БалканИнтернационалаМакедонија

Четврт конгрес на Марксистичка организација Црвени – ги градиме силите на марксизмот на просторот на Југославија!

Минатиот викенд, 13 и 14 мај во Нови Сад е одржан четвртиот редовен конгрес на Марксистичката организација Црвени. На конгресот присуствуваа делегати од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија, како и гости од Унгарија, Италија, Австрија, Бугарија и претставник од Интернационалниот секретаријат на Интернационалната марксистичка тенденција.

Првиот ден од конгресот е отворен со дискусија за Светските перспективи. Претставникот на ИС од Лондон даде вовед и ги објасни турбулентните времиња во кои живееме во контекст на кризата на капитализмот. Другарите од Југославија и гостите дадоа придонес во дискусијата, осврнувајќи се на ситуацијата во своите земји. Потоа следеше дискусија и усвојување на документот „Зошто работничка Југославија“ што ги застапува нашите позиции и интернационалистичкиот пристап кон наследството на југословенскиот социјализам и изградба на нова работничка Југославија. Во точката за финансии констатиравме дека владее дисциплина и успеавме да собереме повеќе донации отколку што беше целта, со кои ги покривме трошоците за организација на конгресот и ја зголемивме касата.

Вториот ден од конгресот е отворен со интернационалниот извештај за прогресот на нашата Интернационала и сестринските секции ширум светот. Избран е и делегат на нашата организација за претстојниот светски конгрес на ИМТ кој ќе се одржи во Италија ова лето. Потоа, дадовме извештај за работата на нашата организација и ги издвоивме најважните случувања што се случија во периодот помеѓу двата конгреси. Избран е нов состав на Централниот комитет во кој влегоа и помлади членови на организацијата кои ќе ни дадат нова сила и полет во идната работа. На крајот го усвоивме и Организациониот документ и во претстојниот период уште поодлучно ќе ја свртиме нашата организација кон регрутација, посебно кон младите работници и студентите.

Конгресот е традиционално завршен со пеење на Интернационалата. Од овој многу продуктивен конгрес излеговме помотивирани и поборбени со цел исполнување на нашата задача за градење на силите на марксизмот на просторот на Југославија!