ФРАНЦИЈА: На каде одат жолтите елеци по пет недели протести?
Петтата последователна сабота, на 15 декември жолтите елеци направија нешто што го нарекоа Чин 5 на ова движење. Ова беше по известувањето од страна на Макрон за „отстапките“ од 10 декември; и во неделата во која се случи мобилизација и ден на акција организирани од страна на Генералната конфедерација на труот (ЦГТ). По пет недели, до која фаза дојде ова движење и кои се неговите перспективи?
Службените податоци од Министерството за внатрешни работи зборуваат за 66 илјади демонстранти низ цела Франција минатиот викенд, што би значело пад за 50% во однос на претходната недела. Овие службени бројки се многу намалени во споредба со вистинскиот број на луѓе на улиците, но сепак вистина е дека постои одредено намалување на бројот. Зошто?
ЧИН 5
Бројките маскираат еден важен факт: примената на брутална полициска репресија со цел протестите физички да се спречат. Во Париз, десетина подземни железници се „превентивно“ затворени, што ги спречува луѓето да дојдат на протест. Полицијата во главниот град постави контролни пунктови каде се претресуваат демонстранти, а во некои случаи и „превентивно“ се апсат (додуша во многу помал број отколку минатата недела).
Луѓето кои се собираа пред Операта Гарниe, едно од местата каде се собираат за протестите во сабота, беа опкружени со полиција повеќе од четири часа, а после им е кажано да се разотидат (како можеа да го прифатат тоа?), непосредно пред интервентната единица да се затрча кон масата на луѓе.
Како и претходната недела, стотина демонстранти кои се собираат на Гар Сен Лазар исто така беа опкружени и успеаја да ги избегнат полициските кордони, но со големи потешкотии.
these were the images earlier on in Paris Opera Garnier when the police charged against a group of #giletsjaunes students and railway workers they had penned in for four hours to prevent them from marching in #acteV of the anti-Macron movement pic.twitter.com/Ixs5WNoNyL
— Jorge Martin (@marxistJorge) December 15, 2018
Покрај користењето на солзавци, водени топови, оклопни возила и голем број полицајци за да се спречи одржувањето на протестите на жолтите елеци, цела недела имаше и една усогласена кампања за луѓето да се обесхрабрат за марширање, а како изговор се користеше и нападот во Стразбур кој се случи минатата недела (во кој вооружен напаѓач уби и повреди неколку луѓе).
Секако, напаѓачот во Стразбур веќе беше убиен од полицијата, но сепак имаше „безбедносни протоколи“ кои доведоа до тоа претставници на владата и масовните медиуми да ги повикуваат жолтите елеци да останат дома и да не протестираат. Во некои градови, владините службеници одеа дотаму што како последица на овој настан ги забрануваа сите собири.
Во некои провинциски градови имаше мирни протести, но во поголемиот број од случаите и тие беа нападнати со солзавец од страна на интервентната полиција. Во секој случај, владата де факто го укина правото на протест во Франција. Секако, од тогаш масовните медиуми и француската влада уживаат во наслови како „на движењето му снема енергија“. И покрај сето тоа, десетици илјади луѓе маршираа низ државата: Марсеј, Тулуз, Бордо, Нант, Лил, Дижон, ЛʼАвр и во десетина помали и поголеми градови.
Како и протестите, продолжуваат и многу блокади, имаше акции да им се дозволи на возачите без да платат да поминат низ наплатните рампи на автопатот.
Во неделата која почна со простодушните отстапки на Макрон, се случи и студентите да излезат на штрајк и протести во стотина школи со мобилизација која ја нарекоа Црниот вторник. Во парискиот регион имаа и поддршка од синдикатот на наставници.
#MardiNoir French school students on struggle, 700 high schools affected, 40 blockaded, 50,000 on the streets – Thursday they will join a national day of action of university students, Friday the national day of action of the CGT union #lyceensencolere pic.twitter.com/d0gQ22v8kz
— Jorge Martin (@marxistJorge) December 11, 2018
Тогаш во четвртокот имаше и национална мобилизација на универзитетските студенти, кои во многу делови на државата одржуваа Народни собранија и гласаа резолуции за поддршка за движењето на жолтите елеци и отидоа да штрајкуваат заради своите барања.
ЦГТ
Во петокот, 14 декември, ЦГТ повика на национален ден на штрајкови поради низа на барања меѓу кои е и генерално зголемување на платите и пензиите. Имаше неколку штрајкови, посебно во пристаништата и енергетскиот сектор, но тоа не беше ни приближно до тоа што е потребно, а тоа е 24 часовен генерален штрајк како почеток на комплетна работничка офанзива против Макрон. Раководството на ЦГТ повика на овој „ден на штрајкови“ во обид малку да се искупи, бидејќи многу активисти во редовите на синдикатот беа бесни поради позицијата на генералниот секретар Мартинез, кој одби да се приклучи на движењето на жолтите елеци.
Во некои региони, каде локалниот ЦГТ појасно застапува идеја за заедничко движење (Марсеј, Тулуз и слично) имаше значајни протести со големо учество на средношколците и студентите. Ова го покажува потенцијалот за пошироко движење, но истовремено ја покажува и некомпетентната позиција на раководството на ЦГТ.
Додека Мартинез зборуваше за потребата „секаде да се штајкува“, внимателно одбегнуваше да спомене „генерален штрајк“. Денот на акција беше повикан без никаква директна врска со протестот на жолтите елеци и не постоеше вистински напор на национално ниво за сериозно да се мобилизираат силите на ЦГТ. Ова е тактика во која француските синдикални бирократи станаа многу снаодливи: кога притисокот оддолу тоа го бара, се повикува на национален ден на акција, се користи некаков радикален, но нејасен јазик, не се работи на сериозно организирање и тогаш треба да се свртат и да речат „Видете, нема расположение за генерален штрајк, не се исполнети условите“.
Des milliers de #GiletsJaunes défilent dans les rues de Toulouse. pic.twitter.com/czVwCjDi1J
— France Bleu Occitanie (@BleuOccitanie) December 15, 2018
Земајќи ги предвид сите овие фактори, траењето на движењето, недостатокот на сериозен став на синдикалното водство, бруталната репресија од страна на државата како и влијанието на отстапките од страна на владата (кои, не смееме да заборавиме дека го укинаа зголемувањето на данокот на горивото, кое и го предизвика движењето) не е изненадувачки што протестите во саботата претставуваа чекор назад во однос на претходната недела. Многу од учесниците во движењето се прашуваат која е перспективата на движењето на жолтите елеци и каде води сето ова? Во недостаток на јасно раководство и одбивање на ЦГТ да понуди било какво раководство, не е чудно што движењето останува без енергија.
Сепак, дури и во оваа фаза, поддршката за движењето е огромна. Иако жолтите елеци дури и во својот врв мобилизираа помалку луѓе од скорешната борба на синдикатите, поддршката од јавноста секогаш била помеѓу 65 и 75% во зависност од тоа на која анкета се повикуваме. И се` уште е така. Исто така е точно дека процентот на луѓе кои го поддржува продолжувањето на движењето значително опадна од високите 70%, но и сега е нешто над 50% што значи дека овие протести го одразуваат длабокото незадоволство од начинот на кој работниците се присилуваат да платата за кризата на капитализмот, додека богатите продолжуваат да грабат огромно богатство.
МАКРОН ОСЛАБЕН, ЛУТИНАТА НА ЈАВНОСТА ЗАСИЛЕНА
Она што е јасно е дека владата на Макрон, претставена како „либерална“ сила способна да ги изврши „неопходните реформи кои му требаат на француското општество“ (од перспективата на владејачката класа), е сериозно ослабена од протестите и нејзината власт е во распад. Најновиот билтен на францускиот Институт за јавно мислење (ФИЈМ) објавен на 16 декември проценува дека популарноста на Макрон е едвај 23%, а оние кои не се задоволни од неговиот мандат дури 76%. Уште повеќе, расположението на оние кои се против Макрон се влошило, бидејќи процентот на оние кои велат дека се „многу незадоволни“ пораснал од 39% на 45% за еден месец. Да споредиме, популарноста на Макрон беше 62% непосредно кога е избран за претседател во мај 2017 година.
Движењето на жолтите елеци не само што ѝ се закани на владата на Макрон туку, на збунет и несигурен начин, укажа на длабоката слабост на режимот на француското општество и го изнесе на површина фундаментално недемократскиот карактер на буржоаската демократија.
А овие мислења не се ограничени само на Франција. Имаше бројни „имитации“ на овие протести и во Белгија, Холандија, Канада, Полска, Израел, Тунис, Централноафриканска република, Буркина Фасо и други. Египетската влада отиде и до таа мерка потполно да забрани рефлектирачки елеци, поради страв од слични мобилизации.
#YellowVests #guilletsjaunes arrives #Israel, protests expected in major cities over the rising prices
— האפודים הצהובים (Israel Yellow Vests) (@fxZCOMM9jM9ymOG) December 13, 2018
Политичкиот карактер и барањата на овие меѓународни манифестации се измешаа (со примери од левицата и од десницата). Меѓутоа, фактот дека жолтите елеци се усвоени како меѓународен симбол на бунтот, покажува дека истите контрадикции кои го предизвикаа движењето во Франција постојат и на светско ниво. Имаше и ветувачки примери на меѓународна работничка солидарност со жолтите елеци. На пример, Јужноафриканската федерација на синдикати испрати порака на солидарност со демонстрантите во Франција.
Дел од најнапредните работници и младинци ќе дојдат до важни заклучоци од ова движење, а главниот е веројатно дека единствен начин нечии барања да се исполнат е радикална, масовна и диретна акција на улиците. Нужно е и друго да се заклучи, а посебно за потребата какво било масовно движење да е раководено на национално ниво на демократски и одговорен начин, да е вооружено со програма која нуди јасна алтернатива на кризата на капитализмот.
Автор Жорж Мартин
France: after five weeks of protests, whither the yellow vests?