БалканЛевица - партијаМакедонијаОпшто

Државата, правото и комунистите

Оваа година се навршуваат сто години од основањето на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти). Тоа е значаен датум за нас, комунистите, кои делуваат на југословенскиот простор. Оваа партија, година дена потоа преименувана во КПЈ, е наследник на работничкото движење, на тогашните социјални демократи и социјалисти од крајот на 19 век, кое било живо и борбено на балканскиот простор. Да не го заборавиме фактот дека освен руските болшевиците, и српската и бугарската социјална демократија биле единствените партии на Втората Интернационала кои истапиле против Првата светска војна. Сите останати, масовната германска и француска на пример, потпаднале под социјал-шовинизмот и канџите на националната буржоазија.

Autor: Unknown - Скенирано из Војне енциклопедије (Ратна привреда-Спахије), Београд, 1974. година., Javno vlasništvo
слика 1 – делегати на основачкиот конгрес на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти), Белград, , 1919 год.

Комунистите во Кралството СХС излегле на изборите 1920 година и освоиле многу одборнички места, а ги добиле градоначалничките позиции на сите поголеми градови, меѓу кои Белград, Загреб, Осијек, Ниш, како и Скопје, Велес, Куманово итн. Црвените комуни за жал немале долг век затоа што режимот не ги назначил градоначалниците и ја забранил партијата наспроти волјата и општата радост на мнозинството. Нивната борба продолжила и понатаму. Мачења, ликвидации, депоратации не биле доволни да ја убијат комунистичката жар. Една од причините за овој отпор е односот на партијата кон буржоаската држава т.е. поточно кон таканареченото владеење на правото.

Под фразата владеење на правото, ние подразбираме нешто многу поразлично од официјалните академски зборници и пропагатори за конзервирање на состојбите, традиционалистите и општо десничари. Тие парламентарната демократија и владеењето на правото го доживуваат како неменлив столб на општеството, нешто вечно како материјата во Вселената. И кога ќе настане криза, како што настана во периодот 2018 – 2019 год. во РМ со игнорирањето на референдумот за името или други законски акти, па до промените на Уставот, тогаш мистификацијата доживува свој пораст, а тој фетиш се препознава слично како и кога нашите претци се молеле на парчиња дрво или мермер за здравје и плодност.

Прва илузија која комунистите ја исфрлиле е дека државата има функција на договор меѓу граѓаните. Не, туку на оружје на владејачката класа и се користи во класната борба. Втората е дека уставните закони и правила извојувани во револуцијата против феудализмот се ограничување на буржоаската власт и дека треба да ги поддржуваме. Не, уставот и законите не се гумата за спасување на работниците во борбата против капитализмот.    

Нема да дадеме целосен детален одговор за тоа дали во светот постојат други комунисти, членови на највисоко раководство на левичарски партија, желни за истерување на борбата по судови и само по судови, чии една форма локално во Македонија се преставките до Уставен суд, особено на осетливи теми како Законот за употреба на јазиците (каде се третира проблематика од демократските права на национални заедници), но затоа направивме кратко историско истражување од нашето минато. И еве (во оргинал од изворна форма и јазик):

Устав Краљевине Југославије из 1931. године, познатији по називом Септембарски устав или Октроисани устав представљао је други по реду устав у историји Југославије. Донео га је године 1931. краљ Александар како би њиме окончао сопствену Шестојануарску диктатуру. Формално се примењивао све до краја постојања Краљевине Југославије, односно доношења Устава ФНР Југославије 1946. године. Краљевина Југославија је проглашена за уставну и наследну (не више и парламентарну) монархију.

Продолжува:

Циљ доношења устава је био да се концентрисањем власти код краља и ограничавањем парламентаризма смири политички живот и подстакне национално јединство. Резултати нису били задовољавајући, а хронична политичко-национална нестабилност остала је обележје живота у Краљевини.

Не мислиме дека ова била пропуштена прилика комунистите да преземат правни механизми против грубото кршење на демократските процедури и правила. Тие ја сфатиле сериозноста на ситуацијата. Кон концентрирањето на моќта т.е. власта тие гледале негативно и ја разобличиле идејата за повикот за национално единство. Секако дека на крај памет им било одбрана на граѓанскиот поредок, што во РМ би било воведување на силен претседателски систем, на пример.

Понатаму од блиската наша историја знаеме дека:

Промене устава извршене су два пута, оба пута неуставно. Једна је била доношење Уредбе о Бановини Хрватској, а друга преузимање власти од стране малолетног краља Петра II Карађорђевића.

Комунистите, од илегала, можеле да се обидат да се инфилтрираат во системот и да преземат правни механизми против ова неуставно однесување на режимот.

Владеење на право или владеење на власта

Но, тие имале поинаква стратегија. Многу помоќна. Не биле опортунистички будали. Граделе кадри. Ги стегале редовите, граделе надетничка партија.

Ќе рече некој тогаш забранетата КПЈ не можела парламентарно и вонпарламентарно да дејствува. Реално, забраната на делување, постои и сега во оваа демократска република, медиумите не пренесуваат работнички и социјалистички ставови. Новинарите и не се објективни никаде. Кога пренесуваат акции или настани за осетливи национални и меѓуетнички теми, тие  ги прикажуваат стварите и односите од својата угодна позиција – субјективно. Ова е сто пати поизразено со уредничките притисоци и другите облици на влијание врз објективноста. Ова ќе се промени во услови на заострена класна борба, но зависното новинарство во моментов е платено за друга функција како на пример игнорирање на класните противречности.

Комунистите од 20 век биле далеку поорганизирани и подготвени од нас. Но, тоа може и треба да се промени.

26 јануари 2019, автор Зоран Василески, Алек Атевиќ