Зошто сме марксисти

Алан Вудс, од Интернационалната марксистичка тенденција, укажува на промените во денешната епоха и одговара на прашањето зошто го избира научниот социјализам за единствена валидна теорија за објаснување на капиталистичкото општество.

од Алан Вудс ,

среда 21 декември 2011
Пред две децении Френсис Фукујама објави книга насловена со Крајот на историјата и последниот човек (и веднаш преведена на македонски јазик заб. прев.) во која го прогласи конечниот триумф на пазарна економија и буржоаска демократија. Оваа идеја како да беше потврдена изминатите 20 години од растечките пазари и речиси непрекинатиот економски раст. Политичарите, централните банкари и менаџерите од Вол стрит беа убедени дека конечно го скротија економскиот циклус составен од порасти и паѓања.

Две децении по падот на СССР, ни трага ни глас не остана од илузиите на буржоазијата. Светот се соочува со најдлабоката криза од 1930-тите. Соочени со катастрофалните ситуација на светско ниво, буржоазиите на САД, Европа и Јапонија се во состојба на паника. Во 1930-тите, Троцки рече дека буржоазијата „со затворени очи се лизга во тобоган кон пропаст. Токму овие зборови важат за сегашната ситуација. Како вчера да биле напишани.

За последните дваесет години граѓанските економисти се фалеја дека нема да ги има повеќе бумот и рецесијата, дека тој циклус е укинат. Факт на стварноста е дека буржоаските економисти со децении никогаш не предвидоа ниту еден бум или рецесија. Тие измислија една прекрасна нова теорија наречена „хипотеза за ефикасен пазар“. Всушност, нема ама баш ништо ново во таа теорија. Таа се сведува на една стара мисла дека: „Оставен сам пазарот ќе реши сѐ. Тој автоматски ќе се урамнотежи. Сѐ додека владата не се меша, порано или подоцна сè ќе биде добро.“ Џон Мејнард Кејнс дал многу славен одговор на претходново „Порано или подоцна, сите ќе умреме.“

Во првата деценија на 21 век, стана далеку појасно дека капитализмот го исцрпи својот прогресивен потенцијал. Наместо развој на индустријата, науката и технологијата, тој постојано ги поткопува. Производните сили стагнираат, фабриките се затворени како тие да се кибритчиња, а милиони се исфрлени од работа. Сето ова се симптоми кои покажуваат дека развојот на производните сили на светско ниво ги надмина тесните ограничувања на приватната сопственост и националната држава.

Тоа е најосновната причина за сегашната криза која го стави на виделина стечајот на капитализмот во буквална смисла на зборот. Судбината на Ирска и Грција е само сликовита потврда на болеста на европскиот капитализам. Утре, зараза ќе се прошири во Португалија и Шпанија. Сепак и Велика Британија или Италија не се толку далеку. А Франција, Германија и Австрија сурово ќе ги следат по патот надолу.

Буржоаските економисти и политичари, а пред сè, сите реформисти, очајно бараат некој вид на преродба да излезат од оваа криза. Тие бараат враќање на економскиот циклус како спасение. Лидерите на работничката класа, синдикалните лидери и социјал-демократските лидери веруваат дека оваа криза е нешто привремено. Тие мислат дека може да се реши со тоа што ќе направат некои корекции на постоечкиот систем, дека сѐ што е потребно е поголема контрола и регулација, и дека ќе можеме да се вратиме на претходната сосстојба. Но, оваа криза не е нормална криза; тоа не е привремена. Тоа претставува фундаментална пресвртна точка во овој процес, точката во која капитализмот го достигна историскиот ќорсокак. Најдоброто што може да се очекува е слабо оправување, придружувано од висока невработеност и долг период на штедење, кратења и паѓање на животниот стандард.

КРИЗАТА НА БУРЖОАСКАТА ИДЕОЛОГИЈА

Марксизмот е првин филозофија и светоглед. Во филозофските делата на Маркс и Енгелс нема да најдеме затворен филозофски систем, но серија од брилијантни идеи и совети, кои ако се развијат, ќе бидат скапоцено дополнување на методолошки арсенал на науката.

Никаде кризата на буржоаската идеологија не е појасна отколку во доменот на филозофијата. Во раните фази, кога буржоазијата беше напредна, таа беше способна да произведе големи мислители: Хобс и Лок, Кант и Хегел. Но во епохата на своето сенилно пропаѓање, буржоазијата е неспособна да произведе големи идеи. Всушност, таа не е способна да произведе било каква идеја.

Современата буржоазијата е неспособна за формулација на храбри генерализации и затоа го негира самиот концепт на идеологијата. Тоа е причината зошто пост-модернистите зборуваат за „крајот на идеологијата“. Тие го негираат концептот за напредок, едноставно затоа што во капитализмот не е можно повеќе да се напредува. Енгелс еднаш напиша: „Филозофија и проучувањето на вистинскиот свет имаат ист однос еден со друг како онанијата и сексуалната љубов“. Современата буржоаска филозофија го преферира првото во однос на второто. Во својата опсесија за борба против марксизмот, таа ја повлече назад филозофијата во најлошиот период од своето старо, излитено и стерилно минато.

Дијалектичкиот материјализам е динамичен преглед на разбирање на работата на природата, општеството и мислата. Далеку од старомодна идеја од 19 век, тој е неверојатно модерен поглед на природата и општеството. Дијалектиката расчистува со фиксниот, крут, безживотен начин на гледање на работите, што е карактеристика за старата механицистичка школа на класичната физика. Дијалектиката покажува дека под одредени околности, стварите може да се претворат во својата спротивност.

Дијалектичката идејата дека постепеното собирање на малите промени во една критична точка може да се претвори во гигантски скок е потврдена во современата теоријата на хаосот. Теоријата на хаосот стави крај на оној вид на тесен механички редуктивен детерминизам кој доминираше во науката повеќе од сто години. Марксистичката дијалектика од 19-тиот век го изрази она што сега теоријата на хаосот го изразува математички: меѓу-поврзаноста на нештата, органската природа на односите меѓу субјектите.

Проучувањето на фазните премини претставува една од најважните области на современата физика. Постои неограничен број на примери од оваа појава. Трансформацијата на квантитетот во квалитет е универзален закон. Во својата книга Сеприсутност (Ubiquity) Марк Бјукенан го покажува овој закон во различните појави како срцевите удари, лавините, шумски пожари, подемот и падот на животинските популации, берзанските кризи, војните, па дури и промени на модата и уметничките правци. Уште повеќе зачудува што сите овие настани може да се изразат преку математичка формула позната како закон на степенска зависност.

Овие извонредни откритија се антиципирани одамна од страна на Маркс и Енгелс, кои ја поставија дијалектичката филозофија на Хегел на рационална (т.е. на материјалистичка) основа. Во неговата Логика (1813) Хегел напишал: „Стана предмет на општ потсмев историја да ги прикажува големите ефекти да се јавуваат од малите причини.“ Ова е кажано далеку пред да се знае за„ефектот на пеперутка“. Како ерупциите на вулканите и земјотресите, револуциите се резултат на бавна акумулација на противречности во текот на подолг период. Процесот конечно ја достигнува критичната точка во која се случува ненадеен скок.

ИСТОРИСКИ МАТЕРИЈАЛИЗАМ

Секој општествен систем верува дека претставува единствениот можен облик на постоење за човечките битија. Дека неговите институции, неговата религија, неговиот морал се последниот збор проговорен. Тоа е она во што човекојадците, египетските свештеници, Марија Антоанета и царот Николај усрдно веруваа. И тоа е она во што Френсис Фукујама сакаше да го покаже кога нѐ увери, сосема неосновано, дека т.н. системот на „слободната иницијатива“ е единствениот можен систем – само што системот не почна да тоне.

Исто како што Чарлс Дарвин објасни дека видовите не се непроменливи и дека тие поседуваат минато, сегашност и иднина, менување и развивање, така Маркс и Енгелс објаснија дека одреден општествен систем не е вечно фиксен. Аналогијата помеѓу општеството и природата, се разбира, е само приближна. Но, дури и најповршната интерпретација на историјата покажува дека градуалистичкото толкување е неосновано. Општеството, како и природата, знае за долги периоди на бавно и постепено менување, но исто така дека линијата е испрекината од експлозивни настани војни и револуции, во кои процесот на промени е енормно забрзан. Всушност, токму овие настани дејствуваат како главна моторна сила на историскиот развој.

Коренот на револуционерните промени е фактот дека одреден социо-економскиот систем ги достигнал своите граници и не е во можност да ги развие производните сили како порано. Марксизмот ги анализира скриени изворите кои се наоѓаат зад развојот на човечкото општество од најраните племенските општества до модерното време. Материјалистичката концепција на историјата ни овозможува разбирање на историјата, не како низа на неповрзани и непредвидени инциденти, туку како дел од јасно разбран и меѓусебно поврзан процес. Таа е низа на акции и реакции, во кои се опфатени политиката, економијата и целиот спектар на општествен развој.

Односот помеѓу сите овие појави е сложен дијалектички однос. Многу чести се обидите да се дискредитира марксизмот со прибегнување кон карикатура на методот на историската анализа. Вообичаено извртување е дека Маркс и Енгелс „сведувале сѐ на економијата.“ Маркс и Енгелс повеќе пати одговораа на оваа апсурдност, како во следниот извадок на писмото на Енгелс до Блох:

„Според материјалистичка концепција на историјата, на конечниот елемент на одлучување во историјата е создавањето и пресоздавањето на животот. Ниту Маркс ниту јас не сме тврделе повеќе од ова. Значи, ако некој ова го преврти велејќи дека економскиот елемент е единствениот одлучувачки, тој го преобразува исказот во бесмислена, апстрактна и неразумна фраза“.

КОМУНИСТИЧКИ МАНИФЕСТ

Најмодерна книга која некој може денес да ја прочита е „Комунистичкиот манифест“ напишана во 1848 година. Точно е, овој или оној детал мора да се смени, но во основа сите идеи на „Комунистичкиот манифест“ се релевантни и вистинити денес, како и кога беа напишани. Спротивно на тоа, огромно мнозинство од книги напишани пред еден и пол век, денеска се само чисто историски интерес.

Она што е највпечатливо околу Манифестот е начинот на кој ги антиципира повеќето основни појави кои го окупираат нашето внимание на светско ниво во сегашно време. Ајде да разгледаме еден пример. Во времето кога пишуваат Маркс и Енгелс, светот на големите мултинационални компании беше музиката од многу далечната иднина. И покрај тоа, тие објаснија како „слободните претпријатија“ и конкуренцијата неизбежно ќе доведат до концентрација на капиталот и монополизација на производните сили.

Искрено, комично е кога ќе ги прочитате изјавите дадени од страна на бранителите на „пазарот“ во врска со наводната грешка на Маркс за ова прашање, кога во стварноста токму тоа е еден од неговите најбрилијантни и најточни предвидувања. Денес, апсолутно неспорен е фактот предвиден од Маркс дека се случи, и се случува, процес на концентрација на капиталот, и навистина дека тој достигна невидено ниво во текот на последните десет години.

Со децении буржоаските социолози се обидуваа да ги негираат овие тврдења и се „докаже“ дека општеството станува сѐ повеќе еднакво и дека, следствено, класната борба е застарена како рачниот разбој и дрвениот плуг. Работничката класа исчезна, велат тие, и сите сме средна класа. Што се однесува до концентрацијата на капиталот, иднината била во малите бизниси, и „ситното е убаво“.

Како иронично звучат овие тврдења денес! Во целата светска економија сега доминираат не повеќе од 200 гигантски компании, а голем дел од нив се со седиште во САД. Процесот на монополизација достигна невидени размери. Во првиот квартал од 2006 година спојувањата и преземањата во САД изнесува 10 милијарди долари долари на ден. Оваа активност не означува вистински развој на производните сили, туку спротивно. И темпото на монополизација не се намалува туку се зголемува. На 19-20 ноември 2006 година вредноста на спојувањата и преземањата во САД изнесуваше рекордни $ 75 милијарди за само 24 часа! Превземањата се еден вид корпорациски канибализам кој неизбежно е проследен со соголување на средствата, затворање на фабриката и отпуштања односно, со големо и безобѕирно уништување на средствата за производство и жртвување на илјадници работни места на олтарот на Профитот.

Во исто време, постојано расте нееднаквоста. Во сите земји учеството на профитите во националниот приход е на рекордно високо ниво, додека учеството на платите е на рекордно ниско ниво. Вистинската тајна на сегашниот бум е што капиталистите вадат рекордни износи на вишокот на вредност од работничката класа. Во САД работниците произведуваат во просек една третина повеќе отколку пред десет години, но реалните плати стагнираат или паѓаат во реални услови. Профитите се во подем и богатите стануваат побогати на сметка на работничката класа.

Дозволете ни да земеме уште еден, уште повеќе зачудувачки пример: глобализацијата. Доминацијата на светскиот пазар е најважната манифестација на нашата епоха, а тоа би требало да биде неодамнешно откритие. Всушност, глобализацијата е предвидена и објаснета од Маркс и Енгелс уште пред 150 години. Сепак, кога Манифестот бил напишан, практично немаше емпириски податоци да се поддржи таквата хипотеза. Единствената вистинска развиена капиталистичка економијата беше Англија. Инфантилните индустрии во Франција и во Германија (која дури и не постоеше како еден, обединет, субјект), сепак се криеја зад високите тарифни ѕидови факт кој е во удобно се заборава денес, кога Западните влади и економисти упатија остри лекции на остатокот од светот за потребата да ги отворат нивните економии.

На светско ниво резултатите од глобализираната „пазарна економија“ се пострашни. Во 2000 година 200те најбогати луѓе имале богатство колку и 2 милијардите најсиромашни. Според бројките на ОН, 1,2 милијарди луѓе живеат со помалку од два долари на ден. Од овие осум милиони мажи, жени и деца умираат секоја година бидејќи немаат доволно пари за да преживеат. Сите се согласуваат дека убиството на шест милиони луѓе во нацистичкиот холокауст е ужасно злосторство против човештвото, но тука ние имаме тивок холокаустот што убива осум милиони невини луѓе секоја година и никој ништо не кажува на оваа тема.

Заедно со ужасната беда и човечко страдање, се одигрува оргија на непристојни пари и огромното богатство. Во светот постојат во моментов 945 милијардери со богатство од вкупно $ 3500 милијарди. Многу од нив се државјани на САД. Бил Гејтс има лично богатство кое се проценува на околу 56 милијарди долари. Ворен Бафет не е далеку со 52 милијарди долари. Сега тие се фалат дека ова непристојно богатство се шири кон „посиромашните нации“. Меѓу супер-богатите има 13 Кинези, 14 Индијци и 19 Руси. И ова би требало да биде причина да славиме!

КЛАСНА БОРБА

Историскиот материјализам нè учи дека условите ја определуваат свеста. Проблемот е што свеста заостанува зад објективната ситуација, масовните организации заостануваат зад тоа, а пред сè, раководството на работничката класа заостанува далеку зад нив. Ова е главната противречност на овој период. Таа мора да биде разрешена, и ќе биде разрешена.

Идеалистите отсекогаш ја претставуваа свеста како моторна сила на сиот човечки напредок. Но, дури и најповршна студија на историјата покажува дека човековата свест секогаш има тенденција да заостануваат зад настаните. Далеку од тоа да е револуционерна, тоа е упорно и длабоко конзервативна. На повеќето луѓе не ми се допаѓа идејата за промена, а уште помалку на насилните немири, кои ги преобразуваат постоечките услови. Тие имаат тенденција да се држат до познатите идеи, познатите институции, на традиционалниот морал, религијата и вредностите на постоечкиот општествен поредок. Но, дијалектички, нештата се менуваат во нивните спротивност. Порано или подоцна, свеста, ќе биде усогласена со реалноста на бурен начин. Токму тоа е револуција.

Марксизмот објаснува дека во крајна линија, клучот за сиот општествен развој е развојот на производните сили. Сѐ додека општеството оди напред, сѐ додека тоа е способно за развој на индустријата, земјоделството, науката и технологијата, тоа се гледа како валидно од големото мнозинство на луѓе. Под вакви услови, мажите и жените обично не го испитуваат постоечкото општество, моралот и законите. Напротив, тоа се доживува како нешто сосема природно и неизбежно: како што се доживува изгревањето и заоѓањето на Сонцето како природно и неизбежно.

Големите настани се неопходни за да се дозволи масите да го отфрлат тешкиот товар на традицијата, навиката и рутината и да ги прифатат новите идеи. Таков е ставот на материјалистичкото поимање на историјата, кој беше брилијантно изразен од страна на Карл Маркс во славната фраза „општественото битие ја одредува свеста.“ Потребни се големи настани да се разобличи неразумноста на стариот поредок и да се убедат масите на потребата за негово потполно соборување. Овој процес не е автоматски и му е потребно време.

Во изминатиот период се чинеше дека класната борба во Европа е нешто надминато. Но, сега сите акумулирани противречности излагаат на површина, подготвувајќи го патот на експлозија на класната борба насекаде. Дури и во земји како Австрија, каде што со децении владеачката класа го откупи социјалниот мир со реформите, се подготвуваат бурни настани. Остри и ненадејни промени се имплицитни во ситуацијата.

Кога Маркс и Енгелс го напишаа Манифестот, тие беа двајца млади момчиња, од 29 и 27 години респективно. Тие пишуваа во преиодот на црната реакција. Работничката класа привидно беше неподвижна. Самиот Манифест е напишан во Брисел, каде што неговите автори биле принудени да побегнат како политички бегалци. И уште во истиот момент кога „Комунистичкиот манифест“ прв пат го виде светлото на денот во февруари 1848 година, револуцијата избувна на улиците на Париз, а во текот на следните месеци се расшири како шумски пожар низ речиси цела Европа.

Ние влегуваме во најконвулзивен период кој ќе трае неколку години, слично како и периодот во Шпанија 1930-1937. Ќе има порази и успеси, но под овие услови масите ќе учат многу брзо. Се разбира, не смееме да претеруваме: ние сме сеуште во раните почетоци на процесот на радикализација. Но, многу е јасно дека сме сведоци на почетокот на промена на свеста на масите. Сѐ поголем број на луѓе го преиспитуваат капитализмот. Тие се отворени за идеите на марксизмот, на начин каков немавме порано. Во наредниот период, идеите кои беа затворени во малите групи на револуционери ќе биде следени од милионите.

Затоа може да му одговориме на г-дин Фукујама дека историја не е завршена. Всушност, таа одвај почнала. Кога идните генерации ќе погледнат назад во нашата сегашна „цивилизација“, тие ќе имаат приближно ист став како нашиот во однос кон канибализмот. Неопходниот услов за постигнување на повисоко ниво на човеков развој е крај на капиталистичката анархија и воспоставување на рационален и демократски план за производство во кои мажите и жените можат да ги преземат своите судбини во свои раце.

„Ова е невозможна Утопија!“ викаат самопрогласените „реалисти“. Но, она што е крајно нереално е да се замисли дека проблемите со кои се соочува човештвото може да се решат врз основа на овој систем кој го донесе светот во оваа жална состојба. Да се каже дека човештвото не е способно да најде подобра алтернатива од законите на џунглата е монструозна клевета на човечкиот род.

Со исползување на огромниот потенцијал на науката и технологијата, ослободувајќи ги од монструозните окови на приватната сопственост и од националната држава, можно да се решат сите проблеми кои го угнетуваат нашиот свет и му се закануваат со уништување. Вистинската човечка историја ќе започне само кога мажите и жените ќе стават крај на капиталистичкото ропство и ќе ги преземат првите чекори кон царството на слободата.

Лондон, 19 ноември 2010 г.

превод на статијата Why we are Marxists

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *