ЕвропаЕкономијаИнтернационалаОпшто

Евро кризата: почеток на крајот?

Нешто повеќе од 25 години по нејзиното основање, Европската унија изгледа може да се распадне под притисокот на сопствените противречности. Каде и да гледате, големите партии се соочуваат со зголемен притисок поради засилување на класната борба како резултат на десетгодишната криза. Ова значи дека владејачката класа повеќе не може да владее на стариот начин.

               Во Германија, годините на штедење и нерамномерната дистрибуција на слабиот бум предизвикаа широко отфрлање на главните партии. Ова ја турка ЦДУ кон повеќе демагошка реторика, па ги прави помалку верни претставници на владејачката класа. Во Италија, владејачката класа целосно ја изгуби контролата врз владата, која е во судир со ЕУ околу долгот. Во Франција, Макрон, т.н. „спасител“ на либералната демократија, доживеа пад на анкетите за популарност и се чини парализиран во обидот да ги спроведе мерките за штедење што ги бара капитализмот. Во Британија, владејачката класа ја изгуби контролата над својата традиционална партија и целосно капитулираше пред Брегзит, кој е против нејзините интереси. Самиот Брегзит е доволен предизвик, но со него се појавуваат нови кризи, од кои секоја може да биде последната капка што ќе предизвика распад на ЕУ.

Германија: од „столб на стабилност“ до фактор на дестабилизација

               Пред две години, по изборот на Доналд Трамп за претседател, Њујорк тајмс напиша дека Ангела Меркел „останува последниот моќен браник на Европа и трансатлантската алијанса“. Симон Тилфорд, заменик-директор на Европскиот центар за реформи, е цитиран дека тој бил среќен што Германија ја води Меркел, бидејќи сега постоела шанса таа да го направела она што му е потребно на Европа. Сепак, од “столб на стабилноста“, Ангела Меркел сега стана уште еден фактор на дестабилизација на Европа и целата ситуација во Германија.

               До скоро германската економија добро напредуваше, барем на површина земјата изгледаше како безбеден брод во турбулентна светска ситуација. За 2018 година, владата предвидуваше економски раст од 2,3%, а растот се движеше околу 2% од 2014 година. Германија е најсилната економија во ЕУ и е поштедена од спроведувањето на бруталните мерки на штедење кои ги видовме во други земји. На пример, британскиот синдикален центар (ТУЦ) покажува дека во периодот од 2007 до 2015 година вистинските плати во Германија се зголемиле за 14% додека во Велика Британија паднале за повеќе од 10%.

               И додека овие бројки покажуваат прекрасна слика за животот во Германија, реалноста е многу поинаква. Како што објаснивме порано, германските работници ги искусија мерките за штедење пред почетокот на економската криза. „Агенда 2010’”, спроведена од страна на социјалдемократската-зелена влада на Шредер во првата половина на 2000-тите вклучуваше намалување на даноците за богатите, со намалување на пензиите и бенефициите за невработеност. Ова значеше дека до 2008 година националниот приход во платите се намали за 64,5%, што е најниско ниво во последните 50 години. Трошоците за труд беа намалени со комбинација на субвенционирани инвестиции во индустријата, така што Германија беше претворена од „европски пациент“ во многу конкурентна нација на светскиот пазар. Покрај тоа, не сите ја почувствуваа користа од порастот на германскиот капитализам. Околу 40% од населението има помала куповна моќ и животен стандард од пред помалку од 20 години, нееднаквоста во богатството е на највисоко ниво од 1913 година и повеќе од 15 милиони луѓе се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, речиси една петтина од населението.

 

Партиите на владејачката класа во Германија ја губат својата традиционална база на поддршка. Оставките на Меркел и Зеехофер треба да се оценат во тој контекст.

               Овој притисок врз стандардот на живеење на германската работничка класа и средната класа се изразува преку незадоволство од главните политички партии. Последната анкета на ИНСА (Јигов) (INSA/YouGov) покажува поддршка за голема коалиција од малку над 40%. Поддршката на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) падна на 14 % и во многу истражувања се позади десничарската Алтернатива за Германија (АФД). Кога го ставивме ова во контекст, СПД доби поддршка од околу 20,5% на последните сојузни избори, што беше најлош резултат на партијата во повоената германска историја. Во исто време, поддршката на Унијата (Христијанско-социјалната коалиција на ЦСУ и ЦДУ) падна на околу 25%. Ова е голем пад од 33% со кои Унијата победи на минатите сојузни избори и најлош резултат од 1949 година.

Поларизација во Германија

               Она што го гледаме во Германија се истите процеси кои се случуваат низ целиот свет: поларизација на десно и лево, што резултира со широко распространето отфрлање на сè што се гледа како „естаблишмент“, што им отежнува на владејачката класа да владее на стариот начин.

               ЦДУ е традиционален претставник на германската владејачка класа. Но владејачката класа е малцинство во германското општество што ги принудува да се потпираат на различните слоеви на општеството, особено на ситната буржоазија и назадните делови од работничката класа. Проблемот е што кризата на капитализмот ги придвижува различните класи во конфликт. Германската владејачка класа ги прифати бегалците не од хуманитарни причини, туку затоа што сака прилив на евтина работна сила и да ги намали тензиите во ЕУ. Тие сакаат да бидат во ЕУ, не од интернационалистички причини, туку затоа што пазарот на ЕУ им овозможува да извезуваат стоки. За жал на владејачката класа и поради недостатокот на исправна алтернатива од левицата, аргументот на АфД дека имиграцијата е причината за падот на животниот стандард може да изгледа како здраворазумна. Ако на ова се додаде дека АфД зборува за грижата за „малиот човек“ зборува за зголемување на минималната плата и намалување на даноците за семејствата со деца, не е чудно што некои работници со прекарно (нестабилно) вработување се свртуваат кон партијата. Ситнобуржоаските слоеви кои исто така ја формираат базата на ЦДУ се под притисок од зголемената конкуренција на светскиот пазар. Во овој контекст, евроскептичката позиција на АфД и нивното отфрлање на договорот ТТИП привлече некаква поддршка.

               Популарноста на АфД ја принуди ЦДУ да се обиде да се придвижи кон десно, со цел да ја задржи поддршката, што повторно ја натера ЦДУ да не може да биде верна кукла на владејачката класа. Ова го објаснува „посилниот говор“ на Меркел и Сихофер за имиграцијата во последните неколку месеци. Но подгревањето на антиимигрантската реторика, во обид да се придобијат гласачите кои се приближуваат до АФД, ги оттурна некои поддржувачи, така што ЦДУ загуби речиси ист број на гласачи кои се приближија кон либералните Зелени. Партиите на владејачката класа ја губат својата традиционална база за поддршка, што отвора пукнатини меѓу различните водачи на владејачката класа.

               Оставките на Ангела Меркел и Хорст Зехофер треба да се разберат во овој контекст. За сега има три кандидати кои ќе ја заменат Меркел на чело на ЦДУ: Анегрет Крамп-Каренбауер, Фридрих Мерц и Јенс Шпан. Анегрет Крамп-Каренбауер, позната како АКК, е политички најблиску до Меркел (заб. на прев. Од објавата на текстов се одржаа партиски  избори на ЦДУ во кои АКК победи). Таа ја поддржа имиграционата политика на Меркел и ја организираше кампањата за партиски избори минатата година. Фридрих Мерц ја напушти високата политиката во 2009 година по конфликтот со Меркел. Тој претставува десно крило на партијата, со реакционерен и конзервативен поглед за општествените прашања и со исклучително либерални ставови за економските прашања. Постојат шпекулации дека тој може да се залага за поголема интеграција во ЕУ. Јенс Шпан е актуелен министер за здравство и критичар на политиката на Меркел, спротивставувајќи се на реформите на еврозоната.

               Кој и да ја замени Меркел, јасно е дека проблемите за партијата ќе продолжат. Навистина, сите три потенцијални лидери се обидуваат да се дистанцираат од Меркел. Дури и АКК ја опиша изведбата на Меркел како канцелар од изминатите месеци како „оловна“. Во иднина може да има конфликт меѓу Ангела Меркел која рече дека останува канцелар и новиот лидер на ЦДУ, како што разните крила на владејачката класа бараат лидери   кои ќе ги застапуваат нивните различни интереси.

