КОП29: пантомимата почна
Овогодинешниот самит на КОП започна со фарсa кога шефот на конференцијата беше фатен како склопува профитабилни зделки за фосилни горива, а многу светски лидери не се ни потрудија да се појават! Капиталистите не се способни да ја решат климатската криза.
[Оригинално објавено на communist.red]
Изминатите месеци, во меѓународните вести доминираат екстремните временски настани предизвикани од климатските промени.
Од ураганите во САД до поплавите во Валенсија, климатската криза одзема сѐ повеќе животи, уништува средства за егзистенција и го разгорува гневот на јавноста поради пасивноста на владите.
Со оглед на сериозноста на овој хаос, луѓето сигурно се пресреќни бидејќи шефовите на држави од целиот свет се собраа во Азербејџан за КОП29, така?
Не баш.
Ако некој сè уште обрнува внимание на самитите на КОП, овогодинешната конференција брзо докажува колку „одговорите“ на владејачката класа се фарса.
За почеток, самитот се одржува во „петро-држава“ во вистинска смисла на зборот, каде нафтата сочинува 90 отсто од нејзиниот извоз. Ова е исто толку непромислено како да се биде домаќин на конвенција за веганство во кланица.
Уште повеќе, неодамна беше откриено дека главниот извршен директор на КОП29, Елнур Солтанов, водеше тајни дискусии за промовирање профитабилни инвестициски зделки во СОКАР, најголемата компанија за нафта и гас во Азербејџан.
За време на овие состаноци, Солтанов потврди дека „вратите“ на Азербејџан се отворени за сите климатски решенија – вклучително и оние предложени од нафтените и гасните компании – случајно спомнувајќи дека „имаме многу наоѓалишта на гас што треба да се развиваат“.
Фактот што тој е на одборот на СОКАР, како и заменик-министер за енергија на Азербејџан, сигурно е чиста случајност.
Овие фарсични формалности стануваат годишна традиција. Минатогодишниот самит на КОП беше предводен од Султан Ал Џабер, извршен директор на Националната нафтена компанија Абу Даби.
Клучната точка на агендата оваа година се новите цели за „климатско финансирање“. ОН проценуваат дека се потребни вртоглави илјада милијарди долари годишно за „помош“ на земјите во развој во нивната борба со климатските промени.
Но, зад еколошко-пријателскиот јазик на „климатските финансии“ се кријат интересите на империјализмот. Единствената цел на инвестициите во капитализмот е собирање на камата – без разлика дали заемите се еколошки. А странската помош од богатите кон сиромашните земји е секогаш полна со предуслови.
Никој не знае од каде ќе дојдат овие илјада милијарди долари. Земјите ширум светот веќе се дават во јавни и приватни долгови. Можеби ќе се појави зад нечиј тросед.
Лидерите на најголемите светски економии – Џо Бајден, Си Џинпинг и еврокомесарката Урзула фон дер Лајен – решија наместо вообичаеното симболично присуство, симболично воопшто да не се појават.
Но, можеби тоа е најдобро. Додека оружените конфликти, трговските војни и империјалистичкото ривалство се вжештуваат насекаде, нивната вообичаено дрдорење за „меѓународна соработка“ веројатно нема би поминало многу добро.
Дојдоа и поминаа 29 самити на КОП, а кризата само се влошува.
Минатиот месец, извештајот на ОН за јазот на емисии откри дека, дури и ако се спроведат сегашните политики, просечната глобална температура може да се зголеми за 3,1 °C до 2100 година. Ова е над двојно повисоко од целта поставена во Парискиот договор од 2015 година.
Капиталистите се неспособни да ја решат климатската катастрофа. Ние мора да го уништиме нивниот систем, пред нивниот систем да не уништи нас!
Мајкл Омацола-Морган 18 ноември 2024 година