувајќи го трите најголеми нации доминантната Хауса на северот со исламска вероисповед и кои традиционално доминираат во државата и ги угнетуваат другите две главни националности, Јоруби и Ибо на југот и истокот на земјата. Војната на Биафра, во која се вклучија империјалистите со цел да ја поделат Ибо областа, водеше во страшна кланица. Ако Нигерија се срушеше на национални линии ќе беше поужасно, а со тоа ќе ја направеа Војната на Биафра незначајна за споредба. Да се брани правото на само-определување во таква ситуација не само за главните нации на Нигерија туку и за малите племенски групи, како што една секта и правеше, е највисока неодговорност.
Националното прашање и во Индонезија е многу значајно и исправната позиција ќе биде важна за индонезиските марксист како што беше важно за руските болшевици. Ако пролетаријатот на Индонезија не успее да до посочи патот напред преку социјалистичка револуција, растурањето на Индонезија ќе стане реална можност. Земајќи ги предвид мешаниците на разните раси и религии, последиците ќе бидат толку ужасни да не може да се замислат. Крвавите настани во Источен Тимор се само предупредување што може да се случи со народите на Индонезија. Сега ги следиме итните убиствените меѓуетнички проблеми во Ацех, Молука и другите острови. Силите на реакцијата на воените врвови, на земјопоседниците, капиталистите и членовите на стариот режим, соочени со загубата на нивната моќ и привилегиите нема да се двоумат да ја втурнат Индонезија во кошмар на хаос и крвопролевање за да го поделат и дезориентираат масовното движење. Само со вешта програма која ги признава националните права и аспирации на народите на архипелагот со програма за обединување на работниците и сиромашните селани од сите националности и религии за експроприрање на земјопоседниците и капиталистите, само тогаш може да се најде излез.
Колонијалната револуција денес
Причината зошто колонијалната револуција се јави во таков искривен облик, со монструозните аберации како пролетерскиот Бонапартизам, е заради одолговлекувањето на пролетерската револуција а Западот на една страна и отсуството на силни марксистички партии од друга страна. Да постоеја такви партии, ќе беше целосно возможно да се спроведе револуција на класични основи. Па и Русија беше екстремно заостаната земја во 1917 г., полуфеудална и полуколонијална земја и во исто време и империјалистичка сила. Во земја со 150 милиони луѓе, само 3,5 милиони беа индустриски работници, а ако кон нив се додадат и работниците од транспортот, рударите и другите од истата класа 10 милиони. Сепак Ленин се потпираше на работничката класа и спроведе класична револуција во Русија.
Без сомнение кога ќе се изградат силни марксистички партии во земји како Пакистан, или Мексико, нема да застрани движењето во герилизам или пролетерски бонапартизам. Селанските војни во земјите во развој треба да се сплотат со пролетерската револуција , но истите не можат да имаат главна улога. Но, масите во земјите во развој не можат да чекаат додека не се создадат масовни партии, или додека британските или француските работници не ја земат власта во свои раце. Затоа, насилните изливи, востанијата, дури герилските војни, како во Колумбија, се неизбежни во денешната епоха. Во отсуство на болшевичка партија, колонијалната револуција може да добие најразлични облици. Тие се одвиваат без да се каже дека марксистите го поддржуваат секое движење на угнетените против империјализмот, посебно ако тоа води до укинување на земјопоседништвото или капитализмот. Но, единствениот начин да се решат проблемите на колонијалните луѓе е преку советски систем таков каков што го спроведоа Ленин и Троцки во 1917 год. Под капитализам нема одење напред. Работничката класа мора да ја земе власта во свои раце. Најитните проблеми на општеството може веднаш да почнат да се решаваат преку национализирање на средствата на производство, под демократска контрола и администрација на работничката класа.
Но, во современи услови тоа е недоволно. Интернационалистичката политика е фундаментална потреба. Национализмот не може да понуди пат напред. На пример, ако работниците и селаните на Еквадор ја земат власта во свои раце, а ова е целосно возможно, како што го видовме тоа во величественото движење минатиот јануари, империјализмот на САД нема да седи со скрстени раце. Вашингтон не сака да се вплетка во копнена војна во Латинска Америка (и каде било) заради стравот од ефектите дома. Но, тој ќе стори се што е во негова моќ да ја саботира и скрши револуцијата. Не само што ќе ги организира економската блокада и поддршката на контра-револуционерните сили во Еквадор, туку ќе ги поттикне соседните земји да интервенираат против револуцијата. Веќе имаше една војна во последниве неколку години помеѓу Еквадор и Перу. Империјализмот на САД нема де се двоуми да го подбуцне Фуџимори на нов оружен судир против еквадорската револуција, ако затреба.
Клучот за успехот е затоа исправната политика. Се бара болшевичко водство, кое цврсто ќе стои на пролетерскиот интернационализам. Основачите на научниот социјализам веќе истакнаа во Комунистичкиот манифест дека, иако по форма национална, пролетерската револуција секогаш е интернационална во суштината. Ова значи дека иако работниците од одредена земја можат и мораат прво да се пресметаат со својата буржоазија, не смее да се остане на чисто национална револуција . Мора да се преземат чекори да се прошири револуцијата преку своите граници или да се соочи со изгледите за пораз и деструкција. Заради тие причини, национализмот и социјалистичката револуција се дијаметрално спротивни и взаемно несогласни концепти.
Единствениот начин, на пример револуциониот Еквадор да се соочи со својот непријател е веднаш да се повикаат работниците и селаните на Перу, Венецуела, Колумбија и цела Латинска Америка да дојдат на помош. Таквиот повик нема да влезе од едно уво и излезе од друго! Целата Латинска Америка е во длабока криза. Тоа е најсликовита претстава на реакционерниот карактер на приватната сопственост на средствата на производство и националната држава. Кога ќе започне револуција во некоја од земјите на Латинска Америка, таа ќе се стреми да се прошири. Овој процес немерливо ќе биде помогнат од свесната интернационалистичка политика. Во стварноста, националните држави на Латинска Америка се од вештачки карактер. Со овековечувањето на поделбата на народот кој споделува заедничка историја, култура и, со исклучок на Бразил, заеднички јазик, ние ја овековечуваме балканизацијата на Латинска Америка, односно, предусловот за заробување на милиони луѓе и пљачкање на потенцијално просперитетен и напреден континент од империјалистичките ограбувачи.
Одамна Симон Боливар ги изложи изгледите за обединета Латинска Америка. Врз капиталистички основи оваа идеа остана неостварлив сон. Но, врз основата на работничката сила, Социјалистичката Федерација на Латинска Америка ќе значи огромна соработка на континентот за добробит на сите негови народи. Ова, пак, ќе ги наелектризира работниците на Северна Америка каде 20% од населението од САД е сега латиноамериканско. Ќе се постави основата за победа на социјализмот, северно и јужно од Рио Гранде и со тоа на светско ниво.
Палестинското прашање
Националното прашање е круцијално за Блискиот Исток, а над се е палестинското прашање. По децении на национално угнетување од страна на израелските империјалисти, палестинските маси ги чувствуваат неправдите, изразено во желбата за нивна посебна татковина. Тоа е нивно неотуѓиво право, кое марксистите ќе го поддржуваат и за ќе се борат. Сепак, искуството на изминатите триесетина години треба да ни овозможат да разбереме неколку ствари. Ситно буржоаските националистички лидери на ПЛО ја спроведуваат идејата дека тие можат да постигнат самоопределување со така наречена оружена борба против Израел. Во практиката тоа значеше паѓање на прости чинови како индивидуален тероризам, поставување бомби, киднапирање, преземање на авиони, итн. Сиве овие чинови ни малце не го ослабеа Израел. Напротив. До степен да ги убедат обичните Израелци дека тие сакаат да ги „истуркаат Евреите во морето“, тие го турнаа населението во прегратките на реакцијата. Далеку од ослабување на израелската држава, тие ја зајакнаа.
Тактиката на водачите на ПЛО ги водеше Палестинците од еден пораз во друг. Првин, тие беа скршени од Кралот Хусеин од Јордан во 1970, иако многу лесно можеа да ја преземат власта во таа земја. Последователно, тие згрешија повторно со истата грешка во Либан и помогнаа во провокацијата за крвава граѓанска војна и израелско и сириско вклучување во пресметките. И додека продолжуваа со својата разурнувачка тактика на индивидуален тероризам, тие воопшто не планираа стратегија за востание на масите на Западниот Брег. Кога најпосле изби Интифада, Арафат и неговата ПЛО немаа никаков удел во неа. Палестинската младина мораше да се соочи со моќната израелска воена машинерија, се разбира невооружена освен со стапови и камења. И покрај тоа, масовното движење на Западниот Брег направи многу повеќе за палестинската кауза за неколку месеци отколку Арафат и компанија за триесет години.
„Концесиите“ што ги понуди Тел Авив воопшто не беа резултат на делата на пребегнатата ПЛО. Тие беа делумно последица на Интифадата, која го шокираше израелското општество и однесе многу сочувство во целиот свет. Но, тие беа исто така одраз на новата светска ситуација. По падот на сталинизмот, се промени светската рамнотежа на сили. САД се здоби со истакната доминација во светски размер. Тоа значи дека Вашингтон не е толку зависен од Израел како за време на Студената Војна. Американскиот империјализам има витални економски и стратешки интереси на Блискиот Исток, што значи поддршка на режимите како тој во Саудиска Арабија и задржување на стабилноста во регионот. Затоа Вашингтон го притисна Тел Авив да постигне компромис со Палестинците и соседните арапски земји. И Арафат со восхит скокна да го прифати тоа што му беше понудено. Неможејќи со декади ни малку да ја унапредат палестинската кауза, водачите на ПЛО со алчност сакаа да уживаат во плодовите на администрацијата , која ја освоија луѓето. Она што тие го прифатија е рамно на предавство на националната борба на Палестинците.
Вашингтон се надеваше на поставување на стабилност во област преку присилени компромиси. Сепак националното прашање е ноторно непредвидливо и комплексно, а експлозивните ситуации, причинети од империјализмот, од минатото не можат лесно да се расчинат од империјализмот кога тој ќе си го смени мислењето. Како што британскиот империјализам го создаде Франкенштајн во северот на Ирска, кој сега не може да го контролира, така американските империјалисти сега открија дека, по основањето на држава за користење во Израел, куклата не игра секогаш кога ќе и се повлечат конците. Владејачката класа во Израел има свои интереси, кои можат, но не мораат да се совпаднат со оние во САД. Па, така наречениот Мировен Договор на Блискиот Исток е во сериозни тешкотии. Ни еден од фундаменталните проблеми не е решен.
Како што предвидоа марксистите, договорот потпишан од Арафат и Израелците беше замка за палестинскиот народ. Тоа не е самоопределување туку мизерна карикатура и измама. Новиот палестински ентитет е скратен абортус, со Газа одделена од Западниот Брег и Ерусалим цврсто под израелска контрола. Има многу видови на понижувачки услови. Да бидат работите уште полоши, големиот број на еврејски доселеници останува и игра како постојана провокација на Палестинците. Згора, самонаречената Палестинска Власт е само играчка во рацете на Израел, кој практично сѐ уште доминира. Условите на арапските маси на Западниот Брег и Газа се полоши од кога и да е, со масовна невработеност, посебно кај младината. Израел може во секое време да ја сврти страницата, па да ја затвара границата, а со тоа да ги лиши Палестинците кои работат во Израел од лебот свој. Работите се влошуваат со тоа што Арафат и неговата дружина се претворија во привилегирана бирократска елита кои се однесуваат како полицајци на Тел Авив, додека ги полнат своите џебови на сметка на обичниот Палестинец.
Договорот, со фанфари објавен од Вашингтон, се распаѓа. Со падот на Нетанјаху и изборот на лабуристичка влада, Вашингтон конечно се надеваше дека ќе ја наметне својата волја. Но, притисокот на еврејските доселеници, како што предвидовме, ги носеше од една во друга криза. Владата во Тел Авив, без било каков прогрес со Палестинците, се обиде да преговара за договор со Сирија за Голанската Висорамнина. Но, и пред да биде поставено прашањето за враќање на Голанската Висорамнина избија масовни демонстрации во Израел против тоа. Се прекинаа преговорите со Сирија, а ново жариште на непријателство се појави во јужен Либан.
Посериозно, зголеменото незадоволство на масите во Газа и Западниот Брег, се стреми да предизвика нова Интифада. (Во моментот на пишување на текстот, февруари 2000, не се знаеше исходот, но како и многупати порано и овој пат предвидувањата на марксистите се остварија – заб. на прев.) Тоа е врежано во самата ситуација. Новата Интифада ќе содржи јасен револуционерен потенцијал, под еден услов: да има цврсто револуционерно водство кое стои за интернационалистичкото решение. На основа на национализам, нема решение. Далекувидното водство ќе се стреми да го поврзе револуционерното движење на Палестинците со движењето на израелската работничка класа. Ќе објасни дека заедничкиот непријател и на арапските и на израелските работници се израелските банкари и капиталисти. Ќе разјасни дека палестинското револуционерно движење не е насочено против израелските граѓани. Систематски ќе бара поддршка меѓу израелското општество, помеѓу студентите и прогресивната младина, во фабриките и воените бараки. Централната идеја мора да биде потребата за фундаментална преобразба на општеството, не само во Палестина, туку и во Израел, како единствен излез од ќорсокакот.
Судбината на Палестинците е ужасно трагична. Повеќе од триесет години Палестинците се борат за самоопределување и до каде ги доведе тоа на националистичка основа? Комплетна катастрофа и предавство. Урокот е јасен и мора да се научи: националното прашање во Палестина не може да се реши на капиталистичка основа. Единствениот начин да се реши проблемот е со револуционерни средства, со социјалистичка револуција во Израел и социјалистичка револуција во сите околни арапски земји, почнувајќи со Јордан каде ПЛО можеше да дојде на власт пред 30 години, ако водството на ПЛО не ја предадеше револуцијата. Единствениот начин да се реши проблемот е на основата на Социјалистичка Федерација на Блискиот Исток со целосна автономија за Палестинците, а исто така и Израелците.
Ситно буржоаските циници ќе речат дека ова не било „практично“. Но, зарем доволно не ги гледавме „практичните“ решенија бранети од овие мудреци во изминатите триесет години и не само на Блискиот Исток. Насекаде, без исклучок, овие „практични“ политики, кои се сведоа на лудоста на индивидуалниот тероризам и националистичка глупавост, не донесоа ништо освен рушење и предавство. Ние го гледаме истото и кај капитулацијата на курдските националистички лидери на ПКК и распродажбата на Мандела и Мбеки на аспирациите на црниот пролетаријат во Јужна Африка. Ленин, илјада пати, беше во право кога ги омаловажуваше овие т.н. практични политики на националистите. Прост факт е дека единствениот излез за Палестинците е на основа на револуционерна, интернационалистичка класна политика. Секоја друга политика куди нови уништувања. Единствена вистински практична програма е програмата на социјалистичка револуција.
Самоопределувањето како реакционерен слоган
Марксизмот нема никаква врска со пацифизмот. Ние не сме против сите војни во принцип и ги признаваме некои војни за прогресивни. Но „се што сјае, не е злато“. И не секоја војна што се води под паролата за самоопределување има прогресивен карактер. За секој поединечен случај, марксистите мора да ја истражат точната класна содржина на војната, или националната борба, да се детерминираат чии интереси лежат зад тоа и кои импликации таа ги има по работничката класа и светскиот социјализам. Само тогаш е можно да се определи нашиот став за војната, да се каже дали е реакционерна или прогресивна, и да се заземе позиција во склад со овие определби.
За време на американската граѓанска војна, дали ќе беше коректно да се поддржи Конфедерацијата на основата на правото на самоопределување? Прашањето само по себе се одговара. Под дадените услови, борбата да се задржи Унијата имаше прогресивен и полуреволуционерен карактер. Со наметнување на волјата над Југот, северните држави недвосмислено го прекршија правото на Југот за слободно определување на својата судбина. Но таквите разгледувања се потполно секундарни кога ќе се споредат со фундаменталните барања, односно класните барања. Што стоеше зад барањата за самоопределување во тој случај? Сопствениците на робови на Југот. Работничката класа мораше да го поддржи Северот, бидејќи одржувањето на Унијата го унапредуваше развојот на капитализмот и со тоа на пролетаријатот. Ослободувањето на црните робови беше потребен и прогресивен чекор во таа насока. Случајов е многу јасен и никој разумен нема да спори со ова. Но постојат многу други инстанции во кои правото на самоопределување е истакнато за целосно реакционерни цели и мора одлучно да се отфрли. На пример, барањето на Северната Лига во Италија дека тие имаат право да се отцепат и конституираат одделна држава има чисто реакционерен карактер.
Овие примери се сосема доволни да се заклучи дека националните аспирации и правото на самоопределување не се и не можат да бидат апсолутни. Таквото барање, во даден историски контекст, може да има прогресивен карактер. Но може да биде целосно реакционерно и ретроградно. Потребно е во секој случај да се истражи конкретната содржина, да се определи чии класни интереси се вмешани и да се разработи кое ќе бидат ефектите врз општите интереси на работничката класа и борбата за социјализам во интернационални размери. Иако националното прашање е доста комплицирано, обично е доволно да се постави прашањето за конкретни работи за да се дојде до коректната позиција. Во 1991 година, на самиот почеток на колапсот на Југославија, авторите на овој документ учествуваа во дебата со неколку самопрогласени марксисти, меѓу нив еден го прекина Тед Грант довикувајќи од заднината на салата: „Кој е вашиот став за самоопределувањето на Хрватска?“ Тед набрзина одговори со прикладно контрапрашање: „На што мислите? Мислите, дали ние ги поддржуваме усташите или четниците?“ Критизерот повеќе не постави други прашања.
