Грција: политички заклучоци од парламентарните избори на 7 јули – втор дел
Ова е вториот дел од нашата анализа на грчките избор од 7 јули, каде дојде на власт десничарската Нова Демократија, по четирите години на предавство и штедење под владата на Сириза. Кликни тука за првиот дел.
КИНАЛ (буржоаска сенка на ПАСОК) -движењето тестирано уште на првиот ден
КИНАЛ (Движење за промена, федерација на лев-центар или „полупартија“ со стариот ПАСОК како главна сила) доби 8,1 отсто, 457 519 гласови и 22 места – во суштина остана стагнатно во споредба со европските избори со само 20 793 гласови повеќе. Наводно левичарскиот потег да се исклучи В. Венизелос (поранешниот заменик претседател во владата на Самарас) од гласачките ливчиња, во практика беше во спротивност со изјавата на Фофи Јенимата (лидер на КИНАЛ) кога изјави дека таа би сакала да дадем парламентарна поддршка на владата на НД доколку нема апсолутно мнозинство. Од таа причина, немаше мотивација за растечкиот анти-НД, антидесничарски глас на 7 јули да се насочи кон КИНАЛ.
Како што покажаа излезните анкети, мнозинството од гласачи на КИНАЛ се постари луѓе, каде процентот на поддршка меѓу пензионерите расте до 12,4%. Изборната упорност на КИНАЛ, наспроти колапсот на ПАСОК за време на кризата на годините на штедење, е поради длабоките корени на стариот ПАСОК во грчкото општество и силната база кај постарите секции на државните вработени, од времето на 1980тите. Нивната поддршка е потпомогната од ситната и средната буржоазија којашто имаше бенефит во истиот период од државните и европски фондови од 1993-2000, кога ПАСОК беше во владата и во услови на раст на грчкиот капитализам.
По управувањето на буржоаската држава многу години (со воведување на низа програми на штедење и давање на земјата на понижувачка контрола од Тројката) ПАСОК одлучно ги прекрши сите врски со широките секции на работничката класа и младина. Нејзината изборна поддршка помеѓу овие слоеви на 7 јули беше од 3-4 отсто: половина аод националниот просек. КИНАЛ дефинитивно ја загуби масовната поддршка, работничкиот карактер и не преостана ништо од стариот ПАСОК друго освен своја посветеност на капиталистичките политики. По промената на името, таа е обична буржоаска партија на центарот, чија социјален состав и социјална база која старее ја прават ентитет на умирање.
Кршливите политички изгледи на КИНАЛ веќе се тестираа, веднаш по изборите. Првичната воздишка осетена кај Јенимата по изборниот резултат – со апсолутно мнозинство за Нова Демократија и ја поштедија од потребата да прави коалиција со владата на Мицотакис – беше поткопана со учество на два стари кадровици во администрацијата: М. Хризохидис и С. Мендони, кои беа избркани од партијата. Сепак, притоскот врз КИНАЛ нема да запре тука.
НД и владејачката класа ќе бара од раководствот на КИНАЛ да се согласи на укинување на изборниот модел што се основа на (дисторзирана) пропорционалност, воведена од Сириза. Тие ќе повикаат на донесување на изборен закон со кој ќе се даде зголемено мнозинство на првата партија. Од друга страна, притисокот ќе расте од Сириза. Плановите на Ципрас за „трансформација“ на Сириза во „демократска партија“ вклучува забрзан трансфер на некои кадри од КИНАЛ, а конечно и апсорпција на дел од него. Тактиката на балансирање што ја применува Јенимата помеѓу двете партии нема да иде на добро и порано или подоцна раководството на КИНАЛ ќе мора да се одлучи да се придвижи во еден правец, со кој ќе дојде расцеп и заминувања во другиот правец.
МеРА25 (ДиЕМ25): изборниот успех и перспективи
МеРА25 (Европски реалистичен фронт на непослушност) на Јанис Варуфакис постигна поголем изборен успех споредено со европските избори, каде не успеа да добие место во европскиот парламент за неколку десетина гласови. Овој пат, успеа да влезе во грчкиот парламент со удел на гласови од 3,44 отсто; 194 232 гласови и 9 места. Во споредба со европските избори, го зголеми процентот за 0,45 и доби 24 597 повеќе. Сепак, само малку имаше придобивка од стотината илјадници нови антидесничарски гласови споредено со европските избори, од кои само Сириза суштински доби. Можеме да додадеме некои дополнителни причини за ова, поврзани со политиката и одлуките на самиот фронт МеРА25.
Фронтот МеРА25 успеа да влезе во парламент, затоа што ги потсетува левичарските работници и младинци на старата Сириза со антиштедачка политика, којашто ја поддржуваа активно се до летото 2015 год. А некои од нив – најмладите – имаат кратко памтење за периодот и посебно за конфликтот помеѓу Варуфакис и Тројката, акде тој беше министер за финансии. Изборната база на МеРА25 се состои главно од левичарски интелектуалци, со заклучоци левичарски, но збунети и политички контрадикторни од поразот на масовното движење против мерките на штедење во изминатиот период. Тие гледаат на Варуфакис како на човек со академски углед и поранешен левичарски технократ, кој пружи отпор на Тројката и не се предаде.
Клучната ствар за успех на МеРа25 е дека Варуфакис изгледа има некаква интернационална политичка крпеница, со организирање на сеевропска политичка тенденција што наметнува сеевропско решение за кризата. Тоа е доволен одговор за неговата политичка публика, што разбира дека нема вистинско решение за народните проблеми во национален контекст и дека е потребна поширока интернационална борба. Изгледа дека МеРА25 дава поддршка на левичарскиот пролетрски интернационализам, додека мнозинството од преостанатите левичарски партии изгледа го игнорираат интернационалното поле во корист на националните прашања.
Програмата на МеРА25, во која Варуфакис е главниот автор, наместо да ја исчисти политичка конфузија на своите активисти, само ги појача. Програмата е (маргинално левичарска) социјал демократска, која проповеда „реалистична непослучност“ и благ одвојување од Тројката и грчката владејачка класа со цел да се добие согласност за поблага „рационална“ политика на штедење. Таа предвидува реконструкција на долгот, повеќе приватни банки кои се пријателски кон инвеститорите (секогаш со државни гаранции), социјални политики и пониски даноци (вклучувајќи ги крупните капиталисти, како „иницијативи за инвестиции“). Таа не планира да се сруши системот што е извор на кризата, туку да ја помири работничката класа со него, или ,попрецизно, со неговата имагинарна, утописка форма којашто постои само во кејнизијанските фантазии на партискиот основоположник.
Интернаионализмот на програмата е ограничен во поддршка на посоцијална и подемократска ЕУ, со одбивање да се откажат од најимперијалистичките, биркратски механизми и институции коишто покаже дека ЕИ не е компатибилна со интересите и правата на работниот народ. Таа е програма напишана од партиски лидер и основоположник кој, само пред неколку години, имаше горко искуство со антидемократскиот, корумпиран и репресивен карактер на ЕУ.
И покрај тоа, појавата на МеРА25 создаде благ почетники ентузијазам и зголемен интерес за идеите на Варуфакис помеѓу илјадници левичарски активисти, затоа што отсуствува видлива левичарска алтернатива. Сепак, овој ентузијазам за МеРА25 беше поткопан од контрадикциите на нивната централна политичка линија во периодот пред изборите и изборот на кандидати на изборите од 7 јули.
Инсистирањето на Варуфакис да се чува подалеку од класната политика, во корист на „националното добро“ – каде тој рече дека може да „соработува дури и со НД ако имаат договор“ – предизвика проблеми кај новите поддржувачи. Истовремено, во МеРА25 дојдоа познати кариеристи од секакви политички милјеа, од старите неолиберали (Михас) со левичарските националисти (цртачот Статис), за да добијат пратеничко столче, а со тоа се намножија контрадикциите и политичката конфузија на партиската линија, како и загриженост на неговите членови и поддржувачи. Тоа несомнено е одговорот на стагнацијата на растечкиот импулс по европските избори и неспособност да напредне одлучно со десетината илјадници антидесничарски гласови на 7 јули. Ова е покрај фактот, поради изборниот закон, присуството на МеРА25 во парламентот е поврзано со сопирањето на апсолутното мнозинство на НД, затоа што го намали вкулниот процент за непарламентарните партии, што доведе до помалку пратеници за првата партија.
Точно е дека Варуфакис и МеРА25 не прифатија посебна класна позиција, но партиската изборна поддршка на 7 јули јасно покажа дека има класна основа. Во сите региони и општини на работничката класа уделот на гласови за МеРА25 е далеку над националниот просек, додека во буржоазиските региони и општини неговото влијание беше исто или помало. Неговата поддршка посебно помеѓу младите од 17-24 годишна возраст, е со одлични 5,7 отсто, додека кај пензионерите само 1,7 отсто.
Оваа класен и старосен состав на изборната база на МеРА25 открива дека партијата може да има иднина, посебно ако ги нагласи своите врски со радикализираната младина и работничката класа во идните движења. Ако тоа е случај, и ако се основаат вистински демократски процеси, локални организации и конференции во самата партија (спротивно на електронското онлајн гласање), тогаш границите на програмата на МеРА25 и социјадемократските политики проповедани од Варуфакис ќе бидат доведени на критика од сопствените членови.
Ако се создаде вистинска партија со база во левичарската младина, илјадници активисти на МеРА25 неизбежно ќе бараат порадикални, антикапиталистички и марксистички одговори на нивните прашања. Затоа комунистичкото движење и неговиот најголем претставник, ККЕ, мора вниматилно да го гледаат фронтот МеРА25. Треба да се потрудат да создадат дијалог со младината и работничкото движење и заедничка акција со МеРА25; а, истовремено, постојано и трпеливо да ги објаснуваат грешките и безизлезноста на нивната програма и политики, во контраст со вистинска револуционерна, антикапиталистичка, комунистичка програма.
Со ваков сериозен тон, неприфатливо е да се повторат клеветите и неоснованите лични напади (како на пример дека Варуфакис е „соросоид“, итн) во кој се впуштија во предизборниот период со силите на левицата на МеРА25. За жал, овие тактики, за кои главни протагонисти беа кадрите на Народното единство, ЛАЕ, беа повторрени во јавните изјави од секретарот на ККЕ. Оваа тактика кон МеРА25 ја покажува слабоста на политичката и идеолошката аргументација против прокапиталистичките политички идеи на Варуфакис, а со тоа престануваат да бидат комунисти посветени на научниот социјализам.
Грчко решение: „еднократно решение“ на екстремната десница за владејачката класа
Партијата на екстремната десница на политичарот и бизнисмен К. Велопуполс, Грчко решение (ГР) влезе во парламентот со удел на гласови од 3,7 отсто, 208 800 гласови и 10 места, со загуба само од околу 30 000 гласови добиени на европските избори и побивајќи ги буржоаските аналитичари кои предвидоа дека изборната моќ на партијата ќе биде „апсорбирана“ од страна на растечката НД.
Порастот на поддршката за ГР доаѓа од а) со искористување на падот на неонацистичката Златна зора, чии поранешни гласачи одбиваа да се вратат кон традиционално буржоаскиот политички камп; б) затоа што ја искористија лицемерната нациналистичка хистерија создадена од грчката владејачка класа околу Преспанскиот договор; и в) затоа што има поддршка и фондови од капиталисти во грчката Македонија, поврзана со рускиот империјализам и нејзините интереси.
ГР е продолжение на умерената (споредено со нацистите од ЗЗ) екстрено десничарска партија на Караѕаферис (Лаос – Народен православен аларм). Ги има сите карактеристики на екстремно десничарска популистичка партија: со јасно националистичи и растистички политички ставови (иако без физички манифестации), мешавина од религиозни и метафизички идеи и целосна согласност со сите стратешки грижи на грчкиот капитал, пред сѐ, останување во ЕУ и еврозоната, согласност со мерките на штедење и отплата на грчкиот долг.
Поддршката на ГР на парламентарните избори во регионите на Централна и Западна Македонија се зголеми подари националистичката реторика околу македонското прашање. Тие завршија со околу 5 отсто, додека нивната класна база, како што е запишано од излезните анкети, е составена од ситна буржоазија, за разлика од „лумпен“ елементите карактеристични за Златна зора. Ова се политички реакционерни ситнобуржоаски индивидуи кои отворено ги изразуваат своите сопствени позиции кога имаат прилика, но не сакаат да се активираат и да се организираат.
ГР ќе го искористи владејачката класа за поддршка на новата влада на НД во парламентот, кофа и каде ќе биде потребно; на пример, за промена на избориот закон. Понатаму, тие ќе бидат „сојузник“ на екстремно десничкарското крило на НД и ќе ги пасорбираат кадрите кои ја напуштаат партијата од десно или екстремно десно кога ќе има владина криза, и ќе ги обединат заедно во заеднички сојуз со поранешните кадри на Златна зора.
Сепак, неизбежниот пад на НД и потребата да се основа стабилна влада во иднина ќќе ја турне ГР кон учество во буржоаската влада. После нејзината улога ќе биде целосно јасна: како екстремно десничарски додаток на буржоаската влада, која ќе биде посебно агресивна спрема својата сопствена ситно буржоаска база, за осигурување на виталните интереси на грчкиот капитализам. А по користа да се прошири системот, ќе биде фрлена на политичките маргини, како што е направено порано, на почетокот на деценијата, со ЛАОС – партијата на Караѕаферис, политичкиот „ментор“ на Велопулос.
Причините за големиот пораз на Златна зора
Мизерниот резултат на Златна зора на 7 јули и нивно отстранување од парламентот, е важен, историски настан. ЗЗ доби само 2,93 отсто и 165 709 гласови. Нејзините гласови се срушија од 6,99 отсто и 379 582 на парламентарните избори во септември 2015: резултат што ги направи трети во парламентот. Уште повеќе, тие изгубија повеќе од 100 илјади гласови за само 42 дена по изборите за европскиот парламент (од 4,7 отсто).
Големиот пораз на ЗЗ прецизно ги предвидоа процените направени од нашата тенденција, откако неонацистите почнаа да покажуваат знаци на прилагодување во парлементот, т.е. Неколку месеци пред изборите во мај 2012 година. Со ова се пркосат предвидувањата на секташите и левите реформисти, кои зборуваа за одредено масовно свртување кон фашизам во грчкото општество и доаѓање на ЗЗ на власт, повторувајќи го колапсот на Вајмарската република.
Ние објаснивме тогаш дека појавата на ЗЗ настана како резултат на гневот на најреакционерните и политички назадни ситнобуржоаскаи елементи, создадени во кризата, Тројката и меморандумот. Таквиот гнев не можеше да се изрази преку главната дотогашшна сила на крајната десница, ЛАОС.
Учеството на Караѕаферис во промеморанумската влада на Пападимос, која ескалираше со напад врз скршената ситна буржоазија, ја откри природата на ЛАОС како на агент на системот и создаде вакуум погоден да го пополни ЗЛадна зора, која претходно се разликување како вистинска сила со добивање на 5,29 отсто од гласовите на локалните избори во Атина, и ги искористи реакционерните сентименти помеѓу буржоазијата и ситната буржоазија против масовното доаѓање на осиромашените бегалци во атинските предградија, и ја зграпчи осториската уникатна прилика. Со финансии и поддршка од ектремно реакционерните капиталисти и службеници, партијата успеа да се вметне динамично во изборната сцена.
Растот на ЗЗ не беше резултат на создавање на масовно фашистичко движење, како што беше случај во Германија и Италија меѓу двете светски војни, но имаше минувачка и пасивна поддршка. Ние истакнавме тогаш дека илјадниците гласа за ЗЗ се израз (на реакционерен начин) на антиестаблишментското незадоволство. Тие немаа намера да учествуваат во собирите или каква и да е фашистичка-терористичка акција на ЗЗ. Ние забележавме дека секој обид на ЗЗ да создаде масовно фашистичко движење е осудено на неуспех, затоа што, прво, во денешното општество, а не само во Грција, нема поволна класна рамнотежа во корист на повторување на појавата на Мусолини и Хитлер.
Ние објаснивме дека, од една страна, класичната општествена база на таквото движење – ситна буржоазија во градовите и селата – е помала од кога и да е, а големото мнозинство од нив се поблизу од кога и да е за социјална сила на револуцијата, т.е. Работничката класа и сопственото движење. Од друга страна, буржоазијата самата нема доверба во фашистите за да и доведе на власт во блиска иднина, поради стравот од револуционерниот одговор на работничката класа и младината, но исто така и затоа што ја научи лекцијата на неславната, фашистичка авантура во Европа (со резултат пола континент под контрола на Советскиот сојуз). Ние предвидовме дека доколу неонацистичката Златна зора покаже нетрпеливост и каква било намера за целосна автономија од владејачката класа и буржоаската држава, придвижувајќи се во терористичка насока и со обиди да изведат државен удар, буржоазијата ќе стапи во акција и ќе им одржи лекција.
Тоа е тоа што се случи во 2012-23. ЗЗ, ослепена од изборното влијание и покрај тоа што беше неспособна да се трансформира во сила за мобилизација ан ситнобуржоаските маси за фашистички цели (т.е. за кршење на работничката класа и нејзините масовни организации), почна да изведува се повеќе фашистички напади против имигрантите и левичарските активисти. Ова беше веројатно дел од подготовката за (целосно авантуристички) државен удар со цел да дојдат на власт.
Убиството на антифашистичкиот херој музичар, Павлос Фисас, беше на врвот на првата фаза од оваа тактика. Истовремено, сепак масовното политичко влијание на ЗЗ почна да опаѓа. Ширењето на антифашистичкиот сентимент во општеството, каде фокална точка беше младината, ја алармираше владејачката класа и својата влада, кои веднаш ја обвинија ЗЗ како терористичка-криминална организација, со притвор за раководството. Капиталистичкиот печат беше полн со коментари за терористичките акции на ЗЗ и до тогаш дискретниот процес за легитимизација на неонацизмот во свеста на општеството од страна на масовните медиуми. Ова беше следено од обратен процец кај гласачите на ЗЗ, кои беа хранети од дневните „откритија“ за време на судењето.
Под овие околности, изборниот раст на ЗЗ запре, внатрешните конфликти во раководството се интензивираа, а притисокот од државата и јавното мислење го изнесе кукавлукот на неонацистите, што доведе до затворање на нивните канцеларии ов еден град во друг. Низ овој процес, ние конечно видовме како се смачкани на 7 јули, што навистина за левичарските активисти донесе радост и задоволство. Сега, ЗЗ се врати да биде, како контролиран маргинален „мастиф“ на буржоаската држава, која ќе биде искористена како и кога е потребно за да се заплашат работничките и младинските активисти.
Сепак, во овие седум години, ЗЗ се најде во центарот на политичката сцена. Ова треба да е поука за секој левичарски активист, како предупредување на грчката, европската и светската работничка класа за кошмарните сили на капитализмот што за време на длабока историска криза може да ги истакне овие сили.
Кризата на грчкиот капитализам не е дојден на крајот. Баш напротив, во следните години ќе бидеме сведоци на побрутален економски, општествен и политички израз на кризата. Иако фашистите се повлекуваат од парламентарната сцена, тие ќе се обидат да се вратат и да бидат контрареволуционери во иднината. Најверојатно ќе бидат неспособни да создадат масовно фашистичко движење со јасен пат до власт, но тие ќе го подложат работничкото движење и младина на побрутални напади и нови обиди за убиства. Тоа ќе се случи под фашистичка формација „прекрстена“, со ново име, но со старата ЗЗ во јадрото. Тоа ќе се обиде да се пробие до новите масовни слоеви на фрустрираната ситна буржоазија, која ќе биде смачкана во кризата.
Во меѓувреме, „фирерот“ Михалолиакос изјави по изборите дека „ЗЗ веднаш ќе се врати назад таму од каде дојде, од улиците“. Ова не е само емотивно набиена изјава, но јасно ветување за крвава одмазда на „болшевиците“ (како ги наведуваат во својата изјава) т.е. На левичарските и комунистички активисти. Треба да се подготвиме, порано или подоцна, за нова интензификација на, барем спорадични, терористички акции од страна на ЗЗ. Ова е единствен начин за нив да останат активни со (мал) јадрото на активисти, кои ќе бидат основоположници на нова политичка контраофанзива во иднината.
Затоа, градењето на обединет фронт на антифашистичка акција од сите организации на работничкото движење, младината и левицата, останува како императив, и покрај изборниот пораз на ЗЗ. Овој фронт треба да е масовен и борбен, без илузии дека улогата на буржоаската држава во поддршка на фашистите. Мора да бидат способни да делуваат предвремено, но исто да се определат да одговорат цврсто на секој обид на фашистите да го исплашат движењето. Таквата тактика, да биде ефикасна, мора да се расшири на секое работно место и соседство да се спречи секоја терористичка акција од страна на фачистите. Ова барање, заедно со активната партиципација на секоја левичарска и антифашистичка организација и активист, одлучно и водечко учество на масовната, работничка, комунистичка партија на земјата: ККЕ.
Самоуништувачката тактика на левицата
Во последниот дел од нашата анализа, нудиме критична перспектива за Плефси Елефтериас (Курс на слободата). Критична, бидејќи партијата на Зои Константопулу одамна се токажа од левичарскиот идентитет, со прифаќање на длабоко реакционерниот слоган „ниту десница, ниту левица, напред“. Ова тактика (настрана дека е навреда за левичарските гласачи кои ја направија неа пратеник на Сириза три пати многу години) се покажа како длабоко бескорисна за да влезе Плефси елефтериас во парламентот. Партијата добие само 1,42 отсто или 82 672 гласови и се забележа пад на гласовите за околу 8 000 од европските избори.
Овој неуспех да влезе во парламентот (втот по ред) ја доведува во прашање причината за нејзиното постоење. Поради конфузните, полунационалистичи, ситнобуржоаски идеи и методи на нејзиното раководство (т.е. На Зои Константопулу), оваа партија, од основањето пред три години, се покажа органски неспособна не само да се поврзе со напредните слоеви на работничката класа и младина, туки и да се одаде впечаток на реална, организирана партија.
Изборните резултати за другата политичка формација што потекнува од старата Сириза, ЛАЕ (Народно единство) беа катастрофални. ЛАЕ доби само 0,28 отсто или 15 930 гласови, губејќи за 42 дена половина од нивната изборна поддршка споредено со европските избори (0,56). Тие сигурно ќе ги сметаа 2,87 отсто гласови добиени на парламентарните избори во септември 2015 година со носталгија.
Раководството на ЛАЕ јасно е соочено со негодување на левичарските гласачи со нивно лизгање во повеќе и повеќе националистички погледи. Сепак, првенствено и над се, тие продолжуваат да плаќаат (како и за претходните парламентарни избори) за нивната улога кога беа левото крило на Сириза. Нивната неподготвеност, за време на првиот семестар 2015, да се борат за спречување на потпишување на третиот меморандум врежан е во сеќавањето на работничката класа.
Ние повеќе пати ја повикуваме Левата пратформа (сегашното раководство на ЛАЕ) да одбие да даде поддршка на коалициската влада со Каменос (поранешниот министер занационална безбедност и шеф на екстремно десничарската партија АНЕЛ, т.е. Независни Грци). Тие требаше да останат надвор од владата, а по 20 февруари 2015 год., кога стана јасно дека владата е подготвена да потпише нов меморандум, тие требаше да почнат кампања за вонреден конгрес, каде ќе се одлучеше да не се потпишува меморандумот. Да се превзедоа овие чекори, тогаш историјата на последниве неколку години ќе беше поразлична.
Со таква тактика, меморандумот можеше да не се потпише и кликата околу Ципрас да се отстрани од партијата, која би се ставила под контрола на левицата. Па, дури и Левата платформа да ја загубеше битката, тие во свеста на работничката клса ќе останеа како сериозна политичка сила, којашто не само што не сакаше да се потпише меморандумот, туку се бореше на секој начин да се спречи потпишувањето.
Сепак, раководството на ЛАЕ се докажа како неспособно да се издигне на сегашната, фундаментална задача на зачувување на намалените сили. Иако беше јасно дека за долг период ЛАЕ ја нема неопходната поддршка од општеството да влезе во парлементот, тие „ги затворија очите“, излегоа на европските избори и се соочија со изборен колапс. А по повлекувањето на Лафазанис од претседателството, тие како дополнување на грешката направија уште една поголема.
Наместо да се поддржи класниот глас за ККЕ, отворајќи сериозна внатрешна дискусија за грешките што доведоа до нивниот пад и да го зачувуваат ентузијазмот на неколкуте активни поддржувачи, тие поминаа кон уште една независна кандидатура на парламентарните избори. Ова придонесе до понатамошна деморализација на нивните активисти и понатамошно оштетување на виталноста на формацијата. Овој исход не го заслужуваат активистите на левицата, на ЛАЕ, но е 100 отсто резултат на раководството.
АНТАРСИА (Антикапиталистичка Левичарска Соработка за отфрлање) како фронт и други левичарски организации кои избраа автономни кандидати на изборите, т.е. ЕЕК (Работничка револуционерна партија, познати како поддржувачи на аргентинската Партија на трудот), ОКДЕ (Организација на комунисти интернационалисти на Грција, М-Л ККЕ (Марксисти ленинисти во Комунистичката партија на Грција) и ККЕ М-Л (Комунистичката партија на Грција, марксисти-ленинисти) се соочија со јасен пораз, дури и да се земе предвид нивното типично многу слабо изборно влијание.
АНТАРСИА од 46 096 гласа и 0,85 отсто на изборите во септември 2015 г. доби помалку, те 36 361 глас и 0,64 отсто на европските избори во мај. На 7 јули продолжи со падот добивајќи 23 191 глас или 0,41 отсто. Двете сталинистички-маоистички М-Л партии добија 0,14 и 0,05 отсто, ЕЕК доби 0,04 отсто (1 993 гласа), а ОКДЕ 0,03 отсто (1 675 гласа). Резултатите зборуваат сами за себе.
Комунистичката тенденција (грчката секција на ИМТ) веќе долго ја брани идејата за потребата сите комунисти да повикаат на класно гласање за единствената масовна, работничка, комунистичка партија во земјата: ККЕ.
Ние објаснивме дека, ако сите левичарски организации ја прифатат оваа тактика, тоа ќе придонесе да се зачува моралот на работничката класа и да се обезбеди трето место за масовната, декларирано комунистичка партија за прв пар по Втората Светска Војна, уште повеќе партија со официјална антикапиталиситчка програма, како што е одлучено на конгрес. Секоја организација која ги поддржува нормално дека ќе ја сочува својата политичка програма и ќе го задржи правото на критика. Наместо да се употреби оваа тактика, и покрај нивните обесхрабрувачки резултати само пред 42 дена на европските избори, овие организации уште еднаш решија да ја следат истата тактика на независна кандидатура, што е целосно бесцелна од перспективита на работничката класа и нејзината борба.
Резултатот од оваа тактика беше што вкупно 53 358 гласа (тука се и гласовие на ЛАЕ) се отфрлија за комонистичкото движење (речиси 1 отсто) што можеше да го засили ККЕ за да дојде на трето место, наспроти корумпираната КИНАЛ. Тоа исто така го ослаби моралот на неколку илјади добри активисти, кои учествуваа на изборните кампањи на овие организации, со очекувањата искажани од нивното раководство.
Дури полошо, тактиката на независна кандидатура беше штетна, не само за комунистичкото движење, но и за самата работничка класа. Се знаеше однапред за раководствата на гореспоменатите организации дека, според сегашниот изборен закон, колку е поголем процентот за партиите вон парламентот, толку е помал процентот потребен за првата партија да формира мнозинска влада. Само овој факт е доволен да се отстранат мислите за независна кандидатура на изборите, кога нема изгледи овие формации и организации да влезат во парламентот.
Но нивните раководства притискаа, и знаеја во суштина дека секој глас што тие ќе го добијат за нивната сопствена нарцистичка причина потенцијално значи повеќе места за НД! Ова однесување, без оглед на некоја чистина или „револуционерни“ намери на водечките кадри на овие организации, ефективно е свесен авантуризам против интересита на самата работничката класа!
На без поговор несебичните, борбени другари што повикуваа на оваа тактика во името на „троцкизмот“, можеме да им го кажеме следново: другари, фактот што се признаени како добри и несебични активисти во рамките на милјето од неколку илјади луѓе не значи дека треба да го исмевате и дискредитирате троцкизмот и неговото име на масите од милиони работници!
