БалканВестиИнтернационалаОпшто

Перспективи за југословенската револуција, со посебен осврт на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, 2021

Глобална криза и корона вирус.

Како што одамна Енгелс забележа, историјата познава критични конјуктури во кои неколку дена ги набиваат настаните што во останатите периоди би се растегнале за две децении. Живееме токму во такви времиња. Епидемијата ковид-19 ги заостри до крајни граници сите противречности на капитализмот на глобален план. Вирусот незапирливо се шири, земајќи човечки животи и предизвикувајќи хаос во Африка, Азија и Јужна Америка, но и во високо-развиените економии коишто своите здравствени системи ги основаат на пазарните основи како САД. Како и секогаш најсиромашните се тие кои ја плаќаат цената на незаинтересираноста и неспособноста на владејачките класи. Капитализмот по кој знае кој пат се соголува како нехуман систем што човештвото мора да го турне за да се сочува и напредува понатаму.

Темпото на економскиот колапс е запрепастувачко. Ковид-19 го девастираше светското стопанство побрзо отколку глобалната финансиска криза 2008 година. Помеѓу 20 февруари и 7 април 2020 светските берзи забележаа историски крах што означи влез во најголемата криза на растот, којашто светот ја доживеал уште од Големата депресија во триесетите години од минатиот век. Битно е да се истакне дека епидемијата не е причина на моменталната економска криза. Сите фактори што ја влечат светската економија надолу беа присутни долго пред мутирањето и ширењето на коронавирусот, но вирусот сепак ја искомплицира целата ситуација, ја забрза и продлабочи кризата. Дијалектички гледано, причината станува последица, а последицата, од друга страна , прераснува во причина.

За да се спречи инстант колапсот, владите ширум светот итно почнаа со вбризгување на пари во своите економии. За време на летото 2020 владите на земјите собрани во Г20 најавија пакети на монетарни стимулации во вредност од 10 билиони долари или 12 отсто од вкупниот општествен производ на светската економија. Ова се финансиски инјекции без преседан во историјата, но битно е да се истакне дека се работи само за кулминација на тренд што трае со години.

Глобалната криза на капитализмот 2008 година краткорочно е премостена со силување на милијарди долари државна помош во банкарските системи. Меурите предизвикани со спекулативните вложувања на банките се прелија како државни долгови. Овие најнови мерки на државна помош затоа мора да се стават во контекст на хроничната презадолженост на најмоќните светски економии. Акумулираните долгови мора да се исплатат и единствена надеж за нивна одржливост е брзото враќање на динамичниот раст. Меѓутоа, нереално е да се очекува брзо закрепнување на побарувачката и инвестиции во ситуација кога растот е негативен и покрај масивните фискални стимулации.

Извор: IMF

Клучното прашање е според тоа кому ќе се даде товарот на отплатата на долговите создадени во претходните години за кое време политичарите ширум светот ќе го спасуваат капитализмот од пропаст? Историјата нè учи дека товарот ќе се наметне на грбот на најзагрозените: сиромашните, пензионерите, здравствено загрозените и невработените. Покрај рушењето на остатоците од социјалната држава, работничките класи ќе бидат приморани повторно да се жртвуваат преку намалување на платите и влошување на условите на работа. Ситните стопанственици веќе се во голема криза и државите најверојатно ќе ги пуштат да пропаднат во еден момент и така само ќе ја зголемат бројката на масата невработени и пауперизирани делови на населениие.

Овој масивен финансиски товар затоа ќе го ограничи маневарскиот простор на владејачките класи во економска и политичката сфера во годините, дури и во декадите што доаѓаат. Постои закана дека долговите порано или подоцна ќе предизвикаат галопирачка инфлација, намалување на инвестициите и нови кризи во низа земји. На политички план, тенденциите што веќе на дело ги гледаме, како поларизација на политичките партии на лево и десно, укинување на демократските права и мобилизација од долу, ќе постанат сè поизразени.

Ширењето на пандемијата ковид-19 и начинот на којшто владите ширум светот се справуваат со здравствената криза длабоко го разниша угледот на политичарите и државните служби. Во изминатите децении, за време на големите природни катастрофи и војни, населението на најразвиените земји имаше впечаток дека нивните политички лидери, иако можеби не ја држат ситуацијата под контрола, барем имаат некаков долгорочен план за излез од кризата. Денес довербата во политичките елити е целосно разнишана. Лидерите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или Жаир Болсонаро претставуваат отелетворување на интелектуалната и морална деградација на сенилната буржоазија на светско ниво. Нивната ароганција, немарност и неодговорност ги направи луѓето поотворени за идејата дека е потребно радикално свртување.

Соединети американски држави и Кина

САД и Кина, како и динамиката на економските, политичките и воени односи помеѓу нив, и понатаму се точка на потпирање на денешниот капитализам како светски систем. Врските помеѓу овие две моќни држави служат како пропелер на глобалната економија, но истовремено содржат и потенцијал за дестабилизација на релативната геополитичка стабилност од претходните децении. Ваквата кревка рамнотежа на светската економија и геополитичките односи е неодржлива на среден рок. Американската буржоазија нема мирно да гледа како Кина од година во година се јакне благодарејќи на привлекување на вишокот на капитал на глобално ниво што повеќе не наоѓа доволно профитни инвестициски можности во традиционалните империјалистички центри.

Во Америка коронавирусот избриша цела категорија прекарни работни места во услужниот сектор што спречуваа создавање на невработеност претходните години. Стапката на невработеност сега драстично расте како и смртните случаи поради коронавирусот. Тие кои ги зачуваа работните места ги ризикуваат своите животи со изложување на заразата на работа. Овој бран на отпуштања најмногу ги погоди сиромашните населби, повеќето населени со црнечко население и други етнички малцинства.

Убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата беше чкрапецза масовни мобилизации на улиците на големите градови. Во позадина на протестите стои фрустрација на црното население поради полициското насилство, што се собира со децении, во спрега со неодамнешното влошување на животот. Во некои средини, како на пример Минеаполис, каде се случи и убиството, спонтаните протести добија контури на востание со окупирани делови на градот и палење на полициските станици. Тоа што е битно да се напомене е дека 29 пристаништа се затворија поради штрајковите на солидарност како што и тоа дека возачите на автобуси во некои градови одбиваа да ја превезуваат полицијата за сузбување на нередите.
Уличните мобилизации против полициската бруталност ги покажаа границите на државна репресија во ситуација кога треба да се соочат со масовно движење на обесправените, но исто така ги покажаа и јасно ограничувањата на спонтаните протести. Спонтаното движење на народните маси е предуслов за револуција, но не е доволен фактор. Топлинската енергија на водената пареа потенцијално е застрашувачка сила што ја придвижи индустриската револуција, но нејзиниот потенцијал би бил неупотреблив без цилиндарот и концетрирње на притисокот на клипот. Во класната борба масовните мобилизации можат да се претворат во политичка победа само ако се фокусираат на политичка организација што би ги спроведувала интересите на обесправеното мнозинство. Сè додека не се создаде политичка партија која ќе биде независна од владејачката класа овие спонтани протести со време ќе стивнат без оглед на тоа колку храбри и одлучни се нивните актери.

И покрај тоа што уличните протести изгубија од својата сила, неодамнешните случувања трајно ја променија свеста на работничката класа и младина во САД. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека социјализмот повеќе не е табу тема помеѓу американското население. Од младите луѓе 67% би гласале за претседателески кандидат кој се изјаснува како социјалист. Она што изненадува повеќе е тоа што и 30% од луѓето постари од 65 години би го сториле истото. По будењето на надеж на милиони луѓе Берни Сандерс одлучи уште еднаш да капитулира пред естаблишментот на Демократската партија и да ја поддржи кандидатурата на Џо Бајден. Алтернативата беше да продолжи да се залага за социјализам како нешто што е неспоиво со Демократската партија и да започне со независно политичко делување. Ваквата одлука би привлекла цел еден слој на луѓе кои се радикализираа во текот на претходните месеци и години, а би послужила како основа за изградба на нова политичка партија што би се потпирала на синдикатите и народот наместо на богатите донатори.

Повторното свртување на Сандерс конвоспоставените стандарди на Демократската партија несомнено разочара многу негови следбеници, додека еден делоднив подлегнаа на притисокот и пружија поддршка на Бајден како „помалото зло“ во моментот кога изборот се сведува на него и Трамп. Сепак, постојат милиони луѓе чии аспирации и политички хоризонтиодат подалеку од она што го нудат демократите. Точно е дека победата на Бајден на изборите има ефект на чувство на олеснување што на соголениот реакционер како Трамп нема да му се пружи прилика својата отровна реторика да ја шири од врвот на државата во наредните четири години. Меѓутоа ова е краткотраен ефект. Наскоро можеме да очекуваме нова мобилизација на младината што се радикализираше од движењето околу Сандерс, затоа што Бајден нема да ги усвои реформските мерки коишто се предложени, како на пример здравственото осигурување за сите и зелениот нов договор, или пак да се намали инвестицијата во домашниот репресивен апарат и воените авантури во странство, а видовме дека веќе почна со бомбардирање на територијата на Сирија.

Извор: gulftoday

Буржоаските коментатори во Америка веќе најавуваат дека администрацијата на Бајден нема драстично да го менува заострениот курс спрема Кина што го практикуваше Трамп. Кина и Америка се симбиотски поврзани на светскиот пазар. Кина во текот на изминатите две децении ревносно го користеше трговскиот суфицит за купување на државни обврзници на САД, што пак овозможуваше на продолжување на потрошувачката низ задолжување на американските потрошувачи и наизглед бесконечен раст на финансискиот пазар. Сепак, паралено со односот на меѓузависност, Америка и Кина остануваат лути геополитички натпреварувачи. Продолжетокот на политиката на забрана на стопанисување на кинеските компании на американскиот пазар, како и подигнување на царините и тарифите за увоз од Кина, се закануваат да ја повлечат светската економија во низа на протекционистички потези што наместо закрепнување можат да наметнат „трка кон дното“ и директни судири помеѓу големите сили.

Кина сè до неодамна имаше улога на придвижувач на светксата економија. Но, сега сè се преврте наопаку. Кина во изминатите децении изгради импресивен сектор на преработка, меѓутоа нејзината домашна побарувачка не е доволно јака да го впие сето производство и затоа извозот останува императив за нејзиниот понатамошен развој. Проблемот е во тоа што произведувачите од најразвиените економии веќе со децени ги губат пазарите и работните места дома. Трамп вешто го изгради имиџот нанекој кој ќе застане на патот на ваквиот развој на настаните. Неговиот пораз не означува крај на протекционистичките политики. Како што веќе напоменавме, Бајден нема толку лесно да се откаже од агресивната политика кон Кина, а позади Трамп стои една цела дузина на нови политичари кои се спремни да ја превземат неговата популистичка поза и така да се подигнат на политичкиот пазар. Било да се на чело демократи или републиканци, американската надворешна политика и внатрешната политика ќе стане повоинствена и повеќе автократска во наредните години.

Дури и пред моменталната криза, кинеската економија почна алармантно да се намалува во темпото. Моменталната криза ја турна преку работ. Кина во моментов премина низ пад на БДП помеѓу два квартала од 40 отсто, најголема контракција во последните 50 години. Стапката на невработеност е 5,9 отсто, најголема од кога почна да се бележи во 1990 г. Но овие цифри не се реални бидејќи не се зема предвид внатрешната миграција. Ако тоа се има на ум, не е чудно што Си Џинпинг се обидува да ја зацврсти својата диктаторска моќ преку рушење на протестното движење во Хонг Конг. Оваа земја очекува заострување на класните судири што ќе се одрази на цела Азија, но и светот.

Соочени со кризата што надоаѓа, капиталистите немаат избор освен да го забават развојот на производствените погони и вработувања како и да извршат притисок на ниво на платите на тие кои се вработени. Просперитетот што следеше по Втората Светска Војна беше овозможен поради масовното уништување на производните сили и произведените добра на вредности. Владејачките класи привидно се соочени со голема дилема. Тие можат да се обидат да го одржат моменталниот геополитички поредок и систем на либерална светска економска размена, со тоа заеднички да се продолжи агонијата на недоволен раст, циклични кризи и сузбивање на масовни движење што се противат на политиката на штедење. Од друга страна, поединечни големи сили можат да се свртат кон протекционизмот и извозот на кризата во атарот на своите ривали.

Овие потези сигурно ќе ја отворат вратата на воени судири и уништување од досега невидени размери. Моменталната ситуација во светот, посебно војните на Блискиот и Средниот Исток и царинските судири помеѓу САД и Кина укажуваат на подем на протекционистичките политики. Овој избор во никој случај не е ирационален или втурнување на неколку популистички политичари, како што може да изгледа на прв поглед. Напротив, потребата на империјалистичките буржоазии за понатамошна концентрација на крупниот капитал нужно ги втурнува нивните држави во паѓање на глава со протекционизмот и борба за нова поделба на светот, затоа што кризата на хиперпродукција е криза што настанува кога на империјалистичките буржоазии ќе им недостига свет, то ест кога не можат повеќе да се придржуваат до договорите за поделба на пазарот.

Европска Унија

Протекционизмите и национализмите полека го заменуваат трендот на меѓународната соработка што го диктираше глобализацијата. Покрај трговската војна помеѓу САД и Кина на сцена подолго време е и судирот на Европа со САД, како и постојаното триење меѓу членките на Европската Унија. Опасните линии на поделба постојано се повлекуваат. Европските буржоазии веќе долго успеваа да ги стават во втор план своите себични интереси и да се обединат околу долгорочните стратешки планови. Меѓутоа, моменталната тенденција ги влече партнерите во спротивни насоки. Главната кохезивна сила што ја држи денеска ЕУ на купче е економската супериорност на германскиот капитал, којшто преставува и корен на идниот процес на распад на ЕУ, додека послабите империјалистички играчи ќе побараат поголем удел во заедничката експлоатација на периферијата и прашањето на трговскиот дефицит меѓу водечките членки на ЕУ дополнително ќе почне да ги оптоварува нивните односи.

Епидемијата на ковид-19 даде нова, заострена форма на овие поделби. Последниот поголем судир се одигра помеѓу земјите најтешко погодени од корона вирусот, како Италија и Шпанија, и ЕУ-земјите што одбиваат да префрлат големи суми пари во заедничките напори на борба против епидемијата и совладување на кризата. Земјите како Финска, Шведска, Данска, Холандија и Австрија тврдоглаво се спротивставуваат на усвојувањето на пакетот на донации од 750 милијарди евра наменети за земјите членки најпогодени со вирусот. Овие северни држави, со мнозински социјалдемократски влади, себично бараа да се поништи помошта и да се претвори во позајмици што би се враќале.

По четири месеци парализа, лидерите на 27 земји членки на ЕУ конечно се договорија за тоа како ќе се носат со најдлабоката криза со која се соочува Европа по Втората Светска Војна. За да се здобие со поддршка за субвенциите и кредитите на земјите членки, пресечени се големи делови на предложениот буџет на ЕУ, а тука се вклучени средствата за финансирање на зелени индустрии, здравство и медицински истражувања во целиот блок. Ова значи дека ЕУ како организација ќе биде многу послабо опремена да се бори против двете најголеми зла со кои се соочува целиот свет во наредните седум години.

Италија беше најтешко погодена со првиот бран на вирусот со околу 35 илјади мртви граѓани. За време на првиот бран на криза оваа земја повеќе помош доби од Кина и Куба отколку од државите на унијата каде членува, со што со уште еден пример се соголува фактот дека ЕУ е формирана како сојуз на капиталистите кои ги штитат своите интееси без било каква солидарност со обичниот работен народ. Во екот на кризата од пандемијата, недовербата на Италијаните кон ЕУ се подигна на 64%, додека пред кризата беше 47%. Центарот на криза на ЕУ се помести од Грција кон Италија која е сега најслабата алка на европскиот капитализам. Потенцијалниот банкрот на Италија со себе повлекува многу потешки консеквенци отколку тој што се закануваше на Грција. Грција е релативно мала земја, додека Италија го чини 11% од вкупниот БДП на ЕУ. Италијанскиот долг од 2500 милијарди евра е доволно големпредизвик којшто потенцијално би ја повлекол надолу не само Италија, туку ќе ја расцепка ЕУ.

Извор: Reuters straitstimes

Начинот на кој италијанската влада се носеше со епидемијата го разбесни домашното население. Работниците беа приморани да работат во ризични услови без соодветна заштита, а медицинските работници често работеа и 12 или 14 саати со денови без бонуси за плата. Ова беше услов за брза промена на свеста во масите. Учителите и студентите се радикализираа и се подготвија за борба. Во пролетта и летото 2020 се случија низа спонтани „диви“ штрајкови без поддршка на синдикалната бирократија која и понатаму посегнува по „социјалниот дијалог“ иако за него не постојат услови. Овие настани го подготвуваат теренот за експолозија на социјалното незадоволство и штрајкови какови Италија не видела од седумдесетите години на минатиот век. Излегувањето на италијанската работничка класа на улиците ќе има сериозни импликации во цела Европа.

Германија останува најбитната земја на еврозоната. Таа влезе длабоко во рецесија. Германскиот БДП падна за 2% во првата четвртина на 2020 година, а бројките за втората четвртина покажуваат понатамошен пад од 10,1%. Неодамнешниот извештај на европскиот комесар предвиде дека за време на целата 2020 година германската економија ќе се намали за 6%, додека и на крајот на 2021 година економијата ќе биде послаба од таа во 2019 г. Германија е на патот да се соочи со надлабоката криза од обединувањето, а бидејќи е извозно фокусирана, нејзиното закрепнување ќе зависи речиси потполно од продажбата на добрата на единствениот пазар на ЕУ. Растот на протекционистичките мерки во Америка и Кина само ќе ја направи ситуација уште потешка за Германија.

Со тоа се објаснуваат нејзините напори да се протурка фискалниот стимул на периферните членки на ЕУ. Германија не посегнува по нови задолжувања за да се помогне на европските граѓани во неволја туку со помошта на периферните земји се обидува да ја спаси сопствената глава. Размислувањето на германските капиталисти прецизно го пренесе Франциска Братнер од Зелената партија која кажа „ Не можеме да ја оживееме нашата економија по оваа криза кога половина од единствениот пазар не функционира“, додавајќи „Ова е егзистенцијален проблем“. Откако станаа сè повеќе зависни од Германија, слабите економии се закануваат да ја повлечатнадолу со себе. Во таква ситуација, поранешната германска штедливост мораше да се фрли низ прозорец.

Уште еден фактор е улогата на Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон. Договорот за пакетот помош се гледа како политичка победа за Макрон кој себе се претстави не само како француски туку и европски водач и посветен бранител на измачените јужни земји внатре во ЕУ. Меѓутоа, зад овие декларации и драматични гестови стои тврдиот национален интерес. Интересно е да се спореди позицијата на Франција денес со таа за време на грчката криза во 2015 година. Таа година „социјалистот“ Франсоа Оланд можеби имаше повеќе сочувство од својот германски пандан, ама на крај го поддржа газењето на грчкиот народ со мерките на штедење. Денес Макрон, самопрокламиран либерал, кој во претходните три години се обидува да ги угуши работничките права и социјалните давања за француските работнички и работници, од прв ред повикува на издавање на евро обрзници и великодушни субвенции на државите членки во неволја. Со што се објаснува оваа необична трансформација?

Јасно дека економскиот и фискалниот колапс во Италија и Шпанија, што се многу поголеми економии од Грција, мора да има оддек преку Алпите и Пиринеите.Но тоа што е позначајно е фактот дека и самата Франција стана „јужна“ земја. Се предвидува дека францускиот државен долг ќе биде 115% од БДП до крајот на 2020 год, а француската економија ќе изгуби 10,5% БДП оваа година во најдобар случај, само малку помалку од Италија и Шпанија (и едната и другата ќе загубат 11%). И на самата Франција и е потребна помош.

Реформистичките левичари кои го поздравуваат овој договор како „враќање кон кејнзијанизмот“, „битка за душата на Европа“ или дури „Њу дил за Европа“ се во потполна заблуда. Пред сè, тотално е погрешно да се прикажува како Њу дил или кејнзијанизмот е некаков бонус за работничката класа. Овие мерки капиталистите во време на криза ги имплементираа исклучиво да се го спасат капитализмот, додека работништвото продолжи да пати во сиромаштија и невработеност. Зошто било кој на левицата би сакал да го спаси капитализмот кога тој го влече во варварство?

Понатаму, договорените мерки не се никаква трајна промена на расположението на капиталистичките влади од „неолибералните мерки на штедење“ до „социјален кејнзијанизам“. Наместо тоа, долгот што сега го создава ЕУ е за да се извлечат капиталистите, а на крајот ќе го плати работништвото, како што објаснивме. Ова е слично на тоа што се случи за време на кризата во 2008 година. Тогаш исто така имаше грандиозни приказни за плановите за стимулација и милијарди евра се слеваа за спас на банките во обид да се спречи потполен колапс на целиот систем. Тоа доведе до масовно зголемување на националниот долг, што по две години се претвори во масовни рестрикции и мерки на штедење во сите земји, додека капиталистите го тераа работништвото да ја плати цената за спасот на тој систем.

Последниот заплет во сагата на развојот на вакцините ја разоткри противречноста внатре во ЕУ и границите до кои капиталистичкиот пазар може да се справи со некоја криза. Појасно е дека таканареченото „европско единство“ се крши штом се дојде во криза, а не беше ни поинаку и во случајот на пандемијата ковид-19. Во фазата на распределба на вакцините гледаме дека секоја позначајна држава членка се справува со овој проблем на посебен начин и ја оставаат Европската комисија како некое поштенско сандаче за нивните поединечни интереси. Речиси година дена откако СЗО ја прогласи за светска пандемијата ковид-19, Европската комисија почна да предлага европски прописи за патување на државјаните на ЕУ. За сега се преземени сите мерки на национално ниво без никакви консултации или координација помеѓу државите членки.

Геополитичките маневри на Балканот

После распадот на СФРЈ, бившите југословенски држави на Балканот се во зоната на интерес на најголемите европски капиталистички сили собрани под знамето на ЕУ. Политичкиот живот и имагинацијата на социјалниот развој се обележани со идејата за „европеизација“ скоро три децении, т.е. со следење на либералниот модел на капиталистичка трансформација што ќе ги отвори локалните држави кон европскиот капитал и ќе ги задржи како лојални сателити на ЕУ во пошироката геополитичка поделба. Ескалацијата на конфликтот меѓу империјалистичките сили на глобално ниво и фокусот на ЕУ кон внатрешните проблеми им дадоа можност на балканските владејачки класи да ги диверзифицираат своите надворешни политички сојузи.

Србија, како земја што заостанува најмногу во европските интеграции, сега најагресивно ја користи оваа тенденција кон мултиполарност во светските односи. Билетот за влез на Србија во глобалната партија за геополитички покер и обидот за баланс меѓу светските сили е Косово, т.е. неопределениот статус на оваа територија. Белград се обидува да го сврти вниманието кон себе, да се наметне како локален соработник на империјалистите и да се избори за дипломатски услуги со тоа што не може да ја реши состојбата на „замрзнатиот конфликт“ без него. Зад сцената на националистичкиот кич и наводната грижа за српското малцинство во Косово лежи реал-политичкото тактизирање.

Во суштина, Белград им го нуди проблемот на Косово на Русија и Кина со години како знак во глобалната геополитичка игра на големите сили. Во последниве години, под водство на Вучиќ, Белград даде посебна изјава во оваа игра, нудејќи им ги своите услуги како „гарант на мирот и стабилноста“ во регионот на разни господари. Без разлика дали станува збор за Берлин, Париз, Москва, Анкара, Пекинг или Абу Даби, Александар Вучиќ и неговата клика се подготвени да ги понудат своите услуги како сојузници за одредено време и така да се вклучат во процесот. Неодамнешниот договор со администрацијата на Трамп е одличен пример за ваква цинична пресметка.

Ваквите обиди на Белград преку дипломатски маневри да ја зголеми својата улога во регионот ги туркаат помалите буржоазии во соседството уште повеќе да се насочат кон традиционалните спонзори во ЕУ и Америка со вклучување во трката за отворање простор за странско влијание заради заштита. Меѓутоа, во пракса, се покажува дека „добрите ученици“ од училишното членство во ЕУ и интеграцијата во НАТО не се секогаш наградени за нивната сервилност.Подготвеноста на Македонија да се покори на империјалистичкиот притисок и што побрзо да се приклучи кон НАТО е добар пример.

Пристапувањето на Република Северна Македонија во пактот НАТО не играше никаква улога, како што толку силно најавуваа елитите, ниту во надминување на етничките тензии, ниту во подобрувањето на економската состојба. Утехата што владејачката коалиција Заев-Ахмети им ја нуди на народот сега е евроинтеграција, преку митот за конечно одредување датум за почеток на преговорите за евентуален пристап во ЕУ. Политичките елити во Македонија се посветени на евро-атлантските интеграции со децении и секогаш ја имаат истата приказна, поразот наводно се должи на злобната Атина, што сега е заменета со злобната Софија. Всушност, децениската блокада предводена од грчката шовинистичка офанзива сега е заменета со слична од бугарска страна.

Извор: Еван Вичи, timesofisrael

Соочени со горчливо искуство во преговорите со Грција и со млитавоста на Германија, т.е. позицијата на ЕУ, без заштита од каква било империјалистичка моќ, во услови на економска рецесија и зајакнување на македонскиот и албанскиот националистички опозициски блок, македонската преговарачка страна подготвува терен за уште едно национално понижување пред Бугарија. Во прашање е сега пресметката и трговијата со историска ревизија што наводно ќе овозможи пристап до многу потребните европски фондови.

Во случајот на Босна и Херцеговина, свртувањето на локалните елити кон различни империјалистички центри се рефлектира не само во соседските односи, туку и во внатрешната стабилност на државата. Бошњачките политички елити сметаат дека верноста кон евроатлантските интеграции е шанса да застанат на патот на изолационизмот на Република Српска и да го искористат меѓународниот притисок за да создадат поцентрализирана, пофункционална држава. Од друга страна, Милорад Додик е познат по својата националистичка реторика дека ја негира одржливоста на БиХ и се претставува како наводен бранител на српскиот народ од нападите од Федерацијата БиХ. Во неговото владеењенајчесто се препознава руското влијание. Меѓутоа, ако каприциозноста на режимот во Белград нè учи на нешто, тоа е дека сојузите со странски спонзори не треба да се сметаат за гарантирани.

Владеењето на Милорад Додик во Република Српска е добар пример. Една од компонентите на националистичката реторика на Додик, откако дојде на власт во 2006 година, беше лажниот антиимперијализам и русофилизмот. Но, оние со малку подолго политичко помнење се сеќаваат дека не било секогаш така. Во годините по граѓанската војна во БиХ, Додик беше либерална надеж на западниот империјализам и противтежа на националистичката Српска демократска партија. Со помош на војската на НАТО, Додик дојде на власт за кратко време во 1997 година, иако имаше само двајца заменици вопарламентот на ентитетот, благодарение на пучот извршен од Билјана Плавшиќ. Националистичкиот пресврт направен со доаѓањето на власт во 2006 година е само популистички потег и евтино политиканство, што е еден од факторите за одржување на моќта.

Камен на сопнување околу формирањето влада на ниво на БиХ за време на поголемиот дел од 2019 година беше испраќањето на Годишниот национален план (АНП) во НАТО. АНП е програма за помош, практична поддршка и консултации дизајнирана да ги подготви земјите за членство во НАТО. На крајот, Додик се согласи на компромис во рамките на Претседателството на БиХ со потпишување на т.н. Програма за реформи што вклучува соработка со НАТО во рамките на безбедносните политики. Иако постојано објавува референдум за влез во НАТО, којшто би бил распишан во РС, и Резолуцијата на Националното собрание на РС за воена неутралност на РС, што ја следипо тоа Србија, по веста за договорот за формирање на Советот на министри, на барање на опозициските партии во РС,сепак не дојде до дискусија меѓу пратениците за усвоената програма за реформи.

Опозициските партии во РС, пред сè Српската демократска партија и Партијата за демократски напредок, го нарекоа Додик предавник, но јасно е дека станува збор за залудни напади кои служат за собирање политички поени бидејќи и двете партии на ниво на БиХ отсекогаш се залагале за патна Босна и Херцеговина кон НАТО. Српскиот национализам во Босна и Херцеговина уште еднаш се покажа како ќорсокак за босанските Срби затоа што националистите од периферијата на капитализмот не можат да бранат други интереси освен интересите на странскиот капитал и нивните странски трговски партнери од чии пари и влијание зависи нивното задржување на власт.

Илузорно е да се мисли дека може да се зависи од странски капитал и истовремено да се биде против влегување во воен сојуз што е само воен израз на зачувување на профитот и пазарите на западните компании. Од економска гледна точка, режимот на Додик не се разликува во ништо друго освен во реторика од кој било друг режим на компрадори создаден на урнатините на Југославија. Политизирањето и дневните политички пресметки не можат да го сокријат тој факт.

Далеку од тоа дека се празник на демократијата, изборите во капитализмот во моментов ни го покажуваат движењето на свеста и расположението на масите. Тоа се случи на локалните избори во БиХ во средината на ноември 2020 година. Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и Партијата за демократска акција (СДА), како најсилни партии во БиХ, по долго владеење ја изгубија власта во Бања Лука односно Сараево. Што се однесува до локалните избори во РС, тие покажаа две важни работи. Прво, со најдеморализираните елементи, победите на опозицијата и Драшко Станивуковиќ за градоначалник на Бања Лука покажаа дека режимот на Додик не е недопирлив. Оваа очигледна монолитност и стабилност на режимот беше нарушена, дури и според буржоаските стандарди, од кандидат со многу ниски интелектуални и политички преференции, но со упорност во скандализирање и укажување на недостатоците на режимот што тој ги споделуваше изобилно на социјалните мрежи. Треба да се додаде дека Станивуковиќ покажа храброст (што произлегува од неговиот имотен статус затоа што е во состојба да ги плати казните) да му застане на патот на Додик како арогантен батка од Лакташи (гратче до Бања Лука) кој не се плаши од никого. Затоа овој пораз го повредува Додик не само политички затоа што го загуби најголемиот град во РС туку и лично затоа што беше поразен од „мрсулко“ кого го презираше во секоја прилика. Затоа оваа победа на опозицијата има повеќе емотивна отколку политичка вредност за луѓето кои се противат на владеењето на СНСД и нивните коалициски сателити. Второ, опозицијата во Бања Лука се покажа како единствениот канал за изразување незадоволство од режимот што првпат се појавува во урбаните центри (СНСД освои 41 општина, претежно во периферни и рурални области) и ова е тренд што продолжува од 2018 година кога имаше парламентарни избори. Можеме да забележиме појава на побрза промена на свеста во поурбаните средини по примерот на поразот на СДА во Сараево и порано кога Орбан ја загуби Будимпешта, а Ердоган ги загуби Истанбул и Анкара. Нешто порано, и Груевски го загуби Скопје.

Извор: Георги Лицовски neweurope

Ова не може да се нарече почеток на крајот на криминалниот режим на Додик, бидејќи тој крај зависи од можноста режимот на владејачкиот тајкун во РС да се справи со здравствената и економската криза и да го одржи социјалниот мир во наредниот период и од брзината со која Станивуковиќ и опозицијата ќе биде избламирана во текот на шефувањето во Бања Лука. Набргу по победата во Бања Лука, Станивуковиќ се претвори од либерална надеж во уште еден националистички политичар желен за власт. Неговиот националистички пресврт во реториката, изјавите за Сребреница, антифашизмот и најавата за забрана за геј-парадата во градот треба да се разгледаат низ призмата на тоа што Станивуковиќ е свесен дека не може да смета на гласовите на урбаното население и на полибералните граѓани за го победи Додик на следните парламентарни избори, но дека мора да ја прошири својата гласачка база на поконзервативни и националистички порурални елементи кои сè уште го поддржуваат Додик. Како што можеме да видиме, работниците во РС можеа да бидат само учесници на овие избори, но не и субјекти на промена во играта помеѓу различните фракции на тајкун-политичката елита. Работниците во БиХ допрва треба да создадат политичка алатка во форма на работничка партија за да можат да бидат еднакви играчи на следните предизборни натпревари.

Како марксисти, разбираме дека домашните капиталисти (компрадори) се поврзани со странскиот империјалистички капитал на илјада разни начини и секогаш ќе му се потчинат на штета на „својот“ народ, бидејќи само со взаемна помош империјалистите и нивните локални компрадори можат да продолжат да ја искористуваат работничката класа. Колку што е илузорно да се очекува дека домашната „патриотска“ буржоазија нема да ја продаде „својата“ нација на империјалистичката силашто највеќе нуди во прва прилика, сто пати повеќе е илузорно да се очекува империјалистичките сили дека нема да ги бранат своите инвестиции во земјите чии работници се бунтуваат против капитализмот.

Се сеќаваме само на штракањето на оружјето од страна на земјите од ЕУ против масите на Босна и Херцеговина за време на социјалната побуна од 2014 година, кога високиот претставник Валентин Инцко отворено се закани дека ќе испрати австриски трупи, додека британското Министерство за одбрана навистина и ги испрати по бунтот. Приклонувањето кон домашната буржоазија во судирите на локалните политички елити и очекувањето дека мнозинството од луѓето ќе имаат корист придржувајќи се кон една од раскараните империјалистички сили е ќорсокак за работничкото движење. Колку и да звучи агресивна реториката на националистичките лидери на поголемите земји од соседството, мораме да избегнеме приклонување кон империјалистичките „заштитници“ поради чувството на немоќ.

Не треба да го заборавиме фактот дека услугите што ги нудат домашните буржоазии на разните империјалистички сили не се само отворање на Балканот кон апстрактни геополитички сфери на влијание туку и конкретни концесиинад земјиштето, капиталот и правото на експлоатација на домашните работни сили. Затоа ослободувањето на угнетените нации од империјализмот е можно само со ослободување на угнетените маси од капитализмот и обратно – борбата за ослободување на угнетените маси од капитализмот бара борба за ослободување на угнетените народи од империјализмот.

Економската криза на европската периферија

Претпоставките за тоа како понатамошната интеграција во ЕУ води кон економски напредок и политичка либерализација се покажуваат како илузија. Дури и ако критикуваат некој аспект на авторитарните режими на Балканот, империјалистичките центри се првенствено заинтересирани за „стабилност“, што е еуфемизам за сигурноста на оплодувањето на капиталот во регионот. По кризата на голем број ниско-продуктивни делови на западноевропските индустрии, за време на изминатата криза, од една страна, и растот на платите во Кина и Централна и Источна Европа од друга, Балканот е нова дестинација за преместување на дел од производството.

Откако дојде на власт во Србија, Српската напредна партија (СНС) го гради својот легитимитет врз основа на митот за економскиот напредок на Србија и намалување на стапката на невработеност. „Економскиот напредок“ со кој толку многу се фали режимот на СНС е доведување приватни, претежно странски инвеститори, привлечени од огромни субвенции и даночни олеснувања и евтина работна сила, како резултат на ослабеното и дезориентираното синдикално движење. Но, напротив,приливот на странски инвестиции не се покажа како модел за развој што е во состојба да создаде доволен број работни места. Напротив, извозот на евтина работна сила во земјите од Западна и Централна Европа придонесува многу повеќе за намалување на стапката на невработеност, бидејќи покрај полошите услови за работа, вработувањето во Србија честопати бара политичка лојалност кон СНС и нејзините сателити.

Сосема е јасно дека овој модел на „развој“ е привремен и не дава резултати на долг рок. Новиот бран на светската криза на капитализмот веќе ја зафати Србија. Тоа ќе доведе до натамошно намалување на потребата од работна сила во централните капиталистички земји, чиј крупен капитал не сака да им исплаќа на работницитеимигранти Западни плати, но се обидува да ги искористи за истата работа во нивните земји, за повеќекратно помали плати. Прашање на време е кога земјите од Европската унија ќе започнат да ги затвораат вратите не само за бегалците од Блискиот исток, туку и за економските бегалци од нашите земји. Индикациите за тоа веќе можеме да ги видиме во неодамна најавената суспензија на извозот на медицински лица од Србија во Германија. Иако српската влада официјално го иницираше раскинувањето на договорот со Германија, јасно е дека тоа немаше да го стори ако Берлин претходно не испратеше одредени сигнали.

Епидемијата КОВИД-19 особено влијаеше на слојот на мали претприемачи во услужниот сектор. Во бранот приватизација на државните и општествените претпријатија, многу работници користеа опремнини и заштеди за да отворат мали продавници и да нудат услуги од сите видови. За време на првиот и вториот бран на короната, овој слој на мали бизнисмени и работници кои вработуваат преживеаја благодарение на државните субвенции, но сепак земјите од регионот не се подготвени да одвојат поголема помош и затоа гледаме дека економиите не се затвораат во вториот и третиот нелети покрај алармантното ширење на вирусот. Уште еднаш се покажува дека профитот е поважен од човечките животи. Дури и кога државите одобруваат средства за помош на економијата, големите компании и корпорации преку своето влијание се во позиција да пренасочат поголем дел од овие пари кон себе. Една од главните последици на сегашната криза ќе биде осиромашување на средните слоеви и зајакнување на монополите на пазарот.

Помошта што ја даде владата на Заев како инјекција за македонската економија се покажа целосно неефикасна, не само поради неказнетиот скандал за замрзнување на платите на повеќето мали и средни претпријатија, туку и поради фактот дека пакетот за финансиска поддршка беше придружен со корупција. Македонската економија официјално влезе во рецесија, со последователен пад на БДП во текот на два квартала, со вредности од -3,3 и -14,9 проценти што доколку се анализира во контекст на општата неразвиеност на економијата е показател за сериозна криза. Зависноста на македонската економија од извозот кон западноевропскиот пазар ја прави двојно зависна од ефектите на бавниот раст во зоната на ЕУ. Падот на странските инвестиции во овој период е поголем од падот за време на војната во 2001 година.

Официјалните бројки за невработеност во Македонија не се толку лоши како во изминатите три децении, но за прв пат оваа година, невработеноста се зголемува во исто време кога активното население нагло опаѓа. Невработеноста и вработувањето на привремени договори е горлив проблем, а просечната плата не е доволна да покрие половина од синдикалната потрошувачка корпа.

Како и во другите земји од Западен Балкан, моделот за развој во Босна и Херцеговина се заснова на привлекување странски инвестиции. Ваквиот развоен модел не донесе никакво зголемување на животниот стандард на населението бидејќи услов за пристигнување на странскиот капитал беше евтината работна сила, слабоста на синдикалното движење и работничкото законодавство што не може да ја заштити работничката класа од брутална експлоатација. Домашните капиталисти, кои не можат да се натпреваруваат со европските компании, се свртени кон корупција и зделки за партнерство со целиот, или со делови од владејачкиот апарат на државата и ентитетот. Наместени тендери, особено за набавка на респиратори во БиХ (случајот со Сребрена малина) или полската болница во Република Српска се само некои од примерите што воопшто не ја изненадуваат јавноста во Босна и Херцеговина. Социјалниот мир на владејачката тајкун-политичка елита во двата ентитета го одржува преку клиентелистичка мрежа во која луѓето се вработени во државни компании, административен апарат или во приватни компании на деловни соработници блиски до властите. Дефицитите во јавните буџети и социјалните бенефиции се компензираат со договорите со ММФ и Светска банка. Најавен е нов аранжман со ММФ во износ од 750 милиони евра за ублажување на последиците од пандемијата. Новото задолжување доаѓа од веќе постоечкиот јавен долг, кој во средината на 2020 година изнесуваше над 12,2 милијарди конвертибилни марки. Учеството на јавниот долг на БиХ во БДП е 35,5%.

Економската состојба во Босна и Херцеговина дополнително се влоши со пандемијата на коронавирусот. Според Светска банка, Босна и Херцеговина очекува реалниот БДП да се намали за 3,2% како резултат на забавувањето во повеќето производни и услужни сектори и послабата побарувачка во повеќето околни земји. Во периодот од почетокот на пандемијата до крајот на септември 2020 година, над 30.000 работници останаа без работа. Најпогодени беа туризмот и услужниот сектор, со пад на клучните индикатори од 60%. Транспортниот сектор исто така претрпе пад од 30%, а индустриското производство падна за 8,2% само во првата половина на годината.

Масовнотоиселување од Босна и Херцеговина во последните години е социјален вентил за намалување на невработеноста во земјата. Според истражувањето на работната сила на Агенцијата за статистика на БиХ и Унијата за одржливо враќање и интеграција во БиХ, само во периодот од 2013 до 2019 година, 530.000 граѓани ја напуштиле земјата. За време на пандемијата, овој тренд на иселување беше запрен на неодредено време. Со стопирање на емиграцијата и ограничување на пристигнувањето на луѓе од странство или губење работа во европските земји, приливот на средства од странство е намален, што е важен фактор за потрошувачката во Босна и Херцеговина и намалување на сиромаштијата. Според податоците на Централната банка на БиХ, само во периодот од април до крајот на јуни 2020 година, дијаспората испратила 220 милиони марки помалку отколку за истиот период во 2019 година. Бидејќи крајот на пандемијата е сè уште неизвесен, а економските последици нè очекуваат во следните неколку години, економијата на Босна и Херцеговина се соочува со сиви денови.

Мерките на вонредната состојба и социјалното растојание спречуваат појава на протестни движења на работничката класа, чиј животен стандард од ден на ден се влошува. Сепак, таквата состојба не може да трае вечно. Незадоволството кај обичните луѓе не е само од лошата економска состојба, туку и од тоа како владејачката класа се справува со здравствената криза. Ова незадоволство неизбежно ќе го најде својот израз во наредниот период, особено со падот на малите занаетчии кои се претвораат во работници и се приклучуваат на работничката класа.

Идејата за постепена реиндустријализација, зголемување на животниот стандард и подигнување на технолошката основа на локалните индустрии преку странски директни инвестиции се разоткрива како догма. Фабриките отворени од мултинационални компании генерално припаѓаат на пониските, трудово-интензивни алки на ланецот на производство и се потпираат на ниската цена на неквалификувана или полуквалификувана работна сила. Условите за работа во овие фабрики во последно време ја скандализираат јавноста кога и да излезат во медиумите. И покрај ветувањата за развој на мрежа на локални добавувачи, повеќето од овие производители увезуваат компоненти од повисоки фази на обработка и единствениот дел од вредноста што останува во локалните економии се мизерните плати. Ослободени од повеќето даноци и трошоци, станува збор за паразитски инвестиции кои преживуваат со субвенции од сервилни држави и експлоатација на домашната работна сила без премногу влијание врз целокупниот развој на локалните економии.

Капитализмот и епидемијата

Со избувнувањето на епидемијата на КОВИД-19, борбата против капитализмот на најдиректен начин се претвори во борба за живот. Од самиот почеток на пандемијата е јасно дека капиталистичките влади не се ни спремни ни имаат волја да се сносат со пандемијата на начин кој би бил во интерес на најшироките општествени слоеви. На секој чекор работниците ширум светот добиваа дезинформации,луди ненаучни анализи и театрални милитаристички мерки кој повеќе прават паника, отколку било каков сериозен план за разбивање на заразата.

Во Србија вирусот првично беше наречен „најсмешен во историјата“. Потоа, беше изнесено лажно тврдење како биле загрозени само пензионерите и беше прогласна вондредна состојба, што за разлика од корона вирусот беше навистина најсмешна вондредна состојба во нашата историја. Имено и покрај „вонредната состојба“, приватните лица имаа можност да побараат присуство на нивните работници на работното место, без никакви обврски да им обезбедат соодветна заштита. Наместо регулатива и итни принудни мерки, Вучиќ и Брнабиќ, истураќи ја душата на малите екрани, колнејќи ги и молејќи ги капиталистите со разни „препораки” кои немаат законска тежина. Полицискиот час е воведен без никакво објаснување за избраниот распоред.

Наместо за потребите на карантинот да се реквирираат постојните хотели, во кои веќе има место за илјадници луѓе, заразените со корона вирус почнаа да се сместуваат во салите на Белградскиот саем, со објаснување дека нема да има топла вода, но ќе има чај и пинг понг. Единственото сместување соодветно опремено за карантин што Владата го обезбеди се студентските домови-тоа е единственото сместување кое не треба да се бара, бидејќи со масовно протерување на студенти од студентските домовии нивно испраќање до местата на живеење се загрозени цели семејства и цели места! Како и во случајот со фабриките и тука владата ги потчини човечките животи под приватниот профит, дури и ја оправда својата незаинтересираност со стравот од тужби од приватните претприемачи. Со таков изговор, Владата само потврди кој управува со оваа земја и чии интереси ја водат државата кон криминална небрежност кон нејзините граѓани.

Кога стана јасно дека здравствениот систем, мерките на штедење и деиндустријализацијата на земјата го уништи онај здравствен систем што во 1972 за месец дена ефикасно ја победи последната епидемија на сипаници во Европа и дека се ближи италјанското и шпанското сценарио, српската влада пристапи со уште потрагични мерки на полициски час и потрага кого да обвини за поопасната ситуација во земјата. Виновникот го бараа во сите, освен во оние кои го ставаат профитот пред човечките животи.

Трагикомичноста на мерките на Владата на Србија се воочи во тоа што по бруталните мерки на полицискиот час, сите мерки се забрзано ослободени како што се приближуваше закажаниот датум за парламентарните избори. За работите да бидат полоши, иако изборите беа едни од најмрачните од падот на Милошевиќ, по тој пресврт од 180 степени, Владата имаше образ за брзо по изборите да направи уште еден пресврт од 180 степени и да најави ново удвојување на полицискиот час. Комбинацијата од тие пресврти, катастрофалното однесување спрема пандемијата, сè почестите гласини за манипулирање со бројот на починати од коронавирусот, како и изборите коишто оставија горчлив вкус, резултира со мобилизација на масите против новото удвојување на полицискиот час. Владата реши да попушти под овие барање, но дури откако за првпат по 3 години масовни мобилизации се реши за физичка пресметка со демонстрантите, испраќајќи им полиција во полн интензитет.

Здравствениот систем во Македонија е водечки во регионот на поранешна Југославија како систем најдлабоко деградиран од системот на СФРЈ, со целосна приватизација на примарната здравствена заштита, со упад на странски капитал во секундарниот и терцијалниот систем, што предизвика трајно колапс на поликлиничкиот систем, државните болници и клинички центри, приватизација и дерегулација на аптеките. Македонската влада е посветена на јавно приватно партнерство во областа на итна медицинска помош и постепено напуштање на концепцијата на јавно здравје. Се разбира, капиталистичката влада гледа на превентивната здравствена заштита како товар од кој сака да се ослободи.

Затоа епидемијата влијае на нашите земји и покрај воведувањето на рестриктивни мерки и полициски час. Очигледно е дека властите се во паника поради децениската неподготвеност за кризни активности. На пример, во Скопје, наместо да се создаде специјализиран центар за лекување на пациенти со корона со промена на намената на постојната болница, се отвораат кревети во различни клиники (како што се офталмологија, дерматологија или неврологија), каде што нема персонал за да се занимава со заразни болести и каде се испраќа јасен сигнал дека пациентите со други потреби мораат да ги решаваат своите проблеми во приватните болници.

Високите стапки на смртност по глава на жител во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, како највисоки во светот, ги рефлектираат опаѓање на јавното здравство, пад на животниот стандард и неспособноста на властите и населението.

Одговорот на Владата на епидемијата на коронавирус кај двата босанскохерцеговински ентитета не се разликуваше од оној на властите во соседните земји, пред сè на Србија и Хрватска. Признавајќи ја сериозноста на епидемијата во другите европски земји и свесни за ранливоста на здравствениот систем, како резултат на децениското неинвестирање, мерките за штедење и недостаток на медицински персонал, во почетокот на март властите на БиХ воведоа низа превентивни мерки кои ги имаа воведено земјите од соседството. Овие мерки вклучуваа ограничување на работата на малите претприемачи, ресторани и други угостителски објекти, воведување полициски час, затворање на гранични премини, ограничување на движењето и примена на други епидемиолошки мерки на отворено и во затворено. Комбинацијата на овие мерки и периодот кога шок-бранот на коронавирусот сè уште не пристигнаво земјата, го задржа бројот на заразени и мртви на многу ниско ниво и ширењето на инфекцијата се држеше под контрола. Но, како и на друго место, водени од капиталистичката логика на профит, големите фабрики со голем број работници не се затворени дури и во несуштинските сектори на производство. Мерките во овие фабрики беа делумно спроведени, а вирусот се шири слободно, не само во ѕидовите на фабриките, туку и надвор од нив, бидејќи работниците ја ширеа инфекцијата меѓу семејствата.

За време на почетната фаза на епидемијата, властите пресметаа дека ќе трае кратко и дека работите ќе се вратат во нормала за неколку месеци. Бидејќи стануваше сè поизвесно дека тоа нема да се случи и дека вонредната состојба може да се продолжи на неодредено време, властите почнаа да калкулираат. Под притисок на капиталот, првенствено занаетчии од мала и угостителска дејност, кои најавија протестен собир во Сараево за укинување на мерките во текот на мај, и покрај спротивставувањето на медицинската професија, мерките и вонредната состојба постепено беа укинати. Здружението на угостители и хотелиери на РС дури и се закани на Владата на РС дека ако не им биде дозволено да работат, ќе отпуштат над 7.000 работници.

Итака кревките и презадолжени буџети на државите и ентитетите не се подготвени да го поправат ваквиот скок на невработеноста за време на епидемијата. Во време на драстични мерки, властите им исплатија на работниците во најтешко погодените сектори минимална априлска плата, а на сопствениците и малите претприемачи дополнително им помогнаа со укинување на даноците и различните давачки. Еден од факторите за укинување на мерките беше недостатокот на тестови и неорганизиран систем за следење и тестирање на контаките и сместување во карантин и домашна изолација. Ова посебно беше видливо во Федерацијата БиХ каде што се спроведуваат различни и асинхрони мерки во 11 кантони на ниво на целиот ентитет.

За време на есента властите продолжија да балансираат помеѓу економските интереси на капиталистите и здравствената заштита на населението, а бројот на болни и мртви рапидно се зголемуваше од ден на ден. Организацијата на локалните избори во средината на ноември дополнително придонесе за ширење на инфекцијата. За време на пишувањето на овој документ, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Босна и Херцеговина е над 101 000, а бројот на смртни случаи надмина 3 300, што во моментов ја сместува Босна и Херцеговина во десетте земји со најголема стапка на смртност по глава на жител во светот. Медицинските работници предупредуваат дека болничките капацитети се исполнети, а болничкиот персонал е истоштен. Оваа состојба не дозволува третман на пациенти со други сериозни болести. Властите се обидуваат да ја задржат контролата со спроведување на делумни мерки и апелираат до индивидуалната одговорност на населението кое сè уште не вродило со плод.

Единствениот излез од оваа ситуација, каде што сите вентили на капиталистичкиот експрес лонец постепено се затвораат, е да се бориме! Време е да се бориме за квалитетот на животот и да ги собориме оние кои преку триесет години грабеж ги направија поранешните југословенски земји неспособни да се справат со каква било криза одголеми размери. И не мислиме само на членовите на владејачките партии туку на целата политичка и деловна елита, инвестициската и тајкунска владејачката класа, на сите оние кои нè дотераа да се грижиме не само за тоа што ќе се случи ако бидеме заразени од короната, туку исто така што ќе се случи ако јапреживееме! Одбраната против короната мора да прерасне во одбрана од капитализмот!

Бегалците како изговор

Од избувнувањето на таканаречената бегалска криза во 2015 година,ширењето хистерија кон бегалците од Блискиот Исток е едно од омилените оружја на владеачките класи за одвлекување на вниманието од вистинските социјални и економски проблеми, со кој работничката класа секојдневно се соочува, врз измислените проблеми што наводно ќе ни ги донесат бегалците. Говорат како бегалците ќе силоваат се пред себе,како ќе ниги одземат работните места (како тоа веќе да не го направија оние кои нашите фабрики ги продадоа за беспари) и слично, а сето тоа без никаково стварно покритие, освен упорното гебелсовско повторувањето на исти лаги на разните матни сајтовите што профитираат од лажните вести.

Бидејќи Балканот е транзитна област за бегалците кои се обидуваат да преминат од Турција во Западна Европа, овие мажи, жени и деца во неволја станаа жетон за поткусурување и наметнување на локалните владејачки класи на европскитекапиталистички сили. Во првите месеци од кризата, Србија играше „конструктивен“ партнер, сè додека Берлин се залагаше за прием на бегалци. Насочување на репресивните тела да функционираат како „проточен бојлер“, т.е. апаратот за пренасочување на бегалците по итна постапка до граничните премини со Унгарија и Хрватска беше претставен како одличен хуманитарен чин и се користеше за маркетинг цели.

Извор: Лиценцирани фотографии, автор Е.М. Klix.ba

Во моментот кога ЕУ одлучи да ги затвори границите и да ги претвори балканските држави во бедем и стационари за контролирање на бегалците кои успеаја да влезат, официјалната политика на Александар Вучиќ доби други тонови. Одеднаш ксенофобичните гласини и десничарските групи, кои дотогаш одвај живееја на маргините на интернетот, тргнаа да организираат протести и да парадираат по улиците. Режимот ова го искористи за да се постави како врховен редар кој ќе ги контролира„ двете страни’’ и насилниците и жртвите. Засилуваќи го присуството на полицијата на улиците дури и поставуваќи војска пред бегалските кампови српската држава ја искористи бегалската криза да направи уште еден исчекор кон авторитаризам.

Република Северна Македонија ја затвори границата за бегалците, сега оставајќи околу 12 000 бегалци во кампот Идомени, којшто првично е предвиден за 2500 луѓе. Фронтекс ја надгледува македонската граница во соработка со надлежната власт во Македонија иако државата не потпишала званичен договор, што укажува дека локалната власт не е суверена и пред нов бран на бегалци не би се воздржала да ја изврши валканата работа на европските земји и да биде уште една бариера што би ја „заштитила Европа“.

Еден од патовите за премин на бегалците во Европа е Босна и Херцеговина која не остана имуна на ксенофобијата. По затворањето на хрватските гранични премини за бегалците, балканската рута на бегалците се пренасочи преку БиХ, посебно за мажите без фамилии кои можат да преживеат тежок пат и нехумани услови. Локалните ксенофоби тврдат како сите тие биле терористи кои прават неред. Меѓутоа, факт е дека многу мал број бегалци извршуваат прекршоци кои може да се класифоцираат како потег на очајник кој бара храна и покрив над главата.

Главниот виновник за незгрижувањето на бегалците е босанскохерцеговинската тајкунска-политичка елита што не успеа да се организира за прашањето за прием на овие луѓе. Голем број кампови немаат услови за живот, а сега камповите и се затвараат. Бегалците се оставени сами на себе да преживуваат во напуштени објекти,улици,шуми, во шатори, а некој од нив влегуваат во празни викендици и околни објекти како би се заштитиле од зимата. БиХ медиуми активностите на проблематичните поединци, кои ги има секаде, ги окарактеризираа како активности на сите мигранти,а во тоа помогна и случајот со убиството во Сараево кое наводно го извршил мигрант. Ваквиот тип на генерализација не постои по прашањето за домашното население. Дејтонската државна структура исто така спречува згрижување на бегалците затоа што режимот на Додик во РС одбива да направи било каков приватен камп, а бегалското прашање го користи за одвлекување на вниманието за социјалните теми кон наводни терористички закани.

Јасно е дека локалните власти ја користат несреќата на бегалците како и што ја користат корона кризата за да ги зајакнат средствата за гола репресија која во иднина ќе се користи врз домашното население. Зголемените вложувања во полициската опрема, зголемување на бројот на припадниците во органите за репресија и проширувањето на нивните овластувања се општ тренд во југословенските простори. Овој тренд не вклучува само официјални органи на државното насилство туку и „увоз“ на полициска испомош од империјалистичките земји(како Турција и Кина, во случајот на Србија и Хрватска), како и толерирање на десни екстремистички паравојски и неформални групи насилници ( за кои моментално најистакнати примери се Словенија и Србија).

Парламентарната левица

Со избивање на светската криза на капитализмот во 2008 година, општествените движења, дел од политизираната младина и невладиниот сектор во својата реторика вртат се повеќе во лево, факајќи го бранот на антикапиталистичко расположение, кое зема замав во централните капиталистички земји, помеѓу другото користејќи го присуството на фондации како Роза Луксембург Штифтунг. На уметничката сцена и помеѓу студентите на хуманистички науки во меѓувреме се рашири кокетирање со леви теории од универзитетско милје и ново вреднување на југословенскиот модернизам. Ова се процеси кои во сличен облик можеме да ги видиме во сите поголеми градови од поранешните југословенски републики. Во изминатите 10 години сведоци сме и на првите општествени движења кои експлицитно усвоија елементи на критика на неолиберализмот и мерките на штедење, како студентските борби против цената на партиципацијата за студирање, работничките протести против приватизации или локалните движења за заштита на јавните добра.

Во текот на 2019 и 2020 година политичките партии произлезени од овие милјеа успеаа да влезат во парламентите на Хрватска и Македонија (Можеме и Левица). Ако ја земеме предвид и словенечката партија Левица, која е дел од парламентот во оваа држава веќе во два состави, доаѓаме до заклучок дека во парламентите на три поранешни југословенски републики се застапени политички сили кои се претставуваат како лево од социјалдемократијата. Овие изборни успеси без сомнеж ќе бидат пример за активистите во соседните држави. Во Србија Партијата на радикалната левица се формира како оддек од овие случувања и без сомнеж ќе се обиде да копира некои од тактиките веќе видени во Словенија, Хрватска и Македонија.

Главното упориште и гласачка база на словенечката Левица, Можеме и слични проекти е добро образовани луѓе од урбаните средини. Политичката програма на овие организации не покажува ориентација кон проширување кон работничката класа и другите слоеви на населението преку теренска работа. Сите индиции говорат во прилог на тоа дека тие остануваат фокусирани на работа во парламентот и професионализација како чисто електорални партии, со повремен НГО активизам.

Поради својата примарна ориентација кон средната класа чија поддршка воопшто не сакаат да ја загубат, овие организации одбиваат поблиску политички да се профилираат и наместо тоа се обидуваат да се претстават како широки „леви“ платформи. „Левица“ денес може да значи разни работи и опфаќа цела палета на политички опции кои се до таа мера различни што е бесмислено да се зборува за партија која по својата ориентација е само „левица“.

Работнички фронт, извор: index.hr

Хрватската зелено-лева коалиција на чело со Можеме на пример, избегнуваидеолошки-класно да се позиционира и централниот општествен судир помеѓу трудот и капиталот настојува да го заобиколи со повикување на борба за „јавен интерес“ „зголемување на општествената еднаквост“ и разни мерки за прераспределба во рамки на постоечкото граѓанско општество. Меѓутоа, со тоа јасно ја изразува својата идеолошка позиција на класен компромис и реформизам. Интерпретацијата на историските случувања во регионот како што е националното прашање или распадот на Југославија се избегнуваат, а овие теми се гледаат како терен на кој само десницата може да профитира. Нивната програма се фокусира на политики како еколошки иницијативи, нови програми за изградба на станови, директно демократско одлучување во локалните заедници, како и реформа на Европската Унија во соработка со слични зелено-леви партии од Европа. Можеме не е традиционална класно базирана реформистичка партија која се обидува да се вкорени со промена на односите на силитево поширокото општество, туку платформа на активисти која нуди стручни зелени политики кои нема да го отуѓат поширокото гласачко тело.

Раководството на словенечката Левица веќе претрпе жестоки критики од своите редови заради потполното насочување на силите во парламентарната политика и прекинувањето на врските со општествените движења. Во Хрватска, парламентарците од Можеме имаа несогласување уште на првото церемонијално гласање, а Катарина Пејовиќ, тогаш единствената пратеничка од коалицијата со анти-капиталистички став, одби да гласа за екстремно десниот кандидат додека нејзините коалициски колеги останаа воздржани во координација со останатите партии во парламентот со цел влез во преферираните парламентарни работни групи. Во меѓувреме од заедничките коалициски парламентарни клубови во Парламентот и од градскиот парламент во Загреб се исфрлени членовите на Радничка Фронта. Спорот настана околу поддршката за коалицијата на СДП на локалните избори во Ријека. Ваков расплет најавувавме веднаш после изборите со тврдењето дека зелено-левата коалиција нема да трпи во своите редови никаква порадикална и социјалистичка опција.

Иако номинално се залага за социјализам, Радничка Фронта во изминатите години се покажа како партија склона кон електорален опортунизам, повлекувајќи се пред зелените реформисти па тагување после исфрлањето од коалицијата. Иако на претседателските избори во зимата 2019 година излегоа заедно со СРП кој теренски им помогна при собирањето на потписи, во пролетните договори пред парламентарните избори 2020 година, го прифатија барањето на Можеме и го отфрлија СРП поради влез во зелено-левата коалиција и посакуваното место во парламентот. Водечка партија во коалицијата беше Можеме до таа мера што медиумите цела коалиција ја викаа Можеме, а после исфрлањето од парламентарниот и градскиот клуб, членовите и членките на Радничка фронта се обидуваа на сите начини да го молат Можеме да ги прими назад поради толку истакнуваното „единство на левицата“. Самото парламентарно делување на Катарина Пејовиќ секако има позитивни страни, но сега е веќе јасно дека електорализмот ја окупира Радничка фронта. А занимавањето со националното прашање по пат на конкретно одредување кон југословенскиот социјализам на Радничка фронта му е туѓо во еднаква мера како и на Можеме!

Еден од основните проблеми на овие политички формации на просторот на Југославија, освен немање на јасно позиционирана политичка програма, е тоа што не успеаа да изградат доволно силни партиски апарати и демократски структури кои би ги контролирале претставниците кои ги пуштаат во парламент. Иницијалниот електорален успех на овие леви формации се базира на нивната флексибилна еклектичка популистичка програма која овозможува гласови од незадоволните работни луѓе и од младината. Понатаму, како партии со релативно малку кадри и активисти, парламентарната работа често ја впива цела нивна сила и така ги спречува да ги развиваат другите полиња за работа. Од почетното тврдење како ќе го искористат парламентот за понатамошен развој и зајакнување, испаѓа дека парламентарните кулоари се мочуриште во кое се заглавуваат и прераснуваат во чисто електорални машини без допир со масите и без присуство на работните места, штрајковите, протестите и во општествените движења.

Во балкански контекст, најочигледната потенцијална замка за работничкото движење е двоумењето јасно да се определи кон националното прашање. Во случајот на македонската Левица гледаме дека опортунизмот кон национализмот може да води во крајна дегенерација и појава на шовинистички тенденции. Конкретни знаци на опортунизам во македонската партија Левица се покажаа во контекстот на империјалистичките притисоци Македонија што побрзо да пристапи во НАТО пактот. Во склоп на тоа се појави промената на името на државата како политичко барање на странскиот фактор кон домашните слуги.

За време на расправите во раководството на Левица, околу реагирањето на овие притисоци, се појавија две струи. Едната струја, која сметаше дека националното прашање треба да се третира низ комунистичка перспектива, фокусирајќи се на улогата на империјализмот и одбрана на правото на самоопределување без правење на непринципиелни и штетни сојузи со националистичките сили и „здравите десничари“. Комунистичката струја, во која беа и членовите на МО Црвени, сметаше дека Левица мора бескомпромисно да се држи до изворните принципи на социјализмот, изразени во партиската програма и Статутот.

Другата струја беше кликата собрана околу Димитар Апасиев која сметаше дека треба да се кокетира со национализмот „заради спречување на влезот во НАТО“. Оваа струја стоеше на макијавелистички позиции и тврдеше дека во македонскиот национализам постои „прогресивен потенцијал“, дека тоа е „одбранбен национализам“ и дека треба „по секоја цена да се одбрани името затоа што сме антиимперијалисти“ и струја која не спречуваше да се создаде отворен сојуз со десничарски клерикални групи и организации.

Од моментот кога групата околу Димитар Апасиев ја презеде Левица со бирократски методи, започнаа процес на тотална промена на ликот и суштината на партијата, како и основите на кои истата почива и беше создадена. Левица стана псевдопартија која е обичен додаток на македонскиот буржоаски плурализам. Опасно е што партијата на големо користи социјалистичка фразеологија и академски речник, како би ја прикриле својата дегенерација и преобразба во чиста спротивност од она што многу искрени борци сакаа да го направат во изминатите години.

Станува се појасно дека Левица е партија која капитулираше пред буржоаската идеологија. Всушност, партијата се претставува како „младинска партија“ и „младинско движење“ наспроти „мувлосаните“ работнички партии. Кои идеи ги брани „младинската партија“? Чии класни интереси ги штити и на кои социјални групи се обраќа? Дали е доволно да се биде „перспективен млад човек“ за да се гради новата популистичка левица? Нормално дека на овие прашања нема адекватни одговори, затоа што на ловците во матно им одговара работите да останат нејасни. Јасно е дистанцирањето од класната политика и градење на сојузи со работничката класа и нејзините синдикални организации.

За работниците нема повеќе место во новата популистичка левица. Две универзални одлики на политиката на оваа „младинска левица“ според зборовите на нејзиниот лидер би биле „обраќање кон плебсот“ и „антиелитизам“. Повторно, се избегнува јасна поврзаност со работничката класа и борбата за социјализам и се жонглира со општи и апстрактни поими. Антиелитизмот е концепт кој е чест во рамки на десницата, во намера да го исчистат образот и да направат дистинкција од „либералниот естаблишент“ и да се претстават себеси како некаква алтернатива. Доста симптоматично, во овој случај елитизмот се поврзува само со владеачката партија СДСМ која несомнено е претставник на интересите на капиталистичката класа, што има своја употребна вредност во дневнополитичките пресметки.

Она што е најскандалозно е одредувањето на политичките непријатели на новата популистичка левица. Тоа се „анационалниот северномакедонски Социјалдемократски сојуз…..многу опасниот и милитантен великоалбански националшовинизам“. Секако, дежурниот непријател се Албанците, кои се „носители на великоалбанскиот шовинизам“. Но претседателот на партијата Левица премолчи дека Албанците во реалноста не бараат отцепување, туку покажаа солидарност со македонскиот референдумот 2018 година, пркосејќи на сите албански националистички партии. Тоа беше јасен знак на класен расцеп во албанската популација, што само идеолошки заслепените македонски шовинисти можат да го игнорираат.

Во Србија Социјалдемократската унија се преименува во Партија на радикалната левица, која доминантно собира левичарска младина која не се определи за зачленување во ниедна од веќе постоечките левичарски организации. Еден од иницијалните предлози за новото име на партијата беше Работничка Партија, но поради внатрешните несогласувања за тоа во којанасока треба да оди оваа партија, сепак се одлучи за едно вакво „компромисно“ решение. Гледајќи ја шарената и апстрактна програма на партијата очигледно е дека постојат различни струи кои се судираат во врска со понатамошниот курс на организацијата. Имајќи предвид дека помеѓу нивните членови постојат активисти искусни во организирање, па макар и на популистички основи, не е исклучена можноста од оваа партија да настане помасовна и повлијателна политичка опција. Иако партијата покренува и се вклучува во разни иницијативи врзани за класната борба, тоа главно се сведува на агитација без конкретна содржина. Голиот активизам и недостатокот на изградба на кадри претставуваат сериозна пречка на патот кон омасовувањето.

Она што ги издвојува овие „леви“ партии од останатите електорални проекти е пред се` нивната „стилизација“, а не вкоренетоста во работничката класа или јасната борбена програма кои би му помогнале на истата да извојува конкретни победи. И покрај пробивот во парламентот тие остануваат мали и бирократизирани псевдопартии под контрола на тесен број на луѓе. Мимикриското и маркетиншко користење на работничката иконографија и терминологија која изгледа како социјалистичка, без поврзување и активирање на работничката база, уште сега ги води тие партии во слепа улица. Задачата на комунистите би била да им понудат на дел од активистите и симпатизерите револуционерни заклучоци и нови перспективи за работа и организирање.

Како и во другите капиталистички држави, досегашниот тек на пандемијата на Балканот јасно ја покажа целосната неспособност и небрежност на владеачките политички елити по прашањето за одбрана на животните интереси на работните луѓе, најшироките слоеви и ранливите групи. Во неброени случаи, нашите животи и здравје се жртвувани пред олтарот на профитот, како што и пред пандемијата јавните здравствени системи беа исцрпени од повеќегодишни политики на мерки на штедење. Со оглед на тоа дека пандемијата само дополнително ја продлабочува и заострува економската криза, нема причина да се верува дека владеачките класи го кажале својот последен збор за префрлање на товарот на целата криза врз грбот на работните луѓе. Оние кои држат натрупано богатство и несметано заработуваат во текот на пандемијата сигурно немаат намера да придонесат во санација на кризата. Затоа, во периодот кој е пред нас сосема е реално да се очекува обид за намалување на постоечките работнички права, законски измени, приватизации и други отстапки кон капиталот, како и раст на невработеноста, пауперизација и материјална беда на периферијата на капитализмот.

Политичкото делување и интересите на Црвени се неодделиви од интересите на целата работничка класа во сите периоди и циклуси на капитализмот, па така и во овој. Како организација која моментално делува во пет републики на југословенскиот простор, Црвени во секоја од тие републики внимателно ќе ги следи и поддржува сите работничко-синдикални активности и случувања како штрајкови, апели и иницијативи, ќе ги шири своите идеи и ќе се поврзува со сите борбени синдикати, борејќи се за поголеми права и плати на здравствените работници и работнички како некои кои на првата линија го носат товарот на целата пандемија, ќе се вклучуваат во општествените протести, во кои сигурно ќе има наплив на разни малограѓански, десничарски и антиваксерски групи чија класна анатомија вреди да серазоткрие. Да не дозволиме капиталот и овојпат да се провлече со помош на таквите елементи, туку да ја насочиме народната енергија и бес кон главниот виновник.

Во такви конфузни околности многу е важно формирање на јасно дефинирано јадро на активисти со одлучна програма за социјалистичка трансформација на општеството во овој дел од Балканот. Ова јадро треба да се подготвува за важна улога во идните случувања и за тоа дека ќе биде орган на колективната меморија на класната борба. Задачата на секој искрен социјалист, комунист е тоа да го препознае и да се бори за изградба на масовна револуционерна работничка партијасо јасни идеи. За разлика од претходно споменатите парламентарни и вонпарламентарни партии кои делуваат исклучиво во димензии на своите национални држави чие постоење не го доведуваат во прашање, Марксистичката организација Црвени почива на принципите на пролетерскиот интернационализам. Тоа значи дека уште сега гради база на целиот југословенски простор, со свест за пролетерскиот интернационализам како единствена исправна политика за решавање на економските оскудации, но и на затегнатите национални односи кои ги потенцираат владеачките елити и нивните помагачи.Пролетерскиот интернационализам за нас е средство за еманципација на работните луѓе од националните буржоаски држави, како и темел за идната меѓусебна размена и заеднички развој во состав на самоуправните демократски држави и сојузи. Затоа се тие држави наша цел како инструмент за власта на работните народи на Балканот, по пат на кои тие единствено и можат да ги отстварат своите материјални интереси и добробит. Подготвена за сите пречки на патот до таа цел, МО Црвени е посветена на трпелива изградба на таква организација која ќе биде во можност да ги укине капиталистичките општествени односи на Балканот и пошироко.

Придружете ни се во таа борба!

Втор Конгрес на МО „Црвени“