Избори во Грција: за пораз на десницата потребна е обединета борба!
Уредувачки одбор на Епанастаси, 25 мај 2023
Резултатите од изборите во Грција, што се одржаа на 21 мај, донесоа победа за традиционалната партија на грчката владејачка класа, Нова Демократија, а поразителен пад на СИРИЗА, главната левичарска партија од последнава декада.
Ова се случува и покрај скандалот со нелегалните телфонски снимки кои долго време се влечат на грбот на режимот на Нова Демократија, и неодамнешната железничка трагедија со излетувањето на возот што се случи во февруари (последица на корупција и лош менаџмент), што предизвика силен гнев кон владата. Како да ги образложиме овие резултати?
Сосема е јасно и разбирливо дека после овие избори, има доза на фрустрација помеѓу голем дел од работниците и левицата. Меѓутоа, мора да се нагласи дека, според последните анализи, изборите се секогаш само одраз на социјалната свест во еден даден момент.
Згора на тоа, некои од резултатите, особено забележителниот пораст на Комунистичката партија (KKE) помеѓу работничката класа, ја покажуваат поларизацијата и растечката желба за вистинска левичарска алтернатива. Ова не е време за песимизам, туку е време на обединување на левицата против опасноста за мнозинство на Нова Демократија и создавање на влада во јуни!
Без значителни придобивки за десницата
Без разлика на големиот песимизам кој надвладува во некои слоеви од левицата, вкупниот број на гласови на десните партии и организации, не е значително покачен од минатите избори, и изнесува околу 49,83 проценти. На изборите во 2019 година, вкупниот број на гласови за десницата изнесуваше 48,46 проценти, скоро изедначено.
Уште пооптимистично е што политиките на десницата и крајната десница стануваат неатрактивни за младината и работничката класа.
Екстремната десница, без да се брои малиот процент на гласови (околу 1,5) од опортунистички и антиваксерски формации (Заедно, Движење 21, Повторно слободни), го зголеми својот процент на гласови од 7,26 во 2019 на 8,66 проценти во мај 2023.
Грчкото решение, предводено од демагогот Кириакос Велопулос, ја зголеми својата бројка од 3,7 проценти, 209.000 гласови или 10 места во парламентот во 2019, на 4,45 проценти, 262.000 гласови или 16 места. Овој пораст се должи на поддршката од скоро 40.000 гласачи кои се отворено фашисти (сега веќе нелегални) Златна зора.
Крајно десната религиска партија Ники, со 2,92 проценти или 172.000 гласови, за малку не успеа да влезе во парламентот. Оваа бројка на гласови се должи на активната поддршка од страна на делови од грчката православна црква.
Со ваквите резултати општата проценка е дека екстремната десница нема да биде во можност да игра самостојно внатре буржоаските политички кругови, и ќе остане алтернативна сила, секогаш корисна на владејачката класа за парламентарна поддршка на големите партии.
Зошто победи Нова демократија?
Нова Демократија освои 40,79 проценти, со скоро 2,4 милиони гласови или 146 (од вкупно 300) седишта во парламентот (надминувајќи ги предвидувањата на анкетите); споредено со 39,8 проценти, 2,25 милиони гласови или 158 седишта во 2019 (во тоа време гласачкиот систем доделуваше бонус од 50 седишта на победничката партија).
Зголемениот број на гласови за Нова Демократија од речиси1 процент не е некоја особена придобивка за партија која е традиционален слуга на капиталот. Ова само ја покажува силната тенденција на малограѓанските слоеви кои се потпираат на партијата. Во 2019, Нова демократија освои 38,4 проценти од фриленсерите, додека на 21 мај годинава, доби поддршка од околу 51,9 проценти. Сличен тренд е забележан помеѓу фармерите, од кои доби околу 47,5 проценти.
Победата може да се објасни и со релативната стабилизација на грчката економија во изминативе неколку години, за разлика од очајната положба во која се наоѓаше од 2015 година (кога СИРИЗА капитулираше пред диктатот на Тројката и спроведе драконски мерки за штедење наложени од ЕУ), и лошата положба по Ковид пандемијата.
Додека Грција, заедно со другите европски земји, беше под удар на инфлацијата, тој удар беше ублажен од страна на фискалните олеснувања на Европската унија и еднократните државни бенефиции. Ова без сомнение ќе ја интензивира кризата во иднина, но на кратка стаза Нова демократија успеа да создаде определена економска стабилност.
Ваквата стабилизација доби на поддршка од страна на средната класа, но сосема друга е приказната помеѓу работниците и младината. Во овие слоеви, Нова демократија доби пониски резултати од својот национален процент. Доби 31,5 проценти кај младината помеѓу 18-24 годишна возраст; а во поголемиот дел од изборните единици на работничката класа како што се Б2 западен сектор на Атина и Б Пиреја, доби 34,46 и 37,46 проценти.
Главниот извор на нови гласови за Нова демократија не се гласачите од работничката класа туку конзервативците, постари гласачи на централната десница кои доаѓаат од тн. Централна лева алијанса ПАСОК-КИНАЛ, кои ја сметаат оваа партија за свој природен политички сојузник. Според статистиката, имаше скоро 60.000 такви гласачи.
Генералниот изборен резултат на Нова демократија е еден од најниските процентуално во декадите по падот на диктатурата. Сличен е по бројот на гласови кога на чело на партијата беше Караманлис, кога во 2009 година изгуби од ПАСОК на Папандреу (со скоро 2.3 милиони гласови).
Причина за колапсот на СИРИЗА
Главниот феномен на овие избори беше тешкиот пораз на СИРИЗА, која освои 20,07 проценти од гласовите, точно 1.182 милиони гласови и 71 место во парламентот. Во 2019 партијата освои 31,53 проценти, 1.781 милиони гласови или 86 места. Главната причина за ваквиот пораз е поместувањето на партијата кон десно и предавничките политики на нејзиниото лидерство.
Да напоменеме дека главниот фокус во предизборната кампања им беше насочен кон корупцијата и криминалот на режимот на Нова демократија, а не кон некаква конкретна програма која ќе адресира проблеми и потреби на работничката класа. Ваквата стратегија се покажа како крајно погрешна, а притоа помогна Нова демократија да се заштити од одговорност за своите дела.
СИРИЗА изгуби значаен дел од своите гласови на сметка на десницата. ПАСОК-КИНАЛ добија вкупно 136.000 гласови од СИРИЗА, Грчкото решение околу 52.000, а Нова демократија 48.000. Како и да е, додека резултатите не се официјално објавени, со оглед на тоа што СИРИЗА изгуби околу 600.000 гласови, изгледа дека главниот извор на загубата на нивните гласови беа некои партии од левото крило, а мали анти-естаблишмент партии (Пат на слободата, Коалиција за уривање на власта, Антарсија, итн).
Забележително е што СИРИЗА изгуби 74.840 гласови на сметка на ККЕ, и 58.780 на сметка на партијата на Јанис Варуфакис Мера25. Понатаму, со оглед на тоа што СИРИЗА го доживеа најлошиот пораз од било која друга партија досега, најверојатно е одговорна за најголемиот дел од 50.000 неважечки гласови во споредна со 2019 година.
Загубата на партијата доаѓа најмногу од работничката класа. Во погоренаведениот Б2 западен сектор на Атина и Б Пиреја, СИРИЗА падна од 38,6 на 22,71 процент, и од 38,22 на 20,75 проценти соодветно. Ваквите резултати јасно го покажуваат убедливиот неуспех на раководството на СИРИЗА да ги убеди работниците дека нивната програма ги претставува нивните интереси, но и тоа дека работничката класа има огромна недоверба кон партијата која многу пати изминативе години ја има разочарано нивната доверба.
СИРИЗА исто така изгуби гласови и помеѓу ситната буржоазија, паѓајќи од 22,6 на 18,7 проценти кај фриленсерите и на 13 проценти (под ПАСОК-КИНАЛ) помеѓу фармерите.
Ваквите резултати јасно ја покажуваат капитулацијата на раководството и неговата стратегија да заземе некоја средина и да ја таргетира средната класа, во чие име, веќе осум години остатокот од левичарските елементи во нивната програма се разводнува, а вратите широко се отвораат за кариеристи од стариот ПАСОК на Симитис и ДИМАР на Кувелис. Дури се примаат и официјални лица на Нова демократија на Караманлис, како што е стариот претставник Антонарос.
Заземањето на некаква средина не само што ја оддели работничката класа и левичарите, но исто така не успеа ниту да ги сочува десетиците илјади гласови на ситната буржоазија, која се приближи кон десно кон Нова демократија, но најмногу кон ПАСОК-КИНАЛ.
Единствено зголемување на гласачкото тело СИРИЗА најде кај младите луѓе помеѓу 18 и 24 години, каде освоија 28,8 проценти од гласовите, споредбено со 25,6 проценти во 2019 година, како последица на еден тренд во кој младината се насочува кон лево. Доколку радикално не го промени својот курс, СИРИЗА се соочува со можна изборна маргинализација, нешто налик на ПАСОК.
Причина за изборниот раст на ПАСОК-КИНАЛ
ПАСОК-КИНАЛ под водство на Никос Андрулакис доби 11,46 проценти од гласовите, со скоро 675.000 гласови или 41 место; споредбено со 8,10 проценти или 457.000 гласови и 22 седишта во 2019 година. Ваквиот изборен успех беше триумфално прославен од страна на раководството на партијата и владејачката класа, кои заедно ја претставуваат партијата како растечка сила, спремна да ја поврати својата позиција која ја загуби во претходната деката од СИРИЗА.
Но подемот на СИРИЗА беше предвиден со колапсот на ПАСОК и нејзиното влијание помеѓу работничката класа и младината. Изборите од 21 мај покажуваат дека ПАСОК-КИНАЛ се сеуште слаби со нивното влијание во работничката класа и младината, добивајќи значително помал број гласови во овие слоеви споредбено си нивниот национален процент.
Во Б2 западениот сектор во Атина и Б Пиреја, ПАСОК-КИНАЛ завршија не само зад СИРИЗА туку и зад ККЕ, со само 8,80 и 7,41 процент соодветно. Генерално, јадрото на гласачите на ПАСОК-КИНАЛ се слоеви на ситна буржоазија од градовите и селата, а најголем дел од гласовите се од провинциските градови.
Важно е да се напомене дека во сите региони од четири од вкупно пет најголеми градови (Атина, Солун, Патра и Пиреја), ПАСОК-КИНАЛ не само што имаше лоши резултати во споредба со нивниот национален резултат, но во сите освен еден регион освои едноцифрен процент! Влијанието на партијата помеѓу младите од 18 до 24 години останува на 10,5 проценти.
Главната причина за растот на гласовите кај ПАСОК-КИНАЛ, како што покажуваат резултатите, е тоа што одзеде околу 162.000 гласови од СИРИЗА. Интересно е тоа што 37,2 проценти од гласачите кои се декларираат како леви или централно леви гласаа за оваа коалиција! Ова е јасен доказ за тоа колку длабоки корени има стариот традиционален пасок во грчкото општество и свеста особено кај постарите, поконзервативни слоеви од работничката класа.
Со оглед на сево ова, кампањата на ПАСОК-КИНАЛ одзеде дел од гласовите на СИРИЗА, со тоа што делуваше левичарски, барем во реториката. Нивната кампања беше доста агресивна кон владата на Нова демократија (ставајќи го скандалот со прислушувњето во преден план), но исто така вклучи и неколку програмски реформи, како што е градењето на 150.000 куќи за млади брачни парови, одмрзнувањето на тригодишниот период на замрзнати плати на работниците, укинувањето на одредбите од последниот закон на Нова демократија за работно време и откази, покачување на платите на работниците во јавниот сектор, намалување на ДДВ-то за основните прехрамбени продукти и продуктите за лична хигиена, заштита на државната здравствена служба, покривање на сите слободни места во здравството со постојано вработување, враќање на ЕКАС (субвенција за социјална солидарност за пензионерите) за 350.000 пензионери со најниска пензија, и изградба на нови студентски капацитети.
Со ова, важно е да се напомене дека, од историски аспект гледано, ПАСОК-КИНАЛ има 70.000 гласови помалку, дури и од резултатот постигнат од ПАСОК под водство на Венизелос, по изборниот пораз од СИРИЗА во 2012 година. Нивната нагорна линија е сеуште слаба.
Подемот на ККЕ го покажува револуционерниот потенцијал
Во меѓувреме, грчката комунистичка партија (ККЕ) постигна значаен пораст во гласовите, со 7,23 проценти и освоени околу 426.000 гласови или 26 места во парламентот. Во 2019 година освои 5,3 проценти, 299.000 гласови или 15 места. Значаен раст на гласовите беше забележан во области каде има поголем број на население од работничка класа. Во сите овие области во Атина и Пиреја е трета партија, надминувајќи ја ПАСОК-КИНАЛ.
Ваквиот раст на гласовите на ККЕ е најдобар одговор за песимистите од левото крило, кои ги преплавија социјалните медиуми откако беа објавени резултатите. Ова претставува обновување на претходниот успех кој партијата го постигна на изборите во мај 2012 година, кога класната борба беше силно разгорена.