Уште повеќе нестабилност

               Притисокот на општеството кон поголемите партии само ќе се зголеми. Германската економија е релативно силна во текот на изминатите неколку години поради големината на извозот. Сепак, овој сектор е особено чувствителен на трговска војна меѓу САД и Кина, бидејќи овие земји играат голема улога во снабдувањето на индустрискиот синџир. Како и Кина, Доналд Трамп ја издвои Германија како земја со трговски суфицит со САД. Тој се закани со царини за германската стока што во голема мера ќе влијае на германската автомобилска индустрија.

               Овие неизвесности веќе имаат ефект. Годишниот извештај на германскиот економски експертски совет предупреди дека економскиот раст би можел да се намали на 1,6% од минатогодишните 2,2%. Во извештајот се наведува дека причината за ова е „засилениот конфликтот во светската трговија“. Уште повеќе што германската економија за прв пат забави за последните три години поради пад на извозот. Ова забавување во голема мера е резултат на намалувањето на производството на автомобили од страна на големите германски компании, кои во исто време мораа да го прилагодат производството на стандардите за емисија на ЕУ. Сепак, Јерг Кремер, главен економист во Комерц Банк, објасни за Фајненшел тајмс: „Дури и без тоа, германската економија тешко ќе расте, поради падот на побарувачката во Кина“. Јасно е дека неизвесноста околу глобалната трговија може да предизвика рецесија во Германија и во целата еврозона. Оттука, очигледно е дека кризата во општеството и падот на животниот стандард доведоа до дискредитација на главните партии од левицата и десницата.

Италијанската должничка криза

               Исто како што кризата во Германија значи дека земјата не може значително да влијае врз настаните низ цела Европа, така и италијанската влада моментно е во нерамноправна позиција со Европската комисија. Недоразбирањата се вртат околу државниот долг и како најдобро да се справат со тоа. Италија има трет најголем јавен долг во светот, а втор по големина во еврозоната врз основа на БДП. Исто така, Италија е третата по големина економија во Еврозоната, што значи дека нестабилноста на Италија ја загрозува финансиската стабилност на цела Европа.

               Италијанскиот државен долг сигурно не се должи на расипништвото на претходната влада. Навистина, целиот нов долг од 2002 година се должи на плаќање на камати, а не на трошење. Фајненшал тајмс забележува дека италијанската влада континуирано имала примарни фискални вишоци од 1992 година. Ова значи дека, ако ги изземеме парите со кои владата го отплаќа долгот, буџетот е во плус. Италијанската работничка класа е единствената која е притисната да го отплаќа долгот.

               Главната причина за проблемите во Италија е ниското ниво на продуктивност. Во услови на криза, каде што е притиснат пазарот и конкуренцијата е безмилосна, слабоста станува сериозен проблем. Од воведувањето на еврото, трошоците за работна сила во Италија се зголемија за 20% во споредба со Германија и 10% во споредба со целата Еврозона. Оваа слабост е придружена со фактот дека Италија е членка на Еврозоната, штоја спречува девалвацијата на валутата какошто во минатото. Девалвацијата на валутата ќе го направи италијанскиот извоз поефтин и поконкурентен. Фајненшал тајмс, исто така, укажува на недостаток на модернизација во земјата, со голем број на мали семејни бизниси кои се помалку продуктивни. Навистина, 95% од италијанските компании имаат помалку од 10 вработени.

Во Италија, постојаните повици на Матео Салвини против „шпекулаторите“, заедно со барањето за рамен данок, привлекоа голем број од притиснатата ситна и крупна буржоазија, (во отсуство на какво и да е левичарско водство) кон анти-имиграцискиот сентимент

Италијанскиот национален институт за статистика пред скоро објави дека 17,5 милиони луѓе сега живеат под границата на сиромаштија, што е една третина од вкупното население. На ова треба да се додадат 4,74 милиони, кои се класифицирани како „апсолутно сиромашни“, што значи дека овие луѓе не можат да си дозволат основни добра и услуги. Овој број е зголемен од 1,7 милиони од 2006 година. Невработеноста е 9,7%, што претставува зголемување од 3% во 2008 година. Невработеноста на младите изнесува 31,6%. Претходните италијански влади направија малку за да ја поправат позицијата на младите, со само 4% од социјалните трошоци што помагаат на луѓето под 40-годишна возраст. Комбинацијата на висока стапка на невработеност кај младите со мала државна помош принуди некои семејства да преживеат од пензијата на само еден член на семејството. Ројтерс интервјуираше човек чие семејство се издржува со 800 евра пензија на еден член од семејството. Оваа пензија треба да ги покрие трошоците на пензионерот, нејзиниот син и внукот.

Растечка радикализација

               Оваа ситуација го радикализираше населението, предизвикувајќи општа недоверба во естаблишментот. Фајненшл Тајмс го интервјуираше Симон Кантезе, невработен жител на Неапол, кој рече дека толку долго верувале во толку многу работи и секогаш биле разочарани. Оваа радикализација објаснува зошто главните партии толку јасно се отфрлаат на последните избори. Демократската партија (ПД) освои 18,76% од гласовите, што е пад од 25,43 % на претходните општи избори во 2013 година, додека Движењето 5 ѕвезди (М5С) формирано во 2009 година, освои 32,68% од гласовите. Десничарската Лига освои 17,35% од гласовите. Не е изненадување што последните две партии добро поминаа на изборите. Програмата на М5С вклучува приход за граѓани од 780 евра месечно (што би го удвоило приходот на семејството кое Ројтерс го интервјуираше), крај на привремените работи и отстранување на контра реформа на пензискиот систем од страна на владата на ПД. Постојаните напади на Салвини врз „шпекулантите“ и повиците за рамни даноци привлекоа многу припадници на притисната ситна буржоазија (повторно поради недостатокот на лево водство). Исто така, ширењето на анти-имигрантската хистерија привлече некаква поддршка.

               Постои голема надеж меѓу Италијанците дека овие две партии ќе ги спроведат своите програми. Владејачките партии се во стапица. Ако ги издадат свои програми, поддршката лесно ќе исчезне. Меѓутоа, во рамките на капитализмот, оваа програма не може да се спроведе. Владата планира да ги зголеми трошоците и да ги намали даноците, додека јавниот долг е веќе висок и светот е на прагот на нова рецесија. Никој нема да биде подготвен да  позајми пари на владата за спроведување на оваа програма.

               Многу е веројатно дека ова ќе ја натера владата да измислува нешто: да понуди некои реформи за да ја задоволи основата. Конфликтот над италијанскиот буџет е околу тоа да се додаде 0,8% или не на дефицитот за следната година. Ова не е близу до покривање на трошоците за предложениот „граѓански приход“ и уште сега е компромис. Дури и ова скромно зголемување на дефицитот беше премногу за Европската комисија. Жан-Клод Јункер, претседател на Комисијата, рече дека буџетот на италијанската влада е неприфатлив, „бидејќи нивото на јавниот долг е високо … па предлог-буџетот не ги зема предвид препораките на министрите на еврозоната“.

Отплата на долгот

               Конфликтот ги исплаши инвеститорите на италијанскиот долг кои се загрижени дека новата влада нема да спроведе „чувствителна“ политика за штедење. Откако владата дојде на власт во средината на мај, онлајн продажбата на италијански имот достигна 17 милијарди евра месечно. Ова ја зголеми цената на италијанскиот долг, разликата помеѓу италијанските десетгодишни обврзници и германските обврзници со исто времетраење се зголеми на 3,15% во средината на ноември од 1,3% во средината на мај. Ова значи дека италијанската влада ќе мора да плати 3% поголеми камати од германската влада. Иако владата нема да го почувствува зголемувањето на трошоците додека не издаде нови обврзници за финансирање на старите обврзници, зголемувањето на каматните стапки неизбежно ќе доведе до зголемување на дефицитот. Поради големината на италијанскиот долг, ова може да стане проблем и да ја доведе земјата до одложување на отплата, што би било катастрофа за еврозоната. Загриженоста за способноста на италијанската влада да го отплати својот долг доведе Мудис да го намали својот кредитен рејтинг на едно место над „отпад“. Рејтингот „отпад“ ќе биде катализатор за избегнување на капитал од италијанскиот долг и ќе ја спречи Европската банка, која веќе има околу 15 отсто од вкупниот италијански долг, да купи повеќе обврзници. Ова би можело да биде поттик за неподмирување на обврските.

               Европската банка дополнително е под притисок да ги зголеми каматните стапки. Многу коментатори се загрижени дека со новата криза и каматните стапки на нула, има многу малку простор за маневрирање. Освен тоа, постои загриженост дека некои економии заглавуваат, со ниски нивоа на невработеност и притисок за зголемување на платите. Во нормални времиња, ова би било знак дека каматните стапки треба да се зголемат.

               Сепак, зголемувањето на каматните стапки од страна на ЕБ, со зголемено издавање обврзници на владата, може брзо да ја распламти ситуацијата. Голдман Сакс веќе предвидува дека отплатата на италијанските каматни стапки може да се зголеми за 4,6 % од БДП во 2018 година. Ова влијае на одлуките на претставниците на ЕБ за зголемување на каматните стапки.

               Ситуацијата во Италија, како и во други земји во светот, покажува дека под притисок на кризата,  ако капиталистичката класа се обидува да ја врати рамнотежата на економската сфера, тоа може да ја уништи рамнотежата во општествената или политичката сфера. Притискање на животниот стандард на италијанската работничката класа за исплата на банкарските камати предизвика огромна нестабилност и доведе до тоа да италијанската владејачката класа веќе нема контрола врз владата. Фајненшл Тајмс го сумира чувството на владејачката класа кога се жали дека во време на социјалните мрежи и лажни вести, парламентите  не биле доволни за да се заштитат сегашните и идните генерации од краткорочните неодговорни политики кои се водат за изборен успех, а не се економски и финансиски мудри Се разбира, од нивна гледна точка, засилувањето на класната борба ги топи сите стари извесности. Секогаш биле „лажни вести“, сега само помалку се верува во лагите на владејачката класа.

Спасителот Емануел Макрон?

               Со Германија во средината на политичката криза и Италија во опасност од колапс, владејачката класа на Европа се сврте кон Макрон, претседател на Франција за лидерство. Во април минатата година француската владејачка класа беше во победоносен занос кога Макрон доби на претседателските избори во 2017 година со 66% од освоените гласови. Макрон, самопрогласен „јупитерски лидер“, се обиде „да ја направи планетата повторно голема“ со акцент на новата Франција и Европа. „Популизмот“ е наводно поразен. Сепак, за само една и пол година, личниот рејтинг на Макрон падна на нешто повеќе од 20% и наводно, бил принуден да земе годишен одмор поради нервен слом.

Во април минатата година француската владејачка класа беше во победоносен занос кога Макрон победи на претседателските избори во 2017 година со 66 % од освоените гласови

               Макрон секако сакаше во Европа да се бори против центрифугалните сили што ја делат ЕУ. Тој се залагаше за создавање заеднички монетарен фонд за единствена валута, која ќе се финансира преку национални доприноси и нови ЕУ даноци. Овие пари потоа би биле користени за економски раст и стабилизација на земјите во економската криза. Овој многу амбициозен план би бил еднаков на процентот на БДП на Еврозоната. Тој, исто така, се залагаше за поголемо финансиско закрепнување на банките во криза. Ова навистина звучи добро, имајќи ја во предвид кризата во Италија. Теоретски, заеднички фонд на пари од ЕУ би можел да ја засили италијанската економија и да им овозможи на банките да закрепнат.

               Но, спроведување на овие реформи е сизифовска работа за Макрон. Тој се надеваше на поддршка од Ангела Меркел. Германската економија и нејзиниот извоз зависат од европскиот пазар и не смеат да дозволат ЕУ да се распадне. Заминувањето на Меркел од чело на ЦДУ и политичката криза во Германија сега го отежнуваат тоа. Точно е дека Фридрих Мерц и Зелените сакаат поголема ЕУ интеграција од Меркел, но политичката ситуација го оневозможува спроведувањето на овие реформи. Ова објаснува зошто договорот на Макрон и Меркел сега е помалку амбициозен. Без да се споменат бројки, буџетот на Еврозоната нема да се користи за контрамерки, туку за можно намалување на потрошувачката и развојот од кој ќе бидат погодени земјите во криза. Во реалноста, ова е само обид да се спаси Макрон.

               Макрон, исто така, мора да ги убеди лидерите на северно европските земји кои одговорија на Макрон со поголема национална одговорност во јавните финансии и помала поддршка за фондовите на ЕУ. Еден начин да ги убедиме е да го забрза спроведувањето на овие реформи во Франција. Францускиот дефицит изнесува 2,8% од БДП, што претставува зголемување од 2,6% од минатата година. Делумната резерва на некои нации кон предлозите на Макрон може да се должи на избегнувањето на „чувствителните“ мерки за штедење. Поради тоа, Макрон ќе биде многу потешко да ги убеди другите европски лидери во неговите реформи ако Франција не успее да го надмине буџетскиот дефицит.

Може ли Макрон да го забрза спроведувањето на своите реформи?

               Макрон веќе е нападнат од својата база, бидејќи не започна доволно брзо со реформите. На пример, Жофри Ро де Безју, претседател на најголемата француска федерација на работодавачи, повика на „забрзување“ на реформите. Сепак, тој исто разбира дека ова нема да биде лесно, признавајќи дека сега било потешко да се забрзаат реформите, ако се земало предвид јавното мислење и анкетите“. Популарноста на Макрон падна под популарноста на Оланд во овој дел од однесувањето на претседателската функција, а допрва треба да се обиде да ги спроведе реформите на пензискиот и здравствениот систем, централната јавна администрација и локалните власти. Макрон победи на изборите без значителна база, освојувајќи 24% од гласовите во првиот круг, а оваа бројка сега падна. Тој, исто така, беше погоден од оставките на некои министри, меѓу кои и Жерар Колон, кој го обвини за „ароганција“, додавајќи: „ја изгубивме можноста да се поврземе и да го слушнеме населението во палатата на Републиката“.

               Макрон вети дека неговите болни реформи ќе доведат до намалување на невработеноста и зголемување на економскиот раст. Сепак, процентот на невработеност не се промени откако Макрон дојде на власт, па дури и актуелната бројка ја маскира реалната ситуација. Дојде до експлозија на луѓе кои работат само неколку часа секоја недела и се уште мораат да добиваат социјална помош. Овој број е двојно зголемен од 2008 година за 2,2 милиони луѓе. Во август премиерот мораше да го намали претпоставениот економски раст од 1,9% на 1,7%.

               Ако Макрон продолжи да ги протуркува своите реформи, многу е веројатно дека ова ќе предизвика голема социјална експлозија. Овој месец веќе ги видовме протестите на масовното движење на жолтите елеци против предложеното зголемување на даноците за нафта и бензин.

               Кога Макрон дојде на власт, на површината се чинеше дека француската владејачка класа е во многу силна позиција. Под површината постои истото наталожено незадоволство како во остатокот од Европа. Колапсот на Социјалистичката партија на Франција и републиканците, како и нивна замена со “Ен Марш!” на Макрон, беше знак на слабост, а не на сила. Со продолжувањето на дискредитирањето на Макрон, вакуумот кој се создава некако мора да се исполни.

Брегзит криза

               Како овие проблеми да не се доволни, па ЕУ мора да се справи со излезот на својата втора по големина економија. Троцки еднаш рече: „Британските империјалисти размислуваат во поими за векови и континенти“. Сепак, денес, без претерување, може да се каже дека британската владејачка класа ја изгубила контролата над ситуацијата. Таа повеќе не може да планира што ќе се случи следната недела, а не пак следниот век. Посебен колапс на британскиот капитализам е со забрзаниот  хаотичен излез од ЕУ и владејачката класа се чини дека не може да направи многу.

               Брегзит не е резултат на „лажни вести“, руска подвала или Џереми Корбин. Брегзит е резултат на десет години мерки на штедење и пад на животниот стандард кој создаде големо незадоволство во општеството. Владејачката класа и нејзините претставници во владата се погрижија работничката класа да го плати најголемото оптоварување за економската криза од 2008 година. Десет години по почетокот на кризата, работниците забележаа пад на нивниот приход во просек од 800 фунти годишно. Извештајот на ОН покажува дека во моментов во Велика Британија 14 милиони луѓе живеат во сиромаштија, а 1,5 милиони луѓе се во апсолутнасиромаштија, што значи дека не можат да си дозволат дури и основни намирници. Ова, кај голем број луѓе предизвика огорчена омраза кон естаблишментот и статусот кво.

Посебен колапс на британскиот капитализам е со забрзаниот хаотичен излез од ЕУ и владејачката класа се чини дека не може да направи многу.

               Во овој контекст, Брегзит може да се сфати како глас на населението што е најмногу засегнато од мерките на штедење коишто ги наметна естаблишментот. Анкетите навистина покажуваат дека луѓето што живеат во заедници кои се најтешко погодени од мерките на штедење гласаа за „излегување“. Многу работници гласаа за Брегзит од одвратност од сегашната ситуација. За многумина Брегзит беше промена.

               Сепак, ситуацијата за владејачката класа е кошмар. Главен трговски партнер на Велика Британија е ЕУ со 44% од извозот на стоки и услуги во 2017 година. Многу компании во Обединетото Кралство работат “точно на време”, што значи дека секое одложување или дополнително време значи зголемување на трошоците за премин на стоки преку границите, додавајќи на тоа значително зголемување на трошоците во производството на овие стоки. Оттука, владејачката класа се обидува да договори со помек Брегзит. Ова го објаснува млакиот прием на извештајот за договорот на Тереза ​​мај со ЕУ на конференцијата во ноември на Британската индустриска конфедерација. Иако е точно дека постојат индивидуални капиталисти кои се за Брегзит, сепак мнозинството од британската владејачка класа е за останување во ЕУ.

Владејачката класа ја губи контролата

               Проблем за британската владејачка класа е губењето контрола над конзервативците, нејзината традиционална партија. Партијата полека ја изгуби својата база за поддршка. Како и многу други партии на владејачката класа низ светот, тие се обидоа да го решат ова со ширење расистичко и националистичко расположение меѓу одредени делови на ситната буржоазија и работничката класа. За жал, тоа им се удри од главите. Некои слоеви се убедени од оваа политичка линија, а сега ја водат кон логичен завршеток. Навистина нема начин да се контролира имиграцијата во ЕУ и единствениот начин да се реши е таа да се напушти.

               Падот на британската владејачка класа се одразува на многу начини, а еден од нив е дегенерација на Тори партијата. Во минатото, оваа партија предизвикуваше завист на владејачките класи во светот. Денес таа се распаѓа од центрифугални сили. Од една страна, постои многу моќна тенденција на оние кои сé уште веруваат дека Британија може да го врати својот статус на светска сила, а не  треторазредна земја како што е сега. Совршен претставник на оваа тенденција, миленик на членството на партијата, е Џејкоб Рис-Мог. Од друга страна, наместо аристократски државници кои некогаш ги воведоа ториевците во интерес на британскиот капитализам, доминираат кариеристи со краткорочни интереси. На пример, Дејвид Камерон, во обид да го смири десното крило на партијата, се обиде со краткорочно коцкање со референдум за статусот во ЕУ. Се разбира, тој го изгуби овој референдум и го остави ториевците во внатрешен конфликт.

               Во нормални времиња, иако не би било идеално, може да се одржат општи избори. Лидерите на Лабуристичката партија обично беа повикани кога се формира влади, да ги спроведат интересите на владејачката класа, дискредитирајќи се себеси и препуштајќи ја власта на Конзервативната партија откако ќе се прегрупира. Денес, Лабуристичката партија, исто така е преземена. Стотици илјади радикализирани луѓе влегоа во партијата за да се борат против мерките на штедење. Тоа е причината зошто на Лабуристичката партија сега не може да ѝ се верува. Не заради Џереми Корбин, туку поради стотици илјади радикализирани членови на работничката класа и младите кои со влегувањето во партијата ставија огромен притисок врз идната лабуристичка влада. Лабуристичката влада може да ги подигне надежите на работните луѓе во земјата, и тоа мора да се избегне по секоја цена.

               Додека најголемиот дел од владејачката класа сака да го избегне Брегзит, за тоа има многу малку можности. Секој обид да го стори тоа ќе предизвика нова нестабилност. Новиот референдум уште повеќе ќе го поларизира општеството. Договорот на Тереза ​​Мај со ЕУ, кој беше окарактеризиран од претседателот на Конфедерациата на британските индустријалци како „напредок“, не е сигурено дека ќе го помине гласањето во парламентот. Ториевците имаат мнозинство со поддршка на Демократско – унионистичка партија (ДУП), кои веќе рекоа дека „договорот на Меј со ЕУ го поткопува основниот договор меѓу нив и ториевците“. ДУП со право укажува дека договорот ќе доведе Северна Ирска да се третира поинаку од остатокот од Велика Британија, а за нив тоа е ризичен чекор на патот кон обединета Ирска. И покрај огромниот притисок на владејачката класа (со отвореното поткупување на благородништвото), Мај не може да смета ни на поддршка од редовите на својата партија.

               Конечно, иако Блеристите се глас на владејачката класа во Лабуристичката партија, притисокот врз оваа фракција за гласање за договорот е многу ризичен. Ова ќе создаде уште поголемо незадоволство во партијата и уште повеќе ќе ги радикализира работите. Многу блеристички пратеници веќе се соочуваат со недоверба во нивните локални партии и ако се увиде дека ќе ја поддржат владата, расположението би се засилило и ќе има бран на отповикување. Ова би значело дека локалните партии нема да гласаат за сегашните пратеници да бидат лабуристички кандидати на идните избори и ќе ги заменат со други. Владејачката класа, исто така, може да ги остави блеристите како петта колона во рамките на партијата, со цел да се создаде поделеба и пораз на владата на Корбин. Во секој случај, не е сигурно дека притисокот на владејачката класа ќе ги присили блеристите да гласаат за договорот. Оваа група со ограничена база во општеството е разјарена со прашањето за уште еден референдум, како земјата би се натерала да остане во ЕУ. Овој договор можеби не е доволен за нив.

               Тешко е да се предвиди што ќе се случи во Британија, но неколку работи се јасни. Владејачката класа барем засега ја изгуби контролата на ситуацијата и двете големи партии се на работ на распаѓање. Ова е ситуација без преседан за некогаш стабилната држава.

Европската унија во криза

               Обликот на кризата се разликува во секоја европска земја. Сепак, содржината е повеќе или помалку иста. Во ЕУ, работничката класа, младите и сиромашните се го платија данокот  на кризата. Ова го намали животниот стандард и предизвика растечко незадоволство. Исто така, луѓето очајно бараат решенија за нивните проблеми. Ова значи дека старата предвидливост отпаѓа.

               Брегзит значи дека ЕУ ја губи својата втора по големина економија. Дегенерацијата на Конзервативната партија значи дека се одржа референдумот, а големиот гнев во општеството значи дека работните луѓе гласале “да излезат” како напад врз естаблишментот. Без оглед на договорот за Брегзит, сепак ќе има пречки во трговијата како резултат на референдумот. Имајќи предвид дека Велика Британија е далеку третиот германски трговски партнер, ова може да создаде дополнителни проблеми за веќе забавената економија на Еврозоната.

Европската унија може да функционира се додека расте економијата. Под удар на кризата се појавија внатрешните тензии. Ова е тоа што го крева протекционизмот на светско ниво, а распаѓањето на ЕУ.

Ваква е ситуацијата пред следната рецесија. Економиите, наводно, се во период на опоравување! Загриженоста за новата рецесија доведе до тоа некои да педложат пораст на каматните стапки. Ова само ќе ги влоши проблемите, на пример во Италија, а деловите од еврозоната во уште поголема рецесија. Од друга страна, ако Европската банка не ја зголеми каматната стапка, нема да има механизми за справување со новата криза. Европската банка ќе ја заврши својата програма за квантитативно олеснување и веројатно нема да има време да ги зголеми каматните стапки пред да ја погоди следната рецесија, што ќе ја остави европската економија изложена.

               Европските лидери не можат да ја остават Италија да колабира, затоа се непопустливи во ограничувањето на владините трошоци. Спасот на Грција беше тежок, а грчкиот долг беше 250 милијарди евра. Долгот на Италија е 1,2 трилиони евра. Инсистирањето на буџетската дисциплина само ќе го зајакне веќе постоечкото анти-ЕУ расположение ​​во земјата.

               Додека Макрон и Меркел се борат со кризата дома, се чини дека не можат да ги протуркаат реформите. Меркел е под притисок во Германија да се откаже од поддршката за економиите во јужна Европа. Понатамошни реформи и спасување ќе се сретнат со отпор на одредени елементи во Германија. Макрон е уште послаб, притиснат и од левицата и десницата, притиснат од масовното движење. Политичкиот капитал на европските лидери е потрошен, тие ќе се борат да најдат поддршка за нови жртви за да ја зачуваат Европската унија.

               Марксистите секогаш истакнуваа дека ЕУ може да функционира само додека расте економијата. Под влијание на кризата, националните тензии повторно ќе се појават. Денес го гледаме тоа. Кризата ги постави националните интереси на прв  план, бидејќи владејачките класи на секоја земја најпрво се борат за своите интереси. Ова води кон зголемување на протекционизам на светско ниво, но и до распад на Европската унија.

Автор: Џек Халински – Фицпатрик

Euro crisis: the beginning of the end?