Израел: Парламентарни избори 2009 по масакрот во Газа

По унилатералното и ненадејно повлекување на израелската војска од Појасот Газа, по некаква „случајност“ токму два дена пред инаугурацијата на претседателот на САД Барак Обама, земјата беше опсипана од пропаганда околу крвопролевањето, креирана директно од владејачката класа на Израел. Масакрот во Газа беше опишуван од страна на медиумите и политичарите како „величествена победа“. Величествена победа како да не! Една од најсилните и најдобро опремени војски на светот „величествено“ ги порази семејните домови, детските градинки и болниците. Преку 1.300 ненаоружани цивили беа „величенствИзраелските политичари (Олмерт на сликата) имаат традиција на напаѓање на Газа во случај да имаат потреба за гласовиено поразени“, а меѓу нив патем армијата исто така “порази“ скоро 300 деца.

Израелските политичари (Олмерт на сликата) имаат традиција на напаѓање на Газа во случај да имаат потреба за гласови

Сепак, еднаш кога милитаристичките, небаре племенски, екстази ќе исчезнат, прашања почнуваат да се појавуваат. Макар што повеќето коментари ја поддржуваат операцијата, се повеќе и повеќе се запрашуваат што всушност било постигнато. Покрај сè, Хамас делува посилен и попопуларен од кога и да е. Успеа да испалува ракети и за време и по нападите на Израел. Неговото раководство и понатаму останува недопрено. Од друга страна, Израел е омразен нашироко во светот и обичните Евреи се соочуваат со растечки антисемитизам, потпален од масакрот на Газа. Дури и во фијаското во Либан во 2006 Израел постигна неколку успеси како што е демилитаризацијата на јужен Либан. Денес, пак, варварското насилство, жестоката офанзива врз Хамас, не го уништи и не ни може да биде уништен. Во тој контекст израелската офанзива постигна ефект, освен сурова одмазда.

Ваквите коментари се покажаа исправни, од чиста безбедносна гледна точка генерално немаше придобивки од масакрот, во смисла на тоа што Хамас сè уште претставува воена сила. Но тие кои го започнаа масакрот не размислуваа во тој правец. Тие испратија порака надвор во светот дека Израел е сериозна сила која мора да се има во предвид. А во исто време мислеа на своите моментални политички интереси. Од оваа гледна точка масакрот навистина беше победа бидејќи значајно придонесе за подобрување на угледот на претстојните избори на двајцата кандидати кои го иницираа масакрот, Ехуд Барак и Ципи Ливни. Пред операцијата, овие двајца кандидати се соочуваа со опаѓачка популарност кај народот. За нивниот противник, Бенџамин Нетанјаху, се предвидуваше дека ќе победи со голема предност. По операцијата, сликата се смени целосно. Поддршката на Нетанјаху се намали, додека се повеќе и повеќе гласачи преминаа кај Ливни и Барак.

Масакрот на Газа ги збуни гласачите на два начини. На една страна, се поврза со тврдокорната кампања на Нетанјаху, де факто посвојувајќи го неговиот тврдокорен став. Тоа ѝ покажа на фрустрираната маса дека таборот на Нетанјаху не може да биде толку милитаристички настроен, колку што тоа го можат Ливни и Барак. Додека на друга страна, на пософистицираните гласачи им претстави што може да се постигне се тврдокорните “решенија“: НИШТО. Оваа конфузија, оваа ситуација во која изгледа дека сите главни политички партии претставуваат една иста политика, го промени она што изгледаше како сигурен глас за Нетанјаху, во случаен, односно, произволен пристап во бирањето на кандидати, со многу гласачи кои не би знаеле за кого да гласаат до последниот момент. Резултатот од сево ова е напнатост помеѓу двата табора, со мала предност на страната на Нетанјаху. Дури и оваа мала предност е резлутат на постигнувањата на другите десноориентирани партии, а не на разочарувачките постигнувања на партијата на Нетанјаху.

Од било која перспектива, нема суштинска разлика во политиката меѓу кандидатите или нивните партии. Како и да е, ако би се запрашале чие лидерство би придонело најмногу во провоцирање на пробудувањето на класната опозиција во Израел, тогаш Нетанјаху целосно одговара за таа улога. Тој беше многу талентиран во критикувањето на политиката на поранешната влада на повеќе полиња, но, конечно, неговите решенија се прилично слични. Неговата влада ќе им докаже на народните маси без нималку сомнеж дека ниту една од буржоаските партии е способна да реши некој политички или економски проблем.

Нешто што треба да разбереме е тоа што во ситуација на игнорирантност и безнадежност на стариот поредок, и особено кога нема вистинска социјалистичка и работничка класна масовна алтернатива, масите не секогаш го избираат директно револуционерниот пат. Многупати во минатото сме виделе како тие можат да бидат заплеткани во разни попатни диверзии. Една од тие диверзии е популизмот.

Во сево ова можеме да додадеме една поента, која се однесува на тоа што испалувањето ракети врз Израел од страна на Хамас, наместо да го ослаби ционизмот, го направи уште посилен. Ги истера обичните луѓе и работниците од Израел во рацете на нивните ционистички експлоататори. Исто така и даде изговор на ционистичката управувачка класа за оправдување на ужасниот масакр во Газа. Ционизмот е непријател на палестинскиот народ и задача на вистинските револуционери е да го поразат ционизмот. Начинот на кој тоа може да биде сторено е преку класните политики, кадешто израелското општество нема да остане целина составена од стравот на народот, туку општество во кое работничката класа е свртена против управувачката.

Растот на десноориентираниот популизам

Во овој контекст една од позначајните реакционерски сили е десно ориентираната популистичка партија на Авигдор Либерман „Израел наш дом“. Многу луѓе во Израел и арапскиот свет изјавуваат длабока загриженост за сè поголемата моќ на оваа партија. Либерман е етикетиран како фашист од многу негови противници. Оваа етикета е далеку од точна Либерман е навистина екстремен реакционерен расист, кој размислува за масовно протерување на израелските Палестинци но го разоткрива стравот кој го предизвикува помеѓу прогресивните маси.

Како и сите видови на популизам, Либермановиот наоѓа поддршка од бројни извори, но најголемиот е случајот со руските имигранти. Овој сектор нема политичка заднина, така што тие го подржуваат Либерман заради неговите руски корени. Овие имигранти станаа големи националисти благодарение на искривената десничарска пропаганда на која се подложни преку израелските медиуми на руски јазик, и најмногу од сè, од стравот создаден од арапските соседи. Друг голем извор на поддршка е таканаречената „под-класа“ -сиромашните работници, невработените, малите трговци и заборавените работници од изолираните „градови во развој“, односно, градовите-тврдини во Израел. Тука се и дел од едуцираните и посветените ционисти на убавата буржоазија кои влечат заклучоци во правец на тоа дека ционизмот може целосно да биде постигнат само преку етничко чистење.

Либермановиот популизам се базира на основните емоции од страв и одмазда. Буржоаските медиуми и политичарите се одговорни за туркањето на одредени слоеви кон Либерман, нешто како праќање овци на кланица. Историската разделба на израелската работничка класа на две одделни етнички групи, спротиставени едни со други, претставува одлична основа за либермановата популистичка агенда. Со ветување дека ќе ги искористи силите на државата за да ги одбрани „Евреите“ од арапската закана и да ги казни израелските Арапи за „недостиг на лојалност“ спрема истата држава, тој успева да собере поддршка од голем број на преплашени „Евреи“.

За сега, и покрај сè, освен големи зборови, либермановиот популизам нема постигнато ништо конкретно. Во последната влада, тој беше олмертовата пудлица, играјќи си околу неговите нозе за по некоја трошка. Тој седеше сосема покорно во влада која унилатерално вети евакуирање на доселениците и не направи ништо против зајакнувањето на Хамас, сето тоа во размена за нереално министерствување, смислено само за него, без никаков авторитет. Фактот што тој неодамна коментираше дека има намера да ја побара фотељата за надворешни работи укажува на тоа дека неговиот статус нема да биде сменет во иднина зашто Министерството за надворешни работи на Израел има многу мало политичко влијание, особено врз безбедносните прашања кои беа јадрото на неговиот популизам.

Исто така неговата моќ ќе биде многу ограничена, некои опасни реформи и дела ќе бидат донесени за смирување на неговите поддржувачи. Овие реформи ќе придонесат за уште повеќе контрадикторности на ционистичкиот капитализам, причинувајќи безмалку неизбежна експлозија.

КПИ-Комунистичка Партија на Израел

Единствената вистинска опозиција во Израел, освен одделни арапски партии, е Израелската комунистичка партија (КПИ), која е претставена во парламентот под банерот на партијата Хадаш (што се иницијали за Демократски фронт за рамноправност и мир). Хадаш не успеа на национално ниво да ги повтори историските постигнувања на локалните избори во Тел Авив. Како и да е, успеа да заземе едно место повеќе за разлика од минатиот парламент, но сепак тоа е прескромно со само четири места од 120.

Израелската Комунистичка партија не нуди друго решение освен тоа на буржоаските партии - поделба на две држави

Израелската Комунистичка партија не нуди друго решение освен тоа на буржоаските партии – поделба на две држави

Кампањата на Хадаш најмногу се обраќаше кон едуцираната младина, која се приклонува на левицата повеќе од кога и да е, но таа сè уште не е подготвена за целосно да се откаже од лагите на ционизмот. Хадаш се претстави како свежа и „ладнокрвна“ партија со младешки дух и прогресивна агенда. Беше единствената партија (освен одредени арапски партии) која беше против масакрот во Газа уште од самиот почеток. Па така, за многу млади Израелци заморени од војната, тоа беше доволна причина за гласање.

Но на крајот, нејзнините решенија не се разликуваа значајно од тие на буржоаските партии. Премногу се доближија до буржоаското решение „две држави“, т.е. бантустанизација на Палестина. Ги имаше поддржано сите разни буржоаски договори кои беа промовирани од американскиот империјализам уште од спогодбата во Осло. Овие решенија веќе се покажаа како погрешни. Поддржувањето на овие таканаречени решенија, не му даде никаква предност на Хадаш во однос на другите партии. Дури и Либерман „фашистот“ поддржува некој вид на „две држави“ решение. Згора на тоа, Хадаш говореше многу за економско-политичката правда, но многу малку за потенцијалната економска и политичка моќ на работничката класа доколку би била обединета, наместо присилна поделба на државата.

Од ова не треба да се заклучи дека партијата не успеала да привлече нови слоеви. Многу нови регрути се приклучија на партијата со силна желба за теренска работа. На некои места во Тел Авив, Хаифа и дури Ерусалим, гласовите двократно, па дури и четирикратно се зголемија во корист на Хадаш, во споредба со минатите избори. Очигледно е дека банкротирањето на ционистичката политика се одразува врз напредниот слој во израелското општество. Желбата за гласање за неционистичка партија е за прв пат поврзана со длабоко разбирање дека ционизмот и капиталистичкиот систем кој ја има креирано, не се развива во правецот кој тие го посакуваат.

Заклучок

Од средината на 90-тите наваму, секоја влада во Израел е се поназадна и покорумпирана. Политичарите се сè поглупави, се понекомпетенти и многу помалку загрижени за што и да е освен за нивните кариери. Израел стана многу изолиран заради својот режим, уште повеќе омразен и дезинтегриран на регионален и интернационален план. Ваква ситуација повлекува сè повеќе и повеќе употреба на војска и насилство како единствен начин за самоконсолидирање. Како и да е, такво решение сè подлабоко го втурнува Израел надолу во негово препознавање како странска односно вештачка креација на Блискиот Исток гледано во целост.

Ова чувство на изолација предизвикува огромен страв помеѓу масите во Израел и овој страв е претворен во повеќе милитаризам и поголема поддршка за истите политичари и нивните празни ветувања. Од таа причина, назадувањето на државата се рефлектира и врз општеството. Одредени слоеви на популацијата се напатени од оваа ситуација, такашто прифаќаат очаен исход на ситуацијата.

Но има и друг аспект на гледање на оваа ситуација. Промените внатре во КПИ, иако тие сè уште не се претворени во повеќе места во парламентот, очигледно укажува дека сè повеќе и повеќе од напредните слоеви во Израел почнуваат да гледаат подалеку, односно преоѓаат преку ционизмот како решение. Сметајќи на комплетниот банкрот на буржоаските политики, ќе биде само прашање на време кога ќе се вклучи целиот народ во револуционерно движење. Толку парадоксално, во време на идеолошко премостување помеѓу сите буржоаски политичари на врвот, Израел е на работ на најдлабоката политичка поделба во својата историја. На едната страна се поддржувачите на стариот поредок, кои се потпираат на сè поголема употреба на војска и тие на другата страна кои бараат радикални промени, кои се потпираат на интеретничка соработка составена од работници и студенти.

До овој момент Израел е разбрануван од бран на реакции, директен резултат на изолацијата на земјата која нема вистинска алтернатива како понуда. Но новата влада нема да понуди реални решенија за потиснатите социјални и економски проблеми кои го мачат народот. Историјата не учи, па така и новата влада ќе го покаже банкротот на буржоаските политичари уште повеќе. Малите знаци кон лево укажуваат дека во иднина ќе се отворат можности за изворна левичарска сила да дојде до израз. Долгорочно гледано, вистинското решение лежи во интернационално обединување помеѓу различните етнички групи, не во константното војување помеѓу луѓето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *