ЗДРАВСТВО, НЕ ОРУЖЈЕ!
Империјализмот е највисок стадиум на капитализмот. Но, начинот на кој владите се обидуваат да го решат империјализмот не е преку интелигентна, организирана соработка на сите произведувачи во човештвото, туку преку искористување на светскиот економски поредок од страна на капиталистичките класи на земјите победници; која преку војните ќе се претвори од голема во светска сила.
Леон Троцки – „Војната и интернационалата“
Во овие услови денес, пораката за кампања на нашата Револуционерна комунистичка интернационала „Книги, не бомби“ стана поитна отколку било кога.
Од почетокот на војната помеѓу Израел и Палестина, сега веќе повеќе од една година, Израел со поддршка од западниот империјализам започна и инвазија на Либан и сега се заканува со војна против Иран. Истовремено, САД и западна Европа одбиваат да го признаат понижувачкиот пораз и се поигруваат со човечките животи помагајќи ја Украина да испукува проектили длабоко на руската територија. Последиците од овие избрзани одлуки би можеле да поттикнат директен судир меѓу НАТО и Русија.
Училишта, не тенкови!
Во земјите на поранешната Југославија кај работничката класа присутен е дел oд здравиот анти-империјалистички сентимент. Меѓутоа, доминантниот наратив на владејачката класа е дека ние не сме важни на политичката сцена. Како да ние не сме тие кои било како можат да се изборат против империјализмот и милитаризмот.
Неодамна во Дубровник на 10 октомври се одржа самит на земјите од југоисточна Европа. Темата беше војната меѓу Украина и Русија. Претставници на сите земји од поранешната Југославија ја потпишаа наведената декларација преку која искажаа бескомпромисна поддршка на Украина во војната. Декларацијата ја потпишаа сите претставници на балканските земји заедно со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Србија не ѝ воведе санкции на Русија, но преку своите постапки индиректно го поддржува Зеленски. Дури произведува и дел од воениот арсенал за фронтот во Украина, така што продава оружје на западните држави од каде пак оружјето завршува на фронтот. Вучиќ успева веќе некое време да балансира помеѓу наизглед русофилијата и ускладувањето на политиките со ЕУ. Редовно во српските медиуми се гледаат плакати со ликот на Вучиќ и Путин, додека пак, за време на посетата на германскиот канцелар Шолц и претседателот Макрон направи бизнис договори со западниот империјализам. Србија увезе во Украина муниција вредна за дури 800 милиони евра. Исто така од неодамна започна да извезува и произведува оружје за Израел во вредност од 24 милиони евра.
Од друга страна во Хрватска нималку не е подобра ситуацијата, дури ако не е и полоша. Хрватска досега испрати вкупно 200 милиони евра помош во финансиски облик. Што се однесува до наоружувањето, уште на самиот почеток на војната испрати повеќе од 40 топови и хаубици, 30 илјади бојни пушки, 14 хеликоптери, стотици противавионски и противоклопни ракети, десетици милиони куршуми, илјадници гранати, униформи, шлемови, панцири, што е доволно за опремување на една цела мала војска. Сето ова Хрватска го испрати на украинските војници. А, испораките не се ниту прекинати. Значи, веднаш на почетокот на војната помеѓу Русија и Украина планот на премиерот Пленковиќ беше да испрати војници на фронтот во Украина и на тој начин директно да се вмеша како членка на НАТО во војната помеѓу Русија и Украина со што би се довело до директен судир меѓу НАТО и Русија. Моменталниот план на премиерот на Хрватска е повторно да се обиде да го направи истото.
Што се однесува до Израел ситуацијата е повторно повеќе од разочарувачка. Власта дозволува нелегален шверц на оружје во Јадранското море и така овозможува смрт на цивили во Палестина. Дури неодамна интерес за бродоградилиштето Уљаник кое е во стечај во Пула, изрази израелската влада. Идејата беше да се претвори бродоградилиштето во Истра во место за производство на воени бродови.
Словенија своите релативно мали воени капацитети одлучи скоро во потполност да ги подари на украинците, па дури им испрати и тенкови. Дури Македонија и покрај своите скромни воени капацитети одлучи да донира свои тенкови за војната во Украина. На украинскиот фронт мистериозно се појавија и оружја произведени од босанската фабрика во Нови Травник, иако тоа е забрането по одлука на претседателството на БиХ уште од 2015 година. Секако, пакети воена помош за Украина беа испратени и од Црна Гора и Косово и покрај нивните ограничени економско-воени ресурси. Покрај сè наведено Србија и Хрватска од неодамна воведоја задолжителен воен рок како дел од општо засилената милитаризација во цела Европа.
Фабрики и болници, не гробници!
Ниту една влада на овие држави чии економии се и онака веќе девастирани од војните во 90те и реставрацијата на капитализмот после распадот на Југославија, не прашаа за одобрување од мнозинството дали смее вака суштински издатоци од државниот буџет и тешко заработените пари од работничката класа да ги подарува за војните кои се водат во интерес на владејачките класи со цел да се додворат на големиот брат на Западот.
Војните општо се водат заради желби на малцинството. Милјардерите, политичарите и трговците со оружје. Тие значат катастрофа, уништување, смрт и глад, раселување и пресекување за огромното мнозинство. Тоа е она што капитализмот денес го нуди, а во иднина ќе биди уште полошо.
Капитализмот е систем кој одамна го презреа своето постоење. Неговата декаденција се манифестира во сите облици и појавности, но посебно дегутантна е веќе споменатата милитаризација. Империјализмот е борба помеѓу различните арамиски банди на капиталисти кои меѓусебно се натпреваруваат околу својот плен – парите. Денес како што пазарите сè повеќе се смалуваат под закана од рецесија оваа борба станува сè поинтензивна. Од таа причина гледаме сè поголема милитаризација и хушкање за војна. Не постои граница која тие нема да ја преминат само со една цел, односно заштита на своите профити. Па дури и тоа ако значи смрт и уништување.
Овие војни, помеѓу Украина и Русија и Израел и Палестина претставуваат само еден од примерите на варварство кое ни го нуди овој декадентен систем во пропаѓање. Тајван, Конго, Судан, војните и граѓанските војни во повеќе од 30 земји во целиот свет: тоа е сликата за иднината која капитализмот ја припрема за човештвото.
Сето драматизирање и поддршка за Украина која ја покажуваат нашите домашни капиталисти и остатокот од Западна Европа и САД одамна се разобличени како лицемерие. Целта никогаш не беше да се ослободи Украина и неа да ѝ се помогни, туку да се ослаби Русија како еден од посериозните ривали помеѓу светските сили. Заради нивните интереси украинскиот народ е фрлен во кланица пред далеку надмоќниот непријател. Секако цената за таа војна или војните општо мораат да ја платат милионите обични луѓе од работничката класа.
Посебно е интересно како се снаоѓаат кога е потребно да се пронајдат пари за воениот сектор. Тие можат да испратат стотици милиони во воена помош за израелската воена машина и кланицата во Украина. Но, сепак, со децении се опоравувавме од војните, бевме во криза, требаше да штедиме, ни говореја дека сме мали и неважни и прифаќавме напади на образованието, здравството и остатокот од јавниот сектор. Ни говореја за „приватизацијата“ и како сè ќе биди подобро кога ќе се премине во приватна сопственост. Денес ниту една југословенска држава не може ниту да се спореди со сенката на државите што беа за време на Југославија, а одлучуваат да го доуништат и она што малку ни преостана.
Се поставува прашањето од каде воопшто ги пронајдоја сите тие милијарди за испраќање во Израел и Украина кога истовремено сме така „мали и неважни“. Истите тие кои со години ни тврдат дека не можеме да имаме исти плати како на Запад и дека не можеме да се споредуваме во стандардот со нив, не можеме да ги плаќаме работниците и повторно да започнеме производство во фабриките, некако мистериозно пронаоѓаат начин да испратат стотици милиони евра да ја срамнат со земја една Газа во рок од еден месец. Истите тие кои зборуваат дека не е возможно да се пронајдат пари за повторно отворање на разрушените железници се осудуваат да се закануваат дека наши војници ќе испраќаат на фронтот во Украина и испраќаат количини на оружје со кое може да се наоружа цела армија.
Но, оваа ситуација има сè поголема радикализира кај младината. Дојде време за широка интернационална кампања околу јасна програма против борбата за милитаризмот и империјализмот. Целта нам ни е да допреме до секој кампус, училиште, работничка организација, синдикат и работно место, со цел да дадеме јасен израз на зголемениот бес во општеството и да го усмериме против кривците одговорни за варварството кое се подигнува околу нас: нашите владејачки класи.
Национализација на банките и фабриките за оружје!
Помеѓу 2023 и 2024 година сите земји на Балканот ја зголемија својот воен буџет. Но, моментални рекордери во регионот се Србија и Косово со пораст од преку 100% во однос на 2015 година. Следи Словенија со преку 80% и Хрватска со 30%. Сиот тој голем буџет мора од некаде да дојде, а за тоа ќе има кратења во јавниот сектор. Здравството, образование и јавниот превоз во текот на минатите години патат од големи мерки за штедење, а она што нè чека во иднина ќе биде уште полошо. Империјалистите покажаа јасно дека ова е само почеток. Тие се спремаат за епоха на војни и разрушување, во која нè повлекуваат сè подлабоко. Сè поголем дел од човечкиот труд ќе биди изгубен во крајно бескорисното производство на оружје.
Далеку од тоа дека било што се додава на економијата, напротив, производството на оружје е усмерено кон уништување на производството. Стотици милиони кои се трошат на овој начин, без да се создаде било што корисно или продуктивно, неизбежно ќе поттикнат натамошна инфлација која ќе биди почувствувана од милиони. Така повторно ќе бидеме присилени да го платиме наоружувањето: не само со малите буџети за здравството, јавниот превоз и слично. Туку и со поголеми цени.
Од таа причина потребна е експропријација на банките и фабриките за оружје.
Многу ќе речат дека е доволно само да се престане со производството на оружје. Но, тоа ќе направи многу работници да останат без работа. Наместо тие фабрики да се затворат, национализација на индустријата на оружје и големите банки под работничка контрола би овозможило нивна пренамена за создавање на општествено корисни добра. Под работничка контрола, со потполно финансирање на експроприран банкарски сектор и запленување на добивките на трговците со оружје, работниците лесно би можеле да развијат план за пренаменување на фабриките.
Да би ставиле крај на војните мораме да ставиме крај на капитализмот!
Не постои граница која капиталистите нема да ја пречекорат како би ги зачувале своите пазари. Судбината на Југославија од војните од 90те денес ги дели Газа или Украина, но во далеку пострашен размер. Во Газа повеќе од 600 000 деца се без пристап до образование и основни достоинствени услови. Една година од војната, а веќе стотици илјади се осакатени, бројот на мртвите преминува преку 100 000 додека Газа е срамнета со земја. Слично се случува и во Украина. Како што домашната локална буржоазија на сеопштото одобрување на империјалистичките сили некогаш во Југославија ги хушкаше Хрватите, Бошњаците, Косоварите, Србите едни против други така денес ги хушкаат Израелците против Палестинците, Либанците и Иранците, и Русите против Украинците. Украина е девастирана и ќе ѝ биде потребно многу долго време да би ја обновила својата инфраструктура.
Сите прогресивни елементи кои капитализмот некогаш ги имаше, одамна ги изгуби. Капиталистичката класа внатре во своите оквири на националните држави ги тераат работниците преку својот грб и животи да ги покријат трошоците на нивните империјалистички претензии. Додека тие крадат пари од буџетот, испраќаат тенкови, оружје и луѓе на фронтот, а истовремено кратат на социјалните давачки за здравство и за образование. Потребен е обединет фронт на целата работничка класа како би паднал капитализмот. Војната е метод преку кој капитализмот, на врвот на својот развој, настојува да ги разреши нерешливите противречности. На ова пролетаријатот мора да се спротистави користејќи го својот метод, а тоа е методот на социјалистичка револуција.
Револуционерниот комунистички сојуз е против војната, геноцидот, милитаризмот, мерките за штедење, против пеколот кој империјализмот го создава во светот, РКС го подига пролетерскиот, интернационален бајрак против милитаризмот и империјализмот, за социјализам. Ние велиме: Училишта, не текови! Долу војната, долу империјализмот!