БалканВестиИнтернационала

Солидарност со Елтон Дебреши

Вчера на рударот од Албанија, Елтон Дебреши, познат по својата борба за работнички права, како и неговата кандидатура на локалните избори, автомобилот му е разнесен во воздух. Ако ги земеме предвид мафијашките структури на балканските режими, тешко е да не се помисли дека овој потег е казна за неговиот активизам, било од страна на политичките елити или пак од газдите со кои се замери барајќи нормални услови на работа. Балканските работници во 1990тите беа поделени од владејачките елити, а денес е јасно дека владејачките елити на сите народи се главен непријател на своите сопствени работници, затоа што нема земја којашто со напуштање на идеите на социјализмот напредуваше и којашто со подемот на национализмот не назадуваше. Ние стои зад нашиот албански другар, како што стоиме зад секој работник на Балканот и светот.

Редакција на Марксистичка организација „Црвени“, 28 август 2021