Интернационала

Југославија: Спротивставени на агресијата на НАТО!

 Воените планови на НАТО ги истурија бомбите врз Југославија, убивајќи мажи, жени и деца. Ова е крвав чин на разголена агресија од страна на империјалистичките сили, кои преку изреката “хуманитарна” ги штитат своите немилосрдни стремежи. Наместо мир, бомбардирањето носи трага од патење, крвопролевање и смрт. Отвори нов кошмар за народите на Балканот.

Обидите на империјалистичките сили на наметнат втор “мировен” договор со Милошевиќ во Париз јасно е дека беа осудени на пропаст од старт. Договорот од први октомври, посредуван од заканите за НАТО бомбардирање, беше распарчен. Покрај согласувањето на етничките Албанци во Косово за продолжеток на барањата за независност, српските водачи не можеа да се согласат за околу 28 000 НАТО трупи на своја суверена почва. Барањето на САД ја покажува нивната голема ароганција и тоталното понижување на Југословените. Дури и пред воениот поход, империјалистите бараа тотална капитулација. Е, ова е без преседан! Да ја прифати ваквата капитулација, Милошевиќ би бил тргнат од ултра-националистите. Народите на Југославија немаат алтернатива. Тие мораат да дадат отпор на странската агресија.

Ситуацијата на Косово се влошува многу брзо. Минатата недела околу 80 000 луѓе ги напуштиле своите домови под притисок на српските сили. Лани, околу 400 000 -повеќе од четвртина од населението на Косово и Метохија – ги оставиле своите домови и села. Српските водачи спроведуваат политика на етничко чистење со изговор дека ја елиминираат Ослободителната Војска на Косово (ОВК) . Селата до земја се горат и населението се истерува. Но, да се замислува дака империјалистичките силници се големи заштитници на етничките Албанци е навистина заблуда. Тие, под изговор дека нудат хуманитарна помош си обезбедуваат подлога на Балканот.

Косовската криза е јасна индикација дека националните прашања не може да се решат под капитализмот. Претходно, за време на Тито, Социјалистичка Федеративна Република Југославија (составена од 6 републики и 2 автономни покраини) остваруваше висок степен на единство. Косово, кое беше составено од 90% етнички Албанци, ја прифати автономијата во рамки на Југославија. Како и да е, со кризата на сталинизмот, отровот на национализмите уште еднаш се појави. Секоја од бирократиите на резличните републики ги играа на карта на национализмите за да се одржат на власт со нијзината моќ и привилегиите од неа.

Во доцните 80-ти, Милошевиќ , потпрен од српскиот национализам , го издигна прашањето за Косово – колевка на српството, и ја укина автономијата на косоварите. Следуваше бруталната политика на национално угнетување на Косово. Ама, главнината на кривица за сегашната криза во поранешна Југославија лежи во империјалистчките сили, највеќе Германија. Со падот на Берлинскиот Ѕид, тие ги бараа сферите на влијание на Исток. Германскиот империјализам намерно го “градеше” распадот на Југославија преку подршка на хрватската независност. Таквата политика го воведе целиов регион во конфликт, кулминирајќи со војната во Босна и Херцеговина и сегашниот конфликт на Косово и Метохија.

Иако автономијата е одземена од Косово во 1989 , во последниве две години – следејќи ја револуцијата во Албанија – оружјето ѕвечка во голем број. Војната е клучен фактор во нестрпливоста на т.н. ОВК, и нејзината герилска војна за независност. Ова само ја ескалира кризата. Српската репресија се сретна со тероризмот на ОВК -секој настан служи да се разгорат чувствата на противникот. Етничките Албанци треба да имаат право на мирен живот за нивната земја. Но, сметајќи на етничкиот состав на регионов, косовската независност ќе предизвика серија војни низ Балканот. Ваквиот развој е имплицитен за тековната криза. Ова ќе биде катастрофа за народите во целина. Војната во Босна ќе личи на чајанка за споредба. Војната ва Босна беше “само” помеѓу локалните милиции.

Кампања против НАТО на КПРФ

Балканската војна би ги вклучиле Турција, Грција, Бугарија, Македонија, Албанија итн. Би се водела меѓу регуларни армии, коишто во модерни услови, би значеле незамислив колеж. Би имало многу поголеми последици за Европа. Милиони бегалци ќе бараат засолништа низ континентот. Ова е една од главните причини за интервенцијата на империјалистите. Нема никаква врска со “сиромашките етнички Албанци” , кои се ситна риба за нив, и се во врска со стравот од Балканска Војна. Сега со нивните постапки можат да ја ескалираат состојбата, со одмаздата на Србите јурејќи с# повеќе и повеќе бегалци кон Македонија, каде според албанските извори има 40% Албанци, а според официјалните и меѓународните 23% Албанци. Како што коментираше рускиот Министер за Надворешни работи Игор Иванов ( Финаншал Тајмс 24-3-99) ” Ако оганот е во Косово, а се пренесе во Македонија и Албанија и Босна и Херцеговина, тогаш друга голема војна на Балканот ќе се разгори”. Вакво сценаријо би ги вклучило соседните НАТО членки Грција и Турција, изложувајќи го можеби пасцепот на самиот НАТО. Империјалистите се спремни на с# ова да не дојде. Со ова се обележува нова етапа во меѓу-империјалистичките ривали кои ќе го заменат Новиот Светски Поредок.

Јазикот и акциите на империјализмот, посебно американскиот, смрди од лицемерие. Тие се подготвени да реагираат само тогаш кога се во прашање нивните интереси. Инаку тие се крајно индиферентни на страдањата на угнетуваните. Тие не се подготвени со прст да мрднат за Руанда, каде милион Тутси умреа во геноцидот. Не се подготвени ни да ги одбранат Курдите. Напротив, тие го подржуваат турското угнетување. Подобро од “ослободувачи” империјалистите секогаш биле угнетувач. Сега се заинтересирани за позиционирање на нивните интереси на Балканот. Империјализмот на САД , посебно сега, единствена суперсила, покажува комплетна ароганција во светски размери. Незадоволни со нивниот последен “договор” со ОВК, кој сега залудно бара помош од САД, империјалистите на НАТО пактот бараат воена окупација на Косово. Одбивањето на Србите да го прифатат ултиматумот, водеше до пеколно бомбардирање на Србија, како што направија во Ирак. Ова е Новиот Светски Поредок!

Сепак, сета неодамнешна историја покажува дека осаменото бомбардирање е недоволно да се скрши земјата. За ова ним им се потребни копнени трупи. Воздушните сили се само помошни – но деструктивни- орудија. Арно ама империјалистите се уплашени од тоа да дадат копнени сили, заради стравот да не бидат фатени во одолговлечена војна (најверојатно, герилска) со големи загуби. Тоа беше неодамнешното американско искуство во Сомалија, Либан, а тука е и Виетнам. Ако Милошевиќ ги прифати условите на империјалистите, тој најверојатно ќе биде заменет од дури поагресивен режим, кој ќе ја распламти ситуацијата повеќе. Во исто време, НАТО бомбардирањата нема да бидат толку лесни како што тие ги прават. Југословените имаат софистициран одбрамбен систем набавен од Русите. Русите , пак, сојузници на Србија, се спротивставија на бомбардирањата. Тие се спротивставуваат на империјалистичката доминација на Балканот, и рекоа дека ќе ја снабдат Југославија со уште оружје. “Ние сме должни да обезбедиме противвоздушна одбрана за Југославија ” рече големец од Рускиот Совет на безбедност, Виктор Иљукхин. Водачот на малата “Руска Партија”, Вадим Гузинин, повика да се испратат доброволци дасе борат во Србија ” да се помогне на братскиот народ”. Руската опозиција за бомбардирањата ја објаснува употребата на НАТО од американскиот империјализам, повеќе неголи на Обединетите Нации. Меѓу-империјалистичкиот ривалитет,со САД и полтронската Британија на една страна, и Русија и Франција на друга, спречи дасе употребат ООН, како и многупати досега. Обединетите Нации се претворија во крајно немоќни. Во својата реалност тие се раз-Обединетите Нации.

Империјалистите се скрија во ќоше. Целата нивна слава и онаа на НАТО се ставени на ломача. Затоа тие мораат да бомбардираат се додека Србите не капитулираат. Но, НАТО бомбардирањата нема да решат ништо, само ќе влошат. Србите се принудени на контра-напад. Тие се ограничени на големи загуби. Ова ќе врши притисок на американскиот Конгрес, кој е доста поделен за крвавиот европски заплет. САД се надеваат дека само заканите се доволни да се повлече Милошевиќ. Ама ова пропадна. Сега тие ги бомбардираат српските мажи, жени и деца надевајќи се дека Милошевиќ ќе капитулира. Ова е големо коцкање. Нема гаранции за успех. Наместо да присилат концесии, тие ќе ги влошат работите. Има закани од про-Милошевиќевата страна во Црна Гора, по одбивањето да се подржи Србија. Ќе има понатамошни српски напади во Косово под видот на довршување на ОВК кои се презентираат како американски помошници. Со ова ќе се пратат бегалци во Албанија и Македонија, креирајќи тензии внатре во нив.

Наместо решавање на кризата во Балканот, НАТО бомбардирањата ќе ја разгорат ситуацијата, водејќи во бескрајни конфликти и нестабилности. Рускиот министер за одбрана, Игор Сергеев, предвиди дека Косово може да го докаже ” вториот Виетнам, но внатре во Европа” . Елцин беќе приморан да излезе против НАТО, велејќи: ” Ова значи војна во Европа, а можеби и понатаму”. На капиталистички основи, нема решение за народите на Балканот. Акциите на НАТО може привремено да помогнат во превенција на обопштена балканска војна, но империјалистите не можат да седат неограничено на основ на “лимитирана” војна. Ако ситуацијата овде во Македонија експлодира, целиот регион ќе биде во пламен. Новиот Светски Поредок во суштина е Светски Неред. Ова е “практичното” решение пону

дено од империјалистите.

Единственото реално решение е вистинска федерација на Балканот. Но таа може само да се оствари како социјалистичка. Под овие околности, етничките Албанци ќе ја постигнат вистинската автономија за себе. Под овие околности, народите на Балканот ќе може да се обединат на братска доброволна база.

Британското работничко движење мора да се спротивстави на НАТО бомбардирањето. Ние мораме да се спротивставиме на надворешната политика на Блер, која е само кукла на американскиот империјализам. Тој ги загрозува животите на сите страни- цивили и војници – не во интерес на Косово, туку на империјализмот.

Да се спротивставиме на употребата на британски трупи за империјалистички цели!

За социјалистичка надворешна политика! Само на патот на интернационализмот на работничката класа може да помогнеме на сестрите и браќата наоколу.

Поддршка на работниците од поранешна Југославија во отфрлањето на угнетувачите како начини за воспоставување на социјализам и работничка демократија.

Тед Грант
Лондон, 25-3-1999