ЕкономијаИнтернационалаОпшто

Опасност – на повидок е светска рецесија

Меѓународниот монетарен фонд е присилен не само постојано да ги снижува прогнозите на растот, туку сега предвиде опаѓање на светскиот БДП во долари, за прв пат по 2009. Ова е одраз на свет изрешетен со кризи, светот во кој се наоѓаме.

Економистите на ММФ повторно мораа да си ги голтнат своите зборови, наводно по седмата година на „опоравувањето“, откако светската економија влегува од една во друга криза. Светската рецесија од 2008-9 беше клучен момент. Таа ја навести продолжената криза, опишана од Лоренс Самерс — поранешен гувернер на САД — како „секуларна стагнација“. Марксистите го објаснија овој развој како органска криза на капиталистичкиот систем. Производствените сили, главно индустијата, техниката и науката, ги надраснаа националната држава и приватната сопственост на производните средства. Капитализмот ги достигна своите граници. Има премногу капацитет, премногу индустрија, премногу технологија според капиталистичка основа. Се` е „вишок“ за потребите на пазарот. Со тоа се објаснува сегашната криза. Две водечки банки во светот, овие денови, предвидуваат длабока рецесија за следната година. Лоренс Самерс издаде остро предупредување дека опасностите со кои се соочува глобалната економија се посериозни од тие во времето на банкротот на Лиман брадерс во 2008. И ние се согласуваме.

Кинеската економија, која има 30% удел во светскиот раст и 16% од светското производство, се успорува заедно со т.н. брзорастечки економии. Според тоа се потготвува нова глобална рецесија. Кинескиот извоз и увоз опаѓа веќе неколку месеци наназад, а и цените на стоките опаѓаат како реакција на помалата побарувачка. Ова е симптом на криза на прекумерното производство или „вишокот капацитет“, како го ословуваат капиталистичките економисти. Ако Кина успорува, успорува и светот. Но кога економијата успорува, таа може да отиде во рецесија. Во минатото Кина го спаси капиталистичкиот систем од длабока депресија со растот на економијата и понудата на пазар за западните индустријализирани земји. Кинескиот раст исто така даде импулс на брзорастечките економии, голтајќи стоки и суровини. Рецесијата од 2008 беше разблажена со огромните кинески инвестиции во производството. Таа постана економија ориентирана кон извоз со огромен удел во светскиот раст. Сега сето тоа се смени. Кина драматично се успорува со 6,9% , официјално. Но, официјалните цифри се поприлично лажни.

Кинескиот премиер Ли Кечианг му кажа на Амбасадорот на САД дека се ослонува на три ствари за да суди за економскиот раст: потрошувачка на електрична енергија, обемот на товарот со железница и банкарските позајмици. На оваа основа, економистите во Фатом го составија „Индикаторот на кинескиот импулс“ од три множества на бројки и факти. Индикаторот покажува дека вистинскиот степен на раст може да е дури 3,1%. Обемот на железничкиот товар е драстично намален, а потрошувачката на електрична струја е практично без промена. Кина оди по истиот пат како и Јапонија, патот на продолжена стагнација.

Падот на растот на Кина ги погоди сите оние кои силно зависат од Кина. Јужна Кореја е најекспонирана, со извоз на добра од 11% од БДП во Кина во 2013. Малезија извезува 9,8% од својот БДП таму, а Тајланд 6,9%. Австралија, чии суровини го орджуваа растот на кинеската економија со години, во 2013 им продаде на Кинезите повеќе од 6% од БДП. Сето ова му е дојдено на крај, со големи последици. Како и со САД, кога Кина ќе кивне останатиот дел од светот настинува.

Оваа година трговијата на брзорастечките економии падна, со пад на извозот од 8,9% во јуни и 13,5 во јули. БДП на Бразил во долари се намали за 19,1%. Според ММФ Русија ќе падне за 36%.

„Брзорастечките економии кои се извозно ориентирани и должничко оптоварени ќе мора да си ги намалат расходите, исто како што пред неколку години го направија земјите од евро зоната“ — објаснува Мартин Волф во Фајненшел Тајмс. Ова намалување на расходите, скратување, само ќе  је засили спиралата надолу.

Економијата на САД во втората половина на 2015 порасна за 3,9%, но ова е пред се` заради натрупување на инвентар (непродадени стоки). Растот во третиот квартал беше 1,5%, што е под 1,7% како што предвидоа повеќето економисти и пад за околу 60% во однос на истиот период лани. Растот се намалува со САД и е намален во Европа и Јапонија. САД се фали дека невработеноста опадна под 5%. Но, ако работната сила беше со ист големина како во 2008, невработеноста ќе беше над 10%.

Контрадикциите се натрупуваат за да направат остар преврат. Пак истиот Мартин Волф тврди дека постои ризик глобалната економија да падне во замка не поинаква од онаа во која е Јапонија последниве 25 години каде растот стагнира и каде не може многу да се направи да се поправи. Волф ја опишува ситуацијата како „управувана депресија“. Постои „продолжена рецесија на севкупната побарувачка“, а нема одговор. Со тоа се открива потполната импотенција на стратезите на капиталот.

Додека светските берзи се понестабилни, акциите имаат тенденција да растат, посебно во САД. Овој раст на акциите само покажува колку берзите се далеку од реалната економија, која е упатена кон југот. Банките во САД во повеќе наврати објавија дека заработката опаѓа. Профитите на Голдман Сакс опаднаа за 40%, на Џеј Пи Морган Чејс 23% пад на приходи. Долговите насекаде растат. Долгот на приватниот сектор останува да биде многу висок. Во САД тој достигна 160% од БДП во 2007 и близу 200% во Британија, но Кина веќе ги надмина овие нивои. Европа ја очекува долг, продолжен бавен раст и дефлација. Според Волфганг Мунхау, таа е „под постојана закана од несолвентност и политичко востание“. (ФТ, 15.6.2014) Обидите да се намалат долговите во оваа околина ќе бидат „потешки и покрвави“ од оние што сме ги гледале.

Во 2016, европските стриктури (ограничувања) ќе се засилат во брзината на фискалната консолидација (штедењето). „Во крајна линија вкупното посткризно прилагодување ќе биде побрутално од тоа во Јапонија пред 20 години“ — Минхау. „Во таква околина очекувам политичката реакција да биде посериозна.. Дури и ако профункционира распределбата на одговорности — што не е баш јасно — нема да профункционира политички… Со редукција на политичката нестабилност, тие ќе завршат со пораст на финансиската нестабилност.“

Бизнисот се бори. Извозот и увозот на САД опаѓа, како слабее побарувачката насекаде. Тоа значи и опаѓање на заработката. Помала продажба значи помали приходи. За изненадување, профитите на компаниите наместо да опаѓаат растат главно поради кратењето на трошоците и евтините кредити. Фактички, ножиците се отворија меѓу заработката и профитите и не ќе може долго да издржат. Тоа е исто како во цртаните кога ликот продолжува да оди преку ивицата на карпата како да нема гравитација да го повлече долу. Тие си го скроија патот до профитот. Но, тоа има свои граници. На крај профитите ќе опаднат. Ова сценарио не е сигурно патот за здрава економија. Но за кратко време, ова е патот вештачки да се создаде здрава берза!

Пазарот не е во чекор со реалната криза која ја нападна економијата. Ситуацијата што ја имаме е кога приходите на компанијата опаѓаат, каде бројот на компании опаѓа, а каде пазарот расте. Ова порано или подоцна ќе доведе со слом на берзата („поправка“). Реалната економија иде надолу како што опаѓа побарувачката и инвестициите. „Во периодот до 2007 потребната глобална побарувачка главно беше создадена со проширување на кредитот и градењето на куќи, посебно во САД и Шпанија“ — пишува Мартин Волф. „Овој мотор остана без гориво со кризите 2007-9 и во евро зоната 2010-12. Со тоа се создаде свет на нула краткорочни номинални каматни стапки и нула за долгорочните реални стапки. Побарувачката и потенцијалниот и вистинскиот аутпут остана да биде закочен во овие економии од тогаш.“ Ова го опишува „зомби“ капитализмот, во кој фирмите се одржуваат во живот поради историско ниските каматни стапки. Во капиталистичкиот систем улогата на рецесијата е да ја прочисти економијата преку „креативно уништување“. И покрај тоа останува огромната количина на вишок капацитет, што му тежи на профитниот систем.

„Се` на се`, светската презаситеност на потенцијалната понуда со сигурност ќе се влоши. Затоа со сигурност ќе се појават дисинфлациски притисоци ширум светот“ (М. Волф, ФТ 13.10.15) Со други зборови насекаде прекумерно производство. Имаме низок раст, ниска инфлација и нула каматни стапки и сето тоа е збир на секуларната стагнација и депресија. Маркс објасни „Затоа во природата на капиталистичкото производство е да се произведува без оглед на границите на пазарот… Пазарот се шири побавно од производството… доаѓа момент кога пазарот е претесен за производството. Ова се случува на крајот на циклусот. Но, ова само значи дека пазарот е презаситен. Прекумерното производство е само појава.“ ( Маркс, Теории за вишокот вредност, том 2, стр 522 524).

Капиталистите немаат верба во својот систем. Наместо да инвестираат, тие седат на купови милиони милијарди долари. Зошто па да инвестираме ако нема побарувачка? И ги трупаат своите пари во сигурни владини обврзници, мирно засолниште во бурата. Во минатото, светската трговија беше моторна сила за движењето на глобалното производство. Но сега нема енергија. Пред 2008, обемот на светската трговија растеше 6% годишно според СТО. Во минатите 3 години тој се намали на 2,4%. Сега во првите 6 месеци на 2015, тој е најлош од 2009. Кина има „ребаланс“ да избегне од зависноста од масивните инвестиции и извозот. Повисоките плати во Кина предизвикуваат земјите како Јапонија и САД да ги пренасочат своите ланци на понуда. 2015 е петта последователна година кога просечниот раст на брзорастечките економии е во опаѓање, а со тоа го влечат светскиот раст.

Глобализацијата се успорува. Светската трговија е застаната. Обемот на светска трговија опадна од мај 2015 за 1,2%. Опадна во 4те од 5 месеци во 2015. Разговорите во Доха форумот трајат 14 години и се во застој. Гледаме појава на регионални блокови. Најновиот е ТПП, кој може покрива 40% од светската економија, но има многу проблеми и треба да се ратификува во многу земји, како и САД. Ништо не е сигурно. Обама може да не биде во Белата куќа за да го ратификува, посебно со непријателскиот конгрес. Глобалните инвестиции — клучот на секој раст — ќе продолжат да опаѓаат. За неколку години брзорастечките економии инвестираа многу, но сега се намали овој тренд поради вишокот капацитет на нивните економии. Постои помал трговски раст бидејќи капиталните добра се осетливи на трговијата. Пониските инвестиции знали пониска продуктивност на трудот. Продуктивност во САД расте со разочарувачки 0,6% годишно. Ова значи понизок животен стандард. ММФ предупредува дека животниот стандард ќе расте побавно од 2008, тажна реалност со која се соочени работните луѓе. Сите тие се сложуваат дека кризата од 2008 трајно ја намали стапката на раст. Со тоа се воведе нова ера на капиталистичка криза. Тоа е значењето на секуларната стагнација. Потенцијалниот раст во развиените капиталистички земји е со прогноза од 1,6% годишно за сега до 2020, што е многу пониско од потенцијалниот аутпут од 2,25% пред рецесијата во 2008. Извештаите на ММФ се полни со мрак. Тие ги намалија своите предвидувања повеќе пати со тоа што очекуваат најниска стапка на раст за светската економија од 2008. Оваа година, извозот и увозот во САД се намали, одраз на општата слабост на светската економија. Тоа влијаеше на пазарот на труд на САД кој исто така се успори. „Од јули, ММФ растура минус знаци на сите свои прогнози“ — пишува Фајненшел Тајмс. Ова е одраз на вистинските неприлики на светскиот капитализам во денешно време. Оваa измаченост ќе ја воведе новата светска рецесија. Сепак, овој пат владеачката класа ќе остане без муниција да ја спречи рецесијата да се претвори во депресија. Се` додека се одржува капитализмот не` очекува криза и штедење. Дојдено е време да се стави крај на овој кошмар.

автор: Роб Сивел, превод: АА

Извор: Danger – World Slump Ahead