Ваквото зацврстување на влијанието кое го има партијата на изборите, го покажува јасно потенцијалот кој денес постои за промена на позициите помеѓу СИРИЗА и ККЕ низ работничката класа. Исто така постои и потенцијал за промена на соодносот на силите внатре партијата, помеѓу тие кои поддржуваат реформизам и тие кои поддржуваат комунизам.
Во секој случај, овој пораст е сеуште недоволен, што наложува на тоа што поскора корекција на сите реформистички грешки во политичката позиција на партијата. Доколку се пропушти корекцијата на овие грешки, ќе се пропушти мементумот кој е добиен со изборите на 21 мај: како што претходно видовме во колапсот на гласовите на ККЕ помеѓу мај и јуни 2012 година.
Како што претходно бевме сведоци на масовните протести по несреќата во Темпи, на почеток сме на период на милитантно будење на работничките маси.
Во оваа ситуација, ККЕ ќе има нови големи можности да го развие своето влијание и ќе биде повикана да докаже дека ги научила потребните лекции од неуспехот да се развие во претходниот период на масовни борби. Но, за тоа, потребна е револуционерна комунистичка програма за поттик на работниците и младите.
Поразот на Мера25
На 21 мај, Мера25 доживеа дебакл. Од 3,44 проценти, околу 195.000 гласови или 9 места во 2019, падна на 2.62 проценти, околу 154.000 гласови и не успеа да влезе во парламентот.
Со ваквите резултати, партијата ја плати цената на неуспех да се поврзе со работничката класа и младината. Основните идеи на раководството, водено од Јанис Варуфакис, врз база на кои е изградена партијата, како што претходно имаме наведено, се неспособни да изградат одржлива, масовна левичарска партија.
Потрагата од страна на радикализираните делови на работничката класа и младината по разочарувањето од летото 2015 година, по партија со блиски политички видувања, доведе до определен интерес кон Мера25. Но, на крајот не беа целосно убедени дека може да се ослободат од олигархијата без целосно отцепување од капитализмот. Разбраа дека определени технички маневри во вака поставениот систем не може да бидат замена за револуционерна социјалистичка програма.
Владејачката класа ѝ нанесе силен удар на партијата, создавајќи хистерија околу предложената економска програма во “Планот Димитра”. Наместо раководството на партијата да го прифати предизвикот и да нападне со радикална кампања со која ќе се разоткријат криминалите во банкарството, тие (а особено Варуфакис) се поставија како засрамени апологети. Сево ова ја запечати нивната судбина.
“Прост пропорционален модел”, намалување на апстиненцијата и младината од Темпи
Изборите се одржаа по изборен систем, легализиран од страна на владата на СИРИЗА-АНЕЛ, и лажно претставен како “проста пропорционална застапеност”. Прагот од 3 проценти за влез во парламентот, значат дека 16 проценти од гласовите не добиваат никаков претставник во парламентот, што соодветствува со 48 места!
Укинување на ваков недемократски систем и замена со вистинска пропорционална застапеност мора е едно од основните демократски барања на работничкото движење и левицата.
Неизлезноста на изборите се намали од 42,22 на 39,06 проценти. Тоа значи дека излегоа на гласање околу 290.000 гласачи повеќе, споредбено со 2019 година. Врз база на предизборните анкети, и општата атмосфера во општеството по движењето Темпи, може да се претпостави дека ова се должи на големата излезност на младите луѓе.
Желбата на новата генерација да влезе на политичката сцена е опасен знак за владејачката класа. Врз база на податоците објавени за гласачите помеѓу 17 и 24, изгледа дека најголем дел ги поддржаа левичарските партии (СИРИЗА, ККЕ, Мера25 и некои други помали).
Бројот на гласови на ККЕ помеѓу младите порасна од 4,3 на 6,4 проценти. Иако позитивен, овој мал пораст покажува дека има потреба од уште поубедлива интервенција помеѓу младината.
Битката на 25 јуни е клучна
Победата на Нова Демократија на 21 мај предизвика силна еуфорија помеѓу капиталистите. Ова се рефлектира во објавата на партијата на нејзините арогантни цели на новите избори на 25 јуни. Во нив се вклучени, не само убедлива победа, туку и спречување на секаква шанса на ККЕ да им се приближе на ПАСОК-КИНАЛ, враќање на стариот двопартиски систем, и отфрлање на СИРИЗА како втора партија.
