ЕвропаИнтернационала

Зошто марксистите се против имиграциските контроли

Заедно сме со работниците мигранти

Од почетокот на кризата од 2008 година, во Европа и во САД напредуваа антиимигрантските партии и движења. Дури со својата програма успеаја да освојат одредени слоеви на работничката класа. Ова доведе дел од работничкото движење да се прилагоди кон овие идеи, повикувајќи на построги гранични контроли, при тоа својата позиција ја бранат со цитати од Маркс. Таквите кратковидни политики немаат никаква врска со Маркс или традициите на Првата, Втората или Третата Интернационала, како што ќе покажеме.

Детален трактат за прашањето во врска со Италија на италијански од Мауро Ванети: Класна борба, мрморење на баукот. минисерија во две точки. https://www.wumingfoundation.com/giap/2018/06/marx-immigrazione-puntata-1/

автор: Никлас Албин Свенсон, 20 декември 2018

 

Маркс за брегзит

Едно од главните полиња на одигрување на оваа дискусија е прашањето на брегзит. Особено десничарските политичари заклучуваат дека причината позади брегзит е расизмот на работниците и затоа мора да „ги послушаме нивните барања“. Се осети ефектот и врз синдикалното движење, каде голем број од синдикалното водство на овој или оној начин повикаа на поголеми рестрикции во имиграцијата.

На 19 декември , лидерот на Јунајт д јунион, Лен Мекласки срочи статија насловена како „вториот референдум на брегзит ризикува да го раскине нашето општество“. Оваа статија е разумна критика на движењето за втор референдум, што навистина се заканува да ја раскине Лабуристичката партија. Но, во оваа статија, Мекласки се навраќа на темата за гранична контрола. Тој повикува на прекин на увозот на работна сила што ги подрива локалните правила и услови:

„Принципот е ист – да се осигура еднакво плаќање за иста работно место, да се почитуваат синдикалните договори и да се стави крај на скандалот со работна сила преку агенциите увезени од бескрупулозни компании само зашто е поевтин од локалниот труд. Работниците мигранти не треба да се обвинуваат за ова туку системот што дозволува алчните газди да ги искористуваат сите работници. Меј молчи за ова.“

Ова е точно. Работничкото движење мора да се бори против обидите да се подриват позициите кои се изборени. Во нив се вклучени Директивите на Поштенските работници на ЕУ, што ги отвори вратите за она што може да се наречен штрајкбрекери од други делови на Европа. Сепак, тој продолжува, и ова е делот каде ја пречекорува линијата на исправен став во еден опасен:

„Движењето на работничката класа секогаш било против расизмот – и исто така експлоатацијата. Секој синдикалец знае дека нашата сила има потреба од контрола на понудата на работници – дерегулиран слободен пазар на работната сила има ист ефект како и во другите делови на животот.“

Оваа здраворазумска реторика сокрива доста опасно барање: да се допушти на капиталистите да се определи понудата на трудова сила. Тој заклучува дека некако синдикатите треба да вршат контрола на работничката сила, но тоа не го пишува, бидејќи тоа не е ставено на дневен ред. Тој зборува за контрола на имиграцијата од страна на буржоаската држава, која во овој момент е предводена од прилично антисиндикална влада. Во стварноста, ова е повик за буржоазијата да ја ограничи имиграцијата, а не имиграциска контрола од работничкото движење. Да се тврдеше ова за целосно синдикализирана фирма, каде смеат да работат само членови на синдикат, нема марксист кој би се противел, но во овој случај воопшто не е така.

Се разбира дека некој може да тврди дека ако на власт дојде Лабуристичката партија дека ќе се променат стварите. Но, со тоа ништо фундаментално нема да се смени. Државата останува буржоаска, а економскиот систем останува капиталистички. Идејата дека претежно десничарскиот цивилен сервис ќе излезе со предлог за имиграциски нивоа за бенефит на работничкото движење, како спротивно на големиот бизнис, е наивно. Во стварност, Мекласки знае дека е на лизгав терен и затоа се обидува да го користи Маркс и антикапиталистичката реторика за одбрана на неговата позиција.

Вештината на селективно цитирање

Мекласки објавил статија на 24 декември 2016 година во весникот на Британската комунистичка партија, Морнинг стар, како дел од неговата кампања за реизбор. Статијата јасно е насочена против противникот на Лен Мекласки, левичарот Иан Алинсон, кој напиша статија неколку дена претходно во знак на поддршка на правото на работниците да се движат слободно.

Меѓу другите аргументи, Алинсон го цитира примерот на жените на работното место и тоа е добра аналогија. Барањето за жените да се држат подалеку од работните места и синдикатите беше реакционерно, барање на раздор и им помогна на газдите да создадат различни надници за жените и мажите, а со тоа се искористија жените да се поткопа машката надница и услови на работа. Сите приговори што тогаш се даваа за жените сега се даваат за работниците мигранти. Нема причина да се третираат работниците имигранти различно.

Со цел да ја одбрани својата позиција, Мекласки го цитира Маркс од Првата интернационала на Конгресот во Лозана:

„Студијата на борбата на англиската работничка класа покажа дека со цел да се спротивстават на своите работници, работодавците или носат работници од странство или го пренесуваат производството во земји каде е поевтина работната сила.“

Од овој кус исечок, Мекласки се обидува да заклучи дека Маркс ги поддржал граничните контроли. Но, ако го прочитаме целиот пасус, ние добиваме поразлична слика:

„Силата на човечката индивидуа исчезна пред моќта на капиталот, во фабриката работникот не е ништо друго освен завртка во машината. Со цел да се поврати индивидуалноста, работникот мораше да се обедини заедно со други и да создаде заедници за одбрана на неговите надници и неговиот живот. До денес, овие здруженија останаа да бидат чисто локални, додека силата на капиталот, благодарение на нивите изуми, секојдневно расте; исто така, во многу случаи националните здруженија постанаа безмоќни: Студијата на борбата на англиската работничка класа покажа дека со цел да се спротивстават на своите работници, работодавците или носат работници од странство или го пренесуваат производството во земји каде е поевтина работната сила. Според сегашната состојба, ако работничката класа посакува да ја продолжи својата борба со некаква шанса за успех, националните организации мора да постанат меѓународни.“ (Маркс, За Конгресот во Лозана)

 

Маркс го препозна проблемот: работодавачите ги користат природните поделби и граници со цел да се насска работничката класа против самата себе. Сепак, неговото решение не е „управувана миграција“, но меѓународна организација. Маркс повикува на зголемена соработка помеѓу работничките движења преку границите. И навистина, наведениот цитат е од Конгресот во Лозана на Меѓународното здружение на работните луѓе (Прва интернационала) во која Маркс се посвети да се изгради.

Вистинскиот предлог што Мекласки го цитира во својата статија – забрана на работодавците да увезуваат работна сила без колективни договори за преговори –во основа не значи ништо, но реториката предизвикува многу. Во реалноста статијата е обид да се постави левичарска опаковка за „управуваната миграција“, со која јасно се мисли на намалена миграција. Ова беше фразеологијата на Лабуристичката партија во изминатите барем две декади, од собирните центри на Тони Блер, до слоганот на Браун „Британски работни места за британски работници“ (почната на синдикалната конференција во 2007 год.) до пропагандните шолји на Милибранд „Контроли за имиграцијата“.

 

слика 2. Со цел да ја одбрани својата позиција за контрола на границите, Мекласки го цитира Маркс селективно, со криење на неговата главна точка за потребата од интернационализам и единство помеѓу локалните и имигрантските работници.

Она што е исправно барање, што го побара Мекласки во својата статија на 19 декември о.г. е забрана газдите да вработуваат странски работници на пониска надница отколку веќе постоечката. Ова е дел од програмата одобрена од Маркс .

Еден пример од историјата на синдикатот што го води Мекласки, е познатите штрајкови на рафинеријата Линдзи (Lindsey Oil Refinery strikes) каде работниците токму се бореа против влошените услови поради Директивата на поштенските работници. Во овој штрајк, локалните синдикалци се бореа да се одржи интернационалистичкото стојалиште против расистите на естаблишментот, кој безуспешно се обидуваа да го преземат штрајкот. Синдикалците бараа сите работници, без оглед на националноста, да бидат подложени на истите услови. Битката е добиена со придобивање на странските работници кон штрајкот, нешто што не можеше да се постигне ако имаше и грам ксенофобија во кампањата.

Видот на реторика што ја употребува Мекласки е таква што потешко би привлекол странски работници да се приклучат кон барањата на британските. Бирократијата на синдикатите на времето со леснотија го прифати ксенофобичниот слоган од жолтиот печат (а одбран од Гордон Браун): „Британски работни места за британски работници (British jobs for British workers)“. Овој слоган е одбран од тогашниот синдикален водач Дерек Симсон, кој требало да биде левичар. Јасно работниците, со нивната борба развија далеку подобра политичка позиција за ова прашање отколку врвот на синдикатите.

Патем, дел од левицата, кој секогаш бара докази за расизмот во работничката класа, го означи штрајкот за расистички и беше против него. Ваквата ултралева групост служи само на интересите на газдите и ќе ги турне помалку класно освестените работници во рацете на расистите на естаблишментот.

Во овој спор, работниците беа во право а синдикалните водачи беа длабоко во грешка. Не е ова случајност. Работниците во борбата откриваат дека имаат потреба да се обединат со нивните браќа и сестри од другите земји. Само тесниот реформистички менталитет ги тера водачите на синдикатите секогаш да бараат решение прифатливо за капиталистите.

Да додадеме дека во крајот на 19 век и почетокот на 20 век често штрајкбрекерите беа увезувани од другите земјји. Кога Маркс ја постави Првата интернационала една од главните задачи беше да се борат со таквите практики. Како го правеа тоа? Со придобивање на работниците мигранти во синдикатите и градење врски помеѓу работниците од различните земји преку медиумот на Интернационалата.

Успехот на Првата интернационала беше доказ на работниците, посебно во Британија, за значењето на интернационализмот (види  the importance of internationalism).  Истите методи беа користени од Втората интернационала со голем успех. Никогаш не би му паднало на памет на Маркс идеја за кампања за контрола на границите. Постои огромна разлика помеѓу тврдење дека сите работници во Британија треба да работат под исти услови и со еднаква плата и тврдење за забрана или ограничување на странските работници. Првото служи да се обедини работниччката класа, а второто да се подели.

Етичко-политичкиот проблем на Жижек

Околу Жижек секогаш има контроверзи. Понекогаш има точни поенти, но неговата способност да се согледаат хипокризијата и противречностите кај мислите на другите е поголема од неговата способност да се предложи алтернатива. Ова се однесува и на прашањето на имиграцијата.

Од некоја причина, Жижек прави дигресија кон прашањето на имиграција и бегалци кога го пишува делото за француските жолти елеци (линк на анг.):

„Истото се однесува и на нашиот голем етичко-политички проблем: како да се справиме со протокот на бегалци? Решението не е во отворање на границите за сите кои сакаат да дојдат и да се темели оваа отвореност за нашата обопштена вина (‘нашата колонизација е најголем криминал кој мора вечно да го отплаќаме’. Ако останеме на ова ниво, ние им служиме на интересите на оние на власт кои го зајакнуваат конфликтот помеѓу имигрантите и локалната работничка класа (која се осеќа загрозена од нив) и да го задржиме нивното супериорно морално гледиште.“

Оваа анализа е површна. Се разбира дека постои ситнобуржоаско морализирање кога бегалците се во прашање. Голем број добротворни организации сакаат да се занимаваат со бегалците, посебно кога се одделечени еден цел континент. Сепак, не е доволно да се забележи ова и да се спротивстави на прашањето за класната борба. Во реалност, постои голема солидарност помеѓу работниот народ од различни потекла и ова е поважно за движењето Рифјуџи велком отколку каква и да е било етичка размисла или чувство на вина.

слика 3. Како и други интелектуалци од средната класа, Жижек ги смета работниците за незаинтересирани за интернационална солидарност или теориските аспекти на оваа класна борба

Како и други интелектуалци од средната класа, Жижек ги смета работниците за незаинтересирани за интернационална солидарност или теориски аспекти на оваа класна борба, а дека единствениот интерес им е во следната исплата на платата. Во нивната анализа на оваа тема, овие интелектуалци го откриваат своето ниско мислење за работничката класа. Затоа, од одредена причина, е неточно да се поставува прашањето како фундаментално етичко и да се објави како залажување, како што пишува:

„Во моментот кога некој ќе почне да размислува во оваа насока политички коректната левица веднаш плаче фашизам – видете го жолчниот напад врз Анџела Нејџл за нејзиниот извонреден есеј „Левичарска одбрана против Отворените граници“. Повторно, контрадиквијата помеѓу адвокатите на отворени граници и популистите антиимигранти е лажна ‘секундарна контрадикација’, чија конечна функција е да се замагли потребата од промена на самиот систем: целиот интернационален економски систем што во сегашна форма е извор на бегалците.“

Жижек е се разбира во право дека фундаментално, главната битка мора да биде промена на системот. Но во оваа битка, прашањето на бегалците и имиграцијата ќе станува поконфузно ако прашањето се постави на погрешен начин. Во оваа смисла, токму тоа неговата статија го прави. Имграцијата и бегалците се многу важна работа што треба да се постави, но прашањето мора да се одговори социјалистички, а не етички.

Маркс и ирското национално прашање

Жежек се повикува на статија на Анџела Нејџел во конзервативниот Американ афеарс во ноември 2018 насловен како „Левичарска одбрана против Отворените граници“, што одекна со голема критика, а и пофалби од левицата. Вредни да се спомене затоа што тоа е повторно случај на обид да се употреби Маркс за оправдување на противењето на имиграција. Пасусот кој Најџел го одбрала е од Писмото на Маркс на два члена од САД на Првата интернационала (заб. линкот е на англиски) :

Поради постојаниот пораст на концентрацијата на изнајмените имоти, Ирска постојано испраќа од своите вишоци на англискиот пазар на труд, а со тоа присилува намалување на надниците и материјалната и морална положба на англиската работничка класа.

А најважно од се! Секој индустриски и комерцијален центар во Англија поседува работничка класа поделена на два непријателски табора, англискиот пролетаријат и ирскиот пролетаријат. Обичниот англиски работник го мрази обичниот ирски работник како соперник кој му го намалува животниот стандард. Во однос на ирскиот работник то се смета себе си за член на владејачката нација и соодветно тој станува алатка во рацете на англиската аристократија и капиталисти против Ирска, а со тоа се зајакнува нивната доминација над него. Тој ги одржува религиозните, општествени и национални предрасуди спрема ирскиот работник. Неговото однесување спрема него е сосема исто како „сиротите белци“ спрема црнците во поранешните ропски држави на САД. Ирецот, пак му враќа со камата за неговите сопствени пари. Тој го гледа англискиот работник и како соучесник и како глуп алат на англиските владетели во Ирска.

Овој антагонизам вештачки се одржува во живот и се интензивира од печатот, од проповедницата, во стриповите, на кратко, во сите средства на располагање на владејачките класи. Овој антагонизам е тајната на импотентноста на англиската работничка класа, покрај својата организација. Тоа е тајна со која капиталистичката класа ја одржува власта. А, сосема е свесна за ова.“

Ова е многу јасна анализа каде Маркс истакнува дека ирските мигранти се настрвени против англиските работници во Англија во втората половина на 19 век и дека ова поделба штети на класната борба во Англија. Фактот што Маркс го истакнува ова не треба да не изненадува. Тоа што нас треба да не интересира не се Марксовите вештини за опсервација туку предлозите за решение, нешто што Нејџел не сака да го види и вклучи:

„Англија, метролполата на капиталот, силата која до сега владееше со светскиот пазар, денес е најважна земја за работничката револуција и уште повеќе единствената земја каде материјалните услови за таквата револуција достигнаа одреден степен на зрелост. Соодветно, таа е најважниот предмет на Интернационалното работничко здружение за да ја забрза социјалната револуција во Англија. Единствениот начин за забрзување е да се направи Ирска независна. Затоа, задачата на Интернационалата насекаде е да го истакне конфликтот на Англија со Ирска на преден план и насекаде отворено да застане зад Ирска. Специјална задача на Централниот совет во Лондон е да ги освести англиските работници дека  за нив националната еманципација на Ирска не е прашање на апстрактна правда или хуманитарен сентимент, но прв услов за сопствена социјална еманципација.“ (истакнувањето е во оригиналот)

Токму ова е срцевината на нештата. Маркс се залага за англиските работници да се обединат со ирските работници со поддршка на нивната кауза за независност, а за Првата интернационала да застане зад оваа кауза. Затоа, англиските и ирските работници ќе бидат обединети во борбата против англискиот капитал и англискиот империјализам.  Треба да се истакне дека тој го става бремето врз англиските работници да се приклучат на повикот со цел да се придобијат ирските работници на нивна страна. Ова е сосема различно од залагањето за контрола на границите.

Нејџел изгледа дека само го копирала цитатот од една статија на Дејвид Л Вилсон во Монтли ривју. Во оваа статија тој тврди дека би било неисправно да се занемаруваат гружите за улогата на имиграцијата во депресијата на платите, што е точно. Сепак, овој аргумент, без понатамошно објаснување може лесно да се користи за оправдување на нешто сосема реакционерно. Вилсон не го прави тоа. Наместо тоа тој го користи цитатот исправно, па се залага за обединување на работниците преку границите, дека треба да се спротивставиме на надворешната политика на САД и да се обединат работниците мигранти и немигранти. Тоа е исправно. Тој исто така расправа против неколку посебно штетни политики на владата на САД против мигрантите. Сепак, фундаменталното теориско прашање за границите го остава нерешено.

слика 3. Политиките на Маркс на Првата интернационала немаат никаква допирна точка со провинцијализмот на сегашното синдикално водство

Таквата нејаснотија ги отвора вратите на поинкави толкувања. Анџела Нејџел го следи Вилсон во аргументација против „коренитите причини на миграцијата“, која таа ги пронаоѓа во надворешната политика на САД, мултинационалните корпорации и сиромаштијата. Сепак, таму каде Вилсон расправа против имиграциската контрола како штетна за единството на мигрантот и немигрантот работник, Нејџел зема спротивна позиција.За Нејџел, изгледа дека самиот податок дека постои конфликт помеѓу мигрантот работник и немигрантот работник е аргумент за имиграциска контрола, додека во стварноста тоа е аргумент токму за спротивното. Во вешто извитоперување Нејџел цитира делови каде Маркс се залага за одбрана на ирските работнички демократски права за аргументи за зголемени казнени мерки против миграцијата:

„Во однос на илегалната миграција, левицата треба да ги поддржи напорите да се направи Е-верифај задолжителен и да се залага за поцрвсти казни за работодавците кои не ги спороведуваат. Работодавците, не мигрантите, треба да бидат примарен фокус на напорите за спроведување на законот. Овие работодавци ги искористуваат имигрантите на кои им недостига обична легална заштита со цел да се забрза трката кон дното на платите додека се избегнуваат даноците на приход и обезбедување на други бенефити. Таквите иницијативи треба да се отстранат ако се залагаме за фер третман кон работниците.

Исто како што Маркс ја опиша ситуацијата во Англија во негово време, политичарите како Трамп ја базираат својата поддршка со подгревање на антиимигрантскиот сентимент, но тие ретко или никогаш не зборуваат за структурната експлоатација – дали дома или во странство – што е коренита причиназа масовната миграција. Често, тие ги влошуваат овие проблеми, со проширување на силата на работодавците и капиталот спрема трудот, додека бесот на своите поддржувачи – честопати жртви на овие сили – го насочуваат кон другите жртви, имигрантите. Но и кон целата реторика на Трамп против имиграцијата, неговата администрација речиси не направи ништо за спроведување на Е-верифај, а наместо тоа говори за граничниот ѕид кој никогаш нема да се материјализира. Додека се одделуваат семејства на границата, администрацијата замижува на работодавците кои ги користат мигрантите како пиони во играта на арбитража на трудот.“

 

Тука, Нејџел се обидува да се претстави како да е на страната на работниците, со барање работодавците да се казнат. Но во реалноста, како што истакнува Вилсон во неговата статија, овие видови на казни и барања ги прават имигрантските работници поранливи на експлоатација од работодавците. Создавањето на подкласа на екстраекспоатираните миграните е точно она што легислативата го постигнува. Работодавците си користат сомнителни подизведувачи да ги избегнат овие мерки. Овие предлози нема да решат ништо, а во основа, се само дел од истата реакционерна позиција како старите антикинески закони од 1882 година, која Нејџел ги цитира, речиси со одобрување, кога дискутира за неславните поглавија на историјата на АФЛ (заб. на  прев. АФЛ е најсилна синдикална федерација на трудот во САД).

Нејџел го остава во рацете на капиталистите прашањето за контрола на протокот на труд. Ако капиталистите определуваат дека треба да дојде повеќе труд, легално или нелегално, тие би ги пуштиле внатре, ако не, тие нема да ги пуштат. Идејата дека ова ќе ја зајакне преговарачката позиција на рботничката класа е кратковида, во најмала рака. Ова е рефлексија на надежта на бирократијата на синдикатите за лесен живот.

Таква политика би ставила клин помеѓу легалните и нелегалните работници и најверојатно ќе создаде раслојување на работната сила, каде едни имаат поголеми права од други. Во последните неколку декади, АФЛ-ЦИО, како нивна заслуга, имаа кампања против законите за миграција и се залагаа за право на државјанство и право да останат. Ова е исправно и соодветно е на програмата прифатена на Втората интернационала, баш затоа што изникнува од потребата работничкото движење да ги подобри своите права, а со цел да се обедини.

Сепак, Трамка и други водачи на АФЛ-ЦИО продолжуваат со приказната за укинување на „нелегалната“ имиграција, што е повеќе или помалку исто како што тврди Нејџел. Тие премногу се замараат со реториката на буржоазијата, а не со она што навистина тие го прават. Целата идеја да им се дадат права на мигрантите, без оглед дали е право да се остане под одрдени услови или комплетно илегално, е да се намалат платите и уловите и да се создаде екстраексплоатиран дел на работничката класа. Токму од тие причини не може да очекуваме од капиталистичката класа или од нејзиниот државен апарат, создавање на проработнички миграциски систем.

 

Митот на либералната буржоазија

Многумина левичари заради прекривање на сопствениот опортунизам се залагаат за имиграциска контрола но велат дека се против либерализмот. Во обидот да се оправда оваа нивна политика на разделување, тие се повикуваат на фразеологија на класен конфликт и се против „либералната елита“. Во реалноста, оваа либерална елита не постои.

Нејџел ја цитира кампањата на Марк Закенберг Напред.сад (Fwd.us) како да била наклонета на левицата за отворени граници, но во реалноста, нивната програма не е за отворени граници, ама за „похумани“ и ефикасни граници. На пример, Fwd.us заедно со Институтот Като тврди дека притворањето е прескапо и со потврден тон се залагаат за „електронски монитори на глуждовите, телефонски јавувања и употреба на биометриски софтвер за препознавање на гласот, ненајавени посети дома, верификација од работодавачот и извештаи од лично надгледување на учесниците“ (види оригинал (Alternatives to Detention Are Cheaper than Universal Detention, Cato Institute) Втора фаза на програмава почна во 2010 год. – две години од власта на Обама. Не е лоша илустрација на разликите на политиката на републиканците и демократите. Првите се залагаат за центри на притворање, а вторите за електронско тагирање затоа што е поевтино.

слика 5. Хилари Клинтон инсистира Европа да ја заузди миграцијата

 

На 22 ноември Хилари Клинтон инсистираше Европа да ја заузди својата миграција:

 

„Се восхитувам на великодушните и емотивни приоди што ги презедоа лидерите како Ангела Меркел, но сметам дека е праведно да се каже дека Европа го направи своето и мора да испрати јасна порака ‘не сме способни да продолжиме со поддршката на бегалците’ – затоа што ако не се справиме со проблемот на миграцијата тој ќе продолжи да ја мати главната политика“ (види Hillary Clinton: Europe must curb immigration to stop rightwing populists )

Со други зборови, мора да се победи екстремната десница со прифаќање на нивната програма.

Друг миленик на естаблишментот, Тони Блер, се согласува:

„Мора да се соочиме со оправданиот гнев и да им одговориме, токму затоа што денес во Европа не можеш да излезеш на избори доколку немаш силен став за имиграцијата, бидејќи луѓето се загрижени за тоа… Мораш да одговориш на овие проблеми. Ако не одговориш тогаш оставаш голем простор во кој ќе зачекорат популистите“ (види (Clinton, Blair, Renzi: why we lost, and how to fight back )

Блер како стар буржујски политичар никогаш не изјавил нешто јасно за овие прашања, ама само испушта хинтови.  Ние имаме потреба од „силен став за имиграцијата“ – но не вели каков став требало да имаме. Треба да се присетиме дека имиграциската политика на Блер „управувана миграција“ – вклучуваше поставување на приватни центри за притоврање каде имигрантите се третираа полошо од криминалци. Неговата партија делеше летоци дрдорејќи дека го намалиле бројот на баратели на азил итн. Повеќето од онаа непријателска атмосфера за барање на полициска придружба од страна на лекарите, наставниците, професорите, банките и газдите на станови постоеше во ембрионска форма за време на режимот на Блер. Па, може само да претпоставиме дека тој само предлага исто.

Сфаќањето на Блер за прашањето на избори е прилично ограничено. Изборниот манифест на Лабуристичката партија од минатата година беше највеќе промигрански во споредба со многу претходни години со опозицијата на оние од „непријателската атмосфера“ и неограничениот притвор. Овој манифест, и покрај поддршката на имиграцискиот систем врз основа на бодирање, беше јасно напуштање на флертот со замаскираната ксенофобија за време на Блер, Браун и Милибанд. На основа на ваквиот манифест, лабуристите имаа најдобар резултат од 1997 год.

Меркел се нарекува пријател на имиграцијата, но воопшто не е така. Точно е дека за време на бегалската криза таа допушти повеќе бегалци во Германија отколку на друго место, но тоа не го стори од општо одобрување на имиграцијата. Во реалноста, таа се обиде ја запре слободата на движење на растурање целосно во ЕУ. Се издигнаа граници помеѓу земјите-членки и на тој начин се намали притисокот додека работеше на планот за намалување на протокот на бегалци. На крајот, се договори со Ердоган, кој прифати 6 милијарда евра за да ги задржи бегалците во Турција преку нишанот на пушка. Ете, таква е големата хуманитарност на Европската унија.

 

Лева шминка на буржоазијата

Митот на либералната буржоазија постои и кај проимигрантската и антиимигрантската левица. Пол Мејсон, иако ги смени ставовите неколку пати, во 2016 год. тврдеше дека лабуристите мора да создадат сојуз со „глобалната секција на елита“ за мек Брегзит. Ваков став е широкораспространет во британската проеу левица. Тие мислат дека ЕУ е некој вид на прогресивна институција и , мада не мора да ја користат фразата на Мејсон, тврдат за точно истата ствар: меѓукласен сојуз помеѓу работниците и банкарите од градот Лондон, кои во мнозинство ја поддржуваат опцијата за останок (во ЕУ).

Во САД, народниот фронтизам го зема обликот на поддршка на Демократите. Ама Демократите иако не се баш екстремно десни како Трамп, сепак ја бранат во голем дел неговата програма. Главната критика на Демократската партија е дека тој го прави тоа лошо да изгледа. Службата ИЦЕ (Имиграциска и Царинска служба) е фина, но децата треба да се депортираат заедно со своите родители, а не одделно. Во истото интервју цитирано погоре Хилари Клинтон вели дека прво треба да се депортираат криминалците, заканата на националната сигурност и лошите актери а потоа за оние кои се во САД подолго време да се понуди добар процес и ред на чекање. Вели дека за народот кој само доаѓа, да им се заврти грб, освен ако не се квалификуваат за азил. Може да се претпостави дека тука таа мисли на караванот со мигранти. Не е ни за чудење што на првата средба на „Прогресивната“ група на Демократите по ноемвриските избори, собраните конгресмени не можеа да понудат искрен одговор за нивниот став за ИЦЕ и во основа веќе не се противат на ИЦЕ како во летото.

Да се преправаме дека буржоазијата на некој начин е пријател на работниците-мигранти или сојузник на тие кои се борат против расизмот и ксенофобијата е да се послужи буржоазијата, со левичарска „прогресивна“ шминка. Како марксисти, наша задача е да ги разоткриеме реакционерните мотивации позади нив и делот на буржоазијата што се крие зад прогресивните, демократски бои, а и делот на буржоазијата која се преправа дека е на страната на домашните работници против странските.

 

Нашата вистинска традиција

Штутгартската Конференција во 1907 година е најважен конгрес на Втората интернационала. Таа дискутираше за колониите, за војната, империјализмот, правото на глас на жените, синдикатите и миграцијата. Тоа и не е случајно: токму на овие прашања опортунизмот се покажа најјасно.

Десните опортунисти, главно од Британија, САД и Германија, се расправаат во корист на колониите како „цивилизирачка“ сила против цврстата линија на војна, против имиграција од земјите „кои се далеку во нивниот развој“ во корист на „неутрален“ (т.е. аполитичен) синдикализам и во корист на компромис по прашање на правото на глас на жените, ставајќи приоритет на гласот на мажите во однос на жените. На крајот победи левицата по број на гласови.

Вреди да се потсетиме детално на прашањето на имиграцијата, какви аргументи се употребија за време на дебатата што се доста слични на оние на Нејџел и Мекласки. Тремер, делегат од Австралиската лабуристичка партија вака излага:

„Капиталистите затоа сакаат да донесат повеќе азиски работници за да ги намалат платите. Работниците мигранти белци брзо се организираат и тие не ги влошуваат условите за Австралијанците. Затоа Австралиската лабуристичка партија осакува да се избегнат одредени работници од кои не се очекува да ги прифатат улсовите на белците. Ова значи азијати. Тој верува дека оваа политика на АЛП не е во противречност со социјализмот… Се разбира, ние сакаме општо братство на народите, но додека не се постигне ова мора да се погрижиме за работниците од сопствената земја, па да не се понудат на капиталистите без отпор“

Истиот сентимент го изразува и делегатот од САД, Хилквит:

„Капиталистите увезуваат таква работна сила, што по природа мора да е поевтина и општо служи како штрајкбрејкерство, а кои се опасна конкуренција на домашните работници. Денес оваа работна сила се Јапонци и Кинези, општо жолтата раса. Ние немаме воопшто расни предрасуди против Кинезите туку мораме да изјавиме дека се потполно неспособни за организирање. Луѓето можат да бидат организирани за класна борба кога нивниот развој веќе прогресирал доволно далеку, како што е случајот со Белгиците и Италјанците кои мигрирале во Франција. Кинезите  сè уште се назад во својот развој за да бидат организирани. Социјализмот не смее да биде прост сентиментализам. Ние сме насред отворена битка помеѓу капиталот и трудот. Секој кој стои против организираниот труд е наш непријател. Дали сакаме некаква привилегија на странските штрајкбрејхери, со кои ќе се борат домашните работници? Ако не преземеме мерки против увозот на кинески штрајкбрехери, тогаш ќе го разнишаме социјалистичкото работничко движење.“

Со исклучок на тонот на јазикот од горе, го имаме истиот феномен како Нејџел и Мекласки. Под превезот на интернационализам и фразеологија на класна борба, овие делегати се залагале за напад на правата на одредени групи на работници. Не имиграцијата општо, се разбира (а што е САД без имигранти?) туку на одредена група на работници кои биле сметани за такви што ги намалуваат платите.

Не е за чудење што групата која е на тапет за американските членови е миграцијата од Азија. Конгресот на САД, само 5 години претходно, го донесе Законот за исклучување на Кинезите од 1882 година како траен, со кој се забранува понатамошна имиграција од Кина, но и ги укина низа права за мигрантите од кинеско потекло. Законот беше поддржан бесрамно од АФЛ, како и градежните синдикати во Калифорнија, додека левичарското ИВВ активно се противеше на Законот. На овој начин делегатите од САД и Австралија само ја следеа владејачката класа на САД.

Ова беше втор пат како делегатите од Социјалистичката партија на Америка го покренуваат ова прашање. На Конгресот во Амстердам во 1904 год., Хилквит предложи слично барање, со повик за шрекин на увозот на работници од „назадните  раси“. Резолуцијата имаше противници од другите делегати од СП во тоа време и како и резолуцијата од 1907 година и оваа беше повлечена. Сепка, мнозинството на СП беше целосно опортунистичко на ова прашање и играат на картата на имиграцијата во претседателската кампања на Дебс во 1904 година, и покрај личното отфрлање на Дебс на резолуцијата од Штутгарт.

Во Штудгарт, делегатите на американската Социјалистичка работничка партија (предводена од Дениел Делеон) се противеше на оваа политика:

„Претседавачот, Џулиус Хемер ја критикуваше посебно третата точка на резолуцијата на Хилквит, со кои се дозволува можен лимит на имиграцијата на кинески и јапонски работници. Ова е потполно несоцијалистичко. Мора да се избрише секаков статутатен лимит на имиграцијата. Ништо не може да се постигне за социјализмот преку легислативен пат во соработка со буржоаските партии. Претседавачот даде неколку примери како расната омраза во Америка ги ослепува работниците и ги наведува на насилство. Јапонците и Кинезите можат да се организираат многу добро. Нема такви необразувани работници за кои се тврди. тие го разбираат капитализмот многу добро, а разбираат и како да се бориме против него.“

Ова имаше одек кај италијанските делегати:

„Не може да се бориме со мигрантите туку со искористувањето кое ја тера емиграцијата. Италијанската партија и синдикатите се секогаш внимателни на ова. Ние сме против контрола на миграцијата, бидејќи знаеме дека камшикот на гладот зад мигрантите е посилен од кој било закон на владите.“

Во основа, истите аргументи се применливи и денес. Ставот заземен од опортунистите на таа конференција е компретно аналоген на ставот на тие што се залагаат за миграциска контрола. Резолуцијата што е прифатена на конгресот во Штутгарт ја истакнува истата поента уште еднаш:

„Конгресот не бара лек за можните последици за работниците од имиграцијата и емиграцијата со какви било закони за економска или политичка исклучивост, бидејќи тие се бесплодни и реакционерни по природа. Ова е посебно точно за рестрикцијата на движење и исклучување на странските националности или раси.“

Наместо миграциска контрола, која се смета за „реакционерна по природа“, Втората интернационала предлага низа на мерки за зајакнување на работничкото движење во државата реципиент:

„ 1. Забрана на извоз и увоз на оние работници кои се согласуваат на договор во којшто се лишени од правото на слободно располагање на нивниот труд и плата.

 

2. Статутарна заштита на работниците со намалување на работниот ден, воведување на стапки на минимална надница, укинување на системот на присилна работа и регулација на работата од дома.

 

3. Укинување на сите ограничувања со кои одредени националности или раси престојуваат во земјата или со кои се исклучуваат од социјалните, политички и економски права од домашните работници или попречување да ги уживаат тие права. Екстензивни мерки за олеснување на натурализацијата.“

Дополнително, одлучено е синдикалното движење да ги отстрани сите ограничувања на мигрантите од членување и да направат повеќе во осленување на нивното вклучување, како и основање на меѓународно синдикално движење и зајакнат синдикатите во земјата од каде доаѓаат мигрантите.

Оваа интернационалистичка програма стои како остар контраст од провинцијализмот на денешните лидери на работничкото движење.

Јасно е дека улогата која ја има работникот мигрант во капиталистичкото општество не е сменето фундаментално. Има постојани обиди од страна на денешната капиталистичка класа, како и пред 100 години, да се користат мигрантите за намалување на платите и условите. Колку успеале може да се дискутира на широко и долго, но дури и да се заклучи дека мигрантите ги намалуваат претходните услови на трудот, не следува дека мора да се поддржат имиграциски контроли. Токму спротивното. Улогата на синдикатите и политичките партии мора да ги интегрираат и образуваат работниците што не се во синдикат со цел да се зајакне работничкото движење. Како такво, мора да се бориме против сите дискриминации и различни права за мигрантите и немигрантите, вклучувајќи го правото на мигрантите да останат, независно од нивното вработување.

 

Ленин и Третата интернационала

Ленин, се разбира, беше на страна на левицата на Конгресот во Штутгарт. Тој изрази загриженост за силата на опортунизмот во работничкото движење:

„Овој глас за колонијалното прашање е од големо значење. Прво, остро го изложи социјалистичкиот опортунизам, што се сведе на буржоаско лигавење. Второ, се разоткри негативна појава на европското работничко движење, што може да направи немала штета на пролетерската кауза, и затоа заслужува посебно внимание.“

Резолуцијата за Колонијалното прашање е изгласана со тесно мнозинство, каде помалите нации ги надгласаа тие од империјалистичките колонијални нации. Тој посвети внимание на силата на опортунизмот на империјализмот, нешто на кое се наврати во својата книга Империјализмот, највисок стадиум на капитализмот. Тој го истакна истото во врска со прашањето на имиграцијата:

„Неколку зборови за прашањето за емиграцијата и имиграцијата. Тука, исто така, во Комисијата имаше обид да се бранат тесни, лукави интереси за забрана на имиграцијата на работници од назадни земји (кули – пежоративен израз за Кинези итн).  Ова е истиот дух на аристократизам што може да се најде меѓу работниците од некои од „цивилизираните“ земји, кои извлекуваат одредени предности од својата привилегирана позиција и се, според тоа, инклинирани да заборават за потребата од интернационална класна солидарност.  Но никој од планарната конференција на Конгресот не го бранеше овоа лукаво и ситно буржујско тесноградие. Резолуцијата што се изгласа ги исполнува барањата на револуционерната социјална демократија.“ (види The International Socialist Congress in Stuttgart[1] (Proletary)  )

Ленин се сложи со резолуцијата и противниците на правата на мигрантите ги поврза со (политика на) поддршка на империјализмот. Неговиот став на ова прашање како и за другите беше интернационалистички. Ставот на слојот на работничката класа во империјалистичките земји беше штетен за ова единство. Како што истакна Ленин, тие се „инклинирани да ја заборават потребата од интернационална класна солидарност“.

Во неговата статија Капитализмот и работничката имиграција од 1913 година, тој пишува:

„Буржоазијата ги подбуцнува работниците од една нација против тие од друга во намерата да ги држи разединети. Класно освестениот работник сфаќа дека распаѓањето на сите национални бариери во капитализмот е нужно и прогресивно, и при тоа се труди да ги просветли и организира своите другари, работници од назадните земји“.

Во 1915 година, тој повторно се навраќа на темата:

„Во нашата борба за вистински интернационализам и против ѕинго-социјализмот ние секогаш во нашиот печат го истакнуваме примерот на опортунистичките лидери на СП во Америка кои се во косрист на рестрикции на имиграцијата на кинеските или јапонските работници (посебно по Конгресот во Штутгарт, 1907 г, и против одлуките на Штутгард). Сметаме дека некој не може да биде интернационалист, а во истовреме да биде поборник на такви рестрикции. И затоа велиме дека Социјалистите во САД, посебно англиските Социјалисти, кои припаѓаат на владејачка и угнетувачка  нација, коишто не се против каква било рестрикција на имиграција, против поседувањето на колонии (Хаваи) и за целосна слобода на колониите, дека таквите Социјалисти во основа се ѕингоисти.“ (Писмо до Секретарот на Социјалистичкиот пропаганден сојуз)

Ставот на Ленин е сосема јасен. Нема простор за расправа за рестрикции на имиграцијата. Таквата позиција е на „ѕинго-социјализмот“ и во суштина спротивна на интернационалистичката политика. Ленин понатаму пишува за добротворните ефекти на имиграцијата во статијата од 1913 год:

„Не се сомневаме дека длабоката сиромаштија ги тера луѓето да ја напуштат матичната земја и дека капиталистите ги искористуваат имигрантите на најсрамен начин. Но само реакционери можат да ги затворат очите на прогресивната значајност на современата миграција на нациите. Еманципацијата од јаремот на капиталот е невозможна без понатамошен развој на капитализмот и без класната борба што се раѓа од него. И токму во оваа борба капитализмот ги привлекува масите на работниот народ на целиот свет, со рушење на мувлосаните, зачмаени навики на локалниот живот, со рушење на националните бариери и предрасуди, со обединување на работниците од сите земји во големите фабрики и рудници во САД, Германија итн.“

Проблемот на миграција се гледа од аспект на интернационалната работничка класа. Миграцијата, иако често пати длабоко трауматична и трагична за сите кои се присилени на неа, има историски прогресивна улога, во тоа што служи да се разрушат националните граници, рпедрасуди и навики. На долг рок, таквиот развиток само ќе служи да се засили работничкото движење, национално и интернационално.

слика 6 Ленин

Третата Интернационала исто така донесе одлука за прашањето на мигрантскиот труд на 4 конгрес. Во тезите за Источното прашање  може да се прочита следното:

„Во очи на опасноста, комунистичките партии на империјалистичките земји, САД, Јапонија, Британија, Австралија и Канада, се должни да не се ограничуваат себе си на пропаганда против војната туку исто да се трудат најмногу да се отстранат факторите што ја дезорганизираат работничката класа во овие земји и прави полесно на капиталистите да ги користат националните и расни антагонизми. Овие факори се прашањата на имиграцијата и евтината работна сила на обоените.

Главниот метод за регрутирање на обоени работници денес на плантажите на шеќер на јужниот Пасифик денес е системот на договор, што ги носи работниците од Кина и Индија. Факт е дека со ова работниците од империјалистичките земји бараа да се донесат закони против имиграцијата и против обоените трудбеници, и во САД и во Австралија. Овие закони го продлабочија антагонизмот помеѓу обоените и белите работници со фрагментација и ослабнување на работничкото движење.

Комунистичките партии на САД, Канада и Австралија мора да водат ригорозна кампања против законите што ја ограничуваат имиграцијата и им објаснат на пролетерските маси на овие земји дека тие исто така ќе настрадаат од расната омраза потхранета од овие закони.

Капиталистите се против антиимиграциски закони затоа што се залагаат за слободен увоз на евтин обоен труд (се мисли на Црнци) како средство за придвижување на намалување на платите на белите работници. Постои само еден начин да се соочат успешно со намерите на капиталистите да одат во напад: имигрантските работници мора да се примат во постојните синдикати на Белците. Истовреме, треба да се истакне барање дека платите на Обиените работници се донесат на исто ниво како и платите на Белците. Таквиот чекор на Комунистичките партии ќе ги изложи намерите на капиталистите и јасно ќе им покаже на Обоените работници дека интернационалниот пролетаријат не е легло на какви било расни предрасуди.“

 

Повторно, нема прашање дека капиталистите се обидуваат да увезат труд за да ги намалат платите, но ова може да се „спречи само на еден начин – имигрантските работници мора да се примат во постојните синдикати на Белците.“ (мое истакнување). Со барање за нивелација на платите на мигрантите ќе „се изложат намерите на капиталистите“ и , зарем треба поексплицитно да се нагласи, „графички ќе докаже“ дека „интернационалниот пролетаријат нема расни предрасуди“.

 

Антиимперијализам?

Левите поборници на миграциска контрола од време на време ја оправдуваат миграциската контрола повикувајќи се на интернационалната солидарност. Се разбира дека миграцијата е лоша за земјите од коишто се емигрира и треба ли да биде во корист на подобрување на условите таму? Ова звучи доста пријатно, но прашањето е како треба дасе подобрат условите? Понатаму, работничката класа не е реално на власт, па со какви барања може да доведат до таа точка?

За сите лажни фрази на светските лидери, тие секогаш прво ги гледаат сопствените интереси. Трамп бара граници за добрата и мигрантите. Целата работа на протекционистичките бариери на добра е да се извезе невработеноста во други земји. Истото се однесува и на мигрантите. Со држење подалеку на мигрантите, владејачката класа на САД помага во оладување на класната борба дома, на сметка на се разбира, Мексико и земјите од централна Америка. Потоа, владејачката класа на САД се обидува да ја користи мексиканската држава да се судри со бранот на мигранти од централна Америка и да ги насели во Мексико. Ова е исто така политика, малку задскриена, на демократите и тн либерален естаблишмент. Слично и за политиката на ЕУ во однос на Турција. Така работи империјализмот.

слика 7 Нејџел исправно истакнува дека американсите воени авантури се главен фактор на мигранските бранови, но тоа е само дел од приказната

 

Во една посрамна изјава, германскиот комесар за Африка, Гинтер Нооке предложи европските земји да изнајмат земјиште во Африка со цел да изградат градови што би ги апсорбирало мигрантите и развило економијата, т.е. да ги вратат во колонијализмот. Сличен предлог даде реакционерниот претседател Лобо во Хондурас. Во суштина, ова е само гола изјава на тоа што веќе го прават империјалистичките земји во Специјалните економски зони. И покрај фините фрази за развој, таквата политика не служи никому освен ним самите.

Во популарните имагинации, се разбира, добротворните организации и странската помош служат во намерата да се помогнат осиромашените маси на светот. Во реалноста, добротворните организации главно ги сврзуваат своите џебови со оние на корумпираните владини функционери низ светот. Работниците и сиромаштијата морат да се помират со трошките. Во најдобар случај, добротворните организации ја покриваат штетата што е направена од војските и банките на империјалистичките нации.

Нејџел исправно ги истакнува воените авантури на САД како главни двигатели на миграциските бранови. Навистина, дестабилизацијата на Блискиот Исток доведе до милиони луѓе лишени од нивните домови и живеење. Со ова се согласуваме. Предуслов мора да биде недвосмислена опозиција на американскиот империјализам.

Но не е само војната  или политичката репресија тоа што е причина на миграцијата. Еден од факторите што придонесуваатна мигрантскиот караван е цената на кафето. Империјализмот ја направи централна Америка зависна од кафето како извоз. Откако падна бразилскиот реал, натпреварувачите за бразилското кафе ги удри доста тешко. Со 2 долара килограм арабика за зрно кафе не се покриваат трошоците на производство. Затоа што не постои друг извор на вработување, фармерите на кафе се турнати во мигрирање. Во исто време, компаниите како Старбакс го продаваат своето кафе за 50 долари по кг. Таа е таа улога на мултинационалните компании во светската економија и нивниот придонес во бранот на миграција.

Во реалноста, нема смисла да се зборува за промена на условите во поранешниот колонијален свет без предизвикување на капитализмот и самиот империјализмот. Целиот 20 век покажува на безплодноста на антиимперијализмот без антикапитализам и социјализам. Точно поради тоа што империјализмот е внатрешно поврзана со капитализмот, па борбата против империјализмот мора да се поврзе со борба против капитализмот. Секој друг предлог, посебно тие што произлегуваат од работничкото движење во империјалистичките земји, не е ништо повеќе од левичарска лушпа за империјализмот. Работниците на империјалистичките земји треба да се обединат со работниците во поранешниот колонијален свет со борба против сопствената империјалистичка буржоазија. Тоа е вистинската интернационална солидарност.

Нов период

Нашата програма не е за прилагодување со капиталистичката класа туку за обединување на работниците преку границите во одбрана на условите, против кратењата и за социјалистичка револуција

 

Една чудна работа во сегашниот период со кое е заразено работничкото движење е носталгијата за некој далечен период.Под притисок на кратења на јавните сервиси и нападите врз платите и условите, многу работници гледаат назад кон претходната ера како ера на стабилност и благосостојба. Време кога капиталистите и синдикатите склучуваа договори за порастот на платите, а не кратење на платите и кога политичките партии ветија – и исполнија – реформи. Време кога зборот реформа вистински значеше подобрување на условите на работничката класа, не напади и кратење. Но, овој период е поминат и нема да се врати.

Кризата не е поради мигрантите, ниту лошите идеи („неолиберализмот“), туку поради границите на самиот капитализам . Ова содржи одредени последици. Реформистите и лидерите на синдикатите паднаа во замката со основање на нивниот пристап на миграцијата по бројот на мигранти што капитализмот може да ги издржи. Колку многу мигранти можат да дојдат без да предизвикаат притисок на платите? Колку многу мигранти можат да се запишат во училиште, да се вдомат или да се лекуваат? Ова беше погрешно во 1950тите 1960тите, а е поразителна логика во период на капиталистички распад. Одговорот е дека капитализмот не може да ги идржува постојните плати и услови, без разлика дали има мигранти или не. Со затворање на границите, или со бркање на мигрантите, нема да се смени суштински овој факт. Тоа е како да ја гаснете вашата жед со солена вода.

Реалноста на капитализмот во сегашниот период е дека постојат пари за домување, школи итн. за сите бегалци во светот, но тие се во приватни раце. Постојат извори за да се обезбеди пристојно живеење за сите светски жители, но тие се концентрирани во грутче на малкумина милијардери и мултинационални корпорации. Оваа нееднаквост само се влошува.

Нашата програма не е за постигнување на стабилност и прилагодување со капиталистичката класа што би била само на сметка на работничката класа, мигранти или не. Нашата програма мора да е таква за обединување на работниците преку границите во одбрана на условите, против кратењата и за социјалистичка револуција. Резолуцијата донесена на Конгресот на Штутгард на Втората Интернационала вистински ги содржи најважните елементи: одбрана на колективните договори на спогодби, работни и животни услови, борбата за подобрување на условите на сите работниците, гарантирање на исти права на мигрантите како за работниците немигранти, вклучувајќи жителство, здравствена нега, социјални бенефити, домување итн. Понатаму, мора да инсистираме на градење на врски помеѓу синдикатите меѓународно и зајакнување на врските помеѓу работничките организации низ светот. Таквиот пристап е најдобра одбрана на постоечките услови на работничката класа, против нападите на владејачката класа, но исто е најдобра подготовка за социјалистичка револуција ширум светот.

декември 2018. Лондон