За нас

Нова искра е списание за анализа низ призмата на класната борба и противречностите во капиталистичкиот систем. Имајќи предвид дека во постсоцијалистичкиот период во Македонија марксизмот е потценета наука, протерана од речникот и темите на јавните дебати, мисијата на Нова искра е најпрво да ги постави прашањата, а потоа и да понуди одговори за секојдневието онака безмилосно и безкомпромисно, како што тоа го умееше самиот Маркс.

Редакцијата на Нова искра е отворена за секој што мисли дека со мисла и дело може да придонесе кон револуционерната задача да се смени светот во кој живееме. Ниту може, ниту се надеваме ова да биде лесна задача. Историјата безброј пати покажала дека освојувањето на слободата и човечкиот напредок се тешки задачи кои бараат макотрпна работа, жар во срцето, жртвување на времето и личниот живот.
Луѓето што придонесуваат кон постоењето на Нова искра тоа го прават со мислата дека дури и најмалиот чекор нè доведува поблиску до исполнувањето на сонот да се воспостави бескласно општество базирано на солидарност и рамноправност. Тоа се луѓе кои сметаат дека е потребен подобар свет и кои знаат дека подобар свет е можен!