САД: Кризата на капитализмот преку бројки

Повторно го објавуваме графикот изворно објавен во Њујорк Тајмс (тука), направен на основа на бројките од „Состојбата на работната Америка“ од Институтот за економска политика, САД. Опфатен е периодот од 1913 до денес, со фокус на периодот по 1947. Ова е важно бидејќи 1947 година се смета за почеток на економскиот бум по Втората светска војна, период кога капиталистите извлекуваа толку голем профит од работниците што можеа да си приуштат да им фрлат трошки. Масовните движење на работниците во 1930-тите и зајакнувањето на синдикатите по војната ги научија неколку лекции како да се обидат да одржат релативен класен мир.

Но „добрите времиња“ завршија во 1973-75 со рецесијата. Капитализмот долго време куцаше со помош на огромната експанзија на кредити и информатичките технологии и станбениот бум (и промашување). Сепак, како што секогаш објаснуваат марксистите, кредитите се многу неизвесна основа за да се гради економијата. Во 2007 и 2008 јасно се покажа дека фиктивниот „просперитет“ виси на конец.

Како што јасно се гледа на графикот, почнувајќи од околу 1980, продуктивноста на работниците порасна скоковито до небо. Но, уделот што одеше за тие коишто навистина го произведуваа богатството стагнираше. Профитите растеа, ама и нееднаквоста на платите и богатството. Денес, со милиони невработени, помалку работници создаваат богатство повеќе од било кога – за помали надници, во реални услови, од 1970-тите. Ова е апсурдна ситуација.

Ова не е социјалистичка „пропаганда“. Бројките говорат сами за себе. Најважно е што милиони учат за стварноста на животот под капитализмот, не од бројките, туку од горкото искуство. Затоа и младината и работниците започнаа да се дигаат во САД и низ светот.

Да беше капиталистичкото стопанисување разумно, оваа зголемена продуктивност ќе се пренесеше на зголема плата, на намалување на работната недела и крај на невработеноста. Сиот труд кој му е потребен на општеството може да се подели рационално и секому да биде исплатена надница за живеење. Дел од вишокот на богатство може да се инвестира во унапредување на училиштата, домовите, јавниот транспорт и инфраструктура, да се обезбеди сеопшта здравствена заштита и образование, да се истражува обновлива енергија и болести како ХИВ и рак.

Но, капитализмот се базира на анархија на пазарот и на слепата трка по профити. Капиталистите џепарошат со супер профити неколку децении и нема да се откажат без борба. Затоа и единствениот одговор што капиталистите и нивните политички партии го истакнуваат е дека работничката класа мора да ги носи тежиштето на кризата. Во нивната безмилосна трка за повеќе, тие ги ризикуваат животите на буквално милијарди луѓе. Мислиме дека постои друг, поразумен, човечен и демократски пат: социјализмот.

објавено: понеделник, 7 февруари 2012

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *