Стигна Комунистичка револуција, број 1
Освен Револуционерната комунистичка интернационала, пристигна и новиот весник.
Ова е првото издание на Комунистичка револуција на словенечки, српскохрватски и македонски јазик. Ова е првиот весник што по повеќе од 30 години ги обединува нашите народи и излегува на сите три јазици! Издавањето на овој весник претставува историски момент за комунистичкото движење на нашиот простор!
Доколку сакате да набавите примерок, контактирајте нѐ преку ФејсБук страната , преку Инстаграм профилот или на веб порталот novaiskra.mk. Достапни сме во сите поголеми градови во Југославија и во некои помали градови.
Во оваа прилика им препорачуваме на сите да го зграбат својот примерок. На работна пауза за кафе, читајте Комунистичка револуција!