Арон Бушнел: чин кој го претставува гневот и фрустрацијата на милиони луѓе
Вчера попладне членот на Воздухопловните сили на САД, Арон Бушнел се замозапали пред Израелската амбасада во Вашингтон, во знак на протест против американскиот империјализам во однос на војната во Газа. Веста за храбиот чин на саможртвување на овој човек се рашири помеѓу милиони мажи и жени низ светот.
Сите тие го чувствуваат истиот очај на сцените на геноцид кои ги сведочиме во Газа; импотенцијата која како колективна воена моќ се користи да се скршат, срушат и убијат опресираните луѓе; сите тие го чувствуваат истиот гнев врз капиталистичките политичари од Западот кои го дозволија овој колеж.
Во четвртокот наутро, 25 годишниот компјутерски инженер вработен во одделот за компјутерска заштита во Воздухопловните сили на САД, Арон Бушнел контактирал повеќе редакции на медиуми, најавувајќи ја својата намера да го положи животот во знак на протест:
„Моето име е Арон Бушнел, јас сум активен член на Воздухопловните сили на САД и повеќе нема да бидам учесник и соработник во геноцид. Ќе го изразам својот гнев преку ектстремен чин, но во споредба со тоа што луѓето во Палестина го искусуваат воопшто не е екстремен чин. Ова е тоа што нашата владејачка класа одлучи да биде нормално секојдневие.“
Соочен со хипокризијата на империјалистите кои беседат за „демократија“ и „човечки права“ додека го вооружуваат убиствениот режим на Нетанјаху „до заби“, Бушнел кој по убедување бил анархист, точно ја лоцира вината таму каде што припаѓа – на владејачката класа.
Видео снимката од последните моменти на Бушнел, односно моментите како се приближува пред капијата на Израелската амбасада е застрашувачка за гледање. Иницијално била видена од малку корисници на социјалната мрежа „Twitch“, но повторното реобјавување на видео снимката е видена од милиони корисници. Додека Бушнел се наоѓа во пламени јазици може јасно да се слушнат неговите извици: „Слобода за Палестина, слобода за Палестина!“. Ова се неговите последни зборови.
Покрај оваа сцена на овој млад човек во цветот на својата младост кој го дава својот живот со цел да привлече внимание на страдањето на Палестинците, на видео снимката се гледа и како еден полициски службеник или припадник на обезбедувањето од Израелската амбасада вперува пиштол во него и извикува „да се предаде и да легне на земја“.
ИНСИНУИРАЊЕТО НА МЕДИУМИТЕ
Веднаш, властите и медиумите срамно започнаа да ги „матат водите“, користејќи го типичниот „Орвелски пристап“ кој се користи откако започна војната во Газа.
„ABC News“ изрази дека станува збор за „очигледен ‘политички протест’“, додека наводниците се пренесени изворно. Други забележаа дека „нема повредени во Израелската амбасада“ и дека на теренот бил повикан и тим за отстранување на бомби со цел да проверат едно „сомнително возило“ во близина – инсинуирајќи дека безбедноста на амбасадата и нејзините вработени некако биле под закана.
Полицијата од Вашингтон во својот официјален извештај зборува за човек „со нарушено ментално здравје“ кој поминува пред амбасадата пред чинот на Бушнел (алудирајќи всушност на Бушнел). Безбедносната служба на САД потврди дека прими известување за човек на „кој му е потребна лекарска/психичка помош“. Медиумите пак повикувајќи се на овие соопштенија и на овој наратив, веднаш започнаа да ја спинуваат јавноста дека станува збор за човек кој не е при својата разумна свест.
Меѓутоа, овој чин не е резултат на никакво психичко растројство, туку на длабока фрустрација и очај, на истиот сентимент кој гори во срцата на милиони работници и работнички, како и млади луѓе. Преку глава ни е од масовното убивање, но и од лагите кои доаѓаат од страна на капиталистичките медиуми и политичари во САД, но и секаде, кои се обидуваат да ја подријат честа на сите оние кои сочувствуваат со Палестина, додека истовремено го оправдуваат колежот кој го извршува Израел.
Пораката на Бушнел испратена кон светот не е само од гнев, туку исто така покажува и очај, односно чувство дека нешто мора да се направи во лицето на сета неправда која се случува пред нашите очи. Со многу моќни зборови, Бушнел се обрати во својата последна објава на социјалните мрежи:
„Многумина од нас се запрашуваат, “ ‘Што би правел да бев роден во време на робовладетелството? Или во Југот на Џим Кроу? Или во апартхејдот? Што би правел доколку мојата земја извршува геноцид? Одговорот е – тоа веќе го правиш. Во овој момент.“
Соочени со хоророт на империјализмот, милиони луѓе чувствуваат дека треба некако да реагираат. Но како индивидуалци, сме немоќни да ја срушиме моќта на империјализмот.
Помоќен пример од индивидуален протест од овој на Арон Бушнел, кој ќе остани запаметен, не може да биде ниту замислен. Тоа што сега е потребно е организиран чин, да се собере сиот овој гнев во една моќна и силна револуционерна партија која што може да го предизвика и отфрли овој скапан капитилистички систем заедно со целата банда на империјалистички воени криминалци почнувајќи од Бајден преку Сунак, Макрон, Шолц, Трудо и сите останати.
„ВУЛКАНСКА РЕВОЛУЦИЈА“
Влијанието од смртта на Бушнел се гледа преку огромното изразување на поддршка на социјалните мрежи. Пораките преполни со солидарност од илјадници луѓе кои коментираат на социјалните мрежи го открива моментот на тоа колку многу чинот на Бушнел е почувствуван:
„Знам како се чувствуваш, никој не сака да слушне и да се погрижи доволно за да го сопре овој геноцид“
„Срамота за Џо Бајден. Срамота за Блинкен. Убијци!“
„Палењето на твоето тело ќе биде почеток на вулканската револуција која ќе ја сопре неправдата и ќе ги поддржи репресираните.“
Вакво е расположението помеѓу милиони луѓе. Извиците на Бушнел „Слобода за Палестина“ ќе живеат многу долго како ехо после неговата смрт. Тоа што е потребно е токму тоа што е нагласено во погорниот коментар „вулканска револуција“, која ќе го канализира праведниот гнев на милионите луѓе кои се спротиставуваат на растечката репресија на капитализмот и империјализмот, дома но и надвор.
Протестот на Бушнел е последен во низата од ваков вид на протести односно со самопалење против империјалистичките војни и репресијата. Слични протести биле доста познати за време на Виетнамската војна, кои биле изведени како од граѓани на САД така и од Виетнамци.
Од поновата историја на самопалење, запаметен е случајот на Тунижанецот Мухамед Бузази во 2010 година, кој го изведе овој чин поради сиромаштијата која тој, како и милиони други, ја чувствуваа од рацете на режимот. Тој чин претставуваше последната „капка во чашата“ за револуционерното движење кое еруптира во Тунис, кое пак ја започна Арапската пролет и паѓањето на диктатурите.
Денес, рушењето на Газа радикализира милиони луѓе на Блискиот Исток. Режимите во целиот регион се наоѓаат под закана. Можноста од нова Арапска пролет се чувствува во воздухот и тоа крајно ги плаши империјалистите.
Сличен револуционерен развој има секојдневно секаде низ светот. Прашањето за Газа прерасна во клучен фактор во радикализацијата на стотици милиони луѓе. Ваквото распложение се чувствува секаде низ светот. Тоа што е потребно е организација и јасна револуционерна програма за експропријација на капиталистите и за изведување на комунистичка револуција. Само ваквиот развој може да го претвори гневот и очајот во револуционерна надеж и сила која може да го промени општеството.
СЛОБОДА ЗА ПАЛЕСТИНА!
ИНТИФАДА ДО ПОБЕДА! РЕВОЛУЦИЈА ДО ПОБЕДА!
Aaron Bushnell: an act expressing the rage and frustration of millions
автор Оливер Брадертон, 26 февруари 2024