Заборавената порака на Гоце Делчев
4 Мај 2010. Одбележување на денот на смртта на македонскиот револуционер и социјалист, борец за човечки правдини и слобода, Гоце Делчев. На плоштадот никнаа два споменика. Свечени делегации насекаде. Марксизмот цврсто стои зад правото на самоопределување на народите. Народите од „третиот свет“ добија поддршка и сила во ваквиот поглед, па во почетокот на 60-тите се кренаа против окупаторот и експлоататорот со цел да се изборат за независност и да излезат од тешкото колонијално ропство. Претходно, еден народ на Балканот, непризнаен и погазен од секој што поминал и со децении и векови останувал на овие простори, доби единствен сојузник во Коминтерната. На 24 Мај 1934 година со своја резолуција Коминтерната беше дотогаш прва и единствена меѓународна организација што го призна македонскиот национален идентитет и правото да основа своја држава. Овој факт очигледно излегол, го тргнале, не постои во учебниците во училиштата. Исто како што излезе т.е. го трнаа фактот дека Гоце Делчев покрај револуционер, бил и социјалист. Покрај борец за национална слобода, бил и борец за социјална правда. Како што фактите излегуваат од нашата историја, така на нивно место доаѓа некое ново оживување на романтизмот во нашата историја. Така на децата и младите им се всадува нејаснотија во нивниот несомнен идентитет, им се пренесуваат чувства наместо факти. И тој идентитет така пренесен од нациналистичко-романтичарската историја подоцна преминува во насилен, офанзивен облик на однесување насочено кон зачувување и запазување на својот идентитет изграден на кула од песок. Тој идентитет преминува во национализам кој мора да се храни постојано со нови содржини, споменици и постојани надворешни и внатрешни непријатели. Едни од тие споменици на кои се претставени Гоце Делчев и Даме Груев веќе се поставени.
Национализам и патриотизам
Гоце Делчев го разбираше светот како „поле за културен натпревар меѓу народите“. Денешната владејачка елита ги разбира (или поточно сака да ни ги претстави) нашите соседи како агресори и непријатели, дека не мразат и се постојано против нас (Србија за Црквата, Бугарија за народот, Албанија за делот од националностите, Грција за се). Па прашуваме кој Гоце ни го претставуваат на коњ? Нашиот или нивниот?
Даме Груев се залагаше за ослободување и добивање независност исклучиво преку самостојни сили и средства. Денешната владејачка елита не убедува дека без НАТО и ЕУ сме ништо, дека немаме друг избор за нашата несомнено (водена од нив) „светла“ иднина. И тука се поставува истото прашање.
Национализмот е успешна и најкористена алатка (особено изминативе две децении на Балканот) за завладување и целосно покорување на народот, и особено за одвелкување на вниманието од трагичната состојба во која западна работничката класа. Затоа владејачките елити успешно ги мешаат двата различни термини „национализам“ и „патриотизам“ притоа тенденциозно изендачувајќи ги. Според нив за да си патриот и да ја сакаш својата земја треба истовремено да мразиш други. Според нас, патриотизам е нешто сосема друго. Тоа е да се бориш за правата, напредокот и благосостојбата на сите работници, жени, студенти, пензинери во Македонија. Зошто Македонија е луѓето кои живеат, работат и делат иста судбина во неа, а не некоја мисловна именка романтичарски конструирана во 19 век, а искористена и злоупотребена во сегашноста од нашите влади.
Оние со спуштена глава
Ако веруваме во моралниот интегритет и високите човечки вредности на Гоце Делчев, тогаш тој беше револуционер и патриот според нашето сфаќање на патритизмот и тоа како се сака сопствената држава и народ. Тој за разлика од нашите водачи кои се удобно сместени во своите фотелји, беше постојано меѓу народот, ги слушаше и на своја кожа ги чувствуваше нивните проблеми и маки, сочуствуваше со нив, се бореше за нив и го положи својот живот. Додека се криеше беше пекар. За разлика од нашите влади кои им го земаат лебот од уста на луѓето, тој ако не со леб, со својата посветеност во борбата ги хранеше. На 4 Мај свечена владина делегација положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во истоимениот Студентски Дом. Воопшто не прашаа како им е на студентите во руинираниот дом. Ја одработија обврската и заминаа. За разлика од лажните патриоти, Гоце Делчев би постапил поинаку. Тој беше учител и го образуваше народот. За разлика од владите кои се борат само за власт, а иднината на повидок е всушност сегашноста или полошо, Гоце се бореше и загина за слобода и подобра иднина на наредните поколенија.
Двата споменика на револуцинерите на коњ високи 5 метри се поставени. Гордо, со кренати глави владините функционери ликуваат. А животот продолжува. Под нив, од Камениот мост кон плоштадот и обратно врват реки народ, работници со наведнати глави, изнемоштени, експлоатирани, неплатени, невработени, стечајци. И студенти без перспектива.
Коалиција на прогресивните
Едната владејачка елита вели дека спомениците ќе го обезбеделе националното единство. Очигледно ќе го обезбедат само единството во владината коалицијата со формирањето на триаголникот Скендербег-Делчев-Груев.
Другата критикува за овие споменици, а има амнезија за своите транзициони споменици насекаде низ државата.
И едните и другите се всушност една иста коалиција која наизменично се менува на власт веќе 20 години, со заедничка цел уште поголемо раслојување на општеството, свое одделување во посебна привилегирана, политички и финансиски моќна класа и подјармување на работничката класа.
На оваа коалиција мора да се спротистави друга нова коалиција многу поцврста и побројна. Коалиција на работници, студенти, еманципирани жени, етникуми во братство-единство и воопшто прогресивни луѓе!
Зошто кога веќе е прозрена намерата на владејачките елити, кога е работничата класа свесна, тогаш и не се толкав проблем нивните ефтини (се извинувам-скапи) финти Тие не се пречка во борбата може на спомениците да им се даде и подруго значење подоцна кога маглата што ја сеат ќе се крене и новата коалиција профункционира.
Само, борбата мора да започне.
Автор: З.В., објавено на 4 мај 2010