Политички перспективи
Новата десничарска, неолиберална влада е формирана со големо учество на технократи, со цел да се спреми брзо да се продолжи со нападите врз работничката класа и осиромашените слоеви на општеството. Ова беше јасно искажано од новиот претседател на влада и другите кадри на НД без оглед на политичката цена.
Еврогрупата од 8 јули го повтори дури посилно повикот на Европската комисија за почитување на согласените цели на меморандумот за примарен вишок, а нејзините високи претставници изјавија за новата влада дека мора да притиска кон намалување на безоданочениот лимит, како што е одлучено во претхондата влада. Како резултат, 4 милиони работници и пензионери можат да изгубат уште една месечна плата годишно на даноци. Сите реакционерни „играчи“ – Тројката, грчката владејачка класа и новата влада – сега заедно сигнализираат старт на нов напад.
И повторно изјавуваме: без овој напад, грчкиот капитализам – што не е опоравен од кризата и меморандумот, а има поголеми долгови од кога за прв пат се побарани (334,573 милијарди евра и 181,1 отсто од БДП во 2018, споредено со 300 милијарди и 126,7 отсто од БДП при крајот на 2008 г), не може да го избегне банкротот и излезот од еврозоната. Понатаму, нивото на инвестиции во земјата е на најниско ниво о еврозоната и е само 40 отсто од тоа пред кризата. Истровремено, грчкиот капитализам прифати обврска да спроведе програма на екстремни мерки на штедење за примарниот вишок сѐ до 2060 г., како што е договорено со владата на Ципрас.
Грозната ситуација на грчкиот капитализам ги одведе работниците во кошмарна ситуација на масовна сиромаштија (најновите бројки проценуваат дека процентот на сиромаштија во Грција е 46,3 отсто од населението) и невработеност (околу еден милион луѓе). Но новата влада ќе надгледува подлабока сиромаштија и невработеност, за да се осигура дека профитите на нејзината класа се заштитени и зголемени.
Во моментов, се разбира, работничката класа е во состојба на разочараност по изборната победа на НД. Сега гледаме враќање на владата (благодарение на раководството на Сириза) на истите буржоаските лидерни кои беа исфрлени со масовни борби и со голема изборна победа само пред неколку години. Сепак, „камшикот“ на реакционерните напади на НД, порано или подоцна, ќе ја разбодат работничката класа и ќе ја турнат назад во борба, почнувајќи со најмладите слоеви, кои се помалку деморализирани и уморени до минатите порази.
Изборите покажаа дека повеќе од 50 отсто од гласачите на оваа нова генерација гласаа за партии што се, или се сметаат, за левичарски. Влезот на оваа генерација на политичката сцена ќе ја промени ситуацијата со крај на статите, корумпирани буржоаски партии; процес започнат од 2012 г., но којшто остана незавршен од постарата генерација.
Новата генерација ќе биде поотворена на изворниот револуционерен марксизам, или познат како троцкизам, што го истакнува Комунистичката тенденција, како грчка сексција на Интернационалната марксистичка тенденција (ИМТ). Нашите сили се сѐ уште мали, но имаме голем ентузијазам и ја одржуваме нераскинливата врска со масовното комунистичко движење во земјата.
Наследството на Комунистичката тенденција (запишана во свеста на илјадници левичарски активисти) е дека се најконзистентна, чесна и прониклива тенденција од старата Сириза. Нејзината интензивна работа во последните неколку години за ширење на марксистичките идеи на универзитетите и училиштата; значајната и систематска публикација што ја прави со оскудни средства; многу успешниот Антикапиталистички Младински Фестивал што неодамна го организираше; позитивниот прием што го има на собирите на ККЕ за време на неодамнешните изборни битки, се вредни чекори напред во нашата борба.
Овие чекори покажуваат дека, во следниот период, троцкизмот (изворниот револуционерен марксизам) може да ги зголеми силите и влијанието одлучно и да почне да најде начин да допре до масите. Затоа што тој ги претставува идеите што инстиктивно ги бараат десетина илјади борци на работничката класа. Овие идеи ќе водат, порано или подоцна, кон револуционерна, социјалистичка трансформација на општеството. Така мора и така и ќе биде сторено!
Автор Стаматис Карајанопулос – уредник на Епанастаси (Револуција) и Марксистики Фони („Марксистички глас“), 12 јули 2019
Прочитај повеќе: