Интернационалeн марксистички универзитет 2022
Интернационалниот марксистички универзитет 2022 се состои од четири дена онлајн дискусии посветени на разбирање на основните принципи на марксизмот, чиј домаќин ќе биде Интернационалната марксистичка тенденција од 23 до 26 јули.
Светот е во длабока криза. Војна, нееднаквост, страдање и пандемија станаа новата нормалност на животот во капитализмот, па сепак владеачката класа, политичарите како и претставниците на буржоаската интелегенција ја докажаа својата неспособност за разбирање на хаотичниот свет во кој живееме, а камоли за негово поправање. Во сета оваа неизвесност, марксизмот се истакнува како единствен метод кој е способен да ги објасни овие превирања и да пружи практичен темел за борба за нашата иднина.
Од овие причини, Марксистичкиот универзитет 2022 ќе се фокусира на трите столбови на марксизмот: револуционерната филозофија на дијалектичкиот материјализам, Марксовиот економски увид во контрадикциите на капитализмот и историскиот материјализам како марксистички пристап кон историјата. Не постои подобар лек против збунетоста во денешниот свет од проучувањето на овие основи и да научиме како да се одбраниме од нападите на капиталистичките апологети.
Програма и настани:
Сабота 23 јули:
- Светски перспективи: Војна, криза и револуција – нова нормалност – Алан Вудс (14:00-22:00)
Недела 24 јули:
- Марксизмот и уметноста: Ослободување на културата од капитализмот – Алан Вудс (14:00-17:30)
- Трудова теорија на вредноста: Потекло на марксистичката економија – Роб Сјуел (18:30-22:00)
- Просветителството и борбата за рационална мисла – Јола Кипчек (18:30-22:00)
- Како Маркс влезе во историјата: Развој на историскиот материјализам – Џек Халински Фицпатрик (18:30-22:00)
Понеделник 25 јули:
- Крв и злато: Шпанското освојување на Америка – Хорхе Мартин (14:00-17:30)
- Марксизам, пари и инфлација – Адам Бут (14:00-17:30)
- Марксистичка теорија на сознавањето: Како ги знаеме работите? – Даниел Морли (14:00-17:30)
- Перманентна револуција во Европа: 1848 – Џош Холројд (18:30-22:00)
- Револуционерното наследство на Роза Луксембург – Мари Фредериксен (18:30-22:00)
- Конкуренција, монопол и планирање: Пазар или социјализам – Никлас Албин Свенсон (18:30-22:00)
Вторник 26 јули:
- Угнетување, наследство и приватна сопственост: Марксизмот и семејството – Фред Вестон (14:00-17:30)
- Американската граѓанска војна: Втората американска револуција – Џон Питерсон (14:00-17:30)
- Дијалектика на природата: Марксизмот и модерната наука – Бен Кари (14:00-17:30)
Подолу се наоѓа формулар за регистрација на ИМУ, а можете да се пријавите и овде на оргиналниот формулар на англиски јазик. После регистрацијата, ќе ви биде проследена лозинка за пријава. За било какви дополнителни информации, можете да не контактирате овде, со испраќање мејл на m.o.crveni.mk@gmail.com или на info@university.marxist.com за директна врска со организаторите. Полињата обележани со ѕвезда се задолжителни.