ИнтернационалаМакедонија

Став на Комунистичката платформа во однос на „македонското”

 

   Ова се политички тези на Комунистичката платформа за македонското прашање. Комунистичката платформа е наша сестринска организација во Грција (од Редакција на МО Црвени)

 

Македонското прашање е едно од националните прашања на Балканскиот полуостров што капитализмот не може да го реши.

Анахроните националистички перчења на грчките капиталисти против соседна Република Македонија се длабоко лицемери. Истите со години извезуваат стотици милиони евра во соседната земја. Со други зборови, додека внатрешно го осудуваат „Скопјаните“ како непријатели, тие немаат морален проблем да потпишуваат профитабилни договори на кои пишуваат „Македонија“.

Работничката класа и нејзиното движење во Грција мора да се држат настрана од патриотски-националистичкиот отров. Народот на Македонија има неотуѓиво право на самоопределување. Грчката буржоазија (како и секоја друга национална антагонистичка буржоазија на Балканот) историски имаше катастрофална улога во македонското прашање, со повеќекратно угнетување кон славомакедонската,  или подобро,  македонската етничка припадност, како што денес е идентификувана.

Надвор од доминантните грчки националистички митови, македонскиот народ е историска реалност. Таа е создадена со историска еволуција на Балканскиот Полуостров, а не со „вештачка креација“, како што тврдат платените интелектуалци на грчката владејачка класа.

Македонската национална свест се разви во Отоманската империја меѓу словенските жители на Македонија, кои формираа свој јазик што има сличности со бугарскиот и српскиот, но со многу локални идиоми. Постоењето на Македонците како нација со свој јазик и писмо било признаено од самата грчка држава, кога во 1926 година Министерството за образование (на Грција, заб. прев.) го објави првиот македонски буквар под наслов „Абецедар“.

Македонското национално ослободително движење влезе бурно во центарот на вниманието во 1903 година, кога под водство на организацијата ВМРО  се крена востанието на „илинден“,  со што се создаде краткотрајна македонска република. Востанието на крајот беше задушено од Отоманската империја.

По Балканските војни, грчката држава, во рамките на своите нови проширени граници, остро ја угнетуваше македонската етничка припадност, која според официјалните статистики броела 82.000 луѓе, кои главно живееле во регионот на Западна Македонија. Нивниот јазик беше забранет и нивните лидери беа затворени.

Во 1925 година Комунистичката интернационала за олеснување на борбата на Бугарската комунистичка партија за власт го усвои слоганот „Обединета и независна Македонија“. Донесувањето на овој слоган од страна на ККЕ (Комунистичката партија на Грција) во услови на масовно пристигнување на грчки бегалци од Мала Азија, кои ги променија националните размери во грчкото и македонско население, се покажаа како сериозна грешка од гледна точка на тактиката, бидејќи ги изложи на ризик грчите комунисти од немилосрдното гонење на грчката буржоаска држава како „предавници“. Сепак, доследна одбрана на национално самоопределување на Македонците од страна на грчките комунисти во тој период создаде силни врски со грчката работничка класа и ККЕ.

Неколку години подоцна, во 1944 година, основана е македонската политичка организација СНОФ (Славомакедонски народно ослободителен фронт), која учествуваше во ЕАМ (НОФ на грчки јазик, заб.прев), па дури и избра член на Слободната влада на Грција. За време на Граѓанската војна, организација наследник на СНОФ, НОФ (Народно-ослободителен фронт) учествуваше заедно во Демократската армија на Грција. На крајот на граѓанската војна имаше 14.000 борци од македонска етничка припадност на борбените линии на Демократската армија, со вкупно 40.000 војници. Како резултат на ова огромно учество во револуционерната борба, десетици илјади Македонци станаа бегалци.

За речиси 40 години, македонското прашање ги напуштило првите редови, главно како резултат на постоењето на македонска државност во рамките на единствената Југославија. Сепак, во раните 1990-ти, по распадот на поранешна Југославија, нерешеното „македонско прашање“ се врати на експлозивен начин. Грчката владејачка класа се присети дека „Македонија е грчка“ и започна кампања со разни притисоци под изговор за неприфатливост на името на новата држава што произлезе од распадот на Југославија, со крајни цели да го пренасочи интересот на грчката работничка класа од класната борба кон „националните“ прашања и демек „експанзионизмот на Скопје над Грција“.

Се разбира, слабата македонска владејачка класа играше, а и продолжува да игра, на картата за национализмот, за да може да ја стабилизира својата власт преку искористување на угнетените национални чувства на својот народ и да стане привилегиран набљудувач на Западниот империјализам во регионот. Сепак, реакционерноста на македонскиот национализам не се оправдува со посилен грчки национализам, одразувајќи ги уште пореакционерните аспирации на грчката буржоазија, да дефинира како би се нарекувала друга држава и нејзиното население.

Сегашната интензивна мобилност околу обидот да се најде „консензуално решение“ за името на соседната држава е поврзано со интензивирање на меѓународните империјалистички антагонизми. Тоа е резултат на потрагата на американскиот и европскиот империјализам за поцврсто да го контролираат балканскиот регион преку завршувањето на очекуваното пристапување на Република Македонија во НАТО.

Грчката владејачка класа, понижена во 1990-тите со дипломатскиот пораз на меѓународното признавање на Република Македонија под ова име, се обидува – како што тоа го стори во 2008 година со „ветото на Караманлис“ – да ги искористи аспирациите на НАТО за да наметне на соседната држава било друго име од „Република Македонија“,а со покажувајќи дека, и покрај длабоката криза на грчкиот капитализам, мора да се земат предвид нејзините сегашни национални барања и дека сè уште може да победува во дипломатијата.

Влада на Ципрас, која е послушна на империјалистичките планови на НАТО и е верен слуга на посебните аспирации на грчката буржоазија, се обидува да склучи договор за името со „географска одредница“. НД (Неа Димократиа) и другите граѓански партии во „центарот“, во суштина, се движат на истата линија со Владата.

Меѓутоа, застареното самозаѕидување на грчката владејачка класа е толку големо во својата екстремна националистичка демагошка реторика за „грчкиот карактер на Македонија“, па прашањето за името на соседната држава има тенденција да создаде владина криза и политичка дестабилизација во рамките на буржоаскиот камп. Ова е потврдено со постојаната демагошка „опозиција“ на АНЕЛ во користењето на името „Македонија“, но и од слабоста на раководството на НД за отворена поддршка на владата, додека нејзините главни спротивставени крила во партијата се движат по линијата на АНЕЛ и неговите пратеници од северните (грчки заб. прев.) краишта што ја носат на глава екстремната националистичка круна.

Од другата страна на граѓанскиот камп, кој се прелева од лицемерието, демагогијата и реакцијата, грчките комунисти имаат основна задача да ја зачуваат класната, интернационалистичката политичка линија, во обид да ја заштитат работничката класа од какви било директни или индиректни влијанија на лицемерната патриотска пропаганда на грчката владејачка класа.

Идентификувањето на името на соседна држава е прашање исклучиво на народот што живее на неговата територија. Политички е неприфатливо за работнички партии и организации да се приклучат на дискусијата на номенклатурата преку поддршка на „географски“ или други определби. Со тоа суштински го признаваат навредливото право на грчката владејачка класа да се меша во внатрешните работи на друга држава.

Истиот императив за грчките комунисти е обврската решително да се спротивстават на буржоаската пропаганда која упорно тврди дека Македонците не се нација и немаат свој јазик, но и да им предочи на погрешно информираните широки народни маси за националното угнетување на македонската етничка припадност и за историските страдања.

Да се ​​изостават претходно споменатите политички задачи под изговор дека од примарна важност е опозиција на империјализмот и плановите на НАТО е многу сериозен неуспех. Нема борба против интервенциите на американскиот и западноевропскиот империјализам на Балканот, а да биде суштинска, освен ако не се разоткрие лицемерството и реакционерната улога на верните соработници во регионот, имено националната буржоазија на полуостровот, а во овој случај и на реакционерната грчка буржоазија. Освен тоа, ефективна антиимперијалистичка борба на Балканот може да се изврши само со работничкиот народ на Република Македонија, а оваа заедничка борба може да се одвива само врз основа на искреното признавање на неговиот национален идентитет и изразување на апсолутна солидарност во неговата борба против застареното национално угнетување на најмоќната национална буржоазија во регионот.

Меѓутоа,  пред се, доследна и ефективна борба против империјализмот и секаков вид национално угнетување не може да постои, освен ако не е придружена со борба против капитализмот. Дизајнот на империјалистички сојуз НАТО, во крајна линија, служи на својата основна намена за основање, а тоа е воената одбрана на капиталистичките сопственички односи во државите кои учествуваат во него. Одржувањето на националното угнетување на Балканот со феномени како што е тестирање на основните демократски права на нациите, како што е македонската, е природниот додаток на капиталистичката експлоатација, како резултат на антагонизмите на националните капиталистички класи и империјалистичките интервенции во капиталистичките услови.

Значи, единствениот начин со кој може да се ослободат народите на Балканскиот Полуостров од империјалистичките интервенции, националните и секој друг вид угнетувања, е оној кој пред речиси еден век го покажа меѓународното комунистичко движење. Тоа е борба за Балканската социјалистичка федерација како дел од Соединетите европски социјалистички држави.

Комунистичка платформа (списанието Епанастаси, www.marxismos.com)

21 јануари 2018