ВестиЕвропаИнтернационалаОпштоТеорија

Во одбрана на Советската уметност

Стогодишнината од Руската Револуција се случува во време со пригодно експлозивен тренд, со првите укази на Доналд Трамп кои предизвикаа интернационални протести од огромни размери. Фер е да се каже дека тензиите се високи, а широкораспространетиот гнев е настанот на денот.

Како и да е, сиот овој гнев се покажува како незначаен во споредба со исправниот гнев на осамениот уметнички критичар на Гардијан, чиј одговор на Лондонската изложба на дела од рускиот револуционерен период ги прави минатонеделните анти-Трамп протести изгледаат позитивно оптимистички за споредба.

Дури и според сомнителните стандарди на ситнобуржоаската уметничка критика, плуканиците на Џонатан Џонс против изложбата на Кралската академија на уметностите на руската уметност од периодот 1917-32 се одликува со хистерија која се граничи со комичност.

„Мрзлива, неморална лага е да продолжиме да се преправаме дека имало нешто славно во бруталниот експеримент на Ленин наметнат на Русија,“ смета Џонс. „Или дека има нешто наивно во целата таа премногу брилијантна пропагандна уметност,“

Смири се драги, тоа се само слики.

Според веб сајтот на Кралската академија, најавената изложба (која се отвора на 11 фебруари) ќе одбележи еден век со прослава на реномирани руски уметници како Виктор Кандински, Казимир Малевич, Марк Шагал и Александар Ротченко, чии дела беа фалсификувани во пламенот на револуцијата.

Композиција 8 – Кандински

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Среде метежот,  уметноста првично напредуваше додека дебатите беа околу формата каква треба да ја заземе новата ‘народна’ уметност“ – стои во објаснувањето на веб страната на Кралската академија. „Но оптимизмот не траеше долго: до крајот на 1932,  бруталното потиснување на Сталин постави граници на креативната слобода.“

Ако се зеде предвид каде припаѓа, за експертската галерија од најбуржоаскиот тип, ова е точен заклучок.

Триумфалниот период веднаш по успехот од 1917 беше еден период на огромен културен оптимизам. Пред 1917, уметноста и културата беа строго домен на елитите, многу од нив заклучени во големите уметнички галерии: „концентрациони кампови на умот“, како што Троцки кажа. Во меѓувреме, да се искуси музичкиот гениј на Модест Мусоргски или Петар Чајковски на концерт чинело колку просечната месечна плата на работниците.

Веднаш по Октомвриската револуција, болшевиците ставија крај на буржоаскиот и аристократски монопол на уметноста. Позлатените врати на руските галерии широко се отворија за масите, покажувајќи го богатото руско уметничко наследство (добар дел експроприрано од приватните колекции) на работниците и селаните за прв пат.

Во меѓувреме, радикалните уметници беа инспирирани да изнајдат стил достоен за новиот свет, рушејќи ги границите на секој медиум: од сликарство, филм, музика, до поезија и архитектура.  Како што раниот период на револуцијата беше обележан од гиганти на политичката сцена, така и произведе културни великани како Сергеј Ејзенштајн, Александар Скрабин и Владимир Татлин.

Допринесот на Ејзенштајн за кинематографијата е интернационално признат до ден денешен, поточно неговата иновација на „дијалектичка монтажа“, која ги применува дијалектичките принципи врз кинематографскиот процес на уредување преку поставување на спротивставени слики што се судираат во емотивен ефект. На пример, во ремек-делото на Ејзенштајн Воениот брод Потемкин, на публиката и се претставени слики од исушени морнари на Кронштад во пресек со снимки на скапани, црвосани остатоци од оброци, и со тоа елегантно да се прикажат ужасните животни услови на морнарите.

Монтажна техника со целосен ефект – Ејзенштајн

Радикалните експерименти на Скриабин со атонална музика беа опишани од Лав Троцки како „искрен израз на генијот“, а големиот модернистички композитор суштински го напиша одново звучниот лексикон за цела генерација на музичари.

Во меѓувреме, Татлин беше значајна фигура во конструктивистичкото движење, чиј шокантен дизајн за споменик на Третата интернационала (кој беше замислен како џуџеста Ајфелов кула) е сметан за чудо на архитектонската амбиција, кое за жал никогаш не беше изградено,

Изложбата во Кралската академија е очигледно инспирирана од една од последните значајни руски изложби пред министерот за култура на Сталин, Андреј Жданов да ги затегне жиците на креативниот израз, ограничувајќи ја уметноста на „одобрениот“ стил на „советскиот реализам“.

Блуткавиот коктел на Жданов од реалистичката традиција и веселото воспевање на сталинистичкиот режим, можеби ја заслужува навредата на Џонс. Советскиот реализам беше основан на принципот на удостојување и на тоа дека руските маси нема да разберат дела кои се премногу „тешки“ и затоа се избегнувал формалниот експеримент како „буржоаски“.

Советскиот реализам исто бараше уметноста да го опее воодушевувањето кој државата. Сѐ што било перцепирано како критика кон Сталиновиот режим било строго цензурирано, а од уметниците се очекувало да ги претставуваат руските работници и селани во оптимистички чекор кон светлата, комунистичка иднина, додека во стварноста го преживуваат гладот настанат од сталинистичкото погрешно управување со планската економија.

Тројцата големи уметници кои се наведени погоре паднаа во немилост од власта за време на термидорската контрареволуција. За време на Жданов, на повеќе иновативни апстрактни и експериментални креативци кои се бореа да откријат нов уметнички идиом што доликува на новата работничка држава, одеднаш нивната уметност беше етикетирана како „буржоаска“ и „формалистичка“. Многу беа протерани, затворани или полошо – факт кој Џонс го испушта.

Изложбата ќе се состои од ризница на ремек-дела, од енергични апстрактни композиции на Кандински и Малевич до филмски инсталации кои ги прикажуваат пионерските дела на Ејзенштајн и Џига Вертов. За кој било љубител на уметноста ова е прилика што не се пропушта.

Покрај  пишувањето колумни за британскиот во основа „лев“ весник, г-дин Џонс очигледно не е импресиониран. Неговата статија обрасната со морален бес дека преподобната институција како Кралската академија треба да има дрскост за да прикаже „утопистички проект од ера на борба и насилство“.

Тој продолжува понатаму: „начинот на кој ние глатко се восхитуваме на руската уметност од времето на Ленин го сентиментализира едно од најубиствените поглавја во човечката историја.“

Многу инкриминирачко оценување, она што ја прави пошокантна е тоа што изложбата не се ни отвора уште една недела. Очигледно отворениот ум не е доблест на културните литерати денеска.

Непријатеството на г-дин Џонс се темели на т.н. аргумент „потковица“. Во сржта на оваа заблуда (фаворизиран од безумните либерали насекаде) дека „екстремните“ идеологии од десницата и левицата суштински не се разликуваат кога ќе се појават на политичката сцена:

„Кралската академија прикажува руска уметност од времето на Ленин, но не треба да прескокнеме дека тоталитарното насилство на неговиот режим конкурентен на нацизмот… Ако (тие) постават голема изложба на уметност од Хитлерова Германија за тоа со право ќе има негодување. Сепак уметноста од Руската револуција е исто толку заглавена во масовните убиства на 20-тиот век.“

Во класичната концепција на Џонс за политичката потковица, Хитлеровиот режим во Германија беше брутален и уби милиони, како и Советскиот Сојуз. Затоа, нацизмот и социјализмот (или барем нивните револуционерни варијанти) мора да се во основа исти. Да се слави уметноста на Руската револуција, затоа е славење на масовни убиства.

Незадоволен од тоа, Џонс продолжува да расправа дека Октомвриската револуција и болшевичката власт во Русија беа на некој начин „проба“ за нацизам. Тој зборува за болшевичкиот „државен удар“ против Привремената влада на Александар Керенски, и бруталните, тоталитарни тактики кои Ленин ги примени за да ја консолидира моќта:

„Болшевиците на Ленин користеа тортура, надгледување и егзекуции за да изградат еднопартиска држава. Руралното општество беше уништено од болшевичката кампања против кулаците, со значење на т.н. капиталисти селани – војна со нереален општествен непријател која го предвести нацизмот демонизирајќи цела категорија на луѓе.“

Дали на г-дин Џонс би му сметало да ја посети изложбата кога ќе се отвори, со надеж дека гифтшопот на Кралската академија ќе има неколку книги за руската историја – сигурно ќе има бенефит ако отвори една.

Во фебруари 1917, руското население, осиромашено, изгладнето и изморено од царската империјалистичка војна го сруши реакционерниот царски режим, настани во кои Ленин и болшевиците имаа минорна улога.

Но со рушењето на Николај II, близок сојузник на матичното кралство на г-дин Џонс, масите набргу сфатија дека моќта само се префрлила во друга клика која беше врзана со истиот интерес како и Царот. Владата на Керенски затоа беше широко омразена од руската популација поради продолжувањето на воените напори кои доведоа до милионски жртви и втурнаа уште милиони во сиромаштија.

Алтернативата предложена од Ленин и болшевиците беше: „Не им верувајте на професионалните политичари и на паразитските владетели. Верувајте само во вашата сила, земете ја моќта во ваши раце“. Затоа режимот кој болшевиците го воспоставија по Октомвриската револуција беше најдемократскиот во историјата, под кој за прв пат експлоатираната класа директно донесуваше одлуки за сопствената судбина.

Доказот дојде откако Русија беше нападната од дваесет и една реакционерна формација на Белите армии, многу од нив ја уживаа поддршката на Велика Британија по револуцијата. Болшевичката партија, со ограничени ресурси без армија или соодветна државна инфраструктура на која ќе се потпре, успеа да ги победи Белите потпирајќи се на руските маси и обичните луѓе од страната на напаѓачите.

Многу од странските војници, како угнетените индијски војници кои се бореа за Британија, се приклучија кон болшевиците и го свртеа своето оружје кон сопствените домашни и колонијални тирани.

„Кулаците“, околу нивната улога, беа реакционерна каста на богати селани – „крвопијци, вампири, пљачкаши на народот и профитери, кои се здебелија врз гладот“ како што Ленин посочил. Овие предавници ја загрозуваа целата револуција и го држеа осиромашеното и загрозено од глад население во заложништво, преку одбивањето да се откажат од нивниот вишок на жито за да се нахранат градовите и Црвената армија за време на граѓанската војна, преферирајќи да го продадат за профит додека работниците гладуваа.

Не помалку важно, дури и за време на принудните експропријации на кулаците изведени од страна на болшевиците, а имаше и погубувања по бунтот во 1918, но тие не беа тероризирани како група се до 1929, доволно долго по смртта на Ленин и доаѓањето на власт на Сталин.

Г-дин Џонс има малку време за троцкистичките тврдењата дека злосторствата извршени од СССР беа сталинистички извитоперувања: „Да се набљудува револуцијата на Ленин преку розови очила како добро нешто, „утопистички“ сон кој тргна на лошо бидејќи чудниот Сталин расипа сѐ, е исто како да веруваш во бајки.“А сепак практично сите злодела кои г-дин Џонс ги цитира, принудна колективизација, гладот од 1930-тите, бројот на жртвите на граѓанската војна, или биле за време на владеењето на Сталин или биле направени од про-царската Бела армија, поддржана од армиите на империјалистичките нации.

Всушност, Октомвриската револуција беше скоро целосно без пролеана крв. Според една соодветна анегдота, повеќе луѓе загинаа во незгода снимајќи сцена од филмот на Ејзенштајн Октомври во кој работниците упаѓаат во Зимската Палата отколку што загинале за време на вистинскиот упад во Зимската Палата. Кога веќе спомнавте бајки, г-дине Џонс, Пинокио паѓа на ум.

На прилично бесмислен клевета против болшевичката „пропаганда“, г-дин Џонс посочува со презир кон познатиот постер на Ел Лисицки од 1919 „Црвен клин удира бело“. Во ова брилијантно ремек-дело на апстрактната уметност, херојската борба на Црвената армија против царската контрареволуција е сведен на неколку, смели, геометриски форми.

Со клинот црвен се победија белите – Лисицки

„Тегобно“, пишува Џонс, „ја забораваме реалноста кога го славиме постерот на Ел Лисицки на аполитичен начин, или полошо, се восхитуваме на неговиот радикален тренд без да се поставуваат прашања за што навистина претставува. Тоа е повик за безмилосно насилство – мораме да го поставиме во неговиот вистински контекст.“

Добро, сер, каков е овој контекст? Лисицки беше одговорен за генијални пропагандни постери за време на Втората светска војна,  собирајќи ги русите за да градат тенкови да се спротивстават на напад на нацизмот. Но секако, комунизмот и нацизмот се исто – поради „потковицата“.

Или г-дин Џонс нема поим што всушност се случувало во Русија, или си го открива своето вистинско лице овде. Додека уметничкиот критичар не споменува ништо за делата на варваризам извршени од про-царската Бела армија, која не уживала никаква поддршка меѓу руското население, тој ја насочува својата критика кон борбата за слобода, организирана во најтешките услови, буквално без ресурси, од херојските руски маси.

Да се спротивставиш на борбата против Белата армија од позиција на „анти-насилство“ е спротивставување на борбата против фашистичка контрареволуција. Исто како да се спротивставиш на борбата против Франко на шпанските маси, или на отпорот против Хитлер и Мусолини.

Кажувајќи, истиот критичар е совршено задоволен да слави уметност настаната во убиствени, фанатично религиозни држави за време на Шпанската инквизиција: „Вистината е дека бруталните режими и империи долго допринеле за наследството на допадливиот реализам во религиозното сликарство и вајарство.“ Па, уметноста врз бруталност е во ред, сѐ додека не е направена од комунисти.

Уметноста на Лисицки е рефлексија на таа борба за живот или смрт на руските маси. Критиката на г-дин Џонс само открива дека идејата за непристрасност во уметноста е исто импотентна како и идејата за непристрасност во класната борба.

Всушност, и покрај неговото морализаторско спротивставување на „пропаганда“, статијата на г-дин Џонс е класичен пример за видот на бесни, антикомунистички пропаганди што не би недостасувале на страните на Њујорк Пост за време на врвот на Студената војна.

Покрај тоа, навредливите дисквалификации на г-дин Џонс на „радикалниот тренд“ открива неприкриен подем на млади „идеалисти“ кои може, губејќи ја мислата, да бидат инспирирани од наследството на болшевичката партија и нивната херојска борба за ослободување на работничката класа.

Можеби тој се спротивставува на стравот од помислата дека брилијантните уметнички дела кои доаѓаат во Кралската академија би можеле да инспирираат нова генерација на револуционери, за кои капитализмот не донесе ништо повеќе од долг, невработеност и Доналд Трамп.

„Насловот на изложбата која ја одбележува сто годишнината од 1917 посегнува по комерцијалниот врат, секој млад идеалист во земјата џагорливо ќе бара билет“. Околу ова, г-дин Џонс, се согласуваме.

превод на In Defence of Soviet Art: A Reply to Jonathan Jones, автор Џо Атард, февруари 2017