Македонија

СИСТЕМОТ ШТО УБИВА ИМА ИМЕ, СЕ НАРЕКУВА КАПИТАЛИЗАМ

Утрото на 16 март 2025 година, македонската јавност се разбуди со ужасни вести за стравичен пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 претежно млади луѓе, некои малолетни. Настрана од нив, околу 150 беа повредени, а дел сé уште се борат за живот од тешките повреди. Со оглед дека станува збор за еден мал град како Кочани со околу 25.000 жители, ваквиот настан трагично однесе една цела генерација на млади луѓе.

Покрај солзите, македонската јавност, особено кочанската, беше обземена од огромен гнев и бес. Веднаш се испратија пораки дека „системот ги уби децата“, дека потребен е „рестарт и промена на системот“. Реакцијата првично се почувствува во Кочани, каде уште истиот ден, масите главно составени од млади, од кои повеќето средношколци и студенти, излегоа на улиците со цел да го искажат својот револт. Притоа беше демолиран локал во центарот на градот, кој е во сопственост на газдата на дискотеката во која се случи пожарот. После тоа, разгневената маса се пренасочи прво кон општинската зграда којашто беше каменувана, а протестот заврши пред домот на градоначалникот, каде масите едвај беа смирени.

Интересно е тоа што, масите стихијно го изведоа првичниот заклучок штокој всушност беше точен за тоа каде лежи проблемот. Имено, демолирањето на локалот на газдата на дискотеката е всушност директен напад врз капиталот поради алчноста на сите сопственици кои гледаат само во профитот. Потоа, упатувањето кон општинската зграда и градоначалникот го симболизира гневот кон корумпираниот систем штокој владее веќе 35 години, а требаше да биде понапреден, демократски и слободарски. Системот е Тоа ја претставува спрегата помеѓу капиталот и политиката, два сегменти штокои еден од друг се неразделни. 

Вреди да се напомене дека младите, претежно средношколци и студенти во повеќе градови излегоа на мирни собири да оддадат почит на жртвите, притоа надминувајќи ги верските и етничките поделби. Се доби впечаток дека трагедијата инстиктивно го обедини ова општество и дека сите се погодени од неа, оставајќи траен белег во свеста на целата популација.

КОРУПЦИЈАТА – ПОСЛЕДИЦА НА КАПИТАЛИЗМОТ, КАПИТАЛИЗМОТ – ИЗВОР НА КОРУПЦИЈА

Елитистичките Неолибералните лакеи и пропагандата веднаш започнаа да го релативизираат првичниот заклучок на масите тврдејќи со тоа дека „корупцијата е проблемот“, без притоа да објаснат дека корупцијата е само последица на капитализмот. Точно е дека корупцијата, во превод расипаноста, доведе до тоа дискотеката да функционира со фалсификувани лиценци, да дозволува влез на малолетници, да го надминува капацитетот на гости, да ја нема потребната противпожарна заштита, да дозволи користење на пиротехнички средства, но како што веќе напоменавме, корупцијата е исто што расипан систем како нужен, составен делпоследица на капитализмот што му дозволила на локалниот моќник и профитер да работи на овој начин.  

Капиталистичкиот систем е систем изграден врз основите на приватната сопственост на фабриките, фирмите, рудниците, супермаркетите и големите земјоделски површини и како таков да опстане  не одбира начин како да мора да стигне до што поголем профит. Или поедноставно, газдата (капиталистот) секогаш ќе се труди да оствари што е можно поголеми приходи со најмали можни трошоци. Во овој случај гледаме како повеќе се исплаќа да се поткупи некој локален функционер, отколку да се инвестира во инфраструктура и безбедност. Принудата за безбедност и сигурност е поврзана со притисокот што работниците и обичниот народ го има извојувано преку синдикалната и општо борбата за подигање на животниот стандард на сметка на профитите. Додека функционира капитализмот, оваа равенка ќе биде ваква. Истото може да се забележи при изградба на градежни конструкции (деловни, станбени, комерцијали, инфраструктурни и др.) каде на капиталистот му е дозволено да гради занемарувајќи ја функционалноста на објектите и квалитетот на стабилноста при изградба, со цел за зголемен профит на кратки стази. Сé ова оди на товар на работничката класа, која прва плаќа за субстандарден урбанизиран простор, а во случај на „трагедија“ е таа што ќе плати со своите животи.

Затоа треба да нагласиме дека ваквите настани не се трагедии туку се убиства и тоа масовни. Тоа може да се констатира и за пожарот во модуларната болница во Тетово, пожарот во автобусот на Беса Транс, сообраќајката на автобусот на Дурмо турс, како и со падот на настрешницата во Нови Сад во Србија и судирот на возовите во Темпи во соседна Грција. Сите овие убиства штокои се случија во последните неколку години, а во кои се бројат неколку стотини загинати, се директна последица на капитализмот, кој во своето распаѓање со себе повлекува невини жртви од работничката класа. Можеби ќе се запрашате како? На тој начин што во сите овие настани капиталистите успеаа да пронајдат начин преку корумпираниот систем да остварат високи профити, без никаква грижа за последиците.

ВЛАСТА ВО ПАНИКА

Одговорот на властите беше брз и остар, со најавени аспења и засилени инспекции ширум земјата. Се разбира, овој одговор доаѓа како последица на страв од можно прелевање на масовното движење во Србија кај нас, кое би можело да има револуционерен потенцијал. Затоа гледаме најави од премиерот за „ресетирање на системот“ кој божем го наследија трул од претходниците и сега ќе го менуваат. Меѓутоа јасно е дека со „ресетирање на системот“ не се допира до суштината на проблемот, туку се нудат само привремени т.е. реформистички решенија. Позади ваквиот циничен слоган стои само обид за задржување на власт преку разводнување на гневот на масите.

Политичките партии кај нас, коишто се всушност буржоабуржујски партии и апологети на капитализмот веќе 35 години, се дел од проблемот и го граделе овој систем. Следствено на ова, тие во ниту еден случај не можат да бидат дел од решението. Напротив, тие се покажуваат како антинароден елемент , и благодарение на нивното дејствување, се наоѓаме во оваа ситуација. Поради тоа, со крајниот пораз на капитализмот, тие колективно ќе заминат во историјата, а дел од нив и ќе одговараат пред работничката класа за своите злосторства.

КОЈА Е АЛТЕРНАТИВАТА НА КАПИТАЛИЗМОТ?   КАКО ПОНАТАМУ?

Затоа потенцираме дека системот кој убива има име – се вика капитализам. Сè додека капитализмот владее, за жал, ќе се повторуваат вакви настани. За решавање на овие проблеми и запирање на овие убиства, потребна е суштинска промена на социо-економскиот систем и трансформација во социјалистичко општество, т.е. во општество во кое работничката класа вистински демократски ќе ја има власта во свои раце и со тоа нема да дозволува да се градат објекти без никакви стандарди, обложени со сунѓери, да оперираат автобуси кои се неисправни, бидејќи самата работничка класа ќе ги поседува и користи истите. Ова е единствената револуционерна промена која има капацитет за решавање на општествените проблеми, бидејќи својата сила ја црпи од големото мнозинство, од работничката класа.

Постои перспектива на создавање на масовно движење на крилата на студентите и младината. На 24 март, десетина илјади граѓани на скопските улици го изразија своето незадоволство од функционирањето на системот со паролата системот е следен, а се најави и продолжување на протестите во главниот град. РКС ги повикува младите и работничката класа точно да ја дефинираат суштината на проблемот, односно дека системот на кој што му треба промена е капитализмот. Студентите мора да се радикализираат и масовно да излегуваат на протести, но исто така, мора да се внимава да не се потпаѓа под обидите за разводнување на атмосферата од страна на власта, ниту на релативизациите од страна на неолибералните апологети и лакеи на капитализмот. Исто така, младите и студентите мора да ја повикаат работничката класа да им се приклучи во идната борба и да ги здружат силите, бидејќи тоа е единствениот начин до победа.

НАПРЕД КОН ПОБЕДА!

СИСТЕМОТ ИМА ИМЕ – СЕ ВИКА КАПИТАЛИЗАМ!

30 март 2025, РКС Битола