8 март ден против класниот тероризам

постерот на бугарските другариРедакцијата на Нова искра ја изразува својата солидарна поддршка на активностите на бугарските другари за одбележување на 8 март преку протест за монструозниот напад со солна киселина на синдикалната активистка Костадина Кунева.

Ние бевме згрозени од овој настан уште кога се случи, во декември минатата година, за што не информираа нашите грчки другари. Кунева имено, работи како илегален мигрант во Грција.

Нападот е монструозен чин на противниците на нејзината синдикална активност кои преку заплашување сакаат да се пресметаат со најсвесниот дел меѓу работништвото.

Најостро го осудуваме класниот тероризам на грчките работодавци и потсетуваме дека слични настани и притисоци секојдневно доживуваат милиони работници во светот и во Македонија.

Меѓународен ден на солидарност со Костадина Кунева

Неделава, 8 март, ќе се одржи протестно собирање како поддршка на Костадина Кунева, бугарската имигрантка во Грција, која работи како чистачка и е активен синдикален деец за правата на работните жени, која беше нападната со солна киселина ноќта меѓу 22 и 23 декември лани.

Која е Костадина Кунева?

Костадина Кунева завршува вишо образование (специјалност историја) во Великотрновскиот универзитет, но не успева да си најде работа по струката економските реформи по 1989 година ја принудуваат да работи како продавачка во Бугарија, а потоа како чистачка во Грција.
Нејзиниот син страда од срцева мана и Кунева е принуден да отиде на работа во странство за да му ги обезбеди неопходните средства за медицински прегледи, зашто бугарското здравство веќе бара огромни парични средства од болните и нивните блиски.

Костадина Кунева е принудена да работи по 18 часа на ден, за минимален надомест, постојано мамена од работодавците, кои ја искористуваат нејзината положба на „нелегален“ работник, кој очајно има потреба од пари и поради тоа е принудена да работи во одвратни услови. Костадина Кунева сепак не се помирува со нечовечните услови, и станува синдикален деец и активно се бори за своите и за правата на своите колеги. Затоа е казнета од работодавците, кои меѓи 22 и 23 декеври 2008 година извршуваат нечуен обид за убиство, поливајќи ја со солна киселина.

Студентско-ученичкото движење „Призив за образование“ организира протестна прошетка на 8 март во 11 часот од софискиот универзитет до грчкото претставништво. Меѓународниот ден на жената ќе биде одбележан на тој начин и во Грција.

Од организторот на протестот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *