Стоп за теророт и милитаризмот
Со преводот на ова соопштение редакцијата на Нова искра ја искажува својата солидарност со Грчката асоцијација на приговарачите на совеста и им ја дава својата поддршка во намерата уште порешително да застанат зад своите цели. Имено, во моментите додека грчките другари држеле состанок на кој подготвувале активности околу новиот буџет за вооружување, поврзан со грчко-турската криза во Егејот, непознато лице се обидело да фрли бомба низ прозорецот. За среќа, бомбата не го скршила стаклото и експлодирала надвор.
Доста со милитаристички буџети, доста со рачни гранати
соопштение за фрлањето рачна граната на Мигрантскиот центар
Атина, 25 февруари 2009
Вчеравечер, во четвртокот на 24 Февруари околу 22 часот, во моментите додека се одржуваше отворена средба против новиот план за вооружување, во организација на Грчката асоцијација на приговарачи на совеста, непознато лице фрли рачна граната на зградата каде што се одржуваше средбата Мигрантскиот центар на улицата Цамаду 13А во квартот Ексархија и побегна.
Ние што бевме внатре во тој момент слушнавме гласен удар на прозорецот и потоа силна експлозија. Напаѓачот се обидел преку прозорецот да фрли рачна граната во просторијата каде што се одржуваше состанокот. За среќа, имаше двојно стакло, па се скрши само надворешното, па рачната гранат се одби и падна на патеката пред зградата. Од експлозијата некои од стаклата на околните згради беа скршени, а оштетена беше и патеката. Но, благодарение само на чиста случајност, никој не беше повреден, и покрај, очигледно, јасната намера на напаѓачот да убие некого.
Зградата позната како Мигрантски центар, ја користат Грчката асоцијација на приговарачи на совеста, како и многубројни левичарски, феминистички, хомосексуални и имигрантски групи. Кусо време пред нападот на истото место се одржуваа курсево по грчки јазик за оние на кои грчкиот не им е мајчин јазик, кои, како и секој ден, беа посетени од десетици имигранти.
Оживувањето на екстремнодесничарскиот или парадржавниот тероризам, што изгледа го посведочивме, може да ги исплаши само оние кои се веќе исплашени, а не нас. Бидејќи тоа е очигледно, и како што тоа го правиме во вакви случаи, Грчката асоцијација на приговарачи на совеста ќе продолжи да ја засилува својата активност, посебно сега кога сфаќаме колку многу им пречи оваа акција. Не ни треба рачна граната да ни експлодира пред зградата за да сфатиме колку е убиствен национализмот и милитаризмот и колку сме решени да им се спротивставиме. Милитаристичкото однесување што го искусивме вчера е некомпатибилно со ослободително движење, додека антимилитаризмот е еден од неговите основни компоненти. Ние остануваме решителни во борбата против оние кои вложуваат во теророт поврзан со милитаристичката тензија во Егејското море, што се користи за оправдување на трката во вооружување, против оние кои инвестираат во тероризмот, расизмот и ксенофобијата, национализмот и милитаризмот.
Денес, по декемвриските настани, се води тивка војна против секој што се спротивставува на неправилностите во општеството, против секој што се бори (погледнете го карактеристичниот случај на неодамнешниот обид за убиство на синдикалката Константина Кунева). Време е да станеме решително. Денес. Пред да се засили економската криза и пред социјалните тензии што таа ќе ги донесе, пред новата кристална ноќ и пред новите „Ordine Nuovo што ги одбележало сличните периоди во минатото.