АнтиНАТО трибина

Редакцијата на Нова искра заедно со повеќе антиНАТО активисти во сабота на 21 март во 14 часот во културниот центар Точка, ќе одржи отворена трибина насловена „60 години НАТО се доста!“. За воената алијанса ќе зборуваат како воведничари професорката Билјана Ванковска од институтот за мировни студии во Скопје, пензионираниот потполковник и поранешен портпарол на АРМ Благоја Марковски, како и еден од подвижниците на Нова искра, Ивица Антески.

Трибината е отворена за дискусии за сите кои ќе дојдат и ќе сакаат да го кажат своето мислење за воениот сојуз НАТО.

Трибината е дел од серијата активности што ги организира коалицијата „НАТО доста е!“ во која покрај Нова искра, се и невладината организација Мировна акција, движењето за социјална правда – Ленка, организацијата Магма карта и други поединци и групи.
Покрај саботната трибина, планирана е уште една дебата која ќе се одржи на 2 април, а на 4 април, за време на одржувањето на самитот на НАТО во Стразбур е планиран протест во центарот на Скопје, а потоа и музички хепенинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *