Долу крвавиот режим на Хасина! Победа за бангладешките студенти! – Изјава на РКИ
Револуционерната комунистичка интернационала ја поздравува инспиративната храброст на студентите од Бангладеш. Нивното движење, кое започна како протест против трулиот систем на квоти, ескалира до степен да се бара паѓање на владата на крвавиот режим на Хасина. Нашите другари, од преку 40 држави низ целиот свет, стојат во полна солидарност со вас. Праведната кауза на бангладешките студенти е кауза на работничката класа и младите од целиот свет! Светот мора да знае што точно се случува во Бангладеш.
Ова одамна престана да биде само за корумпираниот систем на квоти, користен од режимот на Хасина да ги наградува своите најлојални лакеи. Откако режимот одговори со убиства, апсења и измачувања, стана јасно дека слободното и достоинстено егзистирање на масите во Бангладеш е едноставно невозможно додека овој режим е на власт. Тој мора да падне и убијците да бидат донесени пред лицето на правдата. Зборовите на студентите се „прво ги броиме жртвите, после ги броиме квотите“.
Потребата од интернационална солидарност е ургентна. Покрај убиствената кампања спроведена од режимот на Хасина, пркосните студенти не повлекоа ниту едно барање воопшто. Репресијата не изостана исто така. Полицијата продолжува со претреси по системот на секоја врата. Преку 2000 се досега уапсени според официјалните бројки.
Телата на убиените сè уште пристигнуваат во мртовечниците. Докторите пренесуваат дека телата на убиените се трупаат едно врз друго бидејќи нема повеќе место во мртовечниците. Весниците во Бангладеш досега избројаа преку 200 мртви, но најверојатно оваа бројка е далеку поголема. Режимот очајно се обидува да ги сокрие трагите. Полицијата ги одминува болниците и ги конфискува регистрите на починати со цел да не може да се одреди точната бројка настрадaни во овој колеж. Но, ние нема да дозволиме овој обид за затскривање да биде успешен!
Интернационална должност на сите студенти и работници насекаде е да го расветлат колежот од страна на режимот на Хасина и да ја разбијат соучесничката конспирација на молк во интернационалните медиуми.
Ние изразуваме огромно осудување за овој ѕид од молк на медиумите. Медиумите поседувани од милионерите ја гледаат Хасина како лојален претставник на нивната класа. Таа го претвори Бангладеш во рај за ефтин труд за нејзината класа да може да експлоатира. Од крвта на бангладешката работничка класа, тие прокнижуваат енормни профити секоја година. Оттаму тие бесрамно ги затвораат очите на пролевањето на крвта само со цел да го задржат својот лојален статус.
Ние исто така изразуваме осуда на таканаречената „меѓународна заедница“. Изостана воопшто и најмала реакција. Оваа „заедница“ е дел од експлоататорите. Хасина е една од нивните. Трулите капиталистички режими чувствуваат револуционерен гнев под површината во своите држави. Ништо не им влева повеќе страв од перспективата за следење на храбриот пример на бангладешките студенти во нивните држави.
Ова е вистина за режимите во САД, Британија, Индија, па дури и Пакистан. Режимот на Хасина се обидува да го обвини својот стар непријател Пакистан и „актерите од сенка“ за манипулирање на протестите. Лажат! Трулите владејачки клики во сите овие држави – било да се пријатели или ривали на Хасина и нејзината банда – се преплашени од примерот на бангладешките студенти!
Но, сиромашните и угнетените од секаде гледаат со топли симпатии кон вашата борба. На студентите од Бангладеш им кажуваме: единствен вистински ваш сојузник се младите и работничката класа на Бангладеш и целиот свет! Ние ќе направиме сè што е во наша можност да го привлечеме вниманието на работничката класа од секаде кон вашата неволја. Ние повикуваме на протести за солидарност во сите големи кампуси, пред амбасадите и медиумските куќи; повикуваме кон синдикатите и работничките организации, како и студентските организации насекаде, да се поврзат со заедниците од дијаспората и да организираат протести отповикувајќи го колежот.
Да не се прави грешка, ова што Хасина го започна е класна војна. Нејзиниот режим има само една цел: да направи поредок на „ред и мир“ во кој капиталистичката класа – производителите на облека и гигантските мултинационални компании, и секако, кликата околу неа – ќе можат во мир да ги експлоатираат и ограбуваат работничките маси во Бангладеш.
Масите се безмилосно скршени од кризата на капитализмот, од инфлацијата, невработеноста и сиромаштијата. Милиони од нив се присилени да мигрираат во потрага по работа, но да ги остават своите фамилии дома, додека најчесто завршуваат со ниско платени работи без никакви права, додека истовремено се исложени на расизам и опресија во државите каде заминале. Тие го достигнаа лимитот од тоа што можат да го поднесат. Тие ја идентификуваа борбата на студентите со онаа против нивното омразено угнетување и експлоатација. Хасина беше под закана од експлозија на работничката класа. Тоа би го срушило режимот на Хасина, факт што нема простор за никаков сомнеж. Поради тоа таа се наклони кон најбруталната репресија пред да може движењето да се прошири меѓу работниците.
Шеих Хасина ги нарече студентите кои протестираат разакар (реакционерни парамилитантни сили користени за време на војната за независност во 1971 година), но во реалноста, сојузот Авами и владејачката класа на Бангладеш како целина се тие што ја предадоа борбата за слобода, што беше започната од работниците, студентите и сиромашните селани. Фактички, бангладешките студенти и нивното движење против квотите го покажуваат истиот жар на револуционерната борба и го преврзуваат јазолот на историјата со најдобрите револуционерни традиции од минатото.
Но додека се користи со најголема бруталност кон масите, таа направи сè што е во нејзина сила да ги задоволи капиталистите и да обезбеди сè што е потребно за масите да бидат скршени без нанесување штета на нивните профити. Полицискиот час и телекомуникацискиот прекин предизвикаа големо страдање за масите. Како и да е, Хасина во таа мерка ги исклучи 400 текстилни фабрики во Читагонг ЕПЗ (Фабрички зони за извоз), каде работат 500 илјади конфекциски работници.
Нив им се дозволува да останат отворени само со една цел, а тоа е капиталистите да продолжат да го остваруваат својот профит непречено. Хасина и владејачката класа најмногу се плашат од поврзувањето на студентското движење со работниците, а особено со текстилните работници, чија моќ барем малку се виде за време на бранот штрајкови во ноември. Тогаш видовме како државните сили беа користени да го запрат секој кој се обиде да влезе или да излезе од Фабричките зони за извоз. Режимот се обидува да воведе санитарен кордон помеѓу студентите и овие силни делови од работничката класа.
За да може движењето да победи, ние мораме да го пробиеме овој кордон. За да може да падне режимот на Хасина, силата на работничката класа мора да биде мобилизирана. Тоа што е потребно е целосен хартал (генерален штрајк и блокада), поврзани со формирање на saṅgrāma pariṣada (совети за борба) што ќе ги спои студентите и работниците заедно.
Преку вакви акциони комитети, организирани на локално, градско, обласно и национално ниво, ќе биде возможно не само да се координира самозаштита и систематски да се рашири движењето, туку и да се формираат органи на работничка власт коишто би можеле да го предизвикаат бруталниот режим и да го постават прашањето за тоа кој ќе биде власт во државата. Не е целта да се замени сојузот Авами со еднакво корумпираниот БНП, кој исто така им слугува на капиталистите и мултинационалните компании, туку работничката класа на Бангладеш да може да ја преземе власта во свои раце.
Победа за студентите од Бангладеш! Да живее интернационалната солидарност!
Долу режимот на Хасина! Долу капитализмот!
Револуционерна комунистичка интернационала , 26 јули 2024
Линк до оригинал: Down with the murderous Hasina regime! Victory to Bangladeshi students! – RCI statement