ДАЛИ СИ КОМУНИСТ? ТОГАШ ОРГАНИЗИРАЈ СЕ ПОЛИТИЧКИ!
Дали сте комунисти? Ако сте – организирајте се! Приклучете им се на марксистите! Maрксистите на југословенскиот простор регрутираат кадри за револуционерна работа. Се обраќаме кон радикалната младина и работничката класа да ни се придружат во борбата за социјализам. Ако си комунист или комунистка, не губи време – јави ни се и организирај се политички!
Марксистичката организација Црвени – југословенска секција на Интернационалната марксистичка тенденција (ИМТ) започнува кампања на нов бран на регрутација да го зголеми членството во сите републики од поранешна Југославија. Што е Марксистичка организација Црвени?
Марксистичка организација Црвени е југословенска комунистичка организација на работници и студенти собрани околу идеите на марксизмот. Нашите Програмски основи може да ги прочитате тука. Нашата цел е изградба на работничка партија со комунистичка програма за воспоставување власт на работничката класа, која го сочинува големото мнозинство од населението во секое модерно општество. Кризата на капитализмот во светот денес е сѐ поостра. Расположението во општеството е далеку од хармонично – забележлива е радикализација помеѓу работниците и младината во дел од Европа и светот. Сѐ повеќе млади луѓе бараат одговори на проблемите на капитализмот и доаѓаат до комунизмот како решение, поради што се активираат и политички се организираат. И ние на Балканот мораме одлучно да делуваме во тој правец бидејќи имаме премногу причини за незадоволство и радикализација.
Што прави нашата организација? Како активен дел од интернационалата и светскиот комунизам, на југословенскиот простор градиме ограноци, едуцираме нови кадри, агитираме помеѓу младината и учествуваме на протести и штрајкови. Секој наш огранок одржува редовни состаноци на кои се договараат нови практични активности, се дискутираат важни политички и теориски прашања и се пружа вредно марксистичко образование на новите заинтересирани контакти. Се финансираме комплетно независно – од членарини и донации, без потпирање на било какви државни или европски фондови.