На работниците им е јасно дека, на следниот круг избори за еден месец, без искрено левичарско раководство кое ќе има програма за подобрување на нивните животи, спречување на мнозиство на Нова демократија е тешко изводливо. Исто така јасно им е дека таква влада ќе ги влоши нивните услови за живот, а ќе ги намали и шансите за било какви реакционерни уставни измени. Ваквите уставни измени се неопходни за силен отпор против политиките на Нова демократија, како што се отворање на приватни универзитети и натамошна приватизација на здравствениот систем.
Според сегашните правила за ревизија на уставот, во случај следниот парламент да има мнозинство од 180 пратеници (од вкупно 300) за првата партија, на членовите предложени од владата за ревизија ќе им треба мнозинство од 151 пратеник. Згора на тоа, под овој гласачки систем на изборите на 25 јуни, партијата која што ќе победи со 40,4 проценти од гласовите (0,4 проценти помалку од оние кои Нова Демократија ги освои на 21 мај), ќе го освои мнозинството. За секој добиен поен во процентот на гласовите кои одат за партиите надвор од парламентот, границата за мнозинство на првата партија е намалена.
Повторна убедлива победа на Нова Демократија за само еден месец ќе ја изложи работничката класа на силен напад од страна на нивната влада. Поради ова не смееме да пристапиме на оваа изборна битка со рутински став. Оваа борба мора да се води од сите сили на работничката класа, обединети со борбен дух и класна солидарност. Од оваа гледна точка, ништо не е попоразително од песимизмот и скептицизмот кој се шири од страна на реформистичките лидери, кои се одговорни за моменталната состојба, и кои ги обвинуваат работниците за нивната слабост и кукавичлук.
Ние велиме: обединета борба е неопходна да се спречи десничарско мнозинство на Нова Демократија, со што би ја добиле власта во свои раце. Ако семето на обединета борба се посее сега, дури и најстрашното сценарио на можна победа на Нова Демократија на 25 јуни, би било потценето.
Но, она што ја спречува обединетата борба е кукавичлукот на раководството на СИРИЗА, кое ги црпи само погрешните лекции од изборите во мај; како и секташкиот одност на раководството на ККЕ, кои сметаат дека автоматски ќе растат со поразот на СИРИЗА.
Вистина е дека во левицата силите се вртат во полза на ККЕ, со самото тоа што голем дел од работниците и младината бараат борбен излез од ќорсокакот. Раководството на СИРИЗА мора да биде предизвикано. Раководството на ККЕ мора да превземе иницијатива во борба против десното крило со што би предложило обединет фронт на левицата на изборите на 25 јуни и понатаму.
Велиме: Не на песимизмот! Нема позначаен премин на општеството кон десно! Нова Демократија победи со маргинално зголемување на постоечките гласови. Вкупната поддршка за десничарските партии во општеството во суштина е иста со 2019 година и само еден од четворица граѓани гласале за Нова Демократија.
Мора да се запрашаме: како е можно единство кога лидерите на левичарските организации се толку длабоко поделени? Само преку борба, со мобилизација на младината и на работничката класа против опасноста од мнозинство на Нова Демократија, како што покажа мобилизацијата предизвикана од несреќата во Темпи.
Обединет фронт на работниците во борба против десницата, составен од СИРИЗА, ККЕ, Мера25 и други помали левичарски партии, мора да се организира врз база на кампања за да ги неутрализираат реакционерните напади кои ги припремаат капиталистите и можното мнозинство на Нова Демократија. Ниту еден глас од работничката класа, сиромашните и младите кон десницата!
Понатаму е многу важно, гнилата улога на медиумите кои се контролирани од страна на олигарсите, постојано да е напаѓана и осудувана.
И над сè, најважна е посветеноста за создавање на широка левичарска влада, да ги укинат реакционерната легислација и антиработничките закони донесени од Нова демократија. Ова е прв чекор кон важна дискусија во работничките и младински движења кон една јасна антикапиталистичка програма.
ККЕ мора да ја превземе иницијативата за борба против десното крило и промовирање на широк работнички фронт. Само борба за социјализам може да гарантира подобра иднина за грчката работничка класа. Ајде да ја водиме оваа дискусија отворено, а не зад затворени врати. Единственото политичко решение е избор на работничка влада која ќе имплементира социјалистичка програма!
(статијата е преземена од оригиналната изјава на грчки јазик објавена во списанието Епанастаси)