ДемократијаИнтернационала

Убиството на Чарли Кирк создаде маченик за движењето МАГА

Ако е доволно да се вооружиш со пиштол за да ја постигнеш својата цел, зошто тогаш напорите за класна борба? Ако малку барут и парче олово е доволно да го погодиш непријателот во вратот, каква потреба има од класна организација?

— Леон Троцки, „Зошто марксистите се против индивидуалниот тероризам“

Убиството на Чарли Кирк, највлијателниот евангелист на МАГА движењето меѓу конзервативната американска младина, предизвика шок низ политичкиот пејзаж. Трамп, кој му припишува заслуга на Кирк за победата на изборите во 2024 година, беше првиот што ја потврди веста за неговата смрт. Денеска, тој објави дека Кирк ќе биде постхумно одликуван со Претседателскиот Медал за слобода.

Кирк беше гнасен реакционер. Комунистите стојат против сè што тој застапуваше. Ние нe жалиме за неговата смрт. Но, мораме јасно да кажеме дека овој чин ќе има реакционерни последици.

Пред пукањето, МАГА движењето почна да се распаѓа по класни линии. Работничката класа која гласаше за Трамп, стануваше сѐ поразочарана од неговите прекршени ветувања, неспособноста да ја подобри економијата, неговата улога во прикривањето на скандалот со Џефри Епстајн и друго. Сега базата на Трамп има маченик околу кој може да се обедини. Наместо да ја подигне класната свест, атентатот на Кирк ќе ги разгорува поделбите во културните војни од кои се хранат реакционерите како Трамп.

„Жртва” на културната војна

Јавното убиство создаде драматична сцена. Универзитетот во Јута беше првата станица на турнејата низ земјата на десет универзитети планирана од кампањата на Кирк, Трнинг Поинт, којашто тврди дека има присуство на 3500 средни училишта и универзитетски кампуси. Додека говореше надвор пред публика од неколку илјади студенти, тој беше застрелан во врат од околу 200 метри. Во моментот на пишување, убиецот не е фатен и не е јавно идентификуван, иако ФБИ ја циркулираше сликата на лице за кое се смета дека е од интерес во потрагата.

Изгледаше како намерно да го избрал времето за убиството. Дваесет минути по почетокот на настанот, за време на сегментот на јавната дебата „Докажи ми дека грешам“, студент пристапи до микрофонот да го предизвика Кирк во врска со епидемијата на масовни убиства во земјата. Кирк ги опишуваше масовните убиства како дел од „духовната војна“ која се води од страна на трансродовите луѓе против христијанството. Ова стана чест аргумент во културната војна по едно пукање во католичко училиште во Минеполис минатиот месец, а Министерството за правда на Трамп дури размислува за забрана за трансродови лица да поседуваат оружје.

„Знаеш ли колку трансродови Американци биле масовни убијци во последните десет години?“ го праша студентот. Кирк предизвика аплауз од публиката со цинично одвраќање: „Премногу.“ Прашањето продолжи: „Знаеш ли колку масовни убиства имаше во Америка во последните десет години?“ „Броиме или не броиме насилство од банди?“ праша Кирк, пред да биде погоден со смртоносен куршум.

Темата за вооружено насилство беше позната за Кирк, кој помина бескрајни часови на својот дневен подкаст, ширејќи шовинистички и расистички изливи на теми како „родова идеологија“ и „црно насилство“. Во последната епизода на својот подкаст, објавена ден пред неговото убиство, Кирк посвети цел сегмент на „криминалот на црнци против белци“, тврдејќи дека Џорџ Флојд умрел од предозираност и дека „недоволно од нив [црни мажи] биле уапсени“.

Стив Бенон, друг водечки идеолог на МАГА, ја емитуваше својата програма во живо на својот дневен подкаст „The War Room“ кога излезе веста за пукањето. Тој веднаш зазеде борбен тон: „Мораме да имаме железна решителност. Чарли Кирк е жртва на војна. Ние сме во војна во оваа земја.“

Неговиот гостин, Џек Пособиек, кој често ги нарекува луѓето од левицата „нелуѓе“, повлече паралела со Луиџи Манџионе, наводниот убиец на менаџерот на Јунајтед Хелткер минатиот декември: „Добиваш МАГА или добиваш Манџионе. И сега Манџиони ги уништуваат МАГА… Ова е она што му го направивте на нашата земја. И она што ќе следи е поради вас.“

Повик за обединување на МАГА

Во ноќта по пукањето, иако властите сè уште не го идентификувале осомничениот или мотивот, Трамп сними видео изјава од Овалната канцеларија, осудувајќи го „политичото насилство на радикалната левица“. Претседателот ја поврза смртта на Кирк со обидот за негов атентат во Батлер, Пенсилванија, минатата година, како и со убиството на Брајан Томпсон. Тој заврши со ветување дека ќе ги најде „сите и секој од оние што придонеле за оваа трагедија и за друго политичко насилство, вклучувајќи ги организациите кои го финансираат и поддржуваат“. Други ликови од десницата веднаш ја прифатија истата нота. Водителот на Фокс Њуз, Џес Ватерс, изјави: „Се случува. Имате транс напаѓачи, имате немири во Лос Анџелес. Тие се во војна со нас, дали сакаме да го прифатиме тоа или не, тие се во војна со нас. И што ќе направиме за тоа? Колку политичко насилство ќе толерираме? … Ние сме болни, тажни, лути и решителни, и ќе ја одмаздиме смртта на Чарли на начин на кој Чарли би сакал да биде одмаздена.“

Десничарскиот автор, Мет Форни, напиша: „Доаѓа времето за целосна пресметка со левицата. Секој демократски политичар мора да биде уапсен и партијата забранета.“ Илон Маск напиша: „Левицата е партијата на убиства.“ Ендру Тејт напиша само два збора: „Граѓанска војна.“ Непосредниот ефект од убиството на Кирк е јасен. Тоа ја обедини американската крајна десница околу нивниот бес и го зајакна чувството дека се под опсада. Ова е истата порака која стои во срцето на пропагандата што Трнинг Поинт ја шири на кампусите со години: Тоа се конзервативците кои се бунтовници кои стојат против моќниците, а „левицата“ — термин кој ги обединува либералите, медиумите, политичката елита, па дури и милијардерите — ќе направи сè што е во нивна моќ за да ги спречи.

Од перспективата на било кој од поддржувачите на Кирк од Универзитетот во долината на Јута кои присуствуваа на неговиот говор, настаните од вчера несомнено го зајакнаа ова чувство. Наместо да го ослабат нивното уверување во трампизмот, тие го зацврстија нивното уверување дека се дел од праведно движење кое стои против моќен, насилен непријател. По неуспешниот обид за атентат на Трамп минатата година во Батлер, предупредивме на контрапродуктивните последици кои ќе произлезат од вакво сценарио: „Не е тешко да се замисли каква би била реакцијата на базата на Трамп ако куршумот од снајперот ја погодел својата цел. Веројатно тоа би запалило социјална експлозија на немири и насилни напади против секого кој се перципира како „другата страна“. „Комунистите природно се против Доналд Трамп. Но, јасно е дека секој исход од обидот за атентат на него ќе резултира со целосно реакционерен развој – таков што не прави ништо за да ја разјасни класната поделба низ општеството, вклучувајќи го и кампот на самиот трампизам. „Поголемиот дел од базата на поддршка на Трамп се состои од работници кои биле привремено измамени да веруваат во неговата демагогија. Нашата задача е да ја изостриме класната линија во општеството и да ги ставиме интересите на целата работничка класа во преден план, покажувајќи им на работниците дека нивниот заеднички непријател е капиталистичката класа, а не друг сегмент од работничката класа. На оваа основа, базата на Трамп може да биде поделена по класни линии.“

Како што инцидентот во Батлер му даде на Трамп огромен замав пред изборите минатата година, мачеништвото на Кирк ќе биде цинично искористено за обединување на десницата. Трамп може исто така да го искористи за да ја засили репресијата против своите политички противници. Но, како што многу пати објаснивме, неговата база не е хомоген блок кој оди чекор по чекор кон фашистички преврат. Напротив, тоа е нестабилна изборна алијанса која е осудена да се распадне под ударот на безмилосната капиталистичка криза. Демагогијата на културната војна може да ја одржи коалицијата одредено време, но не може да се мери со секојдневните удари на еден систем во пад.

Што понатаму со МАГА?

До сега, распадот на коалицијата на Трамп по класни линии напредуваше брзо, особено меѓу младите. Анкетата на ЦБС на крајот од јули откри дека одобрувањето на Трамп меѓу гласачите под 30 години паднало за 54 нето поени. Од 55% одобрување и 45% неодобрување во февруари, сега само 28% го одобруваат – пад од 44 поени – додека 72% не го одобруваат. Покрај поделбите во МАГА околу царините на Трамп, жестоки дебати дали „Америка прва“ значи поддршка на НАТО во прокси војната во Украина и геноцидот на Израел, и разгневеноста околу пресвртот на Трамп во врска со објавувањето на фајловите за Епстин, клучниот фактор што може да го распадне Трампизмот е економијата. Инфлацијата и долгот растат, додека бројот на барања за надомест за невработеност неодамна се искачи на највисокото ниво во последните четири години. Во вторникот, Бирото за трудова статистика објави дека биле создадени 911.000 помалку работни места од претходно објавеното. Економист од Инфлејшн Инсајт ја нарече оваа ревизија „поголема од било кој број, било претходен или конечен, што е виден најмалку од 2000 година.“ Ова доаѓа во време кога кризата на американскиот капитализам го поткопува нечистиот меѓу-класен сојуз на Трампизмот, а рекорден број од дури 70% од американското население вели дека нема верба во Американскиот сон. Иако бурата на бес нема да трае вечно, атентатот на Кирк ја притисна силно сета оваа тема во позадина. На нејзино место, културната војна се врати на преден план со обновена енергија. Затоа, атентатот е чекор назад, а не напред, во класната борба.

Комунистите разбираат дека МАГА не може да биде поразена од либералната елитa, a уште помалку преку акти на политички тероризам. Тaa може да биде поразенa само преку изградба на алтернатива заснована на класна борба, која ќе биде способна да се потпре на здравото класно незадоволство што Трамп цинично го манипулираи истото да го придобие. Ова бара организирана сила со програма за добри работни места, повисоки плати, универзално домување, здравство и образование, и независен став против двете владејачки партии. Нашата цел не е да ги убиваме или да ги замолкнеме нашите противници, туку да ги изложиме политички во очите на работничката класа, со цел да изградиме партија која ќе ги претставува интересите на мнозинството.

Владејачката класа е виновна за насилството

Политичари од двете партии се здружуваат во моралната осуда на политичкото насилство, користејќи јазик кој станал одвратно предвидлив. Практично секоја поважна политичка личност објави изјава со некоја варијанта на зборовите „политичкото насилство нема место во нашата земја.“ Сепак, јасно е за сите дека политичкото насилство стана екстремно често. Од минатото лето, имаше два обиди за атентат врз Трамп, двe пукања кон демократски државни законодавци во Минесота и фрлање бомба на домот на гувернерот на Пенсилванија. Избраните функционери не се единствените кои биле цел. Минатиот месец, 30-годишен маж кој бил против вакцините за Ковид отвори оган кон централата на ЦДЦ во Атланта, убивајќи полицаец. Во јули, 27-годишен маж уби четири лица, вклучувајќи директор на Блекстоун во канцелариска зграда во Менхетен. Тој планирал да ги нападне раководителите на Националната лига за рагби, која се наѓала во истата зграда, како протест против повредите на мозокот поврзани со рагбито. „Насилството против политички фигури некогаш беше нешто што се случуваше во нестабилни демократии на далечни места,“ напиша Рид Епстин од Њу Јорк Тајмс, „Сега тоа е факт во Америка, како и школските пукања кои некогаш ја шокираа националната совест.

Ова се симптоми на општество кое пропаѓа, исполнето со луѓе кои немаат надеж или доверба дека можат да направат промени преку „нормални канали.“ Факт е дека американскиот капитализам има долга историја на насилство од самите негови почетоци. Сепак, ако политичкото насилство станало дел од американското ткиво, класата која владее со овој систем е виновна. Нема систем понасилен од капитализмот, и нема владејачка класа со повеќе крв на рацете од американската владејачка класа, која директно или индиректно убила десетици милиони луѓе ширум светот, а која директно ги финансира егзекуциите на населението во Газа и денес. Работничката класа е единствената сила во историјата која има интерес да стави крај на политичкото насилство—и силата да го направи тоа. Но, за да се обедини оваа класа, потребно е културните поделби да бидат заменети со јасна програма на класна борба.

Автор: Револуционерни комунисти на Америка
Текстот е објавен на 12 септември 2025 година