Јануари 2009: Повеќе војници се самоубиваат отколку што се убиени во борба

Во 2008 година, бројот на самоубиства во оружените сили во САД повторно порасна, овојпат на 128 потврдени и уште 15 кои чекаат истрага. Оваа бројка расте секоја година од 2004 наваму. Како што порано напоменавме, аларматниот број самоубиства всушност и не се самоубиства, туку случаи на сомнителна смрт (погледнете го случајот ЛаВена Џонсон ). Како и да е, бројката е алармантна.

Сите показатели велат дека работите ќе продолжат да стануваат полоши и во 2009 година. Како што претседателот на Амерканските ветерани од Авганистан, Пол Рикоф, посочи „Во јануари, ние изгубивме повеќе војници во самоубиства отколку од Ал-Каеда.“ Со „Ал-Каеда“ тој секако мислеш на смрт во борба. И, тој е во право! Како што посочи Асошиејтед прес, „Бројот веројатно ќе го надмине бројот на смрт во борба што е забележан минатиот месец во сите делови на вооружените сили во Ирак, Авганистан и каде и да е на друго место борбата против тероризмот.“ Само во една база, Форт Кемпбел, беше известено дека 4 војници се самоубиле.

Она што е можеби највознемирувачки е дека потполковникот Мајк Мус, кој е портпарол за персонални работи на армијата, тврди дека „не идентификувавме некој посебен проблем“. Тоа значи дека, тие немаат поим зошто војниците се самоубиваат толку често. Можеби, би можеле да ја почнат истрагата со фактот дека млади мажи и жени се фрлени во екстремно стресна, непредвидлива воена зона на другиот крај на светот, да убиваат или да бидат убиени од работници како што се и самите тие, често во повеќекратни смени, да ги напуштат пријателите и децата, рабоните места и семејствата. Во секој случај, кога би ја правеле оваа анализа потполковникот Мус и неговите претпоставени би требало да ја доведат под преашање легитимноста на самата империјалистичка авантура, нешто што, јасно, не можат да го сторат. Како одговор на зголемувањето на самоубиствата, армијата извести дека ќе почне со тренинзи за да им помогне на војниците да препознаат самоубиствени однесувања меѓу нивните другари, заедно со програма за превенција на самоубиства.

Незадоволството со состојбата во моментов се покажува преку состојби на очај, до самоубиство, што на многу од овие војници им изгледа како единствен начин да избегаат од кошмарот на војната и постојаните ангажмани. Сепак, решението за кризите нема да биде најдено само во едукативните кампањи за самоубиствата или со психијатриски посети, колку и да им се блиски на војниците, туку преку прекин на причините за проблемот, самата империјалистичка војна. После години на криење на бројката на регрутирани луѓе, најмногу поради незадоволството од војната во Ирак, сега се соочуваме со зголемување на регрутацијата, како што расте невработеноста и младите луѓе се борат за подобро вработување. Со повлекувањето од конфликтите во Авганистан и во Пакистан, прашањето на империјалистичката војна и потребата од борба против неа нема да престане.

Ние исто така треба на ум да имаме дека овие нови регрути не се истите млади луѓе кои се пријавиле за воена обврска по нападите од 9/11. Во многу случаи, овој бран на војници се пријави поради чесна посветеност на магливаа патриотска мислија да се „уништи тероризмот“. Зголемениот број на пријавени млади луѓе во војската е и поради економски причини. Тие се дел од генерацијата што порасна под сенката на „Војната против теророт“ и чија свест во многу беше уобличена од оваа појава. Многу од нив лично се спротивставуваат на овие војни, но немаат друга алтернатива освен да се пријават. Во извесна смисла, ова води кон неизбежно заострување на класната борба во самите вооружени сили.

вторник, 3 Март 2009
превод од англиски: Ивица Антески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *