Прв конгрес на Марксистичката организација „Црвени“
Првиот конгрес на Марксистичката организација „Црвени“ се одржа на 16 и 17 ноември годинава. На тој конгрес беа усвоени основните организациски документи, проширени се Програмските основи и беше побарано барање за целосен статус на секција во Меѓународната марксистичка тенденција(IMT). Покрај тоа, беше изгласан нов состав на Централниот комитет. На Конгресот беа присутни 21 делегат со неколку гости и еден претставник на Меѓународниот секретаријат на ИМТ.
Одржувањето на овој Конгрес е од големо значење за работата и иднината на нашата организација. Усвојувањето на овие документи е од една страна одговор на новите околности во општеството, додека од друга страна тоа значи влегување на нашата организација во нов период, во кој нашата структура е поцврста, а нашата линија и нашите цели се разработени и појасни.
Исто така, полноправното членство во Меѓународната марксистичка тенденција, на која и досега припаѓавме де факто, е уште еден важен чекор во нашата работа. Како организација која ги наследува традициите на пролетерскиот интернационализам и е посветена на светската социјалистичка револуција, ние сме свесни дека мора да бидеме здружени со сестрински организации и активно да учествуваме во развојот на работничкото движење,како на локално така и на глобално ниво.
Само со упорна работа на континуирано подигнување на теоретското и практично ниво, градење кадри и настојување постојните структури да се прераснат може да се преселиме на следното организациско ниво, да станеме сериозна политичка сила на работничката класа, способна да ги вклучи во своите редови најпрогресивните слоеви на работничката класа и младите . На првиот Конгрес ги консолидиравме темелите за понатамошна работа, а сега се враќаме на тоа работа со обновена моќ и решеност. Придружи се!