БалканВестиИнтернационалаОпшто

Солидарност со Горење!

Ви го пренесуваме текстот на другарот Јаша за случувањата со Горење, некогашниот гигант на југословенското производство. Текстот е краток осврт на борбата за зачувување на Горење.

Линк до оригиналот на словенечки

Линк до текстот на српско – хрватски

Одбраната на Горење не е само борба за опстанок на Велење. Бранејќи ги фабриките од затворање, се браниме сите ние, го браниме лебот и иднината на работниците од сите југословенски земји и работниците од целиот свет. За да победиме во оваа борба, не смееме да се придржуваме само кон прифатливите форми на протести за капиталистите и синдикалното организирање.

Наводно заради намалувањето на прометот пред кризата со корона, сопственикот на Горење, кинескиот Хисенсе, најави отпуштање на 2.200 работници. Од тоа, 1000 во Велење и 1200 во Србија, Чешка и продажните центри низ цела Европа. Ова е последно во низата на многу отпуштања од Горење, кое во моментот на преземањето во 2018 година имаше 11.000 вработени, а на почетокот на 2020 година само 7.100. Последното отпуштање се случи во февруари, кога беа отпуштени 300 работници, а пред тоа кон крајот на 2019 година отпуштени беа 270 работници. Велење, (порано Титово Велење), работнички град со околу 25.000 жители, добива 1.000 нови невработени. Во знак на протест против отпуштањето, синдикатот СКЕИ Велење и градската администрација на Велење на 8 мај ги повика граѓаните да покажат солидарност свирејќи од автомобилите додека возат покрај фабриката на Горење. Голем број граѓани реагираа и колоната на возила кои свират траеше над десетина минути. Овој повик е последен во низата активности под слоганот „Без Горење ни Велење!“, кој во различни форми трае од преземањето на компанијата во 2018 година. Синдикатот во буржоаската држава нема други можности за реализација на своите барања. Горчливите плодови на преодните транзициски закони за труд и штрајк сега создреаа потполно, а целото синдикално движење ја плаќа цената на децениската дефанзивност и кукавичлукот на своето бирократско раководство.

Состојбата во Велење покажува колку е немоќна наводната национална влада, која со сите своите дела е само администратор на мултинационалниот капитал. Во однос на капиталот, градот и работниците што живеат во него и кои веќе 70 години дишат со Горење не се важни за властите на „самостојна“ европска Словенија. Секојдневно, пазарната економија сè повеќе нè информира дека и човечкиот живот е подложен на законите за понуда и побарувачка и дека мизеријата демне зад секој агол, без оглед на тоа колку напорно работел работникот и колку години напорна работа тој вложил во фирмата. Новата светска криза на капитализмот, за која короната послужи како катализатор, не откри нови факти за капиталот и неговиот однос кон човечките животи, но ги истакна неговите особено сурови црти и ја отстрани секоја трошка надеж за можноста за „социјален дијалог“ и социјална одговорност на капиталистичката држава.

Да не се залажуваме – сите полека легнуваме под острицата на новите отпуштања и кратења на социјалните програми. Затоа е многу важно да се поддржи синдикалната борба во сите фабрики кои се на удар на епидемијата на профитниот мотив! „Без Горење ни Велење“, но одбраната на Горење не е само борба за опстанок на Велење. Бранејќи ги фабриките од затворање, се браниме сите ние, го браниме лебот и иднината на работниците од сите југословенски земји и работниците од целиот свет. За да победиме во оваа борба, не смееме да се придржуваме само кон прифатливите форми на протести за капиталистите и синдикалното организирање. Потребна ни е револуционерна работничка партија, потребна ни е офанзива на трудот!

Солидарност со Горење!

Ниту еден отказ, ни час подолга работа, ни цент помалку плата!

Смрт за капитализмот – слобода на народот!

12 мај 2020, Јаша М.