Општо

Саботажа врз Левица и дезинформации за Марксистичката организација „Црвени“

По повод вчерашниот обид за дигитален пуч од страна на Апасиев Димитар со другарите, изјавуваме дека Марксистичката организација „Црвени“ дава солидарна поддршка на партијата Левица и актуелниот Президиум во справување не само со упадот туку и со национал-шовинистичката девијација. Ние остануваме организација која се залага за силна масовна работничка партија на темелите на социјалистичка програма. Нашата стратегија е разобличување на овие девијации и шовинистички скренувања кај дел од самопрогласените левичари кои единствено ги води личниот опортунизам, врз грбот на партијата која макотрпно ја градевме и градиме.