БалканВестиИнтернационала

За самоопределување на народот на Косово и изградба на Балканска Социјалистичка Федерација

Политичкиот став за Косово внатре Србија и пошироко на просторот на бивша Југославија често се основа на митологија и предрасуди на српскиот национализам. Општествените судири помеѓу Србите и Албанците и политичките расправи околу меѓународниот правен статус на оваа територија се гледаат како продолжеток на повеќевековен религиско-етнички судир, додека Албанците се третираат како натрапници на „светата српска земја“. За разлика од метафизичките и неисториски пристапи, марксистите корените на денешното „Косовско прашање“ го бараат во модерното време, т.е. во 19 и почетокот на 20 век кога се формирале балканските нации и националните држави. Етничкиот состав и линиите на разграничување помеѓу Србите и Албанците на овој простор се условени со ширењето на националната свест и слабеење на Османлиската власт на Балканот.

Создавање на балканските нации

По одлуките на Берлинскиот Конгрес (1878 г.) и ширењето на границите на српската држава во правец на југоисток доаѓа до големо преместување на население. Етничката хомогенизација на новата националната држава подразбирале и насилно иселување на албанското и другото муслиманско население од градовите и селата на нишкиот, пиротскиот, топличкиот и врањскиот регион кон Косово и Македонија. Од друга страна, во текот на деветнаесетиот век српското население од Косово мигрира кон северозапад поради кризата на Османлискиот поредок, економската неразвиеност и визијата за подобар живот на териториите каде Србите имаат одреден степен на автономија.

Берлинскиот конгрес, Антон фон Вернер
Уште при породување на нејзините нации, империјалистичките сили ја одредувале судбината на Балканот

Паралелно со територијалната експанзија на Србија, Црна Гора и Бугарија доаѓа до создавање на национална свест кај албанското население на Косовскиот вилает кое уште живее под Османлиското Царство. Војните помеѓу Србија и османлиските трупи (меѓу кои има Албанци), ширење на албанскиот национализам и тежнеењето за создавање на сопствена држава, како и разлутеноста на муслиманските бегалци поради протерувањето од Србија го создаваат антисрпскиот сентимент помеѓу дел од албанската популација. Како одек на Грчко-турската војна од 1901 г. на Косово доаѓа до бран на насилство од страна на наоружани Албанци насочено кон косовските Срби. Од друга страна, албанските селани често се исложени на упади на оружените чети од Србија што вршеле злосторства над муслиманското население.

Политичката и економската модернизација и создавање на суверените национални држави по углед на европските модели, полека но сигурно ги бришат поранешните модуси на хиерархија на соживот помеѓу различните народи и религии на Балканот наследени од османлиското време. Токму овие процеси на побрза трансформација кон современите капиталистички општества, како и идеите за етнички хомогени држави како „природни“ политички заедници, го изродија тоа што денес го гледаме како завидливост и „борба за животен простор“ меѓу Србите и Албанците на просторот на Косово.

Косово потпаѓа под контрола на Србија и Црна Гора по Балканските војни (1912-13 г.). Српската држава ја презема територијата на која, по веќе опишаните етнички судири и преселување на население, живее мнозинско албанско население скептично на мотивите на новата власт. Според османлискиот попис од 1912 година околу 21 отсто од населението на пеќкиот, призренскиот и приштинскиот санџак го чинат Срби, додека спрема пописот од Кралството СХС од 1921 година, бројките не се многу поразлични и населението за кое српско-хрватскиот им е мајчин јазик претставуваат 26 отсто на косовскиот, метохискиот, звечанскиот и призренскиот округ. Однесувањето на српската војска спрема мнозинското население во новоприпоените области не прави ништо да се намалат етничките тензии. Напротив, со напредување низ албанските села српската војска спроведува кампања на етничко чистење со цел хомогенизирање на националниот состав на територијата пред следната конференција на големите сили кои би ги утврдиле новите граници на просторите од кои се повлекла турската војска.

Во септември 1913 година изби албанска буна против новите власти којашто српската војска ја задуши во крв. Марксистите присутни на терен во тоа време се истакнуваат по тоа што без какви било калкулации ги опишуваат и осудуваат злосторствата на српската војска над албанските цивили. Во статијата „Крвната освета на солдатеската“, а подоцна и во книгата „Србија и Арбанија“, српскиот социјалист Димитрие Туцовиќ не се срами да ја каже вистината сред националистичката еуфорија што по новото проширување на државните граници се ширеше во српскиот парламент и печат:

„Кога изби буната, владата преку застапниците на министерот за надворешни работи изјави дека Арбанасите ќе бидат ‚примерно казнети’, буржаскиот печат бараше истребување без милост, а војската беше извршител. Арбанашките села, од коишто машките благовремено избегале, беа претворени во пепелишта. Тоа беа во исто време варварски крематориуми во кои согореа стотина живи жени и деца. И додека востаниците заробените српски офицери и војници ги разоружувале и пуштале, дотаму српската солдатеска не ги поштеди нивните деца, жени и болни.“

Без осврт на играта на големите сили околу Балканот и шпекулациите за тоа кој за своите интереси можел да ја користи бруталноста на српската војска, рускиот револуционер Лев Троцки бележи што видел како воен известувач за украинскиот весник „Киевскаја мисл“. Тој од независни класни позиции пишува за масовните убиства на Албанци, за време и непосредно по Балканските војни, извршени од регуларната српска војска, но пред сè од паравоените чети. Троцки забележува дека овие паравоени формации биле составени од понекој интелектуалец со страствени националистички идеи и голем број криминални елементи што биле мотивирани од грабежот.

Додека ги пишуваат своите забележувања од теренот Димитрие Туцовиќ и Лев Троцки се свесни дека Балканските војни не претставуваат борба за национално ослободување од турските власти туку прераснуваат во мини империјалистички војни. Иако се уште млади, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, балканските држави кои ја потиснуваат турската војска за време на 1912 и 1913 година, тогаш веќе беа скаменети креатури на реакционерните монархии и консолидирани државни бирократии коишто немаат интерес во унапредување на положбата на широките слоеви на население. Начинот на кој српската буржоазија ја организира својата власт на Косово ја покажува добро оваа вистина. Белград за населението на Косово не му донесува нови политички слободи, економски напредок и сигурност. По преземањето на власта на теренот владее корупција. Воените профитери со паравоените формации влегува до локалните органи на државната управа и спроведуваат системска дискриминација на несрпското население. Албанците немаа можност за школување на својот мајчин јазик, се спроведуваат кампањи на покрстување на Албанците католици во православни, а земјата конфискувана од агите и беговите не се прераспределува на сиромашните албански селани туку се доделува на колонистите од Србија и Црна Гора.

Димитрие Туцовиќ во екот на Балканските војни остана доследен на принципите на пролетерскиот интернационализам

Помеѓу 1918 и 1924 година низ Косово се шири оруженено востание на Албанците во облик на герилско движење (качаци). Еден од истакнатите водачи на качаците бил Бајрам Цури, кој пред тоа со години се борел за ослободување на албанскиот народ. Воодушевен од Руската револуција и Лениновиот пристап на националното прашање, Цури почнува да се допишува со нив. Во 1918 година, под водство на Бајрам Цури, се основа Комитет за национална одбрана на Косово, а тој подоцна и стапува во контакт со Третата интернационала. Против оваа буна српската држава користи најсурови методи со одобрување и навивање од страна на буржоаскиот печат. Куќите на качаците се спалени, имотите одземени, а нивните семејства се интернирани во логори. Имајќи го ова предвид никого не треба да изненади тоа што мнозинството Албанци по Првата светска војна не ја гладаа српската држава како ослободител туку како окупаторска. Албанците во политичкиот живот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците формално биле приклучени преку конзервативната партија Џемиет. Оваа организација меѓутоа беше претставник на земјопоседничката исламска елита што во парламентот опортунистички ги поддржуваше српските владејачки партии за замена на ситни отстапки. Единствена политичка организација внатре во Србија и Југославија која јасно и без резерви изразуваше солидарност со борбата на албанскиот народ за свои национални, културни и економски права помеѓу двете светски војни беше Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

Бајрам Цури, борец за независност на Албанија и истакнат водач на качаците

Хаотичната власт на Османлиското Царство во фазата на распад, значи, на почетокот на дваесетиот век е заменета со војна управа на српската држава на Косово којашто своето право на таа територија не го основа на програма на општествена еманципација и демократизација на неразвиените краеви туку со отворен расизам и одржување на албанскиот народ дополнително во подјармена положба. Односот која Србија го имаше спрема албанскиот народ во меѓувојниот период може единствено да се опише како колонијален, освојувачки и расистички. Албанците се прогласуваат за неспособни за културен живот и создавање на сопствена национална држава, и во тоа име, како и во име на митоманските заблуди за „историското право“ и обнова на Душановото Царство, одземена е територијата што била населена со мнозинско албанско население и организирани се правени најсвирепи ѕверства над албанскиот народ, што пак имаа за последица повеќедецениска недоверба, а неретко и отворено непријателство помеѓу Србите и Албанците.

Оружано партизанско братство

Преседанот што јасно покажа дека националната угнетеност и недоверба помеѓу народите на Косово не мора да се повторува од генерација во генерација се случи во моментот кога најмалку се очекуваше. Станува збор за оруженото единство на Србите и Албанците во рамки на партизанското движење за време на Втората светска војна. Изгледите за здружена политичка акција преку националните линии на Косово беа многу слаби за време на првите неколку месеци на окупацијата. Италијанските фашисти вешто ги користеа предвоените поделби за да ја зацврстат својата власт. Тие воведуваат школкување на албански јазик, дозволуваат истакнување на албанските национални симболи и така се претставуваат како ослободители на албанските маси од српската превласт. Окупаторот меѓу политички назадните слоеви на Албанци регрутира разни фашистички милиции и квислиншки формации што започнуваат со терор над српското население, посебно над сиромашните колонисти кои ги иселуваат или ликвидираат. Од друга страна, од Санџак на Косово упаѓаат и банди на четници кои се светат над албанското и муслимансите цивили во пограничните села.

Ова сценарио не беше единствено само за Косово за време на Втората светска војна. Слична ситуација имаше и во Далмација, делови на Босна и многу други средини. И во овие средини систематскиот терор на фашистичките окупатори над Србите и другите народи, а воедно и крвавиот пир на меѓусебно спротивставените домашни националистички милиции, што под крилата на окупаторот се дадоа на масакрирање на локалното население поради поддршката на движењето на отпор, одмазда, создавање на етнички чисти територии или најчесто грабежи. Основна разлика помеѓу национално мешовитите простори на Југославија и Косово беше објактивната слабост на партизанското движење во вториот случај. Партизаните беа единствена политичка сила која доследно се бореше против окупаторите и го организираше населението преку етничките поделби. Растот на нивното влијание на одредена територија затоа беше единствен гарант дека нема да дојде до крвопролевање по национална основа. На Косово, пак, КПЈ броеше се на се 270 члена по избувнување на војната, од кои само дваесет беа од албанска националност. Недостатокот на индустриска работничка класа и недовербата на Албанците спрема политичка организација што беше перципирана како „словенска“ беа основните камења на сопнување за комунистите од регионот.

Ситуацијата на теренот постепено се менува како што поминува војната. Во септември 1942 година се формира првата албанска партизанска чета. Голем поттик за јакнење на угледот на партизанското движење помеѓу албанското население на Косово беше растот на влијанието на марксистичките групи и герилските акции во Албанија. Јасната определба на албанските и српските делегати на Народоослободителниот одбор за Косово и Дукаѓин дека се подготвени да го поддржат правото на народот на Косово за самоопределување (Бујановска конференција) како и несебичната помош која југословенските партизани им ја дале на албанските другари и другарки за време на војната, помогна да се расклатат предрасудите коишто Албанците на Косово ги имаа спрема српските комунисти. Истакнатите косовски комунисти како Миладин Поповиќ, Душан Мугоша, Рамиз Садику и Борко Вукмировиќ имаа клучна улога за поврзување на револуционерното движење во Југославија и Албанија, додека на Косово ја застапуваа интернационалистичката линија низ агитирање за вклучување на Албанци во решавањето на аграрното прашање, слободна употреба на албанскиот јазик во локалната администрација и школскиот систем, како и право на Албанците да ја негуваат својата култура.

Боро и Рамиз, симбол на братството и единството на Србите и Албанците

Далеку од тоа дека сите комунисти во КПЈ имаа исправен, интернационалистички став спрема албанското национално прашање. Активистите како Садику, Мугоша и Поповиќ беа искусни партиски кадри кои го граделе класното единство во текот на годините на илегална политичка работа против српскиот монархистички режим, а потоа и против фашизмот во жив контакт со соборците во Албанија. Истовремено многу нови српски регрути во партизанските одреди од Косово, Црна Гора и Јужна Србија немаа ист политички ниво, а нивните погледи секако дека беа под влијание на воениот терор на албанските квислинзи што нивните семејства го преживеале. Тие беа подложни Албанците како целина да ги гледаат како на соработници на окупаторот. Исто така не треба да ги губиме предвид наследените шовинистички идеи од кралството кои и понатака циркулираа во државните институции по војната, како таа за протерување на албанското население од Косово, што го заговарал функционерот Васа Чубриловиќ. Станува збор за спротивставени визии за решавање на националното прашање на Косово внатре Народноослободителното движење и повоените власти. Поради недостатокот на демократска култура за отворена дискусија за политичката линија и перспективите во редовите на сталинизираната КПЈ, новите власти настапиле емпириски и реактивтно. Наместо антиципација и насочување на процесот напред, југословенските комунисти дозволија развојот на настани на теренот да условуваат кој пристап ќе претежне.

Иако комунистичките идеи наоѓаа пат до сè пошироки слоеви на албанското население, мнозинството уште беше резервирано или како под влијание на националистичките политички струи и бивши квислинзи, особено на ридестиот предел Дреница на централно Косово, каде патријалхалните семејни односи го диктираа општествениот и политичкиот живот. Стратегијата на југословенските комунисти во последните месеци на војната во Косово беше масовна мобилизација на албанската младина во единиците на НОБ и да се интегрираат во револуционерното движење низ борбата против фашизмот во другите делови од земјата. Во вториот чекор, брзата индустријализација на самото Косово требаше да создаде нова работничка класа и да ги разбие патријалхалните односи на зависност. Се поставуваше и прашањето што треба да се прави со оние делови на албанската популација што беше ангажирана во реакционерните движења. Како и во случајот со квислиншките одреди во другите делови на земјата, комунистите планираа амнестија за обичните членови кои не сториле злодела и изведување пред судови на водството на овие формации.

Разбирајќи дека деновите им се одброени на лидерите на националистичките формации при крајот на 1944 година одлучуваат да кренат востание против нивите власти. Точниот однос на сили и глобалната поделба на сферите на влијание помеѓу Советскиот Сојуз и неговите западни сојузници сè уште не била позната во тие месеци. Надежта на албанските националистички организации беше да се привлече внимание на сојузниците и евентуално да се приклучат на оружената интервенција на капиталистичките држави против комунизмот на Балканот. Востанието со упориште во Дреничкиот крај неизбежно им даде примат на најреакционерните крила внатре во српскиот дел од комунистичката партија. На Косово во текот на првата половина на 1945 година  се воведува воена управа и се ангажираат 30 илјади војници на Југословенската народна армија со задача да го задушат востанието по дреничките дела. По ставањето на побуната под контрола со брутална интервенција, формалниот статус на Косово во новата Југославија е решен во јули истата година без никаква политичка дискусија. Народноослободителниот одбор на Косово и Метохија со 142 члена (од кои само 33 беа од албанска националност) изгласуваат одлука Косово да влезе во рамки на Република Србија како автономна област.

Без сомнение повеќемесечната воена управа и изоставувањето на албанските маси од процесите на одлучување за иднината на Косово му дадоа ветар во грбот на националистичките албански политичари кои тврдеа дека комунистичката власт суштински не се разликува од предвоениот режим и дека Албанците можат да се стекнат со полни национални права само во независна буржоаска држава или со соединување со Албанија. Ова беше далеку од вистината. Новата работничка држава, која потекна од револуцијата и активацијата на масите имаше малку заедничко со монархистичката Југославија и покрај сите маани и грешки на сталинистичкото раководство на КПЈ. Социјалистичките револуции во Бугарија, Југославија и Албанија како и зајакнување на комунистичките сили во Грција ги отворија перспективите за радикално преформулирање на регионот и решавање на албанското национално прашање. Раководствата на партизанското движење во Југославија и Албанија ја разгледуваа идејата за создавање на поширока социјалистичка федерација којашто би ги преминувале буржоаските национални рамки. Во депешето кое на крајот на јануари 1944 година Врховниот штаб на Народноослободителната војска на Југославија го праќа на Народноослободителната војска на Албанија помеѓи другото се вели:

слика од Националниот музеј во Тирана, Албанските партизани во борба против окупаторот

По наше мислење, нашите другари од Албанија, треба да работат за поцврсто поврзување на нивната борба со нашата. Треба да се популаризираат одлуките на АВНОЈ и федералното уредување на Југославија, а потоа и можност за пристап на останатите балкански народи кон оваа федерација, создавање на една јака и голема балканска држава на рамноправни народи којашто би била силен фактор во Европа и би пружала големи можности за сестран развој на секој од тие народи во таа федерација.

Дека овие не беа празни зборови на хартија покажуваат и потезите на обете држави по ослободувањето. Белград и Тирана потпишуваат низа договори и спогодби што отвораа пат за најблиска воена, економска и културна соработка како Договорот за пријателство и заемна помош (што гарантира воена соработка, 9.7.1946 година), Договор за ускладување на економските планови, за царинска унија, и за изедначување на валутите помеѓу ФНР Југославија и НР Албанија (27.11.1946), Конвенција за културна соработка (9.6.1947). Југославија во АЛбанија прати низ воени и економски советници и уживаше толку голем углед што во албанските училишта се воведува српско-хрватски како задолжителен предмет. Земајќи го ова предвид, станува јасно дека формалниот статус на Косово во првите години по ослобдувањето од фашизмот во очите на највисокото раководство на КПЈ беше тактичко прашање што ќе изгуби значење по стабилизација на револуцијата и воспоставување на поширок балкански сојуз со што границата помеѓу Југославија и Албанија би ја направило небитна. Според зборовите на Милентие Поповиќ при обраќањето на Народноослободителниот одбор во Призрен во 1945: „Прашањето каков статус Косово и Метохија имаат денес, во оваа фаза на народното движење, е административно, а не политичко прашање.“

Хеј Словени, Социјализам во една држава

Разминувањето помеѓу Белград и Моска 1948 година и свртувањето на секоја балканска држава кон поединечни, меѓусебно спротивставени „национални патишта во социјализам“ имаше кобни последици за Албанците во Југославија. Сталинизацијата на балканското работничко движење, која се манифестираше во согласување со штетните политички маневри на Москва и растечките општествени противречности во сталинистичкиот модел на изградба на „социјализам во една држава“, имаше последици и по сите други аспекти за еманципацијата, вклучувајќи го и надминувањето на националното угнетување. Во случајот со Југославија, свртувањето на изградба на федерација на јужните Словени,  значеше и постепено разводнување на идејата за работничкиот интернационализам. Единството на југословенската работничка класа се повеќе беше основано на идејата за заедничкиот интерес на Словените во државата, а сè помалку на идејата за заедничкиот интерес на работниците. И покрај нивната бројност, поголема и од некои конститутивни народи на новата држава, Албанците добиваат статус на народност, т.е. национално малцинство.

Наместо моста помеѓу двата ентитета во поширока сојуз на балканските народи, во очите на југословенските комунисти Косово станува „слепа улица“ и потенцијален ризик. Место каде Москва и Тирана можат да ја рушат сувереноста на Југославија со своето влијание врз албанското малцинство. Назадните сили кои гаеја предрасуди спрема Албанците  така добиваат примат во партијата, а Албанците според тоа се турнати на маргините на политичкиот и општествениот живот во Југославија. Косово станува запоставена област во која полицијата и службите на државната безбедност водат главен збор, а Албанците добиваат статус на „сомнителни граѓани“. Се проценува дека до смената на Александар Ранковиќ во 1966 год. Службата за државна безбедност и полицијата оперативно обработувале околу 120 илјади граѓани на Косово од албанска националност. Албанците беа маргинализирани внатре во општествено-политичките организации. Кон средината на педесетите години од минатиот век Србите и Црногорците чинеле 50 отсто од членови на партијата, 68 отсто од раководните административни позиции во државните институции и дури 87 отсто од кадрови на безеносните служби, иако чинеле 27 отсто од вкупното население.

Во економска смисла Косово беше запоставено во текот на педесетите години. Оваа област дури по 1957 година почнува да прима средства за неразвиени од сојузниот буџет. Инвестициите по глава на жител на Косово достигнувв во текот на првите две декади 43,5 проценти од југословенскиот просек. На Косово 1958 година работа само 49 индустриски претпријатија коишто вработуваат 16 илјади вработени. Како споредба, во Словенија таа година има 465 претпријатија. Се работи за главно капитално-интезивни погони во екстрактивните индустрии што не вработуваа многу луѓе и чии цени беа зависни од завршните производители во поразвиените делови на земјата. И покрај економскиот раст во апсолутни бројки, јазот помеѓу Косово и развиените делови на Југославија со години се зголемува. Просечниот доход во 1946 година на Косово бил три пати помал од тој во Словенија, додека таа разлика се зголемува на 5 пати во 1964 година – поразителен податок за земја која себе си се нарекува социјалистичка. Заглавени во неразвиеноста и притиснати со полициска тортура, Албанците масовно ја напуштаат Југославија и се иселуваат во Турција, што југословенската држава го охрабрува со потпишување на специјална спогодба за прием на иселеници со Анкара.

Националната библиотека на Косово, чија архитектура припаѓа на стилот „социјалистички модернизам“

Сепак, историјата на Албанците во југословенската работничка држава не се сведува само на репресија и положба на жртва. Прво, Албанците беа актери способни да ги формираат политичките текови, било како дел од државата и партијата, било со притисок на улица во вид на независно организирање оддолу. Второ, и покрај недостатоците на демократијата и деформацијата во развојот на инхерентната концепција „социјализам во една држава“, повоената Југославија беше револуционерна творба и тоа како способна да произведе напредок и пружи простор за еманципација на маргинализираните слоеви на општеството. Како што веќе спомнавме, меѓу југословенските комунисти имаше различни пристапи за албанското национално прашање и во почетокот на шеесетите приматот повторно го имаат прогресивните струи. Условите за званичната политика спрема Косово се создадоа со стоплување на односите помеѓу Белград и Москва, како и свртување на албанската партиска бирократија во Тирана против дотогашните сојузници во Советскиот Сојуз. Освен овие геополитички промени, главно влијание одиграа самите албански функционери внатре Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), како и уличните демонстрации на Албанците 1968 година со кои се обрна внимание на јавноста на катастрофалните услови на живот во оваа покраина.

Шеесетите и седумдесетите години на минатиот век ни даваат пример на прогресивна политика спрема националните малцинства што една работничка држава може да ги гаи на темелите на планска економија. Оваа област во 1968 година добива статус на автономна покраина со сопствен устав, доека 1974 година по надлежностите речиси е изедначена со статусот на република. Локалната управа посветува посебно внимание на користењето на албанскиот јазик во училишниот систем, културните и државните институции, дека во општествено-политичките организации и јавноста се воведува стрикна двојазичност и се отвораат вратите за албанските кадри. До доцните седумдесети Албанците чинат две-третини на членовите на партијата додека значајно расте и учеството на Албанците во администрацијата и претпријатијата. Во стопанска смисла овие две декади исто така ќе останат запомнени како години на брз развиток покрај инфраструктурните проекти, отоврање на работни места и раст на стандарднот на населението.

Фоднот за забрзан развој на неразвиените републики и Косово се оснива во 1965 година. Постојат многу погрешни толкувања на овој федерален механизам на редистрибуција. За либералите тој претставува нерационално трошење на вредноста во непрофитабилни инвестиции. Српските националисти често го истакнуваат овој Фонд како конечен доказ за неблагодарноста, наводната мрзеливост или пак неблагодарност на косовските Албанци. Вистината е дека се работи за компензација за откажувањето од урамнотежниот развиток на земјата низ централен план на инвестиции на ниво на целата федерација. Овој фонд точно е дека беше обид за компензирање за пазарно-мотивираниот модел на раст во кој главните полови на економски развој се претпријатијата и регионите коишто имаат стекната предност. Но секако дека и овој модел на минимално „компензирање“ донесе голема корист за развој на покраината во споредба со претходното запоставување, и покрај бирократското растурање и корупција што го следеше.

Протестите на Косово од 1968 година

И покрај забрзаниот стопански раст  во текот на овие години, општествените и економските проблеми остануваат. Инвестициите не успеаја да ја диверзифицираат стопанската структура на покраината. Енергостопанството, рударството и металопреработувачките претпријатија остануваа зависни од финалните производители во развиените региони коишто ги диктираат цените. Невработеноста останува најголема во државата. Од населението од 1,5 милиони само 178 илјади луѓе имаат работа во општествениот сектор со сите бенефиции. Овие нееднаквости имале и национален образец. Развојот на администрацијата и нејзиното орворање спрема Албанците создава релативно мал слој на албанско население коешто се интегрира во југословенската држава, се населува во урбаните центри и станува пример на политиката на „братство-единство“ и двојазичност. Од друга страна, мнозинството Албанци останува на село далеку од благодетите на општествените станови, социјалните давања и потрошувачката моќ коишто биле тесно врзани со вработувањето во државните институции и претпријатија во општествениот сектор.

И покрај значајниот прилив на албански работници во општествениот сектор опстануваат националните нееднаквости. Србите и Црногорците, кои во 1981 година чинат 15 отсто од населението, се 30 отсто од вработени во него. Повеќето раководни функции во претпријатијата остануваат во рацете на Србите и Црногорците. Голем број на АЛбанци се свртува кон малото стопанство, миграцијата на Запад или ги продолжува студиите само што по нивно завршување да се придружи на масата млади на бирото за вработување. Овие нееднаквости во рамките на самата албанска популација создаваат и политички раздори. Малцинството е свртено кон интеграција во званичните институции, додека мнозинството политички активни Албанци станува се поотуѓена и отоврена за националистичките идеи кои ги пласираат илегалните хоџистички или реакционерни граѓански организации. Економската неразвиеност, растот на национализмот помеѓу Албанците, како и губитокот на приматот во државните структури, покрај воведувањето на обврската за познавање на албанскиот јазик и стриктната примена на национални клучеви, го шири незадоволството и помеѓу српското население во покраината. Во периодот помеѓу 1961 и 1981 година околу 85 илјади Срби од Косово се населуваат во Србија.

За време на осумдесетите иселувањето на Србите од Косово станува главна мобилизациска тема на српските националисти. Се пласира тезата како Србите се иселуваат заради системскиот притисок од албанските иредентисти. Миграцијата на Србите од Косово кон урбаните центри во тие години е дел од поширокиот образец на поместување на Србите од помалку развиените региони во Југославија (Босна и Херцеговина, Далмација) кон урбаните центри во централна Србија и Војводина. Нема сомнени, многу расправии на селските домаќинства на Косово за правата на земјата можеа да попримат националистички конотации додека Србите во локалните институции можеа да се чувствуваат маргинализирани поради непознавањето на албанскиот јазик што станува доминантен. Сепак, не можеме да говориме за однапред смислено и организирано протерување на Србите од Косово од страна на Албанците. Економската криза од осумдесетите најмногу ги погоди неразвиените региони на Југославија и главна мотивација за иселување секако дека треба да ја бараме во влошените услови за живот. Како прилог на овој факт говори и тоа дека во текот на седумдесетите 45 илјади Албанци го напуштиле Косово. Но, жолтиот печат што во тоа време ја шири шовинистичката хистерија не ја интересираат факти и објективно согледување на проблемите. Весниците започнуваат кампања за наводните масовни силувања на српски жени, загрозеност на српското малцинство и владеење на беззаконие на Косово.

Протести на студентите од 1981 година

Повод за ваков тон нуди СКЈ кој по новите протести на Албанците во 1981 година за подобри животни услови ова движење го нарекува „контрареволуционерно“. Во српската и југославенската јавност постепено се шира расистички идеи за Албанците како население на Косово кое води „биолошка војна“ против Србите по пат на висок наталитет. Повторно станува легитимно на Албанците да се гледа како на „петта колона“ и „штетници“ во Југославија. По насилното назбивање на протестите во 1981 година од страна на војската и убивање на осум демонстранти (според службени податоци) на Косово повторно се воведува воена управа, додека во наредните години албанското население е изложено на нов бран на полициска репресија и масовни апсења. Поширокиот контекст за порастот на шовинистичките идеи и репресија над албанското население е длабоката економска и политичка криза на југослаовенскиот проект на изградба на „социјализам во една држава“. Во вој период дури и минималните издвојувања за неразвиените региони стануваат товар за пропазарните економски реформатори, доека политичките бирократии во секоја од републиките се свртува кон себичното туркање на сопствените, национални агенди, пред заедничкиот интерес на федерацијата и работничката класа како целина.

Реставрација на капитализмот и државната дискриминација

Слободан Милошевиќ, лицето на српскиот национализам

Надмоќта на тесните републички интереси над југословенските перспективи за колективен развој, како и супериорноста на пазарните реформатори над заговорниците на планска економија во Србија е одбележана со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на чело на Сојузот на комунистите на Србија при крајот на осумдесетите години од минатиот век. За да ја засили својата позиција во однос на другитерепублики партиската и државната бирократија на Србија си зацрта цел да се укине автономниот статус на Војводина и Косово како и престанок на солидарните одвојувања за развој на Косово. Во почетокот на 1989 година, Слободан Милошевиќ ја започнува иницијативата за изгласување на уставни амандмани со кои значајно би се намалила автономијата на Косово, да се стави полицијата и судството под контрола на Србија, како и да го зголеми влијанието на Белград во образовниот систем и стопанството. Во февруари истата година косовските Албанци се спротивставуваат на најавените мерки со низа демонстрации и штрајкови на рударите на Стари Трг. Белград одговара со шовинистички мобилизации на улиците при што демонстрантите бараат апсење на албанските политичари и разбивање на протестот на Косово. Федерацијата повторно воведува вонредна состојба на покраината додека полицијата упаѓа во рударските окна и го разбива штрајкот на рударите. Косовското раководство недолго потоа е заменето во март 1989 година.

Тоа што следува следните години е враќање на системската дискриминација на Албанците низ закони. Со помош на вонредни мерки, санкционирање на учество во демонстрации и наметнување на потпишување на изјави на лојалност према државата Србија  од локалните државни институции, училишта и болници се отпуштени десетина илјади службеници од албанска националност. Се гасат медиумите на албански јазик или истите се ставаат под контрола додека школскиот и универзитетскиот програм се чисти од содржини што не се вклопуваат со шовинистичкиот наратив. Со кршењето на југословенските институции и СКЈ, раководството помеѓу албанските маси го преземаат организации што произлегоа од дисидентски ориентираната интелигенција чиј симбол беше Ибрахим Ругова. Наместо понатамошни конфронтации со српските власти или обиди за учество во српскиот политички живот и потенцијално поврзување со антинационалиситчките сили во Србија, албанското раководство избира гандиевски отпор и формирање на паралелни институции. Надежта беше дека Западните сили же препознаат системска сегрегација на Косово и му вратат некој вид на автономија во рамките на решавање на останатите меѓурепублички сидири на просторот на бившата Југославија.

Но, пацифистичката тактика и играње на картата на жртва не даде резултати. Косово остана во некој вид на перманентна вонредна состојба во текот на деведесетите, игнорирано од „меѓународната заедница“. На националистичките политичари од обете страни му одговараже статус кво. Милошевиќ со повлекувањето на Албанците од политичкиот живот доби сигурна база на гласови на изборите, додека неговата партиска камарила и мафија ја доби територијата каде може да ужива во беззаконието и профитира од дискриминација на локалното население. Законското ограничување на правото на купување на недвижност на граѓаните од албанска националност и бркањето на Албанците од државните служби создаде цела една мрежа на корупција и ценовник на услуги со кои се рекетирани Албанците на кои им беа потребни административни услуги. Од друга страна Ибрахим Ругова го задржа статусот на претседател на паралелна држава што стои на редот за меѓународно признавање. Оваа ситуација се разбира не беше прифатлива за албанските маси што беа заробени во системот што сè повеќе наликуваше на апартхејд.

Во втората половина на деведесетите години герилската групација Ослободителна војска на Косово (ОВК) започнува со напади на српската полиција. Како марксисти во потполност го разбираме отфрлувањето на пасивниот отпор и вооруженото спротивставување на мафијашкиот режим што во бившата автономна покраина го воспостави Слободан Милошевиќ. Сепак, клучно прашање е кој беше карактерот на раководството на оружената борба, кои се нејзините методи и за што се бореа? И површен поглед открива дека ОВК нема никакви сличности со партизанската герила од Втората светска војна и народните херои како Рамиз Садику, па дури и со хоџистичките групи кои беа активни на Косово по војната, иако нејзините корени се поврзани со овие илегални групи. Како и бившите „комунисти“ во редовите на партијата на Милошевиќ, кои преку ноќ станаа националисти и се вкучија во приватизацијата на општествениот имот, така и бившите активисти на разните анти-титоистички комунистички партии на Косово ја отфрлија „идеологијата“ и на платформата на национализам се стопија со граѓанската опозиција и реакционерните движења.

Хашим Тачи, еден од водачите на ОВК кој профитира на војната и услугата на империјализмот

Оваа ситуација ја искористи американскиот империјализам, што се наметна како заштитник и тутор на движењето за независност на косовските Албанци. Американските империјалисти тоа не го направија од некаква грижа за човековите права и слобода на албанскиот народ. Поддршката на албанското национално движење на Косово беше за САД и земјите на НАТО само уште една начин да го наметнат своето воено присуство на Балканот, да им овозможат на своите компании да ги стават шепите врз косовските природни богатства, да извршат притисок на режимот на Милошевиќ и или тој да се согласи на соработка или дополнително да се дестабилизира за да може да биде соборен. ОВК со помош на НАТО успеа да го протера српскиот репресивен апарат од Косово. Ова секако значеше олеснување за албанското мнозинство, меѓутоа работниот народ на Косово ја плати високата цена за сојуз со империјализмот и за усвојување на буржоаска политичка платформа.

Повеќе од две децении од доаѓањето на НАТО силите на Косово, оваа држава и понатаму се наоѓа во марионетска положба во однос на своите спонзори. Од друга страна, шовинистичката политика на ОВК спрема српското малцинство на Косово ја фрли оваа заедница во рацете на националистичките покровители во Србија. Со тоа се отвори вратата за нови територијални одвојувања (Северот на Косово) и им се даде адут во рацете на Белград да се прашува и понатаму за понатамошниот статус на Косово. Ова нуди изговор на странските сили за постојано воено присуство на теренот за да ги држат „етничките судири“ под контрола. Бившата општествена сопственост што ја граделе работните луѓе од цело Косово по пљачката од камарилата на Милошевиќ падна во рацете на новите воени профитери – бившите команданти на ОВК и странските инвеститори. Борбата за самоопределување на Косово под раководство на националистичката интелигенција, ситната буржоазија и новопечените лумпен бизнисмени заврши во ќор-сокак. Албанците на Косово и понатаму се заробеници на преговорите на големите сили. За тоа време, политичкото организирање на работничката класа и младина на Србија се дезавуира со шовинистичкиот реваншизам спрема Албанците. Како да се излезе од овој маѓепсан круг на политички судири на ривалските националистички елити коишто со изговор за заштита на своите народи го држат целиот Балкан во бедата на полуколонијален статус?

„Секој својот да го убие субаша“[i]

Српската работничка класа и младина немаат никаков интерес во поддршката за обнова на доминацијата на српската владејачка класа над Косово. Инсистирањето на овој програм само ги става во подредена положба на политичко сојузништво со српската политичка и бизнис елита и овозможува понатамошна милитаризација на српското општество. Борбените единици и вооружувањето со кои српската држава се кити под паролата „враќање на Косово“ ќе биде употребена против српските работници во моментот кога посериозно ќе се организираат за своите права. Српската држава во текот на дваесетиот век имаше доволно многу прилики да покаже дека е способна да го развие Косово и да се здобие со доверба од мнозинското албанско население. Наместо тоа во повеќе прилики се однесуваше освојувачки и расистички. По ваквото историско искуство целосно е разбирливо зошто албанскиот народ не сака да живее под власта на српската држава.

Војната на Нагорно-Карабах покажа дека замрзнатите конфликти оставаат простор за ново избувнување на војна, додека војната во Донбас ни покажува дека самопрогласените независни територии можат да доведат до поголем интеримперијален судир. Она за кое повеќето од тие што се држат кон паролата „Косово е Србија“ не се свесни е дека тоа е во полна суштина повик на војна и етничко чистење, со кои ќе се уништат голем број на албански и српски животи, затоа што на поинаков начин не може да се воспостави српска контрола над Косово. Во сите војни на просторот на Југославија, најголема корист имаа криминалците, политичарите и капиталистите од сите народи на бившата држава, додека работниот народ кој служеше во тие војни ги сподели „благодетите“ на реставрацијата на капитализмот, а бројните воени ветерани останаа инвалиди запоставени од страна на државите за кои ја исполнителе својата воена обврска. Во каква била нова националистичка војна, работите не би биле ни малку поинакви.

Комунистите на просторот на бивша Југославија мораат да бидат свесни дека историското искуство во сите досагашни словенски држави на Балканот кај албанскиот народ предизвикаа внимание и недоверба. Вината не е само кај српската буржоазија. Грешките на титоистичката бирократија ги компромитираше дури и југословенските комунисти кои до крајот на Втората светска војна важеа за бескомпромисни борци против шовинизмот и расизмот. Обновата на револуционерното сојузништво на словенските и албанскиот народ, затоа, мора да започне од денешните југословенски комунисти и мора да подразбира недвосмислена поддршка за историското тежнеење на косовските Албанци да живеат во сопствена држава.

Независноста на Србија и Косово во вистинско светло

Поддршката на југословенските комунисти на правото на косовските Албанци на самоопределување не подразбира поддршка на компрадорските капиталистички режими што владеат со Косово од 1999 година, ниту пак поддршка на сегашната империјалистичка окупација на Косово, на која и служат тие компрадори. Напротив, со поддршката на правото на косовските Албанци на самоопределување ние ја повикуваме работничката класа на Косово на заедничка борба за прогонување на сите империјалистички сили од Балканот и сите нивни слуги – во Приштина, како и во Љубљана, Загреб, Бања Лука, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје.

Нашиот повик на заедничка борба не претставува никакво сокриено „ама“, никаков посебен услов не сакаме да исполнат косовските Албанци за да ја заслужат нашата поддршка. Нашата поддршка на правото на самоопределување стои без оглед на тоа кој владее. Го отфрламе пристапот кој од угнетените нации бара да докажат на угнетувачите дека се „достојни“ за правата на самоопределување! Таквиот пристап е одраз на националната ароганција на угнетувачките нации и кочница во тркалото на работничкото единство. Исто така, не се согласуваме со оние на левицата кои во апстракции го релативизираат прашањето на национална угнетеност на косовските Албанци и сметаат дека решението на ова прашање мора да го причека класното ослободување. Албанските маси денес се експлоатирани од страна на албанските капиталисти и мултинационалните компании, ама не се изложени на директна закана на малтретирање и прогон од страна на српската војска и паравоените милиции. Тоа е големо олеснување за секојдневниот живот на локалното население и предуслов за понатамошен развој на организирањето на класна основа.

Преговорите помеѓу Приштина и Белград не се водат поради трајно решавање на српско-албанскиот судир туку се параван за потпишување на неоколонијални „нееднакви спогодби“ со империјалистичките сили, во прв ред со САД, со кои Србија и Косово се доведуваат се подлабоко во економска зависност и сè повеќе се откажуваат од контролата над сопствената земја и ресурси. Од овој факт јасно следи дека единствен начин да им се избијат „миротворните“ адути од рацете на империјалистите е помирување на Србија и Косово, што подразбира признавање на правото на Косово на самоопределување и независност од страна на работничката класа на Србија. Единствено на тој начин можат да се постават темели на идната соработка и заедничка борба против глобалниот, империјалистички капитал и неговите домашни слуги, како и да се зачува српската култура на Косово, како и враќање на српското население во раселените предели.

Истовремено, наша обврска е отворено да кажеме на прогресивно ориентираната младина и работниците на Косово дека нашата поддршка на правото на самоопределување не значи дека имаме илузии во тоа дека националната независност само од себе ќе ги реши бројните економски и политички проблеми со кои се соочуваат сите народи на Косово денес. Сè додека земјите на Балканот се под власта на својата буржоазија, сите историски проблеми упорно ќе се враќаат одново и одново, без оглед како се повлечени границите. Формалната независност на Косово не повлекува автоматски со себе и национална сувереност ниту економски напредок. Неодамнешните неуспеси на Ветевендосје да се воспостави „држава на благосостојба“ дури и во скромен обем јасно укажуваат на границите на прогресивните општествени реформи на капиталистичката периферија. И покрај сите маани на Социјалистичката Федеративна Република Југославија и фактот дека ја изневери прокламираната задача за национално ослободување на Албанците, цивилизациските достигнувања постигнати на Косово во текот на шеесетите и седумдесетите години од минатиот век говорат во прилог на фактот дека сеопфатен стопански, општествен и културен препород е можен само во рамките на работничка држава и планска економија.

Битно е да се спомене дека голем број на Албанци и Срби на Косово, обични работни луѓе и селани, живееја со мирен живот на соседи дури и во најбурните националистички хистерии што ги потпалуваа националистичките елити. Ова во некои места е случај и денес. Соседите си помагаат, се посетуваат едни други по домовите и делумно го разбираат јазикот на другата заедница. Фокусот на буржоаските медиуми на висока политика и конфликти го маскира ова ниво на солидарни односи на микро ниво што може да биде значајна основа за нов вид на политика. Повеќето Срби во внатрешниот дел на Косово го чинат сиромашни земјоделски семејства кои немаа каде да побегнат. Понудата на политика на национална рамноправност и социјална реформа во овие средини сигурно би имала поголем одек отколку шовинистичката политика на Белград. Од друга страна, многу албански семејства и понатаму имаат културна и економска врска со Србија и останатите делови на бившата Југославија. Ова е неостварен потенцијал и цврста општествена база за една нова марксистичка организација на Косово.

Албанскиот народ на Косово никогаш нема да биде слободен доколку не се избори и за слобода на малцинските народи на таа територија. Многу од тоа можеме да научиме од партизанското движење во Албанија и Југославија во борбата против фашизмот. Полното почитување на националните права на малцинските народи и воспоставување на солидарност на теренот не беа празни „идеолошки максими“ или „заблуди“ туку најефективен начин на борба за национално ослободување и социјална револуција. Доколку сакаат да постигнат вистинска независност, прогресивните сили на Косово мораат на своја страна да го придобијат српското малцинство. Во спротивно ризикуваат на северот од Косово да се создаде реакционерна база на српскиот национализам која ќе му овозможи на Белград и на странските сили да продолжат со мешање во локалните прилики. Почитувањето на правата на малцинствата не значи имплементирање на парламентарни квоти и национални клучеви по институциите по бирократските модели на Европската Унија туку создавање на конкретна солидарност на теренот низ заедничка борба и одбрана на соседите од нападите на шовинистите од сопствените редови. Само на овој начи може да се воспостави меѓунационална доверба и кај Србите да се отвори перспектива за живот достоен на човекот внтаре во самостојно Косово.

Националниот проблем го нема кога има леб за сите

За постигнување на вистинско самоопределување и независност прогресивното движење на Косово според тоа би морало да ги раскине политичките сојузи со албанските националистичи и граѓански политички струи. Борбата за национално ослободување на овие повластени слоеви и народните маси се противречни тежнеења. Како што видовме, бившото раководство на ОВК, како и наследниците на Ибрахим Ругова, се спремни да прифатат полуколонијален статус на Косово сè додека под него и понатаму  акумулираат богатство. Националната самостојност на малите народи во капитализмот не може да претставува ништо повеќе од мртва буква на хартијата затоа што локалните компрадорски буржоазии цврсто се врзани со илјада и една нишка за глобалниот империјалистички капитал. Сите тие бараат заштитници во империјалистичките сили, а во замена за спонзорството нудат соработка при искористувањето на сопствениот народ и угнетувањето на другите мали народи, посебно соседните.

На крајот, независноста на Косово не го решава поширокото национално прашање на Албанците на Балканот. Барањето на Албанците да живеат во една држава на Балканот е потполно легитимно. Ова важи и за секој друг народ на Балканот, како Србите, кои го делат албанското искуство на живот во полусуверени држави под странски протекторат (Република Српска) или како национални малцинства во соседните држави. Решението на албанските граѓански националистички сили е перспектива на создавање на „Голема Албанија“. Меѓутоа, раздвојувањето на територии на Црна Гора и Македонија и нивно соединување со Албанија и Косово е јасен пат кон војна, преместување на население и нови крвопролевања на Балканот. Оваквите потези би посеале нови никулци на омраза меѓу балканските народи што дополнително би ги оптоварила наредните генерации. Исто како што Србите можат да живеат во заедничка држава само со склоп на југословенскиот проект, така и Албанците можат да го остварат националното единство само во рамките на поширока балканска заедница на еднакви народи.

Историската прилика што е пропуштена во првите години по Втората светска војна ни го покажува патот напред. Во контекст на поврзување на социјалистичките револуции во Југославија, Бугарија, Албанија и Грција, статусот на албанското национално прашање може да биде решено во склоп на балканска социјалистичка федерација. Наместо запоставен, периферен регион на југословенската држава, Косово во вакво решение би постанало културен центар и врска со поширокиот регион и планскиот стопански развиток. Оваква федерација би можела да обезбеди едиствен културен развој на албанскиот и српскиот народ во комуникација со мнозинските заедници во Албанија и Србија, но и економски да го поврзе Косово со останатите компатибилни економии во регионот и да му овозможи слободен излез на солунското пристаниште и Драч. Наместо тоа, комунистите се свртија кон „националните патишта за социјализам“ и ја отворија вратата за реставрација на капитализмот и национална нетрпеливост на Балканот.

Националното ослободување на балканските народи можно е само низ социјалистичка револуција, во која работничките маси ја преземаат контролата над своите ресурси, својата инфраструктура и индустрија која ја изградиле. Историјата ни покажува дека социјалистичката револуција на Балканот може да биде успешна само доколку за неа балканските работници се борат со заеднички сили. Економијата бара револуционерниот социјалистички поредок да може да преживее и да се развива само со надминување на националните поделби и создавање на федерација на работнички држави. За да опстане таква федерација, неопходно е во неа сите народи да влезат доброволно и да бидат потполно рамноправни во неа. Затоа марксистичката организација „Црвени“ се залага за признавање на правото на самоопределување на Косово, како предуслов за балканска социјалистичка револуција и обединување на сите работници на Балканот во Балканска Социјалистичка Федерација.

Proleteri svih zemalja, ujedinite se!

Proletarë të të gjitha vendeve, bashkohuni!

Пролетери од сите земји, обединете се!

24 април 2022, Бања Лука


[i] Познат стих од српски еп каде се повикува на освета кон субашите, управители на имотите на беговите и агите кои собирале даноци по чифлизите