БалканВестиИнтернационалаОпшто

Создаден среде глобални превирања: првиот Светски конгрес на Револуционерната комунистичка интернационала

Живееме во време на невидена криза на капитализмот. Нееднаквоста е на рекордни нивоа. Моментално има повеќе војни отколку било кога од Втората светска војна. А светската економија е заглавена во стагнација, инфлација и огромни долгови. Со реизборот на Трамп, целата структура на повоениот поредок – на неприкосновена американска доминација – почнува да се распаѓа.

Овие разорни настани се позадината врз која 350 водечки комунисти се собраа во Италија на Првиот конгрес на Револуционерната комунистичка интернационала, придружени од 2.500 другари кои им вклучија онлајн и стотици други кои следеа групно на десетици гледачки дружби низ целиот свет.

Броејќи ги само оние пријавени на организаторите на конгресот, знаеме за над 60 гледачки дружби низ целиот свет, а несомнено имаше многу, многу повеќе.

Добивме слики од другари кои се собираат да гледаат во Бугарија, Колумбија, Канада (со 14 гледачки дружби низ целата земја, вклучувајќи ги Торонто, Монтреал и Калгари), Велика Британија (вклучувајќи ги Лидс, Јужен Лондон, Северен Лондон, Источен Лондон, Кембриџ, Манчестер, Престон, Рединг, Шефилд, Бристол и Бат), Ирска (Белфаст и Даблин), Австрија каде што присуствуваа 75 другари, Шпанија (Барселона, Баскија и Картагена), Холандија, Финска (Хелсинки, Тампере, Пори и Турку), Франција (каде што присуствуваа над 50 во Париз, Лион, Гренобл и Тулуз), Шведска (Умео, Малме, Стокхолм, Вермланд и Гетеборг), Швајцарија (присуствуваа над 100 во повеќе од шест града), Пакистан и од100 другари на гледачките дружби низ САД (во Њујорк, Сиетл, Филаделфија, Чикаго, Сент Луис, Хјустон, Далас ФортВорт, Минеаполис и Њу Хејвен).

До нас стигнааизвештаи за собрани илјадници долари, евра и фунти на овие гледачки дружби, доказза расположението што успешно се пренесе од Италија до комунистите ширумсветот, со што вкупната собрана сума се искачи на над 500.000 евра!

Нов светски поредок

Во услови на сосема нова светска ситуација, која ја врти свеста наглава и подготвува револуционерни настани, на комунистите им е потребен кристално јасен увид во процесите што ги движат овие случувања. Потребна ни е оваа јасност за да понудиме перспектива на широките слоеви на млади луѓе и работници кои бараат објаснувања и да ја насочува нашата работа во изградбата на моќна револуционерна Интернационала во најкраток можен рок за да интервенира во овие настани.

Одтаа причина, Светскиот конгрес – кој не е само највисокото демократско тело на Интернационалата, туку и комунистичка школа – посвети два од петте дена за дискусија на светските перспективи.

Разорните настани од 2025 година – реизборот на Трамп, ескалацијата на геноцидот во Газа, Западот кој неповратно се движи кон пораз во Украина, тековната трговска војна и многу, многу други кризи – означуваат дека влегуваме во нова епоха.

Како што објасни Хорхе Мартин во својот вовед, во основа, овие симптоми се вкоренети во органската криза на капитализмот, која започна во 2008 година. Сепак, согледувањето дека системот е во ќорсокак е недоволно за револуционерите. Потребно е да се сфати зошто: зошто  сведочиме на масовни политички превирања, пад на старите партии и подем на нови партии и личности? Што ја придвижува  променатана рамнотежата меѓу светските сили, релативниот пад на американскиот империјализам и растечкото меѓу-империјалистичко ривалство? И кои се последиците за класната борба?

На Конгресот се водеше жива расправаза сите клучни прашања што се однесуваат на сржта на новата светска ситуација. Каква е природата на администрацијата на Трамп? Каде оди американскиот империјализам? Целата светска ситуација е условена од променливиот однос на најмоќната империјалистичка сила во светот со остатокот од светот: во Европа, на Блискиот Исток, во Латинска Америка и на други места. И, конечно, каква е природата на новите сили и соперници на американскиот империјализам што доаѓаат на сцена: Русија, а пред сè Кина?

Ова се апсолутно фундаментални прашања, за кои Конгресот се стремеше да постигне кристална јасност. Тоа, пред сè, е секогаш нашата цел: подигање на нивото на разбирање на целата Интернационала. А ова може да се постигне само преку целосна, слободна и демократска дискусија.

