БалканВестиИнтернационалаОпшто

Солидарност со борбата на нафтените и рударските работници во Албанија

Датум: 14 октомври 2020 година

Линк до оригиналот

Линк до текстот на англиски

Автор: Редакцијата на Дер Функе

Овој проглас е напишан од Редакцијата на нашиот братски германскиот вебсајт Дер Функе, којшто повикува на солидарност со албанските работници од нафтената рафинерија кои се борат за своите права и  за исплата на заостанатите плати.

Од август 2020 година, работниците од нафтената рафинерија Балшзапочнаа протести за исплаќање на 22 заостанати плати. Исто така, бараат и договор за вработување на неопределено. Откако некои од менаџерите се појавија во рафинеријата, работниците насилно ги преминаа полициските барикади и портата на компанијата.

Во почетокот на септември 2020 се обидоа да ги окупираат просториите на фабриката. Директорите мораа да се повлечат откако полицијата ја потиснаа работниците. Со цел да ги смират работите, тие им ветија дека во рок од два дена ќе започне потпишувањето на договорите, а исплаќањето на платите ќе следува од наредниот понеделник. Но,од тоа ништо не се случи. Протестите продолжија и се радикализираа од ден во ден. Еден од слоганите на штрајкувачкиот комитет гласи: „Рафинеријата е наша сопственост. Вратете ни ги работните книшки!“

Солидарноста со работниците од Балш се прошири низ цела Албанија. Со години рафинеријата носеше профити од милијарди долари за различните сопственици, додека работниците ги залажуваа со смешно ниски плати (просек по 240 евра месечно). „Организата Политике”, радикално левичарска организација предводена од студенти од Тирана, присутна е постојано на протестите на работниците и е одлично прифатена од нив.

Весникот на организацијата пишува:

„Целото богатство што доаѓа од потта на нашите работници е присвоено од страна на газдите, буржоазијата и нивните политички партии, но и од некои синдикални лидери. Тоа се привилегирани ипотплатени работнички аристократи.”

Ширум Албанија има повик за создавање на независни синдикати, по примерот на рударите и нафтените работници.

На 26 септември во Тирана започнаа масовни демонстрации на нафтените работници, рударите и студентите. Нивните барања не се сведени само на заостанатите плати туку тие побараа и национализација на рударскиот сектор, нафтениот и другите значајни сектори за албанската економија. Претставниците на „Организата Политике” побараа и „работничка контрола врз производството“.

На пат кон Министерството за инфраструктура и енергија, неколку стотици полицајци брутално ги нападнаа работниците и студентите. На интернет има голем број слики и видеа од полицискиот терор на улиците на Тирана. Но, битката продолжува. Веќе неколку дена, еден дел од работниците започнаа штрајк со глад, а повеќето од нив се од нафтената индустрија. Како последица на тоа, голем број ветувања беа дадени од страна на политичките елити. Овие ветувања не се земени како веродостојни, затоа што беше најавена нова рунда на приватизација во нафтената индустрија. Работниците ја сметаат рафинеријата во Балш како своја сопственост и ги бараат заостанатите плати од владата. Приватизацијата е отфрлена од најголем дел од работниците.

Некогашво нафтениот сектор се вработувале неколку илјади луѓе. По последната приватизација во тој сектор останаа само уште околу 800 работници. Албанскиот мултимилионер Самир Мане ги отпушти нивните колеги,членови на рударскиот синдикат, основан пред една година. Има постојан отпор кон овој однос од страна на работниците. Меѓутоа сега ситуацијата на работниците кои се на штрајк со глад станува се’ повеќе драстична. Некои од нив се во многу лоша состојба.

Од 10 октомври демонстрации за солидарност со штрајкувачите со глад избувнуваат во сите поголеми албански градови. Балш е само еден пример каде голем број работници излегуваат на улица. Тие се закануваат да ја затворат целата област и да го направат градот недостапен за властите.

Барањата на работниците се оправдани. Интернационална солидарност и солидарни штрајкови се неопходни. Ние ја поддржуваме борбата на албанската работничка класа од нафтената и рударската индустрија. Бараме веднаш да се прифатат и спроведатнивните барања.

Синдикатите и левичарските организации во Албанија имаат одговорност докрај да ја истуркаат борбата за национализација на главните производствени капацитети и истите да ги стават под работничка контрола. Деловодните книги мора да се отворат и богатството на капиталистите од нафтената и рударската индустрија да се одземе. Владата на Еди Рама мора веднаш даим ги исплати платите на работниците од нафтената индустрија.

Покрај пандемијата на коронавирусот, силно вирулентна е експлоатацијата од страна на владејачката класа која ја напаѓа Албанија.

Долу капиталистите! За социјалистичка револуција!

Меѓународна солидарност!