150 години од објавувањето на „Потеклото на видовите“

Следејќи ги чекорите што Коперник и Галилео ги направиле триста години порано, Дарвин и нанесе огромен и непоправлив удар на ѕидовите на непобедливата теологија и поради тоа неговата книга е извор на интензивна дебата се до денешен ден. Дарвин бараше и најде објаснување, односно механизам, за еволутивните промени на видовите, кои другите научници само ги начнаа, и притоа тој го користеше само материјалистичкиот метод, без да се повикува на Бог или на метафизиката.
Поради нејзиното спротиставување на ортодоксната религија, на теоријата на Дарвиновата во денешно време се уште ја оспоруваат милиони луѓе кои вообичаено би се потсмевале на архаични научни идеи како таа дека земјата е рамна или теоријата за непостоечката хемикалија „флогистон“ која е дел од хемиска оксидација.

„Според анкетата на Галуп спроведена во САД помеѓу 1982 година и 2004 година се покажало дека 44-47 отсто од анкетираните Америкаци не верувале во еволуцијата. Наместо тоа, тие верувале дека луѓето се создадени од Бог пред помалку од 10.000 години. Во меѓувреме, едно скорешно испитување каде се испитувале над 400 универизитетски професори во Тексас, која е оптшопозната како голема конзервативна држава, се покажало дека речиси 90 отсто од нив веруваат дека еволутивната биологија е главно вистинита.“ (од The Earth Times Online Newspapper)

Поалармантно е минатогодишното испитување помеѓу професорите научници во Британија кое покажало дека бројно малцинство (29 отсто од професорите) сметале дека Креационизмот треба да се земе како валидна алтернатива на еволуцијата! Како што рекол професорот по генетика на Универизитетот Лондон Стив Џонс, „Дали овие професори исто така се убедени дека треба да подучуваат за можноста дека хемиската формула за вода е H3O, дека Бејкон ги напишал делата на Шекспир и дека бебињата ги носат штркови?

Во септември минатата година, еден ден откао Црквата на Англија се извини затоа што не ги „разбрала“ идите на Чарлс Дарвин пред 150 години, Католичката црква исто така објави дека ќе одржи петдневна конференција за значењето на дарвинизмот. Секако дека имаше протести од антиеволуционистите кои се уште ја интерпретираат Бибилјата како книга на потеклото во која има егзактен и виситнит опис на историјата на планетата.

Потеклото на видовите

Почетна точка на Дарвин во „Потеклото на видовите“ беше заклучокот дека во внатрешноста на популацијата на видовите има природна варијација помеѓу самите индивидуални организми. На пример, птиците од еден ист вид се препознатливи по генерална карактеристика или одлика која им е заедничка на сите, а секоја птица индивидуално може да има мала, но видлива разлика како на пример, во бојата на крилјата. Што се однесува на луѓето, Дарвин смета дека ние не сме идентични копии или клонови на нашите родители дури и во случаите на идентични близнаци, секој од нас има генетски карактеристики кои се уникатни за нас. Ние сите ги делиме генералните карактериситки на хомосапиенс и можеби потсетуваме на нашите родители, но во поглед на деталите, ние сите сме уникатни.

Дарвин забележал дека и покрај генералните карактеристики секоја индивидуа се стреми да ги пренесе своите уникатни особини на следната генерација. Ако на пример, два машки гулаба со различна должина на кријлата се спарат со слични женки, младите на машкиот гулаб со пократки крилја ќе има предиспозиции за кратки крилја, додека младите на гулабите со подолги кријла ќе имаат поголеми шанси да имаат подолги крилја.

Како што објаснил Дарвин, луѓето ги искористиле квалитетите на природната варијација и наследството со генереации. Со вештачката селекција што ја прават луѓето врз домашните животни, им се дозволува да се парат, но има можности постепено да се менува изгледот и ликот на било која домашна животинска популација. Кучињата, мачките, кравите, коњите, гулабите и многу од растенијата се спарувале на онаков начин преку кој може да се постигнат определни и конретни карактериситки, првенствено преку избор на кои животни ќе им биде дозволено да се репродуцираат.

Наспроти вештачката селекција, Дарвин го поставил прашањето за природна селекција. Додека фармерот може да одлучи кој од неговите коњи ќе се пари, во дивината „природата“ е таа која одредувала кој организам е подобар да се репродуцира. Дарвин предлагал дека има натпревар помеѓу организмите од ист вид за да се види кој ќе биде најуспешен во репродуцирањето. Тоа што Дарвин го нарекол „борба за живот“ значело дека оние организми чии карактеристики најдобро се вклопувале во околината во која живеееле ќе бидат најуспешни во репродукцијата, со тоа што ќе преживееле доволно долго да се множат почесто и поуспешно.

„Во екот на борбата за живот, секоја варијација без разлика колку е мала и без разлика која е причината за неа, ќе биде целосно исплатлива за индивидуата или било кој тип, во нивните бескрајни и комплексни односи со други органски форми и со надворешната природа ќе имаат тенденција да ја зачуваат таа индивидуалност, која генерално ќе ја наследат нивните младенчиња. Консеквентно на тоа младенчињата ќе имаат поголема шанса за опстанок“. (Потеклото на видовите, стр. 115)

Многу од особините може да бидат под симултан притисок од околината за промена – како на пример промена на должината на нозете, промената на очите, бојата на крзното, дигестивниот процес, отпорноста на болести, стратегијата за парење, големината на забите, големина и конфигурација итн. Затоа за животно (или растение) се вели дека копмлетно еволуира, со сета негова индивидуалност и облик.

Под влијание на Валас, кој бил соработник на Дарвин, идејата за еволуција преку природна селекција станала „преживување на најспособните“. Но оваа фраза Дарвин никогаш не ја прифатил премногу воодушевено.
Фразата на Валас индицирала дека една популација е во постојан конфликт со себе, борејќи се себично, а во предност ќе биде само најсилниот и најотпорниот. Формулацијата започнала да се употребува откако Дравин се обидел да го „оправда“ расизмот и класното општество, со тоа што имплицирал дека оние кои се наоѓаат на дното од општественото скалило се на некој начин помалку „адаптибилни“ и затоа заслужуваат помалку од моќните и богатите кои се на врвот на општеството.

Во книгата „Потекло на видовите“ Дарвин го употребил терминот „природна селекција“ затоа што е поедноставен и давал поточен опис на самиот процес на еволуција. Откако го открил механизмот на еволутивна промена според материјалните услови на живите суштества, Дарвин можел да го објасни и термниот „спецификација“ односно формациите на нови сорти кои настанале поради географски, психолошки, анатомски фактори или поради промена во однесувањето. Тој сметал дека различните членови на еден вид можеле физички да се изолираат едни од други поради, на пример, планинските височини или различните острови, што придонесувало припадниците на тој вид да искусат различни еколошки притисоци.

Во времето на Дарвин геологијата како наука не била добро развиена, но затоа денеска сме свесни за тоа како движењето и поместувањето на планините може да придонесе за некои видови растенија и животни физички да се раздвојат и да се изолираат едни од други. Уште во негово време Дарвин како пример ги зел различните острови на Галапагос за да покаже дека и поради малите еколошки разлики помеѓу нив околината создала нови видови на птици и желки.

Со текот на времето различните временски и еколошки услови ја насочиле еволуцијата на две физички раздвоени популации во различен правец што пак, придонело тие да станат физички различни помеѓу себе. На крајот како што ќе забележат марксистите (не Дарвин) „квантитетот се трансформира во квалитет“ и разликите стануваат толку големи што, ако, на пример, два организма од различни места остварат контакт, ќе биде невозможно за нив успешно да се спарат – зашто тие станале два одделни вида.

Во денешно време има примери за видови кои јасно се одделиле во текот на еволуцијата, но се уште се доволни слични за да можат да се парат, како што прават тигрите со лавовите и коњите со магарињата. Во вакви случаи нивните младенчиња, мулиња и лигери, се раѓаат како стерилни и не може да се парат.

Со само еден чекор Дарвин можел да објасни со термини на природните закони, како модерните видови се развиле од претходните видови и зошто постојат милиони различни видови на планетава.

Изненадувачки е што научниците погрешно ги разбрале идеите на Дарвин (иако тоа најмногу го прават биолозите). Астрономот Фред Хојл еднаш забележа дека прифаќањето на еволуцијата е како да веруваш дека „ураган може да помине низ депонија и случајно да состави авион“. Но она што Хојл доволно не го ценел е сукцесивната акумулација на корисни и мали промени кои водат до формирање на нови типови.

хоминоидите потекнуваат од заеднички предок

Најзначајната поента во едноставната идеја на Дарвин било тоа дека напредокот на видовите се заснова на материјалните услови со кои се соочуваале организмите, и тоа дека еволутивниот процес нема крајна цел или намера. Најсложените органски структури, како очите, мозокот и другите вантрешни органи, и копмлексните социјални навики кои се препознаваат кај мравките и пчелите, сите тие биле резултат на слепите закони на природната наука. Природата, како што вели Ричард Даукинс, е „слеп часовничар“.

Исто така, важно е што природната селекција ги симнала човечките суштества од нивниот теолошки пиедестал. Дури и таму каде што еволуцијата се прифаќала без задршка, сепак се претпоставувало дека таа мора да е одраз на повисока цел во правец на идеалот за човештвото. И оваа идеја била приземјена.

Накратко, Дарвинизмот бил голем шок за Црквата и за сите научници кои држеле метафизички проповеди дека еволуцијата била водена од раката на Бог. Дарвиновата теорија била енормно моќна поради својата прекрасна едноставност и непобитна подлога од факти и докази.

Откритијата на фосилни остатоци од изумрени организми паралелно со други докази кои покажуваат на најстарите периоди Земјата, ја предизвикувале било која буквална интерпретација на приказната за Битието. Би било грешка доколку се потценат предизивиците со кои се соочила идејата на Дарвин и нивото до кое религијата ја зацврснала претпоставената „наука“ во Дарвиновото време.

Црквата го возвратила на ударот преку стотината есеи и трудови на професори, но повеќето од тие текстови разбирливо се заборавени денеска. Помеѓу 1833 и 1840 година биле издадени осум книги во серија под наслов „Во име на силата, мудроста и добрината на Бог, како што се манифестира во Битието“, а ги пишувале водечки авторитети во областа на моралната филозофија, природната историја, астрономијата, физиологијата, хемијата и геологијата. За книгите имало широка дебата, а делови од нив се читале и за време на црковните церемонии.

Една од книгите напишал Вилијам Букленд, кој бил професор по геологија на универзитетот Оксфорд. Во предговорот се вклучени: „Докази за дизајнот на структурата на фосилните растенија“, „Докази за создавањето во вознемирувачките сили во стратумот на земјата“ итн. Во едно од поглавјата тој ги коментира фосилните остатоци за „мегатериум“,односно праисториски голем ѕвер, кои ги обезбедил Дарвин додека бил на долго патување во Чиле. Врз основа на реконструкцијата на формата и физиономијата, Букланд заклучил дека праисторскиот ѕвер не бил монструм како што тврделе некои анатомисти, туку бил „доказ за Божјата мудрост и дарежливост како креатор“.

Во 1840 година компаративниот анатомист Ричард Овен тврдел дека животинското царство било организирано според четири различни типови (риби, птици, влекачи и цицачи). Овие „архетипови“ биле оригинално создадени во умот на Создателот.
Во друга книга, пак, „Стапките на Создателот“ што ја напишал геологот и калвинистот Хју Милер, се објаснува дека имало докази во фосилните формации по библиската поплава. И така натаму, ова е само мал пример за денешната теолошка „наука“.

Дарвиновите погледи кон религијата

Во неговиот живот, Дарвин не можел целосно да се оттргне од влијанието на христијанските навики со кои бил роден и пораснал. Повеќето од пријателите, семејството и колегите биле дел од втемелената Англиканска Црква и тој ја поддржувал неа како социјална институција. Црквата, во сите околности, го подривала секој аспект од академскиот живот и секаква соработка со него била условувана со вметнување на Црковните учења во нивните предавања и истражувања. Многу од учителите на Дарвин на овој начин биле поврзани со Англиканската Црква.

Илустрациите на Дарвин за варијациите на клунот на канаринците на Галапагоските острови, што содржи 13 видови во блиско сродство, кои се разгрануваат највидливо според формата на нивниот клун. Клунот на секој вид одговара најмногу за храната која ја употребуваат, што сугерира на природна селекција.

Дарвин ја развил основната содржина на неговите идеи многу години пред да бидат објавени цели 20 години порано – и една од причините за тоа е тешкотијата во ускладувањето на неговите идеи со оние на дотогашната религија и филозофија. Кога го издаде делото за „Потеклото на видовите“, се испостави прашањето за човековата еволуција во една енигматска фраза: “Молњи да бидат фрлени врз потеклото на човекот и неговата историја.“ Сепак, вмешаноста беше очигледна и дванаесет години подоцна тој го објави делото за „Потеклото на човекот“, воведувајќи ја природната селекција во човековата еволуција.

Без оглед на се, неговите теории неизбежно значеа постојани дебати за еволуцијата помеѓу неговите поддржувачи и Црковните лидери и сега е јасно од неговите пишувања дека неговите научни истражувања имале влијание врз неговите мисли.

Во неговата автобиографија тој запиша:

“Стариот аргумент за дизајнот во природатакој предходно ми изгледаше толку убедливо, пропаѓа, сега кога веќе природната селекција е откриена. Изгледа дека нема веќе дизајни во променливоста на органските суштества и во дејството на природната селекција, освен оние во чиј правец би дувал ветерот.“

На тема за постоењето на “Создавач“ тој му напиша писмо на Чарлс Лаел во септември 1874:

“Многу луѓе делуваа дека прилично лекомислено го прифакаат сето тоа со бесмртноста и со постоењето на лично свој Господ по сама интуиција; и затоа јас сметам дека мора да се разликувам од такви личности, бидејќи длабоко во себе не чувствувам никакво убедување по ниедно прашање.“ (Од Darwin Correspondence Project)

Повторно, во писмо до Ф. А. Мекдермонт, во ноември 1880, тој запиша:

“Жалам што морам да Ве известам дека јас не верувам во Библијата како боженствено откритие, што значи дека не верувам во Исус Христос како Син Божји.“

Маркс и Енгелс за Дарвин

За основачите на дијалектичкиот материјализам, идеите на Дарвин претставуваа брилијантна потврда за нивниот светоглед. Дарвин самиот не говореше за дијалектичка промена, но неговите идеи сигурно се движеа во тој правец. Но, што е уште позначајно, целата основа на Дарвинизмот беше вкоренета од материјалистичко гледна точка. Во јануари 1861, Маркс на Енгелс му го напиша следново:

“Дарвиновата книга е многу значајна и ми служи како природонаучна основа за класната борба во историјата. Некој требаше да се спротистави на суровиот aнглиски метод на развитокот, се разбира. Покрај сите недостатоци, не само што е зададен смртоносен удар за прв пат на телеологијата (објаснување на феномените според нивното исходиште, цел заб. на Џ.П.) во природните науки, но и рационалното значење е емпириски објаснето“

Пишувајќи во „Анти-Диринг“, Енгелс го предвиде понатамошниот развој на идеите на Дарвин:

“Теоријата за еволуцијата се уште е во многу рана фаза, што значи дека не постои двоумење дека понатамошните истражувања ќе ги изменат нашите сегашни замисли, вклучувајќи ги исклучиво Дарвиновите, за процесот на еволуција на видовите.“

Вистина, преку 150 години од издавањето на Потеклото, Дарвиновите идеи не се побиени од науката, туку се појаснети, прочистени, продлабочени, и усовршени од неизмерно насобирање експериментални докази.

Дарвин творел врз база на геолошките дела на Лаел, кој го нагласувал скоро незамисливото (за тоа време) дамнешно доба на Земјата, спротивно на она на Црквата, кое е создадено од страна на учен епископ во 4004 п.н.е. во вторник на пладне. Дарвиновото Потекло, следејќи го истиот пример на Лаел, придава најсилен акцент на постепеното еволуирање на видовите со илјадници генерации, ставајќи ги биолошките процеси на истата временска скала со геолошките. Акцентот е ставен на бавната, постепена промена.

Дури и денес, многу дарвинисти се градуалисти, гледајќи на еволуцијата како повеќе или помалку бавен и непрекинат развиток. Други “нео-дарвинисти“ ја продлабочија идејата за прифаќање на можноста за брзи промени (брзи во геолошка смисла, односно илјадници наместо милиони години), вкомпонирано заедно со постепени промени.

Таканаречената теорија на “точкова рамнотежа“ („punctuated equilibrium“) на Стивен Џеи Гоулд и Нилс Едриџ е основана на идејата за масовно изумирање и масовно раѓање (како видови) во клучни моменти во биолошката историја:

“промена обично не настанува со незабележливи постепени измени на сите видови, туку повеќе со издвојување на мали популации и нивните геолошко моментални преобразби во еден нов вид.“

Навистина има, изобилие на докази, на пример, за „експлозија“ на нови видови во почетокот на Камбријската ера, пред 700 милиони години. Иако авторите на моделот не го користат токму тој израз, но всушност се работи за идеја блиска до идејата за дијалектичка промена опишана од Маркс и Енгелс.

Многу научници денес веруваат дека можеби постојат периоди на биолошки релативна рамнотежа, која се менува со брзи, понекогаш катастрофални промени. Некои промени се „постепени“ – како континентални струења кои поместуваат огромни масти земја низ површината на Земјата. (Исто така тектонски поместувања се остварени низ долга серија од мали потреси и земјотреси, меѓу кои сите, на локално ниво, можат да бидат катастрофални за околината.) Други промени, гледани од геолошка временска рамка, може да бидат ненадејни и драматични. Има и докази околу катастрофални вулкански активности или удари на астероиди дека оставиле драматични влијанија врз биолошките процеси на Земјата.

Важната поента е таа дека ниедна од овие идеи не го побива дарвинизмот, туку едвај придодава нешто на него и го развива.

Механизмите на еволуцијата откриени во молекуларната хемија.

Дарвин ја развил својата теорија внимателно посматрајќи и мерејќи илјадници растенија и животни. Тој пред се ја проучил анатомијата и до некој степен физиологијата на овие живи организми. Тој напишал дека “законите кои владеат со наследноста се сосема непознати“ – тој не го сфаќал физичкиот механизам кој е основа за наследноста и еволуцијата.

Век и половина откако ги напиша овие зборови, научниците го открија основниот хемиски механизам на наследноста, преку комплексните молекули како ДНК и РНК. Постои цел костур на знаења кој го поврзува генетскиот состав на живите организми – т.н. генотип – со физичкиот состав или изглед како живи организми – фенотип.

Џиновските молекули како ДНК и РНК се смета дека се носачи на протеинските синтези во сите живи организми и тие имаат капацитет да го пренесуваат „генетскиот код“ варирајќи меѓу комбинации на четирите бази заедно со должината на молекуларниот синџир.

Нешто што драматично ја подвлекува дарвиновата теорија на еволуцијата е тоа што сега е јасно дека основниот генетски состав на сите живи нешта на оваа планета – без исклучок – се потпира на истите базични биохемиски механизми. Со други зборови, развојот на сета модерна молекуларна наука ги зајакна основните идеи за природна селекција развиени пред 150 години од страна на Дарвин.

Современите противници на Дарвинизмот – главно религиозни фундаменталисти инспирирани од книгата Битие (Библијата, Стариот Завет), не само што ја отфрлаат еволуцијата туку и целата модерна биохемија, која самата по себе влече влијанија од истражувања и откритија од милиони научници, од цел свет, во последните 150 години. Всушност, креационистите (креационистичката теологија) – вклучувајќи ги и подржувачите на т.н. интелигентен дизајн – ако беа упорни, ќе мораа да одбијат се од модерната наука.

Дарвинизмот стана една од најзначајните “доктрини“ на нашето време. И покрај влијанието на религиозниот фундаментализам, таа е прифатена од голем број на научниците денеска. Таа претставува вграден дел од нашата култура. Едно пребарување на Гугл приложува 2,8 милиони резултати за „Потеклото на видовите“, 2.3 милиони резултати за зборот „дарвинизам“ и 15,2 милиони за „природна селекција“!

Како и идеите за другите доктрини – социјализмот – се вкоренети во материјалната реалност и поради тоа нема да исчезнат. Како што кажа американскиот филозоф Даниел Денет, “(дарвинизмот) е цврсто врзан со стотици и илјадници нишки од докази фиксирани во практично секоја друга област на човековото знаење.“ Дарвиновата теорија останува до денес тло на кое се соединуваат теориите на биологијата.

Целосно е својствено за марксистите да го празнуваат делото на Чарлс Дарвин, со неговиот “удар“ тој е веројатно највлијателниот природонаучник на сите времиња. Секако, со доза на почит неговите идеи не се целосно заокружени или развиени, ама затоа за прв пат ја поставија целата наука за биологијата на солидна материјална подлога и ја втемелија биологијата во човековиот развиток.

објавено на In Defence of Marxism на 19 февруари 2009
превод од англиски: Благица Иванова и Горан Лазаровски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *