ОпштоТеорија

Марксизмот и националното прашање

Националното прашање т.е. угнетувањето на нациите и националните малцинства, кое го карактеризира капитализмот од неговото раѓање до денешно време, отсекогаш заземало централна позиција во марксистичката теорија. Делата на Ленин посебно се занимаваат со оваа тема во голема мерка и сѐ уште претставуваат значајна основа за расправа на оваа најсложена и најексплозивна тема. Навистина, без правилно разрешување на националното прашање, болшевиците немаше да дојдат на власт во 1917 год. Само со заземањето на челната позиција на угнетуваните слоеви на општеството можеше да се обедини пролетаријатот под знамето на социјализмот за да масите ги принудат угнетувачите да ја напуштат власта. Неуспехот да се почитуваат проблемите и аспирациите на угнетените националности во царската империја сериозно ќе ја поткопаа револуционерната борба на пролетаријатот.

Увод
Дел Први: Националното прашање во историјата
Дел Втори: Маркс и Енгелс и националното прашање
Дел Трети: Ленин за националното прашање
Дел Четврти: Националното прашање по Октомври
Дел Петти: Националната држава денес

автор: Алан Вудс и Тед Грант
датум: 25/02/2000

Увод

Националното прашање т.е. угнетувањето на нациите и националните малцинства, кое го карактеризира капитализмот од неговото раѓање до денешно време, отсекогаш заземало централна позиција во марксистичката теорија. Делата на Ленин посебно се занимаваат со оваа тема во голема мерка и сѐ уште претставуваат значајна основа за расправа на оваа најсложена и најексплозивна тема. Навистина, без правилно разрешување на националното прашање, болшевиците немаше да дојдат на власт во 1917 год. Само со заземањето на челната позиција на угнетуваните слоеви на општеството можеше да се обедини пролетаријатот под знамето на социјализмот за да масите ги принудат угнетувачите да ја напуштат власта. Неуспехот да се почитуваат проблемите и аспирациите на угнетените националности во царската империја сериозно ќе ја поткопаа револуционерната борба на пролетаријатот.
Двете фундаментални бариери на човечкиот прогрес се, на една страна, приватната сопственост на средствата на производство и на другата националната држава. Но, додека првата половина од проблемот е доволно јасна, на втората половина не и се обрнува внимание. Денес, во епохата на империјалистички пад, кога лелекот од контрадикциите на социоекономскиот систем кој од корен се распаѓа, ги достигнаа најнеподносливите граници, националното прашање уште еднаш се крева насекаде со најтрагични и најсангвинични последици. Далеку од мирното губење на значење како античка фаза од човечкиот развој, како што мислат безнадежните реформисти, се употребува посебно пакосна и отровна форма која ги загрозува нациите да паднат во варварство. Решението на овој проблем е витална компонента за победата на социјализмот во светски рамки.
Ниедна земја, дури ни најголемите и најмоќните држави, не можат да ја поднесат разурнувачката доминација на светскиот пазар. Феноменот што буржоазијата го опишува како глобализација, предвиден од Маркс и Енгелс пред 150 години, се развива како под лабораториски услови. По Втората светска војна, а посебно последниве дваесетина години, имаме колосална интензификација на меѓународната поделба на трудот и енормен развој на светската трговија, со степен за кој ни Маркс и Енгелс не можела да сонуваат. Заедничкото ткаење на светската економија се спроведува како никогаш досега во човечката историја. Ова е најпрогресивен развој затоа што се поставени материјалните услови за светскиот социјализам.
Контролата на светската економија е во рацете на 200 најголеми интернационални компании. Концентрацијата на капиталот ги достигна вртоглавите пропорции. Секој ден 1,3 билион долари поминуваат низ границите во меѓународните трансакции, а 70% од овие се случуваат во мултинационални рамки. Со секој ден кој одминува, огромните монополи се засилуваат во смртоносната битка за заземање на други гиганти. Се фрлаат огромни пари на овие операции со кои се сконцентрира незамислива моќ во рацете на се помалку и помалку компании. Тие се однесуваат како разјарени и ненаситни канибали, ждерејќи се самите себеси за поголем и поголем профит. Во оваа канибалистичка оргија, работничката класа е секогаш губитник. Поскоро се спојуваат, а управната канцеларија прогласува нов бран на отпуштања и затворања, па безмилосен притисок на работната сила да ги подигне профитните маргини, дивиденди и егзекутивни исплати.
Во овој контекст Лениновата книга „Империјализмот како највисок степен на капитализмот“ бара осовременување. Ленин објаснил дека империјализмот е капитализмот во периодот на големи монополи и трустови. Ама степенот на монополизација во Лениновото време е како детска игра во споредба со денешната ситуација. Во 1999 год. бројот на прекугранични преземања е застрашувачки 5100. Згора вредноста на спогодбите порасна за 47% споредено со 1998, за рекордно високи $798 милијарди. Со овие вртоглави суми може да се разрешат повеќето од проблемите на светска сиромаштија, неписменоста и болести. Но, се претпоставува егзистенција на рационален систем на производство во кој потребите на мнозинството се во предност во однос на суперпрофитите на малкутемина. Колосалната моќ на овие гигантски мултинационални компании, што забрзано се спојува со капиталистичката држава, го предизвикуваат феноменот што американскиот социолог Рајт-Милс го нарече „Милитарен индустриски комплекс“, кој еве доминира со светот поцелосно од било кога во историјата.

Тука ја согледуваме контрадикацијата. На основа на глобализацијата, се брани аргументот од страна на буржоазијата, а посебно од ситната буржоазија, дека националната држава не е важна повеќе. Ова не е новост. Истиот аргумент го постави Кауцки за време на Првата светска војна (теорија за т.н. „ултра-империјализам“), кога тврдеше дека со развој на монополскиот капиталистички империјализам постепено ќе се отстранат контрадикциите на капитализмот. Нема да има повеќе војни затоа што развојот на капитализмот ќе ги направи националните држави излишни. Истата теорија е поставена и денес од страна на ревизионистот Ерик Хобсбоум во Британија. Бившиот сталинист кој отиде во десното крило на Лабуристичката Партија тврди дека националната држава е транзиционен период од човековата историја која сега поминува. Буржоаските економисти ги истакнувале истиве аргументи низ историјата. Тие се обидуваат да ги укинат контрадикциите инхерентни на капиталистичкиот систем само со одрекнување на нивното постоење. Ама во исто време, кога светскиот пазар стана доминантна сила на планетава, националните антагонизми се со разјарен карактер и националното прашање, далеку од тоа да е укинато, насекаде се разбира како посебно силно и отровно.
Со развојот на империјалистичкиот и монополски капитализам, капиталистичкиот систем ги прерасна тесните граници на приватната сопственост и националната држава ја игра приближно истата улога денес како што ја играа и ситните локални кнежества и држави пред издигањето на капитализмот. За време на Првата светска војна Ленин напиша: „Империјализмот е највисокото ниво на капитализмот. Во најистакнатите земји капиталот ги прерасна границите на националната држава, го смени натпреварот со монопол и ги создаде објективните услови за постигање на социјализам“. (Ленинови Собрани Дела, Социјалистичка револуција и Правото на народите на самоопределување, јануари февруари 1916, том 22.) Кој не ја разбере оваа елементарна вистина нема да може да ги разбере, не само националното прашање, туку сите најважни манифестации во сегашната епоха.
Целата историја на последниве сто години е историја на побуни на продуктивните сили против тесните рамки на националната држава. Од ова произлезе светската економија и со светските кризи и светските војни. Затоа сликата на професорот Хобсбоум за светот во кој националните контрадикции се елиминираат е чисто јалова фантазија. Напротив. Со општата криза на капитализмот националното прашање не е ограничено само во бившите колонијални земји. Почнува да делува и во високо развиените земји, дури и таму каде изгледа дека е решено. Во Белгија, една од најразвиените европски земји, конфликтот меѓу Валонците и Фламанците зазема разјарен карактер кој под одредени услови може да доведе до расцеп на Белгија. На Кипар постои конфликтот помеѓу Грците и Турците, и поголем антагонизам меѓу Грција и Турција. Неодамна националното прашање на Балканот ја вовлече Европа на работ на војната.
Во САД постои проблем со расизмот против црнците и латино-американци. Во Германија, Франција и другите земји гледаме дискриминација и расистички напади против имиграцијата. Во бившиот Советски Сојуз националното прашање резултираше во крвав хаос и граѓански војни на една земја против друга. Во Британија, каде капитализмот постои најдолго, националните прашања се неразрешени, не само за Северна Ирска, туку и за Велс и Шкотска. Во Шпанија го имаме прашањето на Евскади, Каталонија и Галиција. Најчудно од се е дека по сто години од обединувањето на Италија, Северната Лига го турка реакционерното барање за расцеп на Италија на база на самоопределување на северот („Паданија“). Заклучокот е неизбежен. Го игнорираме националното прашање на наша штета. За таа цел, се обраќаме до работниците и младината, во редовите на социјалистичките и комунистичките партии, кои сакаат да ги разберат идеите на марксизмот во борбата да го променат општеството. Ним им е посветено ова дело.

следно: Дел Први: Националното прашање во историјата

Содржина

Увод
Дел Први: Националното прашање во историјата
Дел Втори: Маркс и Енгелс и националното прашање
Дел Трети: Ленин за националното прашање
Дел Четврти: Националното прашање по Октомври
Дел Петти: Националната држава денес