Да се врати пораката на Тито за солидарност по скопскиот земјотрес во 63та
Скопскиот катастрофален земјотрес донесе смрт, повредени, тага, болка, но при тоа скопјани не остана напуштени и им помогнаа братските народи ширум светот. Улогата на Југословенската народна армија беше клучна и се покажа колку е важен системот на народна одбрана и самозаштита. Тогашната власт исто се покажа спремна да се соочи со големата трагедија и да го поведе Скопје напред кон иднината. Имаше и бариери, но ајде нека се осмели некој да замисли како, за пример, брзо се изградија и поделија куќи во Тафталиџе и Синѓелиќ, а при тоа директорите не станаа преку ноќ богати за наредните 100 генерации. Сега, во услови на модернизација и дигитализација во Скопје се градат неприкладни збиени дехуманизирани градби со квалитет во кој се сомневаме, а цени кои се превисоки. Во ера на нови материјали, се плашиме да не ни изгорат фасадите.
Споменот на земјотресот не смее да избледе кај новите генерации, а гентрификацијата засилена со озлогласениот проект Скопје 2014, трае и ќе трае се додека владеат принципите на слободниот пазар т.е. принципот на парите и профитите. Затоа наша должност е да ја чуваме меморијата.
Да не заборавиме дека Борко Лазески имаше мурал во Старата железничка како и во изгорената пошта, од револуционерната борба на народот. Се приклучуваме на кампањата на фејсбук ДА СЕ ВРАТИ ПОРАКАТА НА ТИТО ЗА СОЛИДАРНОСТ ПО СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО 63ТА