ВестиМакедонијаОпшто

Синдикален протест на денот на „независноста“

На 08.09.2021 година со почеток од 11:00 часот се одржа протест во организација на синдикалната конфедерација КСОМ. Маршот започна спроти зградата на МРТВ и заврши пред Влада. Пред Влада беа одржани повеќе говори кои ги акцентираа работничките проблеми. Членовите на МО Црвени беа присутни на протестот и поделија леток преку кој ги искажаа своите ставови по однос на 8 септември и јасно зазедоа став за зајакнување на работничките организации и формирање на работничка партија која би ја повела борбата за социјализам. Црвени ќе бидат секогаш присутни таму каде што има работнички отпор против експлоатацијата.

Го поздравуваме овој протест, кој иако скромен беше храбар гест на пркос кон владеачката идеологија.