Протести во Куба: во одбрана на револуцијата!
Ситуацијата во Куба е сериозна. Во недела 11 јули во повеќе градови во Куба се протестираше и истите се најдоа на светските медиуми (а може ли поинаку?) Од каде произлегуваат овие протести? Кој е нивниот карактер? Како ние, како револуционери, треба да се поставиме?
Протестите започнаа во Сан Антонио де лон Бањос, областа Артемиса, 26 км југозападно од главниот град Хавана. Непосредниот повод за протестите, што донесе стотина луѓе на улиците на Сан Антонио, беше пролонгираните и постојани рестрикции на струја. На овој фактор се насобрани други проблеми, што особено се влошија од почетокот на пандемијата пред 16 месеци: недостаток на основни продукти, недостаток на лекови, падот на куповната моќ на платите. Дополнително е влошување на пандемијата последните денови, со пристигнувањето на нови, позаразни варијанти, во време кога само 15 до 20% од населението е целосно вакцинирано, а здравствениот систем е под силен удар во неколку области.
Јасно е дека има вистинска компонента во протестите во Сан Антонио (нешто што Претседателот Диаз-Канел подоцна и го призна) што потекнува од реалните тешкотии на народот. Слоганите што ги изведоа луѓето на протести на улиците на Сан Антонио беа „сакаме вакцини“ и бараа решение за итните проблеми пред локалните власти.
Но ние би биле слепи ако не гледаме и еден друг фактор. Веќе денови има интензивна кампања оркестрирана од контрареволуционерните елементи на социјалните мрежи под слоганот #SOSCuba. Кампањата има две цели. Прва, обид за создавање на социјален бунт, протест на улиците преку ширење на напумпани, искривени или непосредно лажни информации (на пример за здравствената состојба во Матанзас, област најпогодена од пандемијата) и има апстрактни повици за протест на улица. Втора, со оправдување за вонредната здравствена состојба (делумно реална, делумно претерана) да се промовира идејата за потреба од „хуманитарна интервенција“ на странски сили за „помош на Куба“.
Лицемерието на личностите (уметници, музичари итн.) што ја промовираат кампањата е неверојатна. Каде беше кампањата во корист на „меѓународна интервенција“ во Бразил, или Перу, или Еквадор, каде во секоја од нив имаше стапки на морталитет 10, 20 или 50 пати поголеми од тие на Куба?
Лицемерната кампања е јасен обид за оправдување на странска империјалистичка интервенција против Револуцијата, под маската на хуманитарна помош. Видовме и порано, во Либија, во Венецуела, во Ирак, што е тоа. Знаеме што навистина се крие за овие „хуманитарни интервенции“ : империјализмот. Нема поголем изблик на цинизам. Истите големи сили што ја држат Куба под ембарго, што ја спречува да тргува на светскиот пазар, да купува лекови и намирници за преработка, сега бараат кубанската влада да се отвори за „хуманитарен коридор“!
Сериозна ситуација
На протестите во Сан Антонио де лос Бањос, некои повика со слогани измислени од контрареволуцијата последниве месеци: „Татковина и живот“ (Patria y Vida, како спротивност на револуционерниот слоган „татковина или смрт – ќе победиме“). Но, од извештаи на другари од таму, тие не се во мнозинство: „Од вчера, од мала фб група се појави повик во кој мнозинството на Аригуанабенсе, со цел протестирање против рестрикциите коишто трајат и над 6 часови од што пати целиот град. Она што почна како мало, порасна низ главните артерии на градот. Таа е многу хетерогена маса со различни мисли и идеологии. Видов како се лансира слоганот „Татковина и живот“, но мнозинството, верувам оди по општиот тек.“
Многу брзо, информациите за протестите во Сан Антонио де лос Бањос се раширија по социјалните мрежи и дисторзирани и пренагласени од контрареволуционерните елементи повикуваа на слични протести во други делови на земјата. Имаше многу гласини за ова, и како што тоа обично се прави, повеќето се погрешни, но се чини дека имаше протести во значителен број на градови низ островот. Во овие случаи, контрареволуционерната компонента (во вид на слогани, луѓето кои ги промовираа итн) беше многу подоминантна отколку во Сан Антонио. Освен „Татковина и живот“, викаа и „долу диктатурата“, „слобода“ итн.
Во Камагуеј, протестантите се соочија со полициски одреди и превртеа полициско возило. Во Манзанило, другар извести дека многу млади тинејџери протестирале во улицата Макео, главната артерија која води кон горниот дел на Манзанило, што остана без вода неколку денови. Претседателот на градската власт пристигна да се обиде да води дијалог. При тоа се упатија закани и навреди, што конечно се заврши со фрлање камења помеѓу локалните револуционери и протестантите.
Друг другар ги опиша настаните во Санта Клара, каде две групи на не повеќе од 200 луѓе ја опколиле полициската станица и се обидоа да го заземат седиштето на Комунистичката Партија. Друга група на околу 400 луѓе се организираа да ги одбијат. Според извештајот, протестот беше сочинет од тинејџери и неколку маргинални елементи. Слоганите „долу комунистите“ се против Диаз-Канел, но повеќето присутни само се појавиле без да ги викаат слоганите.
За овој дел, Луис Мануел Отеро Алкантара, еден од најпознатите ликови на контрареволуцијата на островот повика на собир во Малекон (крајбрежјето) на Хавана. Повикот доби ехо од цела реакционарна медиумска испостава во Мајами и нивните социјални мрежи, што се прошири во Куба. Во попладнето група од 100 луѓе се собраа во Малекон. Подоцна им се придружија повеќе луѓе, неколку стотина, но беше тешко да се раздели кој протестираше, а кој беше затекнат и посматраше што се случува. Протестот се движеше низ повеќе делови од градот, Капитол, Плоштадот на револуцијата итн и порасна во голема бројка од илјада луѓе. Другарот ја опиши масата како составена од многу различни: „имаше такви кои се дел од народот, но и такви буржујски типови, многу маргинализирани елементи, урбан лумпен и млади луѓе“.
Претседателот Диаз-Канел се појави во Сан Антонио де лос Бањос од каде упати изјава и каде се обрати на земјата преку телевизја, во која ги повика револуционерите да излезат на улица и да ја бранат револуцијата. Ова обраќање беше со реакција од неколку града, меѓу кои и Хавана. Меѓународните медиуми секако не се заинтересирани да го прикажат ова, затоа што не им одговара на нивната идеја што сакаат да ја шират.
Еве неколку примери, од маршот во Беласкоаин:
Имаше и собир на револуционери пред Музејот на Револуцијата:
Подоцна иа 10 Октомври
https://www.facebook.com/100003813051693/videos/533163947829561/
Можат да се дадат и други примери.
Имаше и инциденти, конфронтации и фрлање камења од страна на контрареволуционерите. Другар кој беше на маршот во одбрана на револуцијата изјави: „Бев нападнат. Сега знам и како изгледа кога разлутена маса се движи кон тебе. Се преплашив. За малку ќе ме линчуваа, фрлија вода, рум и два камења по мене, иако не ме повредија. Имаше неколу сцени на насилство до мене“. Имаше полициски интервенции против протестирачите и неколку апсења.
Јасно е дека и кога ситуацијата е тешка и има немаштија, Кубанската револуција има широка социјална база на поддршка која доколку виде дека револуцијата е под закана тие се спремни да ја бранат на улиците. Тие што излегоа на улиците за одбрана на револуцијата исто така страдаат од истите услови како и тие што претестираат, а многу од нив имаат критики кон владиното управување, на некои нејзини одлуки и на бирократијата. Но, во моментот на вистината тие знаат да излезат за одбрана на револуцијата.
Што претставуваат овие настани?
Мора да се каже дека вчерашните настани се значајни. Ако занемериме претерувањето на империјалистичките медиуми, ова се најголеми изрази на протест во Куба од 1994 година, малеконазо, а тие избија за време на длабока економска криза во која лидерството на револуцијата немаше авторитет како порано.
Која е причината за економската и социјалната криза денес во Куба? Низа историски проблеми се комбинирани со неодамнешните. Најголема од нив: ембаргото, изолацијата на револуцијата во назадна земја и бирократијата.
Помеѓу нив: мерките преземени од Трамп за понатамошно задушување на револуцијата (политика која не се смени со Бајден) и пред се улогата на пандемијата (и влијанието врз туризмот, еден од главните извор на приход за Куба). Дискутиравме на овие фактори во друг текст во септември 2020 (на англиски јазик)
Кон ова мора да се додадат и мерките што ги презема кубанската влада во јануари како одговор за длабоката економска криза и секако неодамнешните денови, силниот пораст на случаи на ковид-19 со доаѓањето на новите варијанти.
Проблемите се сериозни – многу сериозни. Но со цел да се понуди одговор за нивно решавање, мора да се разгледаат причините. Меѓу првите причини се ембаргото. Второ: целосно нееднаквите односи на кубанската планска економија со светската капиталистичка економија. Трето: пандемијата и нејзиното влијание врз економија и врз здравјето. И конечно, влијанието на бирократското управување врз економијата во смисла на загуби, неуспешност, безгрижност итн.
Соочени со оваа состојба, кој треба да биде ставот на револуционерите? На прво место, мора јасно да се објасни дека протестите на повик од ЛМОА и други поврзани елементи се отоврено контрареволуционерни, иако тие се обидуваат да капитализираат заради тешкотијата која извира од многу бремените објективни услови. Проблемите и тешкотиите се реални и вистински. Но протестите, под слоганот „татковина и живот“, „долу со диктатурата“ се контрареволуционерни. Со нив се побркуваат елементите кои учествуваат, тоа е сигурно. Но во целата оваа забуна, многу е важно што тие коишто доминираат од политичка гледна точка се контрареволуционери. Тие се организирани, мотивирани и имаат јасни намери. Затоа е неопходно да се спротивставиме и да ја одбраните револуцијата. Ако тие што ги промовираат протестите )и нивните ментори од Вашингтон) ја постигнат својата цел – рушење на револуцијата – економската и здравствената состојба ќе се влоши на Куба,а работничката класа ќе пати повеќе. Доволно е само да го погледнеме Бразил со Болсонаро или соседниот Хаити да се убедиме.
Во борбата која се отвори на Куба, безусловно сме за одбрана на кубанската револуција. Веќе, сите гусаноси од Флорида бараат воена интервенција во Куба. На вчерашната прес конференција градоначалникот на Мајами, градоначалникот на Мајами0Дејд каунти и комесарот Џо Кароло, бившиот градоначалник на Мајами, заедно побараа од Бајден да интервенира на Куба „во рамки на доктрината на Монро“.
Но, нашата безусловна одбрана на Кубанската револуција не значи дека не сме критични. Во дебата на нејефикасен начин за одбрана на револуцијата, јасно браниме класна и интернационалистичка перспектива и сме за работничка демократија.
Второ, мора јасно да се изјави дека методите на бирократијата што ги употребува се неадекватни за одбрана на револуцијата и во многу случаи котрапродуктивни (на приме Економската реорганизација). Прокапиталистичките мерки го слабеат планирањето и државната споственост, а и ја зголемуваат општествената диференцијација и ги зајакнуваат капиталистичките елементи на островото. Така се создава социјална база на протестите. Отсуството на работничка демократија, како додаток на неорганизираноста на стопанството, ги потхранува малодушноста, незаинтерисираноста и неефикасноста.
Методите користени од бирократијата како одговор на контрареволуционерните провокации се во многу случаи контрапродуктивни. Цензурата, бирократските рестрикции и самоволието не служат на одбрана на револуцијата, кога она што е потребно е политичка дискусија, револуционерно идеолошко вооружување, одговорност и работничка демократија.
Нашите слогани мора да бидат:
- Во одбрана на Кубанската револуција!
- Долу империјалистичкото ембарго – рацете подалеку од Куба!
- Не реставрација на капитализмот, туку за повеќе социјализам!
- Против бирократијата – за работничка демократија и работничка контрола!
12 јули 2021, превод на Protests in Cuba: defend the revolution!