Секој кој и малку ја познава историјата на војните и дипломатијата (двете блиску поврзани) знае дека треба да се излезе од маглата на лагите и полувистините со кои едната или другата страна се обидува да го измами јавното мислење во однос на природата на војната и да ги разголи вистинските воени цели на непријателските страни. Јад ги снајдува лицата кои приоѓаат на војната од гледиште на слоганите на дипломатијата! Слоганот на само-определување може да има прогресивна и револуционерна содржина, како објасни Ленин. Но не во секој случај. Има многу случаи кога слоганот за самоопределување беше користен за реакционерни цели како прикладно прикривање за империјалистичките интриги. За време на Првата светска војна, британскиот империјализам го прати Лоренс од Арабија да ги дигне Арапите против Турците ветувајќи им самоопределување. Лондон им ја вети Палестина на Арапите и симултано на Евреите, а потоа веднаш да ги предаде и двете страни станувајќи нов колонијален господар по Војната. Монструозниот Версајски Договор кој ја зароби Европа и ги подготви условите за нова светска војна, исто така се одвиваше според паролата на нациите на самоопределување. Подоцна, Хитлер го искористи правото на самоопределување на судетските Германци, Хрватите, Албанците и другите да ја продолжи својата политика на империјалистичка експанзија и поробување на народите. Неговиот шеф на полиција Хајнрих Химлер напиша: „… При справување со странските народи на Истокот ние мора да промовираме што е можно повеќе мали национални групи како Полјаците, Евреите (hic!), Украинците, Бели Руси (Белоруси), Кашчубенците и колку што може да се пронајдат други мали националности.“
Нема ништо особено во тоа. Римјаните многу одамна ја разработија оваа проста формула која така брилијантно ја користеше британската владејачка класа секаде каде што ќе стапнеше: „Divide et impera“ –„Раздели и владеј“. Политиката на делење на земјите и местењето на една националност или раса против друга веќе долго време е есенцијална алатка на империјализмот. Како спротивност, револуционерите се залагаа за обединување на работничката класа и сите угнетувани народи против експлораторите насекаде. Денес националното прашање е многу покомплицирано отколку во Лениновите денови. Ленин го даваше примерот на Норвешка, која се отцепи од Шведска во 1905. Норвешка беше предадена на Шведска како дел од реакционерниот договор на Виенскиот Конгрес во 1815 год. по поразот на Наполеон. Тоа не беше доброволен сојуз. Норвежаните се спротивставија и мораа насилно да се спојат со помош на шведската армија. Иако шведскиот и норвешкиот се многу блиски јазици и Норвежаните уживаа голема автономија, тие сѐ уште патеа од шведската доминација. Во август 1905, норвешкиот парламент заклучи дека шведскиот крал повеќе не е крал на Норвешка и народот на референдумот гласаше за одвојување од Шведска. За ова Ленин напиша: „Овој пример ни покажува врз кои основи сецесијата на нациите е возможна и навистина се случува, под современите економски и политички односи, и формата што сецесијата ја добива под условите за политичка слобода и демократија.“ (ЛСД, Правото на нациите на самоопределување)
Фактот што шведските работници го бранеа демократското право на Норвежаните да се одделат ги разоружи реакционерите кои, по некои првични колебања, одлучија да не интервенираат. Тоа служеше да се консолидира солидарност меѓу норвешките и шведските работници. Но, иако Ленин ова го сметаше за модел како треба да се решава националното прашање, ова е de facto историски исклучок. Обликот во кој се претставува националното прашање денес има различен карактер. И самиот Ленин често истакнуваше дека марксистите ја заземаат положбата за ова согласно конкретните услови на секој случај. Она што се случи во Норвешка во 1905 е просто и детска игра во споредба со ситуацијата во Северна Ирска, Либан или Балканот денес. Норвешка беше етнички хомогена земја без такви компликации. Норвежаните само го дадоа гласот во Парламентот и тие ја добија независноста. Проста работа. Тоа нема никаква врска со ситуацијата каква што е во С. Ирска, каде населението е поделено и повлекувањето на британските трупи ќе значи религиозна војна помеѓу католиците и протестантите. Како што ќе видиме, доста појасен пример е поблиската историја на Балканот.
Злобното Погрешно Претставување на Марксизмот
Како што покажавме, од гледна точка на марксизмот, национализмот не е нешто ново, нешто од вчера. Постојат огромни томови на литература за националното прашање во делата на Маркс, Енгелс, Ленин и Троцки. Сепак, нема таква област во марксистичката теорија која е победно разбрана и толку многу злобно погрешно претставена. Подобро е да не ги ни спомнуваме сталинистите, чија теорија за социјализмот во една земја самата значи директно напуштање на марксистичката гледна точка. Колку и да изгледа невозможно, денес секоја од секташките групи, која себе се нарекува марксистичка и троцкистичка, има радикално погрешна позиција за националното прашање.
Во случајот со Балканот речиси секоја од сектите ги поддржуваше или една или друга група на гангстери, демек на основа на поддршка на Лениновата позиција за националното прашање. Посебно, со нивната наводна поддршка на самоопределувањето за Косово тие капитулираа пред империјализмот на САД и постанаа највеселите навивачки лидери на ОВК. Од самиот почеток ние предупредивме дека ваквиот став неизбежно ќе води кон најреакционерни последици. Ние предвидовме дека, далеку од самоопределувањето, реакционерната војна на НАТО против Југославија може само да заврши со воведување на американски протекторат во Косово. Денес ги каниме оние дами и господа кои ја поддржуваа ОВК со голем ентузијазам да индицираат дали тие сметаат дека сегашната ситуација ја унапредија или повредија каузата за социјализам на Балканот. Од марксистичка гледна точка нема ни трошка прогресивност во сето тоа. Не само што империјализмот на САД си најде цврста подлога за операциите на Балканот, туку ОВК се оддадоа на масовно „етничко чистење“ и погроми против незаштитените српски мажи, жени и деца. Ете до какви монструозност води напуштањето на класната позиција за националното прашање.
Се разбира, ништо од ова не е ново. Во случајот со Ирска истите тие самоназначени марксисти ја поддржуваа ИРА во нивната кампања за индивидуалниот тероризам во последниве 30 години. Тоа беше безнадежна капитулација пред национализмот, во потполно прекршување на најелементарните принципи на ленинизмот. И кон што водеше сево ова? По генерација на така наречена „оружена борба“, со повеќе од 3 000 мртви, ИРА не постигна ниту една од своите цели. Работничката класа сега е погорчливо поделена отколку било кога во минатото. Католичките и протестантските деца живеат и студираат одвоено. Двете заедници се разделени со ѕидови и бодликава жица. И изгледите за повторно обединување на Ирска се најдалечни сега од било кога.
Во Авганистан, истите тие луѓе скандалозно ги бранеа т.н. муџахедински борци за слобода во нивната војна против сталинистичкиот режим на Кабул – уште еднаш бранејќи го правото на самоопределување на авганистанскиот народ. Истото „право“ го бранеше и американскиот империјализам и феудално-реакционерниот Пакистан, кој ги вооружи и финансираше овие контрареволуционерни гангстери. Сега целата работа заврши со победа на исламската-фундаменталистичка реакција во својот најкошмарен облик. На кој начин може да се оправда победата на отворената реакционерност на Талибанците во однос на правото на самоопределување?
Ова се само неколку примери кои покажуваат кон што води напуштањето на марксистичката позиција. Вкупната сума на мудростите на сектите е еднаква на папагалските повторување на истата фраза: „Па, нели Ленин го бранеше самоопределувањето?“ Овие секташи прочитале неколку редови од Ленин и сега се замислуваат дека се некои големи гении. Но, да се присетиме на англиската поговорка: „A little knowledge is a dangerous thing“ (полузнаењето е поопасно од незнаењето – заб. на прев.). Тие наликуваат на не многу бистрите ученичиња кои за да покажат колку научиле постојано повторуваат „АБВ“. Но во азбуката по АБВ има и други букви. Ленин, како што ќе видиме, далеку од тоа дека за секој случај го поддржуваше правото на самоопределување. Тој внимателно го раздели она што е прогресивно од она што е реакционерно, втемелувајќи ги своите проучувања врз соодветните услови.
Парадоксално, оние кои многу одамна се симнаа од патот, и ја напуштија класната и интернационалната позиција на Маркс и Енгелс во корист на ситнобуржоаскиот национализам, се обидоа да ги критикуваат вистинските марксисти дека наводно ја напуштиле исправната линија. На ваквите критики може да го изјавиме следното: горди сме дека само марксистичката тенденција, каде Социјалистички повик и Во одбрана на марксизмот се нејзини претставници (се однесува на нивните организации во Британија, заб. на прев.), останаа со дигната глава и ја задржаа класичната марксистичка позиција по ова прашање – и по сите други. Нашето минато говори само за себе. Не се срамиме денес повторно да објавиме било што од она што го напишавме во последниве педесет години. Проблемот е тој што тие што зборуваат во името на Ленин на ова прашање просто го демонстрираат своето незнаење за позицијата на болшевистичката партија за националното прашање. Целта на овој документ е да се истакне политичкото минато. Тој не е секако упатен до сектите кои се неспособни на научат нешто.
Марксистите и ирското прашање
Како и на прашањето за Балканот, така и за прашањето на Северна Ирска, марксистичкиот правец може да се гордее со своето минато. Веќе триесет години се држиме и постојано ја браниме класната позиција. Истото не се однесува за другите. Кога „проблемите“ експлодираа во Ирска во 1969 год., Комунистичката Партија, Социјалистичката Работничка Партија, манделиcтите од Интернационалната марксистичка група, и сите други секти го поддржаа испраќањето на британски трупи во северот на Ирска, со изговор дека тие ќе ги штителе католиците. Тие денеска сакаат да го заборават ова. Но, фактите се тврдоглави. Марксистите во Лабуристичката Партија беа единствените кои го разобличија. Ние бевме единствените кои покренавме резолуција на Конференцијата на Лабуристичката Партија есента 1969 год. спротивставувајќи се на испраќањето на британските трупи. Кажавме дека британските трупи не може да имаат прогресивна улога, дека војската е пратена да ги брани интересите на империјализмот.
Оние исти дами и господа кои го поддржаа испраќањето на британските трупи во С. Ирска подоцна отидоа на другиот краен екстрем, формирајќи го т.н. Движење Трупите надвор (Troops Out Movement). Секој од нив капитулираше на индивидуалниот тероризам на ИРА. Оваа т.н. оружена борба се влечеше три декади. Во 1970, ИРА мислеше дека ќе го победи британскиот империјализам со силата на оружјето и со поставување на бомби во С. Ирска до прифаќање на обединување со југот. Ние истакнавме дека тоа тогаш беше невозможно. Обединета Ирска не може никогаш да се добие на овој начин, бидејќи протестантите се вооружени и ќе се борат против неа. Да дојдеше до војна помеѓу католиците и протестантите, ИРА ќе беше поразена и католиците ќе беа протерани. Се што ќе се случи е прецртување на границата. Но ова нема да биде баш мирољубиво. Тоа ќе значи ужасен колеж, како што го видовме тоа во поранешната Југославија. Ова ќе завршеше со 100% протестантски режим на Северот и 100% католички режим на Југот. Под овие околности и Северот и Југот ќе завршеа како диктатури на воената полиција. Тоа ќе биде единствениот можен излез на обидот да се реши ирското прашање на капиталистички основи.
Лекциите од Југославија се страшно потврдување на ова. Токму од тие причини, немаше, и нема, дилеми за повлекувањето на лондонските трупи од Северот. Како иронија на историјата британскиот империјализам нема интерес во одржување на имотот во С. Ирска. За разлика од 1922 год., нема ниту економски ни стратегиски причини да се остане таму. Проблемот е што со повлекувањето ќе се предизвика крвав хаос кој ќе се прелее во останатиот дел на Обединетото кралство. Ова е кошмарно сценарио кое Лондон нема да дозволи да се случи. Затоа тие се осудени да останат. А ако ИРА продолжи со борбата уште 30 години, ќе се постигне истиот резултат. Политиката на ИРА водеше во потполн застој со негативно резултати за работничката класа и социјализмот. Кој беше резултатот? Три илјади мртви, една цела изгубена генерација, работничката класа целосно поделана на религиозна линија. Западните медиуми многу говореа за берлинскиот ѕид кој го делеше Берлин. Но никој не говори за ѕидот кој го дели Белфаст помеѓу протестантите и католиците. Тие не зборуваат еден на друг, тие не можат да се сретнат. Тоа е таканаречената „линија на мирот“, најмонструозно изразување на лудоста на националните поделби. Тоа беше директен резултат на кампањата на ИРА на индивидуалниот терор.
Марксистичката тенденција стоеше на класната основа и се бореше за обединување на работничката класа. Тоа беше возможно. Во фабриките во 1969 постоеше инстинктивно движење на револуција за обединување што можеше да успее, ако постоеше совесно лидерство. Ние баравме формирање на работничка милиција основана од сојузите (се однесува на синдикатите, заб. на прев.) -единствените организации кои сѐ уште ги обединуваа католиците и протестантите. Се разбира, во соодветните околности, тие мораа да се вооружат за одбрана од секташките лудаци на двете страни. Нашата парола беше револуционерна: „За обединети оружени револуционерни одбранбени сили!“ Ова беше единствениот начин да се бијат секташите. Ултралевите го сметаа ова за чудно. Тие секогаш мислат дека е смешна ленинистичката позиција. Но кога Ленин беше жив, ситнобуржоаските националисти исто ги смееја неговите позиции за националното прашање како утописки. Ленин им одговараше на овие практични луѓе со презир кој тие многу го заслужуваа.
А што велат сега тие за ситуацијата во Северна Ирска? ИРА се согласи на примирје од проста причина што т.н. „оружена борба“ не водеше никаде. Помислата дека ќе ја избркаат британската војска со такви средства беше потполно нереална, како што истакнавме од почетокот. И сега каде се тоа заврши? Како и лидерите на ПЛО во Палестина и Мандела и Мбеки во Јужна Африка, лидерите на Шин Феин ги разменија бомбите и пушките за политика, односно за нафирцани одела и министерски плати. Тие се речиси готови да ја напуштат каузата за која нивните поддржувачи жртвуваа сѐ, само за подобра кариера и буржоаска почит. Тука завршува секоја т.н. „оружена борба“ (индивидуален тероризам). Руските марксисти секогаш сметаа дека терористите за „либерали со бомби“. Сега се потврдува буквално нивното тврдење. Триесет години подоцна, ИРА повеќе не беше за Обединета Ирска. Неверојатно, лидерите на Шин Феин (политичкото крило на ИРА) го потпишаа Договорот на Велики Петок во кој се нагласува дека статусот на С. Ирска како дел од Обединетото Кралство. „Концесиите“ околу т.н. „прекуграничен договор“ со Југот беа само мамка за републиканските аспирации, бидејќи северно-јужното тело нема позначајни моќи.
Дури и оваа спогодба беше премногу за Унионистите, кои конечно ги закопаа секирите со т.н, прашање за „декомисионирање на оружјето“ (практично тоа е разоружување на ИРА). Тоа ја предизвика кризата, затоа што ИРА нема намери на разоружување. Пушките се неопходни, на страна од некои други размислувања, бидејќи републиканското движење има долга традиција на разделби и запоседнување на феуди во кои вчерашните лидери стануваа денешни муштерии на претприемачот. Веќе отцепените групи како Продолжена ИРА (Continuity IRA) поставија бомби за да покажат дека тие сѐ уште работеле. Со барањето за моментално разоружување, Унионистите се определија за провокативна акција, која се отфрли од страна на ИРА. Тоа водеше до рушење на Договорот од Велики Петок и на суспензија на Северноирското Собрание, и повторно воведување на директна власт од Лондон.
Нашите божем утописки замисли во однос на Ирска се однесуваат како на оние на Ленин и Маркс на кои веќе се повикавме. Посебно срамна улога во Ирска ја имаа сектите во Британија и интернационално по прашањето за Ирска. Залагајќи се за т.н. практична политика, тие срамно се приврзаа за опашката на ИРА, потполно напуштајќи го некаквото барање за класна позиција и делувајќи како неплатени адвокати на тероризмот. Тоа беше уште поодвратно, со непреземањето на ризиците. Тоа доведе до капитулација на ситнобуржоаскиот национализам и индивидуалниот тероризам, кој во сите случаи водеше до катастрофа на националното прашање. Ленин говореше со длабок презир кон овие самонаречени практични политики за националното прашање. Самиот живот покажува дека т.н. практични политики на капитулација пред ситната буржоазија не е воопшто практична политика. Тоа е срамно предавство на работничката класа и во секој случај носи катастрофа. Да расчистиме за ова. Марксистите се за обединување на Ирска. Но обединувањето на Ирска е сега подалечно од кога и да било во целата историја на Ирска. Тоа е единствениот резултат на тактиката на индивидуалниот тероризам и ситно буржоаскиот национализам во последниве триесет години.
Во моментот кога се пишува ова, ситуацијата е крајно нестабилна. Можно е, погледнувајќи во амбисот, двете страни да се повлечат. Некои компромиси може да се прекршат вклучувајќи го предавањето на оружјето на ИРА. Ако има обнова на непријателствата, Британците одлучно ќе ги скршат. Уште повеќе, таквиот развој ќе биде длабоко непопуларен за двете страни од секташката поделба. По триесет години на крвопролевање, католиците и протестантите се свесни за војната. ИРА ќе ги прифати ризиците на губење на многу свои луѓе како резултат на откажувањето. Тоа се непримамливи изгледи. Но со прифаќање на компромисите нема де се реши ништо фундаментално. Прашањето кое неизбежно ќе се постави меѓу републиканците е: „За што се боревме и гиневме во последниве 30 години?“
Недвосмислено ќе има превирања кај позициите на републиканизмот. Најразумните елементи, кои се критични за политиката на лидерите, а не сакаат да се вратат во ќор-сокакот на индивидуалниот тероризам, ќе постанат поотворени кон алтернативата за класната политика. Единствениот пат е да се вратат кон идеите на Џејмс Коноли, на знамето на социјализмот. Ова е единственото знаме кое може да ја обедини работничката класа, Портокаловите и Зелените, Северот и Југот, и исто така и преку Ирското Море во Англија, Велс и Шкотска, во борба против заедничкиот непријател: банките, монополите на британскиот империјализам. Не враќање на оружената борба туку враќање кон најдобрите традиции на ирското работништво, кон марксизмот, тоа е патот за напред. Во минатото провејуваше идејата „прво да се реши прашањето на границата, па потоа ќе зборуваме за социјализмот!“ Но, искуството од последниве 30 години ни покажа дека тоа е погрешниот пат во поставувањато на прашањето. Сега може да кажеме: решението на задачата на ирската буржоаска демократска револуција -со која мислиме на ирското обединување- може да се реши само со доаѓање на власт на пролетаријатот и во Ирска и во Британија. Ирската буржоазија се покажа немоќна да го реши националното прашање. Господ знае дека имаа доволно долго време да го направат тоа! Време е да погледнеме во целосно различен правец. Маркс одамна објасни дека судбината на револуцијата во Ирска и Британија се неразмрсено поврзани. Денес таа афирмација е повистинита од кога и да било.
Embed from Getty Images
Еускади
Во Шпанија постои националното прашање на Баските, Каталонците и Галиците. Со декади под Франковата диктатура ги газеше јазиците, правата и националните аспирации на овие народи. Природно е дека со рушење на стариот режим се зададе јак импулс на националните движења на националностите. Не кажа за џабе Троцки дека национализмот на угнетуваните националности беше само надворешна обвивка-школка, на незрелиот болшевизам. Со коректна политика, тактика и методи, можно е да се придобие националистичката младина кон марксизмот. Но предуслов за тоа е да се задржат цврстите ставови. Додека се стои цврст во одбрана на угнетуваните националности, потребно е да се критикуваат конфузните идеи на национализмот.
Голем проблем тука е колапсот на моралниот авторитет на марксизмот на светско ниво. Маркс, Ленин и Троцки имаа точна позиција за националното прашање. Ова може да најде на одѕив кај милитантните националисти. Но националистичката младина се одбиени од неосетливата политика на реформистичките водачи на работничките организации кои неизбежно ја прифаќаат линијата на владејачката класа за националното прашање како и за сите други работи.
Втората Интернационала, како што видовме, имаше многу конфузна позиција за националното прашање. Го видовме резултатот во 1914. Во Шпанија ПСШ дури и во најдоброто време немаше разбирање за националното прашање, покрај фактот дека имаше цврста поддршка во баскиската земја. Сега, се разбира, десното крило на ПСШ го напушти секое барање за социјалистичка позиција на националното прашање, како што го напуштија и во однос на сѐ друго. Кога беше на власт Фелипе Гонзалез и другите „социјалисти“ активно ја потпомагаа валканата војна спроведена од тајните служби на шпанската држава против ЕТА. Не е случајно што на баскиската младина им е одбивен „социјализмот“ во таа појава.
Во минатото беше природно за милитантната националистичка младина да гравитира кон Комунистичката партија. Револуционерното знаме на Октомври и Болшевистичката партија нудеа излез на револуционерни линии. Но како резултат на криминалот на Сталин, движењето беше срушено. Идеолошкиот распад на сталинизмот ги произведе сите видови на конфузни и гротескни дисторзии- маоизмот, кастроизмот, герилизмот – кои ја заматија водата и го воведоа најстрашниот конфузионизам во умовите на радикалната младина. Сега откако се сруши сталинизмот, конфузијата е уште поголема, со ширењето на секакви видови на анархистички и терористички расположенија. Идеите кои припаѓаа во предисторијата на движењето и кои одамна се одговорени од страна на Маркс, Ленин и Троцки, пак се вратија, преправени во „нови и современи“ теории, за да ги изјалови мозоците на веќе збунетите индивидуи.
Кон сево ова мора де се додаде монструозната дегенерација на таканаречената Четврта Интернационала по смртта на Троцки. Потполното напуштање на идеите на Ленин и Троцки од таканаречените троцкисти никаде не е појасно отколку за националното прашање. Сектите флертуваа со секоја ситнобуржоаска националистичка и терористичка постава во светот, делувајќи како страсни навивачи и неплатени (и многу често и несакани) „советници“ на ИРА, ЕТА, ПЛО и АНК. Во оние (фала богу неколку) случаи каде тие имаа влијание, тие само служеа да ги засилат предрасудите на младината и да ги одведат во катастрофа. Така беше случајот, на пример, во Аргентина и Уругвај во 1970-тите кога тие си играа со тероризмот и т.н. „урбана герила“. Резултатот од овие авантури беше рушење на овие движења и победа на најубиствените воени диктатури. Како резултат, многу млади кадри си ги загубија животите и револуцијата ја уназадија за години.
Земајќи го предвид недостигот на авторитет на марксизмот, логично е што младите луѓе од баскиската земја, одбиени од сталинизмот и социјалната демократија, ја видоа алтернативата во ЕТА и Хери Батасуна. Во редовите на баскиските националисти има многу херојска младина. Наша задача е поставиме дијалог со овие луѓе и да ги убедиме дека единствениот пат да се оствари нивната цел е борбата за социјалистичка револуција. Неизбежно со овој заклучок ќе се добие најдоброто. Мораме да им помогнеме тоа да го направат, преку пријателски и трпеливи аргумент, и преку обединување во акцијата за сите прашања за кои имаме принципиелна согласност, додека ја потенцираме потребата за единство во борбата на работниците и младината низ целата шпанска држава.
Како според некој закон секое масовно националистичко движење, како Хери Батасуна, тежнее секогаш да се подели според класните линии откако ќе израсне до одредена големина. Таквите движења секогаш имаат хетероген состав. На една страна може да го сретнеме екстремно десното крило – обично, но не и секогаш, асоцирано со „најмилитаристичкото“ крило – но левото крило ќе содржи чесни борци и потенцијални револуционери. На шестиот конгрес на ЕТА, пред околу триесет години, левицата се оддели. Во отсуство на реална марксистичка алтернатива манделитите се ориентираа кон ЕТА и придобија многумина. Илјадници добри борци преминаа кон троцкизмот. Овие луѓе беа добри. Со исправна политика и перспектива вистинска марксистичка организација со 10 000 луѓе во Шпанија можеше да има круцијална улога. Но, со погрешната улога на манделитите, таквата позиција се загуби. Овие ситни буржуи ја отфрлија можноста и ја платија цената за таквиот криминал. Тие не постојат повеќе. Тие беа ликвидирани, покрај сите други секти. Затоа патот е отворен за развој на вистински марксистички правец во Еускади. Јасно е дека многу од најдобрите кадри за ова ќе дојдат од редовите и периферијата на абертзалите (радикални баскиски националисти).
Со потпишувањето на примирје, Хери Батасуна доживеа развој, па си го промени името во Еускал Херитарок (баскиски граѓани). Тоа е прилично големо движење. Имаше голем ентузијазам кон ЕХ. Но, сега работите почнаа да се менуваат. Лидерите (политичките) на ЕХ опортунистички се поврзаа со партијата на големите баскиски буржуи, ПНВ. Како и секогаш, ситно буржоаските националисти делуваат како механизам за субординација на работниците на нашата буржоазија. Но, секој баскиски работник знае дека баскиските банкари и индустријалци се исто толку лоши колку и шпанските капиталисти. Нема ништо да се избира помеѓу нив. Сите чесни членови на ЕХ мора да се одбијат од тој монструозен блок со ПНВ.
Да бидат работите полоши, примирјето се прекрши. Има изгледи за нови терористички напади, пресретнати со поголема државна репресија и повеќе политички затвореници. Стариот пеколен круг кој го труеше баскискиот социјален и политички живот со декади без да се постигне ништо од прокламираните цели. На овој пат, нема излез за Еускади! Сега кога ЕТА го отповика примирјето, мора да врие од дискусии во нивните редови. Без сомнение тие ќе се обидат за дадат објаснение и излез. Неопходно е да им се објасни на цврст но пријателски начин дека нема независност на баскиската земја на капиталистички основи. За да успеат, потребана е револуција и во Шпанија и во Франција. А за да се постигне тоа, мора да ја прифатиме класната и интернационалистичка позиција и да го напуштиме ќорсокакот на индивидуалниот тероризам.
Марксистите од шпанската држава имаат многу гордо минато во истрајноста на цврстите принципиелни класни позиции. Тие постојано ги бранат националните права на Баските, вклучувајќи го и правото на самоопределување. Неодамна тие издадоа многу добар документ за националното прашање на баскиски и шпански. Нашите книги, кои беа преведени и на шпански, беа прегледани во Егин, дневниот весник на Хери Батасуна. Тоа покажува дека постои интерес кон марксистичкиот правец од некои баскиски националисти. Можно е марксистите да придобијат дел од многубројната милитантна младина преку енергична кампања.
Од гледиште на марксизмот националниот проблем и предизвик, но и згодна прилика. Троцки еднаш кажа дека национализмот на угнетените народи е само „надворешна школка на незрелиот болшевизам“. Ако застанеме принципиелно на проблемите со кои се соочуваат национално угнетуваните народи, ако енергично се бориме против сите форми на национално угнетување, додека цврсто го поврзуваме решението на проблемот со изгледите за социјалистичка трансформација на општеството, тогаш ќе биде возможно да се придобијат повеќето од нив кон марксизмот и да се изгради силна организација кој може да понуди вистинско решение за националниот проблем на Еускал Херија на револуционерна социјалистичка основа.
Националното прашање и Балканот
Најужасниот пример за последиците од погрешна позиција на националното прашање е судбината на бившата Југославија. Крвавите мочуришта на војните, шовинистичкото лудило и „етничкото чистење“ во она што беше, развиена и напредна европска држава, ги потхрануваше оние кои постојано урлаа за т.н. „самоопределување“ како за универзална панакеа. За жал некои луѓе изгледа се органски неспособни да размислуваат за било што. На прашањето за Балканот, марксистичката тенденција претставена од Социјалистичкиот апел и Во одбрана на марксизмот не ја крена главата во последнава деценија, заземајќи тврда ленинистичка позиција во врска со Балканот. Од почетокот објаснувавме дека нема ни едно делче од прогресивна содржина во растурањето на бившата Југославија. Напротив секоја од сектите ги поддржа или Хрватите, или Србите, или кутрата мала Босна, како кутрата мала Белгија, или пак трчкаше со знамињата на ОВК, и сите тие потпаднаа под реакционерна позиција.
Западната пропаганда — било да е во прашање Африка, Русија или Балканот — се обидува да ги наслика овие борби како продукт од национален карактер, наводна заостанатост, раса итн. Па наводно Србите, Хрватите, Босанците итн. не можеле да живеат заедно, се мразат меѓусебно, и се останато од тоа. Ова е лага. За време на Втората светска војна имаше ужасен судир помеѓу Србите и Хрватите. Во него, патем Србите беа жртви, неисправно осудувани од хрватскиот фашистички усташки режим чија бруталност предизвика протест дури и кај германските нацисти. Сепак под Тито, националниот проблем беше главно решен. На основа на национализирана планска економија и развој на продуктивни сили и праведната мудра политика што ја спроведуваше Тито, давајќи автономија на секоја од републиките, со што се обиде да се избегне давањето моќ на една националност во однос на друга, проблемот беше отфрлен во заднина. Имаше мешање на народите; тензијата помеѓу Србите и Хрватите се намали, речиси исчезна. Ова се предвидуваше имајќи ја предвид годишната стапка на раст од 10-11%, зголемените стандарди, бидејќи како Ленин објасни, националното прашање е прашање на леб.
Со кризата на Сталинизмот, напливот на масовна невработеност во Југославија со инфлација во седумдесеттите, почнаа да се будат старите демони. Сега ако некој ја погледне историјата за последните 50 години мора посебно да извлече заклучок дека ниту буржоазијата, ни сталинистите може да го решат националното прашање. Тито успее за малку, но шовинистите се интегрален дел на сталинизмот. Тоа е Ахилова петица за сталинистичките режими, како Етиопија каде режимот на Менгицу се сруши баш поради националното прашање. Тие не можат да го решат.
Тито основаше различни републики, секоја со своја национална бирократија која го изигра националното прашање како средство за издигнување на нивната сопствена моќ и привилегии. Постои неизбежна логика во ова што произлегува директно од теоријата за социјализмот во една држава. Оваа доследно антимарксистичка теорија, националистичка во срцевина, одигра фатална улога во дезинтеграцијата на Југославија. Националистичките намери на Србите, Хрватите, Словенците и другите натпреварувачки бирократии со ентузијазам ја прифатија оваа „теорија“ за нивните сопствени републики. Намерно ги истакнуваа националните разлики: ако постои руски „социјализам“, ако постои кинески „социјализам“ итн., зошто да не постои социјализам и во Словенија, во Хрватска и Македонија? Со економската кризата на бирократскиот режим во Југославија, напнатостите меѓу републиките растеа. Секоја од регионалните клики (кланови) се трудеа да ја подобрат позицијата на својата република за сметка на другите. Ова го посеа семето на раздорот на Југославија.
Посебно монструозна беше улогата на реакционерната и привилегирана бирократија од Словенија и Хрватска. Иако нивната индустрија беше изградена со трудот и заедничките богатства на целата Југославија, тие сакаа да си ја зачуваат за себе. Но, ова е само еден елемент, аргумент во равенката. Општо земено историјата на Југославија и на Балканот покажува дека во сите национални борби за тн. самоопределување, што се случија во 20 век, се вклучи една или друга голема сила. Рускиот царизам, германскиот империјализам, британскиот и францускиот империјализам — сите ги користеа борбите на малите нации како мали промени во нивните интриги.
Троцки на Балканот
Кој беше ставот на марксистите за време на Балканските војни 1912 – 1914 год.? И покрај фактот што борбата на балканските Словени за национална еманципација против Турците имаше полупрогресивно значење, барем првично со тешкотија ќе пребарувате низ делата на Ленин и Троцки за поддршката на овие нации. Троцки, кој беше на Балканот како воен коресподент, напиша многу статии за Балканските војни во кој ги разобличи варварските дела на сите воинствени сили. Но нема ни малку поддршка на кој било од овие ривали односно националистички банди. Ова беа реакционерни војни, предаторски војни на сите страни. И ако таков беше случајот тогаш, што би рекол Ленин за сегашната положба во Југославија?
Сектите кои се прогласуваат за марксистички изгледа страдаат од некаков нервозен тик. Само што започнала војна, тие веднаш почнуваат да крештат: „кого поддржувате?“ Како да требало според некаква апсолутна обврска марксистите да се определат за некоја од страните во судирот помеѓу завојуваните владејачки клики! Позицијата на марксистите беше јасно објаснета од Ленин. Војната е продолжение на политиката со други средства. Дали ние поддржуваме една страна или друга во војна зависи од тоа дали војната има прогресивно или реакционерно значење. Таквото расудување е определено не од општи прокламации на „правото за самоопределување“ , туку исклучиво од општите интереси на пролетаријатот и светската револуција.
Ставот на марксистите за Балканските војни од 1912-13 беше да не се учествува во ниедна група туку да се бориме за демократска федерација на Балканот. Тоа беше ставот на Ленин, Троцки и на големиот балкански марксист и интернационалист Христијан Раковски, кој стана водечки троцкист и беше застрелан по наредба на Сталин во 1941 год. Раковски има долга историја како водечка личност во Балканското социјалистичко движење. Во 1903 год., во истата година кога Руската Социјал Демократска Работничка Партија се подели на болшевици и меншевици, дојде до сличен расцеп и во бугарската партија помеѓу „широки“ и „тесни“ тенденции. Левото крило („тесњаки“) беше предводено од ветеранот марксистот Благоев, заедно со истакнатиот балкански марксист Раковски. По Октомвриската револуција Комунистичката Интернационала застана за Социјалистичка Федерација на Балканот. Идејата беше развиена од Христијан Раковски и пред 1917 год. Марксистите секогаш се бореа против цепењето на Балканот како подлога за petty држави кои неизбежно ќе станат пиони во рацете на една или друга империјалистичка сила. Значи тие се бореа против балканизација, а за федерација. Пред Втората светска војна, кога Троцки беше коресподент на Балканот, следејќи ја ситуацијата од близу и дознавајќи од прва рака тој запиша:
„Не е неговата националната разноликост, ама фактот за расцепувањето во многу држави кои тежат над ( Балканот) како проклетство. Царинските граници вештачки го делат на одделни единици. Махинациите на капиталистичките сили се проткаени со крвавите интриги на балканските династии. Ако овие состојби продолжат, Балканскиот Полуостров ќе остане да биде Пандорина Кутија.“ (Троцки, Балканските војни, стр.12)
Кога Австо-Унгарија ја потчини Босна и Херцеговина и Србија беше зафатена со воинствена треска и жед за одмазда, српските социјалдемократи го задржаа достоинството и остро застанаа против шовинистичката хистерија. Слично, бугарската социјалдемократија се спротивстави на сопствената владејачка клика и руското вплеткување на Балканот. Во Белград во јануари 1910 год. се одржа конгрес на балканските социјалистички партии со претставници на социјалдемократските партии на Србија, Романија, Бугарија, Турција и југословенските социјалдемократски партии од Австро-Унгарија и на мала група социјалдемократи од Црна Гора. Во нивната програма конгресот ги поставува целите на балканската социјалдемократија: „да се ослободиме себе си од партикуларизмот и тесногледост; да се укинат границите кои ги делат народите кои се делумно идентичени во јазикот и културата, а делумно економски сврзани меѓу себе; конечно, да ги оттргнеме формите на странска доминација, и директна и индиректна, која ги лишува народите од нивното право самите да ја одредат својата сопствена судбина.“ (Ибид., стр.30.)
И пак: „Потребите за капиталистички развој постојано паѓаат со тесните ограничувања на партикуларизмите на Балканот, а федерацијата постана идеја посредувана од самите владејачки кругови. И повеќе од тоа; царската влада, неможејќи да игра независна улога на полуостровот, се обидува да се постави како двигател и патрон на бугарско-српско-турската лига, со врвот насочен против Австро-Унгарија. Но, ова се само темни планови за привремен сојуз на балканските династии и политичките партии кои по својата природа се неспособни да гарантираат мир и слобода на Балкан. Програмата на пролетаријатот нема никаква врска со сево ова. Насочен е против балканските династии и политичките клики, против милитаризмот на балканските земји не помалку отколку против европскиот империјализам; против официјална Русија колку и против Австрија на Хабсбурзи. Неговиот метод не се дипломатски комбинаторики туку класна борба, не балкански војни туку балканска револуција.“ (Ибид., стр.30, наше истакнување.)
Колку современи се овие редови! И колку релевантно за сегашната криза на Балканот! Балканот беше поделен на џуџести држави и срушен од товарот на милитаризмот. Во неговата статија Балканското прашање и социјал демократијата, Троцки напиша:
„Единстениот излез од националниот и државен хаос и крвавите сплетки на балканскиот живот е сојуз на сите народи на полуостровот во единствен економски и политички ентитет, врз основа на национална автономија на составните делови. Само во рамките на една балканска земја Србите од Македонија, Санџак, Србија и Црна Гора може да бидат обединети во единствена национално-културна заедница, уживајќи ги во исто време предностите на балкански заеднички пазар. Само обединетите балкански народи може да пружат отпор на бесрамните претензии на царизмот и европскиот империјализам.“
И Троцки го додава пророчкото предупредување: „Државното единство на балканскиот полуостров може да биде постигнато на два начина: или од горе, со проширување на една балканска држава, што ќе се покаже најсилна, на сметка на послабите–ова е патот на војни на истребување и угнетување на послабите нации, пат кој ги консолидира монархизмот и милитаризмот; или од долу, преку доаѓањето на самите народи заедно–ова е патот кој значи отфрлање на балканските династии и развејување на знамето на балканска федерална република.“ (Ибид., стр.40.)
Ваков бил ставот на марксистите во врска со балканското прашање отсекогаш. Не став за поддршка на една или друга национална клика врз основа на прогласеното „самоопределување“ туку револуционерна програма за балканска федерација. Секој од националните групи на Балканот секогаш сака да се претстави себе си како жртва и оштетена страна, борејќи се против неправдите за претпоставените „национални права“ и „сувереност“. Всушност, зад слоганот за „национални права“ се кријат вложените интереси на владејачката клика, која е заинтересирана само во потчинување на териториите на другите држави и угнетување на другите послаби нации. Затоа она што за некои се „национални права“ за други излегува дека е национално угнетување. Уште повеќе, зад секоја владејачка национална клика секогаш стои некој „голем брат“ или друг. И заради тоа претпоставената борба за „национална сувереност“ секогаш се претвора во средство за субординација на нацијата од некоја од големите странски сили:
„Политиката што ја следат секоја од овие мали балкански монархии, преку нивните министри и владејачки партии, имаат привидна цел унификација на голем дел од балканскиот полуостров под еден крал. Голема Бугарија, Голема Србија, Голема Грција се слогани на оваа политика. Всушност, и никој не ги сфаќа слоганиве сериозно. Тие се полуофицијални лаги изнесени пред народот да се стекне популарност. Балканските династии, вештачки воспоставени од европската дипломатија и без било какви историски корени, се премногу незначајни и премногу несигурни на нивните трикови да се осмелат за широка политика како Бизмарковата, кога тој ја обедини Германија со крв и железо. Првиот шок можеше да ги однесе засекогаш Караѓорѓевиќи, Кобурзи, и другите крунисани Лилипутанци на Балкан. Балканската буржоазија, како и во сите земји со задоцнет капиталистички развој, е политички стерилна, кукавичка, неталентирана и скапана и прескапана од шовинизам. Селаните се премногу расеани, премногу игнорантни и премногу рамнодушни за политиката за да се очекува некаква политичка иницијатива од нив. Следствено, задачата за создавање на нормални односи на националната и државната егзистенција на Балканот паѓа со нејзината историска тежина врз градите на балканскиот пролетаријат.“ (Ибид. стр.40.)
Националното прашање на Балкан може да се реши само од пролетаријатот, стоејќи цврсто на програмата за класната независност, социјалистичка револуција и интернационализам. Така Троцки рекол: „Историската гаранција за независност на Балканот и слободата на Русија лежи во револуционерната соработката на работниците на Петерсбург и Варшава и на работниците на Белград и Софија.“ (Ибид., стр. 41-42.) И повторно: „Како што во Русија главниот удар на борбата против патријархално-бирократскиот режим е во рацете на пролетаријатот, така и на Балканот самите пролетери ја преземаат огромната задача на воспоставување на нормални услови на коегзистенција и колаборација помеѓу многуте народи и раси на полуостровот.“ (Ибид., стр.30.)
Embed from Getty Images
За социјалистичка федерација на Балканот
Искуството на Југославија во целосно ја потврдува марксистичката позиција истакната горе. Мораме само прашањето да го изнесеме конкретно и веднаш доаѓаме до одговор. Осум години од зародишот на непријателствата, што навистина добивме со расцепкувањето на Југославија? Дали тоа предизвика зајакнување на работничката класа и на револуционерното движење? Дали ги зближи народите заедно? Дали тоа ги разреши некои од проблемите? Дали тоа ги разви средствата за производство? Прашањата самите од себе се одговараат. Разрушувањето на Југославија е апсолутна катастрофа и пропаст од гледна точка на работничката класа. И овој криминал против работничката класа не може да се оправда со повикување на правото на нацијата за самоопределување. И сега се одвива монструозна борба на Косово. Секако ние ги поддржуваме косоварите во само-определувањето. Тие имаат право на своја територија, тие имаат право да не бидат угнетувани и убивани. Ама не е баш толку едноставно. Мора секогаш да се кажува вистината. А вистината е оваа: та, не еднаш судбината на мал народ бил цинично манипулиран и експлоатиран од империјализмот за неговите намери. Како што предвидовме на почетокот, искористувајќи ги Косоварите, НАТО ќе ги напушти и ќе ги предаде. Така било и ќе биде.
Ако се допушти Косово да стане независно, неизбежно тоа ќе тежнее да се спои со албанската држава, така создавајќи го чудовиштето на Велика Албанија — следејќи го чекорот на Велика Хрватска, Велика Србија, Велика Бугарија, Велика Грција. Малата македонска држава е многу кршлива, и има големо албанско малцинство. И ако Македонија се разруши, што би било неизбежно под тие услови, тогаш тоа ќе значи војна. И тоа ќе биде војна од друг вид од она што сме го виделе досега на Балкан. Војната во Југославија беше во главно војна помеѓу милиции. Ако Македонија се разруши, Србите, Албанците, Бугарите, Грците и конечно Турците ќе се замешаат. Војна помеѓу Турција и Грција (две членки на НАТО) би било катастрофа за сите народи и кошмар за Американците. Ова Вашингтон не би можел да го толерира. Тие се обидоа да го принудат Милошевиќ на отстапки. Откако не успееја, тие се зезнаа со војна без план и перспектива. Клинтон бил информиран од ЦИА дека војната ќе го клекне Милошевиќ за неколку дена. Овој план падна и позицијата на САД се зачува од Русија кога изврши притисок врз Милошевиќ за постигнување на компромис. Но со какви резултати?
Косоварите имаат право на самоопределување, исто како и Србите што имаат, или пак Босанците, или Курдите, Македонците, Палестинците. Постои само еден мал проблем. Како ќе биде спроведено самоопределувањето? Како ќе се практикува ова право? Србите нема доброволно да се откажат од контролата над Косово, тие го сметаа како неотуѓив дел од српската територија. Проблемот е што Косоварите, барем ОВК, побараа помош од американскиот империјализам. Што реши милитарната авантура на НАТО на Косово? Ништо. Ја направи ситуацијата илјада пати полоша, сеејќи го семето на нови војни и кошмари. Национализмот и шовинизмот на Балканот, како секогаш, има штетна улога и води во крвав ќорсокак. Реакционерните лидери на ОВК, со моќта добиена со помош на американскиот империјализам, ја имаат најѕверската улога. Додека ги убиваат и угнетуваат српските селани и работници, тие тежнеат да ги заземат клучните места, додека си ги полнат џебовите преку грабеж, изнуда, дилање на дрога и разен криминал. Но има граница до која ќе им биде на ОВК дозволено да постигнат. Албанците од Косово ќе го дочекаат денот кога ќе се покајат за довербата што така слепо им ја дадоа на империјалистите.
Иако Вашингтон е очаен да излезе од Косово, тие се таму заглавени и ќе останат така уште некое време. Потоа тука е и другиот голем брат криејќи се одзади, Русија, која има интерес во таа област. Противречностите помеѓу Русија и Америка растат цело време. Следствено, Москва го охрабрува Милошевиќ во покренувањето на прашањето за враќање на српската контрола во Косово. Инаку, според интернационалниот закон и компромисниот договор склучен да го прекине непријателството помеѓу Белград и НАТО, Косово останува формално да биде дел од територијата на Југославија. За возврат, НАТО (т.е. империјализмот на Соединетите Држави) не сакаат независно албанско Косово, бидејќи се плаши (со причина) дека тоа води во создавање на Велика Албанија, што веднаш ќе ги дестабилизира Македонија и Црна Гора, фрлајќи искри за нови деструктивни војни. Оваа контрадикција несомнено ќе доведе да албанските Косовари влезат во судир со НАТО силите до одредено ниво. Ова го предвидовме порано, и како што гледаме тоа веќе започнува, како покажуваат немирите во Митровица. Така, целава работа не разреши апсолутно ништо и се претвори во кошмар на сите засегнати. Затоа повторно обидот да се реши националниот проблем врз капиталистички основи заврши со катастрофа.
Многу одамна, Енгелс објасни дека предуслов за решавање на националното прашање на Балканот е елиминација на вмешувањата на странските сили. Во тоа време тој мислеше главно на царска Русија. Подоцна Германија и Италија ја играа истата изопачена улога. Сега се Германија и САД. Само со отфрлањето на капитализмот можно е да се скине јамката на империјализмот на Балкан и да се дозволи вистинска демократска алтернатива на ѕверствата што за историјата се именуваат како „балканизација“. Само на овој начин може да достигне она што Енгелс го напиша: „Маџарите, Руманците, Сербите, Булгарите, Арнаутите (турско име на Албанците), Грците, Арменците, и Турците, тогаш конечно ќе можат да ги средат своите заемни разлики без интерференција од странските Сили, да ги постават меѓусебно нивните сопствени потреби и желби.“ (Собрани Дела – Маркс и Енгелс, том. 27, стр.47) Единствен напреден пат е да се вратиме на Лениновите ставови. Тој не се исплаши да им каже дека независноста на Полјаците во 1916 год. не беше решение, дека тоа беше утописко дека единствениот пат со кој ќе добијат вистинска независност е револуција во Русија и револуција во Германија. Истата вистина мора да им се каже на Косоварите денес. Обидот да се решат нивните проблеми со тесна националистичка основа не водеа никаде. Единствениот излез се состои во воспоставување на работничката сила во Србија и во цела поранешна Југославија. Ова може да се оствари само со борбено единство на работниците и селаните на Југославија.
Работниците и селаните на Србија, Хрватска, Македонија, дури и на Косово, мора сега да го погледнат периодот на Тито со копнеж, што сега сигурно изгледа како сон во споредба со денешната крвава збрка. Обнова на федерацијата на сите народи, базирана на национализирана планска економија, е апсолутна потреба. Но таквата федерација мора да биде демократски контролирана и управувана од самите работните народи, а не од кликите на привилегирани бирократи со поставени интереси играјќи си со националните разлики на нивните сопствени себични интереси, односно Социјалистичка Федерација на Балканот. Само работните луѓе немаат интерес во угнетување на луѓето од другите националности. Затоа, како што Ленин често повторуваше, решението на националното прашање може да се постигне само ако пролетаријатот ја заземе власта во свои раце. Секое друго решение ќе води, во најдобар случај во делумен и нестабилен напредок, а најлошо во потполна катастрофа. Судбината на поранешна Југославија е немилосрдно предупредување до сите работниците во овој поглед.
За интернационалистичка политика!
Тој самиот има земја, ако е поседувач на имот или во некој степен има слобода и средства да постане таков. Тој кој го нема тоа, нема ни земја. – Вајтлинг
Работникот нема земја. – Комунистички манифест
Националното прашање е таква широка тема што презентираниот документ не претендира ништо повеќе од епитомизација на главните точки на марксистичките ставови. Тоа е почеток на поопшта дебата на ова прашање низ која работничкото движење може да заземе јасен и принципиелен став. Низ сериозна дискусија за националното прашање ние можеме да го подигнеме нивото на напредните работници и младина, може да имаме голем удел во светски рамки, и да ги удриме темелите за изградба на интернационално движење врз цврсто тло на марксистичката теорија. Во Комунистичкиот манифест Маркс и Енгелс истакнаа дека прва задача на пролетаријатот е да ги „среди сметките со својата сопствена буржоазија“, да ја отфрли буржоазијата во својата земја и да се постави на чело на нацијата. Но, тие додадоа дека „иако не во основа, ама во форма, борбата на пролетаријатот со буржоазијата е првенствено национална борба“. Што значи ова? Очигледно е дека работничката класа мора првин да ја освои власта во својата земја. „Бидејќи пролетаријатот првин мора да постигне политичка надмоќ, мора да се подигне да биде водечка класа на нацијата, мора самиот да ја конституира нацијата, тој досега самиот е национален, иако не во буржоаска смисла на зборот.“
Но, според Маркс, ова е само формата, а не и содржината на социјалистичката револуција. Еднаш освојувајќи ја власта во нивната земја, работниците ќе бидат конфронтирани со опозицијата на буржоазијата од другите земји. Вистинското значење на пролетерската револуција не е национално, туку интернационално, и не може конечно да успее пред да се прошири во главните земји на капитализмот.
Непомирливиот интернационализам на Комунистичкиот манифест пламнува од секој ред:
„Националните разлики и антагонизми помеѓу народите секојдневно се повеќе и повеќе исчезнуваат поради развитокот на буржоазијата, слободата на трговијата, светскиот пазар, униформноста на начинот на производство и заради условите на живот што кореспондираат на претходното.
„Надмоќноста на пролетаријатот ќе предизвика тие уште побрзо да исчезнат. Обединетата акција на водечките цивилизирани земји, на крајот, е еден од првите услови за еманципација на пролетаријатот.
„Сразмерно на завршувањето на експлоатацијата на една единка од друга, на експлоатацијата на една нација од друга ќе и се стави крај. Сразмерно на исчезнувањето на антагонизмот помеѓу класите во рамките на нацијата, така и на непријателствата на една нација кон друга ќе им дојде крајот.
„Се разбира, за марксистите, теоријата е водителка за акција. Елементарна должност е борбата против секоја и било каква манифестација на национално угнетување, расизам, дискриминација и неправда. Неопходно е во секоја земја да се разработи цврста програма за барањата во овој поглед. Без секојдневна борба за напредок под капитализмот, социјалистичката револуција ќе биде утопија. Масите можат само да бидат обучени и јаки за последната битка преку учество во цела серија на делумни битки и престрелки (штрајкови, демонстрации, итн.). Се разбира дека е исправна и потребна борбата за секој напредок, ма колку и тој да бил делумен, а се стреми да ги подобри состојбата на масите. Тоа не се однесува само за социјалните реформи, образованието, здравството и живеалиштата, пензиите итн., туку и за демократските барања до степенот овие да ја задржат и најмалата виталност.
Во Британија, на пример, е неопходно да се бориме за укинување на монархијата и Домот на лордовите, овие реакционерни реликти од феудализмот. Во секоја земја ние ќе застанеме за правата на жените и ќе се бориме за најнапредна легислатива во полето како абортусот и разводот. Истото се однесува и за националното прашање. Британските марксисти даваат критичка поддршка за автономијата на Шкотска и Велс. Ова е елементарно демократско барање и се разбира должност е на марксистите за поддршка за демократските барања кои имаат и најмала прогресивна содржина. Се разбира, одобрувањето на парламент за Велс и Шкотска нема да реши ништо фундаментално, но тоа е делумна демократска реформа на која никој социјалист не може да и се спротивстави.
Но, тоа не е доволно. Во современи услови, ниедна реформа, било економска, социјална или демократска, не можат подолго да потраат доколку не водат во фундаментални промени во општеството. Дамна, во 1920, на Вториот конгрес на Комунистичката Интернационала, Ленин истакна дека националното прашање може да се реши само со победата на пролетаријатот и тој демонстративно го отфрли слоганот на буржоаско-демократското движење од програмата на Интернационалата, заменувајќи го со изразот: „национално ослободителни движења“ (или народно-ослободителни движења). Значењето на ова беше потполно изгубено од оние жални „марксисти“ кои капитулираа пред барањата на националистичките водачи на буржоазијата и ситната буржоазија кои бараа работничката класа да ја остави настрана нивната борба за социјализам и да се потчинат на „националната борба“, т.е. да го прифатат раководењето од буржоазијата и националистичките елементи од средната класа. Напротив Ленин покажа дека во модерната епоха буржоазијата е неспособна да го реши националното прашање. Ставот на ленинистите беше заокружен од Троцки: „Правото на национално самоопределување се разбира е демократски, а не социјалистички принцип. Но, вистинските демократски принципи се поддржани и реализирани во нашата ера само од револуционерниот пролетаријат; и заради оваа причина тие се исплетени со социјалистички задачи.“ (Троцки, Дела, 1939-40, стр.45, наше истакнување.)
Тоа е ставот на вистинскиот марксизам, кој ние го браниме. Во денешни услови, неопходно е да на секое ниво да ја поврземе борбата за демократските барања цврсто со перспективата за социјалистичка трансформација на општеството, експропријација на банкарите и капиталистите. И предусловите за ова се безусловното обединување на работничката класа и нивните организации. Нашиот борен слоган не е „нација против нација“ туку „класа против класа!“ Дури и нашата цел е неостварлива за една нација. Тоа е светски распространет социјализам. Таков беше ставот на сите големи марксисти од минатото. Во 1916 год., во периодот на црната реакција кога Европа беше во очаен напор на катастрофалната војна, Ленин напиша: „Целта на социјализмот не е да стави крај на поделбите на човештвото во мали држави и во изолација на нациите во сите свои форми, туку е повторен приод на нациите, но исто така и нивна фузија.“ (СД на Ленин, Социјалистичката револуција и правото на нациите на самоопределување, јануари-февруари 1916, том. 22, наше истакнување.)
И покрај сите докази, бранителите на капитализмот не сакаат да признаат она што растечки евидентно за сите што размислуваат: самата национална држава ја игра истата ретроградна улога што ја играше стариот феудален партикуларизам, локалните бариери и патарините од минатото. Понатамошниот развиток на човечката култура и цивилизација ќе биде можен само со тотално уништување на овие архаични бариери и нивна замена со испланиран и хармоничен развој на продуктивните сили во светски рамки. Не застарениот национализам, туку социјалистичкиот интернационализам е единствената надеж за човечката раса. Како што објасни Лав Троцки, целта на социјалистите не е подигнување на нови граници, т.е. нови бариери во човечкиот прогрес, туку укинување на сите граници и создавање на нов социјалистички светски поредок:
„Сите државни граници се пранги за продуктивните сили. Задачата на пролетаријатот не е да се задржи статус кво, т.е. да ги овековечи границите, туку напротив да работи на нивно револуционерно оттргнување со создавањето на Социјалистички обединети држави на Европа и на целиот свет.“ (Троцки, Дела 1935-36.)
Лондон, 25 февруари 2000 год.
Социјалистички апел: Во одбрана на марксизмот
In Defence of Marxism
Увод
Дел Први: Националното прашање во историјата
Дел Втори: Маркс и Енгелс и националното прашање
Дел Трети: Ленин за националното прашање
Дел Четврти: Националното прашање по Октомври
Дел Петти: Националната држава денес