Поддршка за Заедничка Борба, поддршка за Елтон Дебреши
Елтон Дебреши е добриот ветар што продолжува да дува во Албанија. Живее во Булќиза (Булчица), областа Дебар во источна Албанија на границата со Македонија. Елтон е борец за правата на работниците од рудниците за хром, лидер на новиот независен синдикат што го дигна гласот против тешките несреќи во рудниците, Синдикатот на обединети рудари на Булќиза. Илегално отпуштен од работа поради протестите заедно со други тројца синдикалци. Елтон не се предава, и покрај отказот и покрај бројните закани, да продолжи да се бори за правата на другарите рудари. Тој поведе иницијатива со собирање потписи низ земјата за признавање на Статусот на рудар, што опфаќа право на посебни здравствени прегледи, повисоки плати и пензија како и осигурување во случај на смрт или повреда. Но, како што можеме да очекуваме од буржоаскиот систем и покрај поддршката од преку 10 илјади луѓе, владата и парламентот не преземаат ништо за осигурување на основните потреби на рударите за пристоен живот.
На парламентарните избори на 25 април 2021 се кандидира како независен пратеник на отворена листа. Борбата за влез во албанското собрание е многу тешка затоа што иако е кандидат во една од вкупно 12 изборни единици по пропорционалниот изборен систем, законот бара да освои 1 отсто од сите гласови. Ова законско барање ги фаворизира само партиите што имаа кандидати во сите 12 изборни единици.
Елтон Дебреши ја има нашата поддршка затоа што се бори за влез во албанскиот парламент на основа на работничка програма за повисоки плати, за изгубеното право на бенифециран стаж за пензија, на здравствена заштита соодветна на тешките работни услови на рударите, но не заборава и за локалните проблеми на уништените патишта, на осиромашените земјоделци и на постојаното уништување на животната средина. Дебреши се залага за програма на реформи во интерес на осиромашените слоеви во дебарската област и цела Албанија.