ДемократијаМакедонија

Крикот на немите!

Случаите на полициска бруталност се непобитен доказ дека демократијата во овој систем е само демагогија, пропагандна конструкција за амортизирање на револтот на угнетуваните

од Нова искра
вторник, 7 јуни 2011

ОТУЃЕНА ДРЖАВА Полициската бруталост во државава не е ниту нова ниту изненадувачка арогантниот пристап на претставниците на државата/оние што земаат плата од државата (полицајци, шалтерски работници, лекари и наставници во државните институции, политичари) зборуваат за отуѓеноста на државата од народот. Односот што го имаат зборува за свеста дека тие легитимноста на ја црпат од народот, туку од партиските и надпартиските центри на моќ. Тие не одговараат и не чувствуваат одговорност кон и пред народот. Ова е непобитен доказ дека демократијата во овој систем е само демагогија, пропагандна конструкција за амортизирање на револтот на угнетуваните.

РЕВОЛТ Протестите започнаа и се уште се спонтан израз на народното незадоволство од оваа отуѓеност на државата. Социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер) и во Македонија се покажаа, како и во случаите со Арапската револуција, како одличен катализатор и инструмент за артикулацијата на незадоволството.

Сенката на инволвираноста на партиски активисти на СДСМ и нивни блиски, не би требало да фрли црна дамка. Јадрото на незадоволните во моментов има сериозен критички однос и кон двете најголеми политички структури во земјава и таму има поединци кои нема да дозволат незадоволството да се инструментализира во интерес на партиските структури на опозицијата.

КЛАСНА СВЕСТ Протестот сам за себе е чекор напред во развивањето на свеста на пролетерите (оние кои излегоа да простестираат се главно млади, вработени или невработени и студенти) за сопствената моќ. Со вакви акции се воспоставуваат механизми и работничката класа созрева и стекнува драгоцено искуство и знаење кое може да и послужи за политичката борба.

Како и многупати досега, државата најверојатно ќе најде начин овој случај да го затвори без да им се наштети и без да бидат ставени под прашање односите кои го предизвикале веројатно одговорноста ќе ја понесат поединци. Она што е клучно е на изреволтираната маса да и се овозможи да стане свесна за причините кои го предизвикале таквото однесување на тие поединци свест која понатаму ќе може да прерасне во револуционерна свест.