COP28: владејачката класа ја исмева климатската криза
ЦОП28, што се оддржа во Обединетите Арапски Емирати, коja е клучна економија на нафта и гас водена од Султанот Ал Јабер кој е извршен директор на националната компанија за нафта Аднок, од првиот ден започна со иронија. . „Дали е ова шега“? можеби ќе си помислите, а околу вас загаденоста на воздухот се покачува. Темата воопшто не е комична и токму ова е најдоброто што може да го понуди владеачката класа кога треба да се „бориме со климатските промени“.
Помина уште една година, во која имаше рекордни топлински бранови, екстремни климатски услови и шумски пожари кои скратија илјадници човечки животи, а ние сме во трка со времето за да го спречиме понатамошното глобално затоплување и да се приспособиме на услови кои стануваат се потешки, за да ја осигураме човековата безбедност.
Овој Самит, наместо да предизвика промени кон подобро, тури бензин на огнот кој е веќе започнат.
Конфликт на интереси
Аднок, според Гардијан, е одговорна за најголемите нето-нула планови за проширување од која било компанија во светот. Истражувачите сметаат дека е „смешно“ извршниот директор Султан Ал Јабер да биде претседател на ЦОП28 поради јасните „конфликти на интереси“.
Во одбрана на неговите постапки, Султанот Ал Јабер срамно тврди дека нема таква наука што ќе докаже дека постепеното исфрлување на фосилните горива е потребно за да се ограничи глобалното затоплување! Тој додаде дека „освен ако не сакате да го вратите светот во пештери“ исфрлувањето на фосилните горива нема да дозволи одржлив развој.
Јасно е дека Ал Јабер го гледа самитот само како можност за бизнис. Протечените документи кои биле откриени од Центарот за Климатско известување и кои биле прегледани од Гардијан ни кажуваат дека позадински Аднок комуницирал со 15 држави со цел да соработуваат и да им ги извлекува нивните ресурси на нафта и гас.
Во меѓувреме, додека се прават ефектни ветувања, компанијата и’ предложи на Кина да и’ направи евалуација на нејзините ЛПГ( течен природен гас) можности; и во држави како Мозамбик, Канада и Австралија спремна е да помогне во развивање на нивните резерви на нафта и гас.
50 големи компании за нафта и гас „се обврзаа“ дека ќе ги скратат емисиите, но не се согласија да престанатт со дупчењето. Исто така, клучни компании во глобалното производство на нафта во држави кои се меѓу првите производители како Кина, Ирак, Иран и Катар не се ни потрудија да ги стават своите имиња.
Празни ветувања и назадување
Фајненшл Тајмс на 11 декември објави дека секој обид да се спомне отстранувањето на фосилните горива бил отфрлен од нацрт-верзијата на договорт на ЦОП28. Ова предизвика голем револт поради кој се продолжи самитот до 13 декември.
Конечно, на крајот на самитот, се договорија да направат транзиција од фосилните горива кон други. Се потрудија да го претстават договорот како „историски“ бидејќи (скандалозно), ни еден претходен ЦОП не ја спомна потребата да се намали користењето на нафта и гас. Сепак, фарсичните настани наведени погоре ни` кажуваат дека можеме да гледаме на овој „договор“ со индустриска количина на скептицизам.
Една статија од Блумберг ни кажува дека е до „инвеститорите, потрошувачите и државни власти“ за овие минимални ветувања да станат реалност. Истакнуваат дека претходните залагања биле игнорирани и дека емисиите продолжија да растат.
Исто така, Саудиска Арабија силно се спротистави на можноста за отфрлување на фосилните горива. Блумберг објавува:
Додека ЦОП28 започна со полн замав, министерот за енергетика на кралството беше прашан од Блумберг Њуз дали би бил среќен да види постепено опаѓање во текстот.
„Апсолутно не“ – одговори тој
„Организацијата на земјите извознички на нафта подоцна испрати писмо до членките, барајќи од нив да лобираат против секој текст што цели кон фосилните горива наместо кон емисиите.“
И така, финалниот јазик беше ублажен за да се рефлектираат тие „грижи“.
Климатолозите повеќе пати имаат кажано колку „важно“ е да се престани експлоатацијата на фосилните горива што поскоро, дека не можи безбедно да се горат без катастрофално да се оштетува околината. А сепаккога Ријад и малкуќе заржи, пак си го добива тоа што го зацртал.
Приспособување?
ЦОП28 не беше ништо освен димна завеса. Тешко дека некој би бил изненаден кога ќе разбере дека владејачката класа си ги става своите државни економски интереси пред борбата со климатските промени. Особено во време на светска криза и намалени пазари, нивните приоритети се да прават профитабилни трговски зделки.
Не е за изненадување дека „приспособувањето“ е поттурнато од многу претставници и активисти од климатско-ранливи држави затоа што тоа стана многуитно. И покрај тоа што не се гледа крај на горењето на фосилни горива, на државите во Африка им се особено очајно потребни повеќе средства за да изградат отпорност кон зголемените температури, суши и бури.
Но, и ова не беше сериозно дискутирано на самитот.
Индепендент разговараше со Тереза Андерсон, која е една од светските водичи за климатска правда на Екшн Ејд Интернешнл и таа ја нарече ситуацијата „неверојатно фрустрирачка“. Таа додаде:
„Преговорите не се совпаднаа со итноста, брзината и амбициозните обврски што мора да ги видеме. Проблемот е во тоа што инвеститоритене добиваат поврат на инвестицијата ако вложат пари за приспособување“ (На ова ставивме ние акцент)
Дали тоа не ја сумиракратковидната логика на капитализмот?
После децении кратење и штедење, капиталистите нема да вложуваат пари во инфрастуктура која не е профитабилна. Не постои долгорочно планирање бидејќи тие се сконцентрирани само на краткорочните прашања кои се заштита на нивните пазари и профити.
Иако тие ќе паднат во иднината, вложувајќи ги овие проблеми, тоа се’ само ќе го направи скапо проспособувањето во иднината.
Фарсично
ЦОП28 имаше улога во разоткривањето на владеачката класа во поголем размер. Но секој претходен ЦОП испадна целосно бескорисен и може да се спореди со театарска претстава.
Ништо не е преземено за итно да се спречат климатските промени и ние не треба да имаме илузии дека владејачката класа ќе го направи потребното.
Суштината е дека не сме спречени од ништо друго да реагираме, освен од режимот на приватната сопственост и приватниот мотив. Ние имаме технологиски решенија за да ја донесемеу нашата економија во хармонија соприродата, но ова не може да биде постигнато под капиталистичкиот систем со сите негови окови.
Со ова се поставува следното фундаментално класно прашање: не можете да го планирате она што не го контролирате и не можете да го контролирате она што не го поседувате.
Само тогаш кога работничката класа ќе преземе контрола врз командните врвови на економијата како големите банки, индустрии и големите монополи, ние ќе можеме да ја планираме економијата да биде во интерес на општественото мнозинство наместо да се максимизираат профитите на малцинството.
Ова ниво на планирање и контрола е потребно за да се вложува во инфраструктурата за да се приспособува кон влијанието на климатските промени и за да се постави база на алтернативни извори на енергија базирани на сонце, ветер и вода.
Сепак, ова е само почеток. Но, само кога ќе се воспостави вистинска работничка контрола и менаџмент и ќе се отфрли профитот од равенката, ние ќе можеме да го достигнеме потенцијалот на човековата генијалност и стручност.
За ова се бориме. Овогодишниот ЦОП28 ни` ја покажа арогантноста на владејачката класа. Тие ни се смеат во лице додека склучуваат профитабилни зделки, а ние живееме со последиците.
Ние нема да го примиме ова лежејќи, а не треба ни вие. Ние мора итно да се бориме за нормално, демократски планирано, комунистичко општество и да ја земеме судбината во наши раце.
Текстот е објавен на 13 декември 2023
Автор: Лубна Бади