Марксизмот, како и секоја наука, не е замена за проучување на конкретните факти во нова ситуација. Напротив, теоријата мора да се искористи за разбирање на фактите и постојано да се проверува во однос на конкретната ситуација што се одвива. И навистина, ова беше дискусија богата со факти, бројки и аргументи. Како што објасни другарот Хамид Ализаде:

„Не можеме да го предвидиме точниот пат по кој ќе се одвиваат работите. Ниту пак знаеме какви феномени ке произлезат од него. Мораме внимателно да ја проучуваме ситуацијата чекор по чекор без да избрзуваме. Го следиме процесот како што се одвива и разбираме дека не можеме да се потпираме на мртви генерализации и етикети. Единственото нешто на кое можеме да се потпреме 100 проценти е марксистичкиот метод.“

Дегенерација на Четвртата Интернационала

Сега кога ја основавме Револуционерната комунистичка интернационала, јадрото околу кое ќе се обидеме да изградиме идна масовна светска партија на социјалистичка револуција, наша должност е да го откриеме нашето наследство и неуморната, децениска борба што ги постави темелите на нашата Интернационала.

Другарите Алан Вудс и Ана Муњоз, кои за прв пат не можеа да присуствуваат на овој конгрес, испратија моќни видео пораки до конгресот на неговото отворање. Во својата порака, Алан раскажа со какви напори е сочувано тоа наследство и пренесено на сегашната генерација млади револуционери:

„Јас сум во ова движење од 1960 година. Долго време. Сум видел секакви, добри, лоши и рамнодушни. И во речиси цело ова време, јас и другарите што беа со мене, како Ана, Роб и Фред, одевме против струјата, соочени со многу моќни сили: сили на реформизмот, левиот реформизмот и особено сталинизмот, што беше огромна, огромна препрека…

„Бевме целосно изолирани, бевме мала сила, борејќи се како мала сила против овие колосални препреки. Ова беше тешко, потешко од било што со што се соочува некој од вас денес. Беше тешко, беше очајно тешко. Но, беше апсолутно неопходно затоа што успеавме да направиме нешто. Успеавме да го зачуваме низ сите овие тешки години суштинското оружје што го имаме, а тоа е марксистичката теорија, вистинските идеи на марксизмот врз кои стоиме во денешно време. Ова е наследството што го имаме. Ова е наследството што го браниме и кое овој Конгрес ќе го претставува.“

Ова наследство го сметаме за непроценливо. Во годините по смртта на Лев Троцки, неговото зачувување беше загарантирано пред сè од работата на еден човек: Тед Грант, основачот на нашата организација.

Затоа, третиот ден од конгресот беше посветен на дискусија за историјата на Четвртата интернационала и улогата што ја играше Тед Грант во одбраната и развојот на идеите на марксизмот среде повоениот подем и дегенерацијата на таа организација.

Како што објасни Роб Сјуел во својот вовед, последната борба на Троцки беше посветена на основањето на Четвртата интернационала. Дотогаш, Втората (социјалистичка) и Третата (комунистичка) интернационала се покажаа како целосно банкротирани и станаа контрареволуционерни пречки на патот на социјалистичката револуција.

Беше потребно алтернативно револуционерно водство, кое ќе одговари на револуционерните задачи што ги поставува историјата. Според Троцки, ова беше „…Најважното дело во мојот живот – поважно од 1917 година, поважно од периодот на Граѓанската војна или кој било друг период“.

Четвртата интернационала беше основана во 1938 година. За жал, сепак, нејзините водачи не беа на ниво. Откако Троцки беше убиен од сталинистички убиец во 1940 година, Интернационалата беше ефективно обезглавена.

Пред Втората светска војна, Троцки предвиде дека војната ќе доведе до уште поразорен период на капиталистичка криза и пад, дискредитирање на сталинистите и реформистите и револуционерен бран што ќе ги катапултира партиите на Четвртата интернационала на чело на работничкото движење.

Сепак, марксизмот не е кристална топка. Можеме да направиме условна хипотеза за она што го сметаме за најверојатен развој, но на крајот мора да ги потврдиме нашите перспективи врз основа на конкретни факти. По војната, сталинизмот се прошири низ половина Европа, комунистичките и социјалистичките партии беа зајакнати, бранот револуции што се прошири низ Европа беше предаден и, наместо стрмен пад, следеше најголемиот развој во историјата на капитализмот, кој траеше до 1970-тите.

Водачите на Четвртата одбија да ја погледнат реалноста во лице. Како што објаснија делегатите, наместо да го проучуваат вистинскиот тек на настаните, тие можеа само да ја повторуваат перспективата на Троцки од 1938 година како да е догма. Ова ги доведе до секакви бизарни и лажни идеи, а на крајот до уништување на Четвртата интернационала. Престижот одигра голема улога во спречувањето на раководството да ги признае своите грешки. И за да се оправда една грешка, беа направени нови грешки.

Како што објасни еден делегат:

„Ако не можете да ја објасните реалноста, ако не можете да дадете јасна претстава за перспективата, ако не можете да им го покажете на другарите нивното место во историјата и класната борба, кои други методи остануваат освен престиж и интрига?“

Тед Грант стоеше пострана од овие методи. Тој го посвети својот живот на совладување на духот и методот, а не само на словото, на делата на Маркс, Енгелс, Ленин и Троцки. Како и тие, тој го проучуваше стварниот развој на општеството и класната борба. Затоа, само тој даде научна и точна проценка на феномени како што се сталинизмот, источноевропските режими, природата на повоениот бум и развојот на Кинеската револуција, меѓу другите.

Им препорачуваме на нашите читатели да го прочитаат документот „Дегенерацијата и колапсот на Четвртата интернационала: Во одбрана на нашето наследство“ и списокот за читање што го подготвивме пред овој конгрес.

Токму Тед Грант ги пренесе вистинските идеи и методот на марксизмот на новата генерација. Неговите дела се ценето наследство што ќе го зачуваме и ќе го продолжиме, почнувајќи со објавувањето на третиот и четвртиот том од собраните дела на Тед во годината што доаѓа.

Како што објасни Роб, самиот Тед не беше особено сентиментален. Тој не зборуваше за своето минато. „Сметаше дека сегашноста е важна, и иднината!“ Роб заклучи:

„Не станува збор за мртов човек! Станува збор за идеите за еманципација на работничката класа!

„Четвртата е мртва и закопана. Беше предадена од нејзините таканаречени лидери. Ние ги отелотворуваме вистинските идеи сега, вистинските идеи на марксизмот.

„Сега ставете ги овие идеи во пракса – изградете ја партијата на цврсти темели!“

Градење на Револуционерната комунистичка интернационала

Нашиот последен конгрес во 2023 година го означи почетокот на кампањата „Дали си комунист“ низ Интернационалата. Чувствувајќи ја радикализацијата на еден слој од младите, направивме смело свртување кон нив со отворен, комунистички профил. Како резултат на тоа, нашите редови се зголемија.

Врз основа на оваа успешна кампања, повеќето национални секции на нашата Интернационала го трансформираа својот профил и во многу случаи беа повторно основани како Револуционерни комунистички партии. Во 2024 година, ја основавме Револуционерната комунистичка интернационала (RCI).

Тој процес беше забележан во документарец направен од членови на РКИ, кој премиерно беше прикажан на конгресот. Не само што е временска капсула од таа година – што претставуваше целосна внатрешна револуција во нашата работа – туку е и визуелен револуционерен манифест, кој ја објаснува нашата програма, филозофија и развојот на класната борба што на крајот е основа на нашиот успех. Документарецот ќе биде објавен за јавноста во блиска иднина.

Сега, како резултат на тоа свртување, бројот на членови порасна од 4.551 во 2023 година на 7.127 членови, организирани во 24 секции и 19 групи.

Првиот конгрес на Револуционерната комунистичка интернационала беше начин да се направи преглед на нашите успеси и да се извлечат поуки од последните две години. Додека 2023 година беше карактеризирана со брз раст, минатата година беше можност да ги зацврстиме нашите редови, да обучиме нови кадри и да подготвиме цврста основа за обновен раст.

Британската секција веќе успеа да регрутира над 200 во последните три месеци. Како што потврдија многу извештаи од секции како австриската, швајцарската и данската секција – кои исто така подготвуваат „есенски офанзиви за регрутирање“, клучот е да се учи, да се слуша и да се размислува, со цел да се регрутираат луѓе кои можеби сè уште не знаат дека се комунисти.

Специјална сесија беше посветена на работата на нашата секција во утробата на ѕверот: Револуционерните комунисти на Америка. Како што САД, бастионот на светскиот империјализам, влегува подлабоко во криза и пропаст, настануваизобилство од потенцијални револуционери: како што објави Антонио Балмер, во текот на конгресот, секцијата добивала писмо приближно на секои два часа.

Како и целата Интернационала, секцијата е претежно млада и гледа со оптимизам кон иднината. Она што ги привлече кај нас и што ги трансформира од сурови регрути во болшевици, е единственото нешто што нè издвојува како Интернационала: марксизмот. Антонио Балмер го објасни ставот на овие пионерски млади комунисти:

„Другарите ги организираат своите животи околу марксизмот. Тие здогледаа некои од неговите неодоливи моќи. Тоа е сè за што сакаат да зборуваат.“

Темелите на нашата американска секција беа поставени со децении упорна, макотрпна работа. Потребни беа 15 години за да се изгради од еден до 100 другари. Сега скокнавме од 320 на 820 за само две години.

Но, како што рече еден делегат, сè додека имаме кадри, потребната решителност и поддршката од Интернационалата, растот што го видовме во САД е можен секаде.

Врв на целиот конгрес беше гласањето за нова секција во Ирска, која во последните две години се искачи од само пет другари што се состануваат преку интернет во жива организација од 64, кои се состануваат во ограноци низ целата земја. Но, ова е само почеток. Како што рече Андреа, првата револуционерка со полно работно време на ирската организација:

„Да се претставува РКИ во Ирска е голема чест колку што е и голема одговорност. Нашата Интернационала го постави знамето во Ирска. Но, сега започнува вистинската борба: да се изгради организација што може да ја спроведе револуцијата што Џејмс Коноли ја започна пред 109 години!“

Ирските другари беа едногласно прифатени како најнова секција на РКИ.

Во сите наши национални организации, големи и мали, нашата тајна, според зборовите на еден мексикански другар, е „јасност во идеите, борбена жртва и решителност, како и учење од методите и искуствата на другите делови на Интернационалата“.

Моќта на интернационализмот

Практичната важност на Интернационалата беше демонстрирана во нашата посебна комисија за нашата кампања за ослободување на уапсените лидери на Акциониот комитет Авами – Гилгит Балтистан. Откако Ешан Али и 13 други водечки активисти од Гилгит Балтистан беа уапсени, Интернационалата организираше протести пред пакистанските амбасади низ целиот свет, исто и ја подигаше свеста за тешката положба на другарите, собирајќи потписи и пораки за солидарност од синдикати и истакнати левичарски политичари и активисти.

Нашата кампања постигна важни успеси досега. Сите освен двајца од лидерите сега се слободни. Но, не е завршено, а протестите ќе продолжат сè додека не бидат ослободени преостанатите лидери.

Посветеноста на сите другари кон развојот на нашата Интернационала се рефлектираше во нашата колекција. Секции од целиот свет, како и групи за набљудување што го следеа конгресот, собраа вкупно 502.000 евра. Слично на тоа, ненаситната жед на другарите за теорија беше демонстрирана со рекордни 753 продадени книги, во вредност од 5.000 долари. Најпопуларните од нив беа „Историја на британскиот троцкизам“, збирка дела од Троцки и Тед Грант за демократијата, бонапартизмот, фашизмот и Кина: Од перманентна револуција до контрареволуција“, што го претставува огромниот интерес за горливите прашања на денот и за нашето наследство.

Не било секогаш вака. Фред Вестон раскажа дека, кога се преселил во Лондон, меѓународниот центар се состоел од Алан Вудс и Ана Муњоз, машина за пишување и неколку бироа. Сега нашиот меѓународен центар се состои од 25 вработени со полно работно време, а уште двајца се на пат. На последниот конгрес, со големо жртвување од страна на целата Интернационала се овозможи купување центар во Лондон. По години напорна работа, голем број од нашите секции се приближуваат до 1.000 членови, а ние почнуваме да стануваме мала референтна точка за револуционерната младина во голем број земји.

И сега и тогаш, единственото нешто што го гарантираше нашиот развој е нашиот тврдоглав фокус на образование во обуката за методите на марксизмот. Како што заклучи Хамид:

„Најважното нешто што го правиме е да ги изостриме нашите оружја, да ги изостриме нашите умови и да го продлабочиме нашето разбирање за да можеме да се соочиме со овој нов период не како странци во непозната земја, туку како пионери што отвораат нови патишта.“

„Го правиме светот наш за да можеме да го промениме. И најважно, го пренесуваме ова знаење на новата генерација, која исто така бара одговори.“

„Поминавме низ многу. Поминавме долг пат и постигнавме огромен напредок. Никој друг не можеше да го направи она што го направивме ние. Но, не сме задоволни. Како што рече Алан, она што го сакаме е да го свртиме светот наопаку. И градиме одличен лост за тоа.“

„Не можеме да го тргнеме погледот од оваа задача.“ Ја градиме Револуционерната комунистичка интернационала во секоја земја и во секој град. И ако се држиме до нашата теорија и нашите идеи, ништо нема да може да нè запре.“

09 август 2025 година