СРБИЈА: ДА OДГОВОРИМЕ НА ПОВИКОТ НА СТУДЕНТИТЕ ЗА ГЕНЕРАЛНИ СОБИРИ
Еден ден после „генералниот штрајк“ од 7 март, односно 8 март одбележен е во револуционерен дух. Се чинеше дека целиот град е во состојба на протест, се „пумпаше“ на сите страни и колони од луѓе доаѓаа од сите страни, па дури се правеа и паралелни протести, со голема кулминација на Бранков мост, каде беше финализиран протестот „Студентите и работниците рамо до рамо“ кој започна на плоштадот Република. Сето ова е показна вежба за 15 март кога се планира голем собир од цела Србија во Белград. Сè покажува дека тој датум може да биде крај на режимот на Вучиќ.
Вучиќ е премногу слаб. Масите покажуваат целосно непочитување кон сите од владеачкиот режим, фрлајќи јајца по нив, протестирајќи пред градските собранија или влегувајќи во нив, расправајќи се со полицијата и напаѓајќи ги режимските ботови. Во Србија денес е срамота да бидеш со режимот. Тој има пасивна поддршка од помал дел на народот, особено од оние што се плашат што ќе не чека кога Вучиќ ќе замине. Тие не разбираат дека со падот на настрешницата и со сите придружни безобразлуци на режимот, дојде крајот на трпението на Александар Вучиќ и неговата криминална банда меѓу масите во Србија. Но, тој слој не е спремен да се бори за зачувување на неговата власт. Со неговите закани за насилство на 15 март и организирањето на кампот „студенти 2.0“, многу повеќе треба да нè плаши какво лудило не чека ако тој остане на власт. Денес активно го бранат само оние кои зависат од него.

Колку и да се обидува да ја спинува ситуацијата, нема никаква обоена револуција. Сите, од властодршци и амбасадори, од САД до Русија, од Европската унија до Кина, застанаа зад неговиот режим, а Вучиќ кој постојано зборува за обоена револуција, не се осмелува да каже од каде доаѓа таа – затоа што нема никаква обоена револуција.
За оние најтврдоглавите ќе поставиме таксативно што доведе до оваа ситуација – убиени се 15 луѓе, од кои половина се помлади од 30 години, а уште двајца млади луѓе се осакатени; режимот никого не приведе три недели, а главните одговорни за спроведување на проектот за реконструкција се на слобода; студентите беа опишувани како странски платеници од властодршците кои се слуги на империјалистичките сили – Европа, Кина, Русија и Америка; Вучиќ создаде атмосфера на агресија и го оправдуваше налетувањето со автомобили врз студентите и демонстрантите, што доведе до две тешки телесни повреди на студентките; во Нови Сад излегоа тепачи од канцелариите на СНС со стапови и ѝ скршија вилица на студентка; во меѓувреме, во старечки дом во пожар загинаа 8 луѓе; се обидуваат да го протуркаат доаѓањето на Рио Тинто во време на оваа напната ситуација; за наставниците беа намалени платите поради штрајкот; кој го поддржува движењето во Србија, а работи во јавниот сектор, добива отказ. Вучиќ не покажува никаква намера да донесе правда за жртвите во Нови Сад, бидејќи во тој случај неговата мафијашка клика би удрила против него, бидејќи сите заедно се вплеткани во криминал и корупција.
Додадете го на сето ова рушењето во Савамала, аферата хеликоптер, аферата Јовањица, доведувањето на Рио Тинто, партиски собири финансирани од нашиот буџет на кои се добиваат дневници, вработување неспособни работници во јавни претпријатија кои потоа одат на тие собири во текот на работното време, цензура и контрола на медиумите, како и мегаломанскиот проект Србија ЕКСПО 2027, со кој Вучиќ сака да ја круниса својата политичка кариера, а кој поради исполнување на роковите сигурно довел до непромислено отворање на недовршената железничка станица во Нови Сад, како и многу други афери кои се премногу бројни за да се наведат. Навистина треба да се биде тврдоглав за да не се разбере дека се работи за автентична револуционерна ситуација во Србија, без никакви надворешни фактори. Уште повеќе, ниедна странска власт не сака да се прелее ваквата атмосфера на бунт кај нив, бидејќи и тие седат на буре барут, предизвикан од економската криза. Режимот на Вучиќ го држеше стресот на општеството „под контрола“ со ненормален притисок врз него и денес општеството пукна од тој притисок и бара излез во заминувањето на Вучиќ.
Она што исто така е присутно во движењето е целосно оправданата и исклучителна незаинтересираност за партиите на опозицијата. Тоа е затоа што луѓето во Србија се свесни дека тие во својата срж ги немаат интересите на работните луѓе на Србија, како што тоа го нема и Вучиќ. Тие се обидуваат да капитализираат од ова движење, но не играат, ниту треба да играат никаква клучна улога во неговото водство.
Иако тие империјалистички сили до вчера беа со Вучиќ, тие наскоро може да го пуштат да потоне и да гледаат и сами како да искористат од движењето и цинично да го поддржат, за да ја задржат својата репутација и влијание во Србија. На големото мнозинство му е јасно дека ниту Западот, ниту Русија, ниту Кина исто така немаат ги интересите на работните луѓе на Србија во своите срца и ние мора да ги одбиеме нивните обиди за наметнување. Движењето има свој живот и треба да има своја програма, која треба да се наметне кому и да дојде на власт по Вучиќ.
Да се организираме во пленуми околу социјалните барања!
Додека опозицијата сака да зборува за прeoдна влада, наместо тоа треба да одговориме на повикот на студентите за општи работнички и граѓански пленуми за да го насочиме движењето кон социјалните барања. Многумина жалат што по Петти октомври не се случил т.н. Шести октомври. Тоа е затоа што не постоела политичка сила која ќе го спроведе тој „Шести октомври“. Точките кои ги предлага Револуционерниот комунистички сојуз се:
Севкупно организирање и централизација на пленумите! Студентите правилно ги повикаа работниците да се организираат во пленуми, целосно свесни дека овој најголем и најзначаен протест сепак не можат да го спроведат сами и дека сите им требаат во тоа. Нивните повици особено се насочени кон работничката класа со повик за генерален штрајк, што ја разбуди работничката класа да се праша нешто политички. Но, за разлика од студентите, кои главно зависат од приходите на своите родители, работничката класа има економска моќ за борба која може квалитативно да го промени системот. Некои работници веќе се организираа во свои пленуми, како што се работниците во културата.
Но, ние повикуваме на чекор понатаму. Иако студентското движење беше добро синхронизирано, со своето децентрализирано дејствување се ограничи во својот домет. Кога би се формирале локални градски студентски пленуми, заедно со еден голем национален пленум, тоа би ги поставило на многу повисоко ниво на политичко влијание со кое би можеле поефикасно да го координираме движењето и да му дадеме програма. Исто така, во тие пошироки пленуми треба да бидат вклучени и работниците кои се осмелиле да се организираат во пленуми. А кога би се формирал севкупен пленум, тој би требало да има политички барања кои ќе му дадат легитимитет од целото општество.
Затвор за одговорните! Ова не се однесува само на затвор за одговорните за падот на надстрешницата, кои секако мора да бидат во прв план. Ова се однесува на барање одговорност за сите корупциски дејствија и сите криминални и други афери кои режимот на Српската напредна странка и нивните привезоци ги изведуваа. За разлика од Вучиќ кој ги казнува пониско рангираните членови на својата партија кои ќе ги ослободи при првата можност, ние бараме одговорноста да започне од врвот, почнувајќи од Александар Вучиќ и првите луѓе под него. Ова барање не само што ќе даде чувство на праведност за сите во Србија, туку ќе испрати порака и до следните власти дека не смее да им падне на памет да ја водат државата како што ја водеа тие пред нив.
Демократска контрола над институциите! Иако луѓето во движењето често повторуваат дека сакаат само институциите да ја вршат својата работа, она што не се разбира е дека институциите, додека се под контрола на владеачката класа, а не под демократска контрола на работничката класа, ќе се сведат на плен на владеачките партии, на кои или се профитира, или се штеди. Работниците во тие институции разбираат како работите се водат криминално, но нивниот глас не се слуша во тие институции, бидејќи за директори секогаш се поставуваат партиски подобни луѓе.
На крајот, таканаречените независни институции се независни од самите работници, на кои наводно треба да им служат. Доволно е да се погледне главниот јавен обвинител Загорка Доловац, дека таа не е избрана демократски на таа позиција и дека не е под било чиј надзор, за да се разбере дека тие институции во оваа констелација не ни припаѓаат навистина. Во капитализмот, кој има пари, нему му припаѓаат и институциите.
Моментално зголемување на платите на просветните работници на државниот просек и надокнада за намалените плати! Режимот со своите лојални синдикални лидери донесе трул договор кој со лажни ветувања вети зголемување на платите на просветните работници. Доволно е да се погледне дека работниците од Пошта веќе неколку пати по штрајковите добивале исти ветувања, кои на крајот не се исполниле. Пари сигурно има, ако веќе има пари за сите овие проекти во кои луѓето од режимот се инволвирани и нема изговор зошто не би им се зголемиле платите на просветните работници и тоа моментално! Тие се покажаа како најборбен слој на работничката класа на овие протести, а истовремено веќе години трпеа експлоатација за мали плати, без оглед на нивното општествено значење и нивната стручна подготвеност. Време е да им го вратиме она што го заслужуваат, а со тоа ќе овозможиме подобар образовен систем за нашата младина!
Против монополи и за чесен однос кон земјоделците! Покрај студентите и работниците, еден од најборбените слоеви во ова движење се земјоделците, кои се приклучија на младината во одбрана на нашата иднина. Државата откупува храна и производи од земјоделците често по криминално ниски цени, и покрај инфлацијата, по што во спрега со монополистичките трговски ланци и приватниот сектор, нејзините функционери земаат голем дел од заработката. За нив, селото е само терен за експлоатација, на кој немаат никакви обврски и за кој секогаш се надеваат дека ќе молчи за сите неправди што ги прави режимот и крупниот капитал. Овој пат, селото дојде во градот и покажа дека работниците, селаните и студентите се неразделни групи кои ги трпат последиците од ваквиот систем. Наместо бојкот, треба да бараме национализација на сите големи монополистички трговски ланци и нивно ставање под работничка контрола. Нивната единствена улога е да извадат што повеќе од нашите џебови и нема причина зошто големиот капитал во спрега со државата да прави бизнис договори и да има право да ги исцедува земјоделците со ниски, а нас потрошувачите со високи цени. Со национализација и работничка контрола, би се осигурало дека цените ќе бидат усогласени со потребите на работните луѓе.
Мораториум на ископување на бор и литиум! Србија не е колонија! Додека се случуваа овие тензиии поврзани со протестите, режимот работеше на враќање на озогласената мултинационална рударска компанија Рио Тинто во спрега со Европската унија. За тоа доби упад во Собранието на Богатиќ, акт кој уживаше масовна поддршка во Србија. Таканаречените стратешки интереси на Србија да се отвори рудник за литиум се поврзани со пазарната економија, која е неверојатно нестабилна во периодот на светската капиталистичка криза. Дури и ако тој рудник донесе економски напредок за Србија, тој веројатно ќе биде краткорочен и привремен, но штетата која би ја направил би била трајна. За тој проект постои масовно противење и со овој мораториум мораме да им покажеме на империјалистичките центри, но и на домашните властодршци дека не дозволуваме крупниот капитал да прави што сака со нас и со нашата природа.
Откажување на Србија ЕКСПО 2027! Како и проектот Рио Тинто, така и проектот Србија ЕКСПО 2027 воопшто не ужива масовна поддршка во Србија. Дури и не ужива поддршка меѓу бројни гласачи на Српската напредна странка. Тој беше започнат за Александар Вучиќ и СНС да изведат дело на деценијата и да се инволвираат во него како никој досега. Покрај тоа, неговата цел е да ја рекламира Србија како извор на квалитетна и евтина работна сила за големиот бизнис. На крајот на краиштата, овој проект треба да биде нешто со кое Вучиќ се надева да го круниса завршувањето на својот претседателски мандат. Треба да му го уништиме тој план, но исто така и дел од опозицијата дискутираше како да го преземе тој непопуларен проект, што исто така не смееме да им дозволиме.
Кога Вучиќ го доби својот прв мандат како претседател и кога тоа предизвика масовно движење во 2017, беше изнесено барање кое повторно го изнесуваме, а тоа е дека НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА! Во Србија има многу потенцијал со квалитетни луѓе, но на неговиот грб живеат газдите и властодршците кои наметнуваат огромен степен на експлоатација, за мала заработка. Ова создава исклучителен стрес во општеството, поради што многу од нашите работници се преселуваат во развиени земји, само за да бидат почесно третирани. Регулирањето на работните односи и платите треба да биде приоритет така што работниците ќе бидат задоволни со своите работни места и ќе имаат време и енергија да уживаат во животот и по работното време.
За збратимување на сите народи во Србија, Југославија и на Балканот! Движењето во Србија скоро целосно го пресече наследството на национализмите кои опстојуваа во овој регион. Заедно со Србите, протестираат Бошњаците, Унгарците, Ромите, Романците, Бугарите и другите. Нови Пазар се покажа како посебно борбен и солидарен, додека претходно беше гледан како некаква енклава, скоро одвоена од остатокот на Србија. Снимките од заедничките молитви на христијаните и муслиманите, како и заедничкото веење на српските, бошњачките и југословенските знамиња беа посебна инспирација која покажува колку лесно се обединуваат луѓето кога се заедно во истата борба. Истата солидарност се прелеа и преку границите на Србија и движењата на поддршка се прелеаа во Загреб, Сплит, Осијек, Сараево, Бања Лука, Бијелина и Љубљана. Се добива чувство дека Југославија секогаш била тука и чекала да се разбуди повторно за некој да ја обедини. Пошироко на Балканот, Грците се и самите во движење против својот криминален режим и дел од нив е инспириран од српското движење. Сите наши соседи и братски земји страдаат од криминални режими и капиталисти кои им го цедат животот, и длабоко сочувствуваат со движењето во Србија. Ова треба да биде лекција за сите да не дозволиме нашите владеачки класи да не поделат, бидејќи е очигледно дека работниците имаат заеднички проблеми и интереси, без оглед на кој народ припаѓаат.
Ако ги читате овие барања и ви се допаѓаат, јавете се и приклучете ни` се! Околу вакви идеи треба да се гради движењето и треба да се градат политички партии. Со вашето приклучување во Револуционерниот комунистички сојуз ќе го забрзате процесот на градење на сили за ваква програма. Србија ја чека вистинска револуција и таа енергија треба да се искористи за креирање на програма кој ќе биде во служба на работниот народ!
Рецолуционерен комунистички сојуз, 13 март 2025