ВестиДемократијаЕкономијаИнтернационалаОпшто

Пандемијата на коронавирус отвора нов стадиум во светската историја

Ви ја пренесуваме оваа анализа која е во авторство на Хамид Ализаде од Социјалистички Повик– британската секција на Интернационалната марксистичка тенденција. Текстот третира важни прашања поврзани со последиците и промените кои доаѓаат со кризата предизвикана од коронавирусот. Напишан кон средината на месец март, овој текст уште е релевантен за читање и дискусија.

Линк до оригиналот

Настаните во светски размери течат со неверојатна брзина.Новиоткоронавирус (КОВИД-19) активираше верижна реакција, која ја открива секоја привидна стабилност во земјите една по друга. Сите противречности на капиталистичкиот систем излегуваат на површина.

Слика: Pixabay

Илјадници луѓе ги загубија своите животи, а стотици илјади веројатно се заразени. Но, нема индикации дека пандемијата го достигнала врвот. Бројот на починатите расте секој ден за 20-30 проценти. Нема вакцина на повидок и се чини дека никој нема разумен план за надминување на ситуацијата. Повеќето земји делуваат по свое убедување, без оглед на советите од телата како СЗО. Здравствените системи во земјите кои се најтешко погодени се пред колапс, а здравствените работници во другите земји се преплашени од следните недели и месеци.

Берзите веќе реагираа со големи падови. Во понеделникот, цените на нафтата паднаа на околу 30 долари за барел. Следеа берзите низ целиот свет. Во средата, Банката на Англија најави вонредно намалување на каматните стапки за 0,5 проценти. Но, ова немаше никаков ефект, бидејќи берзите го продолжија својот пад во четвртокот до најлошиот ден забележан од 1987 година. Нервозата на пазарите го одразува песимистичкиот поглед на владејачката класа. Тие се преплашени од перспективите за светската економија, која веќе се очекуваше да забави.

Кина, втората по големина економија на планетата, претпоставува дека ќе го има својот прв квартал на негативен раст од Културната револуција на Мао. Се верува дека болеста во Кина е ставена под контрола. Сепак, во покраината Хубеи, услужниот сектор останува во целосен застој. Големите индустрии го рестартираат производството, но бидејќи остатокот од светот влегува во рецесија, има мала побарувачка. Огромното мнозинство на мали и средни компании во Кина, каде што се вработени скоро 80 ​​проценти од нејзините работници, сè уште не рестартирале со работата.

Нема знаци за брзо закрепнување. Некои експерти предвидуваат дека светскиот економски раст би можел да опадне на 1 процент од 2,6 минатата година, што би значело дека голем број на земји би влегле  во рецесија. Но, ова повеќе се пусти желби. Индустријата, трговијата и транспортот ќе поминат низ циклус по циклусна прекини. Потрошувачката ќе падне. Линиите за снабдување ќе бидат нарушени повторно и повторно. Светската економија ќе претрпи длабока криза.

Европа е силно погодена, особено Италија, која е трета по големина економија во еврозоната. Советот на министри на Европската Унија имаше состанок за преземање на заеднички мерки за решавање на кризата. Но, сè што можеа да се направат е да формираат фонд од 25 милијарди евра, од кој голем дел веќе се во Буџетот на Унијата. Останатиот дел од нивните планови се сведе на укинување на буџетските ограничувања за одделните земји-членки. Во суштина, сите држави се оставени да се грижат за себе – не баш некоја унија.Дури и,вообичаено про-ЕУ, италијанскиот претседател Метарела мораше да го критикува справувањето на ЕУ во официјална реакција: „Италија минува низ тешка ситуација и нејзиното искуство во борбата против ширењето на коронавирусот веројатно ќе биде корисно за сите земји на Европската унија, “, рече тој.„ затоа, Италија со право очекува, барем поради заедничкиот интерес, иницијативи на солидарност, а не потезикои можат да го попречат нејзиното дејствување “.Всушност, Италија сега прима многу поголема помош (медицински материјали, како респиратори за интензивна нега, итн.) од Кина отколку ЕУ. Австрија веќе ги затвори своите граници со Италија. Други земји забрануваат летови до и од Италија. Чешка ги затвори границите за патници од 15 земји. Франција, Германија и други земји воведоа забрани за извоз на одредени медицински производи. Сето ова ќе ескалира за неколку недели, ако не и денови. Заедничкиот пазар ефективно се затвора постепено. Како и светската економска криза од 2008 година и бегалската криза, сегашниот шок ги изнесува сите внатрешни противречности на ЕУ, ставајќи јасен прашалник за иднината на Унијата како целина.

Доналд Трамп, кој до неодамна тврдеше дека вирусот нема да влијае врз САД, премина во националистичка хистерична реакција нарекувајќи го КОВИД-19 „странски вирус“. (набрзо по пишувањето на текстов Трамп расистички го нарече ковид19 „кинески“ – заб.прев.) Тој воведе ограничувања за патувања на државјани од одредени европски земји и отпочна повторно со повици за пограничен ѕид со Мексико (и покрај тоа што Мексико има само 12 потврдени случаи). Рестрикциите за патувања се предвидува дека ќе имаат непосреден ефект врз туристичкиот и услужниот сектор. Ова најверојатно ќе ги втурне САД во рецесија.

Русија и Саудиска Арабија, исто така, се судрија околу нивото на производство на нафта, конфликт кој веќе ги спушти цените на нафтата. Резултатот може да биде руски банкрот. Либанската држава веќе банкротираше од својот долг. Други средни економии, како Турција, Аргентина, Индија, Индонезија и Јужна Африка би можеле да бидат следни на краток до среден рок.

Ширењето на вирусот драматично ги забрза протекционистичките тенденции на светско ниво. Секоја национална владејачка класа брза да ја одбрани својата позиција и да ги извезе негативните социјални последици. Патните бариери лесно можат да доведат до трговски бариери. Трговските војни меѓу САД и Кина и САД и Европа, за кои многумина сметаа дека се смирија, би можеле повторно да се појават, со далеку помала можност за контрола. Ова го поплочува патот за депресија слична на таа од 1930-тите, која би траела далеку подолго од непосредните влијанија на вирусот.

Буржујите ја префрлаат вината за економската криза врз вирусот. Но, ова беше само несреќа, којашто ги покажа сите претходно акумулирани противречности во системот. Ова е криза на капиталистичкиот систем како целина, што се подготвуваше со децении. Капиталистичката класа успеа да ја одложи за некое време со масовно зголемување на кредитите т.е. со натрупување на долг, кој сега стана огромна пречка за раст. Порано или подоцна меурот мораше да пукне. Ова го предвидовме во нашиот документ за Светските перспективи, кој беше подготвен минатиот ноември и беше донесен на неодамнешната средба на Интернационалниот Извршен Комитет на Интернационалната марксистичка тенденција. Во документот стои:

„Закрепнувањето беше во секој случај многу слабо и нестабилно, па секој шок може да ја турне економијата од работ. Практично се може да предизвика паника: пораст на каматните стапки во САД, Брегзит, судир со Русија, влошување на трговската војна меѓу САД и Кина, војна на Блискиот исток што би довело до зголемување на цената на нафтата, па дури и особено глупав твит од Белата куќа (а тие не се во недостаток) “.

Од позиција на економијата, вирусот беше само случаен настан, кој одразува подлабока, основна неопходност. Но, тоа исто така влијае како процесот ќе се одвива во иднина. Поради природата на вирусот, можноста на владејачката класа да ја ублажи или канализира кризата е ограничена.

Бранот на ефектите на пандемијата ќе ја уништи веќе слабата светска економија. Една по друга земјите најавуваат економски стимулативни пакети за одржување на економијата во живот. Но, ефектите од овие мерки ќе бидат ограничени од влијанието на пандемијата, која нема да исчезне во скоро време. Голем дел од услужниот сектор, како што се кина, кафулиња, ресторани, итн., ќе бидат сериозно погодени бидејќи луѓето ќе се избегнуваатјавни места каде има гужва. Овие се исто така сектори каде преовладуваат привремените работни односи и тоа ќе има разурнувачко влијание врз овие работници. Ситуацијата ќе продолжи барем додека не се пронајдат дефинитивни лекови за болеста. Во големите индустрии, исто така, производството редовно ќе биде прекинувано од нови жаришта. И покрај сите обиди на владите, невработеноста сигурно ќе расте. Како резултат, потрошувачката ќе се намали и ќе стане дополнителна кочница за економијата.

Владејачката класа е преплашена од предвидувањата за масовна невработеност и засилувањето на класната борба, што можебисе крие зад аголот. Во многу земји, владите преземаат посебни мерки, како што се доделување на посебни услови за боледување за вработените во јавниот сектор и други. Но, овие мерки нема ни приближно да ги решат проблемите на погодените работници. Некои банки им овозможуваат на луѓето одложување на хипотеките за неколку месеци. Малите и средни претпријатија добиваат поволни заеми и даночни попусти. Европскиот Парламент разговара за суспендирање на договорот од Мастрихт, кој ги обврзува земјитечленки за најмногу три проценти буџетски дефицит. Тие масовно ги зголемуваат државните трошења во обид да избегнат катастрофа.

Но, мала е веројатноста дека со ова нешто ќе биде решено. Кензијанските мерки во овој стадиум веројатно нема да ја зголемат потрошувачката, која што поради вирусот би можела да опаѓа со месеци, можеби и години. Наместо тоа, тие можат да предизвикаат растечка инфлација во сектори на економијата. Малите и средните компании можат масовно да банкротираат. Намалувањето на даноците и евтините кредити само ќе го одложат проблемот за нетолку далечна иднина. Милиони работни места сè уште ќе бидат изложени на ризик.

На запад, огромн број на работни места во услужната, градежната и транспортната индустрија станаа прекарни и тие ќе бидат првите кои ќе се отпуштаат. Во Италија, голем дел од работната сила, особено во секторите кои се најтешко погодени, како што е туристичката индустрија, хотелите, рестораните и сл., се состои од прекарна работна сила. Во посиромашните земји ситуацијата е полоша. На пример, во Иран, 96 проценти од работната сила работи со таканаречени „бланко“ договори, со кои работниците немаат никакви права. Во сите земји, невработеноста ќе стане извор на масовна радикализација.

Национално единство

Владејачките класи и нивните влади апелираатдо нивните соодветни нации за единство во време на криза. Но, зад оваа илузија, тие го префрлуваат товаротод катастрофата врз работничката класа. Една по друга влада спроведуваат драконски мерки. Во Италија, Данска и Кина некои области функционираат под воена состојба.

Во Кина работниците во клучните топилници за челик беа принудени да останат на работа скоро еден месец без правото да одат дома. Во Италија, лекарите и медицинските сестри работат сè додека не колабираат. Во меѓувреме, од работниците во приватниот сектор, особено во индустријата, се бара да продолжат да работат. Многумина сега прашуваат која е смислата на ова. Ако, од перспектива на борба против ширењето на пандемијата, советот е да останете дома, зошто тогаш работниците треба да одат на работа во неесенцијалните сектори на економијата? Одговорот е јасен: за да се одржат профитите за капиталистите колку што е можно.И покрај тоа што нивното право на штрајк е строго ограничено со мерки на вонредна состојба, работниците во Италија преземаат акција. Во Италија се шири бран на диви штрајкови, при што работниците излегоа да протестираат поради недостаток на соодветни мерки за безбедност. Штрајкувачите бараат да се затворат фабриките што произведуваат неесенцијални производи, без кратење на плататана работниците, сè додека не се воведат соодветни санитарни услови. Ова создаде огромен притисок врз синдикалните раководства на конфедерациите КЏИЛ-КИСЛ-УИЛ, кои дотогаш лобираа заедно со индустријалистите на Конфиндустриa за да ги држат фабриките отворени. Сето ова е антиципација на идните настани.

Засега, мерките на рестрикции во Кина се олеснети, но тие веројатно ќе бидат повторно воспоставени откако ќе избувне нова епидемија. Данска и Италија се во карантин. Многу други земји ќе треба да го сторат истото. Владите се обидуваат да изгледа дека „ нешто прават“. Додека некои од преземените мерки имаат смисла од епидемиолошка гледна точка, тие се поткопани од приватната сопственост, анархијата на капитализмот и постоењето на националната држава.Така, гледаме приватни даватели на здравствени услуги ги пренасочуваат пациентите со коронавирус кон јавниот сектор. Приватното здравствено осигурување одбива да ги покрие трошоците за инфекција со коронавирус. Недостасуваат тестови, кои се произведуваат во приватниот сектор. Од луѓето се бара да останат дома, додека од работниците се бара да продолжат да одат на работа. Приватните компании профитираат со зголемување на цената на средствата за дезинфекција, маски, па дури и на тестовитеза коронавирус! Конечно, фактот дека различните влади дури и не можат да ги координираат нивните мерки и преземаат различни и честопати спротивни мерки, ја поткопува борбата да се задржи пандемијата.

Во САД, Доналд Трамп негираше дека болеста претставува било каква закана до 11 март. Во Кина, владата, плашејќи се да не нанесе штета на кревката економија, со недели одби да дејствува против епидемијата. Наместо тоа, истражувачите и свиркачите беа затворани и прогонувани. Во Иран, режимот одбиваше дури и да го признае постоењето на оваа болест со недели, со цел да ја задржи излезноста на парламентарните избори што е можно повисока. До ден-денес режимот ја прикрива сериозноста на болеста. Официјално, само неколку стотици Иранци умреле од коронавирусот, но неофицијалните извештаи за смртни случаи се многу пати повеќе од ова. Веројатно е дека бројот на заразени лица е веќе во десетици – или стотици – илјади.

Кога Врховниот водач Каменеи беше запрашан за какви посебни мерки може да преземат луѓето против вирусот, тој посочи да се молат. Се разбира, тоа важи само за сиромашните. Бидете сигурни, ако самиот Каменеи би бил заразен, тој ќе добие најдобра достапна научно заснована здравствена заштита. Исто така, се чини дека главниот извор на ширење на болеста во Иран е светиот храм на Ком, каде што аџиите се доаѓаат за да се излечат. Сето ова ја поткопува целата основа на теократскиот режим. Но, одбивајќи да го прифати тоа, религиозниот естаблишмент им пркоси на безбедносните мерки и ја опишува епидемијата како ништо друго освен Западна теорија на заговор. Со сето ова се подготвува бесна контрареакција на иранските маси кои со своите животи плаќаат за скапаноста на владејачката класа.

Во меѓувреме, интервенцијата против болеста е попречена со децениските кратења во здравствените системи. Во Италија, намалени се 46500 работни места во здравството од 2009-2017 година. 70 000 болнички кревети се изгубени. Италија имала 10,6 болнички кревети на 1.000 луѓе во 1975 година – сега има 2,6! Велика Британија падна од 10,7 кревети на 1.000 луѓе во 1960 година на 2,8 во 2013 година. Меѓу 2000 и 2017 година, бројот на расположиви болнички кревети во Велика Британијае намален за 30 проценти! Исти се условитенасекаде низ Западниот свет. Во Италија, здравствените работници честопати треба да одлучат кого можат да лекуваат, бидејќи има ограничен број на установи, што значи дека многу ќе умрат, претежно постари лица, поради недостаток на ресурси. Како што се зголемува бројот на случаи, здравствените системи се под голем притисок. Тие би можеле да колабираат, оставајќи стотици илјади да се грижат за себе. Богатите, со пристап до приватна здравствена заштита, ќе бидат поштедени од вакво варварство. Во Иран, цела низа министри, пратеници и високи функционери добија итен третман и се опоравуваат откако се заразени од вирусот. Во меѓувреме, десетици илјади обични луѓе се борат само за да се тестираат. Во трагичниот случај на една медицинска сестра, резултатот од нејзиниот тест пристигна една недела по нејзината смрт.

Во Сингапур, целокупното население се снабди со медицинска и сигурносна опрема, како што се маски. И во Кина, веднаш се изградија низа болници за да се справат со ситуацијата, а беа извршени тестови на десетици илјади луѓе, дури и на оние без симптоми. Во Велика Британија, се чини дека Владата не направи никакви обиди да се подготви за катастрофата што сигурно ќе дојде. Тестирањето се намали. Дури и луѓето што доаѓаат дома од северна Италија и кои покажале симптоми на вирусот не можеле да се тестираат. Вчера Џонсон мораше да признае дека 10 000 луѓе веројатно биле заразени веќе во Велика Британија. Сепак, тој одби да забрани масовни настани и собири, како што се прави во Италија, па дури и во Шкотска. Тој ладнокрвно изјави дека јавноста треба да се подготви да ги „изгуби саканите пред време“. Како што еден наслов на статијата на Њујорк Тајмс, соодветно кажува: Британија ја заштити својата економија од вирусот, но не и својот народ.

Циничниот став на премиерот Борис Џонсон беше искажан во неодамнешното интервју, каде беше запрашан за тоа како можеме да се справиме со болеста. Тој, случајно, спомена како алтернатива дека „… можеби би можеле да го издржете ударот, се наеднаш и да дозволите болеста, како што и, да се прошири низ населението, без да преземете толку драконски мерки.“ Со други зборови, можеби би можеле да дозволиме илјадници луѓе да умрат без да се преземат никакви сериозни мерки, за да го осигураме дека бизнисотси тера како и обично. Овој фаталистички пристап, кој го споделуваат и други земји, како што се Шведска и САД, имплицитно беше критикуван од СЗО, кои бараат од нејзините земји-членки да продолжат со обидот да го спречат ширењето на вирусот.

Без сомнение како одраз на расипаниот начин на размислување на владејачката класа,во овие коментари постои елемент на малтузијанство. Тоа е идејата дека сиромаштијата, војните и епидемиите се одраз на пренаселеноста на светот и дека тие се неопходни за да се задржи населението во мал број. Џереми Ворнер, новинар во „Телеграф“, напиша: „Да не ставиме премногу добар тон врз тоа, од потполно незаинтересирана економска перспектива, СОВИД-19 може дури и да се покаже благо корисен на долг рок со непропорционалното убивање на постарите зависни“. Така, размислувањето за буржоазијата е да ја пушти болеста да се прошири низ населението, „убивајќи“ колку што може повеќе. Тогаш, Велика Британија би можела да излезе од рецесија побрзо од другите земји, кои повеќе спроведуваат мерки на одложување.

Здравствениот систем на САД е особено лошо опремен за тоа што ќе се случи. Милиони луѓе без здравствено осигурување може да се соочат со ужасни услови. Можно е Владата привремено да ги осигура луѓето во оваа ситуација. Но, ова нема да го реши проблемот со лошиот систем за здравствена заштита, кој тешко ќе се справи со нивото на заболени што доаѓа. Системот во САД е наменет само за една работа: да канализира пари во џебовите на големите медицински и фармацевтски компании. Не е во состојба да се справи со национална катастрофа на ниво што очекуваме да го видиме.

Во последните неколку недели не е спроведена никаква подготовка. Болниците немаат план, не е обезбедена обука, а опремата е реткост. Центарот за контрола на болести на САД, исто така, одби да ги користи меѓународните стандардни тестови за коронавирус, развиени во Германија, наместо одлучија да развијат свои тестови од нула. Но, ова ги соочи со многу проблеми, што значи дека тестовите доцнат многу и дека нема доволно за тестирање. Покрај тоа, капацитетите за тестирање се мали и, како резултат, процедурите премногу одземаат време. Оттука, на 6 март, до кога Јужна Кореја веќе извршила 140.000 тестови, САД извршиле само 2.000! Резултатот е дека не постои јасена слика за тоа колку луѓе всушност ја имаат болестта во САД. Не се преземаат сериозни мерки за заштита на обичните луѓе од здравствената и економската криза. Сепак, веднаш по ескалацијата на кризата, Федералните резерви на САД инјектираа 1500 милијарди долари на берзите за да ги заштитат големите бизниси.

Целосно е прикажана неспособноста на целата капиталистичка класа и нејзините институции. Се чини дека Доналд Трамп е целосно оддалечен од ситуацијата и се чини дека сите негови акции подготвуваат уште полоша катастрофа. На крајот, ова би можело да доведе до пад на Трамп. Во меѓувреме, повикот за бесплатна, национализирана здравствена заштита може да најде широко ехо.

На секој чекор, алчноста и расипаноста на владејачката класа ќе се откриваат сè повеќе. Овој образец ќе биде реплициран низ целиот свет додека болеста си пронаоѓа пат од една до друга земја.

Задачата на марксистите ќе биде да ја изложат владејачката класа и илузијата за националното единство. Ние мораме да покажеме како интересите на паразитската владејачка класа се дијаметрално спротивни на оние на остатокот од општеството:

  • Насекаде, ние мораме да покренеме барања за експропријација на сите приватизирани здравствени установи. Целата здравствена заштита и фармацевтската индустрија мораат веднаш да се национализираат под работничка контрола со цел да се испланира итно и ефикасно олеснување за сите оние на кои им е потребно.
  • Бројот на кревети мора драматично да се зголеми и, доколку е потребно, веднаш треба да се изградат нови болници – или со реквизитирање и преобликување на празни згради, како што се хотели и слично, или со изградба на нови објекти од нула.
  • Мора да биде загарантирано за сите неограничено платено боледување, апрекарната работна сила мора веднаш да добие официјални договори, или да им бидат загарантирани бенефиции како плата што ги покрива животните трошоци за работниците кои ја загубиле работа. На родителите и на старателите треба да им се обезбеди платен одмор за да се грижат за децата и за оние што се засегнати од затворањето на училиштата, градинките и слично.
  • Мора да се воведе строга контрола на ценитена сите потребни стоки. Експропријација на фабрики способни за производство на нужни производи за хигиена и медицинска опрема.
  • Треба да бидат блокирани сите иселувања и одземања на сопственоста. Празните домови што се користат за шпекулации од супербогатите треба да бидат ставени под јавна контрола за да се обезбеде сместување за бездомниците.
  • Целото неесенцијално производство треба да се паузира во погодените области со цел да се спречи ширењето на болеста, при што на работниците ќе им се гарантира целосна исплата сè додека бизнисите се затворени. Целокупниотаутсорсинг во јавниот сектор мора веднаш да се прекине, а услугите да се пренесатво матичната куќа со нивните работници кои ќе се ангажираат од државата, за да се обезбеди дека тие ќе продолжат да добиваат плати.
  • Мерките за здравје и сигурност треба да бидат воспоставени на работното место за оние кои мораат да работат, а трошоците да ги сносат компаниите. Ако газдите тврдат дека пари нема, тогаш мора да бараме да се отворат сметководствените книги.
  • Ваквите чекори треба да бидат дискутирани и одлучени од самите работници, со делегати и избрани комитети на работното место кои го надгледуваат нивното спроведување. Ако синдикатот е слаб или непостоечки, тогаш ова е можност да се започне со организирање и барање на признавање на синдикатот.
  • Потребните ресурси за борба против пандемијата не можат да се најдат со зголемување на буџетскиот дефицит ниту на националниот долг, што работниците ќе ги плаќаат подоцна преку мерки за штедење. Треба да се воведе непосреден данок на големите бизниси. Исто така, мораме да повикаме на национализација на банките со цел да ги насочиме ресурсите таму каде што се потребни, обезбедувајќи средства за домаќинства, мали бизниси и сектори погодени од карантинот.
  • Индустриите штосе соочуваат со банкрот треба да бидат национализирани и ставени под контрола на работничката класа, со цел да се заштитат работните места и животите на работниците. И мртвото богатство на монополите треба да биде експроприрано за да се финансираат потребните итни мерки.

Задачата на марксистите е да го насочи вниманието на немоќта на капиталистичката класа да го води општеството напред. Мораме трпеливо да објасниме дека само работничката класа со освојување на власта во свои раце може да пронајде излез од овој ќор-сокак.

Нов период

Сведочиме на отворање на нов период во светската историја. Период на криза – на војни, револуции и контрареволуции. Како камче фрленo во базен со вода, ефектите од оваа криза ќе создадат бранови што ќе се прошират кон секоеќоше на светот. Ова ќе биде најголемата дислокација на општеството по Втората светска војна. Секој режим ќе биде зафатен од превирања и ќе биде уништена социјалната, економската, дипломатската и воената рамнотежа.

Како што објаснивме многу пати претходно, владејачката класа никогаш не ги реши противречностите што водеа до светската економска криза во 2008 година. Наместо тоа, тие само го надувуваа меурот кој сега повторно ќе пукне. Во исто време, пандемијата ќе го зададе почетниот удар за остар пад и ќе одржува депресивен ефект врз економијата дури две години. Но, кога ќе заврши пандемијата, нема да има враќање во „нормала“. Следната деценија ќе биде далеку побурна од минатата.

Што е најважно за марксистите, ќе имаме драматични промениврз свеста на масите. Процесот ќе биде многу сличен како при воени ситуации. На дневен ред ќе бидат ставени кризата и масовната невработеност. Ќе бидат наметнати драконски меркиврз работничката класа.

Во првиот стадиум, владејачката класа ќе се обиде да ја стабилизира ситуацијата со повик на национално единство. Во изминатиот период авторитетот на естаблишментот и неговите политичарибеше уништен. Сепак, многу луѓе ќе ги прифатат новите услови затоа што ќе мислат дека се привремени и неопходни. Многумина ќе мислат дека државата делува во интерес на нацијата. Но, постепено, ќе стане јасно кој се бара да го плати цехот и чии интереси се заштитени. Од масите ќе се бара да сежртвуваатсè повеќе за владејачката класа. Но, постои граница. Штом се достигне таа, привиднатаверностод денеска ќе се претвори во силен гнев.

Основата за трансформација на свеста лежи во големите идни настани. Настани што ќе ја потресат свеста до нејзинатасрж и ќе ја принудат да го преиспита сето она во што се верува. Сè што се смета здраво за готово од обичните луѓе, ќе се промени – од најмалите секојдневни навики до националните норми и традиции. Ова ќе ги извади масите вон својата инертност и ќе ги стави на сцената на светската политика. Во меѓувреме, секој дел од статус квото ќе се распадне и масите ќе бидат соочени контра голото варварство на капитализмот.

Троцки, пишувајќи за Велика Британија во 1924 година, го објаснил овој процес како што се одвивал во Првата светска војна:

„Не смее да се заборави дека човековата свест, на општествено ниво, е ужасно конзервативна и бавно менлива. Само идеалистите замислуваат дека светот е придвижен напред преку слободната иницијатива на човечката мисла. Всушност, мислата за општеството или на една класа не оди ниту еден чекор напред, освен кога има голема потреба од тоа. Онаму каде е воопшто можно, старите познати идеи се прилагодени на новите факти. Искрено тврдиме когаќе кажеме дека класите и народите досега не покажале пресудна иницијатива, освен кога историјата ги натоварила со тешка жетва. Да беа нештата различни, дали луѓето би дозволиле да се случи империјалистичката војна? На крајот на краиштата, војната се приближуваше под очите на сите, како два воза кои возат еден кон друг по иста пруга. Но, народите молчеа, гледаа, чекаа и продолжија да го живеат својот познат, секојдневен, конзервативен живот. Беа потребнизастрашувачките пресврти од империјалистичката војна да се случатодредени промени во свеста и во општествениот живот. Работниот народ на Русија го собори Романов, ја избрка буржоазијата и ја презеде власта. Во Германија се ослободија од Хохенцолерн, но застанаа на половина пат. Војната беше потребна за да се случат овие промени, војната со десетици милиони мртви, ранети и осакатени. Кој јасен доказ е ова за тоа колку конзервативна и бавно променлива е човечката мисла, колку упорно се држи за минатото, за сè што се знае, се што е познато, предците – сè до следниот удар на немирот.“

Веќе сега, ги гледаме првите стадиуми на овој процес. Во Иран насекаде гладаме револуционерен гнев. Еден твит во кој се објаснува очајот на луѓето гласи: „Мојот голем вујко почина пред два дена поради коронавирусот. Од седумгодишна возраст, од смртта на неговиот татко и до 77-годишна возраст, беше работник. Во кризата што се шири низ Ком, тој не можеше да остане дома, затоа што мораше да избира помеѓу лебот и животот. Ова е најгорчливата мисла во мојот ум“.

 Да, тоа е многу горчлива мисла, слично на мислите што минуваат низ главите на милиони други. Илјадници луѓе не умираат за ништо друго освен алчноста и неспособноста на владејачката класа. Заканата од вирусот е единственото нешто што го спречува движењето. Но, тоа е само фактор кој одложува. Штом ќе падне прашината, масите ќе почнат повторно да се придвижуваат.

Во Еквадор, Ленин Морено воведе мерки за штедење за да се справи со ефектите од кризата. Ова скоро сигурно ќе доведе до нови побуни само неколку месеци откако владата беше скоро соборена од масовно движење. Низ Арапскиот Полуостров, Арапската револуција беше стопирана само со зголемување на социјалните средства за благосостојба. Но, со падот на цените на нафтата тоа не е остварливо, а штедењето ќе биде на дневен ред. Во Кина, експертите со години велат дека е неопходен раст на БДП од шест проценти за да се спречат социјалните немири. Па, тие бројки се минато.

Во Италија се развива слично расположение. Особено, меѓу оние на првите редови – лекари, медицински сестри и други здравствени работници кои се преоптоварени и кои треба да го надоместат недостатокот на ресурси што им се дадени од властите. Тие не можат да реагираат во моментот заради големиот товар на рамената. Но, нема да го заборават ниту она што го гледаат. Кога ќе добијат шанса да дишат, овие слоеви ќе почнат да се движат во офанзива.

Напредните капиталистички земји нема да бидат поштедени. Тука, масите влегуваат во криза, не по период на раст и просперитет, туку по повеќе од 10 години штедење и напади по кризата во 2008 година. Довербата во властите и естаблишментот е веќе на најниско ниво досега. Собирањето залихи и недостаток на внимание на безбедносните директиви во некои области се знак за тоа. И згора на се, наместо да се вратат на нивото на животниот стандардпред 2008 година, ќе бидат послужени со масовна невработеност и сиромаштија невидена во повоениот период. Ова ќе ги присили кон патот на борбата.

Во текот на борбата, работничката класа ќе се трансформира и со тоа, нејзиното раководство и организации. Во овој процес, ќе се отворат многу можности за марксистите да добијат публика за нашите идеи – најпрво меѓу напредните слоеви, а подоцна и меѓу масата на работничката класа. Нашите идеи се единствените што можат да ги објаснат настаните што се случуваат денес.

На секое ниво, катастрофата со која се соочуваме е производ на капиталистичкиот систем. Од уништувањето на околината што доведува до зголемување на епидемиите; во кородираната фармацевтска индустрија, која е заинтересирана само да инвестира во развој на нови лекови доколку тие се потенцијално профитабилни; и на здравствените системи кои години биле подложени на намалување, приватизирања и аутсорсинг до фаза кога не се во состојба да се справат со какви било ненадејни промени. Покрај тоа, владејачката класа и нејзините слуги во владите низ целиот свет се покажаа како неспособни да ја зајакнат одбраната против болеста. На секој чекор, нивната двоумење да жртвуваат дел од нивните профити овозможи епидемијата да се шири понатаму. Под маската на одговор на пандемијата, тие ќе се обидат да ги префрлат трошоците за пандемијата и економската криза на рамениците на работничката класа.

Животната средина е во алармантна состојба, бројот на поплави и суши коиштозафаќаат различни области на Земјината топка е без преседан, а ројот на скакулци се заканува на егзистенција на десетици милиони луѓе. Во Африка и Блискиот Исток беснеат војни и граѓански војни. Една катастрофа по друга ја погодува нашата планета. Но, ова не е Второто доаѓање, како што можеби некои очекуваат. Тоа се смртни удари на системот што стана оков на човечкото општество. Изборот помеѓу социјализмот и варварството не може да биде појасен. Капитализмот е хорор без крај. Но, среде својот ужас, го создава сопствениот гробар: работничката класа, која ги води зад неа сиромашните и угнетените. Штом работниците ќе кренат во офанзива, нема сила на планетата што може да ги запре.

13 март 2020 година, Хамид Ализаде, Социјалистички Повик